|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 27/11/2012, 16:23 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 27/11/2012, 17:11 | |
| - Цитат :
- - Редно е овој митинг да се одржи еднаш во Тирана, на кој ќе се соберат Албанци од сите земји во кои живеат Албанци. Но, сепак, тие се собраа во Скопје. Албанци од Албанија, од Косово, од западна и северна Македонија. На суверена македонска територија се вееја илјадници албански знамиња. И покрај „европските“ зборови на говорниците, јасно е дека Албанците ќе се обединат кога сите држави во кои живеат ќе бидат дел од ЕУ. Беше јасно дека тоа може да се случи и порано. За жал, тоа ќе биде тажната судбина на Македонија - коментира Божидар Димитров.
Кој ќе речеше дека некогаш ова ретардираниов татар може да биде во право. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 27/11/2012, 17:36 | |
| - Frogfoot напиша:
- ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ ПОВИКУВА НА ОБЕДИНУВАЊЕ НА АЛБАНЦИТЕ ВО ЕДНА ДРЖАВА!
- Цитат :
- Јас сум многу загрижен за положбата на Албанците, бидејќи не може да се замисли луѓето да живеат во пет држави. Неприфатливо е вие да живеет овде, таткото да живее во матичната земја, a браќата да живееат надвор oд границите“, изјави Реисот Реџепи.
Како ли ќе ја спојат Швајцарија со Албанија? ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 27/11/2012, 18:18 | |
| ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 27/11/2012, 22:53 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 27/11/2012, 23:22 | |
| KОЛЕKТИВНАТА АГОНИЈА НА МАKЕДОНЦИТЕ Тони Науновски Вовед во хобсовска состојба Попусти се обидите врз основа на длабинска анализа да се постават загрижувачките перспективи и антиципираат настаните кои во бесконечна спирала с` подлабоко ја уништуваат Македонија како држава. Најновите, но веројатно не и последни национални понижувања се конечен свиреп доказ дека Македонците се народ кој, за жал, реално повеќе нема капацитет за самоодржливост на своја, национална држава според моделите на современите држави – доколку набрзо не се случи тотален пресврт во мислењето и практичниот однос кон актуелните политички процеси. Иако формален егзекутор на потрошената национална самосвест се политичките партии, отсуството на помасовна спонтана реакција и каков било облик на организиран протест против секојдневните акции за понижување на с` што има значење на македонски национален идентитет, јасно ја покажува слабоста на македонскиот народ/нација. Отсуството на елементарни политички самоодбранбени реакции против недогледните антимакедонски политики кои постојано ни се случуваат, не се веќе показател само на апстрактниот демократски дискурс во кој се потонати (единствено) Македонците, туку токму напротив – тоа е ултимативен доказ за с` поинтензивниот распад на македонската национална свест, прецизно регистриран од оние што отворено ги кршат законите и Уставот. Денешните, најнови национални порази на Македонците – незаконски поставените јарболи со албанско знаме и изградба на музеј на терористичката УЧK, како и споменик на некој човек припадник на УЧK од протекторатот Kосово врз македонски тенк (на територија на РМ!) – иако се ужасни до таа мера што може да се помисли дека ја доживеавме кулминацијата на антимакедонизмот, е веројатно само вовед во тотална аномија и претполитичка хобсовска состојба на владеење на посилниот. Отворените и цинични најави за следните активности (освен доколку нивниот „коалиционен“ партнер не распише предвремени парламентарни избори за да се спаси себеси како партија и неопходен мит во колективната историска самосвест, но и заради спас на самата држава) – воени пензии за борците на УЧK-ОНА, Бадентеров принцип во судскиот систем, промена на името Македонија, целосна двојазичност на државата, етничка распределба на државниот буџет, итн. – се сигурен показател и јасна слика за траорната иднина, ако воопшто веќе и ја имаме на ова парче земја. Докажаниот политички опортунизам на македонските политички партии, во комбинација со колективната индиферентност на Македонците, сосема извесно ќе доведе до целосно уништување на едвај присутните (по проклетиот Охридски рамковен договор, почетокот на крајот на државата) национални, македонски димензии на Уставот. Оттаму, колективната агонија на Македонците ќе трае уште долго време, па дури и ќе се интензивира со секој изминат ден – бидејќи, колективната слабост е согледана од другите. Иронијата на историјата, за која Хегел одамна забележа дека во еден аспект е и развој на националниот дух на силните (само силните!) народи/нации, е дотолку поголема што сета оваа трагедија ни се случува во миговите кога (с` уште) го живееме сонот на многу наши предци кои херојски умреле за идеалот – држава на Македонците! По сто години од кобната 1913 г., можноста да се повторат настаните како фарса на историскиот развој на светскиот дух во однос на македонскиот народ станува с` пореална. Денешните поколенија, современите Македонци, се суштинска спротивност на храбрите и силни Македонци – тие дозволуваат незаконски активности кои во крајна инстанција значат уништување на с` што го рефлектира македонскиот национален идентитет. Наместо да го зацврстуваат и унапредуваат, наместо гордо да го покажуваат секогаш и секаде, денес Македонците дозволија да бидат дискриминирани во својата држава, допуштија пред очи да им се урива нивната држава! Kако што на истиот начин дозволија уривање на црквата-музеј во центарот на својот главен град, како што дозволија незаконско поставување на табли со имиња на основни училишта и улици, незаконско промовирање на двојазичност во најважните државни институции, споменици на балисти кои според сите историски факти убивале и тероризирале Македонци, и многу други нешта! И вината за сето ова сепак не може да се трансферира исклучиво кај неодговорните политички партии и/или нивните елити – колку и да е болен овој факт за секој самосвесен Македонец. Тие најчесто сепак мора да ги следат доминантните мегатрендови на јавното мислење и барања на електоратот, на народот кој го претставуваат. Историската потреба од „отрезнување“ по сите овие настани, кое просто конечно мора да се случи кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и да доведе до нивно помирување, е единствениот начин преку кој, во комбинација со активно учество (на секој можен начин и секаде) на буквално секој Македонец, с` уште може да се прекине овој понижувачки вртоглав редослед на антизаконски, антимакедонски акти и случувања. Македонците не смеат повеќе да бидат препуштени сами на себе, очајно свесни дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат погрешна ориентација на опортунизам, која треба да се преврти во својата спротивна насока и да ги врати верувањата и сништата на македонскиот народ. Оттаму, одговорноста на раководствата на македонските политички партии го добива својот историски максимум. Денес Македонците, препуштени сами на себе, се без витална, атавистичка национална енергија за спротивставување на наведените антимакедонски случувања и политики во нивната (с` уште нивната) држава. Потребата од креирање нови македонски парадигми, од нови идеали кои ќе ги вдахновуваат денешните генерации, сега е поголема од кога било во нашата мачна и горда историја и сегашност. Без нови енергии и прагматични поттикнувања на колективниот ум на Македонците во пронаоѓање големи излезни решенија, агонијата без крај – во која има бесконечно многу солзи на загинатите Македонци за Македонија, во која има лелеци на илјадници мачени и убиени Македонци – од Грамос до Вејце – ќе н` остави без своја држава, дури и без своја земја, без свое парче земја на планетата Земја. Заветот на нашите херои ќе биде срамно изневерен, националниот лакримариум скршен, а на нашите деца нема да им оставиме нивна држава во која слободно ќе се реализираат себеси – о, Македонци мои, поголем индивидуален и колективно-национален грев од поднесувањето на оваа наша свирепа реалност нема! http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1B67146F513ED846801C332D445FA2A0 ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/11/2012, 02:41 | |
| Од збор до збор се сложувам со колумната. Колективно како народ скоро како и да немаме сетило за дразба. Што се не ни се случува на национален план, какви се не провокации, понижувања, навреди, а нас македонците мува не не гази....вака ќе си чаламиме преку компјутер, а на дела нешто слабо не има. | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/11/2012, 08:02 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/11/2012, 12:33 | |
| - beowulf напиша:
- Од збор до збор се сложувам со колумната. Колективно како народ скоро како и да немаме сетило за дразба. Што се не ни се случува на национален план, какви се не провокации, понижувања, навреди, а нас македонците мува не не гази....вака ќе си чаламиме преку компјутер, а на дела нешто слабо не има.
Треба тоа незадоволство и бес кај народот некој да го артикулира. Сега за сега кај нас нема таков. А треба/мора да има! Времето се ситни вака или онака. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/11/2012, 12:42 | |
| Ако сте приметиле, дечково редовно пишува апла директни и добри колумни, секоја чест! | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|