Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 8 ... 13, 14, 15 ... 57 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty22/11/2012, 15:21

За Законот за знамиња никој не е надлежен!?

Градоначалниците и функционерите од Демократската унија за интеграција се охрабрија, па наместо да поставуваат знамиња на Република Албанија на приватна земја и ниви, наоѓајќи дупка во законската регулатива за знамиња, од вчера свесно го кршат Законот. Откако градоначалникот на скопската општина Чаир, Изет Меџити, на општинската зграда постави големо знаме на Албанија, изоставувајќи го државното, како што е пропишано со законот, синоќа знаме на Албанија со должина и ширина од десет метри го покри Домот на културата во центарот на Тетово. И во Тетово, како и во Скопје, знамето на Република Македонија никаде го нема.

- Никаде не е пропишано на кој начин ќе се празнува поради тоа што утре е 22 ноември Ден на албанската азбука, кој е државен празник за сите Албанци. Токму затоа е ставено, - изјави вчера Хаки Фазлиу, директор на Домот на културата, за телевизија Кисс од Тетово.

Сличен одговор вчера за телевизија 24 Вести даде и чаирскиот градоначалник.

- Се слави денот на албанското, а не на македонското знаме - рече Меџити.

Законската регулатива е јасна и прецизна - државното знаме се поставува во институција, на прослава, манифестација заедно со знамето на заедницата со етничка припадност од 50 отсто во местото и државното знаме треба да биде 1/3 поголемо од тоа на заедницата, пишува во Законот, донесен минатата година во јули. Оној што ќе го прекрши законот одговара прекршочно, а казната е парична, стои во законската регулатива.
Но, од случувањата на терен деновиве, токму тој закон никој не е надлежен да го спроведе. Вчера министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска објасни дека полицијата реагира по пријава и досега никој не побарал од нив помош ниту, пак, дека стигнало какво било барање за интервенција, а полицијата стои на располагање да помогне доколку од неа тоа некој го побара.

- Инспекторатот за локална самоуправа, пак, е надлежен за одлуките кои ги носат Советите на општините, а поставувањата на знамињата не биле ставени како точки на дневен ред - ни објасни Ванчо Шехтански, директор на инспекторатот.
Единствена институција која може да покрене постапка по вест пласирана во јавноста е Обвинителството, но од таму немаат абер да интервенираат или да покренат постапка, со изговор дека нема кривична одговорност. И додека сите креваат раменици кој е надлежен да покрене постапка за прекршување на законот за знамиња, ДУИ завитка неколку локации со албанско знаме.
http://www.plusinfo.mk/vest/67589/Za-Zakonot-za-znaminja-nikoj-ne-e-nadlezhen

Е така е, тоа што си дробел... сега ќе си сркаш. Wink

И ај нека ми каже некој од која држава се фоткиве.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 0gLcZ

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 UJdWw

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Bvcad

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 P1sLL

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 BwJAw

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Vc8p6

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 AkAQk

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 YuQnX

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 IVvt4

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty22/11/2012, 15:35

Од Голема Албанија!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty22/11/2012, 15:36

Таа ќе да е Зоки. Smile

Се‘албански буквар и за Албанчињата во Македонија?

Во Македонија деновиве се случуваат превирања и во врска со најновиот албански буквар, кој е отпечатен надвор од нејзините граници, со цел да се употребува насекаде каде што живеат Албанци.

Ова е учебник, означен како „национален проект“ со поддршка на владите во Приштина и Тирана, а промовиран и на 17 – ти мај оваа година во Призрен, во Косово на највисоко меѓудржавно ниво: во присуство на премиерот на Албанија Сали Бериша, претседателката на Косово Атифете Јахјага и премиерот Хашим Тачи. Денеска (22.11.2012 година), кога се одбележува 104 – годишнината од усвојувањето на новата, унифицирана албанска азбука со 36 букви, првоодделенците од овој етникум во Македонија се‘ уште не го користат новиот буквар, иако некои организации, означени како „хуманитарни“, се подготвени бесплатно да внесат и да дистрибуираат во земјата повеќе илјади примероци од тој учебник.

Нухи Дардишта, претседател на Сојузот на наставниците – Албанци во Македонија, појаснува кој е првичниот одговор на Министерството за образование: „Уште на 4 – ти јули годинава Сојузот на наставници – Албанци достави барање да се дозволи употреба на букварот. Беше одржан состанок со министерот за образование и неговиот заменик. Кралев даде ’зелено светло’, дека тој е многу добар, но и оти треба да помине преку Бирото за развој на образованието, за да се анализира програмата. Меѓутоа, пред некој ден преку пошта ни е испратен негативен одговор“.

Илија Ацески, експерт за социологија од Државниот универзитет во Скопје, смета дека овој буквар ја поставува Македонија пред „предизвикувачки проблем“: „Дали таа и натаму ќе прифаќа, дали ќе се помири со тоа дека една етничка заедница, еден народ, кој што живее во неа, ќе продолжи да го нагласува, да го продлабочува етничкиот јаз во неа? Да ја одвојува, да ја спецификува сопствената припадност како нешто различно, како нешто што припаѓа кон друга држава? Ова сега длабоко навлегува во политичката сфера, со дилемата: што натаму? Дали Албанците и натаму ќе го потенцираат и ќе го поврзуваат по секоја цена идентитетот што го имаат во Македонија со идентитетот во Албанија и во Косово?“

„Потребно е заедничко јадро во букварите за децата од сите етникуми“

Не е никаков грев користењето ваков заеднички албански буквар и во Македонија“ – вели Хавзи Мустафа, експерт за албанологија од Државниот универзитет во Скопје: „Заедничкиот буквар не е политичка желба на некои фактори. Околу него не постои некоја политичка заднина. Во него нема ништо што може да предизвикува меѓуетнички раздор“.

Дардишта се надоврзува: „Министерот ветува дека ќе се преведуваат учебници од Англија, а како не може да се употребува овој се‘албански буквар во земјата? Кога сите букви се исти за Албанците во Македонија и во целиот свет? Во Албанија се употребуваат многу учебници од Македонија без никаков проблем“.

Буквар со заедничко јадро

Ацески е категоричен: „Букварот од кој учат децата во Македонија, без разлика дали се тие Албанци, Македонци, Власи, или Роми, мора да има една суштина, јадро, кое е заедничко за сите. Можат да постојат некои специфичности, но тие мора да бидат посветени и поврзани со оваа држава, со овие култури, со овие етникуми.“

Мехмети истакнува што е потребно да се вгради во заедничкиот албански буквар: „Освен автори од Албанија и Косово, во тој буквар, секако, треба да се вклучи и автор од Македонија. Каде што има во букварот знаме од Албанија и Косово може да се додаде и знамето на Македонија“.

Социологот Ацески вака ја коментира концепцијата на првиот учебник во животот на Албанчињата – првоодделенци и од Македонија: „Таа сака да покаже дека и најмладите во оваа држава, кои се различни од Македонците, треба да се образуваат од најраните години за нешто, кое е се‘ помалку поврзано со Македонија. Тоа значи подготовка за бришење на границите меѓу Албанија и западниот дел на Македонија, овој простор сам по себе да се слее во една целина, како и за формирање една регионална нација, кога ќе дојде денот да се интегрираме во Европската унија“.

Мехмети, кој е и претседател на Унијата на албанската интелигенција во оваа држава, реплицира: „Тоа не е точно. Се стремиме да одиме кон Европа, но таа ќе не‘ прими само тогаш кога ќе бидеме регионално здружени. Во Европа ние мора да одиме како регион во заедништво.“

Остануваат отворени прашањата: по завршувањето на сите законски процедури дали заедничкиот албански буквар и конечно ќе биде одбиен од Бирото за развој на образованието и од Националната комисија за учебници? Дали во таков случај учителите – Албанци, сепак, можеби ќе се решат да го внесат во наставата, иако државата нема да го одобри? Министерството за образование преку својот портпарол Горан Галевски соопшти за ДВ дека „ќе биде незаконски каков било обид да се започне со употреба на заедничкиот албански буквар, без официјална дозвола за тоа“.
http://www.dw.de/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty22/11/2012, 16:59

Време е УНЦЛЕ САМ да се замеша во играва !!!!
Мислам крајно време е или одртавел па е индиферентен..
Поштоо знаеме дака виси по форумИ еве му порачуваме

ДОСТА Е 1111
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty22/11/2012, 17:05

Рака на срце Зоки, кога чичко Сем беше (релативно) на наша страна ние бегавме од него. Сега има друг чичко Сем што или не го боли уво за нас (во најдобар случај), или има други планови за овие простори (во најлош случај).

На крајот, кој е чичко Сем да ги бие нашите битки!? Не сме ни евреи ни шипоси. Треба еднаш за секогаш да ни влезе во глава дека САМИ треба да си ги биеме нашите битки! Тоа нема да го стори за нас ни Амер, ни Рус, нит Кинез.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty22/11/2012, 23:07

Скандалозно: Започнува војна во Тетово!?

Неколку тепачки денеска се пријавени во Тетово,според информациите од граѓаните се случувале најчество во албански кафулиња.Предизвикани повеќето од албанците,и неколку од македонците.Причината засега не е позната а најчесто биле со пиштоли и со ножеви.Повредени од тепачките имало 23 лица од кои повеќето биле македонци.Со повеќе иннформации наскоро,читајте не....

http://boommk.weebly.com/1/post/2012/11/5.html
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty23/11/2012, 12:14

Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty23/11/2012, 14:38

Можеш да си замислиш каква ё гордоста за нив сево ова!!!
гневот наш не се брои!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty23/11/2012, 18:33

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=62Dmwks1cKM

Го нападнале Груевски со јајца (ФОТО+ВИДЕО)

Попладнево, околу 16 часот во Тирана, автомобилот во кој бил премиерот Никола Груевски бил нападнат со јајца -јавуваат албанските медиуми.

Додека автомобилот се движел кон хотелот Шератон, како што пишува порталот Шкипмедија, граѓани го нападнале македонскиот премиер со јајца.

Весникот „Лајм“ повикувајќи се на извори од Тирана објави дека активисти на Цивилната Партија од Албанија фрлале јајца кон автомобилот, во кој бил премиерот Никола Груевски при неговата посета на Албанија.

Според „Лајм“ претседателот на оваа партија Таулант Цапа на својот Фејсбук - профил поставил коментар во кој се тврди дека околу 16 часот и 30 минути, нивни активисти фрлале со јајца кон автомобилот на како што напишал - „славомакедонскиот премиер“.
http://www.plusinfo.mk/vest/67815/OBNOVENO-Go-napadnale-Gruevski-so-jajca-FOTOVIDEO

______________________
Si vis pacem, para bellum


Последната промена е направена од Alvar на 23/11/2012, 18:54. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty23/11/2012, 18:40

Осквернавена црквата во Сарај, а црковното и македонското знаме парталосани!

По вчерашното газење и влечење на македонското знаме во скопски Чаир, денеска утрото се случи нов инцидент во Сарај, каде освен што била каменувана црквата Света Злата Мегленска, биле симнати и искинати и црковното и знамето на Македонија што виселе пред верскиот објект.

Освен прозорците, биле демолирани и каделабрите на црквата.

Ова е последниот во низата инциденти и меѓуетнички провокации што се случуваат деновиве пред прославата на Денот на албанското знаме, која ќе се одржи в среда, на 28 ноември.

Во меѓувреме, среде Кичево беше подигнато огромно албанско знаме на јарбол висок триесетина метри, во Радуша му беше дигнат споменик на Косовецот Адем Јашари, и тоа на тенк во сопственост на АРМ, а во дебарската гимназија беше обезглавена бистата на македонскиот револуционер Здравко Чочковски, додека училниците беа ишарани со карти од „Голема Албанија“ и пароли со слична содржина.
http://www.mkd.mk/77732/makedonija/oskvernavena-crkvata-vo-saraj-a-crkovnoto-i-makedonskoto-zname-partalosani/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 14 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 14 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 8 ... 13, 14, 15 ... 57 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: