Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 20 ... 37, 38, 39 ... 69 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty8/2/2013, 17:09

Фазли Велиу од Водно побара меѓународен мониторинг за Прешевска долина

Педесетина граѓани од албанска националност, многу помалку од најавените 1.500, се собраа денеска на протестот кој требаше да се случи пред Амбасадата на Србија во Скопје. Полицијата не дозволи поворката, во која многумина носеа транспаренти со навредливи пораки за политичиот врв на Србија, да стаса до амбасадата, бидејќи таа е во тн. Дипломатски кварт во Скопје.

Демонстрантите се собраа во близина на градинката на Водно, каде организаторот на протестот, Фазли Велиу, го прочита своето обраќање на албански јазик, а одби да одговара на македонски. Тој нагласи дека тие не дошле пред амбасадата на Србија да направат нешто лошо, туку на демократски начин да го искажат својот револт од немилиот чин кој се случи во Прешево.

Со црвена марама околу вратот, во стилот на покојниот косовски претседател Ибрахим Ругова, главна реч на протестот имаше поранешниот пратеник на ДУИ, Фазли Велиу, кој откако ја прочита платформата на албански, девојка која беше дел од групата која протестираше ја прочита на англиски.

- Ние Албанците имавме намера да се собереме и да го искажеме својот револт кон шефот на српската жандармерија и нивниот претседател Николиќ, кои издадоа наредба да се тргне споменикот на УЧПМБ во Прешево. Албанскиот народ кој живее во Прешевската долина живее во страв и во постојана паника. Двете албански влади, таа во Косово и таа во Албанија, многу политички и неполитички субјекти, го игнорираа овој страшен чин кој се случи во Прешево, кој наликува на хорор арена. Вакви ситуации се случуваа и претходно во поранешна Југославија. Во име на граѓаните, ние бараме да се подобри климата во Прешевскиот регион и бараме меѓународен мониторинг координиран со трите влади - на Косово, Албанија и Србија, вакво нешто повеќе да не се случи. Ние инсистираме да се врати споменикот на УЧК во Прешево. До тогаш ние ќе ги продолжиме нашите протести потпомогнати од нашите браќа и сестри кои живеат насекаде – рече Велиу.

Тој нагласи дека тие не дошле пред амбасадта на Србија да направат нешто лошо, туку на демократски начин да го искажат својот револт од немилиот чин кој се случи во Прешево.
Меѓу присутните беа и видни функциониер на ДУИ, како и екс-министерот за екологија, Неџати Јакупи и поранешниот пратеник Хисни Шаќири.
http://plusinfo.mk/vest/79623/VIDEO-Fazli-Veliu-od-Vodno-pobara-megjunaroden-monitoring-za-Preshevska-dolina


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty8/2/2013, 17:21


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty10/2/2013, 00:51

Alvar напиша:
(ВИДЕО) Жителите на Мислешево: Ова е Македонија и никој нема да го спречи поставувањето на македонското знаме
http://a1on.mk/wordpress/archives/97708

Навистина, има ли пилот во авионот или пак отишол на роуд шоу?
Gospodinot sto davase izjava za mediumite e del od poranesnata udba, koisto seuste se aktivni (samo po potreba) no pod komanda od drug subjekt.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty10/2/2013, 11:16

Артан Груби ќе трча за Скопје, Ахмети лично ја донел одлуката

Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе биде кандидат за градоначалник со кој ДУИ ќе се обиде да ја добие довербата на скопјани на претстојните локални избори што ќе се одржат на 24 март годинава, пишува „Дневник“.

Според извори на весникот, изборот Груби да влезе во трката за градоначалник на главниот град ја донел лично Ахмети, иако во конкуренција биле неговите сопартијци како министерот за економија Ваљон Сарачини, заменик-министерот за образование Сафет Незири, партискиот портпарол Бујар Османи и пратеничката Ермира Мехмети.

Груби е прв човек на невладината „Разбуди се“, но на јавноста и е познат како директен учесник во тепачката на Калето, за што тој беше осуден на условна казна на шест месеци.

Артан Груби е член на ДУИ од 2011 година, а негов противкандидат за Скопје е Беќим Фазлиу.

http://a1on.mk/wordpress/archives/98585#.URdt1uGPnRo.facebook

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty10/2/2013, 15:56

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty11/2/2013, 13:13

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty12/2/2013, 17:23

АХМЕТИ ЌЕ ДОБИЕ УШТЕ ТРИ МИНИСТЕРСТВА

МакБорба дознава дека ДУИ и Али Ахмети во реконструкцијата на владата ќе добијаат уште три министерства.

Како се дознава оваа реконструкција на влада ќе биде направена до крајот на фебруари.

Нов Евроинтегративец ќе биде Фатмир Бесими,а ДУИ ги побарале министерства за Транспорт и Врски како и министерството за Култура.Освен овие министерства ДУИ го бара директорското место во Македонски Шуми и уште неколку места во јавни претпријатија.За останатите места ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ќе разговараат дополнително.

http://makborba.mk/index.php/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/item/1221

Ако ова не е шпекулација, и ако навистина се оствари, нека си земе едно ортомче Гујо, и знае што му је чинити.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty12/2/2013, 21:35

За да остане на власт и мајка му ќе ја даде на Али. Бидејќи ако не е на власт....
Шабаниве тоа добро го знаат па си бараат преку леб погача.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty12/2/2013, 21:56

Alvar напиша:
За да остане на власт и мајка му ќе ја даде на Али. Бидејќи ако не е на власт....
Шабаниве тоа добро го знаат па си бараат преку леб погача.

Иститре шабани го дефинираа како заебан играч.
Успут сите наши легитимни водачи се Ш....и така една ласта не чини пролече....
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty13/2/2013, 00:58

Милошевиќ, Мицотакис и Самарас имале план за напад врз Македонија и за заедничка српско-грчка граница

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 K7vNi3D

Ако внимателно се следи грчката политика на Балканот само во последните 20 години, да не одиме подалеку, нема промена само во една нивна стратегиска определба – Македонија да ја нема!

Амбициите на Грција и за време на првите години од независноста на Македонија, а и подоцна за време на конфликтот во земјава во 2001 година биле заземање на нови македонски територии на линијата Охрид-Битола – Прилеп – Струмица.

Овие планови за воена агресија на Македонија од страна на грчката армија (за што била донесена и владина одлука) биле разгледувани на повеќе средби на српски и грчки политичари (Слободан Милошевиќ, Константин Мицотакис и Андонис Самарас), а се разбира во некои фази на овие разговори учествувале и романски и бугарски политичари.

Целиот мозаик за овој план лесно може да се склопи од извештаите нa неколку странски разузнавачки служби, новинарски истражувања, а и во дел од интервјуата и мемоарските записи на Мицотакис, Милошевиќ, Самарас, Жељу Желев и Сали Бериша.

За реализација на овие стратегиски воени планови грчката армија не случајно двапати организирала и воени вежби во 1992 година именувани како Александрос и подоцна до 1999 година именувани како Филипос. За време на првата воена вежба, македонскиот воздушен простор неколку пати беше повреден од грчки воени авиони во длабочина од 37 километри по Демиркаписката клисура, точно колку што изнесувала нивната замислена нова гранична линија.

Такис Михас, грчки новинар и автор на книгата „Нечестива алијанса“ ја разоткрива улогата на Грција во војните во Југославија и нивната отворена поддршка на политиките на Слободан Милошевиќ. Целта и на Милошевиќ и на Мицотакис, тогашниот грчки премиер била преуредување на Балканот и исцртување на некои нови граници.

Како и секогаш во историјата на Балканот, Македонија имала централно место во овие планови за преуредувања. До ден денес останува отворено прашањето за улогата на ЕУ и на НАТО во овие планови за исцртување на некои нови меѓудржавни граници.

Но, улогата на Грција и на Србија во овие планови била јасна – Србија и Грција да станат соседи.

„Постои сè поголем куп на докази што наведуваат на заклучок дека влијателни политички сили во Грција во раните 1990-ти гледаа во своите македонски соседи многу повеќе отколку промена на име. Вистинската цел на некои инстанци било дестабилизација и исчезнување на младата држава“, пишува Михас.

Според него, „грчките политичари инсистирале на промена на името, иако биле свесни оти тоа значи откажување од најважниот симбол на колективниот идентитет на мнозинското население и како такво, барањето не можело да биде исполнето од македонските политичари“.

Ако тогаш зад овие планови се криеле и плановите за територијално освојување заедно со братската Србија, денес стратегискиот план на Мицотакис да ја нема оваа млада држава очигледно останува важечки и за сите грчки влади после него.

Сè е исто како и пред 20 години

Во текот на 1992 година во Атина на иницијатива на Мицотакис биле одржани три средби на кои се договарала поделбата на Македонија. На првата средба претседателот на Романија го одбил предлогот на Мицотакис, а претставниците на Бугарија и на СРЈ биле воздржани. На втората средба, овојпат без Романија, бугарскиот претседател изразил воздржаност, а Милошевиќ изјавил дека треба да се почека малку заради неговите ангажмани во Хрватска и во БиХ. Имало и трета средба, само меѓу Мицотакис и Милошевиќ на која не дошло до договор што Гркот го посакувал.

Тогаш Македонија доби информации за неуспехот на овие преговори, но и за планот на грчката влада, и покрај се, сама да си ја заврши работата. Тогаш (октомври) почна и воената вежба Александрос 92, а македонската армија беше 10 дена под зголемена борбена готовност. Зошто тогаш Грција се откажала не се знае. Една од претпоставките е дека тогашната изјава на претседателката на Комунистичката партија на Грција Папарига на митингот во Солун ја стопираше целата работа. Алека Папарига тогаш изјавила дека ќе обелодени некаква важна одлука на грчката влада, ако таа одлука не биде повлечена.

По откажувањето за планот за воена агресија на грчката армија стигнува грчкото ембарго. Тоа беше обид за грчкото докажување на тезата за неспособноста на македонската држава економски да опстане. И тогаш Брисел реагираше со молк.

Планот за воена агресија на Македонија ја потврди и грчкиот воен разузнавач Грилакис, човекот што шеташе од кабинет во кабинет на македонските политичари и носеше разноразни подароци за секој што ќе изразеше подготвеност за промена на името.

Случајно или не, алијансата со Бугарија, и повремено со Романија пак се повторува (средби во Софија па во Атина), овојпат на тема блокирање на македонските интеграции во ЕУ. Овојпат, тоа оди малку пософистицирано, за разлика од плановите за воена агресија. А и однесувањето на ЕУ не е ништо поинакво.

И 20 години потоа официјалната грчка политика е водена од истите стратегиски определби дефинирани од Мицотакис и Самарас. Вториов е актуелен премиер на Грција.

Самарас: Независна македонска држава е неодржлива

На 26 февруари 1992 година Константин Караманлис испраќа писмо до министерот за надворешни работи на Грција, од кого бара да се нагласува грчкиот аргумент дека непостојната македонска држава е „неодржлива“. И Самарас, тогаш во својство на министер на надворешни работи на 27 август 1991 година во писмо до своите колеги во ЕУ напишал дека „внимателен набљудувач може лесно да увиди дека независна македонска држава е тешко одржлива. Економски, без излез на море, нема материјална основа за опстанок, етнички, со повеќе од една третина албанско етничко население и уште повеќе, етничкото потекло на нејзините словенски жители е причина за недоразбирања. Тие моментално се именуваат како „Македонци“, но Бугарите и во помал обем Србите, декларираат дека тие се нивни“. Потоа доаѓа Лисабонската декларација од 1992 година, која е уште е една од главните пречки за евроинтеграцијата на Македонија. Не случајно проблемот со името е дефиниран како безбедносно прашање и е префрлен во ООН, а заклучоците на Бадентеровата комисија за Македонија брзо се заборавија.
http://www.mkd.mk/97369/makedonija/milosevic-micotakis-samaras-plan-za-napad-na-makedonija-i-zaednicka-srpsko-grcka-granica/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 38 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 38 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 20 ... 37, 38, 39 ... 69 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: