Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 12 ... 20, 21, 22 ... 60 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty30/11/2012, 18:19

Македонија не крева јарболи

,,Кога државата е во безизлезна ситуација, треба да знаете да ја смените насоката“, изјави Кристина Фернандес Кирчнер, претседател на Аргентина. Жената има право. Таа е еден од новите светски национални водачи што го применуваат човечкото искуство - дека големите кризи го активираат креативниот потенцијал за да се изведе спасоносен квантен скок. За тоа треба интелигенција, имагинација, способност за носење одлуки и одважност.

Ние во Македонија со генерации чекаме да го допреме дното како вистинска шанса кога ќе стигнеме таму, стапнувајќи еднаш на тврдо, да земеме залет и одбивајќи се, да тргнеме силовито кон горе, кон воздухот и светлината. Велам чекаме уште. Како нација сѐ уште не сме родиле одважни водачи од форматот на госпоѓата Кристина, која ја смени насоката на политиката и ја извлече Аргентина од „грчка“ должничка криза. А земјата веќе две децении ни е во безизлезна ситуација - заглавена во незавршените балкански војни и кобајаги мировните договори. Дури и поразената Отоманска Империја успеа да се крене на нозе откако Кемал Ататурк драматично ѝ ја смени насоката на земјата, а, ете, Македонија тоа не го успева. Се труди сиромашката да ги исполнува сите однадвор зададени домашни задачи. Трпеливо живее според зададени директиви. Прави сѐ да им се бендиса на сите оние што ги истакнале јавно своите национални, економски и политички интереси. Трпи молкум удари од сите страни, живее во перманентна економска блокада, оди на прсти, нечујно, за да не вознемири никој жив. Говори тивко за да не ѝ забележи некој нешто, та да ѝ подвикне строго или да ја рангира пониско. Чека позитивни извештаи, се радува на добри оценки од некаквиси агенции на кои (за пари) тоа им е работа. Се радува ако некојси професионален делител на пригодни комплименти ќе ја пофали. Води политика во најава. И чека.
Е, ама никогаш не научи дека дури и Господ ги слуша молбите на оние што ќе си купат, ќе го пополнат и уплатат тикетот за лото. Тоа со нашиот простоземски политички речник значи „проактивност“.

Албанците од Балканот доста бучно го прославија својот национален празник - 100 години од формирањето на Албанија. На денот на славјето, скопјани превентивно се повлекоа од Скопје, се затворија во своите домови, препуштајќи ѝ ги улиците на славеничката сеалбанска глутница. И овојпат на увид на европската јавност ја ставија својата инстинктивна национална агенда. Како пци креваат нога пред дрво и со мочка го означуваат просторот што го сметаат за своја територија на владение. Овој пат во Македонија кренаа на јарболи албански државни знамиња. По рамковен! По Уставен суд. По државна политика. За разлика од „државата“ Косово, која такво нешто не дозволи, иако таму Албанците се речиси сто отсто етнички „чисти“, како и Грците во Грција. Што ти е демонстрација на правна држава! Таму, во еден протекторат и мафијашко дувло под заштита на Медлин Олбрајт и Весли Кларк, на граничен премин неколкумина обични цајкани спречија поставување знаме на друга држава. Овде, ни цајкан ни војник ни политичар не успеваат да спречат провоцирање цела нација и исмевање цела држава.

Е, ама затоа нашиот премиер Никола Груевски, како примерен евроатлантски ученик, имајќи ја на ум директивата на комесарот Штефан Фуле за добрососедските односи како услов за некакваси глупа дата, која ама баш ништо не значи, не се колебаше ни за миг да отиде во Тирана и одважно, во наше национално име, да присуствува на церемонијата на палење на македонското државно знаме и патем да прими некое јајце и шише како возвратен дар, а во име на добрососедството со Албанија. Пошто Тирана нема добиено од никого ни во Брисел, ни во Вашингтон, слично упатство за добрососедство, пошто ни во Тирана ни во Скопје деновиве со свои строги изјави не се огласија американските и европските амбасадори, а за да го крене самочувството на Македонците, дури мораше храбро ем одважно да настапи шефот на државата ни, лично Ѓорге Иванов. Тој одби да отиде на премиерната изведба на прославата во Албанија и да ја сподели радоста со Сали Бериша. Баш фино ем „учинковито“. И во духот на мудрата македонска државна политика, која реагира отпосле. Па да! Кога веќе по устав и како врховен командант не може да испуди ни двајца „офицери“ учки во АРМ што ги испоганија македонскиот суверенитет и државност летоска во Слупчане, може барем да демонстрира протоколарна гордост во името на непризнаениот и понижен народ, кој константно се разочарува од капацитетите на сопствената држава. Така е тоа кога си имаме влада и премиер што се мотаат низ Вашингтон за да ја демонстрираат сопствената лојалност кон американската хегемонистичка политика додека овде се местат кулисите за трето балканско полувреме. Неуморниот ни премиер активно преговара за обука на македонските јавни лекари во американските приватни болници пошто сите други работи ги заврши успешно.

Бугарите се огласија со најава. Ни ветија дека, по Грците и Албанците, и тие ќе почнат да подмочуваат по нашите дрвја. И тие имаат свој план за развој на добрососедството. За почеток од три точки. Која од која „похубавички“. Сега е на потег префинетиот Никола Поповски, кој одговара на испорачани меморандуми.
Фашистите и официјално и јавно ја запоседнаа Грција. Ни испратија исто како и Албанците визионерски јасна порака на добрососедство. И таа е во духот на најдобрите европски традиции. По охрабрувачкиот гест на амбасадорот Орав, кој во Брисел прелиминарно нѐ прекрсти во „славомакедонци“, не чекавме долго да ја слушнеме грчката алтернатива. Нѐ крстија „циганоскопјани“. За севкупна употреба де. Добро, Европа одамна не е чувствителна на манифестација на фашизмот, тоа добро го знаеме. Таа дури во името на иднината, елегантно го избриша од сеќавање 9 мај од проста причина што фашизмот го практикува како мејнстрим-политика. Затоа не реагира на вакви свинштини. Е, ама да исцртаа двајца македонски панкери некој кукаст крст на некоја селска тараба, ќе вреснеа до небо, ќе глумеа длабока загриженост, ќе сложеа загрижени фаци и ќе се истовареа на „Александар Велики“, во истиот момент за да ја споделат таа своја грижа за нашето ментално здравје и евроатлантска просперитетна иднина.

До кога бе господо државници ќе нѐ изложувате и нас како народ и државата Македонија на резил и мајтап? Човече! Дојде време Тома Николиќ и Ивица Дачиќ (малиот на Милошевиќ) да ни држат лекции за државотворност, авторитет и креативност! Фашистичка Златна зора да ги исмева Обединетите нации, реинкарнираните банди на Џемо да маршираат, Теута Арифи да ја претставува Македонија, а фашизираната поразена Бугарија да ни испраќа ултиматуми!

Потпретседателот на Руската Федерација (одговорен за воената индустрија), Димитриј Рогозин, од Белград ни испрати порака за страните на светот, за алтернативи и излезни решенија, за решеноста на Русија да го брани меѓународното право по секоја цена зашто го платила со 27 милиони руски животи во Втората светска војна, а нашиве уште не чуле за компас ни за Совет за безбедност. Им заглавила иглава па тоа ти е! Бркаат инвестиции во Лос Анџелес. Се насочиле кон автомобилската индустрија како своевремено кон АМБО.

А што да кажам уште! Веројатно ќе мора да ја попричекаме следната генерација за да мрднеме од дното. Нормално, ако го дочекаме на нозе третото полувреме. Нашиот стогодишен јубилеј уште не е ни на повидок. Како што гледате, ниту подмочуваме дрвја ниту креваме јарболи. Не сме се ни огласиле надвор од плоштадот „Македонија“. Едноставно, по традиција продолжуваме да си живееме „богат“ внатрешен живот исполнет со самолишување.

Автор: Mирка Велиновска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=113012858114&id=13&prilog=0&setIzdanie=22743

aplauz

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty1/12/2012, 11:04

Карпентер: Сонот за голема Албанија се уште е жив во југоисточна Европа

Во интервју за Македонската информативна агенција, Карпентер коментира за неговите ставови за Балканот, но и за контроверзната изјава на албанскиот премиер Сали Бериша.

- Целта за голема Албанија се уште е жива во југоисточна Европа, што е вознемирувачки за сите албански соседи, како и Македонија, и значи дека повремено ќе се соочуваме со тензии. Мислам дека оваа изјава, во која Бериша навел повеќе градови од соседните земји како албанска територија, секако е наменета за домашна употреба. Сигурен сум дека албанската Влада не презема мерки за спроведување на овие цели, но ваквиот начин на отворање на ова прашање е многу штетен, смета Карпентер.

Тој го критикува актуелниот пристап на САД и на европските држави, дека менување на границите е апсолутно неприфатливо, во било кој случај на Балканот.

Карпентер, кој доаѓа од институт кој се залага за отворени граници и соработка меѓу државите, вели дека овој концепт што се применува на Балканот е добар, но поради кризата во Европската унија, реално не може да се очекува дека бришење на балканските граници преку ЕУ интеграциите е остварливо решение.

- Концептот на отворени граници е многу добар како идеал, но ќе биде многу тешко да се оствари. Тоа е централната поента на ЕУ, но самата ЕУ е соочена со големи потешкотии, и затоа привлечноста на овој „морков“ што Унијата го нуди на балканските етнички групи за да ги потисне нивните сепаратистички движења веќе не е толку ефикасен како што беше до скоро. Сведоци сме дека и во самата ЕУ има појави на сепаратизам, како во Каталонија на пример, смета Карпентер.

- Ова се не само добри, туку и неопходни промени кои ги баравме од југоисточна Европа. Особено со светската рецесија, која силно ја погоди југоисточна Европа, последиците ќе беа многу поголеми да не беа спроведени овие реформи. Што се однесува до нашиот ангажман, посакувам Буш и Обама да не бараа од земјите во југоисточна Европа да ја следат нашата надворешна политика, кој мисиите надвор од Европа. Ова значеше балканските земји добија многу нови обврски, не добија некоја значителна предност од тоа, а и самите станаа цел за непријателите на САД, вели Карпентер.

http://press24.mk/story/makedonija/karpenter-sonot-za-golema-albanija-se-ushte-e-zhiv-vo-jugoistochna-evropa
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty1/12/2012, 11:06

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty1/12/2012, 11:07

Шиптарските "Орли" ко пилци и македонскиот кубур. Решение се има, зошто се молчи?

Празникот на Албанското знаме мирисаше на 2001та. Повторно македонците изгубија на свој терен. Делумно од шиптарските "орли" ко пилци кои урлајки си обележуваа "нивна териоторија" но вината е до нас Македонците. "Силата" на тие кои урлаа ни е многу добро позната од Арачиново кога "орлите" ко пилци на копилјачки начин беја спасувани од сигурното кубење на македонски начин. Затоа и се крастат во НАТО и ЕУ?

Нејсе, значи Не изгубивме од посилните туку од нашата неслога. Во ниту еден случај не ја оправдуваме Владата на ВМРО-ДПМНЕ која го свитка "лавовското опавче" наместо да ја покаже силата на законот. Но сепак не треба и целосно да ја обвинуваме поради нејзиното глумење отсуство (или претпазливост) затоа што во реалност, ја немаше подршката од целиот Mакедонски Народ т.е опозицијата. Дека е така покажуваат реакциите на опозицијата кои во обвинувањето ја споменуваат само владата но не и дивеењето на шиптарските"орли" ко пилци.

Истотото важи и сите македонски медиуми, аналитичари, новинари кои со оправдување го искажаа својот револт... но не посочија решение. Сите им беја виновни само не албанците. За чудо, и сите тие беја со еден заеднички молк за решението. Како да го нема? А решение има ! Зошто велиме така. Албанците, Србите,Грците и Бугарите без разлика на политичката опција на власт, кога станува збор за нивниот национален-државен интерес владите и опозицијата имааат заеднички став (кон Македонија).

Додека ние се делиме по основното прашање од кое ни зависи опстанокот на државата и нацијата, ќе бидиме сведоци на почести провокации и во најмала рака, брза федерализација на Македонија. Доколку македонскиот политички блок заедно цврсто не застане зад македонскиот интерес без разлика која партија е на власт, секоја испровоцирана контра реакција на македонските власти ке се толкува како агресија, во случајов врз албанските права. А токму тоа и е целта на "орлите" ко пилци.

Прашањето е дали може да формира СЕМАКЕДОНСКА опција која ќе го штити македонскиот интерес и држава пред Се! Праксата покажала дека може да се соработува ако се сака. Имено Македонските и Албанските нарко мафии со помош на корумпираните високи полициски службеници одлично соработуваат. Бизнисмените блиски до опозицијата добро заработуваат од владините проекти како што е Скопје 2014та. Политичкото шаренило на колации во интерес на партискиот опстанок или борба за власт ни се многу добро познати. Значи кога станува збор за личен или партиски интерес се е можно.

Зошто тогаш сите тие јунаци кои работат за доброто на народот, се плашат кога ќе треба да се здружат за зачувувањето на Македонија ! Се чини како друго друго чаре и да немаме. Тука нема ништо спорно ниту пак има злосторство. Нема кој да се плаши од прогон во ѓаволскиот Хаг ниту пак од ѓаволската бомбашка демократија на НАТО со која не присилуваат на ДИЛ (договор) со ѓаволот !!! Ќе замолчат и , корумпираните преставници од ЕУ кои катадневно ни сервираат демократија (ѓаволска глобализација) додека истите тие лешинари со ѓаволски интриги ги ограбуваат своите граѓани во интерес на големите светски банкарски картели и коорпорации.

Едноставно, тоа ке биде МАКЕДОНСКА НАРОДНА КОАЛИЦИЈА (името и не е важно).

Истиот момент кога ќе се формира СЕМАКЕДОНСКАТА КОАЛИЦИЈА, шиптарските бандити ќе престанат да урлаат, провоцираат, да тепаат македонци и спортисти, да палат македонски знамиња и цркви да убиваат невини деца и да газат по се што е македонско.. и тоа во Македонија!

Накратко, иднината на Македонија е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ , СДСМ на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД . Тоа е ТОА што требаше да го слушнеме од политичарите, експертите, аналитичарите, медиумите, наместо жалопојките и лекциите за примерно однесување итн..Доколку не застанеме сите заедно зад опстанокот на Македонија, многу бргу ни се ближи крајот. Предавниците ќе бидат во владата но и во опозицијата. Се залажуваат сите ако мислат поинаку.

Што се однесува до ЕУ и НАТО, тие ќе го почитуваат победникот а Не поразениот. Од тука, зошто се чека на обединување против поделбата на Македонија ?

Се надеваме дека сите кои и мислат добро на Р. Македонија, нема причина да се чувтвуваат загрозени и навредени од наведеното во текстов.
Со ГОЛЕМА ПОЧИТ кон чесните ( македонски) Албанци во Р. Македонија кои за среќа, сеуште ги има во голем број.



OhridON

01-12-2012
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty1/12/2012, 19:44

Приведени 20 навивачи на Ѓорче Петров

Дваесет лица се приведени и во тек е разговор со нив по полициска станица во Скопје поради недолично однесување и навреди упатени кон граѓани во близина на Бит-пазар, информираат од полицијата.

Сите дваесетмина се навивачи на фудбалскиот клуб „Ѓорче Петров“ од Скопје кои денеска околу 15 часот со автобус на ЈСП број 2 се враќале од населбата Автокоманда, каде следеле фудбалски натпревар меѓу „Ѓорче Петров“ и фудбалскиот клуб на Автокоманда „Скопје“. Како што информираат од полицијата дваесетте навивачи на булеварот Крсте Мисирков во близина на Бит-пазар почнале да довикуваат непристојни изрази, да се однесуваат недолично и да провоцираат кон граѓаните кои биле надвор.
Граѓани го пријавиле ова однесување во полиција, по што дошле полициски екипи и сите ги привеле во полициска станица.

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty1/12/2012, 23:58

Наши?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty2/12/2012, 11:44

Frogfoot напиша:
Наши?

Да...ова е резултат на обединувањето на навивачките групи под мотото "Послушајте Патриоти"...

http://sportcorner.com.mk/%D1%82%D0%B8%D1%84%D0%BE-%D0%B7%D0%BE%D0%BD%D0%B0/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8

Нека пази секој орел каде лета, веќе нема кај да слета. Лавовите Македонски се обединија !!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty2/12/2012, 12:58

Охрид Скај: Екстремни албански групи од Косово во Скопје

Овие од Скај, ОхридСкај ептен се забегани по теории на заговор. Не за друго, секогаш плукаат по ДПМНЕ ама баш секогаш, разбирам про-опизициски медиум, но до толку.. Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty2/12/2012, 13:14

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty2/12/2012, 17:14

Frogfoot напиша:
Интервју со Поповска: Радикални структури ја посакуваат 2001 со поинаква разрешница

Направив обид да го прочитам интервјуто ама навистина не можам да ја трпам.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 21 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 21 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 12 ... 20, 21, 22 ... 60 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: