Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 40 ... 76, 77, 78 ... 88 ... 100  Next
АвторПорака
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty25/5/2013, 15:16

Вчера Алајдин Демири во емисијата на Миленко рече дека пописот бил прекинат поради стравот дека Македонците ќе се пишеле како срби или бугари. Glava v zid Glava v zid Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty25/5/2013, 18:14

Интервју со Далибор Јовановски, историчар
Да беше спорот со името само политички, досега лесно ќе го решевме

Не е само името на државата проблем за Грција. Повеќе од јасно е, од почетокот на недоразбирањата, дека основниот проблем за Грците е нашиот македонски идентитет, вели вонредниот професор на Филозофскиот факултет Далибор Јовановски.

Далибор Јовановски е еден од најдобрите македонски познавачи на историјата на балканските народи, а особено на грчката историја. Како вонреден професор на Филозофскиот факултет - Институт за историја, тој многу истражувал и за историјата на дипломатијата на балканските земји, за дејствувањето на интелектуалците и за нивната улога во изградбата на современите балкански национални идентитети и национализми. Темата на неговото вчерашно предавање беше „Грчката надворешна политика и македонското име – споредби од минатото и сегашноста“. Тоа беше и темата на нашиот разговор со него. Кој е поводот за спорот – само името Македонија или и етнонимот Македoнец, Македонци... Некои велат дека главна причина за ова е историјата. Но малкумина се обидуваат да ја анализираат грчката позиција низ призмата на историјата.

Колку спорот за името Македонија со Грција е политички или причините за ова се длабоко историски?

-Доколку спорот беше само политички, можеби денес ќе имавме нормални односи со соседна Грција. Меѓутоа, кога ќе се погледне сајтот на грчкото Министерство за надворешни работи, проблемите стануваат појасни. Иако официјално проблемот со името на соседната земја не бил само историски и околу симболите, податоците што таму може да ги најдеме се поврзани со историјата. Не е само името на државата проблем за Грција. Повеќе од јасно е, од почетокот на недоразбирањата, дека основниот проблем за Грците е нашиот македонски идентитет. За жал и во денешните големи геополитички промени во регионот, во Атина, не забележуваат кој навистина може да им биде пријател и од него прават непријател, со кого тешко би можеле да се разберат.

Колку длабоко може да се оди во таа потрага по потеклото и правото на името Македонија во историјата. Според некои историчари, сè почнува всушност од античкиот период?

-Македонската и грчката нација се современи нации, како и другите во регионот. Свртувањето само кон антиката доведува до површни толкувања дека некој, а тоа сме ние, нема право на името Македонија. Од пропаѓањето на античката македонска држава многу други држави владееле со регионот - Рим, Византија, средновековната бугарска држава, Самоиловото царство, повторно Византија, српската средновековна држава, па Османлиите. Кој може да тврди дека ништо не се променило, нема мешање итн. Современите нации на Балканот се продукт на модерното време. Гледањето само кон еден период од минатото и потпирањето на него, може да предизвика дополнителни проблеми.

Најжестоко сепак било во почетокот на 20 век.

-Логично. Борбата за автономија на Македонија, која ја повела МРО, не можела да ја остави индиферентна грчката држава. Од средината на 19 век, Македонија, во Атина, веќе ја сметале за грчки регион. Тие го искористија жестокиот пораз на македонските борци во Илинденското востание и во 1904 година ја лансирале воената кампања, која денес ја нарекуваат Македонска борба.
За време на СФРЈ, југословенската дипломатија овој проблем главно го гледаше од дистанца, ептен во бели ракавици, и само повремено ќе го употребеше за некој актуелен политички или економски пазар. Се согласувате ли со еден ваков заклучок?

-Југословенскиот претседател Јосип Броз Тито во 1950 година изјавил дека прашањето на македонското малцинство во Грција не би требало да биде пречка за развој на меѓусебните односи. Во таа насока се водела и политиката кон Грција. Од тоа што досега е познато, југословенската дипломатија повремено го поставувала прашањето на Македонците пред грчките соговорници, но резултатите биле никакви. Така, во почетокот од шеесеттите години на минатиот век, македонското прашање сериозно ги нарушило односите меѓу Белград и Атина.

Можеше ли нешто повеќе да се реши во однос на името Македонија, македонскиот јазик, македонскиот народ, правата на македонското национално малцинство во Грција... уште во времето на СФРЈ?

-Поранешната југословенска федерација беше една етапа на патот кон целосна независност на Македонија. Многу работи беа направени, а многу работи беа и промашени. Но и идните генерации можеби за нас ќе велат дека не сме го дале максимумот. Минатото, успесите и грешките во него може да служат за правење на анализа на оние проблеми што сè уште нè мачат.

Сите велат историјата да им ја оставиме на историчарите, а на политичарите е да ја решаваат актуелната проблематика. Колку овој став може да помогне кога коренот на овој спор има ваква „дебела“ историска димензија?

-Најчесто велат историјата треба да им се остави на историчарите, ама изгледа сите сакаат да се занимаваат со неа и поаѓаат од неа. Постојат проблеми што се тешко решливи, како проблемите во односите меѓу Република Македонија и Грција, косовскиот проблем, блискоисточниот проблем, проблемите меѓу Грција и Турција, кипарскиот проблем и др. Многу е лесно да даваш изјави дека треба да се гледа само напред, дека се потребни лидерство и решителност, дека треба историјата да им се остави на историчарите, но реалноста е многу поинаква, и, за жал, многу често и посурова.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/da-beshe-sporot-so-imeto-samo-politichki-dosega-lesno-kje-go-reshevme

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty27/5/2013, 12:54

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty28/5/2013, 11:34

(ВИДЕО) Ангелов: Тоа што за Вељаноски e беспредметно, за нас е од национално значење

Достоинство се зачудени од отфрлањето на сите 4 иницијативи за референдум од страна на претседателот на Собранието но уште повеќе од формулацијата „дека се беспредметни предлози“.

-Сакаме да го потстиме Вељаноски да го причита членот 67. од Законот за реферндум каде пишува дека претседателот кога ќе утврди дека иницијативата е уредна ќе го извести во рок од три дена овластениот предлагач.

- Доколку утврди дека е неуредна, прашањето за иницијативата ја става на дневен ред на Собранието, но не подоцна од 15 дена. Сметаме дека нема право вака да ја прогласи иницијативата за беспредметна. Ако за него се беспредметни прашањата, за нас се од национално значење, изјави Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.



Тој повика Вељаноски да го почитува Законот за референдум и четирите прашања да ги стави на дневен ред на седница.

-Поставуваме прашање врз основа на што го одби нашето прашање за ветераните на ОНА, дали може да добијат права утврдени со закон? Без никакво издрзано образложение сме одбиени и за ова парашање, рече Ангелов.

Тој најави дека Достоинство нема да се откаже од намерата, и потсети дека се чека одговор и од Уставниот суд по однос на уставноста за забраната за референдум за одредени прашања.

Достоинство иницираше покренување референдум за четири прашања-за територијалната поделба за Кичево и Струга, за автентично толкување на Законот за амнестија, припадници на УЧК да не можат да вршат високи функции, и ветераните на ОНА дали може да добијат права утврдени со закон.
http://a1on.mk/wordpress/archives/155777

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty28/5/2013, 11:38

Не знам што го малтретираат Вељаноски со вакви "безпредметни" прашања... си има човекот поголеми гајлиња од ова.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty28/5/2013, 11:43

Ова е жива вистина,одма е донесен од Грчка со кауција од 60 илјади евра...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty28/5/2013, 12:00

Ја разбрав дека кауцијата била 80 и кусур иљадарки. Башка, не верувам дека ги извадил Трајко од џеб. Smile

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty28/5/2013, 12:10

Човеков ништо чудно да летне од позицијава, може не на овие ама на следните избори, затоа што е најранлив од сите функционери досега...и со керка му и син му сега.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty28/5/2013, 12:44

Денов премногу добро тргна, не ќе да е на арно.. Laughing

На поменот жителите на Ваксинце инсистирале да нема политичари. Нивната желба не ја испочитувал Фазли Велиу, па така во друштво на пратеникот од ДУИ Реџаил Исмаили биле дел од декорот на годишнината од смртта на командант Тигри.

Неканетиот гостин побарал да одржи говор, тогаш врз идеологот на ОНА скокнале дел од членовите на одборот. Му се нафрлиле и го нападнале, велејќи дека не сакаат да држи говор на годишнината пренесува Канал 5.

Нашите извори велат дека Велиу бил обвинет оти тој како претседател на Здружението на ветерани на ОНА доволно не се грижел за семејствата на загинатите во конфликтот од 2001-та. Го обвиниле дека сака само да се промовира, а ДУИ политички да профитира.
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty28/5/2013, 14:42

Чисто исмевање Glava v zid

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 77 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 77 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 40 ... 76, 77, 78 ... 88 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: