|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 2/12/2012, 19:24 | |
| Навивачко Обединување. Послушајте патриоти.. По настаните коишто се случија во нашата држава минатиот месец ние навивачката група Комити прогласуваме еднострано дека на натпреварите кои што ги игра нашиот клуб во било кое натпреварување ќе ги смениме критериумите на навивање. Имено против секој македонски клуб повеќе нема да практикуваме негативно скандирање на било која основа. Најстрого забрануваме нашите членови да напаѓаат физички или вербално други навивачи Македонци без разлика дали на натпревар или надвор. Мотивирани од помислата за обединување, прогласуваме дека ќе ја закопаме непријателската секира. Да направиме примирје кое ќе биде само почетен основ за понатамошна соработка, бидејќи нашата држава е над се, и секое ривалство мора да се згасне доколку сакаме понатамошна соработка. Ги повикуваме сите навивачки групи да не известат доколку имаат било какви идеи во кои ние секако би се приклучиле, да го надминеме егото и ривалството и да почнеме да гледаме за една поголема цел. Нека ова биде само прелиминарна согласност за сите навивачки групи да покажат иницијатива за обединување. Како прва акција предлагаме овој викенд да се извади парола “Послушајте патриоти” на црвена позадина со жолти букви која што ќе стои на оградата на сите трибини, а ќе биде попратена со истоимената песна. Ние ја поддржуваме секоја иницијатива, така што ќе ја поддржиме и идејата на Фемили Аеродром и ќе понесеме Македонски знамиња на нашата трибина во Недела. ПОВИК ДО СИТЕ! Ова нека биде само почеток на нашиот глас ! Од мали идеи до големи чекори! ВО НАПАД ВО НАПАД ЗА МАКЕДОНИЈА и ПРЕДАВНИЦИТЕ ПАТАТ !! http://www.komiti.org ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 2/12/2012, 19:28 | |
| Гоца "Делчев" во меѓувреме тргна да апси Македонски навивачи. Комити: Повик за македонско обединување Полицијата приведе 20 навивачи на фудбалскиот клуб „Македонија“ од Ѓорче Петров кои ќе одговараат за насилство и за учество во тепчка поради инцидентот на Бит Пазар. Вчера, враќајќи се од натпревар во Автокоманда, од градски автобус групата навивачи фрлаше шишиња и чаши кон минувачи на автобуската постројка. Повредиле и полицаец. Инцидентот следи по прогласот на навивачката група Комити за семакедонско обединување на спортските терени. Навивачите македонци ја менуваат праксата, па така сега Комитите ќе навиваат во салата во Автокоманда и обратно. На црвена позадина со жолти букви на оградата на сите трибини да стои паролата „Послушајте патриоти“, а навивачите да ја пеат истоимената песна. Во писмото објавено на интернет страницата, Комитите им забрануваат на своите, тепачки со други навивачи македонци. Мотивирани од, како што стои во повикот насатните што се случиле минатиот месец во земјава и помислата за обединување, навивачите на Вардар тврдат дека ќе ја закопаат непријателската секира. -„ Да направиме примирје кое ќе биде само почетен основ за понатамошна соработка , бидејќи нашата држава е пред се, и секое ривалство мора да згасне доколку сакаме понатамошна соработка. Повик до сите! Во напад во напад за Македонија и предавниците патат!“- стои во повикот на Комитите до сите навивачи на македонски клубови. Алфа стапи во контакт со дел од навивачката група Комити, но тие не сакаа да го објаснат повикот „Напад за Македонија“ и дали ненасилство ќе практикуваат и на натпревар со клубови од друга националност. http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=59278 ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2012, 00:48 | |
| Тачи вети дека во Чаир нема да се пее „Македонско девојче“ и дека албанското знаме ќе биде колку македонското Демократската партија на Албанците денеска на конвенција прва од поголемите партии ги промовираше кандидатите за градоначалници. На конвенцијата претставници на партијата ветија дека нема да дозволат и натаму да се инвестира само во општини каде што живеат Македонци. Мендух Тачи, лидерот на ДПА, вети дека ако дојдат на власт во Чаир, ќе забранат да се пее „Македонско девојче“ и дека албанското знаме нема да биде помало од македонското. Радикалниот говор на Тачи главно беше насочен против партијата од власта ДУИ. http://www.mkd.mk/80094/makedonija/taci-veti-deka-vo-cair-nema-da-se-pee-makedonsko-devojce/Сали Бериша бара етничка територија за сите Албанци Етничката територија на Албанија треба да биде во националната свест на секој Албанец. Секој ја знае нашата цел, а тоа е јакнење и кохезија на албанската нација. Ние денеска дејствуваме како еден силен народ, изјавил Сали Бериша албанскиот премиер и лидер на Демократската партија во обраќањето на Форумот на младите сили на оваа партија. „Националното прашање е во основата на програмата на Демократската партија. Албанофобијата, или стравот од Албанците, денес кружи низ Балканот како сенка. Во минатото нашите соседи не сметаа за граѓани од втор или трет ред. Не сакаа да ги прифатат Албанците како слободен народ“, изјавил Бериша додаваќи дека Албанците денес се посложни и пообединети од било кога во минатото. Според Бериша во блиското минато постоеле сериозни програми и обиди за истребување на албанската нација: „Во минатото соседите сакаа да ја поделат албанската територија и целосно да ја уништат. Меѓутоа, денес е се поинаку. Денес и Косово е слободно. Но и покрај се, им нудиме на соседите можност за дијалог и соработка“. http://www.mkd.mk/79884/makedonija/sali-berisa-bara-etnicka-teritorija-za-site-albanci/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2012, 17:30 | |
| ОБСЕ повикува бранители на рапорт: Предраг Петрушевски Бинго бил радикален!Лидерот на кумановските бранители Предраг Петрушевски Бинго со изјавата дека бранителите се спремни да застанат во првите редови во одбраната на Македонија, дека не заборавиле ништо од 2001 година а најмалку како се пука, ги натера претставниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска како дежурни полицајци да отпатуваат во Куманово. Македонскиот бранител денеска бил повикан на информативен разговор од претставници на ОБСЕ поради реакцијата на кумановското Здружение на бранители од 2001 од минатата недела во која тие ги осудија последните провокации од страна на Албанците во Македонија по повод прославата на албанското знаме и повиците на радикалните структури за остварување на сонот за „Голема Албанија“. Не е прв пат лидерот на бранителите од Куманово да биде повикан на „рапорт“ кај ОБСЕ. „Сакам ОБСЕ да ја знае вистината. Им го кажав јасно и отворено нашиот став дека како бранители им изразуваме поддршка на македонските институции во одбраната на Македонија. Им кажав дека ние не повикуваме на војна, туку дека во една ситуација кога од сите страни стрелаат со радикални изјави и сонуваат за Голема Албанија, ние како бранители сме должни да потсетиме дека секогаш ќе бидеме на браникот на татковината и дека нема да дозволиме да биде загрозена безбедноста и интегритетот на Македонија“, вели Петрушевски. Задолжениот претставник на ОБСЕ за распрашување на бранителот Петрушевски во разговорот оценил дека реакцијата на бранителите била радикална: „Што е радикално, го прашав? Радикално ли е тоа што кажуваме дека ќе ја браниме земјата? Како би реагирале вие кога од една страна Сали Бериша, Хашим Тачи отворено се закануваат со Голема Албанија? Што би направиле вие кога поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи би ви рекол дека Голема Албанија е волја на господ. Бранителите не направија ништо што е радикално. Ние само искажавме спремност да ја браниме државата!“, вели Петрушевски. Во претходните средби истиот претставник од ОБСЕ поставувал уште поневеројатни прашања – сакал да дознае какво е размислувањето на бранителите за евентуална поделба на Македонија по примерот на Чешка и Словачка мирно и со договор. Заговара ли ОБСЕ поделба на Македонија? И ги повика ли на информативен разговор Сулејман Реџепи, Мендух Тачи, Талант Цапа, како што ги повикува македонските бранители? Еве што изјави Сулејман Реџепи, поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), на 27 ноември: „Обединувањето на албанските земји е алахова волја и затоа ние имаме обврска да ги вратиме така какви што биле порано. Обединување на силите на албанскиот народ на сите нивоа ќе стане реалност, а Албанија ќе има единствена граница, таа што ја создал алах. ИВЗ со сите свои капацитети е подготвена да придонесе за националната кауза и да одговори на секој вид повик во насока на обединување на сите Албанци. Јас сум многу загрижен за положбата на Албанците бидејќи не може да се замисли луѓето да живеат во 5 (пет!) држави. Неприфатливо е вие да живеете овде, таткото да живее во матичната земја, а браќата да живеат надвор од границите.“ http://www.mkd.mk/80322/makedonija/obse-povikuva-braniteli-na-raport/ |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2012, 17:33 | |
| Којзнае дали идат и кај шабаниве? ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2012, 19:03 | |
| Тоа незнам, но знам дека овој Бинго е одвратно створење. Имам слушано дека 2001 јадел дисциплински наводно поради пијанчење на положба. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2012, 19:05 | |
| Од 2001 за овој Бинго немам никакви податоци. Излезе во моментот кога Генералот Ангелов излезе со политичка партија. За овој вториов имам доста информации од 2001... ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2012, 19:09 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2012, 19:39 | |
| Веројатно мислеше на Генералот Ангелов. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2012, 21:55 | |
| - Alvar напиша:
- Којзнае дали идат и кај шабаниве?
Кои шабани? Овие рамковните? Не верувам, може ќе им текне да отидат после неколку дена, како што УСА и Брисел го осудија говорот на Бериша и тоа дури вчера |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|