Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 22 ... 40, 41, 42 ... 70 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty17/2/2013, 14:16

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty17/2/2013, 14:41

Останува на службите да утврдат дали и колку е сериозно ова.


______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty17/2/2013, 15:06

Јас баш би сакал да е озбилно, ама некако про опозициски ми звучат Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty17/2/2013, 17:54

Бесими ке учествува на воена парада на полицијата и косовските безбедносни структури по повод 5 години од косовската независност...

еве шти пиша на неговиот вб...

Цитат :
Денес, со покана од Претседателот на Република Косово, г-ѓа Атифете Јахјага, Премиерот на Република Косово, г-дин Хашим Тачи и Министерот за Одбрана г-дин Агим Чеку, ќе присуствувам на свечените церемонии по повод одбележувањето на 5 годишнината од независноста на Република Косово, вклучувајќи ја и свечената парада на Косовските Безбедносни Сили и Полиција!

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty17/2/2013, 18:02

Frogfoot напиша:
Јас баш би сакал да е озбилно, ама некако про опозициски ми звучат Laughing

Едно од барањата се однесува и на опозицијата.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty18/2/2013, 16:55

Пратениците го послушаа Груевски: Командант Форина е нов министер за одбрана

понеделник, 18 февруари, 2013 16:41

Поранешниот командант на ОНА, Талат Џафери, е нов министер за одбрана во владата на премиерот Никола Груевски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја прифатија јавно искажаната молба од премиерот Никола Груевски и дадоа поддршка на неговите предлози за нови министри меѓу кои е и Џафери. За предлогот на Груевски, Џафери да биде министер за одбрана гласаа 65 пратеника, без ниту еден глас против или воздржан. Изборот на Џафери пратениците го поздравија со аплауз, а предничеше претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. За Тахир Хани и Фатмир Бесими гласаа 64 пратеници.
Џафери, кој за време на војната во 2001 година беше познат како командант Форина, во последните неколку месеци го привлече вниманието на јавноста како најистурен играч на ДУИ во блокирањето на Законот за бранителите. Тој на чело на министерството за одбрана доаѓа на местото на Фатмир Бесими, кој од денеска е нов вицепремиер за евроинтеграции откако од овој ресор замина Теута Арифи за да и се посвети на трката за градоначалник на Тетово на локалните избори наредниот месец. Нов министер за локална самоуправа е Тахир Хани, кој доаѓа на местото на Невзат Бејта, кој пак наредниот месец ќе се обиде да стане градоначалник на Гостивар.

http://brif.mk/makedonija/pratenicite-go-poslusaa-gruevski-komandant-forina-e-nov-minister-za-odbrana/

Пу арам да им е!!! АРАМ!!!!!!!

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty18/2/2013, 17:47

Не се нормални .. ги дупеше во здрав мозок со месеци и на крај испаднаа најголеми мајмуни..
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty18/2/2013, 19:02

Ако, нека се знае која е најголемата УЧК-а во Македонија.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty18/2/2013, 23:29

Татковино, за што загинавме – прашуваат граѓаните

„Некој умирал за оваа татковина додека денес дојде такво време член на УЧК да биде министер за одбрана во Македонија.“

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Ltuho99

Оваа порака пропратена со фотографија – исечок од весник со наслов „Татковино, за што загинавме?“, вечерва забрзано се шири преку Фејсбук, а илјадници корисници ја споделуваат со свои коментари. Ваквата активност на социјалните мрежи доаѓа откако денес во македонското Собрание, Талат Џафери беше избран за министер за одбрана.

Неговата функција дојде на предлог на премиерот Никола Груевски а Џафери беше избран со 65 гласа за, и без ниту еден глас против или воздржан. За него гласаа сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, како и од коалицискиот партнер, ДУИ.

Изборот на Џафери е контроверзен, бидејќи, како што на денешната прес конференција истакна и лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, тој во 2001 година беше во УЧК и како командант Форина се бореше против АРМ.

- Претседателот на Владата, Премиерот, лажниот вмровец, лажниот патриот и политичка кукавица Никола Груевски, лично го предлага Талат Џафери алијас командант Форина од УЧК, за министер кој ќе раководи со Министерството за одбрана. Премиерот Никола Груевски од ВМРО го предлага командантот Талат Џафери од УЧК за министер на македонската армија. Истата онаа армија против која Талат се бореше во 2001-та!!! Истата онаа армија чии војници Талат ги убиваше или даваше наредби да се убиваат – рече Ангелов.

Премиерот Груевски претходно ги повика пратениците да го поддржат неговиот избор.

- Сметам дека врз основа на нивното образование и досегашно работно и професионално искуство овие предлози за нови министри ќе можат успешно да ја спроведат програмата на Владата 2011-2015 година, а со тоа и успешно да ја извршуваат функцијата министри во Владата – рече Груевски и побара предлозите да бидат прифатени од пратениците.
http://www.libertas.mk/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty19/2/2013, 17:26

НЕ МЕ БОЛЕШЕ ТОЛКУ РАНАТА ОД СНАЈПЕРСКОТО ЗРНО ВО 2001-ВА, КОЛКУ ШТО МЕ БОЛАТ ВАКВИТЕ ПЕРВЕРЗИИ И ПОДИГРУВАЊА СО ДРЖАВАТА И АРМИЈАТА!

Генерал Стојанче Ангелов

Лидер на Достоинство

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница (18.02.2013), по предлог на Претседателот на Владата Никола Груевски гласаа позитивно за избор на командантот Форина од УЧК (досегашниот пратеник Талат Џафери) за министер за одбрана.

Во медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ имаше обид да се искриви вистината и врелиот костен да се префрли во рацете на министрите од Владата, дека токму од нив потекнува овој перверзен предлог, а не од Премиерот, па така во провладиниот интернет сајт “Курир“ можеше да се прочита дека Владата го предложила Талат Џафери за Министер за одбрана. Но тоа не е точно. Владата не предлага министри. Претседателот на Владата, Премиерот, лажниот вмровец, лажниот патриот и политичка кукавица Никола Груевски, лично го предлага Талат Џафери алијас командант Форина од УЧК, за министер кој ќе раководи со Министерството за одбрана.

Каква иронија. Каква перверзија!!! Премиерот Никола Груевски од ВМРО го предлага командантот Талат Џафери од УЧК за министер на македонската армија. Истата онаа армија против која Талат се бореше во 2001-та!!! Истата онаа армија чии војници Талат ги убиваше или даваше наредби да се убиваат!!!

Полека, споро, совладувајки го чувството на мачнина и нагонот на гадење, внимателно продолжив да го читам предлогот на Премиерот Никола Груевски. Одненадеж пред мене се појави славната биографија на командантот Форина. Читам и како нешто да ми недостасува. Во биографијата има една празнина, го нема делот од неговите “славни“ командантски денови од 2001 година. Дали на Талат му е непријатно од неговите дезертерски и командантски денови или Груевски го замолил да биде скромен???

Откако ја исчитав биографијата на Талат, по којзнае кој пат, почнав да го читам Кривичниот законик на Република Македонија. Читам и пресметувам. Ако законот доследно се применеше, односно ако Талат живееше во нормална држава во која се почитува законот (да си замислиме дека живее во САД) за делата кои ги има сторено би бил осуден на минимум 100 години строг затвор. А во нашата чудесна земја, волшебната Македонија, пратениците од Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократската Партија за Македонско Национално Единство, по предлог на “револуционерот“ Никола Груевски, кој е од истата таа Внатрешна Македонска Револуционерна Организација, истиот тој Талат го избрaa за министер за одбрана на државата која тој ја нападна пред 12 години со намера да отцепи дел од нејзината територија.

Каква перверзија... Вооружениот напаѓач, командантот Форина, отсега натаму ќе ја брани својата жртва... Оној што пред 12 години пукал или давал наредби да се пука по македонските војници од денес натаму најверојатно ќе командува со нив. Ќе им дава наредби да пукаат... Како човек кој гледал како соборци му гинат пред очи, едвај успевам да го контролирам својот бес и горчина од оваа постапка. Не ме болеше толку раната од снајперското зрно во 2001-ва, колку што ме болат ваквите перверзии и подигрувања со државата и армијата.

Еве кои се закони ги има прекршено новиот министер за одбрана:

Кривичен законик (Извадоци)

(пречистен текст)
(Сл.Весник на Р.Македонија бр.19 од 30.03.2004 година)

КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ДРЖАВАТА

Велепредавство
Член 305
Тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Загрозување на територијалната целина
Член 307
(1) Тој што со употреба на сила или сериозна закана со употреба на сила ќе се обиде да запоседне, да отцепи дел од територијата на Република Македонија или дел од таа територија да припои кон друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(2) Тој што со употреба на сила или сериозна закана со употреба на сила ќе се обиде да ги измени границите на Република Македонија, ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Вооружен бунт
Член 312
(1) Тој што учествува во вооружен бунт насочен кон загрозување на уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија, ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(2) Организаторот или поттикнувачот на бунтот, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Член 313
Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

Повикување на насилна промена на уставниот поредок
Член 318
Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија, јавно или со ширење списи повикува или поттикнува на непосредно извршување или го поддржува извршувањето на делата од членовите 307 до 317, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години. Еве кои се кривични дела ги има направено новиот министер за одбрана:

Служба во непријателска војска
Член 322
(1) Граѓанин на Република Македонија кој за време на војна или вооружен судир служи во непријателска војска или во други непријателски вооружени формации или учествува во војна или вооружен судир како борец против Република Македонија или нејзините сојузници, ќе се казни со затвор најмалку три години.
(2) Тој што врбува граѓанин на Република Македонија за служба во непријателска војска или во други непријателски вооружени формации или за учество во војна или вооружен судир против Република Македонија или нејзините сојузници, ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Здружување заради непријателска дејност
Член 324
(1) Тој што создава заговор, банда, група или друго здружение на лица или организација заради вршење на кривичните дела од членовите 305 до 311, 313, 314, 315, 321 и 322 став 2, ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(2) Тој што ќе стане припадник на здружението од став 1, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(3) Сторителот на делото од став 1 кој со откривање на здружението или на друг начин, ќе го спречи извршувањето на кривичните дела предвидени во став 1, ќе се казни со затвор од три месеци до три години, а може и да се ослободи од казната.
(4) Припадник на здружение од став 1 кој ќе го открие здружението пред да стори во негов состав или за него некое кривично дело предвидено во тој став, ќе се ослободи од казната.
(5) Предметите и средствата наменети за подготвување на делата, како и средствата за финансирање на здружението се одземаат.

Казнување за подготвување
Член 326
Тој што подготвува извршување на кривично дело (член 18 став 3) од членовите 309, 312, 313 и 314, ќе се казни со затвор од три до десет години.

Казнување за најтешките форми на кривични дела
Член 327
(1) Ако со кривичното дело од член 305, член 307 и од членовите 312 до 315 е предизвикана смрт на едно или повеќе лица или имотна штета од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.
(2) Ако при извршувањето на делото од став 1 сторителот со умисла лишил од живот едно или повеќе лица, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.
(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што ќе стори кривично дело од членовите 305, 306 и 307, од 312 до 316 и член 324 за време на војна или непосредна воена опасност.


КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ

Самоволно оддалечување и бегство од вооружените сили
Член 344
(3) Воено лице кое самоволно ќе ја напушти својата единица или служба за време на извршување на важна задача или зголемен степен на борбена готовност на единицата ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Народе Македонски, со какви идеи си ти, доста беше, разбуди се, свести се, не спи ти!!! Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, доста со ова лудило!!!

Нашиот иден министер за одбрана ги има извршено сите претходно набројани кривични дела или барем повеќето од нив. Но за неговите злодела тој беше амнестиран. И сега, малку му беше амнестија па сакал да биде пратеник. И стана пратеник. И повторно, малку му било да биде пратеник, сакал да биде министер. И ајде, нека му биде ќеифот, нека биде министер, но тој не сака да биде било каков министер туку сака да биде министер за одбрана... Што е многу, многу е... Дури и за нас трпеливите Македонци. Ваква перверзија, вакво изживување, вакво понижување, ваков садизам... Навистина, доста е!!!

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, вие сте директни учесници во ова лудило. Дозволивте понижување на македонските бранители. Дозволивте понижување на македонскиот народ. Дозволивте понижување на сите лојални граѓани на Република Македонија. Гласавте за избор на Талат Џафери за министер за одбрана. Зарем не гледате дека Талат ним, на ДУИ, на УЧК, не им е важен. Важно им е да се осветат за воениот пораз од 2001-та. Важно им е бидејки изгубија. Изгубија и тоа како. Изгубија со многу жртви. Бидејки воено не можеа, не можат и никогаш нема да можат да не поразат, се служат со вакви гнасни осветнички перверзии.

Користејки ги слабостите на лажните патриоти и политички кукавици кои ги има во ВМРО-ДПМНЕ, тие си поигруваат со сите нас. Но нивните моќни сојузници нема засекогаш да бидат со нив. Еден ден, еден убав ден и тие ќе кренат раце од нив. А тогаш... Тогаш ќе видат со кого си имаат работа. Тогаш ќе го почувствуваат нашиот гнев... Тогаш ќе се соочат со бесот македонски.

Стејт Департментот веќе испрати официјално писмено предупредување до албанското министерство за надворешни работи со повик Албанија да престане со подгревање на албанскиот национализам, националистичките изјави и провокации.
Но како да го толкуваме именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана ако не како директна порака и провокација? Ако веќе морало министер за одбрана да биде Албанец од ДУИ зарем тоа мораше да биде токму Талат Џафери, командантот Форина, непосредниот учесник во војната од 2001-та, екстремистот кој можеби е директно виновен за смртта на некој наш соборец, на некој наш брат???

Според член 20 од Законот за одбрана Талат Џафери откако ќе биде избран за министер за одбрана ќе подготвува стратегија за одбрана на Републиката, ќе врши процена на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката, ќе го организира и подготвува системот на одбраната и ќе предлага мерки за негов развој и усовршување, ќе подготвува план за одбрана на Републиката, ќе организира и ќе спроведува разузнавање и контраразузнавање за потребите во одбраната итн.

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, гласавте за амнестија на злосторници, гласавте за амнестија на ѕверови кои сега се шетаат на слобода, без страв од казна. До кога со вашето наведнување глава? Зошто не се разбуди човечкото во вас? Зошто не се разбуди патриотското во вас? Зошто не ја кренавте главата и не му кажавте “не“ на вашиот партиски претседател? Зошто гласавте дезертер од АРМ, командант од УЧК, убиец или соучесник во убиства на македонски војници, да стане министер на македонската армија, министер на оние војници по коишто пукал за да ги убие!!!

Еден ден и вашите деца, и вашите внуци ќе се срамат од вашите постапки.
Пред точно 100 години Македонија, токму поради неслогата и поделбите помеѓу Македонците, беше распарчена на 4 дела. Пред 12 години и оној дел од Македонија на кој ние Македонците успеавме да си создадеме своја суверена и независна држава, повторно поради неслога, за малку ќе беше поделен. Денес повторно на Македонија и се заканува опасност. А ние, Македонците, повторно сме поделени. Поделени како никогаш досега. Предавници и патриоти. ВМРОВЦИ и СДСМОВЦИ. Позиционери и опозиционери. Бугарофили и србомани. И што уште не. Доста беше. Доста беа делби. Барем за миг да ги закопаме воените секири. Барем за миг да заборавиме на дневната политика и да се обединиме. Да се обединиме врз македонската идеја. Да се обединиме за македонската кауза. Заедно да се спротивставиме на последното понижување кое сакаат да ни го нанесат албанските екстремисти.

Војната од 2001-та веќе со години е зад нас... Полека ја брише заборавот... Забораваат оние кои под превезот на удобниот и лесен живот им се препуштиле на земските задоволства. Забораваат и оние кои под спрегите на сиромаштијата мака мачат со секојдневието. 2001-та, сигурно најмногу сакаат да ја заборават оние со нечиста совест. Но дали треба да се заборави? Дали треба да се заборават загинатите, ранетите, психички трауматизираните борци и сите оние кои ја бранеа државата, ги бранеа и вашите домови и вашите деца. Дали треба да се заборави 2001-та, барем како историска ука и поука, оти тој што не почитува народно искуство и не влече историски поуки самиот се предодредил за преповторување на старите и правење нови и нови грешки. А некои сејачи на магла пак ќе ви речат, не гледајте во минатото, гледајте во иднината...

Јас како човек кој братски со моите соборци и пркосеше и и' гледаше на смртта во очи, одбивам да ги изневерам сите оние кои го дадоа животот и здравјето за Македонија. Одбивам да ја сведам нивната смрт и саможртва и храброст на рутина и обични бројки. Јас бев нивен командант, јас одговарав за нивните животи. Тие во мене гледаа со респект и доверба. Си го пазевме грбот, се спасувавме меѓусебно, никогаш нема да не скршат и да не купат и да не натераат да се изневериме и предадеме себеси за политички ситни интереси за пари и луксуз. За разлика од некои други кои само се удираат во гради и го лажат народот, ние покажавме на дело што е патриотизам и љубов кон татковината!

http://maktel.mk/index.php?kolunique=507

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 41 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 41 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 22 ... 40, 41, 42 ... 70 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: