|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/12/2012, 11:39 | |
| Само 0,2 отсто Македонци во Албанија?Државниот институт за статистика на Албанија ги обработил податоците околу националната верска припадност на нејзините граѓани и податоците официјално се очекува да ги соопшти на 13 декември. Но, тиранската телевизија „Топ чанел“ од дипломатски извори во Тирана успела да дојде до резултатите од пописот реализиран во октомври лани за етничката и верска припадност, објави „Дневник“. Во формуларот на прашањето за етничка припадност, како Албанци се изјасниле 83 отсто од попишаните граѓани, 0,87 отсто како Грци, 0,3 отсто како Роми, исто толкав процент се Власи, 0,2 отсто Македонци, 0,12 Египќани, 0,01 Црногорци и 0,1 останати. На прашањето не одговориле 14,07 отсто од попишаното население. Што се однесува до верската припадност 57,12 отсто се изјасниле како муслимани, 10,11 отсто католици, додека 6,8 отсто православни. Како атеисти се изјасниле 2,52 отсто, бектеши 2,11 отсто и евангелисти 0, 11 отсто. Резултатите од пописот се очекува да предизвикаат големи дебати кај асоцијациите на малцинствата, меѓу нив и кај Македонците. Малцинствата го бојкотираа пописот и со заедничка декларација се изјаснија дека нема да ги признаат пописните резултати. Асоцијациите на грчкото малцинство, веќе спроведува самостоен попис, а ваква активност Македонците не може да реализираат поради недостиг на пари. http://www.plusinfo.mk/vest/70322/Samo-02-otsto-Makedonci-vo-Albanija ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | gladiator_17
Број на мислења : 35
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/12/2012, 19:50 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 10/12/2012, 00:06 | |
| - Alvar напиша:
- Само 0,2 отсто Македонци во Албанија?
Државниот институт за статистика на Албанија ги обработил податоците околу националната верска припадност на нејзините граѓани и податоците официјално се очекува да ги соопшти на 13 декември. Но, тиранската телевизија „Топ чанел“ од дипломатски извори во Тирана успела да дојде до резултатите од пописот реализиран во октомври лани за етничката и верска припадност, објави „Дневник“. Во формуларот на прашањето за етничка припадност, како Албанци се изјасниле 83 отсто од попишаните граѓани, 0,87 отсто како Грци, 0,3 отсто како Роми, исто толкав процент се Власи, 0,2 отсто Македонци, 0,12 Египќани, 0,01 Црногорци и 0,1 останати. На прашањето не одговориле 14,07 отсто од попишаното население. Што се однесува до верската припадност 57,12 отсто се изјасниле како муслимани, 10,11 отсто католици, додека 6,8 отсто православни. Како атеисти се изјасниле 2,52 отсто, бектеши 2,11 отсто и евангелисти 0, 11 отсто. Резултатите од пописот се очекува да предизвикаат големи дебати кај асоцијациите на малцинствата, меѓу нив и кај Македонците. Малцинствата го бојкотираа пописот и со заедничка декларација се изјаснија дека нема да ги признаат пописните резултати. Асоцијациите на грчкото малцинство, веќе спроведува самостоен попис, а ваква активност Македонците не може да реализираат поради недостиг на пари. http://www.plusinfo.mk/vest/70322/Samo-02-otsto-Makedonci-vo-Albanija Само во Албанија го има тоа 14% да се неодговорени. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 10/12/2012, 21:39 | |
| Тешки албански провокации Ристо Никовски Бериша е тежок националист ама – искрен. Таа доблест мора да му се почитува. Прославата на 100 годишнината на Албанија за него беше одлична прилика официјално да ја промовира политиката, наследена од Енвер Хоџа, која Тирана упорно ја продолжува. Значајниот празник беше убав повод Бериша да не потсети дека албанските граници се од Превеза, во Грција, до Прешево во Србија, и од Скопје до Подгорица! Ни помалку ни повеќе. Тирана и албанските лидери во регионот, постојано зборуваат за некакви „албански територии” во Македонија, Јужна Србија, Црна Гора и (досега посрамежливо) во Грција. Сега, сето тоа доби целосна форма. Од Валона, Бериша како да сакаше да ги прецизира албанските територијални аспирации. Да нема веќе дилеми до каде треба да се простира Голема Албанија. Намерата сигурно му беше и да нагласи дека нејзиното создавање е иреверзибилен процес почнат пред еден век. Пред десетина години, во интервју на една тиранска телевизија, и неговиот претходник, премиерот Пандели Мајко, отворено го кажа истото – создавањето на Голема Албанија е неповратен процес! Слично не заплашува и Ахмети. За 30-метарското илегално албанско знаме во кичевско, ни кажа дека – нема црна рака која ќе може да го симне! А како да го симне, кога е на „албанска територија”? Најпросто речено, Бериша порача дека спомнатите територии, кои не се стокмени во албанските држави кои, нели, сега ги има две – се под туѓа, странска окупација. Поачик иредентизам, здравје. Истиот Бериша, на 14 октомври во Тирана, изјави: „Албанците немаат ниту еден гроб на туѓа територија, туку странците имаат стотици и илјадници гробови на албанска територија”! Тоа е истата реторика како од времето на Милошевиќ. Тогаш беше популарна шегата дека двајца Срби слетале на Месечината и едниот веднаш извадил пиштол и го убил другиот. Каде има српски гроб е српска територија, заклучил убиецот. Се додека Бериша, во Валона, јавно не ги дефинира границите на Голема Албанија, мнозина не ја забележуваа реториката со „албанските територии” и нејзиното иредентистичко значење. Особено во Македонија. Не се согледува ниту пораката која ја испраќаат политичките лидери на Албанија, и не само тие, вклучувајки ги и албанските амбасадори во Скопје, кога зборуваат во име на сите Албанци, значи и овдешните. Таа пракса трае веќе долго време и никој не реагира. Впрочем и на пресот со Груевски, неодамна во Тирана, Бериша рече дека албанскиот фактор во регионот бил европски ориентиран! Тој има мандат да зборува само во име на Албанија и на тамошните Албанци и во име на никој друг. Нормално, НАТО нема коментар за отворените територијални аспирации. А како би имал кога водечката велесила и доминантен фактор на алијансата стои зад проектот – обединување на сите Албанци во една држава? Благодарејќи токму на Вашингтон, со флагрантно користење на сила, која вклучуваше бомбардирање и на Белград, беше формирана нова албанска држава на Балканот. Со тоа, овој проект е веќе реализиран со можеби и цели 70%. Остатокот на проектот Голема Албанија сега е повеќе од технички отколку од суштински карактер. На мета е – Македонија. Таа остана главна пречка за обединувањето на Албанците. Ама и тука најтешкото веќе е средено. Во 2001-та, Вашингтон испрати терористи од Косово кои, подоцна, ги трансформира во борци за човекови права и, преку договор во Охрид, ја претумба државата на начин што малцинството може да го манипулира мнозинството. Сега се работи на постепено надградување врз веќе постигнатото. На изјавите на Бериша, Вашингтон стави до знаење дека се против промени на границите. Изгледа коректно ама, ако малку проанализирате што се случува во регионот, ќе откриете интересни детали. Моментално, за реализација на нивната регионална политика, навистина не е потребно менување на границите. Во Македонија, конкретно, државата ја рушат од внатре. Се случи Слупчане, кое САД веднаш го подржаа, користејќи го (случајно!) истиот вокабулар како и Бесими, кој ги прекрши овластувањата и сите процедури во Министерството за одбрана. Следеше интонирањето на албанската химна во повеќе школи и на универзитетот во Тетово ама Вашингтон не реагираше. Тоа не го осуди. Логичен е заклучокот дека и двата настани се вклопуваат во американските планови за Македонија. Има силни индикации дека место бомби, со кои го кутнаа Белград, и го одвоија Косово од Србија, сега САД размислуваат за федерализација на Македонија? Тоа ќе им ја заврши работата без формална промена на границите. Во Вашингтон, тоа веќе го најави и вицепремиерот Муса Џафери, кој е главен идеолог во рушењето на македонската држава. Рече дека иднината на Македонија е во федерализација. Се разбира, САД не реагираа и на таквата провокација. Ако ја федерализираат земјава, промената на границите ќе следи со највисока демократија – самоопределување. Чекор по чекор, со огромна упорност, Вашингтон ја реализира својата регионална политика, во партнерство со Албанците, а кучињата ги нема никаде да залајат. Ги замолчија. Со ситни пари. ЕУ, после долго инсистирање, сепак, се изјасни за ставовите на Бериша. Политичарите мораат да внимаваат на своите изјави, порачаа. Тоа може да се каже за се и апсолутно ништо не значи. На крај е клучното прашање. Зошто 100 годишнината на Албанија се славеше така гламурозно во Скопје? Со учество на премиерите на две соседни држави? Зошто, впрочем, и во Приштина? Зошто? Единствениот можен одговор го даде Бериша во Валона – се славеше на „албанските територии”! На Косово, тие се веќе ослободени, а во Македонија сеуште под окупација. Никаква друга потреба од славење во Скопје – немаше. Ако се сфати горното веднаш станува јасно зошто на манифестациите никаде немаше симболи на македонската држава. Како да ги има на територии кои не се македонски? Ако не беа териториите во прашање, Бериша и Тачи, заедно со Ахмети, ќе одеа да прославуваат и во САД, и во Швајцарија… каде живеат бројни Албанци. Не отидоа бидејќи таму немаше потреба да обележуваат (албанскии) територии. Сите манифестации организирани во Македонија, околу 100 годишнината на Албанија, вклучувајќи ги и знамињата на Ахмети, беа тешки политички провокации. Тешко е да се верува дека тие се направени без зелено светло од нивниот стратегиски партнер? Нели се се вклопува во американската регионална политика? Орав-чето, испрсено и насмеано продолжува да се шета низ земјава и сите му стегаат рака. Портпаролот на ДУИ, околу албанските знамиња, ни порача дека не треба да се води сметка дали се почитуваат законите бидејки Албанците би можеле да го сфатат тоа како – провокација?!? Неверојатно. Врвен безобразлук. Ние сме на потег. Мора соодветно да се реагира на се. Со молчење, се паѓа на секој испит. А ние сме исправени пред тежок, егзистенцијален. Ако продолжиме непотребно да голтаме кнедли, наскоро некоја ќе не задави. Кругот се стеснува. Сите мислат дека е дојден моментот да ни зададат финален удар. Длабоко се лажат ама, ако наскоро не тропнеме на маса… http://www.mkd.mk/81292/kolumni/teski-albanski-provokacii-risto-nikovski/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 11/12/2012, 15:49 | |
| До кога веќе, Македонци? Тони Науновски Психосоцијалните структури на македонската колективна свест потврдено се наоѓаат близу границата на колективниот мазохизам како идентификуван модел во истражувањата на светско-историските факти и конкретни ситуации. Таа состојба дозволена токму со рационално необјаснивото трпење и молк пред очигледните акти на вербално, ментално и физичко насилство, го дава одговорот за нашата денешна ситуација во однос на фамозниот состанок на некоја комисија на ЕУ. Сите информации кои последниве денови доаѓаат недвосмислено ја покажуваат детската игра, односно трикови кои дури и во Скопје, при неодамнешната посета, господинот Филе (комесарот за проширување на ЕУ) всушност и ги најави. Имено, позади сите флоскули, „финтата“ е во тоа Македонија и македонскиот народ да бидат измамени, излажани – со доделување на т.н. „условен датум за почеток на преговори со ЕУ“. Тоа значи дека „битката“ меѓу нашите наводни сојузници во ЕУ и оние кои ја поддржуваат Грција (пред се – Франција) се води, замислете ја таа иронија, околу конкретните модуси како овој ефтин трик да биде формулиран, а потоа и презентиран со бескрајното изобилство на медиумски симулакруми, пред македонскиот народ. Од самиот почеток оваа идеја, тоа е барем денес сосема јасно, беше обична детска игра, уште еден начин како да се реализира целта на некои структури во ЕУ (не само на Грција, за жал) Македонија да го смени името, и Македонците да се преименуваат, а со тоа автоматски во истиот миг и да се (само) уништат како историја и реалност. Меѓутоа, она што дополнително загрижува во овој случај со денешниот состанок и варијантите на реторичките форми кои во крајните интенции значат обид за, едноставно кажано, измама на Македонците, е најотвореното потценување на умот на сите нас – до последниот Македонец кој живее на оваа планета. Тие таму од некои комисии, совети, комесаријати…на ЕУ, имаат намера да не ОБВРЗАТ да го смениме нашето име (во секоја димензија, од национален идентитет, јазик, историја, култура…) во наредните 6 месеци, како експлицитен услов за почеток на пристапниот дијалог за интеграција на Република Македонија во ЕУ. И што е најиронично во сета оваа ситуација, некои претставници на највисоките Македонски државни институции даваат поттик на сето ова со барањето да се најдат употребни, „креативни решенија“ при инструментализацијата на ова, во секоја смисла, неприфатливо уценување на македонскиот народ. Тоа што најмногу загрижува во оваа драматична ситуација е што нашиот државен врв од почеток не го отфрлија ова толку провидно и потценувачко дипломатско играње со најсветото нешто на Македонците – нашето име, самите нас! Дури и Македонците во власта (за жал, оваа констатација е нашата реалност по 2001 година, која Македонците треба набрзо да ја изменат) од тотално неразбирливи причини, и покрај предупредувањата и укажувањата на многумина сеуште продолжуваат да молчат пред овие „психопатолошки“ дипломатски игри. И со тоа, на некој начин, дополнително им даваат енергија на истите тие од ЕУ во пронаоѓањето на фрази со кои поефективно ќе ги маскираат крајните цели на формулациите. Што друго да се каже денес, пред денешниот ден, освен – до кога веќе, Македонци! И покрај сета трпеливост, и покрај сите (денес веќе потврдени, по финансиската криза на ЕУ и случајот со Грција) илузии кои некои Македонци се уште ги имаат за ЕУ како парадигма за неисцрпен извор на економска благосостојба – сепак, доста е! Ова е веќе премногу, дури и за нас, трпеливите Македонци. Толку големо потценување на милениумскиот колективен ум, дури и низ сета наша трагична историја, едноставно – немало. На почетокот на 21 век, дочекавме целосна замена на сите современи вредности кои истите тие од ЕУ (како политичка организација односно на тие конкретни претставници инволвирани во оваа провидна игра – секако дека не треба да се генерализира) ги поставуваат како највисок дострел на светско-историскиот ум, со најтемните времиња кои ги памети македонската историја. На пример, 1913 година. сто години по таа проклета 1913, се соочуваме со уште еден обид за анихилација на Македонците. За разлика од тогаш, денес овој обид е многу по-политички, и може (мора!) да се отфрли со длабински консензус на сите нас, Македонците. http://www.mkd.mk/82152/kolumni/do-koga-veke-makedonci-toni-naunovski/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/12/2012, 12:32 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/12/2012, 00:09 | |
| За „Ле поинт“, Македонија е држава што не постои Покрај тезата дека не постоиме, авторот, дописник на престижниот „Ле поинт“, во поднасловот нѐ нарекува уште и „балкански конфети“ што го „презеле Александар Велики за да си создадат идентитет“. Текстот изреволтира наши иселеници во Париз, кои вчера со писма се обратија до нашата редакција, реагирајќи дека станува збор за „директна атака на Македонија“ Скандалозен текст со наслов „Македонија, државата што не постои“ осамна на цели две страници во реномираниот француски весник „Ле поинт“. Покрај провокаторскиот наслов, во текстот, меѓу другото, пишува и дека македонскиот народ нема идентитет и дека затоа го „краде“ Александар Македонски, но и дека „безобразно сме ја украле и Мајка Тереза“... Текстот изреволтира и некои наши иселеници во Париз, кои вчера со писма се обратија до нашата редакција, реагирајќи дека станува збор за „директна атака на Македонија“. Автор на контроверзниот текст е Ив Корну, дописник на „Ле поинт“, кој важи за најчитан, најреспектиран и највлијателен француски интелектуален весник. - Сум се изначитал сѐ, ама за ова не можев да молчам - пишува Марјан Денков од Париз, кој укажа на појавувањето на скандалозниот текст. И нашата позната модна креаторка Лидија Георгиева, која повеќе години живееше и работеше во Париз, вчера на Фејсбук постави статус со наслов: „Благодарам ‘Ле поинт‘, од два милиона невидливи и непостоечки Македонци!“ - Не дискутирам ни за политика, ни за вкус, ни за бои. Господинот Корну, дописникот на „Ле поинт“, има право да го сака или да го мрази Скопје, нашите лидери или нашата кревка демократија. Тоа што мислам дека е неодговорно е фактот дека во својот допис нѐ насловува „непостоечки народ“, го продолжува текстот во тој дух и сето тоа од висина на неговата земја, која постои во демократијата 200 години. Знаејќи дека 20 години се бориме да го опстоиме шокот од распаѓањето на една земја, транзицијата и од промената на системот, во соседство што не ни е наклонето, со напори евентуално да влеземе во Европската Унија, сметам дека овој текст е тежок и низок удар, несвесен за штетата што ќе ја предизвика - вели Георгиева. Според неа, ако не постоиме, тогаш мора да сме невидливи, но во тој случај авторот на текстот има проблем, бидејќи го критикува изгледот на Скопје и на околината. - Покрај тезата дека не постоиме, авторот во поднасловот нѐ нарекува уште и „балкански конфети“ што го „презеле Александар Велики за да си создадат идентитет“. „Скопје 2014“ е тема без крај. Французите имаат изрека за вкусовите и за боите не се дискутира, така што секој може да мисли и да сака по свој избор. Но тоа што не смее да помине е насловот, поднасловот и масните букви од втората страница на текстот - пишува Георгиева. Во легендата на фотографијата од плоштадот во Скопје со статуата на Александар уште пишува: „Статуа на коњаникот Александар Велики, Скопје. Македонците го обожаваат овој антички херој, кој Грците го прокламираат како нивно наследство“. Во текстот авторот пишува дека сме „земја, помала од Бретања, со малку повеќе жители од Париз, која е тешко е да се најде на картата на Балканот“ и дека сме „една земја што не егзистира како таква“. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121112847249&id=9&prilog=0&setIzdanie=22752 ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/12/2012, 13:29 | |
| | |
| | | gladiator_17
Број на мислења : 35
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/12/2012, 16:14 | |
| Јово наново Претепано момче во Карпош 4 Двајца тетовчани истепани без никаква причина
oвa ми изглeда кaкo исплaнирaнa нeкoјa пoгoлeмa стрaтeгиja, зa дa сe исeлaт мaкeдoнцитe oд тeтoвo, гoстивaр или штo знaм oд зaпaднa мaкeдoниja, сo вaквa стрaтeгиja пoчнaa пoслe 2001.. мислaм дeкa oвиe инцидeнти нe сe случajни | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/12/2012, 16:22 | |
| Ништо не е случајно другар, па така ни ова. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|