Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 46 ... 89, 90, 91 ... 95 ... 100  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty6/8/2013, 18:03

Русин упаднал во резиденцијата на Иванов на Водно


Бил забележан од обезбедувањето и приведен . Русинот се правдал дека живее во стан под кирија во близина на резиденцијата и оти пешачел секое утро и се прашувал што има зад оградата. Утрово решил да влезе во дворот.
Червов како гостин на методистичката црква дошол во државава кон средината на јуни и имал повратна карта за на 14- ти август преку Белград.
Полицијата му го проверила и телефонот на Русинот и во него немало никакви слики на резиденцијата каде што живее претседателот Иванов со семејството , ниту пак од вилата Водно.
Од Методистичката црква потврдиле дека имаат таков гостин ,а полицијата и натаму истражува дали исказот на 33- годишниот Русин е точен .
Инаку претседателот Иванов со сопругата и синот се на одмор во вилата Билјана во Охрид.

http://libertas.mk/%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B8%D0%BD-%D1%83%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D0%BB-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B2%D0%B0/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty6/8/2013, 22:48

Иако Русите се познати како луд народ, нешто не ми е во ред во целава ситуација... Можеби грешам.
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty7/8/2013, 02:34


______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty7/8/2013, 10:54

МВР: Во Македонија нема кампови за обука на исламски терористи

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја демантираше информацијата на руското радио „Гласот на Русија“, дека на Балканот и во западна Македонија има кампови во кои исламски терористи се обучуваат за самоубиствевни бомбашки напади.

„Во континуитет ја следиме безбедносната состојба во Македонија, но и во регионот. Во моментот нема никаков посериозен ризик по безбедноста на граѓаните. Ние сме подготвени веднаш да реагираме и да неутрализирам било каква опасност и закана за безбедносната состојба“, изјави Иво Котевски, помошник министер во МВР за односи со јавноста.

Руското радио објави дека Муслимани од Балканот познати како „белите ѓаволи“ во Македонија, Албанија и Косово се обучуваат за извршување на самоубистени напади. Ова е со цел за да се создаде што побрзо обединета исламска држава на териториите на Босна, Албанија, Косово, Македонија, јужниот дел на Србија и на Црна Гора.

Според „Гласот на Русија“ на Балканот се спроведува исламистичкиот план „Европа 3000“.

Радиото се повикува на руски разузнувачки служби, според кои на неколку места на Балканот се обучуваат идни терористи под закрила на „хумитарни организации“ со пари од оружје и дрога. Целта е да се најдат Муслимани со словенски изглед кои подоцна лесно ќе се движат во Америка и Европа и ќе го спроведуваат планот за создвање исламистичка Европа.

Зад овие обуки, според радиото стои Албанската национална армија (АНА или АКШ). Тоа е всушност организацијата, која е наследник на УЧК.

http://a1on.mk/wordpress/archives/189157

Ете сега може мирно да спиете... scratch scratch silent 

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty7/8/2013, 10:59

Ние сме таков народ, секогаш си спиеме длабоко и им веруваме на владините мегафони. А тоа дека нешто се случува, посебно во западна Македонија, нема сомневање.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty7/8/2013, 11:30

МВР денеска ја демантираше информацијата на Руското радио.

МВР: Нема кампови на исламски терористи во Македонија
http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/23118-mvr-nema-kampovi-na-islamski-teroristi-vo-makedonija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty7/8/2013, 12:44

Да да...и 2001 немаше..„будно се следеше ситуацијата„ и тоа беа само планинари и дрвокрадци.

Баш очекував дека ќе излезат со признание дека имало кампови!

А нека одговорат на прашањето зошто на пример еве... неможат да влезат и ден денес 12 години по војната во Танушевци? А од Кодра Фура јасно со двоглед гледаат како патролираат вооружени лица во селото?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty7/8/2013, 13:17

Русинот кој влета во дворот на претседателот Иванов ќе биде протеран од Македонија

Денис Червов, Русинот кој вчера ја прескокна оградата и влезе во дворот на претседателската куќа на Водно, ќе биде протеран од Македонија.
Ова денеска го соопштија од МВР и најавија дека против него ќе биде поднесена и прекршочна пријава.

“Во моментов тој се наоѓа во центарот за странци во Скопје и за кратко време ќе биде протеран од државата“, изјави Иво Котевски, помошник -министер на МВР задолжен за односи со јавност.

Триесет и тригодишниот Русин вчера беше приведен откако преку оградата влезе во дворот на претседателската резиденција. Тој на полицајците им рекол дека не знаел оти станува збор за претседателската куќа и дека ја прескокнал оградата за да побара помош од некого во куќата.

Тој во земјава престојувал од јуни, а дошол преку „Библиска лига“, христијанска организација на евангелското единство на Македонија.
http://www.mkd.mk/crna-hronika/rusinot-koj-vleta-vo-dvorot-napretsedatelot-ivanov-kje-bide-proteran-od-makedonija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty8/8/2013, 13:39

Пронајден убиен маж во Чаир

Утрово околу 9 часот на ул.„Џон Кенеди е пронајдено убиено лице, информираат од полицијата.

Во просториите на фирмата „Паштрик промет лоцирана на ул.„Џон Кенеди„ во Скопје, пронајден е убиен Никола М.(65) од Скопје, кој имал задобиено повеќе огнострелни повреди нанесени од огнено оружје, по целото тело.

На местото на настанот излегоа увидна екипа од СВР Скопје, Истражен судија,Јавен обвинител и стучно лице од Судска медицина.

Пронајдени се траги слични на крв и чаури кои се земени за вештачење, а телото на починатиот по наредба на Истражниот судија е предaдено за обдукција.

Се уште нема информации за строителите или пак мотивите за убиството. Полицијата најавува мерки за расчистување на случајот.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty14/8/2013, 15:37

Трајанов: Конфликтот во Сирија е со можни последици за Македонија

Учеството на македонски државјани во борбите во Сирија може да има безбедноси последици по Македонија, додека импликациите на дипломатски план и во меѓународните односи засега не се веројатни, наведуваат соговорници на Дојче веле во анализа на темата.

Конфликтот во Сирија и учеството на македонски државјани на страна на опозицијата носи потенцијална опасност и за Македонија, смета пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Павле Трајанов.
Тој во анализа на Дојче веле за причините и за последиците од учеството и на македонски државјани во граѓанската војна во Сирија, вели дека може да има дури и одмазднички акции од страна на Сирија.
- Сирија или нејзините сојузници можат да преземат одмазднички активности, со што е можно да ги загрозат нашите дипломатски претставништва и други наши интереси. Второ, припадниците на паравоените формации по враќањето можат да преземат некои радикални активности и во Македонија – вели Трајанов.

Тој смета дека учеството во странски воени сили е спротивно на македонските закони и дека сите тие учесници во паравоени или воени формации да сносат и кривична одговорност.
- Државните институции, пред сѐ, безбедносните служби, имаат обврска да ги следат ваквите појави и да дејствуваат превентивно – вели Трајанов. Тој потенцира дека опозицијата во Сирија има меѓународна поддршка и дека регрутацијата на „борци” во нејзините редови некогаш го вршат моќни центри, наведува Дојче веле.

Исклучени дипломатски последици
Што се однесува до последици на меѓународен дипломатски план, тие засега се исклучени или малку веројатни, сметаат соговорнците.
- Сите држави- членки на ОН имаат обврска да спречат активности на поединци или групи насочени кон изведување, поттикнување или помагање на терористички активности, меѓутоа, само ако тие активности – обука, оружје, финансирање и логистика, се спроведуваат на нивна територија. Според јавно достапните информации, трите лица по потекло од Македонија кои загинаа во Сирија, не биле подготвувани ниту регрутирани на македонска територија, туку тоа го направиле преку други држави, во случајов преку Австрија и Германија. Во овие случаи Македонија не може да предмет на санкции, освен во ситуација кога надлежните институции би располагале со податок дека токму од кај нас е организирано нивното заминување во Сирија – објаснува Стево Пендаровски, универзитетски професор од Скопје и експерт за безбедносни прашања и меѓународна политика.
МВР пак засега се надева дека нема да има последици и се потпира на тоа што Македонија е дел од глобалната антитерористичка коалиција.
- Се надеваме дека тоа нема да има импликации за Македонија. Земјава учествува во глобалната коалиција за борба против тероризмот. Ако има ризик, подготвени сме да реагираме – вели Иво Котевски, помошник – министер за комуникации.
Причините за заминување се лични
МВР нема прецизни податоци колку граѓани од Македонија се заминати во Сирија.
- Со службите од регионот разменуваме информации, но сознанијата за индивидуални учества во борби во Сирија и во други кризни региони се оперaтивни и не се знае точниот број на лица што заминале таму – вели Котевски.
Германското радио објавува неофицијална проценка дека на страната на опозицијата во Сирија војуваат околу 140 Албанци од Косово, Албанија, Македонија и Црна Гора.
Што се однесува до причините за учество во конфликтот, соговрниците од Македонија во анализата наведуваат дека станува збор за лични убедувања, било да се од верски било од политички карактер.
Неодамна беше објавена вест дека на фронтовите во Сирија загинал и Имер Ниметула(38) од скопското село Грчец. Тој е третата жртва, откако во изминатите месеци уште двајца Албанци од Македонија, од кои едниот бил оџа, загинале во борби како учесници на страна на опозиционите сили.
http://libertas.mk/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 90 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 90 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 46 ... 89, 90, 91 ... 95 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: