|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2012, 22:15 | |
| Токму така. Мислев на Генералот Ангелов. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/12/2012, 15:55 | |
| Уапсен менторот на убијците од „Монструм“! Среда, 05 Декември 2012 15:39 Шукри Алија, за кој медиумите наголемо пишуваа дека е ментор и лидер на лицата извршители на петкраткото убиство кај Смилковското езеро е уапсен. Според информациите до кои дојде Курир истиот по извршената екстрадиција од Косово е прифатен во земјава и во моментов се наоѓа во истражен затвор. Ваквата вест ја објавија и дел од албанските медиуми, за кои судски извори го потврдиле апсењето на Алија. Од македонското Министерство за внатрешни работи за овој случај засега нема никакви информации. Инаку, Алија беше дел од црната листа на Европската унија поради неговите залагања против Охридскиот договор, масовните протести како и останати сценарија кои имаат 7 точки. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/94544-Uapsen-mentorot-na-ubijcite-od-Monstrum ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/12/2012, 22:45 | |
| ОБСЕ ги штити Албанците од „македонски радикализам“Што е радикално во ставот дека, ако треба, бранителите повторно ќе ја бранат својата земја и дека не заборавиле да пукаат? Ако ваквата изјава е радикална, тогаш како да се сфатат изјавите на политичарите од Албанија и од Косово, дадени среде Македонија, во кои отворено заговараат формирање голема Албанија? Зошто изјавата на еден бранител-Македонец е радикална и мора веднаш да биде на нишан на критиката на меѓународните организации, а изјавите на Албанците само „се набљудуваат“? Со сета почит кон чувствата на етничката заедница на Албанците, ама што има лошо во изјавата на Предраг Петрушевски-Бинго дека вооружените сили на Македонија се подготвени да одговорат на секој предизвик, а македонските бранители не заборавиле да пукаат? Па постои ли армија во светот што не е подготвена во секој момент соодветно да реагира? Оттука, дали е радикална изјавата на Бинго? Повикува на војна? На насилство? Разгорува меѓуетнички тензии? Дали е радикализам да си ја сакаш земјата во која си роден и во која живееш (татковината) и да бидеш подготвен да ја браниш кога ѝ се закануваат со отворени повици за поделба и меѓуетничка нетрпеливост? Затоа нејасно е зошто претставници на мисијата на ОБСЕ во земјава се загрижија за изјавата на Бинго и завчера веднаш заминаа за Куманово на разговор со него? Официјалното образложение на ОБСЕ дадено за еден македонски медиум е дека таквата изјава на лидерот на Здружението на кумановските бранители 2001 е радикална. Но што е радикално во ставот на здружението дека, ако треба, повторно ќе ја бранат својата земја, исто како во 2001 година? Ако ваквата изјава е радикална, како да се сфатат изјавите на претседателите на Албанија и на Косово, Сали Бериша и Хашим Тачи, дадени среде Скопје, во Македонија, во кои отворено заговараат формирање голема Албанија? Или изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, дека голема Албанија е божја волја? Што значи ветувањето на ДПА дека ако победат во скопската општина Чаир, ќе биде забрането да се пее песната „Македонско девојче“? Зошто ОБСЕ не ги повика на разговор и сите Албанци, јавни личности што се расфрлаат со вакви изјави? Или еве, принципиелно, зошто ОБСЕ не отиде да разговара со лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански, кој исто така реагираше на изјавите на албанските политичари дека имаат територијални претензии и дека се закана за безбедноста на Македонија, особено што „балистичките банди за време на Втората светска војна извршија етничко чистење на Македонците во северозападна Македонија, палејќи ги македонските села, и со тоа трајно го сменија етничкиот состав“? Наспроти ова, ОБСЕ за радикализмот на ДПА вели дека ќе продолжи да ги набљудува и партиите, но и јавните личности-Албанци и нивните дејствувања во согласност со надлежностите што ги има. И кога сме кај надлежностите, дали надлежност на меѓународните институции е да се мешаат во внатрешните работи на една земја? Зашто, не е само ОБСЕ. Нема избори а лидерите на политичките партии да не отидат на „баци рака“ кај амбасадорите на најмоќните европски држави заедно со САД. Пред или по секој конгрес на партија истите лидери одат на средба со истите амбасадори. Рака на срце, тука нема поделба на Македонци, Албанци, лево или десноориентирани партии. На отчет одат сите. Пред или по секој самит на Европската комисија, актуелната власт како по правило прво оди на отчет пред мисиите на меѓународните организации во земјава или, пак, некои од официјалните луѓе на Брисел и Вашингтон доаѓаат во посета на Македонија. За секоја, дури и мала и безначајна „расправија“ во Владата, коалициските партнери веднаш се повикани од големите сили. И не се само политичарите. Синдикатите, штрајкувачите, незадоволните од судството, здравството, образованието... Сите тие прво се жалат до меѓународните институции во земјава наместо да го зголемат притисокот врз своите дома. Но за љубов и кавга секогаш се потребни најмалку двајца. Дали некој би ви дошол дома ако сами не го поканите? Освен што со сила може да ви земе, дали некој може со сила нешто да ви даде или да ви наметне? Зошто никој од нас не верува во сопствените сили, па по линија на помал отпор веднаш се заканува и спас бара кај странците? Еве, на пример, што му требаше на Георгиевски по десет години пауза, минатата година пред изборите да отиде кај тогашниот американски амбасадор во земјава Филип Рикер, кога истиот тој Георгиевски како премиер на Македонија во 2001 година жестоко ја напаѓаше американската политика за војната во Македонија дека „јатакува со албанските терористи“. Токму затоа, САД во 2004 година му ја одзедоа американската виза со образложение дека го поткопува мирот на Западен Балкан. Впрочем, тогаш, и самиот Рикер побара од Георгиевски и од другите политичари Македонија да направи сѐ сама да си го реши името. Георгиевски, пак, се правдаше дека 2001 година била поука за него да не ги повторува грешките и дека сфатил оти само со дијалог „може да се држи меѓународната заедница на наша страна“. Или, што бара претседателот на ДПА, Мендух Тачи, да одржува редовни контакти со Амбасадата на САД (барем според изјавите на амбасадорот Пол Волерс) кога истите тие веќе десетина години на го симнуваат од црната листа на непожелни личности во САД? Зошто на сите нив им е поважно да добијат амин од некој странец отколку да седнат еден спроти друг и меѓу себе да се аминуваат, а за доброто на сите нас? И после - некој друг ни е виновен. Зошто не си веруваме самите на себе, зошто наместо да трошиме енергија на странци (од кои нереално очекуваме дека ќе ни ги решат проблемите), не го зголемиме притисокот врз сопствените власти од кои имаме и легално и легитимно право да бараме подобро утре? Дали и овој коментар е радикален? Автор: Искра Опетческа http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1251292754&id=13&prilog=0&setIzdanie=22747 |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 6/12/2012, 14:33 | |
| Ангелов: На Македонија и се заканува опасност Лидерот на Достоинство предупредува дека на „Македонија и се заканува опасност, а за тоа посочува на новоформираното Народно Собрание на локални албански единици во Тирана на 26 ноември, чие неформално име според него е Сојуз на општини од Голема Албанија“. Во оваа организацијата членуваат општините Тирана, Приштина, Улцињ, Прешево, Тетово, Гостивар, Струга и Дебар. Според Ангелов, „ова е продолжение на Призренската лига и Призренската декларација, и иако изгледа наивно, воопшто не е“. Тој го цитираше градоначалникот на Тирана кој кажал дека „Собранието ќе послужи за унапредување на најдобрите практики на добро локално и национално обединување“. „Што ако еден ден овие општини прогласат непослушност кон централната власт, кој ќе ги спречи? Дали е тоа централната власт која нема никаква контрола во општините со албанско мнозинств? Прашајте ги како се спроведува таму законот за ДДВ, за пушење, и за знамиња“, рече Ангелов. Ангелов рече дека некои наши експерти се обидуваат да ги минимизираат овие појави,„ додаваат смирувачки тонови, и советуваат да не се ширел национализам. Меѓутоа, факт е дека се работи на големата идеја“. „Кога се работи за националната кауза кај Албанците нема поделеност. Додека ВМРО-ДПМНЕ во име на ширење на македонскиот патриотизам ги подели Македонците по сите основи и денес Македонците се мрзат меѓу себе повеќе од било кога порано“, рече Ангелов. Според него, денес во Гостивар и Дебар Македонците се дури и под 20 проценти од целото население и тоа воопшто не оди во полза на државата. http://a1on.mk/wordpress/archives/69711 ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 6/12/2012, 14:58 | |
| Скандалозно: Писмата на Алија Шукри Четврток, 06 Декември 2012 14:35 Дека Алија Шукри е следбеник на радикалниот ислам и дека неговото дејствување не било само во Македонија, туку и пошироко потврдуваат неговите писма објавени на интернет страници, но и раширени по социјалните мрежи. Организирање на големи протести во сите градови во Македонија и пред Владата на РМ, истите да бидат предводени од млади лица кои не се под влијание на славјанските политики, блокирање на сите славјански полициски станици во сите места каде мнозинството се муслимани, прогласување на предавници на сите Албанци кои учествуваат во славјанската полиција и вршат претреси во албански куќи, запознавање на јавноста со нивните имиња и живеалишта, како и морално подготвување на народот за жртвување кое може да го направат оџите се точките за кои Шукри пишува во писмата. На почетокот на месец мај, по завршувањето на акцијата „Монструм“, Шукри активно се залага за злоупотреба на акцијата и омаложување на истата, како и за мобилизирање на неговите следбеници. Но, и за организирање на протестите. Како што дознаваме, во писмото насловено како „Кој треба да биде ставот на муслиманите Албанци?“, Шукри вели дека на сите оние кои се чувствуваат како муслимани треба да им биде жал за „Монструм“, односно за акцијата врз нивните браќа и сестри и истото да го осудат. -Полициската акција над семејства на албански муслимани, во година кога е убиен Осама Бин Ладен и пред Самитот на НАТО, како и изјавите на министерката за внатрешни работи придружувана со криминалот на Никола и Али Баба, прикажува дека оваа акција е спроведена за некои цели, пишува Шукри. Вака тој го оправдува убиството врз петте недолжни лица кои беа убиени на грозоморен начин. -За решавање на нивниот вековен проблем, нашиот народ треба да се инспирира од Арапската пролет и да оживее на Балканот една слична пролет, почнувајќи од Македонија, пишува понатаму радикалниот исламист. За да има успех горенапишаното, Шукри наведува што се треба да биде превземено од страна на сите оние кои се чуствуваат како муслимани: -организирање на големи протести во сите градови во Македонија и пред Владата на РМ -истите да бидат предводени од млади лица кои не се под влијание на славјанските политики -блокирање на сите славјански полициски станици во сите места каде мнозинството се наши муслимани -прогласување на предавници на сите Албанци кои учествуваат во славјанската полиција и вршат претреси во албански куќи -запознавање на јавноста со нивните имиња и живеалишта -морално подготвување на народот за жртвување кое може да го направат оџите Како сето ова да е малку, Шукри во своите писма продолжува понатаму пишувајќи правила за соработка со државата и акциите против муслиманските Албанци. Повикувајќи се на цитати од муслимански свештеници тој пишува дека оние кои се вистински верници не треба за пријатели да ги прават евреите и христијаните, бидејќи тие меѓу себе биле пријатели, а кој се спријателувал со нив, тогаш бил со нив. Шукри Алија, ги повикува како што вели, вистинските муслимани и сите кои се чуствуваат така, да не градат заедничлки соживот со христијаните и да не се спријателуваат со нив. -Секој кој ја помага славомакедонската држава против муслимани, не зависно на кој народ припаѓа, направил предавство на иманот (верување) и се смета за отпадник од верата, заклучува тој во писмата. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/94669-Skandalozno-Pismata-na-Alija-Sukri ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | gladiator_17
Број на мислења : 35
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/12/2012, 18:01 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/12/2012, 01:03 | |
| Силувана медицинска сестра на кејот на Вардар во Скопје Медицинска сестра (28) била силувана на кејот на Вардар, во близина на хотелот Александар палас. Според полицијата, ова се случило вечерва околу 19 часот додека девојката одела на работа. Таа го пријавила случајот во полиција и го опишала напаѓачот како 25 годишно момче кое кое зборувало на нечист македонски јазик.Полицијата води истрага за расветлување на случајот. http://www.mkd.mk/81720/crna-hronika/siluvana-medicinska-sestra-na-kejot-na-vardar/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/12/2012, 01:04 | |
| Пак тепачки по автобуси, две момчиња претепани кај Бит Пазар Две момчиња на возраст од 16 години вчера биле претепани од поголема група непознати лица на автобуската станица кај Бит-пазар, информира Министерството за внатрешни работи. Двете момчиња без никаков повод и причина во автобусот биле нападнати од поголема група лица кои зборувале на албански јазик при што добиле повреди по лицето и телото. Полицијата го истражува случајот. http://www.mkd.mk/81638/crna-hronika/pak-tepacki-po-avtobusi-kaj-bit-pazar-pretepani-dve-momcinj/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | eye triangle
Број на мислења : 5
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/12/2012, 10:23 | |
| Лига на словенските држави како одговор на затворените врати на ЕУ
До министерствата за надворешни работи и за одбрана на Бугарија и на Македонија пристигнуваат предлози за заедничко дејствување на тајните служби на овие земји. Притоа, ваквите идеи се дискутираат на експертските средби не само во овие две, туку и во други земји од регионот. Uкраински политиколог и експерт за право Александар Прогнимак од Киев во мај излегол со идеја за формирање на Лига на словенски држави (ЛСД), којашто фактички го повторува не помалку познатиот „Словенски проект“ на Ј. В. Сталин. Oд анализата на светските тенденции на глобализацијата, станува очигледно дека единствениот стратегиски исправен избор на Украина треба да претставува нејзиното учество и формализација на единствениот словенски пандан на евроунијата, кој условно би можел да биде наречен „Лига на словенските држави. во услови на брзорастечката европска и муслиманска глобализација единствената наднационална структура на сите Словени претставува „Лигата на словенски држави“. Прво во состав на Русија, Белорусија и Украина, а подоцна кон истата би можеле да се приклучат Бугарија, Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Полска, Чешка. Бидејќи во последните неколку децении верските несогласувања меѓу католиците и православните олабавиле, „источните и јужните словени, при паметно организирање на оваа структура, би имале големи шанси да се вградат во ЛСД Aктуелните случувања во еврозоната во контекстот на економско-политичките тенденции во толку голем регион како што е регионот на Балкан-Кипар-Русија-Белорусија-Украина, го ставаат Западот во позиција да земе пауза во процесот на проширувањето на Европската Унија. Истовремено, паузава е во корист и на формирање на блокот на словенските земји со другите земји од Европа. | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/12/2012, 10:57 | |
| Генерално добра но иста болка како во православјето.
ни од таму сонце нема да не огрее. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|