Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 27 ... 51, 52, 53 ... 76 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty5/3/2013, 17:12

За 10 дена Јохан Тарчуловски се враќа дома

http://www.puls24.mk/makedonija/vesti/za-10-dena-johan-tarculovski-se-vraka-doma

jupii jupii jupii
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty5/3/2013, 17:53

ВМРО-СДСМ заедно во Кичево, Струга, Долнени и Брвеница

ВМРО-ДПМНЕ предложи, а СДСМ изрази подготвеност двете партии заеднички да настапат на локалните избори во општините Струга, Кичево, Долнени и Брвеница.

Илија Димовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека за овие избори овие четири општини се посебен предизвик за двете најголеми политички партии во Македонија. „Ние сме отворени за соработка со СДСМ во овие општини и се надеваме дека таа соработка ќе биде врз база на заеднички утврдени принципи и програмски пристап во овие општини“, изјави Димовски.

И СДСМ одговори со тоа дека се подготвени во Струга и во Кичево да ги поддржат кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. „Но, бараме тие да ја поддржат нашата советничка листа, односно таа да биде заедничка, на двете партии“, изјави денеска Игор Ивановски, шеф на изборен штаб на СДСМ.

„Одлуката за Кичево и за Струга ја децентрализиравме и оставивме нашите општински организации да ја донесат сами“, рече Ивановски.

Засега, нема директни контакти меѓу двете партии во однос на реализацијата на оваа идеја. Она што веднаш се поставува како проблем е тоа што ВМРО-ДПМНЕ веќе ги поднесе кандидатурите во овие општини и за градоначалници и советничките листи. Државната изборна комисија во оваа фаза е немоќна да ги менува кандидатурите, па идејата за заедничка советничка листа во овие општини во оваа фаза е невозможна. Останува само варијантата да останат кандидатите за градоначалничките места и советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ да поднесе советнички листи, а да се гласа само за еден градоначалник. А по изборите да следува и заедничка поделба на местата од локалната власт.

Во Кичево ДУИ и ДПА веќе договориле заеднички настап. Таму единствен кандидат е Фатмир Дехари од ДУИ. За интегративците победата во Кичево очигледно е од стратешко значење ако се знае организацијата (чартер летови и автобуси) што претходеше за носење на граѓаните на Кичево од западноевропските и прекуокенските земји.

Во сите овие општини на последните локални избори разликата во гласовите на албанските и македонските партии не била поголема од стотина гласа, па евентуалното обединување на гласовите секому може да донесе победа. Во Кичево ДПА и ДУИ тоа веќе го сторија.

http://www.mkd.mk/makedonija/partii/vmro-sdsm-zaedno-vo-kichevo-struga-dolneni-i-brvenica

Дај Боже, барем за едно нешто суштинско обединетете се!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty5/3/2013, 18:04

Frogfoot напиша:
Дај Боже, барем за едно нешто суштинско обединетете се!

Да, откако копитоно Бучко направи од готово вересија со територијалната распределба во 2004-та.
Како не го утепаа Стружани во нередите сеуште не ми е јасно.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty5/3/2013, 18:16

И од Сител не пратат значи.. Smile

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Untitl11
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty5/3/2013, 18:17

Инаку..

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 155985_487283971334519_1559171367_n


На 4.3.2001 година во близина на селото Танушевци на подмолен и кукавички начин беа убиени тројца припадници на АРМ, од единицата „Шкорпиони„ , од подметната мина на албанските терористички групи:

ДЕЈАН ЈАКИМОВСКИ (26) од Куманово.

КИРЧО ДИМИТРОВ (33) од Штип капетан на АРМ. Зад себе ги остави сопругата Сузана и синовите Дејвид и Даниел.

ТЕОДОР СТОЈАНОВСКИ (26) од Драчево, кој зад себе ја остави својата ќерка Тамара и своите родители. (Неговата фотографија која колегите ја имаа поставено уште 2001г. во кумановската касарна беше одстранета по доаѓањето на Талат Џафери на министерска функција).

Нека почиваат во мир, и фала им.

Никогаш да не бидат заборавени хероите!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty5/3/2013, 22:06


убеден сумд ека е дело на некој од форумов.

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=FOcEQiSukMY
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty6/3/2013, 12:05

Во текот на вчерашниот ден во полицијата се пријавени неколку случаи на непровоцирано физичко насилство врз граѓани како и каменување на градски автобуси низ Скопје.

Вчера утро во 09,20 часот во Скопје, во кругот на АСУЦ „Боро Петрушевски“, по завршување на големиот одмор, пет-шест непознати лица го пресретнале ученикот Н.П.(17) од с.Миладиновци и физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди. МВР презема мерки за откривање на сторителите.

Исто така биле нападнати двајца ученици во автобус на ЈСП, број 9. Имено околу 19,10 часот на бул. „Крсте Мисирков“, во деветка, шест до седум непознати лица ги нападнале Е.А.(16) и неговата другарка К.А.(17), удирајќи ги со тупаници по телата, од што на Е.А. му нанеле видливи повреди. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Неколку минути подоцна 17- годишно момче е претепано откако се симнало од 9-ка на ул. „Цветан Димов“, на автобуската постојка кај „Јаја Паша“.

А.Р.(17) откако се симнал од автобус на ЈСП бр.9, бил пресретнат од четири-пет непознати лица, кои физички го нападнале.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.

Возач на ЈСП пак пријавил дека непознат сторител фрлил камен кон автобусот, притоа оштетувајќи го додека возел на ул. „Првомајска“, во населбата Пинтија, додека управувал автобус на ЈСП.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.



Исто така бил каменуван и автобус на ЈСП со број 68 позади Поликлиника „Бит Пазар“. Притоа било оштетно предното ветробранско стакло од автобусот, а полициајта трага и по овие сторители.

Скопјанец вчера пријавил дека пред два дена на бул. „Никола Карев“, во близина на надвозникот кај Бит Пазар, додека се возел во приватен автобус бр.63, од страна на 10-15 непознати лица автобусот бил сопрен, по што истите влегле внатре и физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди. Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty6/3/2013, 19:51

Ке оставам на времето да покаже,но као и да е браво,само вака нека продолжат и не само во овие општини туку и во повеќето каде што македонците се малцинство... aplauz

Струга и кичево: Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, советниците од СДСМ

http://mkd-news.com/struga-i-kichevo-gradonachalnikot-od-vmro-dpmne-sovetnitsite-od-sdsm/
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty6/3/2013, 21:08

Чекај допрва, со нашиве до последно Smile
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty6/3/2013, 22:51

За проблемот со албанскиот национализам и екстремизам во Македонија

Покрај постојаниот антагонизам меѓу двете најголеми македонски партии кој ескалираше изминатите неколку месеци, еден од најголемите проблеми во државата е, отворено да кажеме, феноменот на константен и упорен албански национализам.

Тони Димитровски

Овој интерен македонски антагонизам и отворено непријателство беше привремено стопиран пред неколку денови од неколку разумни странски политичари кои го наметнаа она што самите требаше да го прифатиме без притисоци од надвор, наместо тврдоглаво да се инаетиме. Но, да видиме до кога. Во изминативе денови гледаме дека наместо овој пресврт да се искористи за отрезнување, прифаќање на реалноста и свртување на нова, посветла страница во односите меѓу нас Македонците и градењето на демократско и просперитетно општество, реториката е иста како и претходно. Тоа секако не е добар знак, иако знаеме дека во предизборна кампања таа очекувано се заострува.

Но, да се навратиме на темата – каде бевме, каде сме сега и каде одиме со втората најмногубројна етничка заедница во земјава – Албанците. Во последните десетина години настана пресврт во дејствувањето на Албанците во земјава и се забележува дека тие многу често посегнуваат по екстремизам и насилство – војната во 2001 година, неочекувани, насилни и здраво-разумско неоправдани протести по повеќе (на почетокот најчесто банални) поводи (македонска енциклопедија, маска на вевчанскиот карневал, црква-музеј на Кале, да го споменеме во овој контекст и ужасното и свирепо велигденско убиство на четири недолжни момчиња и рибарот-сведок кај Смилковско езеро во 2012, протестите по повод апсењето на осомничените убијци, па се до најновите протести деновиве како одговор на протестите заради назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана кои резултираа со тешки инциденти, најавата за нови протести во наредните денови...).

Да ги споменеме и константните претепувања на недолжни граѓани кои исто станаа практика. Иако се случува да бидат нападнати и Албанци, што е исто така неприфатливо и за секоја осуда. Проблем е тоа што албанските лидери во земјава исто така промовираат одреден вид на институционално насилство и непочитување на законите и на Охридскиот договор – случаите со знамињата, обележувањето на територии преку градење на огромни столбови со албански знамиња (како што беше во Кичевско и на други места), диво поставување на споменици (двоглавиот орел кај Бит Пазар во центарот на Скопје), одбегнување на обврската за истакнување на државното знаме, интонирање на химна на соседна држава на официјални настани и прослави во земјава, незаконско преименување на училишта, непочитување на Бадентеровиот принцип во средини во кои Македонците се малцинство (назначувањето на Харадинај за почесен граѓанин на Тетово)...

Сите овие постапки и очигледна намера преку ваков вид на однесување да се постигнат одредени политички цели во корист на Албанците, а на штета на Македонците и други народи на овие простори, придонесуваат за оправдана загриженост, несигурност, страв и безнадежност кај Македонците.

Македонските партии на власт овие десетина години се повеќе пасивни набљудувачи и преокупирани со нивната меѓусебна борба за власт, надмудрувања и итрини и веќе станува крајно заморно да слушаме што направил Бранко, што рекол Никола... Во меѓувреме гледаме недостаток од реакција и губење на атрибутите на една нормална, демократска, граѓанска држава во која сите граѓани се борат за подобро утре и се градат мостови наместо поделби.

Што е одговорот на ваквото однесување и како треба да се однесуваме во иднина, каде грешиме и што можеме да поправиме? Како прв чекор, треба на сите да ни биде јасно дека имаме сериозен проблем и дека треба да се работи на негово решавање. Пасивноста и толерирањето на вакво однесување се најзначајните фактори кои уште повеќе ги отежнуваат работите и го засилува неодговорното однесување. Сите протести кои ги набројав не се случуваат спонтано и без одредена организација. Дали не е логично, покрај идентификувањето на учесниците во протестите, полицијата и другите надлежни органи да ги пронајдат и јавно обзнанат иницијаторите и организаторите на овие протести, и минатите, и сегашните, и планерите на идните, макар биле и во врвот на албанскиот политички блок, без разлика дали се во власта или во опозицијата? Па дајте веќе еднаш да престанеме со молчење и да се правиме како да не се случува ништо. Досега не разбравме кој ги организира овие протести, со која цел и не видовме некој од организаторите да биде изведен пред суд.

Дали не е логично и очекувано албанските лидери (првенствено Ахмети и Тачи, но и другите) да почнат да ги осудуваат насилните протести од која било страна, но посебно тие што потекнуваат од нивниот етнички корпус (како што треба да го прават Македонците за нивниот корпус), како и да работат на значајно намалување на екстремизмот кој е силно изразен кај Албанците? Дали медиумите на албански јазик доследно и непристрасно ги третираат настаните во земјава или поттикнуваат насилство и екстремизам? После се што е направено од страна на Македонците и македонската држава за Албанците, прифаќањето на мултиетничноста, двојазичноста, државните и приватни универзитети на албански јазик, прифаќањето на албанското знаме, припадници на поранешната ОНА во парламентот и владата, позитивната дискриминација во сите државни институции... До каде ќе одат барањата на Албанците? Што е заднината на овие настани? Зошто со години не можеме да тргнеме напред? Ако целите на Албанците не се заеднички живот со нас и градење на нормална, демократска и мултиетничка Македонија и нивните лидери молчат заради заграбување на што е можно повеќе додека ние молчиме, каде се македонските лидери да се спротивстават на овие очигледни намери? Зошто последните десетина години зборуваме само за националните интереси на Албанците, а ги запоставуваме националните интереси на Македонците? Што презема македонската влада и институции да ги пресретне овие активности и тенденции? Македонските лидери, посебно тие од власта, но со поддршка и од опозицијата треба да ги отворат овие прашања пред албанските водачи и политичари во земјава, но и пред меѓународните фактори и институции. Гаранти на Охридскиот договор се ЕУ и САД, а во него покрај правата, наведени се и обврски на етничките заедници во земјава. Ако едната страна овој договор стриктно го почитува (како што е во случајот со доследното применување на двојазичноста во Скопје), а другата страна постојано го прекршува, тогаш, ако не можеме самите (а сме се обиделе), овој проблем треба да го издигнеме на повисоко ниво, до ЕУ и САД, да бараме или да се промени практиката на албанските лидери или да се промени самиот договор кој се претвори во платформа за заштита и унапредување на албанските интереси во земјата, на штета на македонските интереси во својата матична земја. Ненормално и перверзно е ние и понатаму слепо да се држиме до овој договор (како на пример, со забрзаното воведување на двојазичноста во Скопје или со постојаното зголемување на застапеноста на Албанците во јавната администрација), а од другата страна да добиваме експлицитно непочитување и газење на основните права на Македонците во сопствената држава. Треба засилено да поработиме на отстранување на сите аномалии и незаконитости во земјата – да се обезбеди правилно користење на државното знаме и знамињата на заедниците, да се иницира расправа и да се разговара за проблемот, да се отстранат или дислоцираат сите диво поставени споменици и столбови со знамиња на друга држава (нека биде пример тоа што го направија Србите во Прешево со дислокацијата на споменикот на УЧК со што јасно покажаа дека законите на државата мора да се почитуваат и за тоа добија поддршка и од САД), да се вратат старите табли на сите незаконско преименувани училишта, да се испита од каде се создава оваа нетрпеливост и однесување на дел од Албанците и каква е улогата на медиумите на албански (но и на македонски јазик)... Зошто отсуствува демократски дијалог меѓу политичките актери во земјата, кога последен пат на телевизија сте виделе политичка дебата во која разговараат нашите главни политичари на актуелни теми?

Никој не може да не осудува ако на демократски и транспарентен начин покажеме што не чини и се бориме таа состојба да ја промениме. Зошто не се иницира расправа и дијалог за можни решенија за моменталната етничка поделба на владата и неможноста премиерот да назначува и разрешува министри, врз основа на тоа што тие го работат и колку е тоа во интерес на заедништвото и демократскиот мултиетнички развој на земјата, или е во интерес на сегрегација и фаворизирање на една етничка заедница врз другата? Треба да покажеме упорност и доследност, да работиме на проблемот, да ги лоцираме причините и факторите, да наоѓаме решенија, да дискутираме, да реагираме, но најмалку пасивно да набљудуваме и да чекаме некој од страна да ни го реши проблемот кој е сериозен и ни ја загрозува перспективата и иднината во сопствената и единствена држава. Дали оваа генерација македонски политичари се спремни националните да ги стават пред теснопартиските и лични интереси, во интерес на иднината на нашите и нивните деца?
http://www.mkd.mk/kolumni/za-problemot-so-albanskiot-nacionalizam-i-ekstremizam-vo-makedonija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 52 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 27 ... 51, 52, 53 ... 76 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: