|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 17/10/2012, 17:38 | |
| - meth напиша:
- Генерал напиша:
- „Бугарски јунаци, Македонија е со вас“, транспарент на меч во Софија
Сумљам во тоа Дека наши го имаат поставено? Може да, може не... има доста новосознаени/новопечени б'лгарчиња во државава за жал. Истите се користат за вакви подбуцнувачки цели од страна на бугарските служби инсталирани кај нас, а често можат и да се забележат како коментатори по весници, блогови, форуми и портали кога темата е Мајчица Болгарија. Секако стојат во нејзина одбрана, што му доаѓа претпоставувам како еден вид на благодарност за добиенот пасош, кршот од кола со татарски таблици или дипломата од некој нивни универзитет. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 18/10/2012, 13:48 | |
| Трифуноски: Бев нападнат зошто сум полицаец Судскиот процес во Основниот суд во Гостивар, против гостиварскиот полицаец Јаќим Трифуноски, обвинет за убиството на сограѓаните Бесник Шехапи и Имран Мехмеди, почна по две одложувања. Судскиот процес против полицаецот два пати беше одложуван откако поради безбедносни причини полицијата не го спроведе Трифуноски од затворот во Прилеп во Гостивар, објави „Дневник“. - Пресметката не беше иницирана од меѓуверска и национална нетрпеливост. Бев нападнат зошто сум полицаец - изјави Трифуноски на почетокот на својот исказ во судот. Бранителот на обвинетиот, адвокатот Митко Солаков, побара да се упати барање до Врховниот суд за делегирање на друг суд, но барањето беше одбиено. Според обвинението, Трифуноски во февруари годинава, по расправија за паркинг, со службен пиштол ги застрелал соседите Шехапи и Мехмеди. http://www.plusinfo.mk/vest/62144/Trifunoski-Bev-napadnat-zoshto-sum-policaec ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 18/10/2012, 23:34 | |
| | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 19/10/2012, 13:47 | |
| НЕОФОТИСТОС: ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО – ПРАШАЊЕ НА СТАБИЛНОСТА НА МАКЕДОНИЈА Потребно е решение во спорот со името заради стабилноста во Македонија, смета Василики Неофотистос професор од универзитетот Бафало во САД, која одржа предавање во центарот „Вудро Вилсон“ во Вашингтон. Таа е автор на книгата „Ризикот од војна: Секојдневието во Република Македонија“, издадена годинава. „Не знам дали ќе има решение на спорот за името. Се надевам дека тоа ќе се реши, бидејќи фактот што нема согласност околу името предизвикува прилично несигурност и тензии во Македонија, вклучително и меѓу Македонците и Албанците. Спорот ги влошува нивните односи, поради изјавите на Албанците дека всушност сакаат да бидат во ЕУ независно од името, додека Македонците се многу помалку подготвени на компромис околу името. Но, важно е да се има предвид и економската криза во Грција. Прашање е дали грчката влада ќе биде подготвена да го реши спорот сега“, изјави Неофотистос. „Македонците сметаат дека загубиле со амандманите на Уставот, додека кај Албанците е широко прифатено сфаќањето дека тие добиле со спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Многу во албанската заедница сметаат дека договорот требало да се спроведе многу порано, и сé уште бараат од Владата да преземе повеќе чекори за негово спроведување. Има доста дискусии околу значењето на договорот и како треба да се спроведе, но мислам дека едно може да се каже со сигурност, дека договорот ги консолидираше меѓуетничките разлики, но на сметка на помалите етнички заедници во Македонија“, изјави Неофотистос. http://hajdpark.mk/neofotistos-problemot-so-imeto-prashanje-na-stabilnosta-na-makedonija/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 19/10/2012, 20:03 | |
| Станавме ли имуни на сѐ што ни сервираат албанските политички партии? Поставувањето на споменикот на Хасан Приштина во Скопје и славењето на 100-годишнината на албанската држава со интонирање на албанската химна минаа без реакции од неалбанското население. Се изгуби жарта за бранење на националните интереси како што тоа беше по настанот во Слупчане. ДУИ како постепено но сигурно да ни врши лоботомија за да не реагираме, да ни биде сеедно. На тоа ли играат интегративците на Ахмети, да не престанат да нѐ удираат додека телото не ни отрпне и повеќе да не чувствуваме ништо?! Кој е Хасан Приштина и по што е значаен тој за да биде преименувана гимназијата „Цветан Димов“ со неговото име и да му биде поставен споменик со многу помпа. Во неговата биографија стои дека бил роден во Косово во 1873 година, бил заслужен за создавање на независна Албанија, а кратко време бил и нејзин премиер. Она со што донекаде може да се оправда неговото величање и кревање во облаци од страна на македонските Албанци е тоа дека во 1921 година склучува договор со претставниците на ВМРО, Павел Шатев и Александар Протогеров, за заедничка борба против српската власт во Вардарска Македонија и Косово, според кој Албанија треба да го добие Новопазарскиот санџак и Косово, Македонија да биде независна, а Дебарскиот санџак бил спорен. Тој бил во конфликт со албанскиот крал Ахмет Зогу. Во 1933 година изработува проект заедно со Иван Михајлов и Анте Павелиќ за соработка против Југославија. Но по неколку месеци е убиен во Солун. Еве, ајде и да поверуваме дека неговото дејствување се преплетувало со тогашното ВМРО, сепак тој за Македонците е странец, кој не го чувствуваат за свој. Плус на откривањето на споменикот не беа повикани македонските политичари за да се види тој некаков континуитет за соработка меѓу Македонците и Албанците, туку политичари и градоначалници од Косово и од Албанија. Ако тој треба нешто да му значи на мнозинството, ќе беше ред Никола Груевски да застанеше до Али Ахмети. Спојот на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ќе покажеше некоја поврзаност меѓу два народа. Не ќе беше лошо доколку македонската јавност претходно беше запознаена со неговиот лик и дело за да не го доживува како уште еден проект што нѐ разделува со Албанците. Но прашање е дали сѐ ќе заврши со споменикот на Приштина? Што ако ДУИ не најде уште 50 борци-Албанци што во одреден момент биле поврзани со Македонците? Ќе треба ли половина држава да ја накитиме со непознати ликови за кои слушнало само едно малцинство во државата. И навистина, не е разбирлив поривот на албанските политички партии да воспеваат туѓи истории и преку споменици да ни ја презентираат албанската историја и да нѐ убедуваат дека сакаат заедничка иднина. Зошто потребата да се земаат херои од Косово и од Албанија, да се учат децата од мали за некакви албански идеали ако крајната цел не е обединување на сите Албанци во иста држава. Политичарите-Албанци треба да докажат и на дело дека проектот „Голема Албанија“ е измислица на српското САНУ, а не само вербално да повторуваат дека не е така. Од тие причини мнозинството треба на некој начин да се заштити, односно да се подготви стратегија со која Македонците ќе се почувствуваат како државотворен народ што создал држава и дека не се загрозени територијалниот интегритет и суверенитет на државата. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ засега молчи. Иако премиерот кажа дека нема да дозволи никој да го гази достоинството на Македонците, сепак на терен не остава впечаток дека нешто презема да престане да се гази Македонецот. Сликата е таа - на една страна власта е во рацете на Никола Груевски, а на другата страна кај Али Ахмети. Одвреме-навреме ќе се пушти некој пробен балон од луѓе блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека ако на парламентарни избори партијата освои 62 пратеника ќе се ревидира рамковниот договор, за враќање на државноста во рацете на Македонците. И сѐ останува на некакваси најава за нешто што можеби ќе се случи, иако не е лесно остварливо, а во меѓувреме ударите од Албанците продолжуваат. А дека сѐ може да биде поинаку најдобро говори примерот со фудбалерот Агим Ибраими, кој не штедејќи се себеси, играјќи под македонско знаме и химна, постигна погодок што нѐ разбуди дека обединети можеме повеќе. За жал, на политичкиот терен, Македонија не е исто како и на фудбалскиот. Тука се игра во спротивен табор, а играта е од поодамна остра, која ако продолжи, ќе има катастрофални размери. Затоа можеби е време Груевски да почне да ја води играта онака како што посакува мнозинството, оти да не ни се случи да отрпнеме толку од ударите на Ахмети и кога ќе се свестиме да се чувствуваме како странци во сопствениот дом. Авторот е новинар Автор: Ирена Радовановиќ http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1019129497&id=13&prilog=0&setIzdanie=22708 | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 19/10/2012, 21:54 | |
| Се сослушува заштитениот сведок во случајот „Монструм“ Детали Објавено на Петок, 19 Октомври 2012 21:49 Заштитениот сведок на јавното обвинителство кој во случајот „Монструм“ попладнево се сослушува во Кривичниот суд во Скопје. Сведокот Е1 треба да даде исказ за петкратното убиство на Смилковското езеро што се случи на 12 април. На сослушувањето на заштитениот сведок не присуствува јавноста, во судницата се само адвокатите и обвинетите, но околу Судот има големо полициско обезбедување. Неговиот глас ќе биде мутиран, а ликот заматен, бидејќи овој настан може да го изложи на опасност. Претходниот заштитен сведок во истрагата за случајот „Монструм“, Хаки Хазири, побара да му го одземат статусот на сведок и сега е осомничен за помагање во тероризам. Истрагата за овој случај во кој беа убиени четири млади момчиња и еден повозрасен маж на 12 април годинава, треба да заврши до крајот на октомври и на 27 октомври треба да се покрене обвинение. Алил Демири , Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање. Тројца од осомничените се во притвор, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се во бегство. Макфакс http://puls24.mk/index.php/macedonia/macedonia-news/macedonia-vesti/4397-se-soslusuva-zastitniot-svedok ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 22/10/2012, 10:55 | |
| Божидар Димитров: И јас заслужив споменик, ама не сакам да ме качат на коњ Подигнувањето на споменикот на Тодор Александров е значајна етапа во процесот на ребугаризација на националното чувство во Македонија, смета бугарскиот историчар Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј за бугарската агенција „Фокус“. - Да направите споменик на Тодор Александров, кого македонската историја едногласно го сметаше за големобугарски шовинист, човек, кој ја спроведувал политиката на дворецот на царот Фердинанд во македонското општество и убиец на илјадници „чесни“ Македонци, е навистина и подвиг и смелост и голем чекор напред. Тоа ме уверува дека и јас еден ден ќе имам споменик во Македонија, зашто, без скромност, мислам дека сум придонел во процесот на ребугаризација. Имам само една молба - да не ме поставуваат на коњ како Гоце Делчев, Даме Груев и Тодор Александров, зашто никогаш во животот не сум се качил на коњ. Сакам да бидам претставен на кормило на брод или на клун на брод со поглед насочен во далечината - рече Димитров за бугарската агенција „Фокус“, во петокот. http://www.plusinfo.mk/vest/62676/Bozhidar-Dimitrov-I-jas-zasluzhiv-spomenik-ama-ne-sakam-da-me-kachat-na-konj ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 22/10/2012, 11:46 | |
| Скандал во соседна Албанија: македонското знаме гореше во Тирана! (ВИДЕО) Група навивачи на албанската фудбалска репрезентација предизвикаа голем скандал пред одигрувањето на фудбалскиот натпревар помеѓу Албанија и Словенија минатиот откако на пат кон стадионот го запалија македонското знаме и пееја навредливи песни против Македонија и македонскиот народ. Без разлика што фудбалскиот натпревар немаше никаква поврзаност со нашата држава, воинствените навивачи се решија да искажат што мислат за својот источен сосед пеејќи песно како Обединета Албанија“ и „Fuck you FYROM“ во моментот додека го палат македонскиот национален симбол. Сето ова е снимено со видео-камера и поставено во текот на вчерашниот ден на глобалната мрежа „Јутјуб“. Станува збор за навивачи, кои и во минатото протестирале против Македонија и тоа пред три години пред македонската амбасада во Тирана по повод излегувањето на Македонската енциклопедија. Ова е вторпат, барем во последно време, македонско знаме да се запали во Албанија откако во март се случи сличен инцидент во градот Бурел. Претходно, бевме сведоци на вакви црни чинови од страна на Албанците на Косово. Последен сличен инцидент се случи на почетокот од годинава кога исто така беше запалено македонското знаме, но во приштина за време на ракометниот натпревар помеѓу младинските селекции на Косово и на Македонија. Засега, нема никаква реакција од официјалните лица ниту во Албанија ниту кај нас. http://www.mkd.mk/69119/sport/skandal-vo-albanija-goreshe-makedonskoto-zname-vo-tirana/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 22/10/2012, 22:30 | |
| Турција се враќа на Балканот, Македонија стратешка точка Балканските земји оваа година одбележуваат стогодишнина од Првата балканска војна во која Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора го ослободија Балканот од повеќевековната окупација на Османлиското царство, а Турција се повлече на линијата Енос-Мидија. Оваа година стогодишнината на војувањето го направи и поразената Турција, но овој пат како кандидат за лидер во регионот кој ќе ги обедини и поврзе балканските земји. Милош Марковиќ познавач на турската надворешна политика, кој магистрира на Институтот за општествени науки на Универзитетот во Анкара, на семинарот на Институтот за европски студии на тема „Од балканските војни до балкански мир“ укажа на отстапување на турските власти од принципот на Кемал Ататурк, реисламизацијата на оваа земја и се поголемата улога на Балканот. Главниот стратег на новата турска надворешна политика е денешниот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу, но уште од осумдесетите години на минатиот век почнува реисламизација на Турција. Се до 1982 година турската надворешна политика се потпираше на два принципа на Ататурк, прозападен и антиревизионистички. По воениот удар во 1980 година Турција почнува да се реисламизира, а тука можат да се најдат причини за напуштање на политиката на добри односи со Југославија кон крајот на осумдесетите годии, а посебно со Србија по избивањето на војните во 90-тите. Целта е создавање на нов Балкан кој ќе претставува поинакво опкружување за Турција, наведува Марковиќ. Балкански мир 2012 година Во рамки на новата надворешна политика на Турција е и проектот на балкански мир кој се темели на три точки: нормализација на историјата, што всушност значи преиспитување на историјата на начин на кој ја гледа Турција, потоа нормализација на односите меѓу градовите на Балканот и третата точка е нормализација на односите меѓу државите. Политиката на нормализација на историјата инсистира да не се евоцираат страдањата од времето на владеењето на Турција на Балканот, туку добрите страни. Се истакнува дека вековите поминати под османлиска власт не се виновни за неразвиеноста на овие земји и подоцнежните судири, туку дека тој период всушност е златен период на Балканот. Според изјавите на Давутоглу, се до крајот на 19 век балканските народи не виделе војни. Интересна е анегдотата од 1989 година, кога Милошевиќ организираше прослава на 600-годишнината на Косовската битка. Тогаш од сите земји на НАТО дојде само турскиот амбасадор. На прашањето зошто, одговори дека сака да ја одбележи турската победа. Инаку, во последно време турските лидери се почесто зборуваат за работи за кои порано не зборуваа. Така се изедначуваат улогите на сите народи во Балканските војни, а Давутоглу ги истакнува турските жртви во таа војна. Ако ги нема османлиските архиви, Грција, Србија и Бугарија ќе немаа историја. При секоја посета турската делегација ги посетува турските воени гробишта, кои ги има од Летонија до Бурма, а позната е и изјавата – каде и да се наоѓаат турски шехди ние ќе поставиме амбасадори – ја опишува Марковиќ ново османлиската надворешна политика на Турција. Турските власти се обидуваат да протуркаат уште една теза, дека Балканските војни покренале конфликти кои траат и денес, а дека под Османлиска власт владеел мир и просперитет, а, според Марковиќ, врв на цинизмот е дека Турција има намера да ја одбележи 1000 годишнината на овие простори и почетокот на војната со Византија во 1071 година. Во Турција постои чувство дека на народите на Балканот им дале се, а потоа овие им забиле нож во грб, бидејќи на Балканот и тоа токму во Србија почна бранот на востанија против Турција во 19 век, објаснува овој политиколог. На величењето на османлиското минато и нормализација на односите во последните години придонесува и турската кинематографија, а сите сме сведоци на големиот успех на турските серии кои се бават со тематика поврзана токму за овие простори. Познат е и овогодишниот блокбастер „Фетих 1453“, кој говори за освојувањето на Цариград од страна на Турците и во кој се покажува турско разбирање на историјата. Виа Игнација Втора точка на турската надворешна политика кон Балканот е т.н. нормализација на односите меѓу градовите. Марковиќ истакнува дека тука се работи за поврзување на градови како што се Едрене, Пловдив и Солун и нивно извлекување од слепа улица на расцепканост. Турците ја оживуваат идејата „Виа Игнација“, пат изграден од од Римјаните што ги спојувал денешен Драч и Истанбул и кој поминувал низ Македонија. Нормализацијата на односите меѓу државите е трета точка на турската политика во Србија, објаснува Марковиќ. Турција сака да ги продлабочи регионалните интеграции и инсистира на мултикултура, верска толеранција и економска соработка. Интересен е предлогот на турскиот амбасадор со албанско потекло Рифат Саити, за создавање на Балканско парламентарно собрание (БАЛПА). Во рамки на државата постојат агенции задолжени за спроведување на сите три нормализации, а тоа пред се е Агенцијата за соработка и координација, Директоратот за верски прашања и Директоратот за Турци кои се раселени, но и компании, како што се авиокомпаниите, ги спроведуваат целите на надворешната политика. Иако во проектот Балкански мир во 2012 година, Турција се претставува како неутрална и како пријател, проблем е што некои ги сака повеќе од другите. Во книгата на Ахмет Давутоглу „Стратегиска длабочина“, јасно се гледа кои се столбовите на балканската политика, а тоа се Албанците и Босанците. Се наведува дека линијата Бихаќ-Тракија е турска геополитичка артерија. Меѓутоа, турските интереси на Балканот дијаметрално се спротивни од интересите на Грција, Србија, па и Бугарија. Прашањето е зошто тогаш тие учествуваат во овој проект, заклучува Марковиќ. Професорот Дарко Танасковиќ, потсетува дека уште во почетокот на 90-тите години на собири на турски научници за историски учења, заклучиле дека уште тогаш постоело нездраво поистоветување со Османлиите и отстапување од републиката на Ататурк. За време на Ататурк собирани се податоци за Балканските војни и критички претставени бидејќи тие биле доказ за погрешна идеја за држава на Османлиското царство. Како што почна неоосманизацијата, од научните истражувања се губи Балканот. Денес Балканските војни повторно се појавуваат, но од хуманитарна гледна точка. Се обработуваат злосторства над муслиманското население, пред се од страна на Бугарија, а потоа и Грците, Србите и Црногорците, а Турците се претставуваат како жртви. Со истакнување на овие порогонии се смета на сензибилитетот на меѓународната заедница за хуманитарно право, што изгледа денес е најважно право, вели Танасковиќ. Македонија стратешка точка на Балканот Во политиката на Турција кон Балканот интересна улога има Македонија. На геополитичката артерија од Бихаќ до Тракија, Македонија се наоѓа на средина. Марковиќ потсетува на изјавите на Турците дека БиХ е истурена предстража на Турција кон средна Европа, но Македонија е клучна бидејќи ја раздвојува Србија и Грција, а Турција стравува од поврзување на овие две земји. Дури се вели и дека Турција ги финансирала мегаломанските градби во антички стил во Скопје. Во Македонија е и најголемата концентрација на Турците на Балканот, каде ги има 100.000. Искрено говорејќи, Македонија покрај на САД, за своето постоење треба да и заблагодари и на Турција која и помагаше во 1990 година. Интересно ќе биде како Турција ќе се однесува кон барањата на Албанците во Македонија, истакнува Марковиќ. На крај, дали случајно или не, во исто време кога Русија го покрена проектот „Јужниот поток“ и Турција го активираше своето присуство на Балканот. Марковиќ тоа го толкува со идејата да се покаже пред балканските земји дека покрај Брисел и Москва имаат уште една алтернатива. Освен тоа, сметајќи дека Турција е под големо американско влијание, не е невозможно со тоа да сака да се спречи зголеменото влијание на Русија во регионот. Превземено од Балкан магазин – Белград http://denesen.mk/web/2012/10/22/turcija-se-vraca-na-balkanot-makedonija-strateska-tocka/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/10/2012, 15:31 | |
| Македонци хакнаа сајтови на албанската влада и армијаМакедонска хакерска група позната како Macedonian Security Crew извршила упад во неколку сајта на албанската влада и војска. Како што информираат хакерите, упадот бил направен како одговор на неодамнешното палење на македонското знаме од страна на албански навивачи во Тирана. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|