Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 28 ... 53, 54, 55 ... 77 ... 100  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty7/3/2013, 20:49

Генерал напиша:
Зоран напиша:
Frogfoot напиша:
Балкан Инсајт: Талат Џафери во 2008 добил 6-месечна условна затворска казна

Има ли простор да му се одземе мандатот по овој основ.

Простор за кривична одговорност имаше уште при неговото дезертирање но...

Висока политика.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty8/3/2013, 00:02

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty8/3/2013, 00:02

Колумнава што следи, започнав да ја пишувам неколку минути по завршувањето на дебатата помеѓу г-нот Таљат Џафери (Командант Форина) и генерал Стојанче Ангелов, која се емитуваше на Алсат М телевизија во емисијата на Мухамед Зекири „Патот кон“. Пред се сакам да го поздравам колегата Зекири за идејата да ги соочи двајцата опоненти, но брзам да кажам дека требаше да се пронајде начин (кога веќе видовме дека г-нот Таљат не сака да зборува на Македонски јазик) преводот на емисијата да биде достапен не само за тие што дигитално ја следат програмата на Алсат, туку и за останатите кои ја следеа емисијата преку обична антена или кабелска телевија. Лично јас се изнамачив додека најдам линк за да можам да ја видам и разберам целата дебата.

Еве го и моето мислење за самата дебата. Прво, ми направи впечаток дека командант Форина не гледа ништо чудно во тоа што тој како поранешен припадник на УЧК, денес е министер за одбрана во Владата на истата таа земја, што пред 12 години беше нападната од трупите на УЧК. Командант Форина, не гледа ништо ненормално во тоа, да стои пред истите тие војници врз кои пукаше пред 12 години. Сето тоа малку ме зачудува. Сепак самиот тој би требало малку да се чукне по тоа главата и да размисли дали го има моралното право денес да зборува за соживот, а да истакнува дека е сосема нормално дезертер од АРМ да биде именуван за министер за одбрана. За мене лично сето тоа е неразбирливо.

Генералот Ангелов е крив… Да да токму така. Според логиката на Таљат Џафери, тој е крив за тоа што денес не стои со скрстени раце и се обидува преку демократски алатки да ја измени сегашнава небулозна ситуација. За време на дебатава, господинот поранешен командант од УЧК, се обиде да го обвини генералот Ангелов дека стои позади македонските протести од пред неколку дена, кои за жал завршија со насилство врз мирни македонски државјани од албанска етничка припадност. Генералот на неколку пати се огради од овие немили настани и повика да не се излегува на протести од таков насилнички тип. Што сака Форина? Зарем ставот на Ангелов не е прифатлив и за него самиот? Зарем Ангелов повика на насилство врз Албанците? Нема таков филм пријатели. Форина цело време ја наметнуваше тезата дека преку нападите врз него генерал Ангелов сакал да добива политички поени. Тука јас би го рекол следното: Генерал Ангелов на дело ја покажал својата љубов кон Македонија, на него не му потребен ситен политички маркетинг за да ги обедини околу себе тие кои ја ценат неговата работа. На Стојанче Ангелов не му е потребен Таљат Џафери или пак омразата кон Албанците (за која неправедно е обвинуван Ангелов) за да биде тоа што е.

Генералот Ангелов е крив, затоа што отворено ги искажува ставовите на поголемиот дел од македонскиот народ. НЕ Е ВО РЕД, командант на УЧК да биде министер за одбрана и точка. Зарем треба да си партиски определен за да го разбереш тоа? И уште нешто, живо ме интересира за каков соживот и немешање на политика зборува командант Форина, кој меѓу редови му рече на генерал Ангелов, дека нема морално право да оди во Тетово, бидејќи таму се „газеле цивили Албанци“… Кои се тие цивили, г-не Таљат… Да не мислите случајно на оние двајца цивили што фрлаа бомби кашикари врз македонската полиција пред 12 години… Има видео за тоа и на него јасно се гледа за какви цивили станува збор. Како цивили ли ги определувате припадниците на УЧК, кои први удрија на Македонија и ја предизвикаа реакцијата на македонската војска и полиција.

Кои се тие цивили за кои Вие зборувате г-не Таљат и баш се прашувам, со кои очи Вие зборувате за соживот, кога ниту еднаш, (барем јас не сум разбрал) не сте го осудиле кршењето на спомен плочата на загинатите бранители кај Карпалак. За кој соживот зборувате Вие г-не Таљат, кој со молчењето за време на дебатите околу новиот закон за бранители, не само што ја теравте политичката агенда за уништување на тие што се бореа против Вас во 2001 туку и калапевте политички поени, покажувајќи се како непопустлив во врска со тоа прашање. Јас прашувам, каде е тука компромисот и погледот кон заедничката иднина за која Вие тврдите дека се борите.

Искрено не ја разбирам таа Ваша борба г-не Таљат. Во 2оо1 жртви беа не само Вашите потчинети и другари од УЧК, туку и припадниците на безбедносните сили на Република Македонија кои земаа директно учество во конфликтот. Ако Вие трубите на лево и на десно дека борците на ОНА треба да добијат пензии и други бенефиции, зарем истото не треба да го добијат и македонските бранители. Зарем тоа не е фер, г-не Талат?

За крај ќе кажам дека чест Ви прави фактот што повикавте најавените за утре протести да не се претворат во насилнички напад врз полицијата или пак врз недолжни граѓани кои не припаѓаат на Вашиот етникум. Генералот Стојанче Ангелов, кој што Вие го обвинувате дека Ве користи за да си прави реклама, повика јасно и гласно да не се излегува на таков вид протести, зарем и тука погреши генералот? Зарем и затоа ќе речете дека е крив!!!

Јас знам за што е крив генерал Ангелов, господине Таљат, и ќе Ви кажам: Генералот е крив, затоа што не се бореше против Вас и Вашите трупи под Јорган планина. Генералот е крив затоа што за разлика од Вас, тој не дезертираше во 2001, и ете за крај ја оставам неговата најголема кривица- Генералот е крив затоа што ја бранеше Македонија. Зарем затоа што храбро застанал во борба против Вас и вашите трупи, Ангелов не ја заслужува Вашата почит команданте?

Автор: Атанас Величков

trn.mk
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty8/3/2013, 00:56

Кај може да се гледа дуелот со Ангелов и Џафери? На каналот на јутуб на алсат м знам дека и да барам нема да го има. И пред некоја недела барав да ја гледам истата емисија ама со Љупчо Зиков, Оливера Трајковска, Ацо Кабраков и Бранко Ѓеровски ама немаа аплоудирано.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty8/3/2013, 12:29

beowulf напиша:
Кај може да се гледа дуелот со Ангелов и Џафери? На каналот на јутуб на алсат м знам дека и да барам нема да го има. И пред некоја недела барав да ја гледам истата емисија ама со Љупчо Зиков, Оливера Трајковска, Ацо Кабраков и Бранко Ѓеровски ама немаа аплоудирано.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty8/3/2013, 12:41

http://lokalno.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=14435%3A2013-03-08-11-21-35&catid=106%3Apolitika&Itemid=131&lang=mk

Единицата ПЕП, специјалци на ЕБР ,хеликоптерски набљудувања, се е фокусирано на најавените протести иако као што велат од МВР никој не најавил дека ќе има протести попладнево,. Се обезбедуваат и училиштата каде што се најавени скратени часови , тргнувајќи од фактот што и минатата сабота протестите не беа најавени, и токму поради то полицијата превзема превентивни мерки.

Во пресрет на денешните најавени протести, триесетина лица од скопски Чаир, сите учесници на минатонеделните насилни протести во Скопје, биле уапсени вчера вечерта во голема полициска акција, пренесе МКД.мк.

Според информациите на порталот, тоа се лица што полицијата ги идентификувала како водачи на протестите, а уапсени се пред новите најавени протести на граѓаните од албанска националност, кои треба да се одржат денеска по завршувањето на петочната молитва во Јајапашината џамија во Чаир.

Информацијата дека се уапсени триесеттина хулигани во Чаир осомничени за организација на најавените протести за денеска и учесници на минатонеделните протести на Бит пазар се дел од „пропагандата“ на вистинските организатори на протестот, дознаваме од полициски извори

Полицијата има поставено и камери, на своите возила , во случај на нереди,за да може да се снимаат тие кои ќе го нарушуваат јавниот ред и мир.

Во ренот каде што треба да се движи поворката речиси и да нема пешаци а значително е намален и сообраќајот

Граѓаните од албанска националност, преку социјалните мрежи, веќе неколку дена се самоорганизираат за денешните протести. Како место на собирање е одредена Јајапашината џамија, а протестите треба да почнат околу 12.30 часот, кога завршува петочната молитва во џамијата. Според најавите, протестантите оттука ќе тргнат кон Владата, каде што ќе го изразат револтот поради тепањето млади Албанци од страна на Македонците, кои ден претходно протестираа поради назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана. Од исти причини тие се собраа и минатата сабота, но протестот ескалираше во големо улично насилство и напнати меѓуетнички тензии. Тие се собраа пред Владата, но собирот веднаш ескалираше во улично насилство, во кое беа повредени повеќе граѓани, полицајци, беа демолирани десетици автомобили, а беше и запален еден автобус на ЈСП.

Сосотојбата во Скопје е напната и покрај повиците од сите релевантини фактори граѓаните да не учествуваат на протестите.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty8/3/2013, 13:01

МВР демантира: Немало апсење во Чаир

„Таква акција не сме имале. Информациите не се точни“ - изјави Котевски за Press24

Полицијата ги демантира инфомрациите што ги објавија медиумите дека вчера имало големо апсење во скопски Чаир. Портпаролот на МВР, Иво Котевски за Press24 вели дека полицијата немала акција за приведување вчера во Чаир.
„Таква акција не сме имале. Информациите не се точни“ - изјави Котевски за Press24
Весникот Нова Македонија повикувајќи се на свои извори напиша дека информациите за апсењето во Чаир се дел од пропагандата за дополнително подгревање на тензиите

http://press24.mk/story/makedonija/mvr-demantira-nemalo-apsenje-vo-chair

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty8/3/2013, 13:17

Ебати државата ако не може да контролира ситуација каде проблем се малолетни ретардирани орангутани.
Можете да замислите што би било кога би биле нападнати од организирана држава/армија.

Последен пат Полицијата реагираше како што треба во 1997 (Гостивар/Тетово), и претходно во 1992 (Бит Пазар).

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty8/3/2013, 13:29

ТОМЕ БАТКОВСКИ, ПРОФЕСОР НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СКОПЈЕ

Проф. д-р Томе Батковски, редовен професор на Факултетот за безбедност-Скопје, вели дека неодамнешните физички пресметки со полицијата и дивеењето на протестите, кои се базирани врз меѓуетничка основа, имаат цел само да се изврши дестабилизирачко влијание врз безбедноста во Македонија и да се внесе немир меѓу поширокиот круг граѓани.

Бевме сведоци на демонстрации што имаа насилен карактер и на Македонци и на Албанци. Во безредијата беа повредени дваесетина полицајци и уште толку граѓани. Според вас, каде треба да се бара причината?
- Сметам дека насилните демонстрации, со физички напади врз граѓани и полицајци, уништување приватен и државен имот, имаат цел да се внесе немир меѓу поширокиот круг граѓани. Тие претставуваат потешко нарушување на јавниот ред и мир и дестабилизирачки дејствуваат врз безбедносната состојба во нашава земја. Според објавените информации досега, не се работи просто за хулиганско дивеење, туку за манифестирање противречности на политички, меѓунационален и на меѓурелигиски план. Ова може да се заклучи според извикуваните пароли и палењето на државното знаме на Република Македонија, во првиот случај, и знамето на албанската заедница, во вториот. Секако, станува збор за екстремни однесувања, што можат да ескалираат доколку свесно бидат насочени во натамошен дестабилизирачки правец. Во секој случај, сметам дека станува збор за реален конфликт на наведените полиња, што би требало навремено да се решава низ политичките и општествените механизми на правната држава.

Веќе за денеска, но и на петнаесетти овој месец, се најавуваат нови помасовни собирања пред Владата на РМ и во строгиот центар на Скопје од страна на припадници на албанската заедница, преку социјалните мрежи. Што би требало да се преземе на превентивен план за да не дојде до ескалирање на физичкото насилство?
- Пред сѐ, треба да се нагласи дека, од криминалистички аспект, наведените настани треба исцрпно да бидат обработени и анализирани, со утврдување на сите поединци-сторители на кривични дела и нивно процесирање. Воедно, од поширок, безбедносен аспект, потребно е темелно проучување на причините и факторите на толку силното изразување насилство и детектирање на можните поединци и групи што евентуално би имале пошироки дестабилизирачки намери кон Република Македонија, како од земјата така и од странство. Имено, треба јасно да се разграничи демократското право на секој граѓанин јавно да ги изрази своето различно мислење и своето несогласување со одредени состојби во државата и општеството од чинењето насилство, со што се навлегува во зоната на кривична одговорност и пошироко се дејствува кон нарушување на безбедносната состојба во земјата. Се разбира, ова се однесува на сите поединци и групи што планираат и реализираат акти на насилство, без разлика на националниот, етничкиот и на религискиот предзнак. Правната држава подразбира почитување на Уставот и законите, како и демократските процедури за нивно изменување.

Гледајќи наназад од оваа перспектива, ако ги анализираме насилните демонстрации, дали може да констатираме дека тие беа подбуцнати од надворешни фактори?
- Прецизен одговор на ова прашање може да се даде само врз темелно безбедносно и криминалистичко проучување на наведените насилни демонстрации. Во секој случај, надлежните институции од областа на безбедноста и разузнавањето би морале навремено да извршат утврдување на носителите на екстремизам од странство и на нивните релации и упоришни точки во нашата земја, политичката, националната и религиската основа и цел на дејствувањето со оценување на степенот на опасност по загрозувањето на безбедносната состојба во земјата. Засега, според екстремистичките ставови, најпознати се партијата Црвено-црна алијанса на Крешник Спахиу во Албанија, движењето „За природна Албанија“, исто така во Албанија, и движењето, а сега партија Самоопределување на Албин Курти од Косово, кои имаат влијание врз припадниците на албанската националност во државава.

Во предизборието зовриваат страстите

Во последниве години често во одредени периоди на политички настани, како што е сега период пред локалните избори, доаѓа до вакви или слични збиднувања и насилни протести со елементи на насилство. Колку е тоа спонтано, а колку организирано?
- Познато е дека во предизборните периоди, како во овој во кој се наоѓаме сега, доаѓа до зовривање на политичките страсти и кревање на политичкиот адреналин, при што може да дојде и до злоупотреба на делови од младата популација, која е најподложна на манипулирање за нивни цели. Токму затоа треба многу да внимаваме на оваа ситуација. Голема е одговорноста и на политичките субјекти, кои учествуваат во тоа, бидејќи единствено можат да доведат до пошироки безбедносни нарушувања, што тешко се смируваат и контролираат. Јас би апелирал до младата популација да ги почитува вредностите на парламентарната демократија и граѓанското општество, да ги почитува Уставот и законите, бидејќи на тој начин најбрзо и најефикасно ќе се избори за своето заслужено место во општеството, создавајќи пријатен и толерантен амбиент за живеење и работа и за интегрирање во широкото европско семејство.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3813931372&id=9&prilog=0&setIzdanie=22824
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty8/3/2013, 13:44

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 70SXrtT

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 54 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 28 ... 53, 54, 55 ... 77 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: