|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/6/2013, 21:53 | |
| ИНТЕРВЈУ:ПРОФЕСОР ТОМЕ БАТКОВСКИ, ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ САД и НАТО разузнаваат за стабилноста на Македонија Сметам дека САД и НАТО настојуваат што побрзо да се стабилизира состојбата во овој дел на Европа, а во таа смисла и Република Македонија на политички, стопански, воен и безбедносен план да претставува фактор на стабилност и сигурност во регионот, оценува професорот Разузнавачкиот интерес на САД и на НАТО на Балканот е регионот што побрзо да се стабилизира, а Македонија да претставува фактор на стабилност, смета професор Томе Батковски од Факултет за безбедност-Скопје. По случајот со Едвард Сноуден, кој за британски „Гардијан“ откри дека американската безбедносна агенција НСА само за еден месец пресретнала 97 милијарди разговори и пораки низ целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија, Батковски вели дека не постои безбедносен систем кој не е ранлив, а клучно е да се применат стандардите за заштита и квалитетна безбедносна процена. Од случајот е неспорно дека биле следени комуникации од и во Македонија. Kолку сме важни и интересни за меѓународната безбедносна заедница?- Разузнавачките интереси на големите сили се насочени кон Азија. Со други зборови, приоритетните политички, економски, воени, безбедносни цели се врзани за овој континент, а разузнавачките служби треба да обезбедат квалитетна поддршка во навремено доаѓање, обработување и доставување точни и целосни информации во рамките на проектираните стратегиски проекции на дадената држава или алијанса. Но, се разбира, тоа никако не значи дека престанал разузнавачкиот интерес спрема Балканот. Што се однесува до Република Македонија, мора да се има во вид поширокиот контекст на Балканот и, посебно, оној дел што го нарекуваат Западен Балкан. Сметам дека САД и НАТО настојуваат што побрзо да се стабилизира состојбата во овој дел на Европа, а во таа смисла и Република Македонија на политички, стопански, воен и безбедносен план да претставува фактор на стабилност и сигурност во регионот. Во таа насока е и нивниот разузнавачки интерес. Дали во Македонија се судираат влијанија на различни безбедносни служби?- Република Македонија, пред с`, треба да се гледа во контекстот на интеграцијата во ЕУ и во НАТО. Во таа смисла, институциите на полето на разузнавањето, безбедноста и контраразузнавањето (цивилно и воено), своите активности ги планираат и ги реализираат во рамките на соработката со соодветните субјекти од ЕУ и НАТО, а во насока на поставените стратегиски приоритети. Се разбира, секогаш треба да се имаат во вид можни деструктивни дејствувања на поширок разузнавачки план против уставните вредности и виталните интереси на Република Македонија, како во земјава, така и во странство, што треба да наиде на соодветен одговор, пред с`, од надлежната служба за безбедност и контраразузнавање во тесна соработка со разузнавачката служба. Основа за навремено и ефикасно постапување на безбедносно-контраразузнавачки и разузнавачки план претставува изготвувањето квалитетна безбедносна процена. Kолку е Македонија ранлива на случаи како „Сноуден“?- Не постои технички систем или, во поширока смисла, безбедносен систем, кој не е ранлив. Практиката покажува дека и најсофистицираните системи на техничка заштита може да бидат пробиени. Современите разузнавачки служби, со развојот на науката и на техниката, засилено го применуваат техничкото разузнавање – ТЕХНИНТ (Technical Intelligence), чиј потсистем претставуваат – ИТИНТ (Information Technology Intelligence), прибирање разузнавачки податоци преку информациска технологија, и – ХАKИНТ (Hackers Intelligence), неовластено пробивање на заштитени компјутерски системи, како потсистем на ИТИНТ. Се разбира, овде во голема предност се државите што се на врвот на скалата на политичка, финансиска и техничко-технолошка моќ. Од друга страна, постојат технички стандарди за заштита на информациите (ИНФОСЕЦ – Information Security), што, сметам, ги применуваат и нашите институции од разузнавачката и безбедносно-контраразузнавачката сфера. Токму соработката на овој план со ЕУ и НАТО, меѓу другото, предвидува и примена на вакви стандарди на планот на безбедноста на информациите. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=EF8EC596D53CBF4BAAE7CC739BD1EBF0 ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/6/2013, 00:42 | |
| Крвнички претепано момче во Аеродром Петмина насилници со метални цевки претепале дваесет и петгодишно момче од Скопје на раскрсницата на булеварот Кузман Јосифовски Питу во непосредна близина на Тобако 2 во Скопје. Инцидентот се случил пред дваесетина минути. Според првичните информации од скопската полиција, повредениот со тешки телесни повреди нанесени во пределот на главата и телото е пренесен во Ургентниот центар. Инцидентот траел две минути а засега се знае дека напаѓачите кои од местото на настанот избегале со возило набрзина излегле од автомобилот и се впуштиле да го тепаат момчето. Случајни минувачи и вработени во локалните продавници му пружиле прва помош на повредениот и повикале полициска екипа. Дел од булеварот вечерва е затворен за сообраќај а се чека да пристигне екипа на крим техника за да започне со полицискиот увид. По напаѓачите полицијата започнала потрага и како што дознаваме веќе имаат и првични информации за возилото со кое избегале. http://www.plusinfo.mk/vest/96916/Krvnichki-pretepano-momche-vo-AerodromИнцидент во среде Аеродром, група од шест лица со шипки претепале момче на пешачки Предмалку на булеварот Јане Сандански, во населба Аеродром кај Тобако 2, непознати напаѓачи очигледно од албанско етничко потекло според јазикот на кој довикувале, излетале на пешачкиот премин и со шипки нападнале група момчиња. Неофицијално дознаваме дека, едно од момчињата било претепано со тешки телесни повреди, хематом на главата, и потрес на мозокот според првичната дијагноза на докторите од брзата помош. Првично момчето не било пред свест, но благодарејќи на минувачите било повратено во контактибилна состојба. Причините за нападот се сеуште непознати. Момчињата кои не биле повредени, на полицијата изјавиле дека напаѓачите биле албанци и дека знаеле од каде се и каде живеат. http://infomax.mk/wp/?p=5078&utm_source=daily.mk ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/6/2013, 01:12 | |
| Ова да се десеше на нивно семе, у среда веке ке дивееа, и ке обркаа автомобили по Скопје.. ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/6/2013, 19:20 | |
| Партнерот на Ахмети молчи за џиновското знаме во Арачиново За албанското знаме кое што од вчера е поставено на јарбол од 20 метри и тоа на општински имот, близу Меморијалниот центар за жртвите од 2001-та кај Арачиново, Владата и ВМРО-ДПМНЕ немаат коментар, јави „24 Вести“. Директорот на државниот инспекторат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански, се прогласува ненадлежен за јарболот, исто како и МВР, од каде велат дека може да реагират само ако некој побара од нив интервенција. Телевизијата потсетува дека знамето кое од вчера се вее во Арачиново не е прво џиновско албанско знаме, оти во Зајас, родното место на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лани во ноември, во рамките на прославата на албанското знаме, беше поставен 35 метарски јарбол со шестметарско знаме, кое сè уште стои таму со образложение дека е поставено на приватен имот. Во Арачиново, пак, знамето е поставено на општински имот, но засега нема одговор дали институциите ќе излезат на терен. Според Законот за употреба на знамињата, албанското знаме може да стои пред институција во општина каде 50 отсто од граѓаните припаѓаат на албанската етничка заедница, но само заедно со македонското знаме, од кое треба да биде за една третина помало. http://plusinfo.mk/vest/97042/Partnerot-na-Ahmeti-molchi-za-gzinovskoto-zname-vo-ArachinovoШто да се каже на ова... LOL!? Ја не сум надлежен, Ја не можам ништо да сторам... треба некоја да пријави (!?), Ја не сум тука.... Тешко нас. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Iko
Број на мислења : 503
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/6/2013, 21:07 | |
| Heh...heh-heh... | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 26/6/2013, 12:34 | |
| Хоџа: Мене ме предадоа Албанците јас сеуште сум по планините Со падот на кумановско Ваксинце од 2001 година, се зголеми притисокот на македонската полиција и продолжија нападите врз Слупчане, Оризари, Липково, Хотле, Матејче, Ропалце. Продолжија и нападите на планинските села на Кардадак. Непријателот со сите средства се обиде да ја напуштиме оваа област, пишува Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа., за ЛАјмепрес По повод 12-годишнината од битката кај Арачиново, Хоџа напиша колумна во која вели дека успеал да го спречи освојувањето на селото, но почувствувал дека е предаден од некои Албанци: „ Без оглед на се , јас сум горд што не му дозволив на Бошковски да влезе во Арачиново, но сум разочаран од предавството што ми го направија некои Албанци принудувајќи ме до ден денес, да се шетам по планини и ридови.“ http://lokalno.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=26524%3A2013-06-26-08-26-36&catid=106%3Apolitika&Itemid=131&lang=mk ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/6/2013, 19:58 | |
| ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 1/7/2013, 11:22 | |
| Три години затвор за Владо БучковскиTри години затвор доби екс премиерот Владо Бучковски за случајот „Тенковски делови“. Ваква одлука днеска донесе скопскиот Кривичен суд. Како што јавува репортерот на Press24 Бучковски за медиумите изјавил дека пресуата е скандалозна. Претходно, во 2008 година, Бучковски за истото дело беше осуден на 3,5 години затвор. Според обвиниението, Бучковски, Стамболиски, Менкиновски, Ѓурчевски и Петковски ја злоупотребиле службената положба при набавките на резервни делови на армиските тенкови Т55 и го оштетиле буџетот за над 2 милиони евра. Методија Стамболиски доби 3 години затвор, Ацо Ѓурчевски 2 години, Митре Петковски 3 години затвор, Нелко Менкиновски 2 години. http://www.press24.mk/tri-godini-zatvor-za-vlado-buchkovski | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 1/7/2013, 11:36 | |
| Греота, да го оставеа барем една недела да биде лидер на партија. За она што и го направи на Македонија, малку му се 3 години... ја би му додал и една нула. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 1/7/2013, 12:25 | |
| Бога ми како му се погоди...партија правиш?! Ееее... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|