|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 29/3/2013, 00:36 | |
| Полека луѓе, полека. Курир е тоа.
П.С Ако е точно ова, а набрзо ќе се дознае, тогаш ќе треба друга песна да пееме... ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 29/3/2013, 01:24 | |
| Без разлика на тоа што СДСМ гласале (никој не очекува нешто подобро од нив нели?), ниту ВМРО - ДПМНЕ не се подобри. Пред се мислам дека треба ВМРО да го тргнат од своето има бидејќи од синоним на македонскиот непокор станува синоним за потсмев во Македонија и исполнување на албанските идеали. Мислам дека народот треба својата поддршка да ја упати кон одредена трета партија и да им се даде шанса на други политичари, а не само на крвопијците од СДСМ и ДПМНЕ. Меѓутоа доста е политика, доста се делевме. Време е македонскиот народ да почне да покажува знаци на живот... | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 29/3/2013, 11:53 | |
| ДИК одлучи – нема втор круг во Кичево, Дехари е градоначалник. Сеуште неизвесно за Струмица Државната изборна комисија денеска продолжи да ги разгледува преостанатите приговори за првиот круг од локалните избори, иако рокот за тоа истече синоќа во 19 часот. ДИК на денешното продолжение на седницата одлучи за уште два приговора за гласањето во Струмица, како и за приговорите на НДП за Гостивар, на ДУИ за Шуто Оризари и за приговорите на ДПА за Чаир. За време на ноќешното заседание ДИК прифати еден приговор за Струмица, каде што можно е да има прегласување на едно избирачко место. Членовите на ДИК со три гласа „за“, два воздржани и два против ги отфрлија приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за процесот на гласање во Кичево.Законскиот рок од 48 часа на ДИК заврши синоќа во 19 часот, а членовите на Комисијата ја прекинаа седницата рано изутрината во три часот. ДИК, која започна со разгледување на приговорите завчера и е во постојано заседание, досега разгледа повеќе од половината поднесени забелешки за нерегуларности на изборниот процес од страна на политичките партии. До синоќа до 21 часот, поништено беше гласањето на едно избирачко место во Охрид, а делумно беа прифатени и со можност за прекршочни пријави или дисциплински постапки дваесетина приговори. Овие приговори се однесуваат, генерално, на прекршоци направени од страна на членови на избирачките одбори. По истекот на рокот политичките партии ќе имаат повторно 48 часа да поднесат тужби до Управниот суд чии одлуки се последни и конечни и по кои ќе се знае дали и каде ќе има прегласување. Рокот на Управниот суд завршува во понеделник, а веќе во вторник или среда треба да се изврши печатењето на избирачките ливчиња за вториот круг од изборите што треба да се одржи на 7 април. http://libertas.mkПосле нема да им е јасно зошто губат ко магариња седум пати по ред. Ебате мифките ебате. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 29/3/2013, 14:11 | |
| Да му ебем матер нивна да му ебам идиотска! | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 29/3/2013, 16:17 | |
| СДСМ најави тужби за Латас, Горан Иванов и Курир Режимските мегафони се обидуваат да го исперат ВМРО-ДПМНЕ за своите срамни одлуки за изборниот процес во Кичево и токму заради сите изнесени невистини и клевети најавуваме тужби против новинарот Драган Павловиќ-Латас, главниот и одговорен уредник на Сител Телевизија, Горан Иванов и против одговорните лица на интернет порталот „Курир“, известија од најголемата опозициска партија. Од СДСМ велат дека приговорите кои ВМРО-ДПМНЕ ги доставило до ДИК се однесуваат за две гласачки места, 0793 и 0734 во Кичево, каде вкупно има запишано 1.990 гласачи. „Бидејќи разликата која во своја полза ја има Фатмир Дехари е 2.330 гласови, дури и сите запишани гласачи на овие две оспорени гласачки места да гласаат 100 проценти за Благоја Депостоски, не е возможно да се смени изборниот резултат. Оттука, изнесените манипулации на Драган Павловиќ-Латас и Сител Телевизија и интернет порталот Курир дека доколку се поништело гласањето на овие изборни места ќе се сменел исходот во Кичево, се најобична лага. Инаку, на 24 март, Благоја Деспотоски на локалните избори во овие оспорени гласачки места, во 0793 освоил само 3 гласови, а во 0734 освоил 219 или вкупно 222 гласови. Овој податок најдобро говори зошто ВМРО-ДПМНЕ ги избрал овие гласачки места за приговори. ВМРО-ДПМНЕ глуми патриотизам најдобар доказ е фактот што приговорот за едно од вкупно двете оспорени гласачките места-0793 каде има запишано вкупно 1.173 гласачи, членот на извршниот комитет на владејачката партија, Владимир Пешевски го доставил во ДИК на 25 март во 00:30 минути, односно 30 минути после законскиот рок во кој можел да го достави, што за нас не е сфатливо како вицепремиер може случајно да направи ваков пропуст. Или е неспособен или намерно го направил формалниот пропуст. Не е точно дека претставниците на СДСМ во ДИК гласаа против овие приговори, туку се воздржаа од гласање, заради цврстата определба да ја почитуваме правната држава и Изборниот закон, и да не бидеме соучесници во незаконската и политички провидната игра на ВМРО ДПМНЕ за Кичево, преку која треба да се сокријат гнасните валканици на режимот и лажниот мит за Никола Груевски“, се вели во писмената реакција на СДСМ. http://www.plusinfo.mk/vest/86593/SDSM-najavi-tuzhbi-za-Latas-Goran-Ivanov-i-KurirФОТО: Еве ја вистината за Кичево http://www.sky.mk/index.php/makedonija/13069-foto-eve-ja-vistinata-za-kichevoНастрана двојниве игри на СДСМ, полека полека излегува на виделина целава перипетија околу Кичево. Сега гледам на Сител дека поради предавството на СДС за Кичево, ДПА и ДПМНЕ ја оспориле победата на Заев во Струмица, со што ќе има гласање во втор круг. Значи ДПМНЕ однапред поднесува приговори за резултатите на две гласачки места кој нема да имаат никаков ефект дури и ако се прегласаат (а демек ќе излезат патриоти кој не го даваат градот на коалиционите партнери УЧК).... за да евентуално пробаат да ја земат Струмица која им е очигледно побитна од Кичево. Сепак не е се така црно и бело како што велат од ДПМНЕ, Сител и Курир. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 29/3/2013, 20:34 | |
| Во ред е сето тоа, држи место и глумењето патриотизам, ама зошто да се воздржани, нека глумат и тие патриотизам, нека не ми кажуваат тука демек несакале да учествуваат во незаконски дејства, мај ес, подобро така него анти патриотски.
Ајде..чорба, него да се молиме за Струга... | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2013, 01:53 | |
| ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2013, 02:04 | |
| Затоа на „Шверцери“ и одрија 3 годишна забрана за влез во „СЦ Борис Трајковски“... | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2013, 11:09 | |
| Досие „Лирија“: знамето не го сакаат, химната ја исвиркуваат, ја величат Голема Албанија, а уживаат да навредуваат Македонци Случувањата на синоќешниот меч помеѓу Лирија и Куманово, на кој се случи скандал кога најголем дел од навивачите на тимот од Сарај ја исвиркаа македонската химна и седеа за време на нејзиното интонирање, го наметна прашањето до кога Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ќе го толерира однесувањето на навивачите на тимот од Сарај и дали тој воопшто заслужува да биде дел од македонската кошаркарска сцена. Тоа беше пресметка од првата фаза на завршницата од Купот на Македонија, која наместо да биде запаметена како празник на кошарката, сепак, ќе биде запишана со црни букви во историјата на овој спорт по инцидентот што го направи групата „Ребелет“. Згора на тоа, понижувањето на знамето и на химната од страна на навивачите на Лирија максимално ја наелектризира атмосферата и ги испровоцира останатите присутни во салата па бевме сведоци на канонада од навреди на национална основа од двете стрени што најверојатно и немаше да се случи да не беше инцидентот од пред почетокот на средбата. Синоќешниот скандал е само последен од долгата низа инциденти, кои во последниве две години се поврзани со Лирија односно со нивните навивачи. Досието е исполнето со проблеми, но, за некое чудо, ниту клубот е нешто посериозно казнет од МКФ ниту, пак, неговите навивачи се казнувани од полицијата за нарушување на Законот за спречување насилство и недолично однесување на спортските терени. Досието „Лирија“ почна да се полни на почетокот од сезоната 2010/2011 кога речиси цела прва полусезона предводниците на клубот одбиваа да го истакнат македонското знаме во салата каде што играат. МКФ дури по реакциите од јавноста на неколку пати го казни клубот парично по што беше прволигашот од Сарај беше приморан да го стави симболот на државноста, но не таму каде што треба, на највисокиот јарбол во салата, туку на речиси сокриено место каде што би стоело за да ја задоволи бараната форма. Националистичките рефрени, величењето на Голема Албанија и навредите кон македонскиот народ се дел од постојаниот репертоар на навивачите на Лирија без разлика дали тие играле во Сараја или, пак, претходно во Бутел. Сведоци на нивното националистичко шоу биле дури и поранешниот американски амбасадор Филип Рикер и поранешниот министер за здравство, Бујар Османи, на мечот против Работнички во ноември 2010 година, но и тоа не беше доволно за посериозна казна. Со преселбата на клубот од Бутел во Сарај страстите малку се смирија бидејќи за екипата повеќе не навиваа навивачите на некогашна Слога Југомагнат, популарните „шверцери“. Но, како што тимот играше се подобро сезонава и најавуваше борба за висок пласман така се зголемуваше бројот на навивачи во населбата Сарај. На трибините повторно редовен декор со десетина албански знамиња и повторно со познатите рефрени за величење на албанската кауза како и пцовки против „каурските пи*ки“. Круна за сето тоа беше инцидентот по мечот со Куманово на стартот од Суперлигата кога имаше канонада со лименки и пластични шишињеа кон противниците, но и мала битка со полицијата надвор од салата. Тогаш беа слушнати дополнителни навредувачки слогани во кои во негативен контекст беа ставени музичката икона Тоше Проески како и „македонското девојче“. Помалку или повеќе овој навивачки стил траеше се до куп-завршницата каде што кулминира со синоќешното понижување на македонската химна и знаме. Тука мора да се споменат и условите за игра во салата во Сарај каде што судиите се среќаваа со голем притисок од голем број неофицијални лица, кои буквално како шерифи шетаа крај аут линиите и влегуваа во теренот кога не беа задоволни од нивните одлуки заканувајќи им се ако продолжат со, според нив, судењето против Лирија. Ова се само најсилните примери на инцидентите поврзани со Лирија и со нивните навивачи во последниве две години. Поситни проблеми имало уште многу, но тие и не се вредни за споменување. Останува да се чека на реакцијата на МКФ и на МВР иако досегашните примери укажуваат дека таа или ќе биде блага или, пак, целосно ќе изостане. Во кошаркарската јавност веќе подолг период се наметнува прашањето дали ваков клуб треба да игра во натпреварување чиј предзнак е македонски. Многумина ќе речат дека клубот не може да биде казнет за постапките на неговите навивачи. Но, има многу примери дека тоа мора да биде така бидејќи клубот е должен да работи со нив, да ги едуцира и да ги советува да не прават проблеми. Една Англија беше пет години надвор од европската фудбалска клупска сцена поради однесувањето на навивачите. Тоа би требало да биде репер за луѓето во МКФ при одредувањето на казните. Ако не можете да ги дисциплинирате своите следбеници не заслужувате да играте во елитна конкуренција. Ова би требало да важи не само за Лирија туку и за сите останати клубови во сите спортови. http://www.mkd.mk/21340/sport/dosie-lirija-znameto-ne-go-sakaat-himnata-ja-isvirkuvaat-ja-velicat-golema-albanija-a-uzivaat-da-navreduvaat-makedonci ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2013, 11:20 | |
| Локални избори ама со широки рамки Од фундаментално значење ќе биде ако случувањата околу овие избори ни ги отворат очите и, без одлагање, започнеме да ги спречуваме процесите на албанизација кои секојдневно ни се случуваат и долгорочно ја поткопуваат заедничката иднина на сите граѓани. Досега, ниту едни локални избори не кренаа толку врева како последниве (март, 2013). Малку е веројатно дека и во блиска иднина ќе се случи нешто слично. Причините се бројни и неспорни. Прво, на изборите им претходеше длабока парламентарна криза која набргу прерасна и во политичка. На 24 декември 2012, во Собранието се случи тежок инцидент после кој опозицијата започна бојкот на законодавниот дом, со паралелно инсистирање за предвремени парламентарни избори. Одлучно тврдеа дека, со инцидентот, овој состав на Собранието за нив го загуби својот легитимитет и дека тие ќе се вратат назад само после нови избори. Може да се дискутира за релевантноста на горниот став на опозицијата, меѓутоа, правото да инсистираат на нови избори, никој не може да им го оспори. Настаните во Собранието, и на 24 декември, ама и се што претходеше, заслужуваат и официјална истрага, и објективна политичка анализа. Во најмала рака, барем, за да се осигуриме дека такво нешто нема да ни се повтори. Политичката клима во земјата се вжештуваше. Поделбите меѓу Македонците се историски факт, и некој вид судбина, ама, како изгледа, овој пат се постигнаа рекордни длабочини. Конфронтацијата меѓу позицијата и опозицијата стана тотална. Опозицијата ја повлече дури и раката која ја имаше испружено за согласноста (минимална) околу решавањето на проблемот со името. И, додека имаше некаква логика да се бојкотира Собранието, без разбирлива аргументација, опозицијата реши да ги бојкотира и локалните избори, кои веќе беа закажани за 24 март. Основа за таков потег немаше, освен евентуална намера - да се доведе земјата во ќор-сокак. Во структурата на државата, Собранието и локалната самоуправа се два сосема издвоени сегменти кои немаат функционални врски. Затоа, потегот на опозицијата беше нецелесообразен. Тоа е исто како да имаш проблем во фудбалската лига и, место да го решаваш истиот во рамките на федерацијата, го блокираш и ракометното првенство. Второ, атрактивноста и актуелноста на локалните избори не дојде до израз само поради внатрешните политички превирања. Нагласено значење изборите добија можеби уште повеќе заради напорите на Брисел Македонија да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Веднаш после изборите, во април, комисијата треба да припреми вонреден извештај за земјата, кој во јуни може да донесе и датум. А парламентарната и политичка криза, филувана со бојкотот на локалните избори, не оставаше никаква шанса извештајот да биде позитивен. Познато е што следеше. Дојдоа од Брисел и не третираа како мали деца. Ни ги истегнаа ушите, и се се среди. Опозицијата се врати во Собранието, прифати да учествува на изборите... Третиот елемент, ама не и најмалку важен, кој овие избори ги направи посебни е отворената големоалбанска кампања на (дел од) албанските кандидати за градоначалници. Треба да им бидеме благодарни што, на крајот, ги отворија картите. Така, сега на сите им е јасно што ни се случува, иако вешто прикриено, сите овие години после 2001-та. Ни потврдија дека тие, цело време, чекор по чекор, милиметар по милиметар, плански ја албанизираат земјава, со цел еден ден да не стават пред свршен чин. Очигледно, тоа го прават смислено и во договор со единствената супер сила, која е нивни стратегиски партнер и заштитник во регионов. За таквата спрега постојат бројни докази. Откако Дехари и Меџити отворено ни посочија дека Македонија ја рушат од внатре, и неодамнешните американски изјави, дека нема (нови!) промени на границите на Балканот, добија свое логично објаснување. Тие ставови на Вашингтон беа повод некои аналитичари во земјава пребргу да заклучат дека САД го отфрлија големоалбанскиот проект, без да забележат дека, со создавањето на втора албанска држава, Косово, преку 75 проценти од него се веќе завршени. И, дека остана уште само – Македонија. И, за да се кутне и таа, се албанизираат делови од земјата. Така, нема да биде потребна (насилна) промена на границите! Овие случувања кај нас мора да се гледаат и во контекст на формирањето на Заедница на српски општини, на Косово, која треба да има специјални овластувања. Тоа е опасен преседан. Иако, во име на ЕУ, Ештон е експонирана како медијатор во преговорите меѓу Белград и Приштина, кога во Брисел доаѓаат Дачиќ и Тачи, таму постојано е и - Филип Рикер. Не треба да има никакви дилеми дека тој (Вашингтон) ги влече главните конци. Косово е нивна рожба и тие нема да дозволат да се случи што било надвор од нивните намери и планови. Ештон е само нивна асистентка. А, секогаш кога САД ја кројат иднината (и судбината) на регионот, ние мораме да бидеме загрижени. Се разбира доколку нешто научивме од историјата која ја живееме последните 20-тина години и, особено, после 2001-та. Не треба да бидеме наивни. „Концесиите“ кои ќе ги даде Косово, најверојатно, многу бргу, ќе се бараат и од нас! По истата логика на сврзани садови – 1999-та, кај нив; 2001-та, кај нас. За Приштина, отстапките нема (скоро) ништо да значат. Косово е неповратно албанско и Србите ќе продолжат да се иселуваат. А нас, „формулата“ може да не води кон катастрофа. Со добивките кои Рикер ги оркестрира во корист на Србија, САД ем ќе го придобијат Белград ама, уште повеќе, ќе создадат механизам со кој ќе се руши Македонија. Во тие рамки треба да се гледа и битката за Кичево и илјадниците иселеници кои беа донесени на „историско гласање“. Тоа е подготовка за некакво обединување на општините со албанско мнозинство, за што веќе имавме иницијативи и во минатото, ама сега ќе имаме и пример. На тој начин, ќе се разбие унитарниот карактер на Македонија и ќе се отвори патот за федерализација. Целта ќе се постигне, без да се менуваат границите. Се разбира, само формално! Сегашните случувања околу Косово можат да се покажат идентични на техниката која САД ја спроведе на состанокот во Рамбује. Под притисок на САД, истиот Тачи (привремено, тактички) се сложи со неприфатливи работи во текстот, само да се овозможи Србија да го отфрли договорот, кој беше навредлив за една суверена држава. Така се отвори патот за воена интервенција. Да се вратиме на изборите. Народот, како секогаш, ја покажа својата величина. Ја сфати важноста на моментот. Му беше јасно што се случува и масовно излезе на изборите. Инстинктот проработи. Опозицијата беше сериозно казнета ама, на другиот терен, многу не се постигна. Сепак, од фундаментално значење ќе биде ако случувањата околу овие избори ни ги отворат очите и, без одлагање, започнеме да ги спречуваме процесите на албанизација кои секојдневно ни се случуваат и долгорочно ја поткопуваат заедничката иднина на сите граѓани. Прв чекор, на пример, може да биде враќање на имињата на нелегално прекрстените училишта. И на Албанците во целина, ама и на Вашингтон, мора отворено и јасно да им се стави до знаење дека Македонија не можат да ја срушат без војна. Да се опоменат дека, ако продолжат вака, ќе има долга, крвава војна, пострашна и од таа во Босна. Ристо Никовски http://www.mkd.mk/kolumni/lokalni-izbori-ama-so-shiroki-ramki ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|