Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 17 ... 30, 31, 32 ... 65 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty18/1/2013, 00:51

Регрутниот систем не требаше да биде укинат, барем не целосно. Уште тогаш имав резерви кон целосната професионализација на војската.
Сега не знам како повторно ќе влезат во колосек со пауза од речиси 10 години. Некако не сум оптимист дека ќе биде успешна оваа иницијатива на генералштабот.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty18/1/2013, 11:50

Капацитет има да се спроведе ова. Кога 91 без ништо успеаа да направат регрутација, за сега не е никаков проблем. Она што е проблем е политиката...

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty18/1/2013, 12:09

Да, но и до 91-ва имавме регрутен систем, со тоа што транзицијата беше од една во друга армија.
Овде веќе се работи за поинаков проблем... т.е кај младите повторно треба да се всади чувството за обврска на отслужување воен рок, што кај нашава младина со климави вредности ми се чини би било тешка задача.
Би морало да се направи една комбинација од силна медиумска кампања (be all you can be или нешто сл.), комбинирана со неколку услови кој би следеле доколку се ескивира воената обврска. На пр. неможноста да се запише факултет доколку претходно не се отслужи воениот рок, неможноста да се вработат во јавна админстрација итн. Ова секако би важело само за оние кои се военоспособни лица. Треба да се мотивираат и девојчињата да пристапат во армијата во што поголем број, не обврзувачки како што е во Израел, но како во Скандинавските земји каде што сочинуваат пристоен дел од нивните армии.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty18/1/2013, 21:40

За да се разбере едногласната агресивна реaкција на Албанците против секој обид на укажување на таа нивна негативна одлика, треба да се знае стожерната идеја, што секојдневно станува сé поактуелна, на нивниот преродбеник Пашко Васа: „Религијата на Албанците е албанството!”

Радикалниот дел од Албанците на Балканот, чија величина не е за потценување, кои сé уште се со умот во 19 век, тврдат дека нема да има мир на ова проколнато буре барут сé додека, дефинитивно, не се реши нивното национално прашање. Тоа кажува дека етноцентризмот кај нив е најизразен меѓу сите народи на Балканот. Нивниот преродбеник Пашко Васа пред повеќе од еден век рекол дека за Албанците не е толку важна вероисповедта, колку што е важно албанството: „Не обрнувајте внимание на црквата или џамијата. Религијата на Албанците е албанството!“

Нивната хорско еднодушна негативна реакција на појавата на првата Македонска (неуспешна!) енциклопедија во издание на МАНУ, може со рационален напор да се разбере, но никако не може да се оправда, сé додека објективно критички не ја преиспитаат познатата Платформа на Албанската академија за науки од 1998 година. Во оваа платформа е констатирано, а досега не е повлечено, дека само половина од Албанците живеат во нивната матична држава, а најголемиот дел од етничката албанска територија е (беше) под српска власт, а преостанатиот дел е во рамките на БЈРМ, Црна Гора и Грција. Етапата Косово е остварена, следуваат другите три!

Само оние со ограничени мозочни функции не можат да препознаат дека сеалбанските манифестации во Скопје по повод Денот на албанското знаме не се дел од однпаред зацртана стратегија. Значајна епизода од тоа сценарио е поставувањето на двата 36-метарски јарболи во кичевско, на кои гордо се веат двоглавите црни орли, каде Ахмети доживеа очигледна катарза затоа што му се оствари целта што ја зацрта со почнувањето на 14-мартовските пукања во 2001 година. На 22 март таа година, тој го прими известувачот на „Њусвик” во неговиот штаб во Шипковица и му изјави: „Нашата едниствена цел е да ги отстраниме словенските сили од територијата што историски е албанска!”

Дека и Тачи дува во иста тиква како Ахмети, илустрира овој негов цитат во „Њујорк Тајмс” од 16 март: „Албанците почнуваат вооружена борба за ослободување на нивните територии во Македонија”.

Кога некој забива јарбол со негово знаме на одредена територија става до знак на сите: „Ова е мое!” Така било отсекогаш, така ќе биде засекогаш. Амбасадорот на Албанија во Македонија, Арбен Чејку, на таа големоалбанска манифестација изрази задоволство што тие две знамиња „се веат на албанска територија”. Македонското МНР остана на таа провокативна изјава немо и глуво – мирот во коалицијата е поважен од интегритетот на државата!

Загрижените Македонци, Ванчо Шехтански и Тодор Петров јавно ја повикаа Гордана Јанкуловска да ги извршува нејзините обрвски согласно Уставот и законите. Напразно.

Албанскиот претседател Сали Бериша намерно во Скопје јавно ги обележа просторите на Балканот што треба да се обединат (зацртани во Платформата), а Реисот на ИВЗ јавно го повика на помош Алах за да се оствари таа замисла. Амбасадорот на САД во Тирана Александар Арвизу неодамна јавно прекори дека албанските лидери, каде и да се на Балканот, треба да се разбудат од големоалбанскиот сон и да ја сфатат реалноста на 21 век. Но, да го потсетам амбасадорот дека токму во „лабораториите” на Пентагон и ЦИА се подготвени географските карти на Shqiperia Madhi.

Еве неколку примери што потврдно ја илустрираат метологијата за остварување на националната албанска Платформа, која не е ништо повеќе, ниту помалку, од Бујанската декларација на Втората албанска лига: „Ќе се борам до последната капка крв за обединување на албанските територии!” – се завршните зборови на големата заклетва што борците на ОНА ја полагаа пред своите команданти во 2001 година.

„Треба неразделно да дејствуваме на сите наши албански простори. Народното движење на Косово е на пат да ја реализира националната програма дел по дел, одејќи кон конечната цел. Сенационалната стратегија треба да се постигне во иднина. На идните генерации треба да им биде отворен патот за конечната борба до победа“, напиша Фазли Велиу во неговата книга „ОНА од битка во битка – недовршена приказна”.

Еве, неколку факти за подобро да се разбере таа стратегија: во октомври 2003 година, на беатификацијата на Мајка Тереза во Ватикан, присуствуваше и делегација од Македонија, што ја предводеше покојниот претседател Борис Трајковски, а во која беа амбасадорката на Македонија во Рим, Мерие Рушани и вицепремиерот Муса Џафери. По верските церемноии, тие двајца, наместо да присуствуваат на приемот што го приреди македонскиот претседател, заминаа на гости кај тогашниот претседател на Албанија Алфред Мојсиу, каде најтранспарентно се фотографирале со албанското знаме при срдечните средби со Мојсиу и Ибрахим Ругова.

Во 2004 година на конкурсот за Мис на Албанија беше избрана Агнеса Бутај (18) од градот Пеќ на Косово, а престолонаследникот на албанскиот трон во 2009 година стапи во брак со девојка од Косово, праќајќи порака до каде ќе досега неговата кралска јурисдикција кога тој ќе се врати (?!) на албанскиот престол.

Веројатно сте ја заборавиле собраниската расправа за интеграцијата на сите етнички групи што живеат во Македонија во поунифицирано национално ткиво. На предлогот на Тито Петковски во таа насока, жестоко и енергично, но целосно синхронизирано, реагираа пратениците од ДУИ и ДПА, со реплика дека не сакаат „американски казан за претопување”, туку „швајцарска салата”, каде сите состојки се јасни и видливи. Притоа, пратениците од неалбанскиот блок останаа неми и никому не му текна да реплицира дека ниту еден од четирите етникуми во алпската федерација што се нарекува Швајцарија, (Германците, Французите, Италијанците и Ретороманците) не им паѓа на ум да бараат право да истакнуваат знаме на нивната матична држава или да сонуваат сон за припојување кон матицата, по пат на самоопределување.

Наоѓањето аналогија помеѓу Швацарија во Алпите и Македонија на Балканите би било соодветно само доколку Албанците, не само во Македонија, туку и во Србија, Црна Гора и Грција, се однесуваат швајцарско-европски, а не албанско-балкански.

„Албанците во Македонија имаат помалку права од Србите на Косово“, изјави, неодамна починатиот Арбен Џафери во 2004 година на Косово, а тоа практично го манифестираше во 2002 година дебарчанецот Цапа, кога фрли живо јајце врз автомобилот на Груевски во Тирана.

По сево ова, дали е јасно зошто се случува тоа што се случува?!

http://www.mkd.mk/90771/kolumni/agresiven-albanski-etnocentrizam-milan-adzievski/
Вратете се на почетокот Go down
Zajcef

Zajcef


Број на мислења : 41

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty19/1/2013, 03:14

Alvar напиша:
Да, но и до 91-ва имавме регрутен систем, со тоа што транзицијата беше од една во друга армија.
Овде веќе се работи за поинаков проблем... т.е кај младите повторно треба да се всади чувството за обврска на отслужување воен рок, што кај нашава младина со климави вредности ми се чини би било тешка задача.
Би морало да се направи една комбинација од силна медиумска кампања (be all you can be или нешто сл.), комбинирана со неколку услови кој би следеле доколку се ескивира воената обврска. На пр. неможноста да се запише факултет доколку претходно не се отслужи воениот рок, неможноста да се вработат во јавна админстрација итн. Ова секако би важело само за оние кои се военоспособни лица. Треба да се мотивираат и девојчињата да пристапат во армијата во што поголем број, не обврзувачки како што е во Израел, но како во Скандинавските земји каде што сочинуваат пристоен дел од нивните армии.
Houston we have a problem :<3:
Еве јас може да се рече дека сум дел од тие генерации на кои се однесува ова најмногу.Не се работи за климави вредности туку за комплетно отсуство на вредности Laughing Меѓу нас буквално само паника и негодување се јавува секогаш кога некој спомне служење војска(да не зборувам за одење во војна)да се запрепасти човек.Зошто да се служело,што имал тој корист од државава да и служи,будали само можеле да сакаат таква работа,кој имал три месеци за фрлање( Glava v zid )и слично.
Крајно време е да се воведи ова,добра идеја ти е кампањската да не речам пропагандна поддршка на служењето воен рок.Отсуството на национално чувство и долг кон државата е многу опасно.Мора да се крене моралот на младината и да ни се врати љубовта према државата зошто искрено ако дојде до ситуација да треба од нас да зависи опстанокот на земјава никој нема да земе пушка во рака,ниту знаеме ниту пак чувствуваме должност.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty19/1/2013, 16:49

На обичниот Србин и Бугарин не им пречат ни МПЦ ни Мара Бунева

Доктрините на соседите на Македонија содржат многу националноеманципаторски и ослободителни пораки и залагања, но исто толку и експанзионистички и аспирациски залагања. Но има и нова, сегашна „генерација“ на такви национални доктрини
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11913812543&id=9&prilog=0&setIzdanie=

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty19/1/2013, 19:04

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty22/1/2013, 18:26

Футуристичко обележје ,,Прилепски бранители,, на кружен тек

Челично футуристичко спомен обележје ,,Прилепски бранители,, високо 15 метри, ќе се гради во центарот на Прилеп

На овој урбанистички потфат претходеше градежна интервенција на вкрстувањето од булеварот Гоце Делчев и улицата Димо Наредникот, со изградба на кружен тек чија цел беше олеснување на сообраќајот.
Споменикот со неговата впечатливост ќе доаѓа до израз со специјално осветлување кое на временски интервали ќе ја променува бојата, велат од општината.

- Споменикот кој ќе ја симболизира договечноста, бесконечноста, ќе сведочи за придонесот на прилепските бранители во зачувувањето на интегритетот на земјата. Ќе биде паметник за идните генерации и ќе ја доловува сликата за европски Прилеп, вели Бранко Нешкоски, директор на ЈКП за просторно и урбанистичко планирање.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=12811

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty23/1/2013, 13:16

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty23/1/2013, 13:17

"Мизеријата на Македонија не се изборите, туку тие 1.460 дена измегу изборите.Сеедно кој е на власт" (Франкфуртер алгемајне цајтунг).

Статус од еден пријател на ФБ..
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 31 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 31 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 17 ... 30, 31, 32 ... 65 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: