Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 56 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty19/11/2012, 15:47

ГРУЕВСКИ НЕ ЗНАЕ ЗА ПОСТАВУВАЊАТА НА ОГРОМНИ АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА

За поставувањето на албанско знаме на 30-метарски јарбол во Кичевско, премиерот Груевски не е информиран.

На новинарско прашање тој рече дека тоа не го видел и оти таа информација излегла денеска.

- Не сум ја чул изјавата, така што во детали не можам да ја коментирам. Како и да е, доколку такво нешто постои треба да се види дали е согласно Рамковниот договор и во тој контекс да се оцени дали поставувањето на таков јарбол е соодветно законски, или несоодветно и незаконски, рече Груевски.

Инаку, Ветувањата дека ќе се преиспита постапувањето и ќе се санкционира доколку не е во согласност со законот, се редовна појава во нашата држава. Не така одамна, во скопската општина Чаир беа сменети имињата на четири основни училишта. Со одлука на општината, од македонски, тие добија албански имиња. Министерството не дало дозвола, инспекцијата побара нивно отстранување, се читаше законот и прекршочните одредби во вакви случаи, додека директорите и општинарите најавуваа дека нема да ги симнат. На крајот, не се случи ништо. До денешен ден, таблите со новите имиња на школите, си стојат на местата на кои беа поставени без почитување било каква процедура.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=21790

Rolling Eyes

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty19/11/2012, 15:51

ФОТО: Албанско знаме под водите на Охридско Езеро

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 FzI5V

Двајца млади струшки уметници, Артан Жута и Виган Билали го истакнаа албанското знаме во водите на Охридското езеро, одбележувајќи го престојниот јубилеј 100 години од независноста на Албанија.

Знамето било истакнато на длабочина од 10 метра во струшкиот дел на езеро.

Жута за portalb.mk изјави дека целта на настанот била да се прослави независноста на Албанија на поинаков начин, надвор од клишеата и вообичаеното.
http://a1on.mk/wordpress/archives/63071

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty19/11/2012, 16:02

ОГРОМНИТЕ АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА ПРОВОКАЦИЈА ОД ДУИ

Поставувањето на албански знамиња на 30 метарски јарболи во две села во кичевско за дел од политичките партии е сериознапровокација на дуи. Се работи за одбележување на границите кое води кон федерализација на државата и за смислени постапки кои можат да предизвикаат дестабилизација на македонија, велат партиите.

- Опозициската СДСМ денеска ги оквалификува како политичка провокација и сериозен скандал незаконското поставување 30 метарски јарболи во кичевските села од страна на ДУИ и изјавата на лидерот на таа партија Али Ахмети дека никој не смее да ги симне.

Тоа, според потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев, е само последниот во низата потези на партиите на власт со кои тие ги предизвикуваат и заоструваат меѓуетничките тензии во државата, за да им се додворат на своите гласачи пред изборите напролет.

Георгиев упати критики и до официјална македонска дипломатија, која што смета дека останала целосно немоќна во услови кога за два дена се случија две сериозни дипломатски навреди на Република Македонија и на македонскиот народ од странски амбасадори акредитирани во земјава.

Според Георгиев, без сериозна ракција на власта не треба да остане присуството на албанскиот амбасадор во Македонија на поставувањето на албанското знаме во Кичевско и на последниот говор на евроамбасадорот Аиво Орав во Европскиот Парламент, кој прв пат го употреби терминот „славомакедонци“, зборувајќи за македонскиот народ.

- Ние не сакаме да поверуваме дека се работи за усогласен пазар со кој заради враќање на придавката „македонски“ во ЕУ извештајот, Владата евентуално премолчено се согласила ЕУ претставниците во иднина да го употребуваат терминот „славо македонци“ за нашиот идентитет, забалежа потпретседателот на СДСМ.

- Плански активности на ДУИ. Ако се вратиме наназад, ќе видиме дека се работи за систематски вовед за отцепување од Македонија, изјави Стојанче Ангелов, Достоинство.

Станува збор за континуирани обиди за федерализација, Македонците треба да разберат дека ќе треба да ја бранат својата земја, изјави Ванчо Шехтански, ТМРО.

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=21810

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty19/11/2012, 16:57

„Разбуди се“ порача: Скопје ќе го завиеме со албански знамиња

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 WIm2c

На стогодишнината од независноста на Албанија, Скопје ќе се обвитка во знамето на Албанија и ќе се обои во „црвено-црно“, барем така најавија денеска од невладината „Разбуди се “. Од оваа невладина организација денеска пред споменикот на Хасан Приштина во Скопје, заедно со градоначалниците од ДУИ, промовираа донација од стотици албански знамиња кои ќе им ги подарат на Албанците за да ги закачат на видни места како што се тераси, дворови, домови, продавници.

- Изразуваме почит за високата национална свест на сите придонесители кои што без ниту едно двоумење ѝ се придружија на нашата иницијатива за да го оцрвениме Скопје во духот на најголемиот албански национален празник. На овој начин Скопје ќе им испрати најтопли поздрави на Валона и Тирана - изјави Теута Златку од невладината организација „Разбуди се“.

Знамињата ги купиле бизнисмени, а како донација ќе бидат поделени на сите градоначалници Албанци, рекоа од „Разбуди се“. Во петокот ДУИ започна со поставување знамиња во општините каде има доминантно албанско население. Али Ахмети лидерот на ДУИ, нога повлече во Кичевско, во селата Грешница и во Колибар. На јарбол од 35 метри заедно со амбасадорот на Албанија во Македонија Агим Чејку развиорија деветметарско албанско знаме во приватна нива. Со тоа ја прескокнаа законската регулатива која налага пред официјална институција освен знамето на националната заедница задолжително да стои и државното знаме. Дека нашле дупка во законот потврди и шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби.

- Знамето во Кичевско е декоративно, ставено во согласност со Законот за употреба на знамињата и сметаме дека нема ништо нелегално и не претставува никаква провокација кон никого - изјави Артан Груби од ДУИ.

На денот на поставувањето на двете шестметарски знамиња лидерот на ДУИ Али Ахмети испрати силна порака со зборовите „Албанците нема да дозволат ниедна црна рака да го чепне знамето. Ова знаме ќе се вее со векови, тоа треба да го знае секој злонамерник што ќе се обиде да го симне од јарболот нека не се осмелува да го направи тоа, затоа што тоа нема да го дозволат Алабанците, а тоа се Албанците кои живееат во овој крај“, потенцираше Ахмети.

За Ахмети и министрите од ДУИ, во Владата, овие знамиња како што рекоа ќе останеле вечно за да ја обележуваат територијата на Албанците.
http://www.plusinfo.mk/vest/67035/GALERIJA-Razbudi-se-poracha-Skopje-kje-go-zavieme-so-albanski-znaminja

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty19/11/2012, 21:35

Bice mesa bice mesa...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty20/11/2012, 14:18

Албанското знаме на 30 метарскиот јарбол во кичевско останува и по празникот, ДУИ ќе поставува и нови

Според ДУИ овие знамиња не се кампања за локалните избори туку конзистентна политика на партијата. Поставувањето на знамето не било означување на територија – вели Османи.

Знамето на 30 метарскиот јарбол во Кичевско ќе се вее и по 25 ноември, по празникот на албанското знаме.Од ДУИ најавуваат уште такви јарболи на различни места во Македонија.

Според ДУИ овие знамиња не се кампања за локалните избори туку конзистентна политика на партијата. Поставувањето било во согласност со законот.

- Дојде време да се спроведуваат законите што произлегуваат од Рамковниот договор – вели високиот партиски функционер Абдулаким Адеми на денешниот брифинг со новинарите.

Местото на поставување на знамето во кичевско не е случајно избрано. Таму во 1913 биле убиени 600 Албанци од српската војска.

- Употребата на албанското знаме е регулирана со закон и е во службена употреба. Ќе го има и за празници но и во институциите. Неговата употреба произлегува од Рамковниот договор. Знамето е дел од идентитетот на една етничка заедница и не ја загрозува другата. Смислата на Охридскиот договор е тие различни идентитети да се почитуваат – вели портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

Поставувањето на знамето не било означување на територија – вели Османи.

За поставувањето на високите јарболи ДУИ не очекува реакција од коалициониот партнер. Оваа коалиција не е на желби и интереси туку на политички партии победнички кои имаат легитимитет да владеат – вели Османи.

Во меѓувреме, на пратеничките прашања ДПА ги праша ДУИ зошто со законот за знамиња е регулирано албанското знаме да има помали димензии од македонското знаме. И зошто споменикот на Адем Јашари е во село а не во центарот на Скопје.

Според ДУИ ваквата реакција на ДПА произлегува од нивната неспособност да соберат сили да бидат дел од големата сеалбанска прослава за која ДУИ успеала да оддели буџетски средства. За споменикот велат дека ДПА ветувала споменик на Јашари во Сарај но не дошло до реализација.

- Наместо да се занимаваат и да бидат дел од чествувањето на празникот одбраа да го одрекуваат и да ги критикуваат формите избрани за таа прослава на овој голем јубилеј на Албанците секаде во светот. За нас е жалење тоа што ДПА се уште зборува за некакви димензии на знамето одбивајќи да се присети дека само една година порано Тетово, градот кој го раководи ДПА ,остана без симбол на Албанците на денот на прославата и на денот на знамето. Се занимаваат со тоа колку средства за манифестацијата определила владата одбивајќи да признаат дека најбитно е тоа што владата одвоила средства за манифестацијата – вели Ермира Мехмети.

Неодамна вицепремиерот Муса Џафери изјави дека средствата се оперделени од Секретаријатот за реализирање на Рамковниот договор а тој пак е во рамките на владата.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=99602

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty20/11/2012, 14:20

Ја отераа државава у ПМ.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty20/11/2012, 15:05

Гујо не е здрав жими се...неспособен е да превземе конкретни мерки да ја запре оваа еуфорија која ги зафати браќава.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty20/11/2012, 15:36

ДУИ: „НАШИ И ВАШИ СИМБОЛИ, НО ЗНАМИЊАТА НЕ ГИ СИМНУВАМЕ“

Албанските знамиња во Зајас нема да се симнат и покрај незаконското поставување и немањето одлука од страна на Советот на општината. Потегот не е провокација. Ова е ралноста на која сите мора да се навикнеме, вели портпаролот на ДУИ Бујар Османи. Тврди дека албанското знаме е во официјална употреба во Македонија и го изразува културниот идентитет на една заедница .

Османи повика да се надминат предрасудите, а етничките заедници взаемно да се почитуваат и да градат соживот. Но колку тие ја почитуваат државата и државните симболи, химната и македонското знаме?

Во ВМРО-ДПМНЕ не пројавиле интерес за случувањата во Зајас. Никој од партијата ниту се јавил ниту пак побарал информација за албанските знамиња, информираше Османи. Коалицијата, вели функционира одлично, но во иднина мора повеќе внимание да се обрне на менаџирање на меѓуетничките односи.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=21832

ПРОВОКАЦИЈА И ВО ГОСТИВАР: „ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО АЛБАНИЈА“

Нова провокација - овој пат во Гостивар. На влезот во градот утринава осамна графит напишан на билборд на кој на ангилски јазик пишува „Добредојдовте во Албанија“. На само неколку метри од графитот се наога и официјалната табла на општина Гостивар, но таа е напишана само на албански и на англиски јазик.

Низ државава деновиве континуирано се случуваат провокации како што беше ставањето на шест метарски знамиња на јарболи во кичевското село Зајас, отворање на споменици за паднати борци на УЧК на Косово, но и најави дека на денот на прославата на албанското знаме Скопје по ништо нема да се разликува од Тирана и Валона.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=21837

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty21/11/2012, 22:31

Во пресрет на Денот на албанското знаме „обезглавен“ македонскиот револуционер Здравко Чочковски во Дебар

http://www.mkd.mk/77157/makedonija/zdravko-chochkovski-obezglaven/

Големо албанско знаме го покри Центарот за култура во Тетово

http://www.mkd.mk/77201/makedonija/golemo-albansko-zname-go-pokri-centarot-za-kultura-vo-tetovo/

Али Ахмети: Македонија е наша држава, нашата иднина е заедничка

http://www.mkd.mk/77218/makedonija/ali-ahmeti-makedonija-e-nasa-drzava-nasata-idnina-e-zaednicka/

Во дебарска гимназија се црта мапа на голема Албанија
Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 28-%D0%BD%D0%BE%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8-e1353420946284
http://www.mkd.mk/76885/makedonija/vo-debarska-gimnazija-se-crta-mapa-na-golema-albanija/
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 13 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 56 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: