Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 55 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty6/11/2012, 12:31

Можеби е грешка во текстот...но Кичево уште не го има јадено тој стап..се надевам нема ни да го јаде.. но затоа Струга настрада. Иначе се сеќавам од Евро-Хотел кај Струга што е ако знаете, го гледав црниот чад од демонстрациите во Струга каде што Бучко едвај жив, помочан, во полициска облека го извадија со специјалци од таму.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty6/11/2012, 12:49

Frogfoot напиша:
Можеби е грешка во текстот...но Кичево уште не го има јадено тој стап.

Со новата територијална прераспределба и Кичево треба да стане доминантно Албанска општина. Од 2013-та, непосредно пред изборите.
Досега неколку пати со политички пазари помеѓу ДУИ и ДПМНЕ ова беше пролонгирано, но следната година е крајниот рок за да стапи во сила припојувањето на мнозинско албанските општини. Така да.. Кичево (Кичеа) = Kërçovë.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty6/11/2012, 13:21

А како што се одложуваше до сега зошто не би можело да се одложува и понатака?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty6/11/2012, 13:23

Пукна тиквата меѓу ДПМНЕ и ДУИ.
Башка, нормално е дека сакаат да џапнат уште еден град.

Јасно ми е тоа брат, но на пример, што ги обрзува ДПМНЕ тоа да го применат? кој МОРА да ја донесе одлуката во 2013?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty6/11/2012, 13:25

За Кичево ќе се води голема политичка битка. Имам некои информации кои одат во прилог на Македонците. Но сето тоа сега се сведува на односот акција-реакција ( нешто како шах ) - албанците еден потег, Македонците друг... На крај ќе видиме што ќе се случи. Од она што го знам има место за оптимизам, а доколку овој однос се примени и на територијата на цела Македонија тоа би било идеално. Но има уште време...

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty6/11/2012, 14:21

ТАТО МЕ БРАНЕШЕ – СВЕДОЧЕЊЕТО НА 10 ГОД ЌЕРКА НА ТРИФУНОВСКИ

Наодите на психијатрите утврдиле дека ќерката на полицаецот Трифуновски детално го раскажувала настанот без да фантазира, а таткото, кога пукал, постапил импулсивно со зголемен афектен страв.

Во судницата во присуство на вешти лица психијатри, форензичари и патолози, се одржа рочиштето на кое на полицаецот Трифуновски му се суди за убиството на двете момчиња на паркингот во Гостивар, пренесува Нова Македонија.

Иако адвокатот на оштетените инсистираше девојчето да биде донесено во судница, сепак судот не прифати непосредно сослушување поради безбедносни причини. Се читаше исказот на ќерката на Трифуновски, крунскиот сведок во постапката. Бидејќи е малолетна, изјавата им беше прочитана само на странките во постапката, пренесува Нова Македонија.

според извештајот од психијатриската болница девојчето е на 10-годишна возраст, со исклучително големи интелектуални способности. Кога разговарало со стручните лица од клиниката, девојчето во почетокот било вознемирено, но потоа се опуштило и детално раскажувало за настанот. Раскажала дека непознатите се нафрлиле да го тепаат татко ѝ и како тој ја бранел. Вештаците утврдиле дека девојчето паметело многу детали и кога раскажувало не фантазирало ниту измислувало, што е можно да се случи на дете на нејзина возраст, особено по таков настан.

Лекарите утврдиле дека во моментот кога нападнал полицаецот бил пресметлив, но дејствувал со зголемен афектен страв. Неговото однесување лекарите го окарактеризирале како импулсивно.

http://mkd-news.com/tato-me-braneshe-svedocheneto-na-10-god-kerka-na-trifunovski/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty6/11/2012, 14:24

СКАНДАЛ: Албански сајт од Скопје повикува на борба против македонската тиранија

Македонија | 6. ноември 2012 - 13:18

Албанскиот народ под колонијална окупација во ПЈРМ мора да ја преземе судбината во свои раце и повеќе да не ја трпи потчинетоста на „тиранијата на словенско-македонската влада“.

Пред пет дена, со објавување на текст на Валбона Вардари, агенцијата ИНА (Iliria News Agency) упати повик за револуција до сите Албанци.

Во овој текст пишува дека албанскиот народ живее во бескрајна мизерија под колонијалната окупација на ПЈРМ и дека е изневерен од политичката елита. Затоа, стои во текстот, албанскиот народ треба да ја земе судбината во свои раце и да не ја трпи ваквата потчинетост на „тиранијата од словенско-македонската влада“.

Познат како „рамковен“, договорот им даде гаранција на „сувереноста на ПЈРМ“ во замена за правата на Албанците. Ова, стои во текстот на Валбона Вардари, претставува големо предавство на актуелните лидери на ДУИ. Со таканаречениот „Рамковен договор“, албанскиот народ се повеќе страда под окупацијата и колонизацијата на Словените, стои во текстот.

-Непослушност и отпор кон оваа колонијалистичка, терористичка и антиалбанска држава е од витално значење за остварување на слободата. Сите луѓе мораат да делуваат против словенско-македонската влада и на крај да го остварат правото на самоопределување и деколонизација, правото на референдум за создавање на единствена национална држава, етничка Албанија, стои во текстот на Валбона Вардари.

Инаку ИНА е агенција основана и регистрирана во Македонија. Валбона Вардари е псевдоним.

http://www.press24.mk/story/albanski/skandal-albanski-sajt-od-skopje-povikuva-na-borba-protiv-makedonskata-tiranija

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty6/11/2012, 14:26

ФОТО: На патарините пред Скопје стои „Шкупи“

Скопје | 5. ноември 2012 - 21:29

Поратлот Охрид 1 објави фотографија на која се гледа дека на таблата каде што се испишуваат категориите на возила и цената на билетот некој со црн спреј напишал Шкупи.

http://press24.mk/story/shkupi/foto-na-patarinite-pred-skopje-stoi-%E2%80%9Eshkupi%E2%80%9C

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty7/11/2012, 01:15

Кај албанските партии врие за Кичево - во македонскиот блок штама

Македонија | 7. ноември 2012 - 0:12

Бројките покажуваат дека со новата територијална организација според која ќе се гласа во Кичево на изборите на пролет, во градот живеат околу 30.000 етнички Албанци и 26.000 Македонци. Дневник пишува дека во последниот изборен циклус, ДУИ и ДПА заедно осцоиле 11.800 гласа, наспроти СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП и ВМРО-НП кои прибрале над 16.000 гласови.
Кичево ги дигна тензиите во албанскиот политчки блок, пишува Дневник. По намерата на Ахмети да ја донесе албанската дијаспора за да гласа на изборите се поставува прашањето, дали лидерот на ДУИ може да обезбеди градоначалнички мандат во оваа општина.
Бројките покажуваат дека со новата територијална организација според која ќе се гласа во Кичево на изборите на пролет, во градот живеат околу 30.000 етнички Албанци и 26.000 Македонци. Дневник пишува дека во последниот изборен циклус, ДУИ и ДПА заедно осцоиле 11.800 гласа, наспроти СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП и ВМРО-НП кои прибрале над 16.000 гласови.
Од ДПА велат дека ќе го поддржат Ахмети бидејќи не сакаат да бидат виновни за поразот.
„Нема да биде виновна ДПА со 200 гласа што ги има таму, ниту албанската дијаспора, која според Ахмети не била заинтересирана да гласа. Виновен ќе биде Ахмети, бидејќи дозволи Македонците да го колонизираат градот носејќи стотици семејства на офицери - рече Зијадин Села, пратеник на ДПА.
И додека во албанскиот политчки блок врие, партиите од македонскиот кампус молчат. Освен декларативна меѓусебна поддршка, засега бар официјално, меѓусебен договор нема. СДСМ најави дека ќе го поддржи кандидатот на кој би го предложила владејчката ВМРО-ДПМНЕ но само доколку биде прифатлив за нив. Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на истиот став, дека во партиските тела сеуште се дефинираат списоците со кандидати.

http://press24.mk/story/kichevo/kaj-albanskite-partii-vrie-za-kichevo-vo-makedonskiot-blok-shtama

И како што реков: Има место за оптимизам... Twisted Evil

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty7/11/2012, 23:29

Власта ќе остане без мнозинство во Парламентот доколку продолжат собраниските игри во Комисијата за труд и социјала во раправата за Законот за бранителите, пишува Вест.
Според весникот, се поизвесно станува дека мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе го изгласа предлогот на пратеникот Веќе Георгиевски да се ограничи расправата на 10 минути. Но и во таква ситуација, според пресметките на Вест, за да бидат поминати сите 15000 амандмани, под претпоставка Комисијата да работи секој ден по 10 часа, пратениците од ДУИ можат да потрошат 10 години.
Деловникот им дозволува, сите како подносители на амандмните да присуствуваат на седниците на Комисијата за труд и социјала и да зборуваат. Тоа значи дека тие нема да бидат присутни на пленарните Собраниски седници, а без нив, коалицијата Груевски - Ахмети, нема да има потребно мнозинство за да носи закони.

http://press24.mk/story/braniteli/vlasta-go-gubi-mnozinstvoto-vo-sobranieto-poradi-zakonot-za-branitelite
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 10 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 55 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: