Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 11 ... 19, 20, 21 ... 60 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty28/11/2012, 15:18

Малолетници од Студеничани со боксирачи претепаа средношколци од хемиското училиште во Скопје

Двајца шеснаесетгодишни средношколци од хемиското училиште во Скопје се повредени и хоспитализирани откако биле нападнати од шест малолетници од скопско Студеничани.
Инцидентот се случил вчера околу 14.40 часот во дворот на училиштето кога малолетниците од Студеничани, инаку од албанска националност, ги нападнале двајцата ученици тепајќи ги со клоци и со тупаници, користејќи и таканаречени боксирачи, и им нанеле видливи повреди.
Според полицијата, нападот бил извршен без повод и причина.
Инцидентот предизвикал чувство на страв и несигурност и кај другите ученици во училиштето.
По интервенција на полицијата набргу биле пронајдени и насилниците, сите малолетници на возраст од 15 и 17 години од селото Студеничани.
Полицијата работи на расветлување и документирање на случајот.
http://www.mkd.mk/78962/crna-hronika/maloletnici-so-boksiraci-pretepaa-srednoskolci-od-skopje/

Професор и обезбедувач меѓу напаѓачите во училиштето „Марија Кири – Склодовска“

Професор по хемија во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ и триесет и двегодишен обезбедувач од скопското село Студеничани биле меѓу напаѓачите во инцидентот што се случи во ова средно училиште.
Неофицијално, причина за тепачката била носењето на албански знамиња во училиштето. Од МВР официјално не ја откриваат причината и велат дека инцидентот настанал без посебен повод и причина.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска повтори дека МВР не е надлежно за спроведување на Законот за знамињата.
„Можам да ви кажам кои се надлежностите на Министерството за внатрешни работи. По однос на надлежностите на другите институции не би можела и не би сакала да зборувам“ изјави Јанкулоска.
Таа изјави дека инцидентот што се случи во хемиското училиште е целосно расчистен и документиран.
„Во текот на денешниот ден ќе бидат поднесени пријави за шест лица, против четворица малолетници, а и против еден професор“ изјави Јанкулоска.
Инцидентот се случи околу 14.40 часот во дворот на хемиското училиште. Шест лица, меѓу кои четворица малолетници, 32-годишен обезбедувач и 25 годишниот професор, нападнале двајца шеснаесетгодишни ученици со тупаници и клоци.
Учениците побарале лекарска помош при што им биле констатирани повреди во пределот на главата и телото. Сега се наоѓаат на домашно лекување.
http://kajgana.com/profesor-i-obezbeduvach-megju-napagjachite-vo-hemiskoto-uchilishte-marija-kiri-%E2%80%93-sklodovska%E2%80%9C

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty28/11/2012, 15:31

Ангелов: Екстремните Албанци да престанат да си играат со оган, за да не се изгорат

Достоинство ја осуди изјавата на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во која тврди дека „обединувањето на албанските земји е божја воља и дека обединувањето на силите на албанскиот наорд на сите нивоа ќе стане реалност“.

„Ако оваа изјава ја погледнеме како дел од едно однапред смислено сценарио, тогаш уште повеќе ќе ја сфатиме нејзината тежина. Македонците со право треба да бидат загрижени бидејки оваа изјава е на поглавар на ИВЗ, а не на некој случаен човек. Неговата изјава е опасна, деструктивна, и е отоворен повик за територијални аспирации кон македонската држава“, рече Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.

Според него, истовремено изјавата на поглаварот на ИВЗ е кривично дело „загрозување на територијалната целина“ .

„Го повикуваме Груевски и Јанкуловска, како и јавниот обвинител да не се кријат и да преземат нешто. Но во секој случај тука сме ние македонските бранители иако сме незадоволни, револтирани и бесни на државното раководство. Ние ја сакаме нашата држава и народ и сме подготвени секогаш да ги браниме“. Воедно им порачуваме на екстремните Албанци да престанат да си иргаат со оган да не се изгорат..“, рече Ангелов.

Поглаварот на ИВЗ кажа дека Албанија ќе има единствена граница и дека ИВЗ со сите свои капацитети е подгтовена да придонесе за националната кауза и да одговори на секој вид повик во насока на обединување на сите Албанци, бидејќи било неприфатливо Албанците да живеат во пет држави. Англеов се повика и на изјавата на поглаварот Сулејман Реџепи од декември, 2010. година кога тој ја „благослови кантонизацијата на Македонија на три кантони-македонски, албански и мешан“.

http://a1on.mk/wordpress/archives/66348

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty29/11/2012, 00:57

Бериша: Независност на сите албански територии, од Превеза до Прешево, од Скопје до Подгорица!

Албанскиот премиер Сали Бериша на централната прослава во Валона зборувал за „независноста на Албанија на сите албански територии, од Превеза до Прешево, од Скопје до Подгорица“.
- Во Валона, за нејзините граѓани, за Исмаил Кемал Влора и другите борци на нацијата, кои во овој вечен град на 28 ноември 1912 година ја прогласија независноста на Албанија, на сите албански територии од Превеза до Прешево, од Скопје до Подгорица. Вечна почит кон таткото на независноста на Албанија, Исмаил Кемал Влора, луѓето што го потпишаа чинот на прогласување независност, граѓаните на Валона во Албанија и сите! Среќна 100-годишнина – рекол Бериша во својот говор.
Во Тирана, пак, од Македонија на прославата на 100-годишнината од албанската независност присуствуваа вицепремиерката Теута Арифи, лидерот на ДУИ Али Ахмети и министерот за одбрана Фатмир Бесими, а на дел од централната воена парада заедно со војниците на земјите-членки на НАТО, маршираа и тројца офицери на АРМ.
http://www.libertas.mk/

Поискрено здравје.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty29/11/2012, 14:24

Не ми е јасно како не му е срам на ова говно Бериша, сегашен премиер на држава која гради „добрососедски„ односи вакви изјави да дава.

Овие изгледа решиле пред да го снема светов на 21-ви да си го остварат ветеното на Призренската Лига 1878.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty29/11/2012, 15:39

Абе друже Алек, па тој тука на прославата збореше за обединување (демек во ЕУ) на Албанците... а не па во Тирана.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty29/11/2012, 17:13

Тотално се избрукаа нарачателите на знамиња. За независноста на Косово, албанските знамиња се печатеа во скопската печатница Унипрес

Скандал: Погрешно испечатени црните орли на албанските знамиња во Приштина



Илјадици луѓе вчера шетале низ Приштина, по повод Денот на албанското знаме, односно Денот на независноста на Албанија, а низ градот се виореле двоглави црни орли, ама погрешни, објавуваат денеска српските медиуми.

Според нив, граѓаните во Приштина забележале дека на знамињата е отпечатен погрешен орел, главата на птицата е подолга од оние на албанското знаме. Недостасувал и јазик кој „кинескиот дизајнер“ се обидел да го надомести со продолжување на долниот дел од клунот на орелот.

Погледнете.

http://www.bezpardon.mk/skandal-pogreshno-ispechateni-tsrnite-orli-na-albanskite-znamin-a-vo-prishtina/
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty30/11/2012, 13:16

Претепани момчиња во автобус на ЈСП

Две 18 годишни момчиња се нападнати во автобусот на ЈСП број 65 во Скопје. Инцидентот се случил вчера попладнето околу 13 часот на булеварот Крсте Мисирков.

Според полицијата, поголема група малолетници влегле во автобусот и без причина почнале со клоци и тупаници да ги маваат двете момчиња од скопското село Булачани.
Тие веднаш биле пренесени во болница, каде им биле констатирани полесни повреди.
Исто така причината е и материјална штета – искршено е едно стакло и седиште во автобусот, информираат од полцијата.

Полицијата работи на расчистување на случајот.
http://www.libertas.mk

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty30/11/2012, 13:19

28 годишен скопјанец претепан на паркингот пред Скендербег

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 3Z6ox

МВР ги потврди информациите кои вчера доцна вечерта ги објави Press24. 28 годишниот Ж.Г. од Скопје бил претеапн од 7 до 8 лица на паркингот пред споменикот на Скендербег во Старата скопска чаршија.
Момчето вчера испрати фотографии до нашата редакција и го опиша што му се случило.
Без никаква причина, без било каква провокација, група Албанци не нападнаа мене и моите двајца другари додека се враќавме од вечерната пијачка во Старата скопска чаршија. Пред да влеземе во автомобилот, кој ни беше паркиран кај стоковната Илинден, веднаш до плоштадот Секндербег, група од 7 до 8 лица кои зборуваа Албански, се стрча кон нас. Успеавме да влземе во автомобилот, но тогаш еден од нив, зема столче кое не знам како се најде таму и со него удри во предното ветробранско стакло на автомобило. Се скрши стаклото, и ништо не се гледаше. За да побегнеме морав да го отворам прозорот за да гледаме каде возиме. Само што го отворив, добив огромен камен во лицето. Успеавме некако да избегаме и отидов во болница. Добив 5 конци на устата“ - вакво сведоштво вечерва пристигна до редакцијата на Press24.
Од МВР велат дека работат на пронаоѓање на строителите и целосно расветлување на случајот.
http://press24.mk/story/policija/mvr-potvrdi-28-godishen-skopjanec-pretepan-na-parkingot-pred-skenderbeg

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty30/11/2012, 13:22

Крвава тепачка во Гостивар - два пати го нападнале во една вечер

Се работи за 27-годишниот Д.С.и неговиот 22-годишен брат Ј.С. кои го нападнале својот сограѓанин,25-годишниот Б.И. додека стоел пред дискотека заедно со неговите другари.
Пријавените дошле пред дискотеката,започнале вербална расправија со Б.И. која набрзо прераснала и во физичка пресметка. Гостиварчанецот завршил со исекотини по лицето.
По инцидентот, Б.И. заедно со другарите се упатил кон Ургентниот центар Гостивар каде пријавените повторно го пречекале и го нападнале со дрвени палки и метални боксирачи.
http://press24.mk/story/makedonija/krimi/krvava-tepachka-vo-gostivar-dva-pati-go-napadnale-vo-edna-vecher

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty30/11/2012, 17:59

Бродот „Македонија“ испишан со албански пароли

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Rlaqkl

Бродот „Македонија“, закотвен во градското пристаниште во Охрид осамна испишан со парола на албански јазик.

На неговиот труп, веднаш до името на бродот, со големи букви, за сега непознат сторител, напишал „Shqipri Ethnike“, јави порталот lihnid.com.

Овој непримерен гест први го забележале бродарите од околните бродови кои се закотвени во охридското пристаниште, но засега никој не се погрижил да го покрие или да го избрише.

Бродот „Македонија” е изграден во првата половина од минатиот век во бродоградилиштето Смедерево, во Србија. Негов прв сопственик бил познатиот охридски трговец, ерудит, полиглот Боро Фортомар. За време на Втората светска војна бил потопен во блзина на Горица, а по ослободувањето бил изваден и реновиран.

Него го користеле неколку јавни претпријатија, а последни сопственици на бродот се двајца охридски бизнисмени.
http://ohridpress.com.mk/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 20 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 20 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 11 ... 19, 20, 21 ... 60 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: