Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 66 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty23/1/2013, 15:57

Frogfoot напиша:
"Мизеријата на Македонија не се изборите, туку тие 1.460 дена измегу изборите.Сеедно кој е на власт" (Франкфуртер алгемајне цајтунг).

Голема вистина. За наша жал.
А за овие новопечениве Болгари, што да се каже. Би било убаво и ние да имаме евиденција кој се е со б'лгарски происход... за да можеме да му го земеме Македонскиот.... происход де.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty23/1/2013, 16:03

Frogfoot напиша:
8.185 Македонци минатата година добиле бугарски пасош
Страшно, страшно ако бројката навистина е толкава, ама јас чисто се сомневам пошто се ми се чини дека оваа е некоја татарска математика според која тој што аплицира за бугарски пасош по автоматизам и членовите на потесното семејство ги бројат како б'лгари во случајов пасоши.
Баш сакам на некој следен попис да има и графа бугари па да сме на чисто колку македонци имаат бугарско чуство. Јас мислам дека нема да се повеќе од 2-3000.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty23/1/2013, 16:35

Кој е и за кого работи Метју Нимиц?

Ристо Никовски


Метју Нимиц, роден во јуни 1939 година, се образовал на врвни универзитети. Таква му е и кариерата, од првите вработувања во приватниот сектор та се до денес.

Големиот скок го направил во 1977 година, кога претседателот на САД, Џими Картер, го именувал за советник во Стејт Департментот. Го советувал државниот секретар Сајрус Венс, со кого ќе продолжи да го „решава“ и „македонското прашање“. Иако не бил дипломат од кариера, бргу напредувал. Во 1979 година бил поставен за потсекретар. Главна надлежност му била помошта на безбедносен план која САД ја давале на другите земји, што покажува дека бил личност од голема доверба.

Неговите државни функции не траеле долго. Во 1981 година, кога Картер, како еден од ретките американски претседатели, не беше реизбран за втор мандат, Нимиц се враќа во адвокатурата. Пак е на врвни позиции во познати канцеларии.

Во дипломатијата повторно го враќаат неговите демократи. Во 1994 година, Бил Клинтон го поставува за личен специјален пратеник во спорот меѓу Македонија и Грција. На таа функција останува се до ноември 1997 година кога генералниот секретар на ООН, го поставува за заменик на Сајрус Венс. По оставката на Венс, во декември 1999 година, Нимиц станува главен медијатор во процесот.

Иако во основата сувопарни, подлабока анализа на последните податоци отвора многу прашања и дава аргументи за повеќе логични заклучоци.

Прво, се наметнува прашањето за причините на американскиот претседател да одреди свој специјален пратеник во спорот? Од каде и зошто таков, очигледно нагласен американски интерес за случајот? Нели е тоа билатерален спор меѓу Македонија и Грција кој, објективно, како строго контролиран, не може да генерира некоја поголема криза? Во светот има илјадници слични билатерални проблеми и во ниеден од нив (?) нема вмешано прсти претседателот на САД. А кај нас, замислете, испрати свој специјален пратеник!

Второ, од самиот почеток, надлежен за решавање на проблемот беше Сајрус Венс, врвна американска политичка личност, поранешен државен секретар. Се разбира, тој беше официјално именуван од генералниот секретар на ООН. Меѓутоа, има ли дилеми дека тоа именување дошло на предлог (инсистирање?) на САД?

Трето, кога годините веќе му натежнуваа на Венс, за негов заменик во процесот е донесен токму Нимиц. Целта е очигледна – тој да го наследи, што и се случи.

Ова се одлични показатели дека, од самиот почеток, интересот на Вашингтон за македонско-грчкиот проблем бил на највисоко можно ниво. Всушност, преку спомнатите именувања, САД веднаш почнале директно да го менаџираат целиот процес. Дека е така има и многу други потврди, вклучувајќи го, на пример, приемот во ООН, кога на Македонија и беше суспендирано името и наметната референцата. Тоа беше во целосна режија на Вашингтон, чија доминацијата во Советот за безбедност е неспорна, а Грција не беше ни членка кога се одлучуваше за Македонија.

Улогата на медијатор, Нимиц ја врши за симболичен еден долар годишна плата од ООН. Дали некој друг му ги надоместува нематеријалните трошоци, тешко е да се каже иако тоа не смее да се исклучи. Се работи за сериозен ангажман, иако не е со постојана динамика. Една ваква операција обично чини стотици илјади и милиони долари. Имајќи ја предвид американската заинтересираност за „Македонското прашање“, има и логично објаснување зошто Нимиц не е финансиски товар на ООН. Ако беше, светската организација ќе се мешаше во случајот и ќе поставуваше свои услови, рокови, постојано ќе бараше извештаи и слично. Вака, проблемот за нив како да не постои и останува во исклучителна надлежност на – Вашингтон. Знаејќи го добро тоа, и самиот генерален секретар – се држи по страна. На Македонија тоа не и одговара, ама нас никој не не прашува, а немаме ниту капацитети тоа да го согледаме, камо ли да го проблематизираме.

Друг показател за рамките во кои функционира Нимиц е фактот дека тој нема свој тим. И тоа би чинело огромни суми. И Нимиц, како и Венс, ја користи логистиката на Стејт департментот. Сите идеи, предлози и пакети кои 12 години ни ги лансира, доаѓаат од централата на американската дипломатија. Тоа може релативно лесно да се докаже. Нимиц може да ги користи или услугите на соодветните служби на ООН, или да бара надворешни експертизи, кои би можеле да бидат опасни за реализацијата на американските политички интереси, а кои чинат и огромни суми, а тој нема – буџет.

Доколку Нимиц ги користеше експертите на светската организација тој немаше да има можност да дава непристојни идеи и предлози со кои правеше далечни екскурзии надвор од својот мандат. Иако светската организација, со резолуцијата 817/93, го овласти да дава „добри услуги за да се надмине разликата околу името…“. Нимиц заора длабоко и во идентитетот на народот и во името на неговиот јазик. Ако го советуваа правните и други експерти на ООН тие ќе мораа да се движат во рамките кои ги одреди резолуцијата 817/93. Инаку, ќе ја загубеа работата. Така, сам се наметнува заклучокот дека извор на логистиката на Нимиц може да биде само – Стејт департментот. Како инаку би било можно сите негови досегашни идеи и предлози целосно да се вклопуваат во американската политика кон Македонија и регионот?

Ако горното е неспорно, а така изгледа според сите расположиви елементи, тогаш не треба да биде спорно дека проблемот со Грција е цело време во рацете на Вашингтон. Од таму се иницираа сите политики кон Македонија, од приемот во ООН, преку Привремената спогодба… се до блокадата за НАТО.

Иако САД се обидуваат да ни се претстават како стратегиски партнер, тоа воопшто не одговара на реалноста. Вашингтон е најгласен дека треба да се прекрстиме, а веќе најавија и дека тие први ќе го користат името кое ние би го договориле со Грција. Со таков исчекор, и формално, САД ќе го анулира прифаќањето на нашето историско и уставно име кое така гламурозно го направи во ноември 2004 година. Тоа воопшто не треба да зачудува кога се знае дека зад признавањето се криеше прецизна политичка калкулација – трајно да се албанизираат деловите предвидени со новата административна поделба од земјата. Шаховски речено, жртвуваа фигура за квалитет кој им носи трајни поени. Нам, вечен спомен ќе ни останат албанизираните делови на земјата и двојазичноста која се наметна преку Скопје.

Чист блеф и врвна измама и манипулација се честите јавни изјави на американски функционери дека сакаат што поскоро да не видат во НАТО и ЕУ. Тоа би било позитивно доколку нивниот услов не е наше прекрстување. Всушност, позицијата на Вашингтон е идентична со таа на Атина. И едните и другите бараат да се откажеме од самите себе за да не примат во НАТО (и ЕУ).

На Интернет, оставен е следниот коментар, на англиски јазик: „Имајќи го предвид севкупниот приод на Нимиц на проблемот досега, има малку оптимизам дека тој ќе ја рефлектира позицијата на Македонија“.

Оценката има траен карактер.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty25/1/2013, 15:50

Која е поентата на Груевски?

лажна приказна, лоша анализа и проценка или порамнување на сметките)
При гостувањето на премиерот Груевски во емисијата кај Миленко Неделковски со одбрани новинари и професори (читај: внимателно селектирани за ситуацијата не дај боже да излезе од контрола) во еден момент премиерот се изјасни дека на претседателските избори во 2004 година државниот интерес му бил поголем од личниот и од партискиот. И тоа е сосема е нормална работа. Меѓутоа, не можам да сфатам државниот интерес да биде да се избере претседател на држава, и тоа не било кој, туку токму Бранко Црвенковски.

Слушајќи го таа вечерта ова тврдење и самопризнание на Груевски, останав подзинат за кажаното, меѓутоа, сепак не сакав сам да си признаам дека такво нешто беше изговорено. Си велам, белким не сум разбрал добро бидејќи емисијата беше долга, а од предвидливоста на прашањата кои ги поставуваа селектираните некако ме совладуваше сонот таа вечер. Кога еве веќе наредниот ден ударна вест на вестите на нему љубимата телевизија Сител е токму таа секвенца од емисијата. Си велам овде некој ги помешал лончињата или пак човеков и неговите спинери сакаат нешто да кажат што во овој момент мене а верувам и на повеќемина не им е јасно? Нешто не ми штима во приказнава? И веднаш ми се јавува трилема. Се работи за лажна приказна, за тогашна лоша анализа и проценка или пак се работи за јавно искажување на обид за порамнување на сметките од минатото? Кое од овие претпоставки да ги анализирате секаде можете да најдете празнина и нелогичност.

Пред да ги разработиме овие хипотези да се потсетиме дека по одржувањето на првиот круг на претседателските избори во 2004 година, во втор круг влегоа Бранко Црвенковски со освоени 385.347 гласа и Сашко Кедев со освоени 309.132 гласа. Значи разликата од околу 76.000 гласа со кои Црвенковски водеше во првиот круг немаше теоретска шанса да бидат надоместени од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, особено ако се знаеше дека голем дел од албанските гласови во втор круг ќе отидат на контото на Црвенковски. На сите им беше јасно дека со таков кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, единствено Црвенковски можеше да биде победен доколку изборите не успеат. Пред одржување на вториот круг му претходеше јавно изразен став на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и на поголем број вмровски членови (меѓу кои и јас) дека изборите треба да се бојкотираат, односно да не се излезе на гласање, за да не победи Црвенковски. На сите тоа им беше јасно како бел ден, но очигледно дека математиката на Груевски била друга.

Ај да почнеме со анализирање на првата хипотеза формулирана како лажна приказна. Во самопризнанието Груевски јасно вели дека се плашел дека доколку пропаднеле изборите, тогаш на повторените претседателски избори, ќе немале да гласаат другите (демек еднаш едните бојкотираат, а наредниот пат другите) и така земјата би можела да се најде во политичка криза. И затоа, имајќи ја предвид опасноста од политичка криза, дури и по цена на негово заминување од чело на ВМРО-ДПМНЕ, тој го надминал личниот и партискиот интерес и се одлучил за државниот. А државниот интерес ти бил државата да добие претседател и тоа не било кој, туку токму тој - Бранко Црвенковски!

Морам да признаам дека иако оваа премиерска приказна ми изгледа мошне интересна (бидејќи ме враќа во годините кога бев мал и кога мојата баба ме заспиваше со вакви и слични приказни), сепак, истата воопшто не држи вода. Не би сакал читателите да помислат дека сум малициозен или саркастичен, но навистина вака раскажаната приказна е моше проsирна и бледа. Проsирна како најтенок лист хартија. Чиста небулоза и демагогија. Мислам дека имавме несвесен обид на саморазголување и автопортретирање како идеолошки и ментален клон на лице кое до пред десетина години било негов идол. Секој понатамошен коментар и обид истата да се анализира и од друг аспект е излишен. Оценката за оние кои го советувале на ваков начин да го претстави ова дамнешно погубително случување чии негативности ги чувствуваме од тогаш па сe до денес е најмалку можната. Чиста единица.

Од друга страна се повеќе ми се наметнува дилемата дали воопшто се работи за лоша анализа и проценка иако се повеќе сум убеден дека е во прашање однапред точно утврдена стратегија со позитивен исход за двете страни. Да се потсетиме дека во последните два–три часа пред затворањето на избирачките места од централата на ВМРО-ДПМНЕ стигнува наредба (смс порака) до нејзините членови да излезат и да гласаат. И токму поради тој повик излезноста беше 53,6 отсто и Црвенковски стана претседател со освоени 550.317 гласа наспроти освоените 329.179 гласа на Сашо Кедев. Зошто ако Груевски и неговите најблиски соработници знаеле дека Црвенковски и неговата партија прават фалсификат во вториот круг, наредуваат вмровското членство да излезе на гласање и тоа токму на само нешто повеќе од два часа пред затворањето на избирачките места? Зошто мораше по секоја цена да се обезбеди минимален одѕив на гласачите и Црвенковски да стане претседател? Зарем во други држави не се случувало изборите да не успеат? Зарем државата ќе пропаднеше доколку не се избереше претседател? Сигурно дека одговорот е негативен. Од денешен аспект мислам дека математиката во тој момент била мошне јасна. Едниот станува претседател, а медиумите и верните транзициски богаташи (во тоа време се уште под конторола на Црвенковски) треба да му помогнат на политичкиот опонент, на новата политичка sвезда да се зацврсти на лидерската позиција во партијата. Потоа следува максимална како медиумска така и друг тип поддршка на младиот лидер, со случувањата во „Панорама“, но и подоцна кога дефинитивно се расчистува со почесниот претседател Љубчо Георгиевски.

И сега доаѓаме до третата хипотеза. Порамнување на сметките? Ако внимателно го анализираме признанието на Груевски ова ми е некако најреална. Според него, цитирам: „Сега Црвенковски е во една слична ситуација. Тој знае дека ќе изгуби на следните избори и знае дека ќе се соочи со зголемен притисок за негово заминување. Ако оди според државните интереси тој не би требало да бојкотира. Тој бара да не оди на избори зашто на прво место го има личниот интерес“. Мошне симптоматично и прозаично. Дали сега Груевски сака да го потсети Црвенковски што тој сторил за него во 2004 година и истовремено јавно да му каже: „Пријателе немој да забораваш. Ако тогаш јас се определив за државен интерес (ти да станеш претседател) сега ти почитувај го државниот интерес (јас да останам премиер до крајот на мандатот) и враќај се во Собранието. Сметките одамна ни се израмнети, ама јас ти давам повторно шанса.“

Ха,ха,ха, мошне интересна претпоставка, која ќе ги разбуди и другите малку да размислуваат во оваа насока, а оние кои знаат малку повеќе за ова и јавно да проговорат, за да конечно дознаеме кај пикна тикваата меѓу двајцата. Што беше причина да се расипе калимерата? Но, вистината е како шило, што би рекол Груевски, врти, врти и ќе излезе на виделина, кога, тогаш.

И на крајот си велам каква политичка криза, какви бакрачи, какви партиски или државни интереси. Се се сведува на онаа за Мурто и Курто. И затоа се повеќе кај мене се зацврстува сомнежот дека можеби се работи за строго контролирано фингирана политичка криза и на ист начин наводно личен анимозитет демек до фаза на крвни непријатели. Во спротивност досега или едниот или другиот ќе најдеа начин јавно да проговорат до каде е со некои афери или зошто се дозволи да застарат некои кривични пријави. Вака испаѓа дека слушаме и гледаме само евтини и празни приказни наменети за билдање на сопствениот рејтинг. Народната поговорка вели: „Додека има овци ќе има и волна или колку се тие волци толку сме ние овци“. За среќа не сме сите.

http://www.plusinfo.mk/mislenje/725/Koja-e-poentata-na-Gruevski
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty26/1/2013, 07:33

Анализата има една мала фалинка Кире Наумовски е од СДСМ па човекот сосем на место си постави серија прашања кои беа оштри впрочем и така треба .

А и Боцевски нешто не ми личи на апологет.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty26/1/2013, 15:27

Мене Мирка ми беше интересна, иако не велам дека нема шанса да било местенка.. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty28/1/2013, 18:18

Дачиќ замоли Македонија да се воздржи со ставот за Косово

Спорот помеѓу СПЦ и МПЦ, како и различните односи по прашањето за Косово, на Македонија и Србија се отворените прашања меѓу двете земји. Ова е заедничкиот заклучок на македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот српски колега Ивица Дачиќ, по официјалната средба денеска во Скопје. Двајцата шефови на влади истакнаа дека Македонија и Србија имаат исклучително добри пријателски односи, како и заедничка посветеност на двете земји кон евроатланската перспектива, со посебен акцент на продлабочување на економската соработка, изградбата на коридорот 10, модернизација на железницата, гасификацијата, како и спојување на електроенергетскиот систем.

Иако, црковното прашање не е во домен на надлежностите на Груевски и Дачиќ, сепак постои волја и од двете страни премиерите да посредуваат во црковниот спор, истакна премиерот Груевски.

- Останува да виси прашањето што ги оптоварува двете земји, а тоа е релација МПЦ - СПЦ. Ние како политичари премиери не сме во директна надлежност по тоа прашање и тоа прашање треба да го решат самите цркви, но ние сме подготвени да помогнеме и посредуваме во решавањето на тоа прашање - рече премиерот Груевски.

Премиерот на Србија, Дачиќ освен спорот помеѓу МПЦ и СПЦ, како второ прашање кое го нарече „проблематично“ и кое може да влијае на билатералните односи е Косово.

- Второто прашање кое може да се нарече проблем е односот со Косово и Метохија за што Србија и Македонија имаат различни односи. Замолив Македонија да се воздржи, кога е во прашање Косово, за ние да дојдеме до едно компромисно решение - истакна српскиот премиер Дачиќ.

Премирот Груевски, на новинарско прашање што мисли за коментарите од партијата на неговиот владин коалициски партнер ДУИ, дека сега не било погодно време за посета на српскиот премиер во Македонија, одговори:
- Јас такви коментари не сум слушнал.
Дачиќ, пак, реплицираше:
– Кога јас можам да разговарам со Тачи во Прешево, не знам тогаш зошто не би можел да разговарам со мојот пријател Груевски, јас не знам зошто таков став од политичките партии.

На крајот од прес конференцијата Дачиќ одговори за последните случувања во Прешево и отстранувањето на споменикот на ОВК, кој беше поставен пред општинската зграда.

- Србија не е банана република. Каде сте виделе вие споменик на Ал Каеда во Њујорк или споменик на некоја терористичка организација во Шпанија или во Лондон. Јас не знам какви се вашите закони, но ние имаме закони и тие мора да се почитуваат. Во Прешево има 22 споменика на ОВК, ОВПМБ и државата молчеше сè додека тој споменик не го поставија пред општинската зграда. Тоа нема врска со човековите права, јас не барав ништо што не постои во законот - рече премиерот на Србија.

Двајцата премиери се договориле еднаш годишно да се состануваат сите министри на српската и на македонската влада.
http://plusinfo.mk/vest/78087/GALERIJA-Dachikj-zamoli-Makedonija-da-se-vozdrzhi-so-stavot-za-Kosovo

Фино ни го плесна... мада нема место за љутиш. Very Happy

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty28/1/2013, 18:32

E vaka, maski!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty29/1/2013, 14:11

Пљачкосувањето на македонските цркви во западна Македонија продолжува, дали станува збор за обичен криминал или позадината е друга?

Продолжува пљачкосувањето и опустошувањето на православните цркви во западна Македонија, а надлежните институции освен што креваат рамења по се изгледа се немоќни да преземат нешто и да ги заштитат.

Последна од низата цркви кои беа цел на грабежи беше црквата Света Пречеста Богородица во дебарското село Долно Мелничани. Вчера од оваа црква беа украдени пет икони од непроценлива вредност, изработени од познатиот мајстор Дичо Зограф.

Илчо Бојчевски, инспектор од Управата за заштита на културните споменици, вели дека состојбата е крајно загрижувачка и нагласува дека МВР мора поодговорно да му пристапи на проблемот.

„Значи станува збор за сериозен проблем кој се случува само во западна Македонија. Мотивите за кражбите може да се криминални, но може да имаат и друга димензија. Ние како Управа ги преземаме сите мерки за да ги заштитиме иконите како културно наследство од непроценлива вредност, но не можеме сами. Речиси и да нема викенд во последниве неколку месеци, а да не е ограбена некоја црква во западна Македонија. Затоа велам дека мотивите можеби имаат и некоја друга димензија освен криминалната. Ние заштитивме голем дел од иконите, но не можеме да ги заштитиме сите. Треба црквите да ги оставиме без икони ако сакаме да ги заштитиме, а тоа е апсурд. Затоа полицијата мора поодговорно да му пристапи на овој проблем оти во спротивно ќе продолжат кражбите и опостушувањата на црквите во западна Македонија“, вели Бојчевски.

Тој нагласува дека украдените икони од православните цркви се од непроценлива вредност.

„Па кога веќе иконата ја нема, кажете ми колку пари чини?Едноставно ја нема и никогаш повеќе нема да ја има. Затоа нивната вредност е непроценлива и ги нема тие пари што би ја опишале таа вредност“, револтирано вели инспекторот.

Од МПЦ не се посебно заинтересирани за проблемот. Владиката Тимотеј, кој е митрополит на дебарско – кичевската епархија, вели дека не можел да им бдее на сите цркви во западна Македонија и дека селата во кои се пљачкосувале црквите биле села без кучиња.

„Па што да правам јас? Во мојата епархија има 500 цркви. Не можам да им бдеам на сите. Пред десетина дена испративме луѓе да ги обиколат селата и да ги предупредат луѓето што живеат во нив да ја засилат безбедноста врз црквите. Ништо повеќе не можеме да сториме“, вели Тимотеј.

Пред само десетина дена и партијата ТМРО предупреди дека во последните неколку месеци во континуитет се случуваат грабежи на црквите во западна Македонија. Лидерот на оваа партија, Ванчо Шехтански, истакна дека станува збор за смислени и координирани постапки кои се одвиваат во дебарско, кичевско, тетовско и во струшко, и дека истите се смислен чин на етничко и верско чистење.

„Со ова се урива вековниот меѓурелигиски и меѓунационален соживот.Ова не се случајни и ситни грабежи. Ова е смислен чин на етничко и верско чистење во северозападна Македонија секогаш пред православни празници, а пораката е директно упатена до македонското правосалавно население“, истакна Шехтански.

И ТМРО апелираше до државните институции да реагираат соодветно и да не ги ставаат под тепих грабежите на црквите.

„Ние Македонците друга матична држава немаме, а секој обид за наше понатамошно искоренување и понижување во матичната земја, ќе наиде на соодветен одговор. Палењето и пљачкањето на цркви се случува само во северозападна Македонија, во напуштените македонски села. За три години запален е бигорскиот манастир, Рајчица во дебарско, црквата во Џепчиште, Варвара. Повеќе од јасно е дека се работи за координиран и смислен чин со политичка и верска позадина“, реагираше оваа партија.
http://www.mkd.mk/93596/makedonija/pljackosuvanjeto-na-crkvite-prodolzuvam-dali-stanuva-zbor-za-kriminal-ili-pozadinata-e-druga/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty29/1/2013, 17:45

Цитат :
- Србија не е банана република. Каде сте виделе вие споменик на Ал Каеда во Њујорк или споменик на некоја терористичка организација во Шпанија или во Лондон. Јас не знам какви се вашите закони, но ние имаме закони и тие мора да се почитуваат. Во Прешево има 22 споменика на ОВК, ОВПМБ и државата молчеше сè додека тој споменик не го поставија пред општинската зграда. Тоа нема врска со човековите права, јас не барав ништо што не постои во законот - рече премиерот на Србија.
Првен онака не пецка демек ние сме биле банана држава што на 'нашиве' шиптари им дозволуваме да си ставаат споменици, а тие не биле банана држава и не дозволувале да бидат поставувани споменици на терористи, за да во следната реченица самиот се демантира со тоа што кажува дека во Прешево веќе имало поставено 22 споменци на ОВК. Овој Дачич ептен курташак си игра со нас. Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 32 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 66 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: