Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 32 ... 60, 61, 62 ... 80 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty25/3/2013, 22:13

Ромското и торбешкото население е поткупливо. За Струга пак торбешите ќе се клучни, се декларираат ко албанци, ако им ветиш нешто може ке гласаат и за тебе.

Инаку, на страницата на ДИК за Кичево пишува дека сите тие партии турски, бошњачки се на страна на ДПМНЕ.

http://217.16.84.17/Results.aspx?RaceID=1&UnitID=39&IsPS=0&Turnout=0&LangID=1
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty25/3/2013, 23:22

ПИСМО ДО СИТЕ ВЛАДИ ОД 2004-ТА ДОСЕГА
Лебедовата песна на стружани

Зошто сте неми посматрачи на интензивната албанизација на торбешките села од страна на криминални групи инфилтрирани од албанските политички партии? Има ли државна стратегија за зачувување на територијалниот интегритет, кој очигледно ни е загрозен?!

Почитувани екселенции,

Примете го ова писмо како природна рефлексна реакција на жителите на Струга по третиот „пад“ на градот во рацете на оние на кои по ниедна основа не им припаѓа. Нашата огорченост е дотолку поголема колку и желбата да го реституираме градот, која интензивно ни ја зголемувавте пред самите избори со цврсти уверувања дека процесот е започнат, а наше ќе биде само да си ја сработиме масовната излезност. Се надевавте ли на индиферентен однос од наша страна, па неуспехот да ни го „натоварите“ нам? Ќе речевте ли во ваш стил „ете направивме сè“, ама стружани не излегоа на гласање? Е па почитувани сте се излажале! Ако од нас побаравте 14.000 гласа, добивте и повеќе! Со денови трагавме и талкавме од дом во дом, извадивме и старо и младо и слепо и хендикепирано! Знаете ли што видовме?! Ја видовме Струга што Вие никогаш не сте ја виделе. Ги видовме безработните, кои иако на работ на егзистенцијата, први ја реализираа граѓанската должност заборавајќи на структурите за кои катадневно ломотат дека им ги оставиле децата без леб! Ги видовме вообразените и арогантни партиски активисти што безрезервно го поддржаа кандидатот од „другата страна“, кој обично го плукаат и го кудат! Ги сретнавме пензионерите и изнемоштените, кои ја облекоа најубавата облека и со светнати погледи тргнаа да ја обезбедат иднината на своите внуци! А што добија?!

Ве прашуваме едно, функционираат ли сè уште вашите структури за анализи и систематизација на податоци врз кои ги лансирате вашите хипотези за конечните резултати? Можно ли е да се направи толкав превид во пресметките на успехот? Или упорно нè „тапкавте“ по рамо дека обединувањето е доволно, само да нè пребројувате и анализирате и да бидеме само едни обични нумерички податоци за тргување, анализи и синтези за некои наредни избори, референдуми...

Доста беше!

Стружани не го трпат веќе овој игнорантски однос! Кажете, можете ли да се носите со ситуацијата?! Дали сме „жртвено јагне“ на рамковниот договор? Не Ви веруваме дека правите сè за да бидеме „свои на своето“! Ако е така, зошто Вевчани, кое е во срцето на Струга, го оставивте да биде посебна општина? Сплотете го со градот, исто како што направивте со Зајас во Кичево! Зошто сте неми посматрачи на интензивната албанизација на торбешките села од страна на криминални групи инфилтрирани од албанските политички партии? Има ли државна стратегија за зачувување на територијалниот интегритет, кој очигледно ни е загрозен?! Или просто и едноставно постојат помоќни структури што ви ги контролираат постапките? Ако е така, тогаш бидете доблесни и кажете, искористете ги своите формални и неформални канали за да ја лиферувате вашата немоќ, а не да ни кажувате дека ситуацијата е под контрола и дека одиме на сигурна победа!

Знајте го уште ова. Навистина не нè интересира повеќе кој прв почна! Ако Бранко ја даде Струга, Никола пропушти две можности да ја врати. Ние верувавме и веруваме, но сè има граница!

Нема повеќе вмровци и сдсмовци во Струга! Нема Македонци, Турци, Роми, Власи! Има стружани, кои се дават во смет, кои почитуваат некаков договор, кој другата страна не го почитува!

Ние остануваме овде да живееме, или помогнете ни или застанете настрана, а ние ќе си ги искористиме сите законски инструменти за да покажеме и докажеме дека ова е градот во кој ќе живеат нашите деца и внуци!

Нашата борба започна!

Нека ни е честита!

(Писмо на незадоволни стружани)
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/lebedovata-pesna-na-struzhani

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty25/3/2013, 23:28

Се крева густата магла над Балканот

Историската национална свест – свеста за историската димензија на сопствениот народ/ нација, се формира по исклучително комплицирани линии на влијанија од различни аспекти на светот, на животот. Почнувајќи од образовниот систем, преку колективната митологија во врска со историските настани, па сè до идеолошките влијанија во читањето на историските факти, генезата на историската свест објективно се покажува како една од најзначајните локации на национализмот, колективниот центризам и милитаризмот. Тоа важи како на колективно, односно интерсубјективно ниво, така и во сферите на самосвеста иманентни на човекот, кои го определуваат неговото рационално – понекогаш и студено рационално, целосно егоистичко однесување. Без неопходна потреба да се елаборираат многубројните аспекти на проблемот на утврдување на историските факти, односно прашањето што треба да добие статус на историски факт, во овие контексти треба да се издвојат неколку значења на теоретскиот дискурс за историјата и историската свест. Тие имаат најголеми практични консеквенции, односно непосредно структурираат голем дел од субјективното, а потоа и колективното мислење на себеси, својата позиција во историјата и реалноста како и третманот на другите субјекти, нации и нивните истории.

Имено, наспроти позитивистичкиот и емпиристички инспириран култ кон фактите, односно тезата дека историјата е збир на факти, според тенденциите не само на Балканот и во Македонија туку и воопшто во светот, односно неговата историја, се чини дека е мошне тешко, па дури и невозможно да се постигне минимум консензус за тоа што воопшто да се третира како факт во историјата, и тоа не само помеѓу научните дискурси на различните нации и држави, туку и внатре во самата држава, односно како што тоа е случај со нашата држава, помеѓу македонскиот народ и националните малцинства. Дури и на ова основно ниво – како на пример дали одреден настан што е предмет на научна дескрипција воопшто се случил со релативно прецизни и квантифицирани податоци кои би биле унифицирани преку соработка на научните институции – е тешко да се постигне заедничка рамка на перцепција, а неспоредливо потешко (во практика дури и одвај веројатно) да се конструира заедничка рамка на интерпретација на конкретен историски настан. Иако е познато дека фактот всушност во најголема мера е концепт – бидејќи, конечно, сè мора да помине преку гносеолошкиот систем на субјектот, односно да се концептуализира во неговиот познавателен систем, сепак, неопходно е да се воспостави (колку и да е условна, хеуристичка или со низок капацитет на научна вредност) дистинкција помеѓу фактот, односно реалноста и концептот, односно субјектот. Ова е дотолку поважно во контекстот на нашата балканска и македонска стварност, каде што од амбисот на историјата едноставно извираат – и тоа непрекинато – изобилство негативни значења. Познато е дека изборот и аранжманот на фактите, односно на она што ќе се третира како факт во рамките на одредена идеја ја поставува призмата на селекција која може да биде исполнета со различни предрасуди, идеолошки предубедувања итн. кои во интенција, но и во резултат се покажуваат како делумно или целосно фалсификување на таа тенка, но сепак цврста линија што ги раздвојува нашите концепти и нивните објекти. Луѓето говорат, а не фактите – но тој говор мора да биде втемелен на знаењето дека сепак е израз на нешто што се наоѓа од онаа страна на дискурсот, и што реално го сочинува неговиот објект, односно основа. Тој онтолошки пресек помеѓу зборовите и (масовните) медиуми на човековиот израз, и самата реалност, односно објективното постоење на светот или фактите, во овие контексти, е многу значаен првенствено поради критичка демистификација на практиката која, барем досега, на овие простори, е генерално детерминирана од игнорирање на оваа дистинкција. Облиците низ кои се манифестира обземеноста или тоталното проникнување на субјектите и колективната-национална, етничка или државна субјективност со своите и само свои погледи на историјата, а оттаму и на реалноста, се различни, а нивните неочекувани комбинации се онаа сфера од мотивацискиот комплекс што во комбинација на објективните-политички, економски итн. констелации се тајната на генезата на војните на Балканот и можните војни во иднина. Или, со други зборови, тука е интерпретативниот клуч со кој можат да се отворат ако не сите, тогаш барем најважните капии зад кои се наоѓа автентичната фактографија, односно стварност.

Наспроти овој пристап се наоѓа практиката на Балканот, која впрочем има и соодветна теоретска поддршка од идеологизираните научни дискурси – да го споменеме само најпознатиот пример од овие простори, кој навистина е исполнет со нив – озлогласените изјави на некои припадници на Албанската академија на науките и уметностите, за кои денес повеќето објективни аналитичари сметаат дека се концептуализација и идејна заднина на проектот наречен голема Албанија кој резултира(ше) со илјадници мртви луѓе, жртви на војните – и во принцип е заснован на т.н. скептички поглед на историјата. Анализата на историјата и практиката покажува дека оваа идеја, иако не се сретнува како прецизна практична програма, е најдлабокиот извор на легитимитет, кој и покрај тоа што не е директно присутен во системот на мислење кај луѓето во воените ровови, во суштина е оној фундамент кој ги определува доминантните начини на нивната субјективна и уште повеќе колективна свест. Основната идеја на овој пристап е дека историјата сама по себе е расчленета на коцки со букви-настани со помош на кои можеме да го составиме текстот – нашиот текст – за историјата и историските вистини (споменик на балистот Џемо Хасо среде македонски град). Оттаму, според овој пристап, не постои објективна вистина за историјата – нашата вистина е всушност објективната, вистинската верзија на истата. Можностите за идеолошка, националистичка итн. манипулација со историјата на овој начин е евидентна и конечно, за жал, многупати практикувана, односно емпириски верификувана (еуфоријата по изборната победа на Дехари во Kичево е најнов пример). Она што повторно заслужува да се истакне во случајот со скептичко-идеолошкиот дискурс за историјата е екскомуникацијата на сите други, исто така легитимни рецепции и интерпретации на историјата во целост или евентуално за конкретни настани кои ги вклучиле, на некаков начин, различните нации или национални малцинства. Визијата на другиот/другите е целосно анихилирана или понекогаш поставена како своевиден изговор за милитаристичко однесување, иако нејзината легитимност е втемелена на ист концепт како и онаа во име на која се врши актот на исклучување. Тоа посебно се однесува на заедничките настани од минатото – а со оглед на непобитниот факт дека целокупната историја на Балканот е толку многу испреплетена со различни нишки што ги спојуваат, на еден или друг начин, сите балкански нации/народи и држави, густата магла која го покрива подрачјето на Балканот од љубопитните погледи полека почнува да исчезнува и некои поважни координатни точки можат веќе отсега да се видат. Фасцинантно убави, но во ист момент натопени во локви крв, овие знаци на Балканот треба повторно и повторно да се читаат во нови контексти – разбирањето на моделите на мислење, на она што може рационално да се разбере, е неопходен (иако не и доволен услов) да се креира нова, поубава реалност која ќе биде радикален дисконтинуитет на досегашната историја на ова балканско и македонско парче земја под небото. Kорените на национализмот, центризмот и на сите останати негативни феномени можат да се пронајдат тука – во овој амбис на историјата исполнет со многу гласови кои повикуваат на оружје и кои некако успеваат да се имплантираат во длабинските нивоа на свеста и оттаму да се манифестираат како модел на перцепција и мислење на себеси, својата нација и Другите.

Тони Науновски
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty26/3/2013, 12:36


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty26/3/2013, 13:03

Досега и отсега

Пријатели, најпрво да им заблагодарам на сите 15.530 граѓани кои излегоа да ја одбранат идејата зад која застанавме заедно. Мојата длабока почит за оние кои не штедеа ни сили, ни знаење, ни време за да работат на оваа кампања. Тоа беше идеја на единство, развој и соживот. Излеговме во голем број, незнам некој кој не излезе. Немаше поделби и тоа е најважното. Чисти сме пред себе и пред нашата совест.

Бевме поразени од луѓе кои наредниве 4 години ќе го посетат Кичево 1-2 пати или воопшто и нема да го посетат.

Не очекувам ништо добро од структура која собираше гласови со калашњикови и со идеи за големи држави. Никој не смее да се залажува за нешто повеќе од тоа. Како да се очекува нешто добро од луѓе кои нити еднаш во нивната кампања не се одважија да ги споменат Македонците. Кога се зборуваше за нас (колку да се зборне) бевме нарекувани „други” или индиректно со погрдни имиња кои го навредуваат нашето достоинство и постоење. Таквото однесување и речник му припаѓа на друго време, во светот одамна надминато. Кај нас уште не.

Сите кои ја поддржаа таа идеја треба уште од вчера да се свесни дека истата никому (нити ним самите) ништо добро не им носи.

Вечерта во неделата видов како се газеа македонските знамиња, јарболите беа кршени со даски, се уништуваше секое македонско обележје кое им се најде на патот, се извикуваа пароли против Македонците, против нашите имоти, слушав од какво се’ не оружје се пукаше, се направи варварски обид да се симне државното знаме и од јарболот кај железничката станица. Ќе пробаат пак. Сето ова не ми излегува од главата и ме прави силно огорчен.

Ја видов болката кај многумина со кои заедно останавме до доцна во неделата, надевајќи се до последен момент на нешто повеќе. И тоа силно ме порази. Ние никому ништо не сме му згрешиле, нити имавме намера да згрешиме. Тоа не е во нашите вени. Освен тоа што нашето постоење некој неможе да го прифати. Никој, ама баш никој да не се залажува и да не премолчи.

Кичевчани, ние зависиме самите од себе. Поминаа изборите, кои за нас беа повеќе од обични избори. Една света работа од сето ова е нашето обединување. Отсега нема и несмее да има поделби. Бидете што сакате и за кого сакате, но првично и најважно бидете Кичевчани за Кичево. Знам дека со сите сили и подлости ќе се обидат да го растурат нашето единство. Очекувајте го тоа. Смогнете ги сите сили и да се чуваме и пазиме едни со други. Ако сме сложни, никој неможе да ни одземе ништо. И тука во Кичево и во Струга (стружани борете се до последен момент, за вас има уште време). Нам цела Македонија ни се дивеше од нашето единство. Ние го направивме тоа, не го направи никој друг. Го направивме за себе и го направивме за долго време. Нашево е правилно, ќе се пишува по учебници и ќе служи за пример на другите.

Бидете убедени дека нашата мака во Кичево и Струга ја знаеме и разбираме само ние. Оттука и само ние можеме да си помогнеме и да ја решиме. Кој сака нека помогне однадвор, но не барајте да не разбере.

Кренете ја главата и погледнете ја реалноста таква каква што е. И не смееме да се помириме со таква реалност која никому не му носи ништо добро. Што требаше да направат нашите предци, што направи Полежина, Мирко Милески, Пиперката, Србакот, Куршумот, Лазор, Наќе, Дуко… и уште илјадници големи луѓе кои се родија тука, во Кичево! Не се помирија, се бореа и се изборија. Во нас тече нивната крв, ние сме нивните внуци. Тие можеа, ние можеме. Ние веќе еднаш покажавме дека сме достојни кога се обединивме и излеговме заедно. Секоја генерација со својата борба. Тоа е нашиот пат и како таков мора да го изодиме заедно заради генерациите кои доаѓаат. Којзнае по кој пат Македонија е оставена на нас и се брани тука.

Една загубена битка незначи изгубена војна. Нашата победа е во 2017 година. Кичевчани каде и да сте, помогнете не’ во ова тешко време за нас и не не оставајте.

Само еден Господ знае со колку тешко срце го пишувам ова. Бидете сложни. Бог нека е со нас и нека не држи во сите правилни дела кои ги правиме.
http://kicevo.mk/dosega-i-otsega/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty26/3/2013, 13:24

Според новинарот Зоран Божиновски, Илија Китановски има улога во продажбата на Кичево. Нека остане запишано а историјата ќе покаже...

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty26/3/2013, 15:06


Драма во Кичево: Груевски затворен во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, надвор го чекаат бесни граѓани

Порталот А1он јавува дека премиерот Никола Груевски во моментов е затворен во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, а неколку стотици граѓани го свиркаат пред штабот и не го пуштаат да замине додека не објасни како ДУИ победи во Кичево.

При доаѓањето на Груевски во Кичево, пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, се втурнале десетина луѓе кон него со свирежи и негодување, зашто го предал Кичево.

Во моментов има силно полициско обезбедување, но во касарната во Кичево. Околу штабот има само десетина полицајци.

http://libertas.mk/%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%BE-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%B2%D0%BE-%D1%88/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty26/3/2013, 15:38

Море требало и цигла да изеде у глава. Малце му се свирежи.
Им подели лични карти на оние од Пустец за да гласаат во Центар и во Ресен наместо во Струга и Кичево, им подели лични карти на оние од Мала Преспа за да го дадат својот глас за ДУИ во Кичево. Свирежи, викања... малку е тоа.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty26/3/2013, 17:07

Луѓето од Мала Преспа им донесоа градоначалник Албанец во Кичево

Луѓето носени со автобуси од Мала Преспа, гласале кандидатот за градоначалник на ДУИ Фатмир Дехари, тврдат доброинформирани извори.
Цената за глас била висока. Луѓето биле носени со автобуси со цел да им обезбедат поддршка на албанскиот кандидат.
Ова денеска го потврди и Бујар Османи, портпарол на ДУИ кој им се заблагодари посебно на Македонците од Мала Преспа и политичката опција која им го платила превозот.
За вакви случаи јавивме и неделата, кога за изборниот ден само во Ресен беа донесени над 1500 македонци од Мала Преспа.
Дехари победи уште во првиот круг на изборите.
http://sky.mk/index.php/republika/12790-lugjeto-od-mala-prespa-im-donesoa-albanec-vo-kichevo

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty26/3/2013, 17:16

Да сакаа, факт е дека ќе успееа да донесат луѓе..да се работеше за Скопје, да видете како ќе имаше роуд шоуа во Јабука - Србија, па Гораните ќе ги носеа од Косово, па од Пиринска, па и од Егејска ке носеа.. нека им е на душа, а до 2017 ако не успееме да го вратиме Кичево, нека му ја мислат Кичевчани...тешко нив.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 61 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 61 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 32 ... 60, 61, 62 ... 80 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: