|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 17/11/2012, 18:30 | |
| Албански националисти малтретирале Македонци во Пустец, полицијата не дошла Беше страшно. Навистина се исплашивме. Многу лесно можеше да дојде до посериозен инцидент. Полицијата, иако ја повикавме, не дојде. Вака жителите на Пустец, македонско село во Албанија, ја опишуваат вчерашната ненадејна средба со триесетината припадници на ултранационалистичката партија Црвено-црна алијанса, кои ненајавено влегле во селото и барале секоја куќа да го истакне знамето на Албанија. Она што е исто така беше индикативно е дека црвено-црните беа следени со повеќе новинари од албанските медиуми. Оваа партија неодамна ја објави својата иницијатива секоја куќа во Албанија да го закачи албанското знаме по повод 100-годишнината на албанската држава. Најстрашно беше кога влегоа во гимназијата, на час и пред децата на таблата ги лепеа налепниците на кои пишуваше „Ова е Албанија“, „Ова е албанска земја“, „Надвор од Албанија“… Својот марш, на Светскиот ден на толеранцијата 16 ноември, црвено-црните ултранационалисти го продолжиле и во уште неколку села на Мала Преспа. Цел на албанските неофашисти биле и сообраќајните знаци и уличните информативни табли, врз кои лепеле налепници „Ова е албанска земја“. Поради воздржаноста на Македонците од овие села, биле избегнати физички пресметки. Едмонд Темелко „Најостро го осудуваме упадот на ултранационалистите од Црвено-црната алијанса во Албанија во општината Пустец и областа Мала Преспа, чија цел на демонстрација беше јавен притисок и психички терор врз Македонците со навредливи националистички пароли. Најстрашното е што беа добро организирани и следени од сите медиуми во Албанија, заедно дојдени, речиси дваесетина медиуми со камери, кои ги придружуваа во овој вандализам. Сметаме дека и присуството на албанските медиуми е дел од овој организиран упад во Мала Преспа. Има индиции дека оваа демонстрација е организирана од државата заради притисок врз македонското население и институциите на општината Пустец. Ги известивме канцеларијата на ОБСЕ во Тирана, Државната комисија за антидискриминација и комесарот за антидискриминација. Ова е вторпат како се обраќаме до Државната комисија за антидискриминација. Првиот пат беше во врска со еден напис во медиумите против Македонците во Албанија, меѓутоа вчерашната демонстрација е сериозен упад врз правата и слободите на граѓаните на Албанија и малцинските права на Македонците“, изјави градоначалникот на општината Пустец, Едмонд Темелко. Интересно е и тоа што во денешните изданија на албанските весници, чии новинари ја следеле оваа насилничка манифестација на нетолеранција и ултранационализам, погрешно известиле дека сите улични табли и сообраќајни знаци во Мала Преспа биле испишани само на македонски јазик. „Тоа е очигледна лага, видно е дека сите знаци се напишани и на албански и на македонски јазик, со претходна дозвола на надлежните власти“, вели Темелко. „Од албанските власти бараме казна за сторителите на овој вандализам на ултранационалистите од Црвено-црната алијанса, кои ги осквернавија информативните табли во средното училиште, болницата и по улиците, како и сообраќајните знаци во општина Пустец“, изјави претседателот на Унијата на млади сили на Македонската партија во Албанија, Васил Стерјовски. Постапката на ултранационалистите во Мала Преспа ја осуди и Македонскиот светски конгрес. http://www.mkd.mk/76095/makedonija/albanski-nacionalisti-maltretirale-makedonci-vo-pustec-policijata-ne-dosla/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 17/11/2012, 18:57 | |
| Ако на шипциве у Албанија им сметаат две општини населени со Македонци... што треба ние да правиме!? ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 18/11/2012, 00:07 | |
| - Alvar напиша:
- Ако на шипциве у Албанија им сметаат две општини населени со Македонци... што треба ние да правиме!?
У културни земји после ваква провокација....се собираат резервисти и се вика диполматски кор и се чита приопкење за јавност... ако се повтори ова е КАСИУС - БЕЛИ ....ИЛИ ПРЕВЕДЕНО ОД ЛАТИНСКИ ПОВОД ЗА ВОЈНА...КРАЈ!!! АЛИ ПОШТО НЕ НЕ ЕСАПТ ЗА ЛУГЕ ТУКЕ НЕ ЕСАПАТ У СТОКА И ТОА ПОКВАРЕНА ....KE SI PODGOLTNUVAME .
AJ GOLEM E GOSPOD GLEDA111 | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 18/11/2012, 12:13 | |
| СМК: Провокација на ДУИ со знамето во Кичево Вчерашното кревање на шестметарско државно знаме на Албанија на 35-метарски јарбол во Кичево во присуство на лидерот на ДУИ Али Ахмети и на албанскиот амбасадор во Македонија Арбен Чејку претставува провокација против толеранцијата и коегзистенцијата, соопшти Светскиот македонски конгрес. „Законот за територијалната организација на локалната самоуправа не значи освојување територии, туку ефикасна локална власт еднаква за сите граѓани во општината независно од нивното етничко потекло и верско уверување. Очигледно демонстрацијата на доминација е продолжение на реториката на Али Ахмети меѓу Албанците во Швајцарија во поканата за учество на претстојните локални избори, дека Кичево е освоено и албанско!“ СМК смета дека промоцијата на албанското знаме во Кичево е во спротивност на Законот за знамињата на заедниците во Република Македонија, кои секогаш мора да се употребуваат со државното знаме на Република Македонија и во димензии помали за една третина. СМК од власта бара отстранување на дивоградбата поставена од неовластени лица и поведување постапка за кривична и прекршочна одговорност против сторителите. СМК ги осудува заканите на лидерот на ДУИ Али Ахмети, дека никој не смее да се осмели да посегне по албанското знаме во Кичево. Истовремено, СМК ја осудува изјавата на албанскиот амбасадор во Македонија Арбен Чејку, кој го поздравил поставувањето на албанското знаме во Кичево „на албанска територија“ http://www.mkd.mk/76217/makedonija/smk-provokacija-na-dui-so-znameto-vo-kicevo/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 18/11/2012, 18:02 | |
| Џабе ќе дробам, се си знаеме. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 18/11/2012, 18:04 | |
| Она со црвените букви важи и овде[b] | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 18/11/2012, 20:18 | |
| ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 18/11/2012, 20:21 | |
| Ако, ако... малце ни е и ова. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 19/11/2012, 15:23 | |
| Командант Јашари со шест прсти и превртен пиштол стои на тенк на АРМАдем Јашари, од Косово, еден од основачите на ОВК, од вчера има споменик во скопското село Радуша. Излиен во бронза споменикот на Јашари не стои на постамент туку на тенк кој е сопственост на Армијата на Република Македонија. На тенкот на Армијата со бела боја е напишано УЧК – 115 Бригада. Споменикот на Јашари е излеан во бронза, на себе борецот на ОВК има оружје. Пушка околу вратот, на левиот дел од половината, пиштол што, авторот на споменикот го ставил наопаку, а во десната рака на која Јашари по грешка има шест прсти држи артилериско оружје. На поставувањето на споменикот присуствуваше целиот политички врв на ДУИ, како и вицепремиерот во Владата на РМ Муса Џафери. За Јашари се вели и дека бил крупен човек, но споменикот и тука го претставува во поинква димензија. - Не видов споменикот врз што е поставен, но видов дека е многу убав споменик и му честитам на иницијативниот одбор што го поставија споменикот и се надевам дека ќе го добие заслуженото внимание од граѓаните - изјави Артан Груби шеф на Кабинет лидерот на ДУИ Али Ахмети. Груби одби да одговори на прашањето дали и поставувањето на споменикот на Арбен Јашари врз тенк на АРМ е во духот на соживот. Арбен Јашари бил убиен во 1999 гоидна од српските сили пред интервенцијата на НАТО во оружена пресметка во село Преказ. http://www.plusinfo.mk/vest/67043/VIDEO-Komandant-Jashari-so-shest-prsti-i-prevrten-pishtol-stoi-na-tenk-na-ARM ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 19/11/2012, 15:46 | |
| АХМЕТИ ПОДИГА АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА НА ТРИЕСЕТ - МЕТАРСКИ ЈАРБОЛИ Во селото Грешница во Општина Зајас синоќа на свеченост на која присуствувал и лидерот на ДУИ, Али АХмети и Арбен Чејку, амбасадорот на Република Амбанија во Македонија, е подигнато албанското знаме на метален столб со височина од над 30 метри. Врз столбот е поставена плочана која со албанско писмо пишува: „Ова знаме е подигнато во чест на 100 годишнината од албанската независност, Бог да ги благослови Албанците“. „Ова знаме ќе се вее со векови, треба да знаат сите злонамерници што ке се обудат да го симнат, дека нема да успеат, бидејќи Албанците што живеат на овие простори нема да го дозволат тоа“, порачал лидерот Ахмети, на синоќешната свеченост. Денеска албанското знаме со исти димензии е подигнато во селото Колибари во истата Општина. Како што изјави Гафур Ибраими , претседателот на месната заедница, поставувањето на знамето е на иницијатива и е финансирано од жителите на селото. На денешната свеченост што се одржала напладне, присуствувале градоначалниците на општините Зајас и Осломеј. Портпаролот на ДИУ, Бујар Османи за Телма изјави „До 28 –ми овој месец треба да очекувате во многу градови во Македонија да се вее албанското знаме кое е во службена употреба и според законот за симболи има инифицирани димензии од 1.спрема 1.4 наспроти македонското кое има унифицирани димензии од 1.спрема 1.2 и никаде според овој закон не е задолжително поставуваето на македонското знаме до него, Ќе се одржуваат и други активности, по повод денот на знамето, а на 25 во салата Борис Трајковски ќе се одржи свеченост на која че присуствуваат албанскиот и косовскиот премиер, изјави за Телма, Османи. http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=21789 ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|