Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 41 ... 78, 79, 80 ... 89 ... 100  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty11/6/2013, 13:41

Татковците: Ликвидацијата кај Смилковци е нарачана, обвинетите имаат заштита од власта

„Ликвидацијата на нашите деца е нарачана, а извршителите се штитени од политичарите, особено двајцата кои се на Косово Алил Демири и Африм Исмаиловиќ за кои се уште нема екстрадиција“ – ова го изнесоа четоврицата татковци на убиените момчиња кај Смилковско езеро кои пред малку заминаа од судот каде се одржуваше рочиште за крвавиот настан.

По подолго време и отсуство од судницата, родителите се појавија директно да го слушаат исказот на сведокот Диме Весков, затвореник од Идризово, кој тврдеше дека Опел омегата која е пронајдена и која сроред Јавното обвинителство се користела при ликвидацијата, е во сопственост на полициската единица „Алфа“, односно дека полицајци го приведувале со истата кола во 2009-тата и 2010-тата и тој ја препознал на телевизија и веднаш самиот се јавил кај адвокатите во „Монструм“ за да пријави дека позната му е колата.

Истото го тврдеше и пред судот – дека Опелот е полициски и дека оперирал низ Бутел и Радишани и дека го познава по бојата и по регистарската табличка.

Родителите останаа разочарани кога судот констатираше дека Исмаиловиќ и Демири остануваат на Косово и се уште нема екстрадиција за нив.

Не сакаа директно да кажат кои, но тврдат дека обвинетите имаат заштитиници во власта. За нив целиот случај е матен и тешко дека каква било завршница ќе им ја реши дилемата зошто настрадаа нивните деца.

Предраг Петровиќ

http://a1on.mk/wordpress/archives/163220

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty11/6/2013, 14:11

Правда нема да видиме, колку и да се надеваме, единствено решение е да ги ликвидираат сеа нив ..

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty14/6/2013, 20:11

Општината Тетово со веб-страница само на албански јазик
Официјалната веб-страница на општината Тетово, која беше редизајнирана по промената на власта, не содржи информации на македонски јазик, а сите содржини се објавуваат само на албански јазик

Невообичаено на оваа интернет-страница е тоа што кога во местото за адреса се впишува официјалниот назив www. tetova.gov.mk, адресниот код се преименува со името и презимето на градоначалничката Теута Арифи www.teutaarifi.com.

Од општината Тетово соопштија дека новата интернет-страница е во изработка, иако нема таков натпис, што вообичаено се поставува кога веб-страницата е во фаза на конструкција.
- Откако целосно ќе се реализира овој проект, ќе биде вметнат и македонскиот јазик - соопштија од тетовската општина.
Од ВМРО-ДПМНЕ, на прашање за ситуацијата, упатија потсетник дека се потребни содржини на македонски јазик на веб-страницата. Од опозицискиот „Сојуз на иднината“ се огласи Драган Давидовски од ВМРО-НП.

- Не сме зачудени од ваквиот потег, со оглед на тоа што новата тетовска власт речиси е блокирана. Два месеци не се одржуваат седници на Советот. Итно треба да се отстрани овој пропуст - вели Давидовски.
На првиот јавен настап на новата градоначалничка во прес-центарот на општината Тетово не беше истакнато државното знаме, а беше поставено само албанското. По новинарски прилози за ова, македонското знаме беше вратено.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=612131134191&id=9&setIzdanie=22902

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty16/6/2013, 23:37

Јохан и Стојанче Ангелов заедно на кафе (ФОТО)
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/119857-Johan-i-Stojance-Angelov-zaedno-na-kafe-FOTO
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty17/6/2013, 14:55


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty17/6/2013, 15:38

Без договор за добрососедство, Бугарија ќе ја поддржи Грција во блокадата на Македонија

На последните состаноци на дипломатите од Постојаните мисии на земјите-членки на ЕУ во Брисел (т.н. КОВЕБ-група), како и на состаноците на КОРЕПЕР-групата (амбасадори на земјите-членки при Унијата), претставниците на Бугарија ставиле јасно до знаење дека доколку до последниот состанок на Советот за општи работи (кој се одржува два дена пред Самитот на ЕС закажан за 27 јуни), не биде потпишан договорот за добрососедство, тогаш Софија ќе ја поддржи Грција во блокада на Македонија.

Иако никој од амбасадите на споменатите земји не сака да коментира, сепак според информациите од досегашните расправии на КОВЕБ и КОРЕПЕР, бугарскиот амбасадор Димитар Цанчев и дипломатите од оваа земја ставиле јасно до знаење дека тие ќе се согласат да и се даде „зелено светло“ на Македонија да ги започне пристапните преговори само ако до Самитот се потпише договорот. Една од работите, пак, на која е запнато во преговорите на техничко ниво меѓу претставници на македонското и бугарското министерство за надворешни работи е барањето Бугарите, како наводно малцинство кај нас, да влезат во преамбулата на Уставот. Во овој дел, Бугарија има силна поддршка и од Хрватска, која од 1 јули оваа година станува полниправна членка на ЕУ, со оглед на тоа што и Хрватите не се застапени како малцинство, а на тоа инсистира и оваа поранешна југословенска држава.
Она што досега е непознато е ставот на Грција чии дипломати мудро молчат на состаноците на работните групи во Советот на Унијата. До вторник, 25 јуни и состанокот на Советот за општи работи (ГАК) во Луксембург, каде се очекува да се донесат заклучоците во однос на земјите-кандидати (Македонија и Србија) и дали истите ќе добијат датум за преговори со ЕУ. Наводно, формирањето на Комисијата за истрага на собраниските настани на 24 декември минатата година нема да го спречи нашиот јужен сосед да го употреби правилото на консензус меѓу земјите-членки и да не дозволи нашата земја и по четири препораки на Комисијата, да го добие заслужениот датум за преговори.
http://www.sitel.com.mk/node/83502

Не знам што е спорно, па преку 100.000 имаат Бугарско државјанство, што ќе рече дека се Бугари не?
Кој ни е крив кога народецов се истепа за Бугарски пасоши со кои ќе можат да купат Опел Астра за 1000 евра... или за да берат јаболки во Италија без проблем. Требаше порано да мислат на ова.
Секако, има и такви кој навистина се сметаат за Бугари (вклучително и некој пратеници и министри, бивши или сегашни, живи или мртви) и тоа е нивно право за кое еве гледаме дека имаат подршка од Бугарската држава.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty17/6/2013, 15:58

Секако, има и вакви исклучоци. Laughing

Бугарски новинар побарал азил во Македонија

Христо Казашки, дописникот од Бугарија за радио Би-Би-Си побарал македонско државјанство, јавуваат грчките медиуми. Разочаран од животот во Бугарија, поранешниот дописник избрал нестандардна форма на протест и одлучил да побара македонско државјанство, јавија бугарските медиуми, а веста ја пренесуваат и гласилата во Атина.

- Изгубив верба дека во блиска иднина Бугарија ја очекуваат добри работи. Нацијата се топи како снег на топло време и младите земаат билет во еден правец за надвор од земјата, изјавил Казашки.

Според него, Турција не му одговара затоа што е христијанин, Грција и Романија не му се допаѓаат, а најблиска му е Македонија.

- Минатата година бев во Охрид, Скопје и Битола, и таму ми се допаѓа. Минималната пензија кај нас е 150 лева, а во Македонија 140 евра. Горивото А95 тука е околу 270 лева а таму 220. Тие не претекнаа во секој поглед, рекол новинарот за бугарските медиуми.

Според некои медиуми, Казашки му пишал на македонскиот премиер со цел да се реши прашањето за неговото државјнаство. Тој наводно добил ветување дека за две седмици ќе стане Македонец.
http://plusinfo.mk/vest/96061/Bugarski-novinar-pobaral-azil-vo-Makedonija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty18/6/2013, 03:30

MA­KE­DO­NI­JA RE­GI­O­NAL­NI CEN­TAR OBA­VJE­ŠTA­JA­CA
Skoplje kao Kazablanka
SKO­PLJE – Biv­ši pr­vi oba­vje­šta­jac Ma­ke­do­ni­je, a sa­da re­dov­ni pro­fe­sor na fa­kul­te­tu za bez­bjed­nost u Sko­plju Ivan Ba­ba­mov­ski upo­zo­ra­va da Sko­plje po­sled­njih mje­se­ci lič­i na Ka­za­blan­ku uoči Dru­gog svje­tskog ra­ta. Da li na­slu­ću­ju tur­bu­len­ci­je u ovom re­gi­o­nu ili je u pi­ta­nju po­god­na ,,kli­ma” za nji­hov rad po­ka­za­će vri­je­me. Či­nje­ni­ca je me­đu­tim da sve zna­čaj­ni­je dr­ža­ve iz re­gi­o­na i svi­je­ta po­ja­ča­va­ju svo­ju oba­vje­štaj­nu ak­tiv­nost u glav­nom gra­du Ma­ke­do­ni­je i ši­rom dr­ža­ve, pri­je sve­ga za­to što u Ma­ke­do­ni­ji ak­tiv­no dje­lu­ju me­še­ta­ri mno­gih islam­skih ze­ma­lja a na bo­ji­šti­ma u Av­ga­ni­sta­nu, Si­ri­ji, Ira­ku, Li­ba­nu i ši­rom svi­je­ta gdje se osje­ća­ju po­sle­di­ce ,,arap­skog pro­lje­ća” na­la­ze se i do­bro­volj­ci iz Ma­ke­do­ni­je.
To su uglav­nom mla­di lju­di, bez za­po­sle­nja in­dok­tri­ni­ra­ni ide­o­lo­gi­jom Al Ka­ide ko­ji pri­pa­da­ju al­ban­skim kla­no­vi­ma či­je su ve­ze s arap­skim svi­je­tom, ali i sa moć­nim nar­ko-kar­te­li­ma na Ko­so­vu, i Av­ga­ni­sta­nu i ši­rom evro­pe vr­lo ja­ke.
Spe­ci­jal­no za ,,Dan” pro­fe­sor Ivan Ba­ba­mov­ski go­vo­ri i o još uvi­jek ak­tiv­nim kam­po­vi­ma Al Ka­i­de u Ma­ke­do­ni­ji ko­je da­nas ko­ri­ste do­bro­volj­ci iz al­ban­skih sre­di­na u re­gi­o­nu za voj­nu obu­ku ka­ko bi se pri­klju­či­li si­rij­skim po­bu­nje­ni­ci­ma or­ga­ni­zo­va­nim oko po­kre­ta Jab­ha el Nu­sra­ha u po­ku­ša­ju da obo­re re­žim Ba­ša­ra al Asa­da i u Si­ri­ji us­po­sta­ve islam­sku dr­ža­vu na osno­vu še­ri­jat­skog za­ko­na.
,,Ma­ke­do­ni­ja sa Si­ri­jom ima pri­ja­telj­ske od­no­se i si­rij­ska oba­vje­štaj­na slu­žba ko­ja se po­sled­njih mje­se­ci sna­žno in­sta­li­ra­la u Ma­ke­do­ni­ji ne­ma za cilj de­sta­bi­li­za­ci­ju Ma­ke­do­ni­je ili iza­zi­va­nje bez­bjed­no­snih ne­mi­ra, već da bi za­šti­ti­la sop­stve­ne bez­bjed­no­sne in­te­re­se jer se ov­dje na na­šoj te­ri­to­ri­ji na­la­zi ne­ko­li­ko kam­po­va u ko­ji­ma se oku­plja­ju, pri­pre­ma­ju i oda­kle se ša­lju do­bro­volj­ci u re­do­ve si­rij­skih po­bu­nje­ni­ka ko­ji uz po­moć eks­trem­nih mu­sli­man­skih struk­tu­ra že­le da sru­še vlast Al Asa­da. Pre­ma mo­jim pro­cje­na­ma i sa­zna­nji­ma tre­nut­no se na ra­ti­štu u Si­ri­ji, na stra­ni po­bu­nje­ni­ka bo­ri oko 140 Al­ba­na­ca, dr­ža­vlja­na Re­pu­bli­ke Ma­ke­do­ni­je, ali i nji­ho­vih ze­mlja­ka iz re­gi­o­na od ko­jih je kako smo oba­vije­šte­ni je­dan dr­ža­vlja­nin Ma­ke­do­ni­je po­gi­nuo pri­je de­se­tak da­na u su­ko­bi­ma sa vla­di­nim re­gu­lar­nim sna­ga­ma” ka­že Ba­ba­mov­ski.
,,Pri­je od­la­ska na ra­ti­šte oni se pri­pre­ma­ju u istim kam­po­vi­ma i tre­ning cen­tri­ma ko­je je u Ma­ke­do­ni­ji ko­ri­sti­la Al Kai­da za vri­je­me ra­ta u Bo­sni, na Ko­so­vu i et­nič­kog su­ko­ba u Ma­ke­do­ni­ji 2000–2001 go­di­ne. Ti kam­po­vi se na­la­ze na Šar­pla­ni­ni iz­nad Te­to­va i u po­gra­nič­nim dje­lo­vi­ma pre­ma Ko­so­vu iz­nad se­la Lje­šni­ca i na lo­ka­li­te­tu Tri vo­de. Nji­ho­vu obu­ku vr­še ra­zni me­še­ta­ri i pen­zi­o­ni­sa­ni in­struk­to­ri iz MPRI ili Ha­li­bar­ton či­ja se sje­di­šta na­la­ze na Ko­so­vu u bli­zi­ni Ka­ča­ni­ka de­se­tak ki­lo­me­ta­ra od ma­ke­don­ske gra­ni­ce. Ima me­đu nji­ma i is­ku­snih bo­ra­ca sa ra­ti­šta u Av­ga­ni­sta­nu, sa Ko­so­va, iz Bo­sne”... pro­cje­nju­je Ba­ba­mov­ski.
Pre­ma Ba­ba­mov­skom na ra­ti­šte naj­če­šće od­la­ze Al­ban­ci iz si­ro­ma­šni­jih po­ro­di­ca ko­ji ne­što zbog za­ra­de, ali i zbog ide­o­lo­ške opi­je­no­sti ri­zi­ku­ju svoj ži­vot u na­di da će us­pje­ti da iz­vu­ku ži­vu gla­vu i za­ra­de mje­seč­no 10.000–15.000 do­la­ra ko­li­ko je pla­ta ovih do­bro­vo­lja­ca.
Ge­ne­ral­ni bez­bjed­no­sni di­rek­to­rat, ka­ko gla­si zva­nič­ni na­ziv taj­ne slu­žbe Si­ri­je pri Mi­ni­star­stvu po­li­ci­je u zad­nje dvi­je go­di­ne za­jed­no sa oba­vje­štaj­nom slu­žbom i Te­he­ra­na in­sta­li­rao je oko 400 svo­jih oba­vje­šta­ja­ca u Ma­ke­do­ni­ji i u Bo­sni, pra­te­ći re­la­ci­je islam­skih eks­tre­mi­sta na ovom ko­ri­do­ru pre­ko Ko­so­va. Pod pa­ra­va­nom in­ve­sti­to­ra i otva­ra­nja ra­znih ma­lih po­go­na za pro­iz­vod­nju ci­pe­la, pa­pu­ča i slič­ne ga­lan­te­ri­je ko­ja se nig­dje ne pro­da­je ni­ti iz­vo­zi, za­po­šlja­va­ju ve­li­ki broj lju­di ko­ji su u oba­vje­štaj­noj mre­ži. Nji­hov pre­vas­hod­ni za­da­tak je da po­kri­ju ci­je­lo pod­ruč­je Ma­ke­do­ni­je i sta­ve pod kon­tro­lom kre­ta­nje i ko­mu­ni­ka­ci­ju eks­trem­nih struk­tu­ra ko­je mo­gu ugro­zi­ti nji­ho­ve in­te­re­se i dr­ža­vu. Jer pri­pad­ni­ka islam­ske vje­ro­i­spo­vi­je­sti ko­ji su me­ta eks­tre­mi­sta ima na ci­je­loj te­ri­to­ri­ji Ma­ke­do­ni­je i po­ve­za­ni su pre­ko ši­ro­ke mre­že ra­znih or­ga­ni­za­ci­ja. Ba­ba­mov­ski upo­zo­ra­va da su ma­ke­don­ske bez­bjed­no­sne slu­žbe oku­pi­ra­ne dru­gim po­slo­vi­ma unu­tra­šnje po­li­ti­ke če­sto žmu­re pred ovim opa­sno­sti­ma i od­bra­nu pre­pu­šta­ju stra­nim slu­žba­ma ocje­nju­ju­ći da su nji­ho­ve ze­mlje ugro­že­ni­je od sa­me Ma­ke­do­ni­je.
S ob­zi­rom na et­nič­ki sa­stav ma­ke­don­ske vla­de i če­sto gle­da­nje kroz pr­ste na raz­ne in­ci­den­te u Sko­plju, Si­rij­ska vla­da vr­lo oba­zri­vo pra­ti po­na­ša­nje vla­de u Sko­plju i njen po­ne­kad (zbog mi­ra u ku­ći) bla­go­na­klo­ni pri­stup pro­ble­mi­ma ko­ji mo­gu ugro­zi­ti op­štu bez­bjed­nost.
Či­ta­va po­li­tič­ko bez­bjed­no­sna si­tu­a­ci­ja u Ma­ke­do­ni­ji i bli­skom okru­že­nju je za­ni­mlji­va te­ma za op­se­rav­ci­ju i dru­gih oba­vje­štaj­nih slu­žbi, ne sa­mo iz ugla Islam­skih eks­trem­nih gru­pa, ne­go ge­ne­ral­no i zbog mno­gih ne­ri­je­še­nih pro­ble­ma sa su­sje­di­ma. Ta­ko Gr­ci špi­ju­ni­ra­ju i Ma­ke­don­ce i Al­ban­ce, Al­ban­ci Sr­be, Sr­bi Bu­ga­re i Al­ban­ce, Bu­ga­ri Tur­ke, Tur­ci Gr­ke,... a Ame­ri­kan­ci sve re­dom. 
,,Iran se pe­ne­tri­ra da bi za­šti­tio ši­it­ski re­žim Ba­ša­ra al Asa­da u Si­ri­ji jer se pla­ši da ako pad­ne Si­ri­ja, Iran po prin­ci­pu do­mi­nio efek­ta mo­že da bu­de sle­de­ća me­ta. Sum­nja­ju­ći u Ame­ri­kan­ce Iran je pre­ko jed­ne pri­vat­ne fir­me Al­ban­ca iz te­tov­skog se­la Šip­ko­vi­ca do­bio lo­ka­ci­ju za iz­grad­nju stam­be­ne zgra­de u skop­skom na­se­lju ,,Ki­se­la bo­da” oda­kle su htje­li da pra­te elek­tron­sku ko­mu­ni­ka­ci­ju Ame­rič­ke ama­ba­sa­de. Mi smo to zna­li pa smo oba­vi­je­sti­li ame­rič­ku slu­žbu. Iran­sko di­plo­mat­sko kon­zu­lar­no pred­stav­ni­štvo je mo­ra­lo da se po­vu­če iz Sko­plja, ali su za­dr­ža­li ne­ke svo­je sa­rad­ni­ke u se­lu Šip­ko­vi­ca u bli­zi­ni Te­to­va” ka­že Ba­ba­mov­ski.
,,Ko­li­ko su sve te slu­žbe ak­tiv­ne naj­bo­lje go­vo­ri po­da­tak da su grč­ki po­li­caj­ci i ca­ri­ni­ci na pri­mjer ne­dav­no, ima­li tač­nu in­for­ma­ci­ju da za Pr­vi maj, iz Sko­plja u Grč­ku kre­će na du­ži vi­kend sin po­zna­tog vi­so­kog po­li­tič­kog funk­ci­i­o­ne­ra i da u ko­li­ma no­si ma­nju ko­li­či­nu dro­ge i nož ,,ska­ka­vac”, i na­rav­no od­mah su ga uhap­si­li na gra­ni­ci i po­di­gli ci­je­lu ma­ke­don­sku po­li­ci­ju na no­ga­ma. On­da ka­ko to obič­no bi­va ide raz­mje­na sve­ga i sva­če­ga, od in­fo­r­ma­ci­ja do za­tvo­re­ni­ka” ob­ja­šnja­va Ba­ba­mov­ski.http://www.dan.co.me/?nivo=3&rubrika=Balkan&datum=2013-06-10&clanak=383738

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty18/6/2013, 03:31

Во Македонија врие од шпиони и терористи

  • Скопје последниве месеци наликува на Казабланка пред Втората светска војна. Дали ова значи дека се насетува потенцијална турбуленција во регионот или во прашање е подобната „клима“ за работа на многубројните разузнавачи од сите земји, ќе покаже времето. Ова за црногорскиот дневен весник ДАН го тврди поранешниот разузнавач, а сега редовен професор на Факултетот за безбедност во Скопје, Иван Бабамовски. 


Сириската разузнавачка служба е силно инсталирана во Македонија, но нејзината цел не е дестабилизација на државата или предизвикување за безбедносните органи, туку за да ги штити сопствените безбедносни интереси, вели професорот Бабамовски.

- Во Македонија има многу такви кампови во кои се собираат, подготвуваат и од тука се праќаат доброволци кај сириските бунтовници и се создаваат екстремистички муслимански структури. Според некои сознанија, моментално во Сирија се борат околу 140 Албанци, државјани на Република Македонија, но ги има и од регионот. Еден државјанин на Македонија веќе загинал во Сирија. Тие тренираат во истите центри во Македонија што ги користеше Ал каеда за време на војната во Босна, на Косово и за време на судирите во Македонија 2000–2001 година. Тоа се камповите на Шар Планина над Тетово и по граничните делови кон Косово, над Лешница и на локалитетот Три Води. Обуката ја вршат пензионирани структури од МПРИ и Халибартон чии седишта се на Косово, во близина на Качаник, десетина километри од македонската граница. Меѓу нив има и искусни борци од фронтовите во Авганистан, Косово и од Босна - вели Бабамовски.

http://www.plusinfo.mk/vest/95436/Vo-Makedonija-vrie-od-shpiuni-i-teroristi

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty18/6/2013, 12:14

Ништо ново, разузнавачкиот сектор ни е решето. Додека се зафатени со тоа што опозицијата доручкувала и кој со кого се сретнал... државава ја роварат радикални исламистички групи и агенти на соседниве држава.
Не знам колку се сеќавате, но имавме директно предупредување од Израелскиот гостин пред некоја година (ми се чини неколку месеци пред Смилковско езеро) дека во Македонија е можен терористички напад... првите луѓе на МВР и ДБК тогаш изјавија дека ситуацијата е под контрола и дека немаат никакви индиции за таков акт... и, цврц!

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 79 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 41 ... 78, 79, 80 ... 89 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: