Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 28 ... 52, 53, 54 ... 76 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty7/3/2013, 16:52

Во Битола предавање за 100-годишнината од Букурешкиот договор


Амбасадорот Слободан Чашуле и новинарот и политички аналитичар Љубомир Гајдов денеска на дисперзираните студии на Правниот факултет во Битола одржаа предавање на тема „Меѓународната политика на Република Македонија и 100 години од Букурешкиот договор“.

На средбата со студентите, амбасадорот Чашуле истакна дека Договорот од Букурешт претставува еден век озаконето безаконие.

- Букурешкиот договор не е правен чин во својата содржина и по својот квалитет, туку спогодба како да се дели територија која не припаѓа на ниту една од државите кои учествуваа во тој договор. За жал, овој договор потоа беше потврден со Версајскиот договор кој пак денес претставува темел на сегашна Европа и нејзините интеграциони процеси, оцени амбасадорот Чашуле.

Според него, треба да се афирмира штетноста на Букурешкиот договор бидејќи одземенетиот суверенитет на нашата држава со тој договор е озаконет.

- Во случајот на Македонија, користејќи ги и другите преседани, одземениот суверенитет на нашиот народ со Договорот од Букурешт е озаконет со Версајскиот мировен договор, а Грците тоа го злоупотребуваат со инсистирање на промена на идентитетот, со промена на името и другите атрибути. Најголемиот македонски апсурд во овој момент е тој што една вештачка нација како што е грчката која е далеку од елинската, на нашиот народ кој е самороден и кој има длабинска култура многу постара од нивната ни го спори идентитетот. Грците бидејќи се народ без идентитет, се плашат од нашиот идентитет, истакна Чашуле.

На денешното предавање свое излагање имаше и политичкиот аналитичар Љубомир Гајдов, кој истакна дека голема среќа за Македонија е што рускиот претседател Путин ја враќа Русија на Балканот.

- Сметам дека не случајно Бан Ки - мун кој имаше посета само на Белград и Приштина, кога виде дека Путин го вика нашиот премиер Никола Груевски да дојде на разговор во Санкт Петерсбург, одеднаш ја смени програмата и дојде во Охрид и во Скопје, и тогаш рече дека ќе врши притисок врз грчкиот премиер за да што поскоро се реши грчко-македонскиот спор околу името што ни го оспоруваат, посочи Гајдов.

SITEL
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty7/3/2013, 18:06

Стојанче Ангелов против Талат Џафери
Вечерва, во 20:45 часот на Алсат- М телевизија имате можност да го проследите телевизискиот дуел на Стојанче Ангелов и Талат Џафери во емисијата „Патот кон … ” со Мухамед Зекири

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty7/3/2013, 18:31

Дечки да ми дадете вие он-лајн линк да гледам бидејќи ја немам на ТВ? Ај ве молам ако је икако могуче..
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty7/3/2013, 18:32

Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty7/3/2013, 18:32

Frogfoot напиша:
Балкан Инсајт: Талат Џафери во 2008 добил 6-месечна условна затворска казна

Има ли простор да му се одземе мандатот по овој основ.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty7/3/2013, 19:45

Денеска бев на предавањето на Слободан Чашуле и Гајдов..беше интересно, некои нови факти кои не ги знаеме, н некои кои ги знаеме само објаснети од постручен аспект.

Чашуле повеќе зборуваше за надворешната политика на РМ, кроењето на дипломатијата од самите почетоци до денес, додека Гајдов повеќе говореше за Букурешкиот договор, Македонците...и сл.

Да се навратам на Чашуле..

Воведот го започна со неговата служба во Шпанија како наш амбасадор..за историјата на Шпанија (до 15 век биле воглавно муслимански, па од тогаш почнува хрисијанизацијата), за шпанските евреи во Македонија (има нешто и во Трето полувреме ако го гледавте), за дипломатијата на СФРЈ, и нашите почетоци.

По основањето на РМ како самостална држава, сме направиле грешки што не сме ги задржале дипломатите кои биле за време на СФРЈ на должност во Токио, Вашингтон и сл...повеќе по наша вина, односно филтерот го поминале само 3-4 дипломати од тоа време... и така сме почнале од нула..додека Словенците ги спомна како добар пример, каде што го искористиле нивниот (го заборавив името) дипломат од времето на Југа..иако сега ги плаќаат сметките од кредитите од ЕУ но затоа брзо напредувале, додека историјата на Македонската дипломатија од самосталноста, ако може од оваа временска дистанца да се каже, е историја на пропуштени шанси и прилики, неснаоѓања и сл.

Зборуваше зa спорот со Грција, за албанското прашање и агендата на Албанците тука, за нашите од Голо Брдо итд...

Спомна нешто интересно односно при една посета на Брисел заедно со Теута Арифи, која во една прилика додека биле таму, му рекла..ова со големо-албанскиот сон е само дневно политичка фарса, воопшто не ни е интерес сецесија или федерализација или незнам што...туку интерес им било влез во ЕУ и НАТО, додека ова претходно го користеле само за притисок врз нашава Влада за што побрзо да започнат преговорите и да влеземе во ЕУ. Тие планираат дека и Албанија ќе влезе во ЕУ (веројатно и Косово, иако верувам јасно и е дека тоа не е можно) па по влезот планираат културно, економско обединување...

Затоа уште сега економски се поврзуваат и има големи инвестиции и во Тетово кое се гради, и во Албанија...

Тоа е нивната цел, во ЕУ ќе бидат пак обединети и економски развиени, и културно поврзани оние делови кои ги сметаат како Голема Албанија...

Тоа е она што рече дека треба да го практикуваме за Егејскиот дел, Пиринскиот, Вардарскиот (колку-толку) и секако кај нашите во Албанија.. на тој начин, треба економски да ги стимулираме тие региони, Македонците таму да заживеат, а по влезот во ЕУ ќе работиме на културно и понатамошно економско обединување, бидејќи територијално обединување...Вардар-Егеј-Пирин..заборавете, неможе да се деси бидејќи „шумарот„ не дава.

Колку е ова вистина незнам со Теута, и дали таа искрено го кажала незнам.

Исто така рече, дека поради планинските масиви во северо-западна Македонија е тешко поврзување со Косово, и тоа е она што нас ни оди на рака, односно вложување да се направи тој регион лесно прооден е премногу скапо..тунели и сл...

Зборуваше за бугарската пропаганда кај нашите во Голо Брдо и така..углавном вели, времето ќе покаже кој изиграл попаметно..

И исто така спомна еден интересен детаљ...кој рече дека неможе во целост да го открие поради тоа што сеуште и служи на РМ и тоа е државна тајна.

Пред 24-ти декември, односно пред политичкава криза, наводно меѓу Грција и Македонија, имало голема можност да се дојде до взаемно решение на спорот кој го има Грција..односно имало некое взаемно прифатливо решение.. но поради (Бранко, онака ... го спомна Smile ) , не дошло до тоа.

Ако се присетам на уште нешто..ќе пишам.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty7/3/2013, 19:50

Знаев, Буанко е куив. Laughing

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty7/3/2013, 19:55

Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty7/3/2013, 20:13

Alvar напиша:
Знаев, Буанко е куив. Laughing

Лошо објаснување.
Мада правот го Дигна Стојанче А,

И плодна почва се роди бељата!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty7/3/2013, 20:43

Зоран напиша:
Frogfoot напиша:
Балкан Инсајт: Талат Џафери во 2008 добил 6-месечна условна затворска казна

Има ли простор да му се одземе мандатот по овој основ.

Простор за кривична одговорност имаше уште при неговото дезертирање но...

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 53 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 28 ... 52, 53, 54 ... 76 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: