Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 46 ... 88, 89, 90 ... 94 ... 100  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty22/7/2013, 23:40

Alvar напиша:
Плачот на 5-годишниот Вади ја вџаши јавноста - уапсен зашто фрлал со камења!

Израелските војници уапсија 5-годишно Палестинче, зашто фрлало камења врз полициско возило.
Инцидентот се случи на Западниот брег, кога седуммина вооружени војници дојдоа во домот на малиот Вади за да го приведат.

Настанот ја вџаши јавноста и наиде на жестоки реакции на организациите за заштита на правата на децата. На видео снимката се гледа како детето плаче додека неговите роднини ги молат војниците да го остават, убедувајќи ги дека неговата грешка нема да се повтори.

Израелците сепак останаа на своето и го привидоа детето со татко му, со образложение дека малиот Вади можел некого да погоди и да убие.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=12319



Еве како се справува со ретардирано племе. Алал вера на евреиве.
Баш пред некој ден на едни пријатели додека оделе на свадба во Пантелејмон, во Нерези некој ваков копиљ фрлал со камења по колите што поминувале.
Тешко дека нашава полиција вака би реагирала на пријава, нема муда* Јанкуловска за правилно одржување на јавен ред и мир.

Добро е што може да се види ситуацијата и од друга страна, а не само таа која е пишуваат либералните левичарски про палестински активисти платени со илјадници долари кои ги прикажуваат Израелците како "лоши момци" и како "фашисоидно" се понашале со Палестинците. Еве една песна од Мајкл Џексон која е преработена и на хумористичен начин ја кажува реалноста, а која либеРЕТАРДИТЕ ја кријат и ја искривуваат во светката јавност.

Вратете се на почетокот Go down
Goust

Goust


Број на мислења : 137

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty24/7/2013, 13:17

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty24/7/2013, 13:37

Laughing Laughing Laughing 

Убава иницијатива.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty24/7/2013, 13:51

Овие не се здрави бе...
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty24/7/2013, 15:33

Нема потреба од паника, големите сили нема да дозволат дестабилизација и менување на границите на балканот, а посебно не поради создавање на нова голема држава.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty26/7/2013, 00:30

Џамиите не им даваат сон на скопјани, немаат ништо против нив, ама да ги тргнат звучниците ако може!?

Во Скопје стана вообичаена практика секоја џамија да има и разгласна станица, така што околу 5 часот изутрина бучавата е речиси неизбежен дел за жителите на „другата страна на реката Вардар“.

Имамите, односно верските свештеници во џамиите, пеат и по неколку пати во текот на денот. Но, како што нагласуваат повеќе граѓани со коишто разговаравме, најголемиот проблем е наутро.

„Не се поднесува. Пред 5 часот изутрина ечи како да си на стадион. Мислам, стварно е претерано. Рипаме од кревети како попарени. Живеам во Бутел цел живот. Немам никакви проблеми ниту некакви верски предрасуди. Нека пеат, ама зошто им се звучниците? Бучавата е ненормална и верувам дека истото мислење го делат и поголем дел од граѓани-муслимани што ми се соседи“, револтирано вели жител на скопската населба Бутел.

Проблемот со прегласните молитви од џамиите деновиве го отвори познатиот професор Јове Кекеновски, кој на својот фејсбук-профил напиша дека во населбите Бутел 1, Бутел 2, и Скопје – Север станува неиздржливо поради гласните молитви од локалните џамии.

МКД.мк разговараше и со професорот Кекеновски, кој е жител на скопската населба Бутел.

„Неподносливо е, верувајте! Никој нема ништо против џамиите, ама со звучниците ја претераа. Нека пеат имамите и по сто пати на ден, ама без звучниците. Сон немаме. Нонстоп ненарачано будење пред 5 часот наутро, па кај го има тоа? Ги повикувам надлежните институции да преземат мерки оти постои закон за заштита од бучава. Како можат да реагираат кога некое кафуле го крши истиот тој закон, а не можат да реагираат во конкретниот случај?“, револтирано вели Кекеновски.

И нагласува:

„Одете во Швајцарија, во Англија или во која било држава во Европа да видите дали на џамиите има звучници! Нема, имамите пеат како што е ред, оти тие си се свештеници, но не му пречат на другиот народ. Никој од нас нема ништо против различната религија, зборувам за мене и за моите соседи, ама ова е претерано. Само кај нас се случува ова, а надлежните ништо не преземаат“, вели Кекеновски.

Според него, досега во општината Бутел биле поднесени неколку барања и петиции за овој проблем, но нема одговор.

Инаку, станува збор за проблем што со години е присутен во Скопје.

Според Законот за заштита од бучава, кафеаните, кафулињата и другите локали мора да внимаваат на бучавата. А зошто? Затоа што секое пречекорување на дозволените децибели ќе ги чини скапо. Глобата се движи од 150 до 20.000 евра, а инспекторите ги демнат како топовска храна. Е па, тогаш се поставува и прашањето зошто стотина џамии во Скопје го прекршуваат истиот закон и остануваат неказнети?
http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/dzhamiite-ne-im-davaat-son-na-skopjani-nemaat-nishto-protiv-niv-ama-da-gi-trgnat#1

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
gladiator_17




Број на мислења : 35

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty28/7/2013, 11:14

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty30/7/2013, 12:47

Скопје бие битка со Виена и со Брисел за нова Казабланка


Милитантните исламисти во регионот и нерешените државни спорови околу Косово, Босна и Македонија го прават Балканот елдорадо за светските шпиони. Виена и Брисел во последно време се европските разузнавачки центри од каде што дејствуваат западните тајни служби насочени кон Балканот, но Скопје од почетокот на 1990-тите години до денес не престанува да биде балканско разузнавачко дувло

Сите позначајни држави од регионот и светот ја зајакнуваат својата разузнавачка активност во Македонија
СВЕТСКИТЕ ШПИОНИ ГО ДЕМНАТ БАЛКАНОТ
Преговорите за Косово меѓу Белград и Приштина, дипломатската битка за името на Грција и Македонија, радикалните исламисти во Босна, енергетските коридори од Русија и Блискиот Исток кон Европа - гасоводите и нафтоводите, заедно со лошото минато од граѓанските војни, се предусловите што прават Балканот да биде дел од светот што е најгусто „населен“ со разузнавачи и шпиони на големите суперсили.

Софија во текот на деведесеттите години од минатиот век и Скопје пред и за време на косовската војна, а особено по изградбата на американската амбасада во главниот град на Македонија, се центрите каде што странските разузнавачки служби, американската ЦИА, германската БНД, но и израелската МОСАД и руската СВР, ги разместуваа своите агенти. Но, според безбедносните аналитичари, главниот град на Австрија, Виена, познат од Студената војна како елдорадо за шпиони, како и центарот на ЕУ, Брисел, поради својата географска и геополитичка позиција, во последно време исто така добиваат на значење во безбедносно-разузнавачка смисла.
Поводот за потсетување на старо-новите шпионски игри меѓу Истокот и Западот е отрезнувањето на светската јавност по скандалот со разоткривањето на работата на американските служби од страна на 29-годишниот оперативец на Националната безбедносна агенција (НСА), Едвард Сноуден.

Скопје како шпионско елдорадо

- Скопје од пред неколку месеци личи на Казабланка од пред Втората светска војна. Дали ова значи дека се насетува потенцијална турбуленција во регионот или во прашање е подобната „клима“ за работа на многубројните разузнавачи од сите земји, ќе покаже времето. Ова за црногорскиот дневен весник „Дан“ го тврди поранешниот разузнавач, а сега редовен професор на Факултетот за безбедност во Скопје Иван Бабамовски.

Според него, сите позначајни држави од регионот и светот ја зајакнуваат својата разузнавачка активност во Македонија и во нејзиниот главен град, пред сè затоа што во Македонија активно дејствуваат мешетари на многу исламски земји, а на боиштата во Авганистан, Сирија, Ирак, Либан и во други земји каде што се чувствуваат последиците на Арапската пролет има и доброволци од Македонија.

Професорот Бабамовски за подгоричкиот медиум зборува дека во Македонија тукашните безбедносни служби премногу се зафатени со внатрешната политика и ги затвораат очите пред оваа опасност, а одбраната им ја препуштаат на странските служби.

- Целата политичко-безбедносна ситуација во Македонија и опкружувањето е интересна тема за опсервација и на другите разузнавачки служби, не само од аголот на исламските екстремистички групи, туку и генерално, поради многуте нерешени проблеми со соседите. Така, Грците ги шпионираат Македонците и Албанците; Албанците - Србите; Србите - Бугарите и Албанците; Бугарите - Турците; Турците - Грците..., а Американците сите по ред - тврди професорот Бабамовски за црногорскиот весник „Дан“.
Извори на „Нова Македонија“ во македонското контраразузнавање тврдат дека македонските безбедносно-разузнавачки служби последниве години остваруваат извонредна соработка со американската централна разузнавачка агенција ЦИА, која има своја база и во Бондстил на Косово, но и функционално одделение во Македонија, особено за акции против исламски милитаристи стационирани на Косово, за што Американците ни биле многу благодарни.

Универзитетскиот професор Томе Батковски вели дека по распадот на поранешната СФРЈ и почнувањето на процесите на создавање независни и суверени држави во дотогашните републики, разбирлив беше многу изразениот интерес на разузнавачките служби за исходот на почнатата транзиција насочен кон политички плурализам и нивно државно осамостојување.

- Значи, зголемениот разузнавачки интерес не беше насочен само спрема Македонија туку кон сите поранешни федерални членки на СФРЈ. Оттаму, оценката дека во тој период Македонија била елдорадо за странските разузнавачи, сметам дека е претерана и не може да издржи сериозна критика - дециден е експертот.

Батковски смета дека во овој период безбедносно-контраразузнавачкиот и разузнавачкиот сегмент на Македонија биле воспоставени и регуларно со соработка со службите од областа на разузнавањето и безбедноста во Европа и светот, пред сѐ, со САД.

- Кога говориме за оваа ситуација мора да сме свесни и да го имаме во вид и скоро завршениот процес на интеграција во НАТО и во ЕУ, што подразбира и постигнато многу високо ниво на компатибилност на институциите од сферите на разузнавањето, безбедноста и контраразузнавањето - појаснува професорот.
Според него, Македонија е пред вратите на ЕУ и на НАТО, па во тие рамки треба да се согледуваат и нејзините стратегиски цели и интереси, односно тоа подразбира и многу тесно вклопување на разузнавачката и безбедносната дејност на институциите од државата со оние од ЕУ и од НАТО.

Виена го шпионирала Белград

Шпионската афера со Сноуден била појдовна точка што минатата недела ги натерала и белградските новинари на „Политика“ да стигнат до заклучоци дека целата разузнавачка активност во регионот, за сметка на големите сили, а пред се на Америка, всушност била вршена во Виена.

Весникот тврди дека воено неутралната разузнавачка служба на Австрија подолг период ги надгледувала комуникациите на Србија по налог на Вашингтон, а резултатите од шпионирањето ги испраќала во регионалниот центар на НСА.

- Австриските електронски уши може да ги забележат сите комуникации од Приштина до Белград без никаков проблем (тука броејќи ги телефонските разговори и разните форми на интернет-врски) - ова за весникот го тврди неименуван полковник во воено-разузнавачката австриска служба.

Српскиот весник во својата анализа пишува дека токму оваа работа на виенските разузнавачи е сосема очекувана, бидејќи САД никогаш не прекинале да ги користат своите разузнавачки центри распоредени во Данска, Германија, Австрија и во Италија, кои се насочени кон земјите што некогаш беа зад железната завеса.

- Повеќе од 20 години по завршувањето на Студената војна и падот на Берлинскиот ѕид, кој политички и идеолошки ја делеше Европа, разузнавањето продолжува да дејствува во „заднината“ на некогашните непријатели Русија и САД, но и на европска почва, при што Виена беше и останува обележана како шпионски центар - забележува Би-би-си во свој телевизиски прилог.

Британскиот медиум објаснува зошто токму во австрискиот главен град се вршат сите овие активности на светските разузнавачи.

- Сите безбедносни служби и агенции што имаа свои оперативци во Виена за време на Студената војна, и сега се присутни и дејствуваат во градот - тврди за медиумот Сигфрид Бер, раководител на австрискиот центар за разузнавање, пропаганда и безбедносни студии.

Бабамовски во изјава за Би-би-си, тој посочува дека времето на непријателство, недоверба и на меѓусебно шпионирање е веќе две децении поминато, но и во овој момент во австрискиот главен град има меѓу три и четири илјади разузнавачи и информатори.

- Повеќето од нив се вклучени во економската и во технолошката шпионажа, затоа што политичкото разузнавање стана помалку важно, иако не е целосно исклучено од интересот на оперативците на разни агенции - рекол Бер.

Австриската престолнина станала шпионски центар, прв по завршувањето на Првата светска војна и распаѓањето на австроунгарската монархија, а особено во времето меѓу двете светски војни. По завршувањето на Втората светска војна австрискиот главен град беше полн со војници на сојузничките сили, победнички во војната, кои по 1955 година, кога Австрија прогласи неутралност, заминаа, но оставија разузнавачи што требаше да ја надгледуваат „другата страна“.

По чехословачките настани од 1968 година (воената интервенција на СССР), Виена одново стана место каде што се среќаваа и се судираа тогашниот Запад и Исток, што заврши сосема по падот на комунизмот во Европа. Сегашното расчистување на најновиот шпионски скандал меѓу САД и Русија, прв по завршувањето на Студената војна, во Виена покажува дека овој град и понатаму е разузнавачка раскрсница, тврди Би-би-си.

Брисел е новиот центар

Последниве децении, пак, Брисел го презема приматот на Виена и тој сега стана главен град на светската шпионажа, вклучувајќи ја и онаа што ја спроведуваат „пријателските“ или „непријателските“ земји. Ова е заклучокот на добро документираната книга на фламанскиот новинар Кристоф Клерикс за тајните служби во „главниот град на Европа“.

Според Клерикс, Брисел е важен поради својата позиција, но и поради присутноста на НАТО, европските институции и на многу компании што се занимаваат со оружје и со висока технологија, како што е вселенската индустрија. Тоа „главниот град на Европа“ го прави идеално игралиште за тајните служби, пренесува Јутарњи.хр. „Се разбира, тие агенти работат во тајност и се чини дека сѐ повеќе се затскриваат зад фасадите на новинари, дипломати, лобисти и преведувачи“, рекол Клерикс (30), додавајќи дека Белгија станала магнет за шпиони во 1960-тите години, кога НАТО од Франција се пресели во Брисел.

САД и Русија за Балканот „војувале“ преку Софија

Во деведесеттите години на минатиот век, Софија се претвори во балкански центар на тајните служби на САД и на Русија, а ЦИА уште во 1993 година ја преместила својата регионална канцеларија во главниот град на Бугарија. Последните години, пак, Москва го зголемила бројот на тајните агенти во Софија. До ваков заклучок доаѓа тиражниот бугарски весник „24 часа“, во пошироката анализа на оваа тема.

Приближно исти констатации извлекува и дневникот „Монитор“, но тој вели дека можеби оваа констатација важела во осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години од минатиот век, но не и сега. Според весникот, сега тоа веќе не е така и разузнавачите одамна биле преселени од Софија во Белград, пред да почне војната во Косово.

Според весникот, во минатото САД ја избрале Софија за свој центар зашто оттука можеле добро да ги следат не само Југославија и Балканот туку и Русија, Кавказ и каспискиот регион.

Повикувајќи се на бивши вработени во бугарското контраразузнавање, весникот тврди дека САД во почетокот на 1990-тите години во својата амбасада во Софија донеле специјална апаратура тешка 60 тони. Во неа бил сместен и еден од трите технички центри на ЦИА што се наоѓале во Бугарија. Од него се следеле Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и други држави. Вториот центар се наоѓал во Американскиот универзитет во Благоевград, а третиот во Американскиот колеџ во Симеоново, во непосредна близина на главниот град.

Бугарскиот медиум пишува дека, парирајќи му на американското разузнавање, Русите својот центар го сместиле во подземјето на Амбасадата во Софија и истовремено го зголемиле бројот на вработените во амбасадата за кои се верувало дека се разузнавачи.

Воено-политичкиот аналитичар од Белград Мирослав Лазански вели дека секој српски или, пак, дури и балкански политичар треба самиот да извлече поука од случајот „Сноуден“, а таа е дека мора да е свесен оти од моментот кога тој ќе стапне во Брисел тамошните меѓународни организации однапред знаат зошто тој дошол таму и како е подготвен политички да се бори за проблемите што ја засегаат неговата земја.

- Она што мене ме загрижува во целата ситуација е фактот дека иако сме свесни оти живееме во ера на светска шпионажа на големите сили, ние самите (Балканците) не преземаме ништо за да се заштитиме во моменти кога практично се бијат политичките битки во Брисел за секоја земја поединечно - објаснува Лазански.
Амбасадата на САД во Скопје - бастион на ЦИА
„Новиот американски разузнавачки центар во Скопје ќе биде вклучен во мрежата со воената база Бондстил кај Урошевац во Косово, како и со базата Авиано во Италија“, пишуваше белградскиот весник „Вечерње новости“ пред пет години за време на изградбата на дипломатското претставништво на САД во Македонија.
Според весникот, во истакнатиот бастион, кој личи повеќе на воена база отколку на претставништво, најмоќната држава во светот инвестира 80 милиони долари, а внатре ќе бидат ангажирани околу 300 дипломати и „пратени“ функционери.
Повикувајќи се на дипломатски извори, „Вечерње новости“ тогаш објави дека во новиот комплекс на американското претставништво во Скопје ќе биде преместен разузнавачкиот центар што дотогаш дејствувал во Атина.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73013833193&id=9&prilog=0&setIzdanie=22941

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty2/8/2013, 18:07

Во Струга без државни знаммиња

Иако Илинден е државен празник, на улиците на Струга денеска нема државни знамиња. Јарболите се празни, а на празникот асоцира само по некое знаме истакнато на индивидуални објекти или згради. Граѓаните на Струга не се зачудени што и овој празник минува без државни знамиња на улиците како што налага законот, посочувајќи дека вака е од 2004 година, кога со Законот за територјална организација  општините Струга, Велешта, Лабуништа и Луково  се споија во една.

-Не е добро постои закон кој треба да се почитува.
-Треба да има знамиња, сепак е државен празник-коментираат стружани.

Реагираше  ОК ВМРО ДПМНЕ. Оттаму сметаат дека неистакнувањето на државните знамиња на празник е пропуст на градоначалникот кој треба да биде санкциониран од надлежните институции.

-Градоначалникот Села си го покажа вистинското лице. Се она што кажуваше по изборите дека ќе биде градоначалникот на сите граѓани на Струга паѓа во вода. Со овој потег тој на некој начин го изреволтира македонското население кое што живее тука.-истакна Перо Петкоски -ОК ВМРО ДПМНЕ.

Градоначалникот на општина Струга Зијадин Села во телефонски разговор ни изјави дека непоставувањето на државните знамиња на празникот Илинден, е пропуст на јавното комунално претпријатие, и дека истиот ќе биде корегиран и дека во текот на денот знамињата ќе бидат поставени на јарболите на градските улици.

За разлика од Струга, во Охрид празникот Илинден се одбележува со низа манифестации. Делегација на локалната самоуправа утрово положи цвеќе пред спомен обележјата на хероите од двата Илиндена, а се празнува и на повеќе места во охридско каде за време на Илинденското востание се воделе жестоки битки помеѓу охридските чети и османлиската војска.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=29281

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty2/8/2013, 18:16

Полицијата ги отстрани еднојазичните табли на излезот од Гостивар

Неколкуте табли со името на реката Вардар напишани само на албански јазик, кои беа поставени на излезот од Гостивар се остранети од страна на полицијата.
Од Агенцијата за државни патишта велат дека и таблите на Автопатот Тетово - Скопје со името Попова Шапка, кој на албански е преименуван како Кодра е Диелит што во превод значи Сончева Долина ќе бидат остранети. Од инспекторатот за транспорт и врски ce очекува решение со кое ќе се констатира незаконитата содржина на таблите, пo што веднаш ќе следува нивно заменување со нови.
И на локално ниво со најава за решавање на проблемот со несоодветните содржини на таблите. Патоказите по градските булевари се поставени за време на владеењето на минатата локална власт, истите ќе ги замениме со нови напишани како што налага законот, велат од секторот за сообраќај
изјава Хусеин Демири раководител на сектор за сообраќај при општина Тетово.
Проблемот со македонските топоними е поширок. Веќе неколку години селото Фалише во личните карти се преимеува во Фалиш. Од Полицијата се оправдуваат дека личните карти се печатат со името Фалиш, затоа што топонимот е променет во Министертвото за локална Самоуправа . Во одредени случаи пак од кабинетот на тетовскиот градоначалникот, медиумите на македонски јазик преку писмени соопштение се повикуваат да присуствуваат на настан во горниот тек на тетовската река Шкумбим, наместо Пена,како што е вековното име. Има и примери каде не се поставуваат ниту називите на државните институции. На таблата на центарот Култура Ило Антески Смок Тетово не е напишано името на првоборецот..
Македонските топоними се заштитенi со закон како културно добро на еден народ. Но најповиканите Министертвото за култура, очигледно не се заинтересирани за зачувување на ова богаство. Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, избегна неколку пати да даде конментар во врска со оваа сериозна проблематика.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=&rub=6&item=29283

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 89 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 46 ... 88, 89, 90 ... 94 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: