Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2013, 15:29
Frogfoot напиша:
Во ред е сето тоа, држи место и глумењето патриотизам, ама зошто да се воздржани, нека глумат и тие патриотизам, нека не ми кажуваат тука демек несакале да учествуваат во незаконски дејства, мај ес, подобро така него анти патриотски.
Ајде..чорба, него да се молиме за Струга...
Затоа што со тоа што гласаа воздржано ја потврдија победата на Дехари во прв круг и ги поштедуваат шиптарските иселеници од додатни трошоци(сето тоа е загуба на пари, нерви по пат, па бизнисот со белото трпи), а за возврат на таа услуга сигурно имаат барано дуи да гласа за нивни кандидати во општините каде ќе има втор круг и каде за функцијата се борат кандидати на вмро и сдсм. Таа е играта на сдсм - на сметка на Кичево да се догребе или да осигура некое градоначалничо место. Од друга страна вмро игра проверено на картата на патриотизмот иако знаат дека со прегласувањата на тие две избирачки места ништо не се менува.....што на долг рок сепак им носи политички поени.
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2013, 21:04
Стојанче Ангелов најави референдум против територијалната поделба
- ВМРО-ДПМНЕ се препукува и бара виновник за Кичево, а народот се занимава со таа дволична политика на партијата на власт. Тоа не води никаде, затоа, Достоинство реши прашањата за Кичево, но и воопшто за последната територијална поделба на Македонија да ги реши демократски, преку народот, изјави на денешната прес-конференција Стојанче Ангелов, лидер на Достоинство. Тој додаде дека откако се консултирале со експерти, како четврто прашање, во нивната иницијатива за референдум, ќе вметнеле прашање „дали сте за законот за територијална поделба“. http://sky.mk/index.php/makedonija/13145-stojanche-angelov-najavi-referendum-protiv-teritorijalnata-podelba
Последната промена е направена од Alvar на 30/3/2013, 21:06. Мислењето е променето 1 пати
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2013, 21:06
Незнам кавки задњи намери има, и дали воопшто има, му замерувам за некои работи но повеќе се од лична природа, али за разлика од нашиве „политичари„ има две нешта кои почнуваат на М или по нашки на Ј, и да..челични!
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2013, 21:08
Се надевам набрзо ќе почнат да собираат потписи за референдум. Ќе ми биде животна мисија да ги натерам сите што ги познавам да стават потпис.
______________________ Si vis pacem, para bellum
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2013, 21:37
Ако веруваш баш преѓе размислував за тоа, сите роднини ќе ги натерам да гласаат!
Само замисли, каков автогол може да си даде Власта моментално ако направат сопки за референдумов... и тие ќе истакнат плакати „некои прашања не заслужуваат одговор„.
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2013, 21:45
Се надевам дека на народов му е преку такво и од едните и од другите. Барем мене ми е. Ми се чини дека би застанал позади некој кој има три чисти и кој би понудил поинаква, "македонска визија" за иднината на државава.
______________________ Si vis pacem, para bellum
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 31/3/2013, 22:53
Alvar напиша:
Се надевам набрзо ќе почнат да собираат потписи за референдум. Ќе ми биде животна мисија да ги натерам сите што ги познавам да стават потпис.
Не верувам дека ќе бидат собрани доволно потписи нити за ова нити пак за референдумот за смена на Талат Џафери. За жал во државата владее голема исполитизираност и мислам дека и ВМРО и СДСМ ќе го притискаат членството и граѓаните да не се потпишуваат....и нормално како полтрони барем 90 посто нема да се потпишат. Евентуално ако се соберат потписи од неопределените или од оние кои размислуваат со своја глава.
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 1/4/2013, 11:02
Па ВМРО може да си даде автогол со апстинирање од гласањето... исто ке му дојде ко со „некои прашања не заслужуваат одговор„ .
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 1/4/2013, 15:42
Frogfoot напиша:
Па ВМРО може да си даде автогол со апстинирање од гласањето... исто ке му дојде ко со „некои прашања не заслужуваат одговор„ .
Па и да си даде автогол пак утакмицата ќе влези еден во еден, нормално во корист на ВМРО.
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 2/4/2013, 14:40
Од 197.859 ученици во основни училишта, 127.336 учат на македонски јазик, 64.213 на албански јазик, 5.790 на турски јазик, 520 на српски јазик. http://www.stat.gov.mk/pdf/2013/2.1.13.08.pdf