Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 55 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty8/11/2012, 17:45

Пратеник на ДПА се закани дека ќе го запали собранието за да не се изгласа законот за бранители

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 X4Eib

Театар во Комисијата за труд и социјала. ДУИ обвинува за етнички блокови, ДПА ќе го пали собранието, ВМРО-ДПМНЕ бара и ограничување на процедуралните забелешки, СДСМ молчи. Зијадин Села од ДПА кој ќе го палел собранието со запалка мавташе пред новинарите.

Според пратениците на Тачи 15-те илјади амандмани се само хартија со која ДУИ продава патриотизам. Ги повикаа да излезат од Владата, бидејќи тие потоа вака ќе го блокирале Собранието.

- Сакате да ви кажам како се блокира законот, ќе ви го кажам последниот амандман за дискусијата. Ќе видите кога овие говорници и овие микрофони и на овој парламент ќе му го ставиме оганот, ќе ги запалиме, сакате ли тоа, рече Зијадин Села од ДПА.

По овој говор на Села претседателката Иванова даде пауза, за да се смират пратеничките страсти.

Тензиите на почетокот на денешната седница на Комисијата ги кренаа новите правила за дискусија по предлог законот за посебните права на бранителите со кои се кратат говорите. Пратениците од ДУИ обвинија за етничко гласање бидејки ВМРО ДПМНЕ и СДСМ го ограничија времетраењето на говорите . Ваквиот епилог следува откако Талат Џафери со своите настапи со недели ја блокираше работат на комисијата.

ДУИ со остра реторика, ваквото надгласување Македонија ја враќало пред 2001 – та година, а тоа пак било лошо за мултиетничка држава која за еден месец очекувала добивање на датум за отпочнување на преговори со Европската унија.

ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи кратење и на процедуралните говори на 3 минути, а СДСМ го поддржа и овој предлог.

Во жестоката дискусија Иванова неколкупати предупреди дека нема да дозволи комисијата да биде вовлечена во договорена игра меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Комисијата за труд и социјала откако го донесе новиот правилник за ограничување на дискусијата очекува амандманите да бидат преведени од албански на македонски и дебатата за Законот за бранители да започне.

Инаку, откако салата почна да се празни пратеникот Зијадин Села, веројатно за да илуструра на што мислел кога рече дека ќе го палел собранието, крена запалена запалка и ја покажа на новинарите во ложата.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=98749

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty8/11/2012, 18:39

Весник на македонските Бугари бара федерација меѓу Македонија и Бугарија

Паралелно со најновите координирани напади на бугарските медиуми и политичари македонските Бугари бараат креирање на федерација меѓу Бугарија и Македонија.

Во текст објавен во интернет весникот „Охридска Бугарија“ се бара двете земји да влезат во нов државен сојуз во кој се разбира доминантната позиција ќе ја има Софија. Планот на авторот на текстот е да се оствари сонот за Санстефанска Бугарија и со тоа целосно да се поништи македонскиот идентитет како посебен од бугарскиот. Дури весникот дава прецизен план како да се случи поврзувањето во федерацијата. Според авторот зголемениот наталитет на Албаниците ја загрозува унитарноста на Македонија и наместо македонско албанска федерација се предлага сојуз со Бугрија. Во него Струга и Кичево би останале по контрола на Албанците, Скопје со припојување на Кондово и Сарај треба да стане двоетнички град. Бугарскиот весник тврди дека припојување на Македонија не е можно поради тоа што откако Србија и Санџак ќе се одделат од Белград, Македонија нема да има граница со Србија. Покрај останатите небулози кои се предвидуваат во весникот „Охридска бугарија“ авторот предлага Македонија да ги задржи своите институции, а во делот на одбраната, надворешната политика и економијата суверенитетот да го предаде на централната власт во Софија.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=98777

Овде може да го најдете интегралниот текст.
http://ohridskabulgaria.blogspot.com/

И дај нека каже некој што дроги користат бугариве... да пробаме и ние. Laughing

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty8/11/2012, 20:11

Еми..един народ, две држави Laughing Laughing Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty8/11/2012, 22:42

Така е, и во Македонија и во Бугарија саде Македонци. Very Happy

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty9/11/2012, 23:19

Дебар со огномет ќе ја слави 100 годишнината од независноста на Албанија

Под мотото „И Дебар слави 100 години албанско знаме“ локалната самоуправа на Дебар од вечерва па сè до 28 ноември со бројни манифестации ќе ја одбележи 100 годишнината од незвисноста на Албанија.
Според градоначалникот Аргетим Фида, празничната програма има многу активности кои главно ќе се одржуваат во Центарот за култура.
- Одбележувањето го започнуваме вечерва со филмски маратон на нови албански филмови, кога ќе бидат прикажани девет филмови, од нив шест премиерно. Поетската манифестација „ Поетски порти- д-р Љутви Туркеши“ ќе се одржи на 17 ноември, а премиерно на 22 ќе биде прикажана драмата „Скендер бег“. Централната манифестација ќе биде на 26 ноември вечерта со академија, а завршуваме на 28 ноември вечерта со голем огномет - изјави Фида.
Според него, посебен настан ќе биде пуштањето во употреба на новата спортска сала на 23 ноември, на кое ќе присуствуваат претставници на мисијата на ЕУ, Советот на Европа, како и на Министерството за локалана самоуправа. Салата се изгради со пари од Европската комисија.
Како што најави Фида, на 28 ноември, дебарска делегација во чиј состав ќе биде градоначалникот и повеќе советници, ќе присуствува на одбележувањето во албанскиот приморски град Валона, каде пред 100 години е подигнато албанското национално знаме и е прогласена независноста на државата.
http://www.plusinfo.mk/vest/65560/Debar-so-ognomet-kje-ja-slavi-100-godishninata-od-nezavisnosta-na-Albanija


Алооооооооо.... има ли пилот во авионот!? Shocked

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty10/11/2012, 00:23

До толку не избомбардираа со вакви срања што и нормално ќе ни стане... и миц по миц у пиц!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty13/11/2012, 11:48

Меџити: Гласајте за да бидете дел од победата на албанско Кичево

Сите ние треба да се ангажираме од март 2013 година и Кичево да биде дел од општините кои се менаџираат од Албанци. Потребата и вие да гласате на овие избори е многу голема и вие да бидете дел од победата на албанско Кичево, порача градоначалникот на скопската општина Чаир, Изет Меџити кој заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети имаа средба со печалбарите во Мецарато, Италија.
Косово денес е независно, изјавил Ахмети, Албанија e членка на НАТО, a Албанците во Македонија имаат авансиран политички и правен статус.
- Денеска националното знаме се употребува слободно, тоа е уникатен пример кога знамето идентично со друга држава официјално се употребува во друга држава. Универзитетот кого ние го легализиравме во 2004 година денес е распространет во сите албански градови и тоа во објектите и касарните на поранешната југословенска војска. Во касарните каде командуваше Младиќ денеска студираат студенти Албанци. Обично се кажува Младиќ во Хаг, 3.000 студенти на ДТУ во Куманово. Често ми се поставува прашањето дали ја сакам Албанија. Отворено им велам дека јас и моите соработници секогаш сме ја сакале Албанија. Се чудам како некои луѓе, кои не дале ни едно влакно од косата за албанското прашање, денес ме обвинуваат мене. Но, јас им простувам, не сакам меѓу Албанците да има поделби, зашто само единствени може да бидеме по силни и позначајни – нагласил Ахмети.
http://www.plusinfo.mk/vest/65988/Megziti-Glasajte-za-da-bidete-del-od-pobedata-na-albansko-Kichevo

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty14/11/2012, 12:17

Членови на неофашистичката „Златна зора“ патролираат на грчко-македонската граница

Атина, 14 ноември 2012 (МИА) – Членови на неофашистичката партија „Златна зора“ деновиве патролирале на грчко-македонската граница и ги проверувале македонските автомобили дали имаат „соодветна ознака“ за земјата од која доаѓаат, јавија некои грчки медиуми.

Грчките медиуми, меѓу кои „Скај“, „Прото тема“ и „Њузнау“, јавуваат дека „според некои новинарски извештаи“ членовите на „Златна зора“ стоеле со грчките цариници и гранични полицајци и проверувале дали автомобилите од Македонија имаат залепено „специјална ознака ПЈРМ“ која мора да ја носат кога влегуваат на грчка територија. Не е прецизирано за кој граничен премин се работи.

Главниот обвинител на Солун побарал од обвинителот на Кукуш да спроведе прелиминарна истрага за наводите и да утврди дали постојат основи за кривична одговорност.
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=99016751&lId=1&pmId=502

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty15/11/2012, 22:19

Вратете се на почетокот Go down
eye triangle

eye triangle


Број на мислења : 5

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty17/11/2012, 01:58

Makedoncite treba povekje da se plasat od "zapadot" otkolku od "jugot" !!!!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 11 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 11 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 55 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: