Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 54 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty5/11/2012, 15:59

Ако ова е до заби наоружани тогаш јас дома имам цел арсенал на оружје... Smile
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty5/11/2012, 17:49

Адвокатот Панчевски тврди: Има видео снимка од падот на кингерот- авионот е урнат со ракета

Адвокатот Игнат Панчевски тврди дека комисијата надлежна за извештајот за падот на кингерот при што загина претседателот Борис Трајковски нестручно си ја завршиле работата поради тоа што не го зеле клучниот доказ дека авионот е урнат со ракета од страна на друг авион.

Панчевски не ги покажува видео снимките за кои смета дека докажуваат дека станува збор за атентат врз Трајковски. Адвокатот вели дека на тие снимки се гледаат и воени возила со многу војници кои по падот на кингерот кај Мостар стигнале на местото за да проверат што се случило. Никој не потврдува дека воопшто постои таква снимка за која зборува Панчевски.

Македонија формираше стручна комисија која по две години работа изготви извештај за падот на кингерот и го достави до босанските власти од кои се бара отворање на нова истрага поради нови докази посочени во тој извештај.

Властите во Сараево го разгледуваат извештајот и уште нема никаква информација дали ќе биде отворена истрага за падот на претседателскиот авион или ќе остане заведена како авионска несреќа во која загина и претседателот Трајковски. Од друга страна адвокатот Панчевски тврди дека во Македонија е клучниот доказ односно видео снимка на која е прикажана инцидентот.

- Во Македонија се доставени видео записи од тоа како воен авион со ознаки од позната држава, со ракета гаѓа во кингерот. Како е погодено крилото на кингерот иако е гаѓано во телото на авионот, истовремено кингерот како паѓа на земја, вели адвокатот Панчевски.

Миомир Серафиновиќ

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=98608
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty5/11/2012, 19:21

Ако има видео снимка, крајно време е да ја видиме.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty6/11/2012, 11:14

Полицаецот бил пресметлив за време на двојното убиство

Полицаецот Јаким Трифуновски бил пресметлив кога во февруари годинава го извршил двојното убиство во Гостивар. Ова вчера го изјави професорот Антони Новотни, кој сведочеше како психијатриски експерт за време на продолжението од судењето во Основниот суд во Гостивар.

Исказот што малолетната ќерка на полицаецот Трифуновски го дала пред истражните органи се читаше вчера во Основниот суд во Гостивар, а за тоа време јавноста беше исклучена од судењето. Трифуноски е обвинет за убиството на Бесник Шехапи и Имран Мехмети, а процесот продолжи вчера со изведување на доказите од вештите лица.

Новотни рече дека вчера дознал оти имало две верзии за настанот. Потребни му биле дополнителни докази за да каже дали полицаецот би реагирал различно ако бил нападнат или ако напаѓа.

Судскиот процес почна минатиот месец, откако беше одложен двапати бидејќи полицијата проценила оти не биле преземени сите безбедносни мерки Трифуноски да биде спроведен од прилепскиот затвор до Судот во Гостивар.

Во својата изјава пред судот полицаецот рече дека пукал во двајцата сограѓани за да го заштити својот и животот на својата ќерка, откако бил нападнат зашто е полицаец, а не поради верска или национална омраза. (З.Г.М.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5F588C71A43BE64C85C3A890DC26CEEB

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty6/11/2012, 11:14

АХМЕТИ: КИЧЕВО Е НАШЕ – АЛБАНЦИТЕ СЕ МНОЗИНСТВО

Кичево е наше, историски ни припаѓа. Ние сме мнозинство и мора да го добиеме овој град. Со ваква порака, лидерот на ДУИ Али Ахмети се обидел да ја мобилизира албанската дијаспора во Швајцарија, пренесува Дневник.

Кичево е град со доминантно македонско население, но со територијалната организација во 2004 година, кон градот се припоија и општините Зајас, Другово и Вранештица со што се зголеми бројот на албанското гласачко тело.

На оваа провокација на Ахмети одговорил и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антониот Милошоски кој потекнува од Кичево.

“ Градот Кичево е доминантно македонски. На наредните избори очекуваме граѓаните на Кичево да бидат победници и покрај политчкиот инженеринг направен со територијалната организација во 2004 година. Граѓаните на општина Кичево на овие избори треба да настапат со промотивен и обединувачки слоган „Кичево на кичевци“, изјавил Милошоски за Дневник.

Според математиките ако двата македонски политчки блока не најдат заеднички кандидат, Албанците меѓу себе лесно ќе се договорат, и многу ќе е веројатно Кичево за прв пат да добие градоначалник Албанец.

http://mkd-news.com/ahmeti-kichevo-e-nashe-albantsite-se-mnozinstvo/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty6/11/2012, 11:15


АДВОКАТОТ ПАНЧЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА ГЛЕДАЛ ВИДЕОСНИМКА ДЕКА СО РАКЕТА Е СРУШЕН МАКЕДОНСКИОТ ВЛАДИН АВИОН ВО БОСНА:

На два странски јазици си честитаа откако го срушија "кингерот" на Трајковски

Причина за да се изведе атентат врз Трајковски, Панчевски наведува дека е тоа што претседателот поседувал документи кои би го нарушиле угледот на некои западни дипломати кои во 1999 година престојуваа во Македонија. Исто така и аудиозаписите од црната кутија на "кингерот" биле дополнително обработувани и бришени. Сепак, тој тврди дека има аудиозапис на кој јасно се слушаат хаосот кој настанал во кабината и честитките по падот кои биле кажани на два странски јазици

Скопскиот адвокат Игнат Панчевски тврди дека постои видеозапис што лично го видел, а на кој јасно се гледа дека државниот "кингер" бил срушен со ракета и оти претседателот Борис Траковски е жртва на атентат. Кратко време по падот на авионот на местото се појавиле војници на СФОР кои ги уништувале доказите и ги палеле остатоците од авионот, но и од патниците во него.
- Со години упорно тврдам дека е атентат. Сега во Македонија се клучните докази, а тоа е видеозапис. На записот може да се види како воен авион испалува ракета кон државниот "кингер" и го подготвува во крилото. Авионот делумно се распаѓа во воздух и паѓа. Набрзо на местото пристигаат воени возила и хеликоптер кои ги уништуваат доказите, вели адвокатот Панчевски.

Тој додаде дека според доказите кои ги поседува се упатува на добро организирана акција за ликвидација на македонскиот претседател. Врските со авионот намерно биле прекинати за тој да биде наведен кон воздушниот простор каде што го чекал воениот авион за да го сруши.
- Прикриен фактот е дека контактот со "кингерот" е прекинат на трите фреквенции, а во комуникацијата со пилотите се вклучува возено возило кое ги наведува кон воениот авион кој ги чека. Тој ги довел пилотите во заблуда. Тие беа искусни луѓе кои, за жал, се водат како главни виновници. СФОР веќе имал распоредено воени тимови во околината на местото на падот, додава тој.

Причина за да се изведе атентат врз Трајковски, Панчевски наведува дека е тоа што претседателот поседувал документи кои би го нарушиле угледот на некои западни дипломати кои во 1999 година престојуваа во Македонија.
- Тој беше директно инволвиран во сите настани во таа година, бидејќи беше заменик-министер за надворешни работи. Јас долго време работам на случајот и наидов на информации што упатуваат на коруптивни скандали што во тоа време биле извршени од некои високи светски државници. Трајковски поседувал документи како доказ за корупцијата, но не знам што конкретно барал од тие државници. Затоа тој не полета вечерта, како што беше планирано, туку рано наутро наредниот ден, изјави адвокатот Панчевски.

Како доказ на своите тврдења тој приложи рачен часовник и златен синџир на еден од загинатите чие семејство го ангажирало, а хемиската анализа покажала дека тие биле запалени и изгорени од хемикалија, а не керозин, како што требало да биде. Часовникот бил застанат на време кое не кореспондира со официјалната верзија на времето на паѓањето на авионот.
Исто така, и аудиозаписите од црната кутија на "кингерот" биле дополнително обработувани и бришени. Сепак, тој тврди дека има аудиозапис на кој јасно се слушаат хаосот што настанал во кабината и честитките по падот кои биле кажани на два странски јазици.

Според Панчевски истите тие кои стојат зад атентатот на Трајковски, преку свои луѓе во Македонија ја саботираат истрагата сакајќи да се заташка и заборави целиот случај.
- Комисијата која го истражуваше случајот намерно беше одбрана во тој состав за да се изврши наредбата од странскиот фактор, исто како и во Босна и Херцеговина. Таа е некомпетентна и селективно ги обработуваше податоците. Тие не покажаа интерес за доказите кои ги поседувам исто како и Јавното обвинителство, рече Панчевски.

Тој изјави дека сега засега нема да ги даде во јавноста аудио и видеозаписите за да не изгубат во тежина и додаде дека го чекал одговорот на босанските власти на најновиот владин извештај за смртта на Трајковски.

Во првичниот владин извештај за несреќата за главни виновници беа посочен двајцата пилоти, Марко Марковски и Бранко Ивановски, кои летале многу ниско и не се придржувале кон упатствата на контролата за летање од Мостар. Двајцата пилоти, инаку, имаат илјадници часови лет и стотина пати слетале на аеродромот во Мостар, кој меѓу пилотите важи за тежок поради комплицираниот пристап.

Во меѓувреме Владата на РМ повторно ангажира тим истражители кои го обработија целиот случај, а според официјалните информации нивниот извештај бил различен и новите детали упатувале на клучни прашања кои дополнително треба да се одговорат. Сепак, од Владата никогаш не прецизираа за какви детали станува збор. Тоа минатиот месец го потврди и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
- Лично сметам дека тој извештај, со оглед на тоа што веќе имаме извештај кој е различен во однос на се друго што претходно било разгледано, заслужува должно внимание и од нашите власти и од босанските, рече тогаш Јанкулоска и додаде дека во оваа фаза не би можела да каже дали тој извештај ќе значи одговор на сите отворени прашања.

Многу домашни и странски експерти веднаш ги оспорија официјалните заклучоци од истрагата и оставија простор за сомневање дека уривањето на авионот можеби не било несреќен случај.
Како неразјаснети останаа прашања и факти како наоѓањето на остатоците од авионот 24 часа по падот, зошто не беа испрашани француските војници од СФОР кои се наоѓаа во контролната кула за летање на мостарскиот аеродром, а оспорена беше и реконструкцијата врз која се темелеше првичниот извештај.

Меѓу првите кои тврдеа дека се работи за атентат беше и европратеникот Андреас Грос, кој во Советот на Европа изјави дека има основани сомневања дека претседателот Трајковски бил цел на атентат и во неколку наврати јавно побара нова истрага за падот на кингерот".
Претседателскиот авион падна во близината на селото Ротимље на 26 февруари 2004 година. Во несреќата, покрај Трајковски, загинаа и Димка Илкова - Бошковиќ, Ристо Блажевски, Анита Кришан - Лозановска, Миле Крстевски, Борис Велинов, Аце Божиновски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Авионот требаше да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време.

(О.Ч.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CC9394BC25454644975493EE9445B772

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty6/11/2012, 11:16

Осум милиони евра за 1.500 „рамковни“ што седат дома

Од Секретаријатот за рамковни прашања тврдат дека од овие над 1.500 вработени само некои седат дома и земаат плата, а другите се распоредени во други државни институции

Татjана Поповска

Над 1.500 новопримени административци чекаат во Секретаријатот за рамковни прашања да бидат прераспределени во државните институции, откако по принципот на правична застапеност предвиден со Охридскиот договор, биле вработени во државната администрација без за тоа да има реална потреба. Предлог-буџетот што вчера влезе во собраниска процедура, покажа дека фрапантен број „рамковни административци“ секој месец земаат плата, но немаат соодветно работно место. Голем дел од нив воопшто не се појавуваат на работа бидејќи во просториите на Секретаријатот нема капацитет да бидат „сместени“ над илјада административци.

Според податоците од предлог-буџетот за 2013 година, Министерството за финансии предвидело следната година да се одвојат 540.565 илјади денари или 8,7 милиони евра, сума со која в година треба да се платат платите за новите етнички вработувања.

Од Секретаријатот за рамковни прашања тврдат дека од овие над 1.500 вработени само дел седат дома и земаат плата, а другите се распоредени во други државни институции, иако се' уште земаат плата од Секретаријатот. Сепак, портпаролот Мухамед Хоџа не можеше да каже колкав е бројот на административците што седат дома.

„Процесот на распределба на вработените од Секретаријатот за рамковни прашања има неколку фази. Додека не заврши целиот процес, односно додека за нивното вработување не добијат согласност од министерот за информатичко општество и администрација и од министерот за финансии, тие буџетски не можат да бидат префрлени на институциите каде што се распределени и каде што веќе работат“, вели Хоџа, за кого не е спорно што административците се распоредени во државни институции без претходно да ја добијат потребната согласност.

Од 1.578 лица кои во моментов фигурираат на платниот список на Секретаријатот, во овој сектор работат само 39 административци, а другите барем според податоците од предлог-буџетот чекаат распределување.

Дека принципот на вработување на припадниците на етничките заедници не функционира како што треба констатира и Европската комисија во последниот Извештај за напредокот на Македонија. ЕК забележува дека значително треба да се подобри процесот на вработување кој го води Секретаријатот за спроведување на охридскиот Рамковен договор.

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=FBA3C9E38DD46F4CBA321E9B862FDF84

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty6/11/2012, 11:17

Нови провокации од Бугарија за македонските евроинтеграции

Новата бугарска политика на блокади, што политичарите од Софија ја заговараат веќе подолго време, добива се позериозни размери. Бугарскиот премиер, Бојко Борисо во интервју за грчки енос, бара, Братска Македонија да ја почитува Бугарија, ако сакала во Евроската Унија.

-Кога си член на НАТО и ЕУ треба сè да прифатиш во реални рамки и да ја почитуваш историјата на другите, нивните ставови. Владата во Скопје треба да ги реши своите проблеми на европски начин, па така да може да ја стекне нашата поддршка, вели Борисов, потенцирајќи дека ова е главен предуслов за европската иднина на земјата.

Во меѓувреме, речиси секојдневие стануваат условувањата за поддршка од Бугарија на самитот на Унијата во декемвр. Шефот на бугарската дипломатија, Николај Мкаденов сега бара ревидирање на учебниците по истотија.

-Поддршка зависи од извештајот на Европската Комисија за Македонија, по кој ќе се одлучува за месец и половина.Кристално јасно е дека е невозможно да успеат за месец и половина од нивните учебници да ги исфрлат содржините според кои Бугарија ја окупирала Пиринска Македонија, со што бил поделена нивната земја и народ“, вели Младенов за Дарик радио.

Ваквата политика на блокади добива поддршка и од радикалните структури кај источниот сосед. Идејата да се биде нова Грција во семејството на европската Унија, за Божидар Димитров е оправдана и добра политика. Тоа е начинот како, според него, да се спречеле мегаломанските аспирации на Македонија.

Димитров тврди, дека Македонија кога ќе станела членка на Унијата, ќе барала автономија на Пиринска Македонија.

Марјан Николовски

http://www.sitel.com.mk/node/42253

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty6/11/2012, 12:17

Генерал напиша:
Нови провокации од Бугарија за македонските евроинтеграции

Новата бугарска политика на блокади, што политичарите од Софија ја заговараат веќе подолго време, добива се позериозни размери. Бугарскиот премиер, Бојко Борисо во интервју за грчки енос, бара, Братска Македонија да ја почитува Бугарија, ако сакала во Евроската Унија.

Ионака нема да добиеме датум за почеток на преговори, па ако е така... зошто нашиве им молчат на татариве?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty6/11/2012, 12:21

Генерал напиша:
Кичево е град со доминантно македонско население, но со територијалната организација во 2004 година, кон градот се припоија и општините Зајас, Другово и Вранештица со што се зголеми бројот на албанското гласачко тело.

Одговорниот за ова национално велепредавство треба да виси на плоштад.
Штета што Стружани не го докосурија таа година во нередите, голема работа ќе завршеа.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 9 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 9 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 54 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: