Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 14, 15, 16 ... 57 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty23/11/2012, 22:59


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty23/11/2012, 23:53

Не ве потсеќа ова сценарио како во 90тите со Србите во Хрватска и Босна. Така и они почнаа со непослушност и правење слични инциденти и прогласување територии. 10 години се правеа газди на сите. Почнаа со терористички напади врз Хрватската полиција. И на крај се случи тоа што се очекуваше, а Србите се освестија дека национализмот кој го величеа политичарите за Голема Србија ги е погубна политика и платија за тоа со глава. Денес тоа го прават Албанците. Само што Албанците тоа ќе го платат многу полошо одколку Србите што го платија. Мислам дека ме разбирате на што мислам. Но како викаат старите, секој што си посеал тоа ќе жнее.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty24/11/2012, 11:58

Го симнал албанското знаме од Домот на културата во Тетово - го запреле полицајци ги исекол со нож

Според информациите од МВР, додека двајца полициски службеници го обезбедувале Домот на културата, забележале непознато лице како излегува од Домот и на дадена наредба да застане лицето почнло да бега

Еден полициски службеник заработил исекотина на прстот откако утрово околу 5 часот се обидел да интервенира пред Домот на културата во Тетово. Според информациите од МВР, додека двајца полициски службеници го обезбедувале Домот на културата, забележале непознато лице како излегува од Домот и на дадена наредба да застане лицето почнло да бега. При обид да го приведат, непознатото лице со нож му нанело расекотина на прст на еден од полицајците, по што побегнал. По ова, од страна на полициските службеници е констатирано дека е симнато албанското знаме кое било поставено во предниот дел на Домот на културата. Се преземаат мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

http://press24.mk/story/zname/go-simnal-albanskoto-zname-od-domot-na-kulturata-vo-tetovo-go-zaprele-policajci-gi-iseko

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty24/11/2012, 12:01

Запалени три албански знамиња на автопатот Тетово - Гостивар

Како што информира МВР, утрово околу 1:30 часот, засега непознат сторител запалил три знамиња на Република Албанија поставени на надвозникот кај село Горно Седларце од локални жители

Запалени три албански знамиња на автопатот Тетово - Гостивар. Како што информира МВР, утрово околу 1:30 часот, засега непознат сторител запалил три знамиња на Република Албанија поставени на надвозникот кај село Горно Седларце од локални жители.
Од МВР информираат дека веднаш извршиле увид и трагаат по сторителите.

http://press24.mk/story/zname/zapaleni-tri-albanski-znaminja-na-avtopatot-tetovo-gostivar

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty24/11/2012, 12:01

Раѓала Македонија предавници, ама раѓала и СИНОВИ Smile

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty24/11/2012, 12:37

Еми така де..и каменот молчел ама камен останал!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty24/11/2012, 13:36

Рибата од главата смрди дечки.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty24/11/2012, 13:37

Црв(ено) ја грицка Македонија

Јове Кекеновски

Украина имаше портокалова револуција, а Македонија имаше портокалова „еволуција“. Во ред, преживеавме. И живееме. Но кога дарвинистите деновиве решија на сопствениот народ портокаловата еуфорија да му ја заменат со црвена, а главата да му ја спуштат простум, чашата се прелеа.

Црвенееле Македонците во својата многувековна историја многупати. Ќе речете најмногу во времето на „комунистите“ (најверојатно мислиме на социјалистите и социјалистичкиот систем, бидејки комунизмот, како „идеално“ општествено уредување, и ден денес го посакуваат сите општества, читај уредувања, што патем е и најголемата историска заблуда на транзициските општества…). Се согласувам. Ама денес лицето на просечниот Македонец е нездраво црвено, црвено како да е насликано од раката на Пинифарина, црвено како најцрвеното „ферари“, црвено како крвта на моите предци. За мејкапот се погрижи кој друг ако не модното студио „Македонија“, мојата држава.

Есенскиот декор, оној прекрасен колаж од жолто-зелени бои на кој е навикнат секој Македонец, денес е размачкан со црвениот кист на (не)познат, апстрактен уметник. Сликарот немаше претешка работа – едноставно ја обои картата на Македонија во ЦРВЕНО. Дури и штафелајот му го придржуваа други – нашите политичари од македонскиот блок, оние познати квазипатриоти. А инспирацијата уметникот ја црпеше од иронијата и сарказмот на албанските политичари. Веќе видено. Делото беше изложено во „Хотел Македонија“, such a lovely place. А народот виде и поцрвене.

Поцрвене од нефункционирањетo на институциите на системот. Поцрвене од „незнаењето“ на политичката врхушка дека нејзиниот коалициски партнер подига огромен јарбол од шест метри на кој ќе се вее албанското знаме. Знаме на туѓа држава. Црвенее затоа што „некој“, иако е речиси цела декада на власт, сè уште не го „разбрал“ Охридскиот договор и допрва ќе го проучува. Црвенее од тоа што политичарите се поставуваат над Уставот и законите. Црвенее поради тоа што првите луѓе во државата на поставувањето на знамињата гледаат како на небитен фејсбук-пост за анимирање на електоратот, а не како на колосална политичка игра што мириса на рушење на унитарниот карактер на државата!

Oд напливот на црвенило не можеме „гордо да ја кренеме главата“. Си спомнувам, некогаш тоа беше слоганот на ВМРО-ДПМНЕ.

Се чини дека единствената што не се срами и црвенее е младата фортификација на актуелната власт. Тие од петни жили се обидуваат да нè убедат дека демократијата во Македонија отишла на толку високо ниво што нема место за национализам. Демек, јас слеп, а моите сограѓани слепи! Иредентизам? Сецесионизам? Не е до маглата, до нашата слепост е, еееј. Или пак она стопати повтореното – млади сме и неуки. Гревотки. Море професоре, море народе, па поставувањето на знамињата е привремено и тие ќе бидат симнати по зaвршувањето на празникот. Ни олесна, нели. Уффф. Па нели што ги отстранија и имињата на незаконски преименуваните училишта во општината Чаир. Па сме заборавиле ние греотки што се случи со одговорноста на војниците што се поклонуваа пред споменикот на УЧК во Слупчане. Па… така ќе заврши и ова. Ви се извинувам, почитувани политичари, од мое име и од име на мојот народ. Извинете за нашата неукост.

А што беше тоа држава? Што беше тоа знаме? Што значи веење знаме на туѓа држава на сопствена територија? Како се „преведуваше“ достоинство? А како тоа предците се превртувале во гроб? А како завршувале предавниците? Ме праша еден студент. Се обидов да му одговорам.

Прво е државното знаме, знамето на државата во која заработуваш и опстојуваш. Знамето на државата чиј државјанин си, а дури потоа знамето на етничките групи и малцинства. Така е барем во „нашата“ Европа. Токму така и никако на друг начин, му одговорив на студентот. Инаку овој студент е интердисциплинарен мераклија за јадење бурек навечер. Колку да се знае.

Па ме прашува „малиот“ што бидна со Закон за бранителите, оној за кој ечеше политичкиот врв, а сега молчи. Не молчат, му велам, тие сега пелтечат. А законот, колега, постои, само примената сега ќе се изучува на Филолошкиот факултет, катедра Историја. Нормално е еднаш да глумиш патриот, а потоа демократ на штета на државата, колега. Која перверзија? Какава срамота? Тоа ти е само нова филозофија, колега – нека се стиши малку работата, зашто народот е со кратко паметење, па подоцна ќе се одговори или ќе се измисли нешто друго за да му се оттргне вниманието од проблемот. Еве, да те потсетам, така беше и со донесувањето на автентичното толкување на законот за хашкитe случаи. Тогаш патриотите молчеа и гласаа, ги ослободуваа крвниците на македонскиот народ, за неколку дена подоцна некои од нив да положуваат цвеќе на споменикот на бранителите.

Ми се блуе од вакви патриоти, извини, колега. Од гравчето вчерашно ќе да е. И да не заборавам, на патриотите со наводници напред и назад од зборот им требаа неколку дена, недела, да се јават за Слупчане, а молчеа и за гласањето на нивните советници од општината Чаир за одлуката за поставувањето на Хасан Приштина, на пример, молчеа за поставувањето на Тодор Александров, молчеа за тепачката на Кале. На пример. Сите молчеа и за ,,невербалната тортура“ во Собранието од страна на еден пратеник од нивниот коалициски партнер додека им одговараше. Е сега нормално е да молчат и за знамињата, се разбира. И секогаш така. Освен кога ќе им згусти работата, кога ќе бидат фатени со спуштени гаќи, хехехеее… Хммм, колега, ова последново не сум ти го кажал јас.

Аааа, ме прашуваш до кога вака? Па до изгрејсонце, колега. Она изгрејсонце УТРЕ.

П.С. Јас пак имам желба да ги обојам во силноцрвено нашите новинари. Оние смешните, разбира се. Оние што наместо да ја согледаат опасноста од тоа што ни се урива државата однатре, дел од нив се занимаваат со тоа зошто Адем Јашари немал „класичен“ постамент, туку стои на тенк, зошто има пушка околу вратот и пиштол на половината. И замислете, на десната рака Јашари наместо пет имал шест прсти? Имам желба некој од „горе“ да нè брани и чува…
http://www.mkd.mk/77926/kolumni/crveno-ja-gricka-makedonija-kekenovski/


Добра колумна, еден потпис и од мене.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty24/11/2012, 14:37

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Jako_logo
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty24/11/2012, 20:44

ЗАКАНИ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОДРИ НА НАЦИОНАЛНА ОСНОВА (видео)
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=21931

Нема веќе политичко или било какво решение по мирен пат со овие.

______________________
Si vis pacem, para bellum


Последната промена е направена од Alvar на 24/11/2012, 20:50. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 15 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 15 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 14, 15, 16 ... 57 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: