|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 13/2/2013, 21:38 | |
| ДУИ предвреме го презема Кичево ПОЧНАА ИЗБОРНИТЕ ИГРИ На хартија прецизно напишани, во практиката предизвикуваат чудење и дилеми. Со почетокот на организирањето на локалните избори во 2013-та, на виделина избиваат недореченостите и слабостите на изборните правила, кои отвораат повеќе дилеми отколку што одговараат на отворените прашања и реалните потреби на терен. Највпечатлив пример за ова е општината Кичево во која наспроти правилото за правична застапеност на членовите на изборните органи, претседателите на сите 106 избирачки одбори во оваа општина се Албанци. Од Државната изборна комисија (ДИК) кратко коментираат дека изборот на членовите на овие органи се врши според упатството за избор на членови на изборните органи. Секретарот на ОИК во Кичево Бевзат Алиу, повикувајќи се на упатството, вели дека во општини каде што доминантно население се Албанците, претседателите на избирачките одбори се Албанци, а нивните заменици се Македонци. - Според пописот од 2002 година, во општината Кичево мнозинството население се Албанци, па затоа и претседателите на избирачките одбори се Албанци. Формирањето на одборите е во тек и досега не сме наишле на никакви проблеми. Сѐ се одвива онака како што е предвидено со изборните правила - вели Алиу во телефонски разговор за Нова Македонија. ЗЛОУПОТРЕБА НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Универзитетскиот професор Јове Кекеновски вели дека партиите ги злоупотребуваат празнините и нејаснотиите во изборните закони и правила, со што го злоупотребуваат Изборниот законик. - Според Законот за територијална поделба, општината Кичево од 2012 година ќе се спои со општините Зајас, Другово, Вранештица и Осломеј и тогаш навистина ќе биде со доминантно албанско население. Но сега општината Кичево е со доминантно македонско население и невозможно е претседателите на избирачките одбори да бидат само Албанци. Тоа може да биде така само откако Кичево ќе профункционира како една општина. Претходно треба да се изврши избор на нови општински органи со кои и официјално ќе почне да функционира единствената општина Кичево - објаснува Кекеновски. Според Законот за територијална организација, спојувањето на општината Кичево со општините Зајас, Другови, Осломеј и Вранештица ќе почне да се применува од наредните локални избори без при тоа да прецизира од кога точно се смета дека локалните избори почнале. Во овој момент фактички спојувањето не е извршено, па Кичево не е ни доминантно албанска општина. Кекеновски додава дека сето ова има политичка заднина, но конкретната злоупотреба на изборните правила е производ на незнаењето и превидот на оние што ги пишувале законите за територијална организација и Изборниот законик. - Не можеме да прејудицираме дека ова е намерно направено, но факт е дека политички договор за Кичево има и тој е вграден во законот за територијална организација. Но, исто така, факт е дека Кичево само на хартија е една општина. Практично тоа не е. Ако сакал законодавецот чесно и легитимно да го спроведе договорот во дело, покрај одредбата во која пишува дека Кичево од 2012-та ќе биде една општина, требало да предвидат и кога точно ќе почне да важи ова правило - вели Кекеновски. Што се однесува до правичната застапеност пак, според правилникот за избор, за членови на избирачките одбори што не се од мнозинската заедница се избираат по принципот на правична застапеност. Така, во општината Кичево од пет члена, колку што има еден избирачки одбор и нивни заменици, најмалку двајца треба да бидат Македонци. Судир на интереси? Секретарот на општината Осломеј, Бевзат Алиу, е избран за секретар на Општинската изборна комисија (ОИК) во Кичево, а неговиот надреден, градоначалникот на Осломеј, Фатмир Дехари, е кандидат за градоначалник на Кичево од редовите на владејачката ДУИ, со што се отвори прашањето дали ваквата позиција на Алиу е во судир со неговата секретарска функција во Осломеј. Според Алиу, во неговиот избор за секретар на ОИК нема ништо спорно затоа што, како што вели, изборот на членови на ОИК се врши по случаен избор во согласност со Изборниот законик. - Функцијата секретар на општинска изборна комисија е техничка и тој ги врши техничко-организациските работи за време на изборите. Тоа значи дека секретарот на ОИК нема право на глас, па оттука нема ниту судир на интереси помеѓу мојата редовна функција во општината Осломеј и онаа како секретар на општинската изборна комисија во Кичево - вели Алиу. Од Државната изборна комисија (ДИК) ја потврдија ваквата информација и велат дека Алиу е избран за секретар на ОИК во Кичево по случаен избор исто онака како што биле избрани сите други членови на изборните органи низ земјава. Според правилникот за утврдување на критериумите за избор на членови на општински изборни комисии, комисиите се составени од претседател, членови и нивни заменици. Во правилникот никаде не пишува дали секретарот има статус на член на ОИК и кој и како го избира или назначува секретарот на таа функција. Претседателот, членовите и нивните заменици се избираат по компјутерски пат, по случаен избор со мандат од пет години. За претседател, член и заменик на општинските изборни комисии може да биде избран секој високообразован граѓанин, државјанин на Република Македонија што по правило живее во општината во која работи изборната комисија и кој никогаш не бил осудуван за кривични дела поврзани со изборните нерегуларности. За член на ОИК не може да биде избран функционер што е именуван на функцијата од Владата или Собранието на Македонија, што е вработен во министерството за правда, одбрана или внатрешни работи, да не е вработен во Секретаријатот за законодавство, Заводот за статистика, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, како и во стручните служби на ДИК и судовите низ земјава. http://hl.mk/742999/indexed.html | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 13/2/2013, 21:53 | |
| Ако, ако... само така. Сами си ги ставаме клинците во сандакот. Но ако се прашувам јас, сите кои се одговорни за територијалната поделба (на која кумуваа Америте), како и оние кој молчешкум ја спроведуваат без да бекнат... сите тие треба да се пратат во работен логор/гулаг. Секретот на Македонија, срам за идните генерации кој ќе бидат напикани во гета. Во СВОЈАТА држава. Нивните деца ионака ќе ја дувнат од овде, така да сигурно не се секираат за нив. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 13/2/2013, 21:56 | |
| Живо ме интересира што ќе се случи оваа година, а ќе биде врело! Само кај ќе се одеше годинава на роуд-шоу, Бразил или Аргентина? | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 13/2/2013, 22:03 | |
| Ќе биде to be or not to be. Би рекол дека сега сме на работ од бездната. Веќе подолго време ни фаќаат сеир шипосиве, како извесниов Имери од линкот погоре. - Цитат :
- imeri
po kicevo na red e kumanovo geografski i prakticna celina, na zdravje makedoncinja odime nie so albanija nemate da imate drug izbor nego blgarija. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 13/2/2013, 22:49 | |
| Дефинитивно е то би ор нот то би. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/2/2013, 12:22 | |
| U svojoj prvoj analizi političkog stanja u Makedoniji za advance.hr pisao sam o uzrocima "crnog ponedjeljka" , 24. prosinca 2012 godine, koji je odjeknuo Europom i svijetom, i koja tada nije pokazivala indicije da će se preobraziti u nešto puno veće koje će angažirati visoke dužnosnike kao iz makedonske političke elite, tako i iz europske, u rješavanju ovog, sada već gorućeg problema. Protesti koji su počeli prije točno 52 dana ne jenjavaju, opozicijski protesti diljem Makedonije, duge kolone automobila koji trube u znak protesta, "građanski parlamenti" u svakom većem gradu gdje vođe velike, etnički čiste makedonske opozicijske koalicije pod motom "Savez za budućnost" govore o "nedemokratskoj, fašističkoj vlasti, tiraniji..." , postali su svakodnevica. Za razliku od prije 52 dana, sada cilj nije "kresanje" budžeta, već novi, prijevremeni parlamentarni izbori. U svim demokratskim zemljama, parlamentarni izbori se održavaju svake 4 godine, gdje stranka sa najviše osvojenih glasova na regularno sprovedenim izborima dobija mandat za sastav Vlade. 2006 godine, kada je vladajuća garnitura VMRO-DPMNE-a došla na vlast, nije puno čekala do raspisivanju prijevremenih parlamentarnih izbora 2008, kada je opet pobjedila SDSM, najveću oporbenu političku stranku u Makedoniji. Nakon 3 godine, 2011 godine, ponovno su raspisani prijevremeni parlamentarni izbori, inače drugi prijevremeni izbori od nezavisnosti Makedonije, i drugi u nizu, kada VMRO-DPMNE ponovo odnosi pobjedu nad SDSM-om. Tada je lider SDSM-a Branko Crvenkovski bio na korak do potpunog političkog poraza i gubitka legitimiteta u svojoj stranci, u kojoj je ipak do dan danas na čelu. Sada SDSM na čelu sa Brankom Crvenkovskim traži, treće po redu prijevremene parlamentarne izbore, zajedno sa lokalnim koji su zakazani u ožujku, uvjeren da će ovog puta, osnažen koalicijom nekoliko većih i manjih stranaka konačno poraziti "diktatora" Nikolu Gruevskog ( koji uzastopne poraze Crvenkovskog koristi kao argument protiv raspisivanju novih parlamentarnih izbora), i nakon duge stanke sjesti na makedonski politički tron. Pitanja koja se često mogu čuti kroz priču građana su: nije li Crvenkovskom dosta političkih poraza? Je li makedonska ljevica predugo u opoziciji? Je li potreban novi lider, nova svježina u drugoj najvećoj političkoj stranci u Makedoniji koji će osvojiti povjerenje građana sa novom idejom, inovativnim projektima smanjenja ionako velikog broj nezaposlenih? Da li trenutno postoji bolja opcija od Gruevskog? , i najveće: Hoće li "Savez za budućnost" ostati na svojoj odluci o bojkotu lokalnih, ukoliko istovremeno se ne raspišu i prijevremeni parlamentari izbori? Odgovor na zadnje pitanje je donešen jučer na sastanku najviših čelnika SDSM-a - hoće, ostati će na svojoj odluci i neće izaći na izbore. Liderski tête-à-tête sastanak prije tri tjedna je samo učvrstio ionako tvrde stavove dvaju lidera i pokazao kako niti jedan od njih neće odstupiti od svojih stavova. Nedavno predloženu ekspertska komisiju od strane predsjednika Republike Makedonije, opozicija je ekspresno odbila i politička kriza ide svojim tokom. Prije mjesec dana Makedoniju su posjetili visoki dužnosnici Europske Unije, eurokomesar za proširenje Štefan Fule i direktor generalnog direktorata za proširenje Europske unije Stefano Sannino, koji je jučer u nenajavljenoj posjeti opet stigao u Skoplje i koji se susreo s predsjednikom Sobranja Trajka Veljanovskog, ministrom vanjskih poslova Nikolom Poposkim i Brankom Crvenkovskim, a danas se očekuje oficijelni dolazak izvjestitelja Makedonije u Europskom parlamentu, Richarda Howitta. Ove posjete visokih dužnosnika EU, na individualnim susretima s protagonistima ove "priče" koje imaju za cilj iznalaženje političkog rješenja ovog gorućeg pitanja koje je od vitalnog interesa Republike Makedonije, govore da je problem zaista velik i da može ugroziti europsku budućnost zemlje odnosno specijalnog izvješća Europske komisije koje kao i prethodno, mora biti pozitivno ukoliko se želi napredak u eurointegracijskom procesu. Nadajmo se da će razum i nacionalni interesi preovladati nad osobnim i stranačkim interesima dvaju lidera jer ukoliko do toga ne dođe najveću štetu će opet platiti Makedonci, na način da će protivnici makedonskog ulaska u EU i NATO, prije svega Grčka, a odnedavno i Bugarska, koja "nije zadovoljna susjedskim odnosom Makedonije" , opet pokušati iskoristiti političko nejedinstvo Makedonije kao argument na svojoj strani u borbi protiv ulaska zemlje u EU i NATO. Kakav će biti epilog ovog problema, hoće li ovo biti prvi izbori bez opozicije ili će ići unedogled odlaganjem izbora - što se jučer prvi puta spomenulo, kakva će biti reakcija strane javnosti ukoliko do toga dođe, vidjet ćemo uskoro. http://www.advance.hr/vijesti/velika-politicka-kriza-trese-makedoniju/ | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/2/2013, 16:07 | |
| Македонскиот ракометен репрезентативец, и член на на екипата на Металург, ќе биде дел од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ од Струга за престојните локални избори- Дознава А1.
Мојсоски ни помалку ни повеќе се наоѓа втор на листата после носителот, претседателот на струшките Вмроовци, Перо Петковски.
На советничката листа на редно место три е Јулијана Зуноска која и досега е советничка.
Останатите кандидати како што пишува А1-он се анонимуси за пошироката струшка јавност.
SKY | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/2/2013, 16:31 | |
| Директорот на Инспекторатот за локална самоуправа Ванчо Шехтански ја поништил одлуката на Советот на општина Тетово, со која Рамуш Харадинај беше прогласен за почесен граѓанин на Тетово, јави Канал 5.
Според телевизијата Шехтански донел одлука и ја потпишал, а како што изјавил, поништувачката одлука ќе била објавена во законски предвидениот рок.
Одлуката на Советот на општина Тетово за Харадинај беше изгласана по предлог на градоначалникот на Тетово. Таа одлука беше донесена без Бадентеровиот принцип и во отсуство на македонските советници.
A1ON | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/2/2013, 18:42 | |
| Баш ме интересира и ќе се обидам да го запамтам ова да видам дали ќе се обистини. - Цитат :
- Zoran Burevesnik Bozinovski
EVE VI TOP INFO:
DPMNE i Familijata go PRODAVAAT Kicevo na DUI/UCK. Od 106 izbiracki mesta. na 102 pretsedatel na izbiracki odbor ke bide od DUI/UCK, samo da pobedat po sekoja cena i da go zavladeat i Kicevo. DPMNE vo dogovor so DUI/UCK ke kandidira slab kandidat, kolku da glumi ludilo!
Kicevcani, OSVESTETE se i lupnete im slakanica na DPMNE/DUI/UCK i glasajte za tret kandidat! | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/2/2013, 00:17 | |
| Кој ги гради џамиите во Македонија?Повеќе од 350 џамии се изградени во Македонија во последните десет години. Само во главниот град и неговата околина има дваесетина нови џамии, најчесто изградени без одобрение за градба и без комплетна документација, неопходна за објектот да биде легален. Експанзијата на градење џамии е најочигледна во западна Македонија, како и во северните делови од земјата. Но, последните години се гради и околу Штип и Валандово. Кој ги дава парите за џамијата не е небитен податок. Тој што донира за нејзината изградба подоцна има и влијание врз неа. Но, тие податоци е тешко да се прецизираат. Според грубите процени на градежите фирми што се занимаваат со изградба на џамии, за да се направи еден ваков објект се потребни повеќе од еден милион евра. Само минарето може да чини од 50 до 60 илјади евра. Разликата во цената зависи од материјалите што се користат за изработка на објектот, од бројот на минарињата и госелмината на џамијата. Интересно е тоа што новите џамии во Македонија се градени според арапски терк, за разлика од постарите верски објекти од времето на Отоманската империја. Според разузнавачки извори, најмногу пари за изградба на џамиите доаѓаат од арапските држави, како Саудиска Арабија, Кувајт, Катар и Египет. Официјално, пак, најмногу пари плаќа Владата на Саудиска Арабија. Овие пари првично се наменети за отворање училишта и за промовирање на религијата, како и за аџилак во Мека и Медина. Пред десет години од државата на аџилак заминувале верници со еден автобус, што значи до 50 луѓе од Македонија, а последниве неколку години на пат заминуваат од 25 до 30 автобуси. Според официјални информации на Исламската верска заедница, превозот за овие верници го плаќа Владата на Саудиска Арабија, чие население 97 отсто (или 25 милиони луѓе) е муслиманско. Во последните 10 години влезени се една милијарда евра за ширење на исламот, од кои 600 милиони биле наменети само за изградба на џамии. Другите пари се наменети за аџилак, други простории, за хуманитарна помош за Ромите, за стипендии. Според познавачи на оваа проблематика, најголем увозник на радикалниот ислам во државава е Саудиска Арабија. И во Босна и Херцеговина, од каде што се смета дека доаѓа радикалниот ислам во Македонија, најголем финансиер за изградба на џамии е Владата на Саудиска Арабија. Со нејзина поддршка во Босна се изградени околу 140 џамии, како и мегаџамијата на кралот Фахд во Сараево. На списокот на земји што се главни финансиери на изградбата на џамиите во Македонија се и Катар, Кувајт, Малезија, Либија и Египет. Турската агенција за соработка и развој (ТИКА) ја финансираше реконструкцијата на Мустафапашината џамија. Според информации, сите фирми што ќе се пријават на јавен тендер за обнова или изградба на некој објект, подоцна стануваат донатори на пари што влегуваат во државава на ист начин како и во Босна и Херцеговина, јужна Бугарија, во Чеченија и Азербејџан, во Узбекистан, Киргистан и Казахстан. (Авторот е поранешен помошник директор во Агенцијата за разузнавање во Република Македонија) http://www.mkd.mk/97469/kolumni/koj-gi-gradi-dzamiite-vo-makedonija-zoran-mitevski/ | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|