Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 52 ... 100  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty23/10/2012, 17:22

Чудо ги нема Е-магрињата да клоцнат ..
од почит месец дена нивниот амблем ми беше аватар.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty23/10/2012, 21:22

Скандал во Кавадарци: тренерот на НБА-Чаир покажувал „албански орел“ со рацете и – побегнал!

Денешниот натпревар помеѓу екипите на Фени индустри и на НБА-Чаир во младинска конкуренција за играчи помлади од 16 години (М-16) не го дочека својот крај, откако при резултат 30-31 гостинската екипа реши да се повлече од теренот, „навредена“ од скандирањето на домашната публика.

Летањето на албанскиот двоглав орел, карактеристичен поздрав на кошаркарите на НБА-Чаир
Информациите од Кавадарци, сепак, велат дека главен иницијатор на инцидентот бил тренерот на НБА-Чаир, поранешниот младински репрезентативец на Македонија Мухамед Тачи, кој во повеќе наврати ги провоцирал присутните во салата правејќи форма на орел со рацете и алудирајќи на симболот од знамето на Албанија, двоглавиот орел. Ваквиот потег на Тачи, кој годинава за весникот на албански јазик „Журнал плус“ изјави дека Македонија е вештачка нација и дека се срами што некогаш играл за неа, предизвикал огромен револт на трибините кај навивачите на Фени И., кои почнале да фрлаат предмети кон него.

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Вардар и на Лирија веднаш ја повлекол екипата и без да ги извести делегатот, судиите и домашната екипа, заедно со играчите ја напуштил салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Дали Тачи (десно) ќе добие суспензија како неговиот колега Мифтари
Од таборот на НБА-Чаир, пак, на нивниот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук се жалат дека биле навредувани од публиката и дека се „чувствувале како сираци во сопствената“ држава без никаде да го потенцираат неспортскиот потег на својот тренер. „Летањето“ на орелот со раце е карактеристичен поздрав на кошаркарите и на тренерите на НБА-Чаир во речиси сите категории, а воопшто не им е туѓо и фотографирањето со албанското знаме и тоа во пригоди како што е освојувањето титула во младинското првенство во Македонија.


Прослава со албанското знаме на титулата во младинска конкуренција
Ова е само уште еден од низата инциденти поврзани со името на НБА-Чаир и на Тачи годинава. Пред четири месеци бевме сведоци на скандал во „Борис Трајковски“ кога група навивачи на тимот, во кој најголем број се кошаркари од албанска етничка припадност, ги нападнале противничките играчи на Партизан Водно Санс, за што тренерот на оваа екипа, Енвер Мифтари, беше суспендиран на шест месеци. Мифтари, пак, во јавноста е познат по неговата изјава дека „МКФ е албанофобна, а македонските навивачи националисти“.

Останува да се види реакцијата на челниците на македонската кошарка, кои во изминатиов период се крајно толерантни спрема однесувањето на луѓето од НБА-Чаир, тим што во своите редови има многу талентирани кошаркари, но чии тренери некако повеќе сакаат да водат политика и да собираат поени кај своите сонародници со испади на националистичка основа.

http://www.mkd.mk/69508/sport/skandal-vo-kavadarci-trenerot-na-nba-cair-pokazuval-albanski-orel-so-racete-i-pobegnal/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty24/10/2012, 14:59

Шефот на косовската разузнавачка служба во Скопје

Ше­фот на ко­сов­ска­та тај­на служ­ба (АКИ), Баш­ким Сма­кај, прес­то­ју­ва во офи­ци­јал­на по­се­та на Скоп­је, пре­не­су­ва аген­ци­ја­та ИНА.

Спо­ред ис­ти­от из­вор, иа­ко не се да­ва­ат офи­ци­јал­ни ин­фор­ма­ции за сред­ба­та, ди­рек­то­рот на АКИ, Сма­кај, е за­бе­ле­жан во скоп­ска­та Ста­ра чар­ши­ја за­ед­но со за­ме­ник-ди­рек­то­рот на ма­ке­дон­ска­та Аген­ци­ја­та за ра­ра­зуз­на­ва­ње, Му­ха­мет Ис­ма­и­ли.

Двај­ца­та ви­со­ки фун­кци­о­не­ри на тај­ни­те служ­би на Ко­со­во и на Ма­ке­до­ни­ја се ви­де­ни ка­ко пи­јат ка­фе во ед­но од ка­фу­ли­ња­та во чар­ши­ја­та, под сил­но обез­бе­ду­ва­ње. До­се­га не се знае цел­та на по­се­та­та и аген­да­та на сред­би на Сма­кај, на­ве­ду­ва ИНА.
http://www.plusinfo.mk/vest/63010/Shefot-na-kosovskata-razuznavachka-sluzhba-vo-Skopje

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty24/10/2012, 15:23

Злото е штоима паралелизам во службит ена Косово , едни се на Хашим тачи , др на Малик нДрецај ( Рамуш Хардинај) ..едните влечат кон САД другите кон Германија така да си имаат и местенки мегу себе.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty25/10/2012, 09:42

Хилари Клинтон на балканска турнеја, Македонија не е на агендата

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон од 29 октомври до 2 ноември ќе биде на балканска турнеја, во рамките на која ќе ги посети Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Албанија и Хрватска.

Во соопштението на американскиот Стејт департмент се наведува дека Клинтон патува на Балканот за да го демонстрира американскиот интерес, посветеност и поддршка за европската и евроатлантската иднина на балканските земји.

Клинтон, во дел од посетата, ќе патува заедно со високиот претставник за надворешна политика на Европската и=унија Кетрин Ештон, со која заеднички настапува по прашањето на дијалогот меѓу Косово и Србија и потребните реформи во Босна. Според најавата на Стејт департментот, Клинтон и Ештон во Босна ќе побарат од босанските лидери да дејствуваат во интерес на граѓаните по прашањето на реформите потребни да се почне интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, како и да ја подвлечат посветеноста на меѓународната заедница на неменување на Дејтонскиот мировен договор.

Во Србија и во Косово, Клинтон и Ештон ќе побараат од двете држави да работат на реализирање на постигнатите договори и да го продолжат дијалогот.

Во Тирана, Клинтон ќе се обрати пред албанскиот Парламент, на свечена седница во чест на 100 годишнината од независноат на Албанија, додека најавени теми на разговор во Хрватска се улогата на Хрватска како НАТО членка, планираниот влез во ЕУ во 2013 година и хрватската економска ситуација.

Клинтон најави серија на проштални турнеи, при очекуваното заминување од функцијата државен секретар. Таа најави дека дури и ако претседателот Обама победи на изборите, нема да побара повторно да биде именувана за шеф на американската дипломатија.

SITEL
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty25/10/2012, 09:42

Корекцијата на границите на Балканот, па и оние на Косово, би придонела за траен мир на Балканот, смета поранешниот британски дипломат и амбасадор во некогашна Југославија, сер Ајвор Робертс, пренесува „Макфакс“.

Сер Робертс предлага да се одржи нов Берлински конгрес, во последната реченица од својата книга „Разговори со Милошевиќ“, која е промовирана на саемот на книги во Белград.

Тој за српската медиумска куќа Б92 изнесе личен став дека „инсистирањето на непроменливост на границите е апсурдно“.

„Тоа тврдење го имавме постојано во врска со Југославија. На пример, по бомбардирањето на НАТО, советот за безбедност усвои резолуција за територијален интегритет на Југославија, но подоцна се одделија Србија и Црна Гора, а потоа и Косово“, вели Робертс.

Според него, апсурдни се и инсистирањата дека некоја држава со нерешено територијално прашање не може да влезе во Европската унија.

„Тогаш Велика Британија би морала веднаш да излезе од Унијата, бидејќи има територијални спорови со три земји“, рече Робертс.

Тој наведува дека наместо да се водат расправи за тоа дали е добро или лошо да се менуваат границите, би требало да се води сметка за интересот на граѓаните.

„Постои изрека дека добрите огради се важни за добрите односи меѓу соседите. Но, доколку луѓето не се во состојба да живеат во мир и толеранција, а инцидентите на косово покажуваат дека состојбата не е добра, тогаш можеби е подобро да се редефинираат некои од границите“, истакна Робертс.

OhridNews
извор:„Макфакс“
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty25/10/2012, 12:20

Frogfoot напиша:
Хилари Клинтон на балканска турнеја, Македонија не е на агендата

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон од 29 октомври до 2 ноември ќе биде на балканска турнеја, во рамките на која ќе ги посети Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Албанија и Хрватска.

Америве слабо нешто не дружат во последно време... што така?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty25/10/2012, 12:25

Frogfoot напиша:
[b]Тој наведува дека наместо да се водат расправи за тоа дали е добро или лошо да се менуваат границите, би требало да се води сметка за интересот на граѓаните.

Епа нека ни дадат исправен пример и нека го вратат Гибралтар на Шпанија, и Фокландските острови на Аргентина... после ќе праиме муабет.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty25/10/2012, 13:10

Златна зора ангажира Македонци против Македонци

Во неофашистичката партија членуваат и Македонци, чија задача е да се борат против македонштината, против луѓето што се декларираат за Македонци, поединците што не се плашат да кажат кои се и покрај сите опасности и последици, вели соговорникот од Сер

Извозевме стотици километри низ Егејска Македонија за да видиме каков е животот во тој дел на Грција во време на голема економска криза и дали е нешто променето по подемот на неофашистичката Златна Зора. Маршрутата ни беше однапред поставена - Лерин, па Солун и од таму до Сер. Пораката што ни ја кажаа десетината Македонци за состојбата во тој дел на земјата е - очај и безнадежност. И страв од иднината зашто има групи што ловат во матно. Групи што сеат страв. Ги прашавме дали можеби мислат на Златна зора, а тие кимаат со главите.

Лерин го посетивме во прекрасен октомвриски сончев ден со летна температура. Жителите се крстат да потраат топлите денови оти ако стегне зимата тоа ќе значи големи главоболки за семејниот буџет.

- Досега за нафта плаќавме по 70 евроценти и тоа беше специјална цена за регионите каде што има голема и студена зима. Но, од годинава тоа повеќе не важи за нас, па ќе плаќаме по 1,40 евро за нафта како и сите други. Веќе никој не купува нафта на тони како порано. Сега ќе комбинираме со дрва - вели еден леринчанец.

Вакво нешто не помнат ни постарите жители и ова кажува колку е остра економската криза во Грција. Но, не се само финансиската криза и беспарицата што го обременува секојдневието на тие луѓе. Дополнителни главоболки им создава политиката на владата во Атина огромен број емигранти да префрли на територијата на Егејска Македонија. Дали на овие планови спонтано одговори и неофашистичката партија Златна зора со тоа што пред неколку дена отвори седиште во Kожани, е прашање за сериозна анализа. Факт е дека тие се утврдија во Kожани, каде што истакнаа табла на своето седиште и од каде засега ги покриваат градовите Лерин и Верија. Токму во Kожани во напуштената воена касарна наскоро треба да се удомат првите емигранти, кои ќе чекаат да им се реши статусот.

- Ние и сега имаме проблеми со пораст на ситниот криминал. Kако ќе биде кога ќе дојдат илјадници емигранти, за кои слушаме дека ќе ги носат и од Патра, не знаеме - велат локалните жители.

„Вие сте црви!“

Проблемот е сериозен, истакнуваат тие, зашто Златна зора веќе почнала да проверува дали има деца на странци и во детските гранки. Тие не го дозволуваат тоа.

Kои се припадниците на Златна зора, ги прашуваме нашинците. Тие се оние што на воената парада во Атина извикуваа дека ќе им ја дерат кожата на Македонците и на Албанците.

- Тие се оние што скандираат дека ние сме црви кои излегуваат од нивната родна земја и се закануваат дека ќе н` уништат - ни велат мештаните.

За идеолошки лидер на Златна зора се смета Николаос Михалолиакос, кој е командос во резерва. Партијата има нацистички корен, иако сега се обидуваат да наметнат имиџ на крајно десничарска партија. Во периодот од 1980 година досега тие се познати по повеќе инциденти, при што главно напаѓаа имигранти од Африка или Азија, осквернавија еврејски објект, синагога и гробишта во Солун и учествуваа како доброволци на страната на Србите во босанската војна.

Во 2009 година насилно упаднаа на промоција на Македонско-грчкиот речник при што на камера беа снимени десетина активисти на „зората“ облечени во црно. Спречија да се одржи конгрес на „Виножито“ во Леринско, па партијата на Македонците настанот го организира во Солун, каде што беа заштитени од стотици полицајци.

Иако беше забележано нивното систематско насилство против емигрантите и етничките малцинства, како и политичкиот терор, државата Грција сепак не ги скроти припадниците на Златна зора и тие се развија во силна национална партија. Свои канцеларии имаат во целата земја, освен на Kрит, барем засега. Играјќи на картата „Робин Худ“, да им делат храна на сиромашните и јавно да тепаат имигранти што „го крадат грчкиот леб“, тие станаа трета политичка сила во земјата - веднаш зад Нова демократија и СИРИЗА. Имаат поддршка од околу 15 проценти од избирачите што значи дека ако сега има избори, Златна зора би имала повеќе од сегашните 18 места во парламентот во Атина.

Темпирана бомба

- Златна зора дејствува секаде. Ги има во Лерин, Верија, Kожани, Kсанти, Kомотини, Сер... Пред неколку дена токму во Kомотини, нападнале членови на младинска организација на Турците, а од Сер имаат и пратеник во Атина - ни вели Македонец од Серско.

Но, тој ни ја потврди и реченицата на еден нашинец од Солун, со која целата оваа работа со активностите на неофашистичката партија во Грција добива уште поголема драматичност.

-Да, точно е, во Златна зора членуваат и Македонци, чија задача е да се борат против македонштината, против луѓе што се декларираат за Македонци, поединците што не се плашат да кажат кои се и покрај сите закани и опасности и последици - вели соговорникот од Сер.

Kога прашавме солунец да ни каже што мисли за Златна зора, тој кратко ни одговори:

- За нас Македонците е исто дали станува збор за Владата во Атина или за Златна зора. Ниту едните признаваат Македонци ниту другите. Ние јавно им велиме - па што сме ако не сме Македонци? А, тие упорно негираат - истакнува солунецот.

Митот за силата на Златна зора од Атина, па потоа и во Патра, Родос, Атика, Лезбос... се рашири и стаса во Егејска Македонија. Многумина се прашуваат што ќе се случува во иднина во регионот, кој е мултиетнички, особено откако се проширија гласиштата дека е можно тој дел од земјата да биде вентилот низ кој ќе се испуштат најмалку 100.000 емигранти. Временска темпирана бомба, која никој не знае кога ќе експлодира во период кога Атина не покажува волја да ја деактивира.

Војници на крос-мотори
Познавачите на дејствувањето на Златна зора велат дека таа има регрутирано значителен број од специјалните копнени и поморски сили (како „фоките“ на пример), но и од полицијата. Тие секогаш се движат во групи од три до пет члена, а честопати користат мотори. Бидејќи имаат силна логистика во војската и во полицијата, јасно е дека имаат и оружје. Возат крос-мотори затоа што се претпоставува дека имаат бази во планининските предели на Егејска Македонија.

Kурсеви по македонски во Солун

Македонски јазик ќе се изучува во Солун и понатаму, цврсти се во својата намера неколкумина Македонци од тој град. Тие најавуваат зајакнување на курсевите, и повеќе предавачи откако е ветена поголема парична поддршка за проектот од македонската заедница во Австралија.

- Интерес има, а во Солун курсевите се одвиваат полутајно. Сега бараме нови простории, тоа е во завршна фаза. За изучувањето на македонскиот јазик има с` поголем интерес, особено кај луѓето на возраст од 20-30 години - велат нашите соговорници.

Христо Ивановски
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=88E7DE9D6E5B4C4C9134A5D310188F89

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty25/10/2012, 19:58

Реконструкција на петкратното убиство

Четврток, 25 Октомври 2012 19:10

Пред половина час заврши реконструкцијата на грозоморното убиство кај Смилковското езеро.

Истражен судија, обвинителите и адвокати два часа работеа на местото на злосторството.

Сите приоди до локацијата беа затворени, а големото обезбедување не дозволуваше пристап.

-Со реконструкцијата и сведоците меѓу кои и заштитениот сведок се расчистија многу дилеми во истрагат. Утре предметот ќе го предадам на обвинителството кое ќе одлучува дали ќе покрене обвинение, изјави вечерва истражниот судија Владимир Туфекџиќ, пренесе Нова Македонија.

Истрагата за убиството завршува утре кога и се очекува да биде поднесено обвинение против осомничените.

Пет лица добија кривични пријави за тероризам, уште пет кривични пријави за недозволено држење оружје и еден посебен извештај против десет лица за помагање.

Тројца од осомничените, според полицијата се директни извршители на убиството. Двајца од нив се уште во бегство, а по нив трага и Интерпол.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/89568-Rekonstrukcija-na-petkratnoto-ubistvo

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 52 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: