|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 22/5/2013, 23:30 | |
| УЧК - Тетекс 0:0 ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/5/2013, 02:25 | |
| Во 2025 Албанците ќе бидат побројни од Македонците Намалувањето на наталитетот претставува вознемирувачки елемент во Република Македонија, сепак оваа појава, според добрите познавачи на ова прашање, е повеќе од очекувана. Академикот Абдулменаф Беџети, ја објаснува оваа појава повикувајќи се на релевантна студија на Универзитетот Сорбона во Франција, според која во 2020 година, албанското население ќе се израмни со македонското, а во 2025 година Албанците ќе бидат побројни од Македонците, јавува Алсат М. “Овој феномен го третираат повеќе во социоекономските анализи и тоа е феномен кој беше очекуван и проектиран уште пред 15 години. Ќе се повикам на една студија што ја направи еден научник со македонски бек-граунд од Универзитетот Сорбона во Франција уште во 1998 година, доктор Иван Савев. Тој предвидува и прави проекции и прогнози за следните 20 и 25 години, значи 2020-2025, за тоа како ќе се развиваат демографските односи во самата Македонија, природниот раст на населението и така натаму. И тој таму доаѓа до еден заклучок, во едно таканаречено `песимистичко сценарио за нив и оптимистичко за нас` стои дека 2020 година, албанското население речиси ќе се израмни со македонското, додека во 2025 година, всушност албанското население ќе го надмине македонското, се разбира во релативниот сооднос”, вели Беџети за телевизијата. Според други статистики, намалување на наталитетот се забележува и кај двете најголеми етнички заедници, односно и кај Македонците и кај Албанците. “Природниот прираст на населението според пописот од 2002 година, од пред 11 години кај Албанците беше 18 промили, а кај Македонците беше 9-10 промили, значи сега кога кај нас тоа е 9-10, а кај нив 4-5. Тоа зборува дека интензитетот на опаѓање кај нас е многу поголем. Но, од релативен аспект, овој сооднос сè уште не го загрозува релативниот однос меѓу Албанците и Македонците, напротив го форсира, па затоа ако се повикаме на бројки, значи дека наталитетот кај нив е многу помал отколку кај нас. Треба да споредиме какви се трендовите, кои се тенденциите, нивниот интензитет и актуелните состојби. Затоа јас не гледам сериозно загрозување на нумеричкиот сооднос на албанското и македонското население“, додава Беџети за Алсат. Беџети вели дека токму стравот од тоа била една од причините за прекинување на пописот на населението во 2011 година. http://www.sky.mk/index.php/makedonija/17407-vo-2025-albancite-kje-bidat-pobrojni-od-makedoncite?utm_source=daily.mk ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/5/2013, 02:29 | |
| Фото: Финалето прекинато поради "скинати глави" на македонски навивачи? Вчерашното финале помеѓу Тетекс и Шкендија беше прекинато поради недоличното однесување на албанските навивачи кои направија се што беше во нивна моќ за да го оцрнат македонското име и да не навредат нас македонците. Во текот на ноќта редакцијата на Пулс24 дојде до слики кои не беа прикажани на телевискиот пренос и кои што сметаме дека биле најголема причина поради која што е прекинато финалето. Се работи за огромен транспарент каде што навивач - балиста, во едната рака држи искината и крвава глава на навивач Комита, а во другата рака искината и крвава глава на навивач Војвода. Апелираме до сите надлежни да се реагира и да се казнат оние коишто го поставиле овој транспарент и на коишто животна цел им е да шират национална омраза, а потоа се жалат дека се обесправени и бараат соживот. Никаде во светот желба за соживот не се манифестира со вакви постапки и вакви транспаренти, па затоа најмалку што можат да направат во моментов е јавно да се извинат затоа што ништо добро нема да постигнат со ваквото однесување. http://puls24.mk/mislenja/izdvojuvame/foto-finaleto-prekinato-poradi-skinati-glavi-na-makedonski-navivaci ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/5/2013, 11:43 | |
| Интервју со Тони Науновски: Ако Македонците сакаат своја држава Рамковниот договор треба да се укине! Во интервјуто со д-р Тони Науновски, универзитетски професор и редовен колумнист на „Дневник“ разговаравме за Рмковниот договор, поточно можноста за негово укинување, за одбивањето на претседателите на Грција и Бугарија да присуствуваат на самитот во Охрид, како и за изборот на нов лидер во СДСМ… Топпост: Вие се залагате за укинување на Рамковниот договор. Дали мислите дека некогаш тоа ќе се случи? Науновски: Се разбира дека ќе се случи, доколку граѓаните на Репубалика Македонија воопшто сакаат да имаат своја држава, а тоа посебно се однесува на припадниците на македонскот народ. Несреќната приказна со т.н. Охридски рамковен договор, кој денес, за жал, е дури и дел од актуелниот Устав на РМ, во историски рамки е еден од најдеструктивните политички „договори“ кој се случил. Не постои дури ниту сличен договор на овој, односно ваков „рамковен“ Устав во историјата но и современата реалност во светски, а посебно не во рамките на Балканот. Тој договор е уникат, преседан, не постои такво нешто никаде во светот, разгледајте ги Уставите на други држави и ќе се уверите и сами во тоа. Мојата долгогодишна критика на овој договор, главно е втемелена на две групи на факти. Прво, фактот дека Македонија не смее да се оддалечи од современите и општо важечки модели на Устав и закони – што со рамковниот го направи; и второ, фактот дека тој е сам по себе, посебно во практична смисла, антидемократски, дискриминаторски за волјата на мнозинството (што е прв принцип на демократијата, секако, со задржување на сите механизми за заштита на загарантираните права на малцинствата). Рамковниот е директно спротивен на принципите на граѓанското општество, каде што сите се еднакви со правата и обврските, сите се еднакви пред законите, за сите подеднакво важат законите. Јасно е дека по 2001 г., Р.Македонија во определан смисла не е правна држава, со современа функционална демократија, посебно заради тој фамозен принцип на Бадинтер односно двојното мнозинство, и воопшто не е упатена кон креирање и развој на современо граѓанско општество. Каккво граѓанско општество може да има кога има квоти и бројки за се, само за едно малцинство како пресуден критериум, а не квалитет и еднакви услови за сите? Во таа смисла, јасно е дека Македонците, македонскиот народ, е практично дискриминиран во својата единствена национална држава. И да предупредам односно потсетам на изјавата на еден функционер на ДУИ, кажана како фалба – дека албанското малцинство во државната и јавната администрација учествува со 30 проценти! За мене тоа беше и е шокантно, размислувам за последиците по државата, и навестувањата кажани преку ова. Јас сум убеден дека се повеќе луѓе го сфаќаат ова што со години го пишувам и зборувам за рамковниот, и дека полека но сигурно се создава политичка и геостратешка ситуација во која тој легално ќе биде укинат. Кога велам легално, пред се мислам на гласање во Собранието, законодавниот дом на РМ, таму каде што и беше октроиран. Конечно, мислам дека таа несреќна фаза од историскиот развој на оваа држава навистина мора да биде надминат, заради тоа што тој договор немаше никакво легитимитет – знаеме како и на кој начин беше наметнат. Мислам дека тоа набрзо ќе се случи, по создавање на консензус за ова прашање меѓу поголемите политички партии на Македонците, кои мораат да ги следат и почитуваат мислењата, потребите и интересите на своите гласачи. Зарем вие познавате некој Македонец кој не сака да се поништи, се разбира на демократски начин, рамковниот? Јас, не. Топпост: Доколку не дојде до негово укинување, дали има шанси преку посебна програма или кампања да се поттикне свеста кај Албанците дека тие се граѓани на Македонија а не на Албанија или пак на Косово? Науновски: Не, какви програми, каква граѓанска свест? По рамковниот, сите можности за развој на граѓанска свест беа елиминирани од дискурсот на РМ. Рамковниот не интегрира, не насочува кон заеднички вредности и закони – токму напротив! Тој ги поттикнува поделбите во општеството по сите линии, од јазик преку образование до надворешна политика. Многу работи во нашата држава се первертираа како резултат на тој, така да кажам, проклет рамковен договор. Ненормални нешта ни се случуваат токму заради него, многу негативни процеси и факти се токму заради неговата имплементација, и тоа мислам дека веќе им стана јасно на повеќето луѓе и политички „елити“. Проблемот зошто сеуште не е создадена (иако започнува да се создава, за среќа) јавно-политичка атмосфера за негово фрлање во ѓубриштето на Македонската историја, се силните идеологизации од страна на моќните фактори во ова наше општество и држава, кои го оневозможуваат аргументираното истакнување на апсолутниот факт – дека заради рамковниот, Македонија не е практично повеќе држава, на некој начин. Токму заради тоа, денес мора да се отстранат бројните дестабилизирачки па дури и деструирачки трендови врз самите структури на државата кои извираат најдиректно од тој договор. Топпост: Како гледате на преговорите со Грција и сметате ли дека тие и натаму треба да продолжат? Науновски: Република Македонија мора да го зачува своето име и идентитет. Името на нашата држава и на нас Македонскиот народ е сето она што не прави она што сме. Името е идентитет, името е суштина, тоа е – Се! Според мене, единствен можен компромис со Р.Грција е т.н. двојна формула, односно компромисно име, взаемно договорено, кое би важело единствено за билатералните релации меѓу двете држави. Ништо повеќе од тоа. Ние сме Македонци, со своја држава Р.Македонија, и тоа е апсолут, светско-историски факт. Секако, заради реалполитиката, мислам дека сеуште не е време за прекин на разговорите за разликите околу името под покровителство на ОН. Меѓутоа, црвената линија е таа што ја кажав – само „двојна Формула“ е реално политичко решение кое би било прифатливо за македонскиот народ. Сето друго, практично, не е можно. Ниту народот, ниту некоја политичка партија може да направи (дури и да сака од некои причини) некој друг компромис – тоа едноставно ќе предизвика масовни демонстрации и безредија. Мислам дека на сите релевантни, и домашни и странски фактори, им е јасно ова. Затоа, меѓународната заедница мора да се сврти кон грчките политички елити и да им објасни дека ова е дефинитивната македонска црвена линија за можниот компромис. Топпост: Како го толкувате одбивањето на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, како и на претседателот на Грција Каролос Папуљас да учествуваат на самитот на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа во Охрид, кој се одржува под покровителство на македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов? Науновски: Многу лоша вест. Останува енигма зошто Р.Бугарија, па и Р.Грција, имаат толку лоша политика кон нивната соседна држава. Не знам зошто не се надминат историските митологизации и симулакруми кај нивните политички елити во однос на РМ. Историјата на Балканот има големо значење, таа се провлекува низ образовниот систем, низ државните институции, низ научните институции. Меѓутоа, денес е 21 век, сеништата од Балканските војни или уште наназад низ историјата, мора да бидат надминати на продуктивен начин, во смисла на прифаќање на фактите. И Р.Бугарија и Р.Грција се членки на ЕУ и НАТО, а сеуште не ги имаат воспоставено ниту елементарните меѓународни права во многу области. Како што знаете, за жал и по ЕУ и НАТО, тие воопшто и не ни признаваат Македонско национално малцинство како реален факт, и прават многу дискриминации по таа основа врз нашите сонародници кои живеат таму. Чудно е како никој од ЕУ, на пример, не реагира за ова однесување на Бугарија и Грција, додека кај нас под лупа е и најмала измена на некој член од закон. Тие двојни стандарди на ЕУ, оставаат негативен траг кај Македонците кога размислуваат за ЕУ, и од тие места треба да дојде поттикот и инсистирањето за промена на состојбите во овие држави. Тие мораат да ја прифатат реалноста и да ги почитуваат правата на националните малцинства, вклучително и на Македонците. Тоа би можело да биде начинот преку кои етапно би се воспоставиле подобри односи меѓу овие три држави. Тамошните политички елити мораат да сфатат дека РМ е реалност и историски континуитет на бројните претходни форми на државност на овој народ, и во согласност со заедничките (пред се економски) интереси да воспостават нов модус на политиката на Балканот. Меѓутоа, јас сум се повеќе уверен, врз основа на некои индиции, дека намерно и смислено некои структури и во РМ и кај нив (можеби и синхронизирано) не дозволуваат развивање на подобри односи и консензуси. Од повеќе прични, како некому да не му е во геополитички интерес развој на нови пријателски релации меѓу Бугарија, Македонија, Србија и Грција. Македонските државни институции треба да го анализираат овој феномен. Како и да е, јас се надевам дека релациите ќе се унапредуваат, заради взаемни интереси на тие народи и држави. Јас мислам дека поврзувањето па дури и поблиското сојузништво меѓу овие три, односно четири држави, е историска потреба, посебно во контекст на развојот на идејата за „голема Албанија“ која на замислените географски мапи се протега и во Грција, и во Србија, и во Македонија. Топпост: Ваш коментар околу изборот на нов претседател на СДСМ? Науновски: До пред неколку месеци, посебно по поразот на локалните избори, јас бев убеден дека СДСМ ја научија големата лекција, ги сфатија своите големи историски политички грешки, и дека затоа ќе направат радикална промена во својата кадровска, партиска, програмска, идеолошка структура, во моделот на политичко мислење, во матрицата на набљудување. Одамна им имам добронамерно порачано преку повеќе свои колумни, дека тие како партија мораат да се извинат за неправедната приватизација, доделувањето на државјанства на косовари, за рамковниот, за територијалната од 2004 г., и за многу други нивни одлуки и политики. Не ми е јасно, зарем не можат да сфатат дека одиумот на Македонскиот народ кон нив нема да исчезне се додека не се покаат за овие политики, и не започнат одново, со нови принципи и стратегии за крупните прашања и проблеми? Пред неколку месеци,некои нивни постапки ми влеаја надеж дека може да се случи токму тоа, но за жал, денес станува јасно дека тие, кој и да биде нов лидер, нема да направат драстични промени во нивната политика. Нивните заложби за донесувањето на законот за бранителите, како и некои изјави и постапки на г. Стевчо Јакимовски (во тоа време сеуште нивен висок партиски функционер) дадоа впечаток дека нешто се започнува да се менува кај нив, меѓутоа, тоа кратко траеше, за жал. Знаеме како заврши сето тоа, а јас мислам дека г. Јакимовски беше најдобриот избор за нов лидер на СДСМ, заради неговите принципиелни, промакедонски ставови. Ова што деновиве се случува со нивниот конгрес и избор, мене ми наликува на лоша комедија. Наведените кандидати, освен можеби г. Зоран Јовановски, во целост ги споделуваат истите погубни политики на СДСМ кои ги спомнав претходно. За волја на вистината, мене кај СДСМ односно во нивната партиска програма, ми се допаѓа решението за скалест данок. Во овој стадиум од развојот на економијата на РМ, тоа е поефективно и поправедно решение од рамниот данок на ВМРО ДПМНЕ. И нивните залагања за поголеми работнички права, заштита на ранливите социјални групи и слично на тоа, заслужуваат политичко внимание. Меѓутоа, во однос на најбитните, оние големи политички и државни прашања, СДСМ имаше и се’ уште ќе има (според развојот на состојбите таму) катастрофални решенија и предлози. Да се надеваме дека барем нивниот злогласен политички опортунизам и „валканите игри“ со ДУИ ќе бидат минато со новиот нивен претседател. Барем тоа. http://toppost.mk/2013/05/23 ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/5/2013, 11:13 | |
| Албанскиот национализам го уништи и фудбалот (галерија) Исвиркувањето на македонската химна, истакнувањето знамиња на туѓа држава, пеењето песни за Голема Албанија, погрдните зборови за „каурите" и палењето голем број факели и нивно фрлање на теренот од страна на навивачката група „Балисти" беа главните причини што вечерашното финале од Купот на Македонија, наместо празник на фудбалот, прерасна во огромен скандал бидејќи мораше да биде прекинато уште во првото полувреме. Челниците на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) решија да не дозволат изживување на арената „Филип Втори" и за тоа добија поддршка од сите што го сакаат спортот во Македонија. Сега останува да се види дали ќе има казна за Шкендија, каква ќе биде таа и дали и припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе преземат нешто според Законот за спречување насилство и насилничко однесување на спортските терени. http://www.mkd.mk/galerii/albanskiot-nacionalizam-go-unishti-i-fudbalot#1Племето. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/5/2013, 11:15 | |
| Со нож прободено 21 годишно момче Момче од Делчево синоќа со нож било прободено кај Универзитетската библиотека во Скопје. Полицијата извести дека три момчиња од Делчево, Пехчево и Битуше биле нападнати од поголема група момчиња во Скопје. А.В. (21) од Делчево бил прободен со нож од грб, по што побегнал кон центарот на градот каде се онесвестил, а полициски службеници го нашле и го префрлиле во Градската општа болница, каде се констатирани тешки телесни повреди. Полесно биле повредени и другите момчиња, кои тврдат дека напаѓачите биле од албанска националност. http://www.mkd.mk/crna-hronika/so-nozh-probodeno-21-godishno-momcheНа овие треба со иста мерка х10 да им се врати. Нема друго. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/5/2013, 11:34 | |
| Беџети ги разбуди демографските духови Академикот се повика на студија на Универзитетот „Сорбона“ според која во 2025 година Албанците ќе бидат помногубројни од Македонците За седум години бројот на македонското и албанското население ќе се израмни, а во 2025 година Албанците ќе бидат побројна етничка заедница. Академикот Абдулменах Беџети, повикувајќи се на студијата на Универзитетот „Сорбона“ во Франција, направена од научникот со македонско потекло Иван Савев, а во која се предвидува ваков пресврт во демографските односи, дополнително ги вознемири многутемина загрижени во земјава од намалувањето на наталитет. Според Беџети, овој феномен го третираат повеќе во социоекономските анализи и тоа е феномен кој бил очекуван и проектиран уште пред 15 години. Според други статистики, намалување на наталитетот се забележува и кај двете најголеми етнички заедници, односно и кај Македонците и кај Албанците. „Природниот прираст на населението според пописот од 2002 година, од пред 11 години кај Албанците беше 18 промили, а кај Македонците беше 9-10 промили, значи сега кога кај нас тоа е 9-10, а кај нив 4-5. Тоа зборува дека интензитетот на опаѓање кај нас е многу поголем. Но, од релативен аспект, овој сооднос се' уште не го загрозува релативниот однос меѓу Албанците и Македонците, напротив го форсира, па затоа ако се повикаме на бројки, значи дека наталитетот кај нив е многу помал отколку кај нас. Треба да споредиме какви се трендовите, кои се тенденциите, нивниот интензитет и актуелните состојби. Затоа јас не гледам сериозно загрозување на нумеричкиот сооднос на албанското и македонското население“, додава Беџети. Токму стравот од тоа, според Беџети, била една од причините за прекинување на пописот на населението во 2011 година. Ексдиректорот на Заводот за статистика, Дончо Герасимовски, кој во моментов работи на комплетирање на своите сериозни демографски анализи, вели дека при носење релевантни заклучоци во контекст на демографскиот сооднос мора на ум да се имаат неколку компоненти. „Бројките велат дека албанското население се зголемува, а македонското опаѓа и покрај тоа што природниот прираст и кај двете етнички групи бележи тренд на опаѓање. Појдовна основа во анализите претставува пописот, но неопходно е да се следи и природниот прираст, како и миграциските движења, иселувањето и доселувањето. Да речеме, ако во општина Зајас која сега се припои со Кичево и која бележи негативен природен прираст се родиле четири алабански деца во странство се родени 100. Тие деца според законот за матично работење се евидентираат како граѓани на Македонија. Податоците велат дека во 2012 година повеќе деца се родени надвор од државава“, вели Герасимовски. Според него, постои јасна тенденција на зголемување на бројот на албанското население, но не верува дека за една декада бројот на Македонците и Албанците ќе се израмни. „ Можам да ви кажам дека Албанците учествуваат со 70 отсто во природниот прираст во земјава. Но, и покрај тој факт, мислам дека предвидувањата од студијата на Савев се неоствариливи во таков еден краток период“, вели Герасимовски. Ако се земат предвид резултатите од пописот во 2002, Македонија има вкупно 2.022.547 жители. Од оваа бројка, 64,18 отсто се етнички Македонци, а 25,17 отсто се етнички Албанци. Тоа значи дека од минатиот попис во 1994 година до 2002 година бројот на етничките Македонци се зголемил за 2.017, а на етничките Албанци за речиси 68.000. Оваа бројка покажува дека годишно се раѓале 8.500 деца од албанска етничка припадност, а 250 од македонска. На првиот попис на населението во 1953 година во Македонија се регистрирани 162.524 жители Албанци или 12,5 отсто од вкупното население во државата. (Н.К.) http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0DC4905AB4DCCE42B321E5FBB44C724D ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/5/2013, 12:15 | |
| Како да не, врска нема..во земјава нема толку луѓе...нема ни 2 милиони, се претпоставува дека околу 200 000 се отидени на гурбет, што албанци што Македонци...и покрај тоа да се каже дека они учествуваат со 70% е лудост. Не раѓаат ни нусите повеќе толку. | |
| | | tose
Број на мислења : 160
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/5/2013, 13:44 | |
| ајде штом се толку да напраиме попис....илииииии некако не им одговара оти ке излезат помалку од 20%... остај што глумат лудило ова она....не се повеке од 20%... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/5/2013, 13:59 | |
| - tose напиша:
- ајде штом се толку да напраиме попис....илииииии некако не им одговара оти ке излезат помалку од 20%...
остај што глумат лудило ова она....не се повеке од 20%... Пред ратот беа 17% после ратот 25%,па вие видете сега... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|