Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 40 ... 77, 78, 79 ... 89 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty30/5/2013, 02:21

Репортажа - Оџи од Гостивар врбуваат борци за Сирија

Гинат за идеали, но знаат дека семејствата им се згрижени. Главна причина зошто радикалите ја ставаат главата в торба е, пред се', верскиот фанатизам

Горан Адамовски
Киро Кипроски

ГОСТИВАР - Дваесет и осумгодишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој во неделата загина во борбите во Дамаск, најверојатно ќе биде погребан во Сирија. Неговите соселани велат дека таков аманет оставил - ако загинам, таму да бидам погребан. Семејството веќе две децении му живее во Австрија. Во Виена му се родителите, братот, сопругата и тригодишниот син.

„Не дошле во селото со години. Куќата им е празна. Како што разбравме, за две-три недели би требало да дојдат тука“, ни велат жителите на Беловиште.

Тоа е село практично споено со гостиварската населба Циглана. Прекрасна природа, убави куќи, најголемиот дел од селаните живеат во странство. Америка, Швајцарија, Германија и Италија се нивните втори татковини. Повозрасните се враќаат во селото, сакаат пензионерските денови да ги минат во својот крај, младите тераат кариери во странство. Таква е сликата и во соседните Мало Турчане, Лакавица и Куново. Се' заедно над пет илјади жители, главно Албанци, но има и голем број Македонци. Живеат мирно и во слога. Сепак, забележуваат дека во последно време се јавуваат радикални струи меѓу нив, кои се' уште немаат силен замав.

Има ли и други гостиварци што се борат на страната на сириските бунтовници против воените сили на претседателот на државата Башар ал-Асад? Каде се регрутираат, каде се обучуваат, добиваат ли пари? На овие прашања никој не сака да зборува гласно. Одговорите, пак, ги знаат сите.

„Исламскиот фундаментализам во Гостивар се ‘пресели‘ од Босна и Херцеговина некаде по крајот на војната во таа земја. Го донесоа дел од гостиварците што живееа таму. Таму беа ‘задоени‘ со радикализмот и од тогаш се обидуваат да го пренесат врз што е можно поголем број граѓани“, велат нашите соговорници.

На почетокот во тишина, а сега со се' поголем успех. Финансирани главно од Саудиска Арабија, се' полесно успеваат да продрат пред се' до социјално загрозените слоеви. Им се помага финансиски и тоа е доволно да се допре до верниците. Потоа и зацврстувањето на идеалите оди полесно.

„Но, не се само сиромашните. Во гостиварско има две богати фамилии што се приврзаници на исламскиот радикализам“, тврдат гостиварци.

Информациите велат дека над дваесетина оџи од Гостивар и од околината, изминатите години се школувале на факултетите во Саудиска Арабија и во Каиро. Тие сега го пренесуваат своето знаење на верниците. Но, огромно мнозинство од Албанците, како и од Турците, е верно на Исламската верска заедница. Поради тоа, вахабистите како свое собиралиште користат една новоизградена џамија во гостиварско село. Освен тоа, како што се зборува, активни се уште во неколку куќи во центарот на градот и таму ги извршуваат верските обичаи.

„Располагаат со многу пари. Секое семејство, а речиси никогаш кај нив не оди само поединец, добива од 300 до 500 евра месечно. Солидарни се меѓу себе. На пример, се случува да отворат бутик за облека, што да речеме ја добиваат од Турција. Доколку не успеат да ги продадат сите парчиња, тогаш излегуваат на тезга на улица и продаваат по половни цени. Парите одат во нивните групи, а потоа и во хуманитарни цели. Најчесто работат преку невладини организации, па полицијата не може да им влезе во трага“, објаснуваат нашите соговорници.

Нивните приврзаници се верски фанатици. Лесно забележливи по долгите бради и воочливата облека, не се популарни меѓу обичните муслимани. Тоа јасно ни беше посочено и од верниците во џамијата во Беловишта.

„Тие се закана за сите нас, и за Македонци и за Албанци, бидејќи нивната цел е оштетување на исламот како религија“, рекоа собраните верници.

Гостиварци велат дека е многу тешко да се каже колкумина нивни сограѓани заминале во Сирија или Авганистан, Саудиска Арабија, Иран за да се борат од верски причини. Тешко е да се направи разлика, велат тие, бидејќи во Македонија не постојат ниту кампови за обука ниту се регрутираат борците.

„Камповите за обука во регионот се во Албанија и во Санџак. Таму ги добиваат потребните вештини за преживување. Регрутирањето се врши во Косово, има и голем дел што се пријавуваат во Австрија. Затоа е тешко да се каже колку од нив продолжуваат на кризните жаришта“, раскажуваат во градот.

Потенцираат дека клучна причина поради која што радикалите ја ставаат главата во торба е пред се' верскиот фанатизам. Нашите соговорници велат дека не постои никаква разлика меѓу нив и доброволците на Француската легија на странците.

„Вторите се борат исклучиво за пари, а исламските фанатици не добиваат плата, на пример. Сепак, тие знаат дека и доколку загинат, нивните семејства ќе бидат одлично згрижени. При најмала лекарска интервенција, за било кој член на семејството, собираат пари повеќе отколку што им треба, а не, пак, при смрт“, тврдат познавачите.

Тие што ќе заминат во војна, свесни се дека на смртта им гледаат во очи. Во зависност од способноста, распоредени се во неколку единици. Една од нив се вика Единица на смртта. Оттаму, како што се зборува, нема враќање. Каде што ќе пламне жаришпте, тие се први на терен.

Зеќири е првиот доброволец од Македонија што е убиен во Сирија. Како што објавија албанските медиуми, во изминатиот период се убиени двајца Албанци од Косово. Тамошните медиуми јавуваат дека постојат групи од по десетина Албанци, добро вооружени, кои се борат на страната на опозицијата и под контрола држат делови од територијата на Сирија.

Косовските медиуми претходно јавија дека во Сирија на страната на бунтовниците се борат најмалку 140 Албанци, од Албанија, Косово и од јужна Србија и оти од ноември лани до минатата недела животот го загубиле десетмина Албанци.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0318821FB4BA37418C67C4D6413615A1

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty30/5/2013, 10:30

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty30/5/2013, 23:58


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty1/6/2013, 19:16

Што ќе извести Стејт департментот ако македонската полиција ги ликвидира Исмаиловиќ и Демири?

Пандан на начинот на дејствување на Владата на САД би бил кога македонското Собрание би изгласал закон со кој ги овластува македонските безбедносни сили да ги ликвидираат осомничените за тероризам кај Смилковското Езеро врз основа на сомнежите за кои сега треба да им се суди.

На 30 септември 2011 година во Јемен, американските граѓани Анвар ал-Анвлаки и Самир Кан беа ракетирани од безпилотното летало управувано од ЦИА затоа што беа на т.н. кил листа која ја одобри носителот на Нобеловата награда за мир Барак Обама. Двајцата Американци никогаш не беа обвинети ниту пак судени во САД, тие беа само под сомневање дека биле поврзани со носителите на терористичките акти од 11 септември 2001 година, со мајорот Нидал Хасан кој пукаше и уби 13 војници и рани 29 други во касарната Форт Хууд во 2009 година и поврзаност со уште две лица кои планирале терористички напади врз САД.

После случувањата во САД од 11 септември 2001 година, американскиот Конгрес изгласа закон, Авторизација за употреба на воена сила. Под префиксот на овој закон американската влада убива американски граѓани кои се осомничени за поврзаност со тероризам и за истите тие американски граѓани не важат обвиненија, судови, пресуди, пороти.

Во денешни услови има два вида на граѓани во САД овие обичниве за кои важат сите закони и осомничениве за кои важи еден крајно дубиозен закон кој ги лимитира граѓанските слободи на американскиот граѓанин.

Две недели по ракетирањето на двајцата Американци, беше убиен и 16 годишениот син на Анвлаки, американскиот граѓанин Абдулрахман, во типично за овие времиња американски стил, без обвинение или пак судење, туку и овој пат со ракетирање од безпилотно летало. Овој пат акцијата ја раководела Обединетата команда за специјални операции, сестринска организација на ЦИА. Овие лимитирања на уставните гарантирани права на дел од американските граѓани иритира многумина, посебно кога се знае дека листата кој американски граѓанин ќе биде егзекутиран ја одобрува нобеловецот за мир, председателот Обама. Ваква деградација на Нобеловата награда за мир не е позната од нејзиното основање.

Пандан на начинот на дејствување на Владата на САД би бил кога македонското Собрание би изгласал закон со кој ги овластува македонските безбедносни сили да ги ликвидираат осомничените за тероризам кај Смилковското Езеро врз основа на сомнежите за кои сега треба да им се суди. Би се запрашал тогаш, какви би биле реакциите од американската амбасада во врска со лимитарње на слободата на граѓаните на Македонија од својата влада?

Исто така трагично е и потпишувањето на законот т.н. НДАА Национален одбрамбен авторизиран акт со кој нобеловецот за мир одобри задржување во притвор на неограничено време на Американците осомничени дека се непријатели на САД без да им се даде обвинение. Овој закон исто така овозможува задржување на странци кои се непријатели на САД, така што Гвантанамо беј, американскиот Голи Оток, и понатаму ќе биде мека каде што осомничените државни непријатели ќе се ставаат на купче без да бидат судени или обвинети.

Донесувањето на вакви закони се коси со суштинските американски вредности, живот и слободи на американските граѓани и затоа американската влада е тужена од минимум три влијателни организации меѓу кои се Асосиетед прес и Американската унија за граѓански слободи. Во исто време, деновиве американската федерална влада ја тресе скандал затоа што скришум прислушкувала телефонски разговори на новинари Асосиетед прес. Ова само потврдува дека има длабока загриженост во Белата Куќа во врска со овие тужби и нивното работење.

Раслојувањето на суштинските американски слободарски вредности оди до таму што девет американски држави го осудуваат донесувањето на НДАА и некои од нив како Јута, државата Вашингтон и Вирџинија донесоа акти кои ја лимитираат употребата на ваквиот закон во овие американски држави.

Сево ова звучи надреално и буди спомени од едно друго време кога правата на граѓаните на овие простори беа лимитирани и кога под сомнеж или пак бизарно обвинение на твоите соработници дека си непријател на народот се одеше на остров на Јадранот од каде тешко се враќаше. Тогаш САД декларативно цврсто стоеше зад човековите права и на граѓаните кои бегаа од бившата ни наша ЈУ држава заради кршење на нивните човекови права им даваше престој без никаков проблем.

Во денешниве услови пак, САД е наш стратешки партнер и пријател и секоја година издава светски извештај од Стејт департментот на кого нашиве медиуми му полагаат особено внимание. Американскиот амбасадор за истиот извештај за Македонија во едно како од комунизмот диригирано интервју, ни кажа дека ја отсликува реалната состојба во Македонија.

Американската влада што си ги убива своите граѓани без обвинение не оценува нас за човековите права и слободи? Сето ова би било многу добро сатирично сценарио за култната популарна емисија, Saturday Night Life на NBC, а не предмет на медиумска посветеност. Во овој контекст апсолутно зачудува фактот за широкоста на медиумска опфатеност за вакви банални извештаи.

Овој вид водење на надворешна политика на САД воопшто не внесува доверба и блискост кај македонскиот граѓанин. Напротив, предизвикува презир, недоверба и ретроградност. Одговорниот за односи со јавноста во УСАИД ќе треба многу напорно да работи следниве две генерации за да докаже дека помошта која американскиот народ ја нуди за македонскиот нардо е искрена, а не субвезривна.

Како и да е, САД и во иднина ќе пишуваат извештаи државни, невладини, нарачани, диригирани... Но некои извештаи воопшто не заслужуваат споменување.

Сашо Маневски
http://www.mkd.mk/kolumni/shto-kje-izvesti-stejt-departmentot-ako-makedonskata-policija-gi-likvidira-ismailovikj-i

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty2/6/2013, 00:46

ФОТО: „УЧК" осамна на таблите на неколку струшки села

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 K6KzVFk

Македонските имиња на неколку струшки села се покриени со спреј и до нив е испишано УЧК, пренесе Супер Радио.
Имено, се работи за селата Вишни, Белица и уште три други села од струшкиот регион.
Инаку, таблата на која осамна натписот УЧК се наоѓа близу Ќафасан.
http://sitel.com.mk/node/81016

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty2/6/2013, 00:48

Повторно исшкртан Споменикот на револуцијата во Тетово

Деновиве по кој знае кој пат е исшкртан Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово. И овој пат, повторно ќе го чистат борците, наместо општината чија обврска е да се грижи за него. Тетовци велат дека ова е срам за градот и неговите жители,но не веруваат дека пишувањето може да запре.

Тетовскиот Сојуз на борци нема големи очекувања дека новата локална власт, повеќе ќе води грижа и за борците, но и за одржување на спомениците. Тие се уште водат битка за повторно враќање на бистите на двајцата тетовски народни херои, отстранети без никакво објаснување при реконструкција на тетовскиот плоштад. Минатата локална власт, четири години ветуваше, но повторно не ги постави.

Желбата на борците е бистите на хероите Тодор Ципоски-Мерџан и Ѓоце Стојчески-Амбарче да се постават во кругот до Споменикот на револуцијата. За ова имаат изготвено и проект, одобрен и од Министерството за култура. Но, последниот збор за поставување на бистите, го има општината.
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=57451#.Uap555zaFbU


Абе да ги фатиш и рачињата вака... да ги видам после како г'з ќе мијат.


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty2/6/2013, 21:22

Ердоган: Македонија секогаш ќе остане Македонија, нема да дозволиме да се смени името

Македонија секогаш ќе остане Македонија, a Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија, затоа што Грција не е во право. Ова изјава на дебата пренесувана од турската радио телевизија вчера ја кажал премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган порачал дека Турците и Македонците се браќа и дека Турција секогаш ќе стои зад Македонците на конференцијата организирана во клубот на иселениците од балканските простори.

- Тоа што сме го заборавиле во 1912 сега можеме да го поправиме - рекол Ердоган според кого, Грција ја блокира Македонија да влезе во НАТО поради името, но Турција секогаш ќе биде до Македонија и нема да дозволи да се менува името.

- За нас, Анкара и Скопје немаат никаква разлика и никогаш нема да ги оставиме нашите браќа сами, секогаш ќе сме со нив, и секогаш ќе им помагаме и стоиме позади нив - порача турскиот премиерот Ердоган на средбата која се пренесувала во живо на турската телевизија.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/118099-Erdogan-Makedonija-sekogas-ke-ostane-Makedonija-nema-da-dozvolime-da-se-smeni-imeto
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty5/6/2013, 18:15

Врие во општинскиот Совет
Македонците во Кичево загубија уште една битка со Албанците

Македонците тврдат дека во гимназијата „Мирко Милески" и во основните училишта „Кузман Јосифоски – Питу", „Д-р Владимир Полежиноски" и „Христо Узунов" во Другово, каде што наставата ја следат ученици-Македонци, советниците на ДУИ во секој Управен одбор вметнале по еден Албанец.

Македонците ја напуштиле седницата на Советот на Кичево откако ниту еден предлог на коалицијата „Кичевчани за Кичево“ не бил прифатен од советниците на ДУИ. На седницата се расправало за составот на управните одбори во училиштата и во јавното претпријатие „Комуналец“.

„Македонците вчера не заминаа за да не се вратат повеќе на седницата на Советот. Ќе дојдат на наредната седница. Нивната реакција беше во однос на формирањето на комисиите во кои, како што тврдеа, имало повеќе Албанци отколку Македонци. Но, факт е дека има и комисии во кои мнозинството се Македонци и нема потреба од такви реакции“, вели за МКД.мк, Бурим Кадриу, советник на градоначалникот Фатмир Дехари.

Коалицијата „Кичевчани за Кичево“, како што објави порталот кичево.мк, ја напуштила седницата на Советот откако бројот на членовите на Управниот одбор на ЈП Комуналец бил зголемен за уште 2 члена, од 9 на 11. Тие реагирале зошто во новиот Управен одбор да има само двајца Македонци што тие не ги предложиле, туку биле предлог на советниците на ДУИ и си ги изгласале, без согласност на македонската опозиција.

Македонците тврдат дека во гимназијата „Мирко Милески“ и во основните училишта „Кузман Јосифоски – Питу“, „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Христо Узунов“ во Другово, каде што наставата ја следат ученици-Македонци, советниците на ДУИ во секој Управен одбор вметнале по еден Албанец. Во Управниот одбор на гимназијата „Дрита“ и во основните училишта, каде што наставата се изведува на албански јазик нема ниеден Македонец.

Македонската коалиција предложила да има по еден Македонец во управните одбори во училиштата, каде што наставата е на албански јазик, но советниците на ДУИ не сакале да прифатат такво нешто.

Во основното училиште „Санде Штерјоски“, каде што наставата се одвива на македонски јазик, исто така нема Македонци во Управниот одбор. И покрај реакцијата на претставникот на коалицијата „Кичевчани за Кичево“, Идавер Реџепоски, кој побарал во Управниот одбор да има еден претставник Ром, бидејќи во тоа училиште учат голем број Ромчиња предлогот бил одбиен.

Поради сето ова, претставниците на „Кичевчани за Кичево“ на кои не им бил прифатен ниту еден предлог, ја напуштиле седницата и без нивно присуство биле изгласани управните одбори за дел од градските и за приградските училишта.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/makedoncite-vo-kichevo-zagubija-ushte-edna-bitka-so-albancite

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty5/6/2013, 18:17

Албанска заедница на општини во Македонија?

Албанците во западна Македонија во наредните година дена ќе ја основаат својата заедница на општини, оцени приштинскиот аналитичар Илјир Деда.

На собирот „Србија и ЕУ- Нова можност“, Деда се осврна на ситуацијата во Македонија, укажувајќи дека таа стагнира, бидејќи како што наведе премиерот не сака да ја води државата во НАТО, а Албанците од западниот дел на Македонија тоа го сакаат.

Запрашан дали моделот на заедницата на српските општини на Косово може да се примени на југот на Србија, во општини во кои што Албанците се мнозинство, Деда изјави дека не верува дека тоа е можно.
Приштинскиот аналитичар наведе дека договорот помеѓу Белград и Приштина за нормализација е лош, бидејќи остава многу недоречености и создава опасност еден дел од Србите поради него да ги напуштат домовите на Косово.

- Кој ќе биде одговорен доколку во септември третина од Србите го напуштат Косово-изјави тој и додаде дека заминувањето на тие луѓе би покажало дека не се работи за нормализација на односите помеѓу двете држави.

Деда нагласи дека на Косово мора да се реши судбината на 1.754 исчезнати во воените судири.
Тој е извршен директор на Косовскиот институт за политички истражувања и развој.
http://a1on.mk/wordpress/archives/160428

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty6/6/2013, 00:12

Хм...хм..хм..
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 78 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 78 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 40 ... 77, 78, 79 ... 89 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: