|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 26/12/2012, 00:18 | |
| Го делам мислењето и јас... но сепак мислам дека е веќе доцна. Народот е длабоко поделен, поделен како никогаш досега. Кој мислеше дека ќе биде поинаку покрај оној brainwashing инженеринг кој ни го сервираат веќе извесен период? Сите сме Македонци, убаво е да бидеме неутрални... но кој го набуцка Македонецот на Македонецот? ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 26/12/2012, 01:36 | |
| Најмалку сакам да дискутирам на вакви политички теми, ама ајде да го кажам и јас моето мислење.....значи тоа баграта партиски војници од двете страни, и од ВМРО и од СДСМ што протестираа, едните божем загрижени пензионери, земјоделци, загрижени дека немало да се донеси буџетот, а другите божем загрижени од "диктаторскиот" режим на власта, ќе ги оставам на страна, за нив немам коментар освен - беда. Ќе се задржам на случувањата во собраниската сала. Тоа што го направи ВМРО е крајно неприфатливо('загризаа' на мамката како млади мајмуни) бидејќи веста во светот се пренесе спакувана баш онака како што му одговара на соросоидовите јуришници и душманите на државата, а тоа е дека во државата владее режим кој опозицијата и новинарите ги брка на клоци, што е погубно за Македонија и кое сигурно ќе биде црна дамка на досието на земјава.
Се случи што се случи, новинарите и опозицијата беа одстранети од салата со интервениција на собраниското обезбедување и додека повеќето тука, а и на МАФ, пишуваат дека тоа било недемократски никој не гледам дека прокоментирал зошто морало да дојде до интервенција од страна на обезбедувањето. Настаните се одвивале од прилика вака: Кога требало пратениците да влезат во салата овие од опозицијата со жив штит го блокирале главниот влез. Пратениците од власта морало да влезат од спротивните влезови, а кога седницата требало да почне овие од опозицијата влегле во салата и го истуркале Трајко Вељановски од неговото место и почнале да ги расфрлаат документите од бирото и да го демолираат инвертарот(демократски нели), потоа почнала драмата, во која верувам дека "скршената нога" на Шекеринска и "потресот на мозокот" на Бендевска се одлично одиграна улоги на едно одлично изрежирано сценарио. Ова беше кулминација на пиздариите што ги правеа претходните денови кога корнеја микрофони, покриваа камери, свиреја со труби, фрлаа со шишиња.... Значи, целиот проблем не е во тоа што буџетот е спорен па овие како загрижени претставници на народот се спремни да загинат за него, туку проблемот лежи во тоа што долгото 'апстинирање' од власта премногу му го навредува егото на Бранко Црвенковски и СДСМ кои себеси се сметаат дека се предодредени да бидат на власт, бидејќи, нели, како идеолошки наследници на комунистичката партија под дифолт мора да се на власт, па не одбираат ни средства ни начини како да дојдат до истата, но за џабе - провидни се. Очајни луѓе се служат со уште поочајни методи кои ни ги продаваат како демократија, а самите не знаат што значи истата, не знаат дека таа е право на владеење на мнозинството. | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 26/12/2012, 01:37 | |
| - Mrshajnoski напиша:
- Da ne ja zaboravime grckata poraka "Dokolku nemozeme nie da ja rasparcime makedonija, togas ce napravime tie da se rasparcat od vnatre"
SDSM go odigra "posledniot tanc", pa sega se spremni da prifatat sekakvo baranje od nekoi zemji (grcija,francija...... da napomenam deka ima golema koncentracija na francuski tajni sluzbi vo egejska makedonija) koi i mislat loso na MKD!!! Како што ми изгледа они ќе се распаднат побрзо, што им го посакувам од сето срце, а ако симпатизерите на СДСМ што се прават "патриоти" како "патриотите" од ВМРО и продолжат да ги следат постапките на Бранко и неговата компанија само им даваат лоша слика на светската политика која се повеќе наликува на Украина, а не дај боже потоа и на Сирија и Либија. Ниту едните ниту другите симпатизери не излегоа во толкав број на протестот кога ги убија петте деца кај Смилковци, туку единствено викаа "не се знае дали се Албанци" или "што бараме на протести кога има полиција". Ете го менталитетот на Македонецот, а кога на тие кога ќе им убијат или истепаат некое нивно дете после ќе ги видам како ќе викаат. А гледам дека напоменуваш дека има француски агенти во Егејска Македонија, па ме интересира од каде ти е информацијава и докази дали се присутни во Егејска Македонија, каква корист имаат против Македонија. Јас колку што знам најактивна служба не само во Македонија туку и на целиот Балкан е МОСАД, и најчесто се задолжени за откривање, пратење и уништување на вехабистичките и останати исламистички групи. Тоа го пишуваше и еден весник во Србија (ако го најдам ќе го поставам). Слушам луѓе што зборат вака по улица и во автобус што биле во Струга, кога било она најголемиот собир на Евреите пред месец - два цел град покрај македонска полиција, специјални единици вриел и од агенти на МОСАД. И министерот на Израел кога беше во Македонија и даде информации на Јанкуловска за радикални исламисти кои спремаат дестабилизација на овие простори, што за жал не погрешија кога требаше да се дестабилизира Македонија со тепачките и убиството на петте Македонци, бомбашкиот напад во Бугарија, нападот на Мевлид Јашаревиќ и сл. Единствено би апелирал Македонците да не бидат манипулирани и буцкани од партии од политичари кои ќутат кога ќе има проблеми и провокации од Рамковните. |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 26/12/2012, 11:49 | |
| - beowulf напиша:
- Очајни луѓе се служат со уште поочајни методи кои ни ги продаваат како демократија, а самите не знаат што значи истата.
Апсолутна вистина. Македонија во моментов е единствената држава во Европа (покрај Украина и Белорусија секако) во која има политички затвореници. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 26/12/2012, 15:53 | |
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 26/12/2012, 16:49 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 26/12/2012, 17:30 | |
| ИЧ не е смешно. Заев прво нека ја исправи кичмата па после нека пука. Иако вакви УДБА-шки местенки не придонесуваат кој смирување на ситуацијата. Лоша услуга си прават едните на другите. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 26/12/2012, 18:05 | |
| - Alvar напиша:
- beowulf напиша:
- Очајни луѓе се служат со уште поочајни методи кои ни ги продаваат како демократија, а самите не знаат што значи истата.
Апсолутна вистина. Македонија во моментов е единствената држава во Европа (покрај Украина и Белорусија секако) во која има политички затвореници. Ако мислиш на Љубе и јас би се согласил дека тој најверојатно е 'тргнат' под директива на тие што му пречи - по тие по кој тој плукаше, Грујо или Мијалков. Немам намера да бранам никого, нити на овие што му го дадов гласот - ВМРО, напротив не премолчувам ништо и за сите работи кои што се случуваат во државата како партизираност на сите институции, судство, администрација и општата нефункционалност на државата јас сето тоа јавно го кажувам. Она што мене ме иритира е однесувањето на опозицијата и нејзиниот лидер кои и по неколку пати со ред губење на избори не го признаваат легитимитетот на власта, а тоа значи дека на нас, 500-600.000 луѓе кои го дадовме својот глас на помалото од двете зла, како да ни велат: кој ве ебаа, ова е нелигитимно избрана власт, ние ќе ја срушиме и ние ќе ја водиме државата. Е тоа ме нервира - дупење на здрав памет. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 26/12/2012, 18:29 | |
| Но она што е сега здружена опозиција, на минатите избори доби повеќе гласови од сегашната коалиција на власт. Со штимање на актуелниот закон за избори некој партии кои беа присатни во парламентот од самото осамостојување наеднаш ги снема, иако по стариот ќе освоеја 5-6 пратенички места. Да не говориме за трите пратенички места од дијаспората кое се донесоа со вкупно (цирка) 1500 гласови. Само затоа што беа сигурни ДПМНЕ-вски гласови. И мене ме нервира дупењето во здрав мозок Бео, доволно е човек да погледне малку Сител и Канал5 за да види што е ментален gang-bang. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 26/12/2012, 19:26 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|