Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 53 ... 100  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty26/10/2012, 13:03

За „Монструм“ има цврсти докази

Петок, 26 Октомври 2012 12:25

По вчерашната реконструкција на петкратното убиство, јавното обвинителство денес посочува дека има цврсти докази во случајот „Монструм“.

По однос на кривичниот предмет познат во јавноста под називот „Монструм“, а се однесува на петкратното убиство во атарот на село Смиљковци во м.в. „Смилковско езеро“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека по завршената истрага, оцени оти има доволно цврсти докази кои ќе бидат изнесени пред надлежниот суд, а со кои ќе се докаже дека обвинетите навистина ги превземале дејствијата опишани во Обвинителниот акт, кои ги исполнуваат битните елементи на кривичните дела кои им се ставаат на товар.

Меѓународните стандарди во областа на заштитата на сведоци и жртви, а кои стандарди се прифатени и се дел од Законот за заштита на сведоци кој се применува во Република Македонија, како и одредбите во Законот за кривична постапка, обезбедуваат инструменти преку коишто се заштитува идентитетот на заштитените сведоци и нивните семејства, се подвлекува во соопштението и се потенцира дека каква било шпекулација изнесена во јавноста по однос на заштитени сведоци остава простор за разоткривање на нивниот идентитет со што може да се загрози нивниот живот и животот на нивните најблиски. Тоа, се посочува, е во спротивност со потребата пред судот во законита постапка да се утврди материјалната вистина со што се причинува директна штета на сите учесници во кривичната постапка.

Поради шпекулациите изнесени во одредени медиуми околу наводно истечен мандат на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, меѓу кои и на јавниот обвинител Гордана Ѓешкоска, соопштуваат дека сите јавни обвинители коишто ја извршуваат својата функиција во ова јавно обвинителство имаат мандат во рамки на кои тие ја извршуваат својата секојдневна работна задача. Мандат за својата функција има и јавниот обвинител Гордана Ѓешкоска.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/89643-Za-Monstrum-ima-cvrsti-dokazi

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty26/10/2012, 19:14

Македонија и Србија заедно ќе ја слават годишнината од српската окупација врз земјава

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 H9fCL

Балканските војни се синоним за окупации и за освојување на територии и никако не ја симболизираат слободата на Македонија, смета историчарот Новица Вељановски.

„Балканските војни се воделе за освојување на територии и за окупации. Оттука и битката кај Зебрњак нема никакво позитивно значење за Македонија. Напротив, по таа битка следувала српската окупација врз Македонија. Балканските битки се величеа како ослободителни во поранешна Југославија, а под влијание на Србија и на српските политичари, Но, тие битки донесоа окупација на Македонија и нејзина поделба“, смета Вељановски.

Тој не сакаше да ја коментира официјалната посета на српскиот претседател Томислав Николиќ кој денеска пристигнува во тридневна посета на Македонија, а по повод да оддаде почит на битката кај Зебрњак и победата на српската војска над Oсманлиите.

„Јас политичките одлуки не можам и не сакам да ги коментирам. Од историска гледна точка, кратко и јасно може да се заклучи дека по битката кај Зебрњак следуваше нова окупација врз Македонија, од Србите“, вели Вељановски.

Српскиот претседател Николиќ во земјава пристигнa денеска. Тој ќе биде пречекан од неговиот домаќин, претседателот Ѓорге Иванов, а ќе оствари средби и со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието, Трајко Вељановски. Утре Николиќ ќе посети српски семејства во валандовското село Сретеново, а задутре ќе присуствува на прославата на 100 годишнината од битката од Балканските војни кај Зебрњак, Куманово, на која ќе присуствува и владина делегација предводена од заменик – министерот за култура, Драган Недељковиќ.

По повод посетата на српскиот претседател, денеска реагираше и партијата ТМРО. За оваа партија прославата на годишнината од битката кај Зебрењак е неприфатлива.

„Да се слави ден на окупација врз сопствена држава, и тоа со официјално присуство на македонски владини претставници, е надвор од здрав разум. Битката која српскиот претседател заедно со македонските претставници официјално ќе ја одбележи кај Зебрњак претставуваше почеток на српската окупација врз Македонија. Ова што сега се случува во Македонија, прво да ги славиме балистите, а сега и четниците, е против македонската национална самобитност и длабоко задира во чувствата на Македонците“, се вели во писмената реакција на партијата ТМРО.

Најавата за прославата од годишнината на оваа битка предизвика реакции и кај медиумите во Бугарија. Тие ја искритикуваа Македонија дека одбивала заедно со Бугарија да го одбележи Илинденското востание, а од друга страна ја одбележува кумановската битка заедно со властите на Србија.

„Балканските војни се најголема трагедија за македонскиот народ кои доведоа до поделба на Македонија со Букурешкиот договор во 1913 година“, напиша бугарската агенција Фокус.
http://www.mkd.mk/70402/makedonija/makedonija-i-srbija-zaedno-kje-ja-slavat-srpskata-okupacija-vrz-zemjava/

Има ли некој со два грама мозок во државава? Shocked Glava v zid

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty27/10/2012, 19:55

Како што не не оставаат да одиме во Прохор, така нека не му дозволат и на Николиќ, а тој со „услугата„ со МПЦ и СПЦ сака да искористи заедничко поклонување кај Куманово. Ем ебани, ем тепани Glava v zid Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Prashanje
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty27/10/2012, 20:02

Историчарите и Николиќ во војна за Балканската вистина
сабота, 27 октомври 2012, 17:27

Провокација – тоа за македонските историчари преставува изјавата на српскиот претседател Николиќ дека Македонија почнала да се ослободува за време на Балканските војни кога српската војска влегува на македонска територија. Историската лекција на Николиќ ја слушнаа новинарите на приемот во српската амбасада во Скопје.

Токму 100 годишнината од Балканските војни беше тема на историскиот симпозиум во Струмица. Таму историчарите не го коментирале политичкиот аспект на изјавата на Николиќ која е дадена два дена пред одбележувањето на 100 години од први на српската армија во Македонија, но за Алфа ги пренесуваат историските факти кои се спротивни на тврдењето на српскиот претседател.

Од Скопје пак историските записи за Балканските војни и нивната окупаторска димензија врз македонското население ги пренесува Александар Стојчев. Според него потврда дека Македонија не извојувала слобода, како што зборува Николиќ, е Букурешкиот договор.

Фактите кои ги изнесуваат историчарите се наведени и во весникот Македонски глас, отпечатен на руски јазик во 1913-тата. Таму се напишани неколку меморандуми кои стигале од терен од македонски војници кои напоменувале дека, иако војуваат за други држави на крајот ќе завршат како освоени, а не ослободени.

Николиќ крена прашина со посетата – ја најави со предлoгот да посредува во спорот на МПЦ со СПЦ, ја дополни со час по историја- ја завршува утре со прославата на 100 години од кумановската битка.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=57016


Изгледа нашиве имаат волна во уста.. па не знаат што да кажат на провокацииве. Rolling Eyes

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty27/10/2012, 21:09

Хакиран сајтот на претседателот Ѓорге Иванов

Официјалната интернет страна на македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска беше мета на косовски хакери.

Хакерите на страната на претседателот оставиле порака дека нападот е во име на албанскиот народ.

Неколку часа по нападот, страницата е ставена во функција, а пораките од косовските хакери се отстранети.
Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Sajt-ivanov
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty27/10/2012, 21:47

Полицијата информира дека додека момчето се возело од Бит Пазар кон Бутел, кај семафорите на улицата .„Џон Кенеди“ физички бил напднат од лицата, кои го удирале со тупаници по главата и лицето.

Од ударите С.О заработил крварење од носот, црвенило по лицето и оток на главата, а напаѓачите по инцидентот веднаш избегале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

http://www.kurir.mk/makedonija/crna-hronika/89753-Momce-pretepano-vo-57
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty28/10/2012, 00:04

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty28/10/2012, 15:19

Денеска, во 19 часот и 30 минути на плоштадот Македонија во Скопје, повеќе од 70 илјади граѓани ќе побараат Никола Груевски, Али Ахмети и фамилијата да си заминат од власта во Македонија.

Според најавите, ова ќе биде најголемиот протестен митинг одржан некогаш во Македонија.

Многумина денешниот митинг го поврзуваат со почеток на револуција и го поистеветуваат со почетокот на падот на Слободат Милошевиќ во 2000-тата.

Денеска покрај протестот против поскапувањата, авторитарното владеење и сиромаштијата, ќе бидат претставени и кандидати за градоначалници во скопските општини.

http://www.sky.mk/index.php/makedonija/1481-demonstracii-protiv-rezhimot-na-gruevski

Не да е пристрасен сајтов... Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty29/10/2012, 14:06

ДУИ СО НАД 15.500 АМАНДМАНИ КОНТРА ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ

ДУИ со предложување на над 15.500 амандмани ќе се обиде да го спречи донесувањето на предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили по скратена постапка, најави пратеникот Талат Џафери.

Го повтори ставот на неговата партија дека се за законот што ќе ги опфати сите страни од конфликтот во 2001 година, но и дека ќе ги искористат сите институционални можности за блокирање на законот во предложената форма.

„Како и во редовната постапка, ќе ја искористиме секоја институционална можност да го спречиме донесувањето на законот. Ние сме за комплементарно решение што ќе ги опфати сите граѓани на Република Македонија”, рече Џафери.

Со 11 гласови „за” и 81 „против” беше одбиен предлогот на пратеникот од ДПА Зијадин Села предлог законот да биде симнат од дневен ред. Упати и критики до ДУИ, посочувајќи дека со изгласување на недоверба на владата можеле да го спречат носењето на законот.

„Ќе беше поприфатливо наместо 15.500 амандмани да наброите пет проекти корисни за Албанците, а носењето на законот да го спречите во Владата”, рече Села.

Предлог-законот е 35 точка на дневниот ред.

Извор: Макфакс

http://hajdpark.mk/dui-so-nad-15500-amandmani-kontra-zakonot-za-braniteli/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty30/10/2012, 14:38

Голем револт кај роднините, соседите и пријатели Крсте Стерјоски, кој беше претепан од смрт во јули годинава, откако судот во Тетово на двајца осудени им одреди затворски казни од 2,5 и една и пол година.

Тие се револтирани што во првостепената судска пресуда осудените се прогласени за виновни но не за убиство туку за нанесување тешка телесна повреда, како и од висината на затворската казна.

54 годишниот Крсте Стерјоски на 6 јули бил запрен од двајцата браќа 22 годишниот Луис и 21 годишниот Фарук Биљали кои започнале вербална расправија.

Потоа браќата физички го нападнале удирајќи го повеќе пати во главата.

Во пресудата се наведува увидот од обдукцијата каде е посочено дека смрта на Крсте настанала како резултат на делување на сила во пределот на левата слепоочна регија.

Преку адвокатите роднините ќе ја обжалат пресуда во Апелационот суд.

Glava v zid Glava v zid Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 6 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 6 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 53 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: