|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/3/2013, 21:19 | |
| Бугајски: Локалните политичари може да ја експлоатираат фрустрираноста во Македонија Инцидентите во Македонија имаат подлога во застојот на интеграциите и фрустрираноста на граѓаните, но можат да бидат експлоатирани од локалните политичари, вели Јануш Бугајски, американски дипломат и експерт за Балканот, во разговор со МИА. Бугајски оценува дека Балканот влегува во тежок период, во кој перспективата за проширување на Европската Унија е во застој, а американскиот ангажман во регионот е значително намален. “Состојбата во Македонија покажува едно ниво на фрустрираност, во македонската и албанската заедница. Има реакција кај Македонците, не само за именувањето на министерот за одбрана, туку и вработувањата на Албанците во јавната администрација согласно принципот на позитивна дискриминација. Кај Албанците, пак, фрустрацијата е дека земјата не оди напред доволно бргу, и околу протестите минатиот петок, прашањето кои стои зад нив и дали полицијата добро се справи. Овие инциденти се испровоцирани од многу фактори и агенти, но не знам дали тоа може да поттикне подлабоката оттуѓеност на двете заедници. САД и Европската Унија можат да испратат осуди, да им кажат на Владата и на опозицијата да седнат и да разговараат, но на крај е прашањето е околу ситуацијата на терен, дали локалните политичари ќе се обидат да ја експлоатираат ситуацијата ако оценат дека е кревка“, вели Бугајски, експерт на Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања и Надворешно политичкиот институт на Стејт департментот. Според него, ангажманот на САД и на Европската Унија е ограничен поради грчката блокада на македонските интеграции. Американската дипломатија е тесно вклучена во балканските прашања, но под претседателот Обама, па дури и под претседателот Буш, САД во суштина и ја предадоа палката на Европа. Америка има други приоритети, не може да посвети толку внимание на Балканот како во периодот на војните и по нив. Има и други кризи со кои треба да се занимава. Американскиот дипломатски ангажман не е ист како порано, а ЕУ е многу поделена во својот пристап, оценува Бугајски. Едно прашање по кое американскиот Стејт департмент се ангажираше е реагирањето кон Албанија, по неколкуте настапи на премиерот Сали Бериша кои предизвикаа контроверзии. Бугајски вели дека играњето на националистичката карта од страна на Бериша и појавувањето на националистички партии во Албанија и во Косово е потенцијално загрижувачка работа. “Ќе видиме дали ова ќе продолжи и по изборите. Во Албанија се формираше нова партија во Албанија, Црвено-црна алијанса која поотворено зборува за обединување со Косово, а можеби и со други територии каде што живеат Албанците. Во Косово, каде има фрустрации со меѓународната блокада, високо ниво на корупција и лошите економски перформанси, исто така има релативно нова партија, Самоопределување, која освои значителен број на пратенички места и исто така зобрува за Голема Албанија. Ова се загрижувачки фактори во време кога економијата не се движи добро и кога напредокот кон ЕУ не е како што би требало да биде. Европа не изгледа дека е посветена на проширувањето како што беше пред неколку години. Младото албанско население може да биде привлечено кон овие националистички движења“, предупредува Бугајски. Според него, единствена светла точка во регионот е очекуваниот прием на Хрватска во ЕУ, и донекаде Црна Гора. Бугајски оценува дека собраниските бојкоти и проблемите во политичкиот дијалог, кои се една од пречките за интеграциите на Македонија и на Албанија, произлегуваат од желбата на меѓународната заедница да избегне подлабока поларизација на општеството. “Во демократски земји како Македонија и Албанија би требало мнозинството во Парламентот да може да гласа согласно бројот на своите гласови. Но, меѓународната заедница се плаши дека ова може да доведе до огромна политичка поларизација, нешто што го видовме во Албанија каде двете страни како да се два клана, две фудбалски екипи кои се мразат едни со други. Со инсистирањето на политички дијалог, САД и ЕУ се обидуваат да избегнат ваква длабока политичка поларизација, стравувајќи дека ова може да се прелее од институциите на улиците. Во Македонија, етничката македонска опозиција СДСМ не е толку силна, но има дополнително прашање околу потребата да се избегне оттуѓување на албанска заедница“, вели Бугајски. http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=123131&kategorija=1 ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 10/3/2013, 13:34 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 10/3/2013, 15:55 | |
| Ц, ц, ц, ц.... му се изнасмеаа и коалиционите партнери на кловнов од Шутка. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 10/3/2013, 18:25 | |
| Тоа е најјакото | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 10/3/2013, 19:17 | |
| КОД: Кому му одговараат немири и зошто Македонија функционира како лош брак Повторно исти слики, повторно актери на иста возраст од околу 17 години, повторно полиција со борбени возила по улици, повторно меѓуетнички инциденти, повторно Македонија на работ. А секој удар врз соживотот е безбедносен ризик. Но причините не се кај нив, повторно пре избори непромисленоста на младите некој ја искористува. Бидејќи станува збор за меѓуетнички инциденти тоа се рефлектира врз безбедноста на државата. -Mотивите може да бидат различни, поаѓајќи од фактот кога се јавуваат овие немири и протести е периодот кога на некој начи зборуваме за политичка криза во државата. Можат да бидат искористени. Не сакам да прејудцирам конкретно на кои политички структури, но можат да бидат злоупотребени децата и од одредени политички структури во државата. Но исто така не би требало да го заборавиме странскиот фактор, пред се дали се од опкружување или пошироко кои имаат интерес во моментот да се изврши дестабилизација во Македонија. Тие ќе бидат инволвирани на индиректен начин во овие протести, на начин кој може да предизвика радикализирање на состојбата во пошироки размери, вели Маријан Николовски, професор на Факултетот за безбедност. Една од причините за меѓуетнички немири и тензии е и начинот на кој Македонците и Албанците гледаат на Македонија како држава. Гледаат различно. -Станува збор за два различни кода кои предизвикуваат проблеми во комуникацијата меѓу Македонците и Албанците. А улогата на државата е да создаде еден заеднички. Мислам дека децата не се толку виновни колку што се возрасните. Младите на тој начин се образуваат, во школо, во домовите, анализира за КОД Имер Исмаили, професор на Државниот Универзитет во Тетово. -Македонците и Албанците имаат две различни визии на Република Македонија. Сонот на една националност е ноќна мора за другата. Ситуацијата меѓу Македонците и Албанците во Македонија денеска е како лош брак. Без разлика колку мажот и допушта на жената, таа постојано се жали и секогаш вели дека ќе се врати кај своето семејство, објаснува аналитичарот Сем Вакнин.Проблемот треба да се решава од коренот, да се почне од дома. -Најпрво семејството. Семејството треба да биде тоа кое што ќе промовира позитивни семејни вредности, да се почитуваат различностите, да има толеранција, вели Марина Малиш Саздовска, професор на Факултетот за безбедност. По тешкиот викенд на почетокот на март и недела исполнета со инциденти, деновиве насилниците како да се заморија и состојбата во Скопје се примири. Гледајте вечерва КОД на Канал 5 во 22:30 часот. Во емисијата ќе биде прикажана хронологијата на крвавите меѓуетнички инциденти и за начинот како медиумите известуваа за последните случувања. http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=859Така е друже Сем, мислам дека е време за малку домашно насилство. Женава дефинитивно заслужува еден јак ќутек. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 10/3/2013, 20:52 | |
| | |
| | | shady3
Број на мислења : 113
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 11/3/2013, 00:16 | |
| Епа тогаш ни треба еден добар случај на семејно насилство. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 11/3/2013, 14:16 | |
| Стара вистина е дека во политиката куче и маче спијат заедно кога имаат интерес (освојување на власта). Но сега се случува нешто уште поневообичаено: довчерашните „фашисти“ и „отпораши“ прават коалиција во Кичево и во Струга, следејќи го примерот на албанските партии. Јасно е дека овде не станува збор за интереси и идеологии, туку за зачувување или за освојување етнички територии: за политика како продолжение на војната. Пред да дојде до ова речиси невозможно коалицирање во македонскиот блок, во албанскиот сѐ беше одамна јасно: партиите се согласија за еден кандидат за градоначалник на „новата територија“ во територијално-етничкиот мозаик (Кичево). И не само што се согласија туку и организираа чартер-летови за Албанците од дијаспората, небаре битка е „да се биде или не“. Затоа неодамна Ахмети кратко му порача на Филе: правете што сакате со македонскиве суртуци, ама јас имам план и авионски резервации. И си замина... Додека Македонците се надмудруваа околу парламентарните избори, Албанците покажаа дека ја сфатиле суштината на консоцијацијата: освојувањето на локалната власт е заокружување на политичко-територијалната автономија на својата заедница, па ги извадија сите главни адути од институциите за да ги кандидираат за локалната власт.
Мнозина ќе го осудат овој став како дефетистички и немакедонски, ама битката за Кичево е задоцнета, па и бесмислена. Од моментот на исцртување на општинските граници по етнички клуч, секоја изборна битка на локално ниво престана да има врска со демократијата, уште помалку со селекција на поквалитетен градоначалник и советници. „Од кал да е, ама наш да е“ е парола на денот. Бидејќи мнозина страдаат од кратко помнење, да се потсетиме: Струга и Кичево беа клучните точки околу кои цели 40 дена зад затворени врати преговараа СДСМ и ДУИ во 2004 година, и тоа како партнери во владина коалиција. На крајот Бучковски со спортски жаргон соопшти (ние, Македонците) „изгубивме со 3:0“. Прашан да дообјасни зошто натпреварот бил предаден, претседателот Црвенковски рече „да се боревме, ќе изгубевме со 5:0“.
Тогашната опозиција реагираше, ама млако. Кога дојде на власт со истиот коалициски партнер (бидејќи ДУИ е константата, а со партиите од македонскиот блок игра симултанка и ги менува) - не само што не се ни обиде да направи измени на законот, кој предвидуваше стапување во сила на новите граници на Кичево токму од 2013-та, туку уште и се согласи на проширена амнестија, која ги опфати и осомничените/обвинетите за воени злосторства.
Откако почна да се шушка за можна етничка коалиција, ама кај Македонците, духовите се вознемирија, особено кај оние што се беа заиграле „фашисти“ и „отпораши“. Да, спасот за оваа држава лежи во граѓански опции и листи, на кои нема да биде важно кој со какво етничко потекло е, ама... Ама, тоа е невозможно во постохридска Македонија! Навистина е трагикомично да се гледаат оваа непринципиелна коалиција и примирјето по етничка основа, на оние што два месеца нѐ држеа во заложништво. Трагикомично е што во сојуз влегуваат партиите што овозможија Кичево и Струга да станат доминантно албански општини. Од граѓански аспект, ужасна е помислата дека ги спојува заедничкиот страв од Албанците или можеби само заедничката желба да се прикажат како големи Македонци пред гласачите.
Но нели е уште пострашно тоа што со години граѓаните дисциплинирано, и без инструкции и формални коалиции, редовно си гласаат за „своите“? Да се групираат во етнички партии и да комуницираат на своите јазици, без оглед на другите. Нели е спротивно на филозофијата на човековите права да се бара од кандидатите уште пред изборите да ја декларираат етничката припадност (поради Бадинтер)? Но еднакво лицемерно е сега, по 12 години уставно втемелена поделба, која се третира како светиња, да се кука поради преседанот кај Македонците за она што кај Албанците е одамна практика.
Албанските политичари опоменуваат дека ова бил недемократски чин, додека плаќаат авиокарти за контингенти од дијаспората, како во првите години по независноста. Небаре Македонија е навистина граѓанско општество, па сега нешто важно се сменило! Дел од тие што ламентираат формираа група на албански интелектуалци за 21 век (Г-21)... и не забележаа каков оксиморон е тоа! Ламентираат над мултиетничноста и демократијата, а никаде ги немаше кога Македонија етнички се подели во 2004-та. За нив граѓанско општество беше охридската рамка, која всади делба како услов за мир. Логиката на таа делба беше едноставна: зошто да бидам малцинство во твојата општина кога ти можеш да биде малцинство во мојата? А малцинствата се борат против мајоризација, нели?
По двомесечниот политички амок, се враќаме во „нормала“. Албанските партии се држеа настрана додека македонските си вадеа очи, бидејќи „не играат на туѓа музика“. Сега ги вадат главните адути за изборите. Фејсбук-профилот на кандидатот за градоначалник на Кичево јасно покажува на која карта игра. Биографијата на Дехари покажува и колку се бесмислени нападите врз Џафери. Оние што повремено се палат кога ќе се сетат (или кога ќе ги потсетат) на 2001-та заборавиле дека во првата постконфликтна влада заменик-министри биле и Џафери (за одбрана) и Дехари (за полиција). Но Дехари има многу поголема војничка тежина од командант Форина. Како може некој да сонува дека Македонците би гласале за Дехари? Да понудеа некој без воен багаж, ќе реагирав на коалицирањето врз етничка основа. Вака, секој ќе се собере околу етничкото знаме на локално ниво, а на етнички чистите територии ќе продолжи „демократскиот плурализам“. Фактот дека ДПА за кандидат во Струга го има Селја, кој со запалка в рака покажуваше како ќе гори Собранието, зборува дека и меѓу албанските ривали битката се води за тоа кој е поголем Албанец и кој повеќе крв пролеал за нивните права.
Во меѓувреме пораснаа некои нови клинци. Ене ги по улиците, ги имитираат постарите и се натпреваруваат во користење (ладно) оружје и во каменување автобуси чија линија гарантира дека каменот ќе погоди глава на некој од оние „другите“. Некои наскоро ќе добијат избирачко право, но не знам колку ентузијазам ќе остане за користење на гласачки ливчиња, по толку физички активности. Возрасните, политичари и медиумски личности, се прават на „удрени“ додека во своите говори поттикнуваат нетрпеливост, па потоа се чудат на однесувањето на младите. На „удрени“ се прават и родителите, и наставниците итн. ТВ-дуелот меѓу министерот Џафери и генералот Ангелов беше медиумски настан на годината. Навистина на крајот театрално си подадоа рака, но тоа е слаба утеха за сите нас што со загриженост гледавме реконструкција и глорификација на 200-та. Новинар наивно прашува: а зошто гледате назад, што не се свртите кон иднината? Одговорот е: затоа што без соочување со минатото, никогаш нема да има мир. Но ваквите соочувања во предизборие се гледани, ама не наивни, туку контрапродуктивни. Сѐ додека министер за одбрана уверува дека војувал на противничката страна за праведна кауза и го цитира Клаузевиц (војната како продолжение на политиката со други средства), кој патем е одамна надминат во теоријата за војната, останувате со грч во стомакот: што ако политиката запне некаде, ќе се продолжува ли на ист начин? Што ако во изборната битка се „изгубат“ (не се „добијат“) Кичево и/или Струга?
Авторката е универзитетска професорка
Biljana Vankovska | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 12/3/2013, 11:14 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 12/3/2013, 11:31 | |
| Jас ги пријавив видеата на YouTube. Пишете им и вие да ги тргнат бидејќи шират расна и национална нетрпеливост. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|