Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 16 ... 29, 30, 31 ... 65 ... 100  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty15/1/2013, 17:15

Гори главната пошта во Скопје, одекнуваат детонации, пожарот е до небо! (ФОТО)
Голем пожар ја зафати попладнево главната зграда на Македонски пошти, во центарот на градот.

Пламените јазици во моментов се големи, а од просториите може да се чујат и силни детонации кои најверојатно се предизвикани од огнената стихија. Сообраќајот околу објектот е целосно блокиран, а бројни полициски сили го обезбедуваат просторот. Пожарникарски возила и екипи постојано доаѓаат на местото на пожарот. Покрај зградата во пламен се паркирани и десетици амбулантни возила иако освен штури шпекулации од очевидци, засега нема информации за евентуални жртви. Ниту пак, се познати причините за пожарот.

http://www.mkd.mk/90421/udarna-vest/gori-glavna-poshta-vo-skopje/

П.С Да се надеваме дека директорот е внатре Wink

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty15/1/2013, 17:51

Да lol!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty15/1/2013, 18:16

Генерал напиша:
П.С Да се надеваме дека директорот е внатре Wink

Laughing Twisted Evil

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty15/1/2013, 18:46

Тој пред неколку месеци не направи сообраќајка во која гадно се опече со плин? Како се викаше не ми текнува...ама тој е оној „учителот„ со капчето така?
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty15/1/2013, 18:50

Frogfoot напиша:
Тој пред неколку месеци не направи сообраќајка во која гадно се опече со плин? Како се викаше не ми текнува...ама тој е оној „учителот„ со капчето така?

Тој што направи сообраќајка е директор во пошти ама не знам точно кај и како. Инаку тоа е „Командант Бреза“. И по мои сознанија по еден куп операции останал жив. Лицето му било катастрофа, вилицата функционирала со помош на федери, окото му било внатре во челото. А овој е началникот на штабот, учителот.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty15/1/2013, 19:03

Мсуеси = Учител.

Бандитот од Радуша.!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty15/1/2013, 19:57

Генерал напиша:
Frogfoot напиша:
Тој пред неколку месеци не направи сообраќајка во која гадно се опече со плин? Како се викаше не ми текнува...ама тој е оној „учителот„ со капчето така?

Тој што направи сообраќајка е директор во пошти ама не знам точно кај и како. Инаку тоа е „Командант Бреза“. И по мои сознанија по еден куп операции останал жив. Лицето му било катастрофа, вилицата функционирала со помош на федери, окото му било внатре во челото. А овој е началникот на штабот, учителот.

Значи „Брезата„ изгоре така? Малку со интерпункцискиве знаци ме буниш па не успевам да ти ја разбирам поентата. Моја грешка друже извини Smile
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty15/1/2013, 22:23

Frogfoot напиша:
Генерал напиша:
Frogfoot напиша:
Тој пред неколку месеци не направи сообраќајка во која гадно се опече со плин? Како се викаше не ми текнува...ама тој е оној „учителот„ со капчето така?

Тој што направи сообраќајка е директор во пошти ама не знам точно кај и како. Инаку тоа е „Командант Бреза“. И по мои сознанија по еден куп операции останал жив. Лицето му било катастрофа, вилицата функционирала со помош на федери, окото му било внатре во челото. А овој е началникот на штабот, учителот.

Значи „Брезата„ изгоре така? Малку со интерпункцискиве знаци ме буниш па не успевам да ти ја разбирам поентата. Моја грешка друже извини Smile

„Бреза“ направи сообраќајка, а „учителот“ беше „началник на штаб“ и денес беше главен лик...

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty15/1/2013, 22:57

Јасно. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty18/1/2013, 00:40

Регрутите сосе мајки во касарните

Повторно ќе има регрутација и сите млади момчиња ќе одат во војска. Предлогот пак задолжително да се отслужува воен рок силно вознемири многумина во Македонија. Прво, младинава што станува полнолетна се фрли во очај оти, како што велат, некојси таму сака да им го расипе раатот. Второ, и генераливе ги фатила паника: ќе треба да ги прошируваат касарните за да има спални соби и за мајките на регрутите. Да, да. Процената им е дека многу од нивните нови војничиња не можат да бидат ниту какви такви солдати без жените што ги донеле на свет. На искусните воени лица им е јасно дека денешните генерации не е добро да ги буди дежурен војник со силно дерење: станувај војско! Па тие ќе се стресат, исплашат и ќе се скријат под кревет. За да го нема тој контраефект мајките се нужни да ги молат неколкупати и некаде околу пладне со појадок или кафе да ги намамат да ја напуштат постелата.

Потоа, додека синчињата се проѕеваат, тие растрчани да им исчистат чизми, пушки, па дворот, а оние чии деца се дежурни не им бега и рибањето на чучавците од војничките клозети. Ако синот е на стража, мајката клекната во куќарката со калорифер да го грее. Плус и лозинката да си ја повторува за да му ја каже на „љуби га мајка“ кога ќе му дојде смена. Зошто да се мачи детето да ја памети или глупост да направи, па да мора да пука со нежните рачиња.

Не. Не бива ова, ќе изгледаме на циркус, викале некои од генералите. Да се откажеме од идејата. Други, пак, викале: напротив, двојна добивка ќе имаме, ем ќе биде почисто ем поевтино оти мајките и од дома јадење по желба ќе им носат.

- Можеш ли да замислиш голобрадиот да ползи во калта, а мајка му ползејќи до него го пресоблекува во чисто и плус на „Фејсбук“ одговара место него на петстоте пријатели? А? – му довикнал офицерот на другиот што инсистирал на задолжителен воен рок.

- Можам, можам. Барем малку ќе ги зацврстиме оти инаку таков некој разгален утре ќерка ти за жена ќе ја земе, зет ќе ти стане, па ти ќе си ја кршиш главата – му одговорил другиот.

На ова противникот на задолжителниот воен рок се сепнал. И ќерка му е таква, разгалена – „љуби је тата“.

Е, на ова треба да се сепне најголемиот дел од нас родителите во Македонија. Децата ни се разгалени – мекуши. Само слепи при очи или исто така разгалени родители ова нема да го признаат. Помалите деца ни рикаат и ако не им купиш играчка, иако собата им е полна со слични, а поголемите, пак, се лутат и се дерат ако не им дадеш пари за уште едни патики „адидас“, иако има веќе два пара „најк“, кои му се од пред два месеца. А и малите и големите ги одоброволуваме со нови скапи мобилни телефони, компјутери, трчаме да им ги поправаме тројките во петки… Такви се само побогатите? Не, не е така. И во поскромните семејства дете да си намести кревет дома или да отиде на пазар, да помогне при чистење е реткост. Тоа ќе го прават цел живот кога ќе бидат возрасни, велиме ние „добрите“ родители и ги оставаме на раат да си дремнат или бесцелно да зјапаат во телевизор.

А никако да се сетиме дека на човек за да постигне некоја цел, потребни му се, пред с`, самодисциплина и подготвеност за напорно работење. Нема успех без тие две особини. Исто како што нема дисциплина кај разгалена личност.

Ова им е кристално јасно во многу земји. На пример, во Јужна Kореја, држава со брзорастечка економија и со многу светски технолошки брендови. Целото општество почива на дисциплина. За оние малкуте, пак, што ова не им е јасно, вовеле камп за разгалени деца. Седум дена во текот на зимскиот распуст на ниски температури тие практикуваат речиси војнички живот, без компјутерски игри и храна и одмор кога ќе посакаат. Доволен период за едно разгалено дете да поднаучи што е ред, да стане посамостојно и, пред с`, подисциплинирано. За кампот пишуваше дури и британскиот „Дејли мејл“.

Ние ниту кампови организираме, а ниту дома ниту на училиште ги подготвуваме децата за животот што кога ќе бидат возрасни, нема да биде баш милослив како што сме ние родителите.

Затоа, кај баш сега им текнало на некои генерали во АРМ осумнаесетгодишниците да ги повикуваат во касарна. Разгалените ќе кукаат, другите (добро воспитаните, иако малцинство) ќе ги зафркаваат и ете ти екстра-проблем за офицерите. Нека почекаат малку со идејата. Првин да се трансформираме ние родителите и образованието со јасна дистинкција кога на детските желби се кажува „не“, а кога „да“. Kога се пофалува дете, а кога му се укажува на грешките или дури и да се казни. И да се биде добар пример за младите затоа што ако пред нив кукулелекаме и се излежуваме, тогаш тие ќе н` имитираат и ќе мислат дека така треба да биде.

Можеби треба да се направат два кампа. Еден за родители, еден за нивните разгалени деца.

Антонио СПАСЕВ

Превземено од Дневник

BezPardon

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 30 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 30 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 16 ... 29, 30, 31 ... 65 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: