Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 18 ... 32, 33, 34 ... 66 ... 100  Next
АвторПорака
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty29/1/2013, 17:55

Alvar напиша:
Пљачкосувањето на македонските цркви во западна Македонија продолжува, дали станува збор за обичен криминал или позадината е друга?

Продолжува пљачкосувањето и опустошувањето на православните цркви во западна Македонија, а надлежните институции освен што креваат рамења по се изгледа се немоќни да преземат нешто и да ги заштитат.

Последна од низата цркви кои беа цел на грабежи беше црквата Света Пречеста Богородица во дебарското село Долно Мелничани. Вчера од оваа црква беа украдени пет икони од непроценлива вредност, изработени од познатиот мајстор Дичо Зограф.

Илчо Бојчевски, инспектор од Управата за заштита на културните споменици, вели дека состојбата е крајно загрижувачка и нагласува дека МВР мора поодговорно да му пристапи на проблемот.

„Значи станува збор за сериозен проблем кој се случува само во западна Македонија. Мотивите за кражбите може да се криминални, но може да имаат и друга димензија. Ние како Управа ги преземаме сите мерки за да ги заштитиме иконите како културно наследство од непроценлива вредност, но не можеме сами. Речиси и да нема викенд во последниве неколку месеци, а да не е ограбена некоја црква во западна Македонија. Затоа велам дека мотивите можеби имаат и некоја друга димензија освен криминалната. Ние заштитивме голем дел од иконите, но не можеме да ги заштитиме сите. Треба црквите да ги оставиме без икони ако сакаме да ги заштитиме, а тоа е апсурд. Затоа полицијата мора поодговорно да му пристапи на овој проблем оти во спротивно ќе продолжат кражбите и опостушувањата на црквите во западна Македонија“, вели Бојчевски.

Тој нагласува дека украдените икони од православните цркви се од непроценлива вредност.

„Па кога веќе иконата ја нема, кажете ми колку пари чини?Едноставно ја нема и никогаш повеќе нема да ја има. Затоа нивната вредност е непроценлива и ги нема тие пари што би ја опишале таа вредност“, револтирано вели инспекторот.

Од МПЦ не се посебно заинтересирани за проблемот. Владиката Тимотеј, кој е митрополит на дебарско – кичевската епархија, вели дека не можел да им бдее на сите цркви во западна Македонија и дека селата во кои се пљачкосувале црквите биле села без кучиња.

„Па што да правам јас? Во мојата епархија има 500 цркви. Не можам да им бдеам на сите. Пред десетина дена испративме луѓе да ги обиколат селата и да ги предупредат луѓето што живеат во нив да ја засилат безбедноста врз црквите. Ништо повеќе не можеме да сториме“, вели Тимотеј.

Пред само десетина дена и партијата ТМРО предупреди дека во последните неколку месеци во континуитет се случуваат грабежи на црквите во западна Македонија. Лидерот на оваа партија, Ванчо Шехтански, истакна дека станува збор за смислени и координирани постапки кои се одвиваат во дебарско, кичевско, тетовско и во струшко, и дека истите се смислен чин на етничко и верско чистење.

„Со ова се урива вековниот меѓурелигиски и меѓунационален соживот.Ова не се случајни и ситни грабежи. Ова е смислен чин на етничко и верско чистење во северозападна Македонија секогаш пред православни празници, а пораката е директно упатена до македонското правосалавно население“, истакна Шехтански.

И ТМРО апелираше до државните институции да реагираат соодветно и да не ги ставаат под тепих грабежите на црквите.

„Ние Македонците друга матична држава немаме, а секој обид за наше понатамошно искоренување и понижување во матичната земја, ќе наиде на соодветен одговор. Палењето и пљачкањето на цркви се случува само во северозападна Македонија, во напуштените македонски села. За три години запален е бигорскиот манастир, Рајчица во дебарско, црквата во Џепчиште, Варвара. Повеќе од јасно е дека се работи за координиран и смислен чин со политичка и верска позадина“, реагираше оваа партија.
http://www.mkd.mk/93596/makedonija/pljackosuvanjeto-na-crkvite-prodolzuvam-dali-stanuva-zbor-za-kriminal-ili-pozadinata-e-druga/
Според мене има два мотиви за пљачкосувањето на црквите во западна Македонија. Првиот мотив е, како што вели и Шехтански, заплашување, верско и етничко чистење на македонците. Вториот мотив кој иди во пакет со првиот е бизнисот. Очигледно профитабилен бизнис е продавањето стари и вредни икони.

Само не ми е јасно зошто уште државата и глаучите од МПЦ не реагираат. Зарем треба се да украдат за да се преземи нешто. Мислам дка под хитно треба сите вредни икони да се заменат со реплики.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty30/1/2013, 01:06

Бабановски: Во Македонија има опасни терористички организации и никој не презема ништо!

Разговаравме со поранешниот началник на третиот Сектор во СДБ, подоцна универзитетски професор на Факултетот за безбедност, Иван Бабановски кој денес е мета на лустраторите. Тој беше отворен во поглед на секое прашање и без влакна на јазикот кога требаше да се зборуваат работи од витален интерес за нашата држава.
Бабановски предупедува дека во Струшко постои радикална исламска терористичка организација, именувана како УНИКОН, која опстојува на тој простор од 1994-тата година, а никој не превзема конкретни мерки за нејзино растурање. Тој открива дека се сечат дрва од „Караџица“ кои подоцна се продаваат, а со парите се исплаќаат припадниците на албанските војски кои ја чекаат својата плата.
Тој исто така говори за последиците од огромните количини испуштен радиоактивен отпад при бомбардирањето на Србија. „Во Косово, па и во северна Македонија се бележи подем на случаи на карциномни заболувања за дури 300%“, вели тој… прочитајте го интервјуто.

Што точно се случуваше во 2001-ва година и дали така наречениот „воен конфликт“ има некаква поврзаност со светските воени сили кои предходно го срушија режимот на Милошевиќ?
2001-ва се’ уште трае, а сигурно ќе има 2013-та… во 2001-ва, во Македонија дојде една мала шака на терористи, кои ние ги познававме и можевме да расчистиме со нив за 24 часа. Штабот на Ахмети, Гзим Острени, Фазли Велиу и друштвото околу нив се наоѓаше во Призрен. Меѓутоа, командантите и овие нивни бригади (111-та, 112-та, 113-та бригада) беа проверени злосторници и терористи од единиците на УЧК кои беа подржувани и вооружувани од НАТО структури за да се порази режимот на Слободан Милошевиќ. Како да не можеше да се тргне Милошевиќ со многу поелегантни мерки, со што ќе немаше потреба од оние 78 бомбардирање на СР Југославија, во кое најмногу настрадаа Косово и Македонија. За време на тие 78 жестоко уништување на една суверена држава, каде најмногу страдаше цивилното население, не воените и политичките структури на Југославија. Само ќе ги споменам: санаториумот во Сурдулица кој беше ракетиран и беа убиени стотици луѓе, стари и болни ; возот кај Гардилица, во кој не се вози политичка елита; ракетирањето во кое загинаа 200 албански бегалци, жени и деца, кои бегаа од местата каде се водеа жестоки борби помеѓу војската на СР Југославија и од друга страна, УЧК. Значи, тие се се акти во кои пропагандистите на НАТО го створија познатиот термин – колатерална штета. Во таа колатерална штета спаѓаа и мировниците од контигентот на италијанската војска, кои беа во КФОР, распоредени на простори каде најмногу беше употребувано оружјето со осиромашен ураниум. Тоа и Германците го почувствуваа, како и Шпанците. Американците си се распоредија на места каде беше сигурно.

Кој е одговорен за нуклеарниот отпад кој беше испуштен на територија на Србија и Косово?
Претседателот на САД е еден обичен пион, кој ги остварува желбите на оние што владеат од сенка, тајните друштва. Така беше случајот и кога го донесоа Роналд Реган како Претседател, кој веќе беше болен од Алцхајмерова болест. Веднаш откако го инагурираа, донесоа документ со кој му беа ограничени сите функции, освен оние, протоколарни функции, посети на држави итн. Му дадоа да потпише еден декрет во кој, дотогашните 260 милијарди долари кои се користија за потребите на еко-системите, се зголемија на 660 милијарди долари. Се знае кој распологаше и кој ги потроши тие пари, сигурно не обичниот американски граѓанин. Меѓутоа, со тие пари беа изработени касетните бомби, графитните бомби и муницијата наречена „топ ган“ која се користеше кај А-10 авионите. Таа муниција служеше за пробивање на фортификациски утврдувања или за уништување на жива сила. Тие артилерски куршуми беа полнети со нуклеарен отпад употребен за нуклеарна енергија, кој е многу поопасен, поотровен, порадиоактивен од нормалниот ураниум, од кого има еден изотоп помалку и поради тоа е многу непревидлив со својата радијација и токсичност. На територија на Србија беа употребени 30.000 такви куршуми, или 30 тони, додека на територија на Косово и Метохија, која е десет пати помала од онаа на Србија, беа употребени 50 илјади куршуми, т.е. 50 тони. Значи се ослободи од 80 тони радиоактивен отпад, а знаеме колку е скапо депонирањето на нуклеарниот отпад. Куршумот пред да удри на земјиното тло, на околу 50cm од земјата, се распрснува и од неговата структура се добиваат аеросоли, ситни честички, кои при струење на воздухот од 1м/с (тоа е речиси кога нема ветер), можат да бидат распространети на простор во радиус од 50 километри. Ако знаеме дека голем број на овие куршуми се испукани на просторот кај Качаник, ако знаеме дека има струење на воздухот поради клисурата, јасно ви е дека голем дел од тие честички завршиле и во Скопје. Значи, нашите големи пријатели, за кои во неколку војни сме гинеле, за нивни интереси, не’ имаат нарането со радиоактивен отпад за наредните илјадници години. Затоа и во Косово, па и во северна Македонија се бележи подем на случаи на карциномни заболувања за дури 300% од тоа што било нормално пред војната во 1999-та година.

Како реагирате на тоа настаните од 2001-ва година да се декларираат како „воен конфликт“?
Јас реков дека 2001 беше војна, извршена агресија во Македонија од туѓа територија со помош од меѓународната заедница. Вие слушате луѓе со научни титули и професорски звања говорат глупости јавно пред маса од два милиони луѓе, пред светот дека во Македонија во 2001 година бил воен конфликт. Воен конфликт е еден судир, завршува за еден-два часа и тоа е тоа. Тоа во 2001 не беше воен конфликт, дали тоа им се допаѓа на гласнодршците, затоа што ако тоа го кажат ќе им пропадне коалицијата, која е неморална, неодржлива. Во историјата не се случило терористите, дојдени од планина, да влезат во власта само затоа што владеачката партија на македонскиот ентитет, сака да бидат на власт, да ја имаат моќта, да се богати, на сметка на јадот, на бедата и на гнетот на македонскиот ентитет. Тие говорат дека тоа било конфликт.

Постојат ли денес вистински политички аналитичари во Македонија?
Актуелните аналитичари што настапуваат во медиумите се наратори, бидејќи раскажуваат. Не може да се биде аналитичар доколку не оставиле едно дело зад себе. Оној Албанецот, тој „кусиот“ вели „Јас сум многу скапо платен аналитичар“, јас во мојот живот знам дека сум наплатил во „Сведок“ и во „Погледни“, кои ми платиле хонорар од 1500 денари за четири, пет страници и тоа не новинарски, туку обемен проект. А претходно споменатиот аналитичар за единствена школа, за која може да покаже документ е „Коце металец“. Не ја потценувам, но во мое време тие беа ученици во стопанство и знаеш колку се учеше таму. Е тој Ким Мехмети вели дека е многу скапо платен аналитичар. Но тој е слуга на дневна политика. Јас ни на една дневна политика не сум бил слуга. Комунистите сакаа да ме исклучуваат од партија, а од дете сум бил во партија. Студентите ме одбранија, им реков „никогаш нема да ги изневерам“. Но на сите тие што ми го правеа тоа, на сите им вратив. Ме ставија во машина за мелење, јас им реков ќе излезам и ќе имате проблем со мене после.

Какво е вашето мислење за петкратното убиство во Смилковци?
Јас веќе реков дека ова се работи за терористички акт, кој не им беше јасен и не можеа да го препознаат само оние кои немаат информации. Јас имав информации дека поради нашето учество во Авганистан, дека сме ние таргет држава и дека структурите на Ал Каеда, кои не се примитивни терористи, туку школувана база… За таа организација мораме да кажеме дека не се тоа примитивни терористи. Не се лунатици, туку тоа е една школувана база. Инаку јас сум од тие школувани луѓе кои говори , убеден сум и тврдам дека акцијата од 11 септември 2001 година не е акција на Ал-Каеда. Ал-Каеда е само еден од партиципиентите во еден голем заговор против граѓаните на САД. Пред големиот христијански празник Воскресение Христово, имавме информации дека се подготвува една акција која треба да ни внесе страв и огорченост кај христијанското, односно немуслиманското население. Затоа беше планирано на велики четврток. Оваа акција по нецела година подоцна дојде до тоа што беше планирано. Планирањето започна од православните цркви за време на Божиќ. Кога има голема присутност на верници и кога се очекуваше дека ќе има голем број на жртви.
Пред да знам некои поединости од ова монструозно терористичко дело, реков дека ова е терористички акт и е дело на радикални исламисти, им се допаѓало тоа на нашите партнери во власта, Албанците, или не. Целта беше да се заплашат македонските граѓани од сите ентитети. И до ден денес ме чуди зошто ова дело не беше осудено од припадниците на исламската верска заедница. Поради начинот и термиот сметам дека тоа е дело на радикалните исламисти. Смилковци е резултат на организирана терористичка акција со исламски предзнак со цел да се заплашат граѓаните на Македонија. Да се стави до знаење дека на овие простори делуваат структури на радикалниот ислам и дека имаме остатоци од Ал-Каеда.
Ние во Скопје сме го имале Осама Бин Ладен, кој претстојувал во еден наш репрезентативен хотел и со еден од неговите синови бил лекуван од еден мој пријател. Меѓутоа ние на наша територија, Македонија имавме три кампа за обука на припадници на Ал-Каеда. Имавме манифестирање на акции и активности од фирма на невладини организации кои беа насочени против македонскиот народен бит и беа насочени против припадниците на христијанските конфесии. Ќе го споменам случајот Кале, заговарањето на градење Бурмали џамија на плоштад во Скопје, за која се залагаа припадници на „разбуди се“ и кога јас на денот на убиството на Осама Бин Ладен говорев на Канал 5 телевизија и кога ги споменав со име и презиме овие луѓе од „разбуди се“ (02.05.2011) тие ми се заканија дека ќе ме тужат. Денес, година ипол подоцна тужбата се уште не е напишана, а нема ни да биде напишана, бидејќи тоа што го говорев и говорам е чиста вистина.
Смилковци е порака до сите дека ние сме тука, а тоа што вие не сте организирани да не видите и спречите, тоа е ваш проблем. Проблем на специјализираните служби, од кој јас произлегувам. Цел живот имам поминато во нив. Од оперативец до раководител на служба за државна безбедност, па потоа по потреба, бидејќи им пречев на политичарите и во тој систем бев префрлен на факултет за безбедност. Таму со студентите направив белја. Станав голем пријател со моите студенти. И пак им правеа проблеми на политичарите. Почнав да пишувам книги. Ја објавив книгата „Југославија како век на специјална војна“(1982) каде што го објавив планот за растурање на Југославија кој до денеска се анализираше. Беше сочинет во септември (1976) во Брисел од страна на НАТО и можам да ви кажам дека вие младите ќе доживеете последна битка во тој план меѓу Тирана и Приштина. Заради примат на некоја си голема албанска државност. Бидејќи луѓето од Приштина живееја во една послободна држава како што беше Југославија. Направија голем број на политички и економски културни пријателства. Тие и се обогатија затоа што ја превзедоа целата улога на турската мафија во продажба на наркотици на просторот на Балканот и Европа. Тие инкасираа милијарди, не се задоволуваат од милиони.
На наши простори добивме јасна порака дека имаме непожелни гости, радикали, кои од Босна преку војната во Косово беа присутни во нашата војна овде. Во една прилика кога требаше да се даде одлука да се руши дивоградбата, џамија на Амди Бајрам во Шуто Оризари, Буџаку му се јави на тогашниот министер за внатрешни работи Хари Костов и му кажа дека ако полицијата интервенира во рушење на џамијата, во Шутка ќе има крв до коленици бидејќи таму се присутни 150 вооружени до „заби“ муџахедини. Тоа е вистина бидејќи ние имаме една муџахедини единица која и ден денеска функционира на територија на Липково. Единица која ни ја претставија безбедносните служби на Хрватска, иако нашите тоа го негираат. Ако некој е болен и ако има заразна болест треба да се издвои за да болеста не се шири. Ние сите работи ги ставаме под черга, а под черга кога има многу ѓубре се производуваат гадинки, па мора да употребиш дезинфекција, па дератизација.
Во сето ова говорење не го споменав атентатот извршев врз првиот претседател на Демократска Република Македонија на Киро Глигоров на 03.10.1995. И околу тој атентат има многу, многу загатки, како и многу луѓе кои требаше да бидат репресирани. Не затоа што се директни учесници, туку затоа што овозможиле да една организирана група успее да ја отсвари својата цел и да го убие претседателот на државата. Јас сум голем пријател со Киро Глигоров. Кога му реков зашто не ги прашате вашите пријатели од ЦИА кој сакаше да ве убие, ми реше дека три пати ги прашал. Два пати службено, еднаш приватно. Но не му одговориле. Јас на тоа му реков дека му одговориле, а одговорот е дека нема да ви одговорат дека тие се обиделе да ве убијат. Атентаторите го постигнаа тоа што го сакаа, вие бевте политички мртов. Тој не смееше да испушти глас затоа што беше исплашен. Но, место да повлече потег да ги уапси Љубомир Фрчовски, Слободан Богоевски, Павле Трајанов, тој ги поштеди. Не велам дека мораше да бидат уапсени, ама требаше да одговараат за тоа што му се случи бидејќи тоа беше нивни пропуст. Најстрашно за нас во Македонија е тоа што ние не успеавме да ги откриеме ниту извршителите на атентатот, камо ли да говориме за нарачателите, а тоа е најважно. Се’ уште таа структура егзистира во нашата држава, произведува најразлични политички хаотични состојби, а ние не ја чувствуваме или ја чувствуваме но нема волја со неа да се занимаваме. Ние ако го негуваме од страна на владеачката структура организираниот криминал, ние му даваме инфузија на тероризмот, бидејќи тероризмот без организиран криминал не може да постои.

Има некои шпекулации дека приведените не се оние вистински убијци…
Ќе слушнете такви шпекулации, не сакам да ги коментирам. Од првиот миг се знаеше кои се во прашање, затоа што тие регистарски таблички на тој Мерцедес ни беа познати. Ние ги бркавме уште од настаните кај Љуботен, за што и се суди Тарчуловски. Тоа е една криминална група која ја нарушува безбедносната состојба во Македонија.

Напишавте во книгата дека парите од исламската мафија завршуваат во џеповите и касите на оџите…
Ние го имавме тој случај овде. Вахабитите кога дојдоа, ставија раце на најпрофитните џамии, каде што се слеваа најголеми пари. Тогаш оџите скокнаа. Јас им зборувам цело време – зошто јавно не им објасните на припадниците на исламот дека Ал Каеда до денеска убила 38 пати повеќе муслимани од сите други конфесии, заедно со тие 3000 што ги убија во светски трговски центар. Секој ден гинат во Иран, а ќе умрат само двајца Американци… па и не е голема штета. Тероризмот и организираниот криминал се сијамски близнаци, само со тоа што тероризмот е вишната на шлагот на тортата. Кога Буш мораше, не дека сакаше, туку мораше да превземе акција против терористите, бидејќи вечерта вечераше со еден од учесниците во терористичкиот акт во светскиот трговски центар. Што тој направи… им дозволи на безбедносните структури да влезат во контрола на финансиските токови, тие се крвоток за терористичката дејност. Сега има школо за шехиди на Косово, ги плаќаат 3000 долари, значи тој што ќе се јави и ќе се разнесе во името на Алахот оди во рај, а неговите добиваат 3000 долари… толку чини животот на еден шехид. Тие пари треба да се дадат… ние сега после војната имаме стотина убиства кои никој не ги кажува поради тоа што голем број припадници на ОНА и на АНА не беа исплатени од нивните команданти, а загинаа. На многу луѓе им ветија по 2000 марки за учество во војната… некои погинаа и командантот си ги зеде парите во џеб. Семејството вели нашиот човек загинал, треба да се плати… тие и сега ги плаќаат семејствата на загинатите Онанисти. Владата тајно му даде на еден оџа во Танушевци да ја исече шумата. Му даде 400 метри во должина и 100 метри во ширина да ги исече дрвата, па да ги продаде, а со тие пари да ги исплати тие… што се во униформи во Танушевци и во Липково. Но тоа му било малку, па тој исекол 2 километри во должина и 500 метри во ширина и си прави тезги во име на шумското стопанство „Караџица“. Прави пари и ги плаќа терористите кои работат против Македонија.

Значи се’ уште на територија на Македонија има вооружени лица?
Точно, кога директорот Жарко Караџа прати единаесет луѓе да го затворат тој пат према Косово што се краде шума. Тие ги собраа единаесетте луѓе, ги држеа таму 12 часа, по што преку преговори се договорија да ги ослободат. Потоа кога пратија пак луѓе да однесат документ да потпише за тоа што ја исекол шумата, повторно ги затворија и им кажаа „Овде не функционира Македонија, овде сме ние! Ако дојдете уште еднаш, нема да се вратите кај вашите“. Им земаа изјави дека нема да смеат да кажат што им се случило… ете тое е решение во Македонија. Карпалак кој го направи? Карпалак е после потпишување на Рамковниот договор. Зошто никој не одговара за командна одговорност? Сите тие луѓе што го направија Карпалак секојдневно не плукаат во Собрание. Тие го организираа тоа со калашниковите… нели е тоа тероризам? Ако ти доаѓаш во Парламент со калашникови и со бомби полни коли, ги фатија ли тука, одговараше ли некој? Ќе најдат Македонец со пиштол без дозвола и одма му поднесуваат кривична пријава за илегално поседување на огнено оружје, пиштол со пет куршуми… не може да си ја убие фамилијата ако му дојдат душманите за да ги спаси од мака и од срам. Тоа е нашата вистина, нашиот секојдневен тероризам. Вака фигуративно го сфаќам и ова наше живеење, оваа наша социјална беда во која се наоѓа нашиот народ. Тоа е рамно на тероризам. Ние кои веќе сме возрасни мора да направиме нешто овој наш народ да почне да живее достојно. Исто така тероризам е кога децата ги туркаме во први борбени редови во наши политички пресметки. Кога беа протестите, кога излегуваа од џамија да протестираат за „Монструм“, од џамија излегоја, протестираа, палеа, кршеа за карикатурите на Мохамет. Па кажете која е таа конфесија која ги учи своите верници дека треба да кршат, палат и убиваат… тие беа подготвени и да убијат, но бидејќи никој не им се спротиствавуваше, немаа ривал со кого да се пресметаат.

Дали мислите дека безбедносните служби во Македонија добро работат?
Не. Тие зачудувачки не работат ништо,меѓутоа не се они виновни, виновно е 20 годишното уништување на се што во тие служби било квалитетно, лојално, на се она што било организациски поставено на ниво, и она што финанскиски било обезбедено. Сега во тие служби под име на безбедносни потреби се се остваруваат лични апетити, се богатат поединци и се финансираат изборни кампањи. Затоа што најголема тајна за мене како професионалец од домените на безбедноста, колку средства во буџетот има определено за агенцијата за разузнавање, за оперативните потреби, колку има ДБК!? Тоа е најголемата тајна. Воената служба не ја ни спомнуваме, таа не е ни нормативно уредена, некако постои. Со таков однос не ни може нешто да се очекува од таквите служби да направат.
Во услови кога националната безбедноста на Македонија се напаѓа и се нарушува, тие го намалуваат оперативниот дел, има 287 дипломирани студенти на факулетот за безбедност кои не можат да најдат работа. А, таму се вработуваат партиски кучиња, кои не разбираат ништо, поради тоа што имаа партиска книшка од оваа владејачка структура. Јас немам ништо против нив, тие да добиваат плата од таму, но се согласувам тоа да биде најсуптилните служби(полициски структури,разузнавачки служби). Во полиција не може секој да работи, поготово не некој со полициско/криминално досие, па уште помалку да биде на некоја висока позиција. Тоа го нема никаде во свет. Во Франција за прием во жандармерија, која што е трети субјект во безбедноста, се врши проверка до 4то колено за политичка подобност. Французите нема да те примат ако си член на владејачката партија во безбедностите структури. Македонија денеска ја тормозат 15 државни разузнавачки служби и една национална(НАТО). НАТО наместо со своите шпиони нас да не штити, тие работат во полза на нашите непријатели затоа што тие им се чинат поблиски и поприфатливи. Или најгрубо речено тие добро плаќаат. Спремни се, знаат да корумпираат и имаат пари да ги корумпираат НАТО структурите со вашите пари.

Кои форми на тероризам се присутни во светски рамки и кои форми на тероризмот се најстрашни за човековата популација?
Нема тероризам пострашен од верски и државен тероризам, се друго е лук и вода. Постојат над триста дефиниции за тероризмот во светот, меѓутоа во ниедна од нив не стои дека терористи се и нашите терористи. Него терористи се сите оние други, но нашите не се терористи, бидејќи тие убиваат за наша сметка. Тоа е таа перверзија на современи политички доктрини, а тероризмот е политика. Ако е војната продолжение на политиката со радикални средства, тероризмот е еден од тие средства. Ако некој прашува за тероризмот кажете му дека тој не се разбира во тероризмот и дека никој не може да даде дефиниција што е тероризам.
Најмонструозни војни се водени во времето на крстоносните војни. Паскал, еден од теоретичарите на тероризмот кажува дека најстрашни се оние терористички акции во кои луѓето настапуваат од убедување. Тие се и најкрвави. Куранот, основниот вид на учење на муслиманите не пропагира терор, меѓутоа радикалните структури за потреби на било какви цели го радикализираат учењето на Куранот. Вахабитите, Салафитите, Тарикатите и останатите муслимански секти продуцираат терор и велат дека тој што ќе учествува во нивните акции за ослободување на муслиманите односно преориентирање на христијаните и други конфесии во ислам и создавање на една сеисламска светска држава Исламистан од Атлантик, Португалија до Владивосток ќе оди директно во рајот. Дозволени се сите средства, под знамето на Алах со барут и кама освојување и на територии и на души и преориентирање на другите конфесии во Ислам. Некои философи и политичари во нашето опкружување говорат дека исламот е најнапредно верско учење, бидејќи е најмлад и има можност да ги прифати најдобрите делови од теоријата и практиката на теологиите од другите конфесии. Меѓутоа тоа не е така, бидејќи и самиот Мухамет го имаат изневерено во своите учења, бидејќи велат дека оној што ќе се самоубие како припадник на џихадот, на светата војна ќе биде шехид, а шехиди се самоубијци кои после акцијата веднаш одат директно во рајот.

Колку е присутен тероризмот во Македонија и на соседните простори?
Нашите терористи, на нашата територија кои Американците ги истворија во ликот на импортирани терористи од Косово и од Република Албанија, именувани како ОНА, чии припадници јас ги нарекувам како Онанисти и припадници на АНА (Албанската национална армија) кои после заклучување на принудниот мир, во кој ние практично Македонија и Македонците ја изгубивме добиената војна ни ги донесоа ветераните на ОНА (Ослободителна народна армија) и ОВК (Ослободителна војска на Косово) во форма на Албанската национална армија, во форма на ФАРК (Вооружени сили на Република Косово) и во форма на делување на една радикална исламиска терористичка организација која е присутна на наши простори уште од 1994, 1995 година во Струшко која се именува како УНИКОН. За која ниту структурите на безбедноста во Република Македонија, задолжени да се пресметуваат со сите облици на радикален тероризам не смеат да ја споменат, а не да превземат нешто. Од тие причини ние денеска се пазариме со отворени заговорници против политиката и соживотот на Македонците и Албанците на овие простори со луѓе кои отворено на трибини, каде што никогаш не би смееле да бидат присутни поради нивната политичка и безбедносна неподобност. Тие упатуваат закани до суверинитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и никој од актуелната Власт не им се спротиставува затоа што и самите тие се дел од заговорници против безбедноста на нашата суверена и демократска држава под име Република Македонија, која треба да биде заедница на повеќето ентитети, мултиконфесионална и мултинационална, а сметам и дека мора да бидеме и заедница која во преден план ќе ги има интересите на социјалниот бит на македонскиот граѓанин, без разлика на неговата припадност.
На нашите простори беше искористена една платформа која беше истворена, пак, од нашите големи пријатели САД и Англија, а тоа беше пред 100 години создавањето на Призренска лига во Призрен каде што се поставија темелите на една профашистичка, бидејќи подоцна втората Призренска лига беше озаконета, подржана и организирана од страна на Хитлер, за после Втората светска војна Американците да ја подржат третата Призренска лига, ги формираа Комитетот за Американско-Албанска соработка и друштвото за Албанско-Американско пријателство во Њу Џерси и во Њујорк и од таму практично ја спроведуваат и ја остваруваат политиката на една голема албанска творба, а ние знаеме дека на овие простори сите заговарања на големи албански творби носеле само крв, солзи и мака. Не донеле на ниту еден творец на таа доктрина некаков си профит, во смисла на повеќе слобода, подобар живот, поголема рамноправност и поголемо заемно почитување меѓу луѓето кои по ред на нештата се нашле на овој крстопат на народите да живеат во една мултинационална држава.
До пред година дена преку Призренската лига се остваруваше платформата на паналбанизам и тоа им беше доволно како прва фаза на творците на радикалниот ислам и на исламскиот фундаментализам. Саудиска Арабија финансираше се што беше потребно за разгорување на една паравојска на простори во Косово, Македонија, Црна Гора, па и Чемерија (Северен Епир), тоа е територија на која живеат Албанци која денес во овој миг кога говориме за тероризам во која спаѓаат паравојските и сите оние структури што ги организираат САД и нивните сојузници во формации на платена војска, во формација на к*рви на војната, сите тие се терористички организации кои ги остваруваат интересите на одредена политичко-економско-воена групација или на една одредена држава. Во оној миг кога беа остварени потребите за разгорување и прифаќање на тој паналбанизам како платформа, како верување за обединување на сите Албанци на просторите на Балканот, од Саудиска Арабија дојде налог и беше кажано на првенците на албанското движење дека завршува пониската фаза за обединување на Албанците и настапува втората фаза, а тоа е фазата на панисламизмот. Сите акции понатаму ќе следат како панисламизам, затоа што тоа го покажаа војната од 1999-та година и војната од 2001-та година во Македонија и се она што е пост овие војни.

Како можеме да се справиме со стегите на тероризмот!?
Имаме капацитети да се спротивставиме на тероризмот. Имаме и кадровски и организациски. За да направиме благопријатна безбедноста политичка состојба во државата ни фали политичка волја. Немаме политичка волја да се справиме со она што ни се случува.Не може ние терористите да ги гледаме како наши и нивни терористи. Терористот мора да биде ист. Мене ме вчудоневиди кога партиите од другиот ентитет станаа во одбрана на убијците на четирите млади момчиња и еден македонски граѓанин. Тие станаа во одбрана на граѓаните кои беа приведувани. Не се согласувам со некои театри кои се спроведуваат при приведување на лица на распит. Меѓутоа во такви состојби мора да се делува одлучно па и ако се погреши ќе се сносат последици отпосле. Ама прво мора да се изврши задачата. Беа приведени луѓе, меѓу тие беа и некои кои беа погрешно приведени. За тоа некој треба да одговара.

Мислите ли дека стремењето кон НАТО може да донесе тероризам од арапските земји?
Јас сум апсолутно заговорник на една универзална организација која ќе ги штити интересите на сите држави и на нивните граѓани во светски рамки, но не сум заговорник на тоа да ме штити Обединети нации како организација на Американците (бидејќи тие и најмногу ја финансираат) и тие апсолутно командуваат со организацијата. Затоа тие можеа да ги остварат и војните против Југославија, Авганистан и Ирак. Тие се однесуваат како светски полицаец кој станува опасен. Слично како питбул кога ќе се откачи од водачот и ќе стане опасен. Јас сум приврзаник на НАТО како воено-политички сојуз, не сум приврзаник на НАТО терористи. Го поздравив нашето приклучување на антитерористичката коалциија на чело со САД, но не се согласувам моите војници на мој трошок да одат и да војуваат во Авганистан за интересите на петрол фирмите. Денес сите што гинат за овие цели се погребувани како мртви кучиња. Познати американски автори кажуваат дека радикалниот исламски тероризам е создаден од военополитички структури на САД, пред се’ Пентагон, ЦИА и други. Створени се заради остварување на тесните економски профитни интереси на петро компаниите за енергенси и гас, во кои најголем процент во акциите ги имаат токму луѓето на Пентагон, ЦИА и департманите на САД. Во оваа концепција, Американците не ги поштедуваат ниту своите пријатели. Тие ја покажуваат тезата „имаме интереси, а не пријатели“. Пример се тргнатите „пријатели“ како Садам Хусеин, Мубарак…

Едни велат дека тоа биле Германците, други Бугарите, а трети пак Албанците… од кого се ослободуваа Македонците во ослободителната борба за Скопје во 1944-та година?
Сите што погинаа за ослободување на Скопје, не изгинаа од Бугарите, ниту Германците… Германците избегаа, го минираа „Камени мост“ и избегаа. Нашите изгинаа од Балистите од Глумово. Мојот кум што ме држел на рака, Драган Шутевски, 1944 година, загина на Треска од Балисти од Глумово. Колку македонски семејства. Колку чесни албански семејства се зацрнети од Џемаил Хасани – Џемо, на кого сакаат да му прават споменик во Гостивар. Тој не бил војник, тој бил терорист.
Ние Шота ја играме. Нема свадба на која не се нарачува Шота. А Шота Галица ја испеала таа песна што ја играме ние сите идиоти. Шота на Шар планина фатила 6 дечиња, од 6 до 12 години. Ги врзала, како христијанчиња во еден сноп и ги запалила. Додека овие деца гореле и вриштеле, таа со својата чета ја играла Шота Галица. Кај Србите кога некој ќе ја нарача на свадба Шота Галица, настануваат расправии. Ние живеевме во лага. Имаше многу убави работи во браство и единство. Но имаше и многу работи што ни направија непријатности и негативности.

http://www.primetime.mk/babanovski-vo-makedonija-ima-opasni-teroristichki-organizacii-i-nikoj-ne-prezema-nishto/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty31/1/2013, 14:43

Екс-лидерот на УЧК стана почесен граѓанин на Тетово

Одлуката била донесена на денешната седница на Советот на општина Тетотво, на која не биле присутни ниту еден од деветте одборници од македонските партиии. Тие се огласија со соопштение веднаш по донесувањето на одлуката.

-Внесувањето на предлог одлуката за именување на Рамуш Харадинај за почесен граѓанин на општина Тетово на дневен ред само на еден ден пред одржувањето на седницата и без претходна поширока и посериозна дебата, во најмала рака е несериозен и деградирачки потег. Тетово е голема општина која ги засега интересите на многу поголем број граѓани, општина во која не се решени многу суштински проблеми од витален интерес и кои чекаат ургентно решавање. Ако сме сериозни политичари приоритет треба да да им дадеме на суштинските одлуки а не на ваквите протоколарни одлуки кои се во функција на предизборниот политички маркетинг, стои во соопштението на одборниците од македонскиот блок од партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, НДСП и ВМРО-НП.

Тие најавуваат дека веќе нема да се учествуваат во работата на седниците на Советот се до неговото распуштање.

-Одлуката за прогласување на Рамуш Харадинај за почесен граѓанин на општина Тетово беше донесена со акламација на сите 19 одборници од албанските политички партии. Во образложението Рамуш Харадинај беше претставен како политичка фигура која имала голема заслуга за унапредувањето на човековите права, како заштитник на демократијата и како праведен човек кој многу направал за зајакнување на врските меѓу Албанците и Македонците во Косово и Македонија. Според одлуката, признанието ќе му биде доделено на свечена седница на 4 февруари оваа година, пишува Вест.

Според Вест, ДПА и нејзиниот претседател Мендух Тачи одлично соработуваат со Харадинај и со неговото семејство. Рамуш Харадинај неколкупати се сретнал со Тачи, додека, неговиот брат Дау Харадинај бил присутен на скоро секоја изборна конвенција на ДПА.

NO COMMENT! aplauz
Вратете се на почетокот Go down
gladiator_17




Број на мислења : 35

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty1/2/2013, 23:13

Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty2/2/2013, 11:05

gladiator_17 напиша:
http://plusinfo.mk/vest/78720/Generalot-Kotevski-preku-Ivanov-kje-izdejstvuva-zadolzhitelen-voen-rok

Neka im najde Kotevski i generalite okolu nego RABOTA (NE VO ARMIJA ILI POLICIJA)na tie sto ke gi otpustat za voeniot rok, bidejki nikoj gazda ne tolerira rabotnik da mu bide nekolku meseci otsuten.

Prva rabota voeniot rok ne trebase da bide ukinat nikako tuku trebase da prodolzi do den denes i nemase da ima vakvi problemi.

Vtora rabota prvo neka otsluzat voen rok decata na site politicari, bogatasi itn., i vednas avtomatski da vlezat vo rezerven sostav, a ne da gi prakaat vo stranstvo ako pukne vojna, a mene ne mi padja na pamet da idam da im go branam imotot i da krvaram za nekoj ligus sto ke se vrati da se kurci koga ke pomine sranjeto.

Treta rabota ne daj boze da dojde vo vojna kako ke mu veruvam na toj do mene sto e Albanec deka nema da go svrti protiv mene oruzjeto i da me likvidira ili namesti vo zaseda. A sigurno ke ima takvi slucaevi i toa mnogu bidejki e toa sosema normalno bidejki nitu jas kako Makedonec nema da pukam protiv Makedonec ako sum vo nekoja druga vojska zaradi nekoj koj e protiv mene i mojot narod a da go branam.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty2/2/2013, 11:54

Да, држи вода сето ова погоре.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty2/2/2013, 11:57

HolyTemple напиша:
gladiator_17 напиша:
http://plusinfo.mk/vest/78720/Generalot-Kotevski-preku-Ivanov-kje-izdejstvuva-zadolzhitelen-voen-rok

Neka im najde Kotevski i generalite okolu nego RABOTA (NE VO ARMIJA ILI POLICIJA)na tie sto ke gi otpustat za voeniot rok, bidejki nikoj gazda ne tolerira rabotnik da mu bide nekolku meseci otsuten.

Prva rabota voeniot rok ne trebase da bide ukinat nikako tuku trebase da prodolzi do den denes i nemase da ima vakvi problemi.

Vtora rabota prvo neka otsluzat voen rok decata na site politicari, bogatasi itn., i vednas avtomatski da vlezat vo rezerven sostav, a ne da gi prakaat vo stranstvo ako pukne vojna, a mene ne mi padja na pamet da idam da im go branam imotot i da krvaram za nekoj ligus sto ke se vrati da se kurci koga ke pomine sranjeto.

Treta rabota ne daj boze da dojde vo vojna kako ke mu veruvam na toj do mene sto e Albanec deka nema da go svrti protiv mene oruzjeto i da me likvidira ili namesti vo zaseda. A sigurno ke ima takvi slucaevi i toa mnogu bidejki e toa sosema normalno bidejki nitu jas kako Makedonec nema da pukam protiv Makedonec ako sum vo nekoja druga vojska zaradi nekoj koj e protiv mene i mojot narod a da go branam.

Holy навистина не можам да се сложам со тврдењето дека нема да ја браниш татковината поради некој лигуш? Ова досега го имам слушано од многумина како и она „што ми дала Македонија ( немам работа, немам ова, немам она )“ и навистина ми иритира. Патриотизам не е што татковината направила за тебе, туку што ти си направил за неа. Што се однесува до лигушите, јас нема да одам за да го бранам нивниот имот, туку да ја бранам мојата Македонија. И за на крај ќе го цитирам српскиот Кнез Лазар: „Јас не одлучувам дали ќе одам во битка по тоа колкава сила ми се заканува, туку по тоа колкава светост бранам

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
gladiator_17




Број на мислења : 35

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty2/2/2013, 12:31

HolyTemple напиша:
gladiator_17 напиша:
http://plusinfo.mk/vest/78720/Generalot-Kotevski-preku-Ivanov-kje-izdejstvuva-zadolzhitelen-voen-rok

Neka im najde Kotevski i generalite okolu nego RABOTA (NE VO ARMIJA ILI POLICIJA)na tie sto ke gi otpustat za voeniot rok, bidejki nikoj gazda ne tolerira rabotnik da mu bide nekolku meseci otsuten.

Prva rabota voeniot rok ne trebase da bide ukinat nikako tuku trebase da prodolzi do den denes i nemase da ima vakvi problemi.

Vtora rabota prvo neka otsluzat voen rok decata na site politicari, bogatasi itn., i vednas avtomatski da vlezat vo rezerven sostav, a ne da gi prakaat vo stranstvo ako pukne vojna, a mene ne mi padja na pamet da idam da im go branam imotot i da krvaram za nekoj ligus sto ke se vrati da se kurci koga ke pomine sranjeto.

Treta rabota ne daj boze da dojde vo vojna kako ke mu veruvam na toj do mene sto e Albanec deka nema da go svrti protiv mene oruzjeto i da me likvidira ili namesti vo zaseda. A sigurno ke ima takvi slucaevi i toa mnogu bidejki e toa sosema normalno bidejki nitu jas kako Makedonec nema da pukam protiv Makedonec ako sum vo nekoja druga vojska zaradi nekoj koj e protiv mene i mojot narod a da go branam.

Mislam deka i 2001 imase ligusi, no uspesno nasite vojnici se spravuvaa, no sto da im prais na tie ligusite gore (mislam na politicarite) toa e problemot Wink
A sto se odnesuva za voveduvanje voen rok, jas sum za, zs mislam deka kaj brakava mladite vo golem procent znaat da rakuvaat zo oruzje (barem lesno), toa ne e tajna veke gledame sekojdnevno, a na nasive mislam deka 90% nemaat ni dopreno nekoj vid na oruzje, a da ne zboruvame za poveke...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty2/2/2013, 16:37

Генерале, одлича анализа на г-динот Бабановски, секоја чест! aplauz
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty2/2/2013, 16:47

Генерал напиша:
HolyTemple напиша:
gladiator_17 напиша:
http://plusinfo.mk/vest/78720/Generalot-Kotevski-preku-Ivanov-kje-izdejstvuva-zadolzhitelen-voen-rok

Neka im najde Kotevski i generalite okolu nego RABOTA (NE VO ARMIJA ILI POLICIJA)na tie sto ke gi otpustat za voeniot rok, bidejki nikoj gazda ne tolerira rabotnik da mu bide nekolku meseci otsuten.

Prva rabota voeniot rok ne trebase da bide ukinat nikako tuku trebase da prodolzi do den denes i nemase da ima vakvi problemi.

Vtora rabota prvo neka otsluzat voen rok decata na site politicari, bogatasi itn., i vednas avtomatski da vlezat vo rezerven sostav, a ne da gi prakaat vo stranstvo ako pukne vojna, a mene ne mi padja na pamet da idam da im go branam imotot i da krvaram za nekoj ligus sto ke se vrati da se kurci koga ke pomine sranjeto.

Treta rabota ne daj boze da dojde vo vojna kako ke mu veruvam na toj do mene sto e Albanec deka nema da go svrti protiv mene oruzjeto i da me likvidira ili namesti vo zaseda. A sigurno ke ima takvi slucaevi i toa mnogu bidejki e toa sosema normalno bidejki nitu jas kako Makedonec nema da pukam protiv Makedonec ako sum vo nekoja druga vojska zaradi nekoj koj e protiv mene i mojot narod a da go branam.

Holy навистина не можам да се сложам со тврдењето дека нема да ја браниш татковината поради некој лигуш? Ова досега го имам слушано од многумина како и она „што ми дала Македонија ( немам работа, немам ова, немам она )“ и навистина ми иритира. Патриотизам не е што татковината направила за тебе, туку што ти си направил за неа. Што се однесува до лигушите, јас нема да одам за да го бранам нивниот имот, туку да ја бранам мојата Македонија. И за на крај ќе го цитирам српскиот Кнез Лазар: „Јас не одлучувам дали ќе одам во битка по тоа колкава сила ми се заканува, туку по тоа колкава светост бранам
Vo potpolnost se slozuvam so Generalot, dobar citat na predhodno kazanoto!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 33 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 33 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 18 ... 32, 33, 34 ... 66 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: