|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/10/2012, 18:17 | |
| Тоа е тоа, кога ашљациве го корумпираа секој дел од институциите во државава. You scratch my back, i'll scratch your back. Ама се врти тркалото. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 31/10/2012, 20:13 | |
| Монструмите убивале за да ги исплашат Македонцитe Ги убиле зашто роднина на убијците бил концесионер на езерото. Петтемина обвинети се договориле на почетокот на годината да убиваат Македонци за да создадат несигурниот и страв кај граѓаните. Ова се деталите од Обвинението за извршениот велигденски масакр кај Смиљковското езеро до кои дојде телевизијата Канал 5 На свиреп и подмолен начин биле убиени четирите момчиња и рибарот на 12 април кај Смиљковското езеро. Обвинетиот Алил Демири со пиштол испукал 8 проектили, а Африм и Агим Исмаиловиќ со автоматски пушки истрелале 13 куршуми на растојание од метар и половина со кои ги усмртиле Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Накевски и Филип Славковски. Со 5 проектили браќата Исмаиловиќ го погодиле Борче Стефковски во моментот кога тој бегал кон неговото возило. Ова се детали од обвинителниот акт за „Монструм“. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири заедно се други двајца избегале со Опел омега, а Агим Исмаиловиќ избегал со друго возило и други две лица. Обвинетиот Сејди Рами се товари дека ја организирал логистиката за напаѓачите и се засолнал во фармата на обвинетиот Фејзи Азири во скопско Белимбегово. Според обвинението Азири две недели по убиствата го организирал бегството на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ на Косово. Со возило ги однел до Кодра Фура каде избегале преку илегален премин. Хаки Хазири кој е роднина со дел од обвинетите се товари дека им помагал. Според обвинението – намерата на напаѓачите била со загрозување на животот и телото да предизвикаат создавање чувство на несигурност и страв кај граѓаните во Македонија. Според обвинителството, петтемианта обвинети за тероризам Фејзи Азири, Алил Демири, Сејди Рами, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ на почетокот на годината се договориле да извршат убиство на повеќе лица од македонска национална припадност во месноста Смиљковско езеро на кое концесија имал обвинетиот Азири. Три дена пред да го извршат убиството од обиколницата го разгледувале теренот околу езерото да видат колку луѓе доаѓаат, од која националност се и на која возраст. Адвокатот Рауфи денеска го земал обвинението. За некои сведоци, тврди, прв пат прочитал во обвинителниот акт. Останува на ставот дека нема докази. „Обвинителниот акт главно содржи транскрипти од телефонски разговори, не наидов на биолошки траги или форензика. Жалам што нема очевидци бидејќи да имаше немаше да бидат обвинети и држени во притвор“, вели Рауфи. Обвинителството во петокот со соопштение се огласи дека имаат цврсти докази за „Монструм“ и дека тоа ќе го докажат на суд. Ден претходно, истражниот судија по реконструкцијата рече дека истражните дејствија се воделе во беспрекорен ред. http://denesen.mk/web/2012/10/31/monstrumite-ubivale-za-da-gi-isplasat-makedoncite/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 31/10/2012, 20:13 | |
| Канал 5: Велигденскиот масакар требало да предизвика страв и несигурност Среда, 31 Октомври 2012 19:17 По шестмесечната истрага обвинението за извршениот велигденски масакр им е доставено на адвокатите на обвинетите. Како што пишува Канал 5, петтемина обвинети на почетокот на годината се договориле да убиваат Македонци за да создадат несигурниот и страв кај граѓаните. Четирите момчиња и рибарот биле убиени на свиреп и подмолен начин на 12 април кај Смиљковското езеро. Според обвинението - намерата на напаѓачите била да предизвикаат создавање чувство на несигурност и страв кај граѓаните во Македонија со загрозување на животот и телото. Според обвинителството, петтемина обвинети за тероризам Фејзи Азири, Алил Демири, Сејди Рами, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ на почетокот на годината се договориле да извршат убиство на повеќе лица од македонска национална припадност во месноста Смиљковско езеро на кое концесија имал обвинетиот Азири. Обвинетите, три дена пред да го извршат убиството го разгледувале теренот околу езерото од обиколницата со цел да видат колку луѓе доаѓаат, од која националност се и на која возраст. Обвинетиот Алил Демири со пиштол испукал 8 проектили, а Африм и Агим Исмаиловиќ со автоматски пушки истрелале 13 куршуми на растојание од метар и половина со кои ги усмртиле Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Накевски и Филип Славковски. Со 5 проектили браќата Исмаиловиќ го погодиле Борче Стефковски во моментот кога тој бегал кон неговото возило, јавува Канал 5 и посочува дека ова се детали од обвинителниот акт за „Монструм“. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири заедно се други двајца избегале со Опел омега, а Агим Исмаиловиќ избегал со друго возило и други две лица. Обвинетиот Сејди Рами се товари дека ја организирал логистиката за напаѓачите и се засолнал во фармата на обвинетиот Фејзи Азири во скопско Белимбегово. Според обвинението Азири две недели по убиствата го организирал бегството на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ на Косово. Со возило ги однел до Кодра Фура каде избегале преку илегален премин. Хаки Хазири кој е роднина со дел од обвинетите се товари дека им помагал. Адвокатот Рауфи кој денеска го земал обвинението, тврди дека за некои сведоци, прв пат прочитал во обвинителниот акт. Тој останува на ставот дека нема докази. -Обвинителниот акт главно содржи транскрипти од телефонски разговори, не наидов на биолошки траги или форензика. Жалам што нема очевидци бидејќи да имаше немаше да бидат обвинети и држени во притвор, вели Рауфи. Обвинителството во петокот со соопштение се огласи дека имаат цврсти докази за „Монструм“ и дека тоа ќе го докажат на суд. Ден претходно, истражниот судија по реконструкцијата рече дека истражните дејствија се воделе во беспрекорен ред. Истрагата траеше точна 6 месеци, по што се подигна обвинение и им беше продолжен притворот на четворицата осомничени кои се во притвор во Прилеп и Битола. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ остануваат во бегство. http://kurir.mk/makedonija/vesti/90274-Kanal-5-Veligdenskiot-masakar-trebalo-da-predizvika-strav-i-nesigurnost ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 31/10/2012, 20:14 | |
| Убиствата кај Смилковско езеро биле со цел да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните Петмината обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро, според обвинението имале цел да предизвикаат несигурност кај населението и да ја нарушат безбедноста во земјава со предизвикување на страв кај граѓаните. Убиствата биле извршени на езерото кое било под концесија на обвинетиот Фејзи Азири кој се товари за помагање. „Обвинителството како мотив ја гледа огорченоста на обвинетиот зошто излетници престојуваат на неговиот приватен имот. Му сметале рибарите кои доаѓале на езерото“, вели адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, кој во среда го добил обвинението. Тој смета дека обвинителството нема докази за делото за кое ги товари обвинетите, немало ниту биолошки траги, ниту, ДНК, ниту е најдено оружјето, единство имало снимени разговори меѓу обвинетите. Како што ни изјави Рауфи, очевидци на убиството немало освен некои сведоци кои слушнале пукање. На 12 април кај Смилковското езеро свирепо беа убиени четири млади момчиња и еден повозрасен маж. Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим, се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање. Тројца од осомничените се во притвор, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се во бегство, а полицијата се сомнева дека избегале на Косово. http://puls24.mk/index.php/makedonija/crna-hronika/5372-ubistvata-kaj0smilkovsko-ezero-bile ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 31/10/2012, 20:15 | |
| Драма во скопски затвор: Надзорници нападнати и затворени од затвореници Петнаесет надзорници од еден од скопските затвори биле нападнати и затворени. Курир дознава дека драмата во затворот се случила вчера во период од 20 до 20:40 часот, додека 15 надзорници вршеле рутинска контрола во едно од крилата во затворот во кое имало околу 50 затвореници. При контролата, надзорниците пронашле мобилни телефони, неколку ножеви со сечива од 15 сантиметри и еден лап-топ. Токму тогаш настанала вистинска драма во затворот, при обидот надзорниците да им ги одземат предметите кои биле пронајдени. Педесетте затвореници им ја блокирале вратата за излез на надзорниците, ги нападнале и им ги одземале телефоните. Надзорниците сепак набрзо потоа успеале да ја смират и да ја стават ситуацијата под контрола. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/90246-Drama-vo-skopski-zatvor-Nadzornici-napadnati-i-zatvoreni-od-zatvorenici ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 1/11/2012, 23:22 | |
| Баш пред некој ден размислував дека ова може да се случи...
Според извори на ВЕСТ, разговорите се водат на лидерско ниво, односно помеѓу Ахмети и Тачи. Овие разговори се единствената причина за раскинување на договорот помеѓу СДСМ и ДПА. Според нивните извори, ова здружување во албанскиот блок е поттикнато од заедничкиот став на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по прашањето за Законот за бранители.
Коалицијата помеѓу Ахмети и Тачи е извесна, останува да се дефинираат модалитетите.
Еден од модалитетите во оваа соработка е секаде да настапат заедно за градочалници и листи на советите, а во оние места каде нема мнозинско албанско население, да поддржат еден од кандидатите од македонскиот блок, со тоа изворите на ВЕСТ велат дека токму ваквата коалиција би одлучувала која од македонските партии ќе биде победник на следните локални избори.
Другата варијанта е договор за градоначалници на Струга и Кичево, а во Скопје и Куманово да одат со заеднички листи на советници.
За повеќе во утрешниот број на ВЕСТ. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 2/11/2012, 20:43 | |
| Антимакедонска пропаганда на Ал Џезеира Петок, 02 Ноември 2012 13:41 Ал Џезеира дискриминаторски го нарекува македонскиот народ како „Мнозинство што зборува словенски јазик“. Шлаг на тортата дава локалниот новинар Петар Арсовски близок до СДСМ кој вели дека Македонците немаат изградено идентитет и дека не знаеме кои сме. Катастрофална сторија и катастрофална изјава од „македонски“ новинар. -Реката е граница помеѓу два света, едниот е населен од мнозинството луѓе коишто зборуваат словенски јазик, а другиот од етничките Албанци, малцинството во земјата. Искажано со посмели термини, едната страна е христијанска, другата муслиманска. Едната е по стапките на Западот, другата е поориентална, вака Ал Џезеира ја започнува статијата. -Македонското општество е поделено според културните традиции, политиката и религијата. Сето тоа создава потешкотии при интеграцијата во општеството, вели Газменд Емини, 29, муслиман по потекло од Албанија, роден во Скопје. Катастрофалната сторија на Ал Џезеира дополнително добива насока кон антимакедонска пропаганда со изјавата на локалниот новинар Петар Арсовски, близок до СДСМ, кој вели дека Македонците немаат изградено идентитет и дека не' знаеме кои сме -Тешко е да се потврди потеклото на Македонскиот народ. Прашајте 10 луѓе и ќе добиете 10 различни одговори. Не сме сигурни дали сме потомци на Александар Македонски. Некои мислат дека се потомци на Гоце Делчев, којшто ја водеше револуцијата против Турците, вели Арсовски, но останува нејасно со кое право се претставува во името на народот со вакво антимакедонско тврдење. Ал Џезеира оди до тој степен што пишува дека на почетокот на годинава, во Македонија се случило најголемото општествено насилство откако земјата била на чекор до граѓанска војна во 2001 година. Десетици луѓе биле ранети во двонеделните судири помеѓу етничките Македонци и албанската младина http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/90491-Antimakedonska-propaganda-na-Al-Dzezeira ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/11/2012, 10:52 | |
| Ахмети ќе оди во Швајцарија да ги убеди гастербајтерите од Кичево да гласаат на избори
Највисоките претставници на ДУИ, ќе патуваат во Швајцарија за да ги убедат печалбарите од Кичево да дојдат за локалните избори, што ќе се одржат во март в година. За време на престојот предвидени се информативни средби со печалбарите во Цирих, Базел и Солотурн, објави „Коха“.
„Со законот за територијална поделба, в година кон општина Кичево, треба да се припојат и општините Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица. Иако албанската популација со ова обединување станува доминатно население, сепак постои страв дека изборите може да се изгубат“, пишува Коха.
Во делегацијата на ДУИ предводена од лидерот Али Ахмети ќе бидат и потпретседателот на владата, Муса Џафери, министрите Абдулаќим Адеми, Невзат Бејта и Фатмир Бесими, пратеникот Арбен Лабеништи и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/11/2012, 12:06 | |
| - Frogfoot напиша:
- Ахмети ќе оди во Швајцарија да ги убеди гастербајтерите од Кичево да гласаат на избори
Највисоките претставници на ДУИ, ќе патуваат во Швајцарија за да ги убедат печалбарите од Кичево да дојдат за локалните избори, што ќе се одржат во март в година. За време на престојот предвидени се информативни средби со печалбарите во Цирих, Базел и Солотурн, објави „Коха“.
„Со законот за територијална поделба, в година кон општина Кичево, треба да се припојат и општините Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица. Иако албанската популација со ова обединување станува доминатно население, сепак постои страв дека изборите може да се изгубат“, пишува Коха.
Во делегацијата на ДУИ предводена од лидерот Али Ахмети ќе бидат и потпретседателот на владата, Муса Џафери, министрите Абдулаќим Адеми, Невзат Бејта и Фатмир Бесими, пратеникот Арбен Лабеништи и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Добрата работа е што и Македонците веќе некое време се организираат и преземаат соодветни дејства. Како и да е ќе биде голема битка и ќе видиме што ќе излезе на крај... ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/11/2012, 12:07 | |
| Може да се каже уште една добра вест... Бранителите ги здружија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ против ДУИ и ДПА Македонија | 2. ноември 2012 - 22:04 Предлагачот на Законот, пратеникот Веле Георгиевски бараше пратениците да можат да зборуваат еднаш за еден амандман не подолго од 10 минути, а репликата и контра репликите да бидат од 1 до 3 минути Двете најголеми политички партии од макдонскиот политчки блок со здружени сили го туркаат Законот за бранителите, ДУИ и ДПА заеднички даваат отпор. ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ денеска се согласија дека треба да се ограничи дискусијата во Комисијата за труд и социјална политика. „Немаме лоша намера, едноставно предлагаме ограничување на дискусијата поради ефикасност во работата. Таква можност дава членот 86 од Деловникот“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева Поддршка стигна и од СДСМ “Ограничувањето се однесува само за оваа седница со единствена цел, Комисијата да работи поефикасно“ се согласи пратеничката на СДСМ, Весна Бендеска За ДУИ, тоа било диктатура. „Некој арбитрарно сака да ја наметне волјата на мнозинството. Ова е типично недемократско однесување, со кое се сака да се воведе диктат, да не рече диктатура во работата на Собранието вратија Неџати Јакупи ДУИ. Предлагачот на Законот, пратеникот Веле Георгиевски бараше пратениците да можат да зборуваат еднаш за еден амандман не подолго од 10 минути, а репликата и контра репликите да бидат од 1 до 3 минути. http://press24.mk/story/braniteli/branitelite-gi-zdruzhija-vmro-dpmne-i-sdsm-protiv-dui-i-dpa ______________________ Потта штеди крв!
Последната промена е направена од Генерал на 3/11/2012, 12:12. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|