Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 18 ... 33, 34, 35 ... 67 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty2/2/2013, 17:24

Генерал напиша:


Holy навистина не можам да се сложам со тврдењето дека нема да ја браниш татковината поради некој лигуш? Ова досега го имам слушано од многумина како и она „што ми дала Македонија ( немам работа, немам ова, немам она )“ и навистина ми иритира. Патриотизам не е што татковината направила за тебе, туку што ти си направил за неа. Што се однесува до лигушите, јас нема да одам за да го бранам нивниот имот, туку да ја бранам мојата Македонија. И за на крај ќе го цитирам српскиот Кнез Лазар: „Јас не одлучувам дали ќе одам во битка по тоа колкава сила ми се заканува, туку по тоа колкава светост бранам

Па не би рекол дека е баш така црно и бело. Кај нас е 25% црно, 25% бело... останатото е сиво.
Навистина, има голем број на лигуши кој навистина не заслужаваат ни да бидат жители на оваа држава (од оние кој земаат бугарски пасоши за да возат аута од 500 евра, па натаму). За нив не ни имам некоја илузија дека би застанале да ја бранат државава, но никако не можам да се сложам со онаа американската максима за државата и што имаш ти направено за неа. Кај нас едноставно истата нема допирна точка со реалноста, во U.S. тоа е секако поинаку. Кај нас не само што државата не прави ништо за своите граѓани (со што граѓаните и без никој да ги тера ќе чуствуваат патриотска должност и обврска кон неа), туку во голема мера и им одмага, не го слуша нивниот глас, потреби, побарувања и желби.
Кај нас македонските политички елити редовно, по дифолд, ги продаваат највисоките политички и државни интереси за задоволување на нивните лични (најчесто лукративни) интереси.
Како човек да чуствува патриотизам кон својата држава кога истата во мир ја предадоа на своите крвни непријатели? Како да имаат Македонците доверба едни кон други, кога се користат сите средства истите да се поделат 50/50? Кого ќе браниш ти во западна Македонија кога Македонците си ги собраа парталите од таму и се преселија кој во Скопје кој надвор од државава? Што стори државата за нив!? Да не се вратат тие да ја бранат државава откако истата кренала раце од нив?
Па гледате ли што се случува надвор, закрвен е народов до коска. Попрво едни со други ќе се испотепаме отколку со надворешните/внатрешните непријатели кој фала богу ги има колку сакаш и од сите страни.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty2/2/2013, 17:32

Кралев ја чека одлуката на судот за спорните табли од Чаир

Министерот за образование Панче Кралев изјави дека проблемот со новите училишни табли во скопската општина Чаир е заглавен во судски процедури. Кралев изјави дека ја чека одлуката на судот за да се знае што понатаму.
Минатата година, неколку училишта во општина Чаир ги преименуваа училиштата, а подоцна реагираа неколку државни институции кои најавија брзо решавање на проблемот. Токму минатата година од Министерството за образование најавија и прекршочни пријави за одговорните лица кои ги поставиле таблите.

PLUSINFO

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty2/2/2013, 17:32

Иванов: НАТО од Македонија направи кандидат за гинис

Шефот на државата, Ѓорге Иванов изјави дека НАТО од Македонија направи кандидат за „Гинис“. Претседателот Иванов посочи дека Македонија има 14 акциски планови за членство, 18 ротации на македонски мировници во Авганистан, а ги има сите обврски и ризици како учесници, меѓутоа, нема ниту една привилегија, рече Иванов на денешната сесијата „Безбедност и стабилност во Југоисточна Европа и Кавказ“ во рамки на 49. Минхенска безбедносна конференција, пренесе МИА.

- Ако едни стандарди и принципи важат за оснивачите на ЕУ тие треба да важат и за идните членки. Не може фудбалот да се одвива на тој начин што додека трае играта се менуваат правилата. Затоа ние се чувствуваме погодени, кон Македонија, за нас не важат правилата кои важат за другите држави, туку ние имаме дополнителни услови, истакна меѓу другото претседателот Иванов, додавајќи оти иднината се остварува денес.
Според Иванов, ако ЕУ се умори од проширување, младите на Балканот се уморија од чекање, а ние, потенцира, имаме одговорност пред генерациите кои доаѓаат.

- Затоа сме незадоволни од НАТО. ЕУ најде начин да биде иновативна и креативна, отвори дијалог на високо нив. Ќе се радуваме ако има таква креативност и од НАТО. Алијансата сепак е архитектура која треба да се гради, е пораката што ја упати македонскиот претседател Иванов на сесијата на која учествуваа и претседателите на хрватска Иво Јосиповиќ, на Азербејџан Илхам Алиев и МНР на грзија и на Казахстан Маја Панџикидзе и Ерлан Идрисов, а претседаваше Марти Ахтисари.
Осврнувајќи сена историските факти, за Балканот и за Кавказот, Претседателот на Република Македонија посочи оти претставите за Балканот и за Кавказот секогаш ги создавале другите и затоа Балканот е буре барут, место каде постојано има конфликти и војни. Историјата не учи друго, дециден е Иванов, од 3.000 години пишана историја на светот, 2.700 се војни на планетата, а само 300 години има мир. Да биде парадоксот поголем повлече, најголеми периоди на мир биле на Балканот.

-------------

Браво за претседателов, ако ништо друго, барем тој нема влакна на јазикот кога се работи за национални интереси, за разлика од некои други..
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty2/2/2013, 18:00

Како што велат америте, кога веќе ги цитираме... Put your words where your mouth is, па нека се откажат од членството во НАТО и ЕУ, и нека побараат друга опција.
Од мене имаат целосна и безрезервна поддршка, но нека не седат на две столици. Ако не им се овие две (климави btw) институции по ќеф, ако кај народот секоја година опаѓа се повеќе и повеќе подршката за членство кон истите (поради високата цена која треба да ја платиме, а е еднаква на национално харакири), нека се водат по вољата на народот и нека бараат друга безбедносно-економска групација. Ете им го БРИКС, ОДКБ, Неврзаните... па бујрум нека бараат прием таму.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty2/2/2013, 22:41

Alvar напиша:
Генерал напиша:


Holy навистина не можам да се сложам со тврдењето дека нема да ја браниш татковината поради некој лигуш? Ова досега го имам слушано од многумина како и она „што ми дала Македонија ( немам работа, немам ова, немам она )“ и навистина ми иритира. Патриотизам не е што татковината направила за тебе, туку што ти си направил за неа. Што се однесува до лигушите, јас нема да одам за да го бранам нивниот имот, туку да ја бранам мојата Македонија. И за на крај ќе го цитирам српскиот Кнез Лазар: „Јас не одлучувам дали ќе одам во битка по тоа колкава сила ми се заканува, туку по тоа колкава светост бранам

Па не би рекол дека е баш така црно и бело. Кај нас е 25% црно, 25% бело... останатото е сиво.
Навистина, има голем број на лигуши кој навистина не заслужаваат ни да бидат жители на оваа држава (од оние кој земаат бугарски пасоши за да возат аута од 500 евра, па натаму). За нив не ни имам некоја илузија дека би застанале да ја бранат државава, но никако не можам да се сложам со онаа американската максима за државата и што имаш ти направено за неа. Кај нас едноставно истата нема допирна точка со реалноста, во U.S. тоа е секако поинаку. Кај нас не само што државата не прави ништо за своите граѓани (со што граѓаните и без никој да ги тера ќе чуствуваат патриотска должност и обврска кон неа), туку во голема мера и им одмага, не го слуша нивниот глас, потреби, побарувања и желби.
Кај нас македонските политички елити редовно, по дифолд, ги продаваат највисоките политички и државни интереси за задоволување на нивните лични (најчесто лукративни) интереси.
Како човек да чуствува патриотизам кон својата држава кога истата во мир ја предадоа на своите крвни непријатели? Како да имаат Македонците доверба едни кон други, кога се користат сите средства истите да се поделат 50/50? Кого ќе браниш ти во западна Македонија кога Македонците си ги собраа парталите од таму и се преселија кој во Скопје кој надвор од државава? Што стори државата за нив!? Да не се вратат тие да ја бранат државава откако истата кренала раце од нив?
Па гледате ли што се случува надвор, закрвен е народов до коска. Попрво едни со други ќе се испотепаме отколку со надворешните/внатрешните непријатели кој фала богу ги има колку сакаш и од сите страни.

Не ја мешајте Македонија како татковина со државата како институција. Македонија не е ниту СДСМ, ниту ДПМНЕ, ниту Црвенковски а ниту Груевски. Тоа што некој ја води така како што ја води, не значи дека ние треба да ја оставиме на милост и немилост Македонија. Треба да се направи разлика помеѓу татковината и државата. Сигурно Македонија не им дала многу на Илинденците но тие сепак го сториле тоа што го сториле. Истото е и за Гемиџиите и многумина други. И верувајте дека секој од нас може да биде комита, гемиџија, партизан во ова време. Македонија е наша, на народот а не на политичарите.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty3/2/2013, 02:47

Генерал напиша:
HolyTemple напиша:
gladiator_17 напиша:
http://plusinfo.mk/vest/78720/Generalot-Kotevski-preku-Ivanov-kje-izdejstvuva-zadolzhitelen-voen-rok

Neka im najde Kotevski i generalite okolu nego RABOTA (NE VO ARMIJA ILI POLICIJA)na tie sto ke gi otpustat za voeniot rok, bidejki nikoj gazda ne tolerira rabotnik da mu bide nekolku meseci otsuten.

Prva rabota voeniot rok ne trebase da bide ukinat nikako tuku trebase da prodolzi do den denes i nemase da ima vakvi problemi.

Vtora rabota prvo neka otsluzat voen rok decata na site politicari, bogatasi itn., i vednas avtomatski da vlezat vo rezerven sostav, a ne da gi prakaat vo stranstvo ako pukne vojna, a mene ne mi padja na pamet da idam da im go branam imotot i da krvaram za nekoj ligus sto ke se vrati da se kurci koga ke pomine sranjeto.

Treta rabota ne daj boze da dojde vo vojna kako ke mu veruvam na toj do mene sto e Albanec deka nema da go svrti protiv mene oruzjeto i da me likvidira ili namesti vo zaseda. A sigurno ke ima takvi slucaevi i toa mnogu bidejki e toa sosema normalno bidejki nitu jas kako Makedonec nema da pukam protiv Makedonec ako sum vo nekoja druga vojska zaradi nekoj koj e protiv mene i mojot narod a da go branam.

Holy навистина не можам да се сложам со тврдењето дека нема да ја браниш татковината поради некој лигуш? Ова досега го имам слушано од многумина како и она „што ми дала Македонија ( немам работа, немам ова, немам она )“ и навистина ми иритира. Патриотизам не е што татковината направила за тебе, туку што ти си направил за неа. Што се однесува до лигушите, јас нема да одам за да го бранам нивниот имот, туку да ја бранам мојата Македонија. И за на крај ќе го цитирам српскиот Кнез Лазар: „Јас не одлучувам дали ќе одам во битка по тоа колкава сила ми се заканува, туку по тоа колкава светост бранам

A nivniot imot kaj spaga, na makedonska teritorija avtomatski go branis i nivniot imot. Ako nedaj boze dojde do vojna mnogu luge ja imaat nauceno lekcijata posle 2001 sto im se pravi na branitelite, taka da ke se samoorganiziraat sami vo vid na milicii za da go zastitat sovojot dom i familija i svojata oblast. Vo red eve neka se vovede ama kako sto napisav na prvata recenica site tie sto se vraboteni i sto treba da napustat rabota zaradi sluzenjeto voen rok Kotevski i generalite neka im najdat na site niv do eden nova rabota (ne vo armija ili policija), koja znaeme deka vo denesno vreme tesko se dobiva, a mnogu lesno se gubi. No ne sakam da zboram ponatamu zasto so muabetov ke odime do beskraj.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty3/2/2013, 03:13

gladiator_17 напиша:
HolyTemple напиша:
gladiator_17 напиша:
http://plusinfo.mk/vest/78720/Generalot-Kotevski-preku-Ivanov-kje-izdejstvuva-zadolzhitelen-voen-rok

Neka im najde Kotevski i generalite okolu nego RABOTA (NE VO ARMIJA ILI POLICIJA)na tie sto ke gi otpustat za voeniot rok, bidejki nikoj gazda ne tolerira rabotnik da mu bide nekolku meseci otsuten.

Prva rabota voeniot rok ne trebase da bide ukinat nikako tuku trebase da prodolzi do den denes i nemase da ima vakvi problemi.

Vtora rabota prvo neka otsluzat voen rok decata na site politicari, bogatasi itn., i vednas avtomatski da vlezat vo rezerven sostav, a ne da gi prakaat vo stranstvo ako pukne vojna, a mene ne mi padja na pamet da idam da im go branam imotot i da krvaram za nekoj ligus sto ke se vrati da se kurci koga ke pomine sranjeto.

Treta rabota ne daj boze da dojde vo vojna kako ke mu veruvam na toj do mene sto e Albanec deka nema da go svrti protiv mene oruzjeto i da me likvidira ili namesti vo zaseda. A sigurno ke ima takvi slucaevi i toa mnogu bidejki e toa sosema normalno bidejki nitu jas kako Makedonec nema da pukam protiv Makedonec ako sum vo nekoja druga vojska zaradi nekoj koj e protiv mene i mojot narod a da go branam.

Mislam deka i 2001 imase ligusi, no uspesno nasite vojnici se spravuvaa, no sto da im prais na tie ligusite gore (mislam na politicarite) toa e problemot Wink
A sto se odnesuva za voveduvanje voen rok, jas sum za, zs mislam deka kaj brakava mladite vo golem procent znaat da rakuvaat zo oruzje (barem lesno), toa ne e tajna veke gledame sekojdnevno, a na nasive mislam deka 90% nemaat ni dopreno nekoj vid na oruzje, a da ne zboruvame za poveke...

Epa toa e greska na samite mladi. Namesto na youtube da gledaat glupi raboti, neka zirnat nekoj video tutorijal kako se rasklopuva naprimer kalasnikov, puska koja se upotrebuvala, se upotrebuva i ke se upotrebuva vo idnina vo site mozni vooruzeni konflikti i posle neka otide do nekoe streliste neka dade nekoj denar neka ispuka nekolku kursumi da ja izgubi tremata ako prvpat puka so oruzje. No problemot kaj mladinata e sto niv poveke gi interesira kakva kola ima ovoj, na koja zenska da i se javam, sto da stavam na livce itn, a nikoj ne go interesira oruzje kako nas tuka. A i luge sto sum slusal sto bile vo vojska dobrovolno ne se mnogu zadovolni od toa sto go ocekuvale vo 3 meseci gi nosat samo tripati na strelanje, nekolku pati casovi za rasklopuvanje i zapoznavanje so ostanato oruzje, a so tebe kaj i da odis ja nosis M70 so prazen okvir samo da ti tezi a ostanatoto e fizicki aktivnosti i metenje na dvorovite od kasarnite.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty3/2/2013, 03:22

Alvar напиша:
Како што велат америте, кога веќе ги цитираме... Put your words where your mouth is, па нека се откажат од членството во НАТО и ЕУ, и нека побараат друга опција.
Од мене имаат целосна и безрезервна поддршка, но нека не седат на две столици. Ако не им се овие две (климави btw) институции по ќеф, ако кај народот секоја година опаѓа се повеќе и повеќе подршката за членство кон истите (поради високата цена која треба да ја платиме, а е еднаква на национално харакири), нека се водат по вољата на народот и нека бараат друга безбедносно-економска групација. Ете им го БРИКС, ОДКБ, Неврзаните... па бујрум нека бараат прием таму.

Jas neznam sto baraat makedonski vojnici vo IRAK i Avganistan, koga ne sme clenka na NATO. Toa ne mi e jasno. A i sto dobivme od Amerikancite za da im go lizeme gzot. Kosovo neli sega kako nezavisna drzava zosto ne prati kosovski kontigent vo Avganistan, NATO im dade drzava, ete neka idat neka ginat oni za NATO. Ne svakam nekoj ako moze da mi objasni?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty3/2/2013, 12:25

ЈСП станува двојазично – и албански на таблите и дисплеите

По само две недели од усвојување на одлуката од Советот на Скопје, за воведување двојазичност во автобусите на ЈСП, раководството на претпријатието веќе почнало да ја спроведува. На два јазика, македонски и албански, се коригираат и обичните табли на постојките од кои патниците добиваат корисни информации и електронските дисплеи во на автобусите, објави Дневник.

Одлуката е според Законот за употреба на јазиците, усвоен во 2008 година, кој произлезе од Охридскиот рамковен договор. Пред нејзиното усвојување, граѓанското здружение „Разбуди се“ најави тужба до ЈСП барајќи санкции поради кршење на одредбите и неприфаќање на реалноста.

Двојазичноста, според надлежните од ЈСП, прво ќе биде спроведена во украинските, а потоа во двокатните возила. За некои дисплеи ќе се побара помош и од производителите, имајќи предвид дека станува збор за програмирани софтвери. Освен двата јазика, на надворешните табли на постојките, како што појаснија од ЈСП на седницата, ќе биде застапен и англискиот јазик. Но, не и на електронските дисплеи внатре во возилата бидејќи немало простор.

Целосно е завршен процесот на двојазичност во шест возила на ЈСП, информира директорот Мишо Николов. Во преостанатите процесот се одвива постепено.

За соодветни преводи, е ангажирано и лице со добри познавања на албанскиот јазик.

- Спроведувањето на двојазичноста во ЈСП нема да чини повеќе од 2.000 евра. Нема потреба од вработување работник за таа цел, бидејќи лицето што ги спроведува одлуките и организира состаноци на Управниот одбор ќе ја врши и работата на преведувач – изјавил директорот за Дневник, повикувајќи се на интерни процени.

Во наведената финансиска рамка тој ги сместил не само преводите на дисплеите во автобусите и на таблите на постојките, туку и материјалите кои од македонски на албански ќе мора да се преведат и за членовите на Управниот одбор. Исто така веќе се преведува и интернет-страницата на ЈСП. Печатите веќе се двојазични, дополни директорот.

Одлуката за употреба на два јазика беше изгласана на последната седница на Советот на Скопје, по претходна иницијатива на опозициската ДПА. Изразија став дека не се почитува законската рамка за употреба на јазиците во јавните градски претпријатија. Некои советници изразија сомнеж дека интенцијата на партијата е темпирана за предизборен период, односно е поврзана со локалните избори и е додворување на гласачкото тело, имајќи предвид дека Законот е усвоен во 2008 година, а тие дури сега бараат ваква примена.

Наспроти некои јавни претпријатија што се уште не го примениле целосно Законот за употребата на јазиците, градската власт одамна во своите документи и на информативните табли низ метрополата ги употребува македонскиот, албанскиот и англискиот јазик.

Од здружението „Разбуди се“ најавија нови тужби и против јавните претпријатија „Паркови и зеленило“, „Градски паркинг“ и „Водовод и канализација“ бидејќи не го спроведувале законот, пишува Дневник.
http://www.libertas.mk/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty3/2/2013, 12:32

Во Албанија молк по барањето на Македонците од Голо Брдо за изучување на македонскиот јазик

Поминаа 20 дена од петицијата на Македонците од Требиште, Голо Брдо со која бараат изучување на македонскиот јазик, но ниту една од надлежните институции во Албанија не одговорила на нивното барање, јави весникот „Македониум“.

Претседателот на македонското друштво “МОСТ”, Бесник Хасани за „Македониум“ изјави дека не го изненадуваа овој молк на албанските институции, но Македонците од Голо Брдо нема да се откажат од нивното легитимно барање нивните деца да го изучуваат мајчиниот македонски јазик.

На иницијатива на македонското друштво “МОСТ” од Голо Брдо, беа собрани 45 потписи од родителите на децата што учат во основното училиште “10 покојници” во Требиште. Овие потписи заедно со барањето на македонското друштво “МОСТ” на 11 јануари 2013 година, како што информира весникот, беа доставени до Канцеларијата за образование во Булќиза, која е надлежна за образованието во Голо Брдо, до Дирекцијата за образование во Пешкупија и до Mинистерството за образование на Република Албанија.

После молкот на надлежните институции македонското друштво “МОСТ” прати писмо до Владата на Република Албанија, до Министерството за образование, Народниот првобранител, Комисионерот против дискриминација, Државниот комитет за малцинствата, амбасадите на ЕУ и ОБСЕ во Албанија, како и до амбасадите на Македонија, САД, Србија и на Романија во Албанија.
www.kanal5.com.mk

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 34 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 18 ... 33, 34, 35 ... 67 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: