|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 22/2/2013, 23:37 | |
| Колумна на Иван Стојчевски: Грујо каде си? Ете поминаа четири дена откако нашиот премиер го предложи поранешниот командант Форина на УЧК, сегашен пратеник од редовите на ДУИ, Талат Џафери за министер за одбрана. Предлогот без ниту еден глас против беше усвоен и ете веќе неколку дена командант Форина седи на министерската фотеља. Ниту еден глас против од Македонците кои седеа во параламентот. Сите беа согласни со предлогот на премиерот или сепак се работеше за страв од спротиставување? Ниту еден не кажа „Не“ на оваа толку срамна одлука, ниту еден не стана да го одбарани достоинството на македонскиот народ, ниту еден не се погрижи за чувствата на луѓето кои имаа по еден загинат од војната. Ниту еден не се извини, не се засрами, не се покаја. Зарем вака вие се грижите за својот народ, со газење, со понижување на оние кои некогаш гордо ја бране својата земја, ваква ли иднина и политика ни нудете? Илјадници критики, илијадници негодување, илјадници повредени срца, луѓето се бунтуваат, никој не се согласува со поставувањето на Талат за министер за одбрана, симпатизерите на вмро бараат објаснување, македонската дијсапора разочарана, македонскиот граѓанин згазен... Се поставуваат прашања, се бараа објаснување, а еве вас четири дена ве нема никаде да му објасните на народот зошто човекот кога некогаш пукашe по македонските синови сега е министер и тоа за одбрана. Наместо да сечите ленти, да градите катни гаражи, да ги бришете коментарите кои цело време ве потсетуваат на Талат, излезете пред народот и обајснете му дека го предадовте. Или немате сила, немате оправдување, туку само корист. Немаше ли друг Албанец, па мораше баш оној кој ги убиваше македонските деца? Не се срамите ли од себе си после ваквиот чин? Ги амнестиравте хашгите злосторници, не презедовте ништо кога македонските официри во униформи на АРМ се поклонија пред спомениот на ОНА во Слупчане, сега го назначивте комадант Форина за министер за одбрана, до кога? Дали почувствувавте барем малку грижа на совеста кога го гледавте Талат како чекори покрај нашите војници, како тие го поздравуваат човекот кој пред 11 години пукаше по нив? Не верувам дека сте почувствувале нешто бидејќи да беше така до сега ќе реагиравте. Каде сте сега да им се обратите на македонските воени инвалиди, каде сте да им објасните на луѓето чии синови, браќа, соседи, пријатели го дадоа животот за оваа држава? Каде сте на сирачињата од војната да им погледнете во очи? Го удривте македонскиот народот таму каде што најмногу го болеше. Докажавте дека повеќе ги вреднувате оние кои ја напаѓаат Македонија отколку оние кои ја бранат. Како воопшто можевте министерството за одбрана да го дадете на ДУИ, партија која настана од УЧК? Додека Законот за бранители само се провлекува со измени и измени, додека ги спорите правата на оние кои го ризикуваа животот за мирот на земјата, оној кои го премногу пати го прекрши законот, оној кој беше опасност за мирот, оној кој крена рака врз Македонија вие го ставате да не бране. Лисицата не ја брани кокошката, кучето не ја брани мачката, волокот не ги чува овците... Зарем вие не бевте патриоти? Зарем не сте овде поради народот, нели сте за народот? Вака ли? Со понижување, со газење, со предавство? Додека целиот народот вришти од болка, додека македонските срца плачат, сите до едно, вас ве нема, вие сечете ленти и се смеешкате. Му ја изгоре душата на Македонцеот.. ти вечна кукавице. http://sky.mk/index.php/makedonija/10214-kolumna-na-ivan-stojchevski-grujo-kade-si ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/2/2013, 18:33 | |
| Наместо да го славиме денот на Волците како што доликува ќе мора да протестираме. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/2/2013, 19:38 | |
| Ќе оди некој од Вас? ако има повеќе заинтересирани да се организираме. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/2/2013, 19:57 | |
| ИНСТИТУЦИОНАЛНО – КАРИЕРНИТЕ ПОЗИЦИИ И ПЕРСПЕКТИВИ НА ТЕРОРИСТИТЕ VS ЗАГРОЗУВАЊЕТО И ПОНИЖУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИТЕ БРАНИТЕЛИ \ Гоце Аризанкоски Претседател на Форумот за безбедност Поттикнат од општествено нелегитимното вклучување во државните институции во Република Македонија (уште многу оддамна) на реално „нерехабилитирани” сторители и/или поддржувачи на кривични дела против државата (тероризам и сродни кривични дела), а по повод нивното понатамашно назначување на челни „државни” позиции (во кое и да е министерство во земјава), не беше тешко да се „изготви” една компаративна анализа од која произлегуваат неподносливи констатации кои укажуваат на фактот дека во македонското општество и држава од поодамна е присутна состојба од областа на „политичката патологија и трауматологија”. Оваа политички-патолошка состојба произлегува и свој израз има во високата институционална позиционираност на дел од учесниците (терористите) и/или поддржувачите на терористичките напади со кои во 2001 год. беа загрозени независноста, територијалниот интегритет, суверенитетот и уставниот поредок на Република Македонија, наспроти неповолната позиционираност на припадниците на безбедносните сили (Бранителите) кои легално и легитимно учествуваа во антитерористичката одбрана на државата во таа „оловна” 2001 год. Најпрвин ќе ги изложам реалните општествени и државни заслуги и позиции на нас - Бранителите во антитерористичката одбрана на државата во 2001 год., како и криминалната позиција на сторителите на кривичните дела - тероризам и на други кривичните дела против државата, со кои беше загрозена Република Македонија во 2001 год., за да на крајот жалосно, но објективно ја осветлам „новата политички-патолошка и безбедносно-загрозувачка парадигма” во државата. Инаку, оваа „нездрава” парадигма изразена е во политички-насилно инсталираниот модел кој „ние, Бранителите и останатите – поинаквите од терористите” „треба” да го следиме и да го трпиме. Во „орвеловски” стил, овој модел би го опишал низ три „ненормални/нездрави”, но водечки и од аспект на поновата антропологија на македонската држава, политичко-безбедносно-„егзистенцијални” пароли (кои суштински егзистираат и истовремено продолжено загрозуваат и згрозуваат, но бидејќи би било „политички вулгарно”, истите не се споменуваат!): (1) „АПОЛОГЕТИКАТА И ПОФАЛБАТА НА ТЕРОРИЗМОТ И ДРУГИТЕ ОБЛИЦИ НА ПОЛИТИЧКО НАСИЛСТВО ОД ПОЗИЦИИ НА АЛБАНСКИ РАДИКАЛИЗАМ СЕ СУШТИНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ МИР!”; (2) „ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО НА ЖИВОТ И СЛОБОДА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НА ДРУГИТЕ НАРОДИ ВО МАКЕДОНИЈА ЗНАЧИ НУЖНО ПОЛИТИЧКО АДАПТИРАЊЕ НА ВЛАСТА СО ОПШТЕСТВЕНО НЕПРИФАТЛИВИТЕ, ПОЛИТИЧКИ-ПАТОЛОШКИТЕ И БЕЗБЕДНОСНО-ЗАГРОЗУВАЧКИТЕ АСПИРАЦИИ, ИНТЕРЕСИ И ПОСТАПКИ НА НОСИТЕЛИТЕ НА АЛБАНСКИОТ РАДИКАЛИЗАМ!”; и (3) „СОСТОЈБАТА НА ПОЛИТИЧКИ СТРАВ И ПОНИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НА ДРУГИТЕ НАРОДИ ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО И НА НЕЈЗИНИТЕ БРАНИТЕЛИ, ПРЕДИЗВИКАНА ОД НОСИТЕЛИТЕ НА АЛБАНСКИОТ РАДИКАЛИЗАМ, ГЕНЕРИРА И ЗНАЧИ ПОЛИТИЧКО-БЕЗБЕДНОСНА СТАБИЛНОСТ НА ДРЖАВАТА!”. „Од лудо, полудо”, но тоа е!; да се вратиме сега во нормалната (и „некогашна”) перцепција. Имено, патриотски мотивираното учество и стратешки придонес на нас - Бранителите во антитерористичката одбрана на државата во 2001 год. претставува еден од клучните моменти од поновата општествена (и конкретно, политичка и безбедносна) историја на Република Македонија. Со круцијалното учество на Бранителите во антитерористичката татковинска одбрана, се воспостави и одбрани загрозениот територијален интегритет и суверенитет на Република Македонија, со што се создадоа суштинските претпоставки за продолжување на опстојувањето и функционирањето на државата, како и за продолжување на нејзиниот политички, економски, социјален, безбедносен и културен развој. Но и по формално-правното демобилизирање на Бранителите откако „заврши” „оловната” 2001., истите и понатаму претставуваат структура што ја сочинуваат граѓани кои се активни, резервни или потенцијално активни припадници на безбедносни сили и кои, истовремено претставуваат клучен ресурс за безбедносните капацитети на Република Македонија и неформален елемент на нејзиниот безбедносен систем. Што е најзагрижувачки, заради понатамошното присуство на надворешно-внатрешните, етно-националистички и други извори на загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, несомнено и натаму Бранителите остануваат стратешки столб за нејзината одбрана. Но, како изминуваа годините по 2001., па до денес, освен што Бранителите поминуваат низ понижувачка голгота во неостварувањето на одредени заслужени социјални, образовни и други посебни права, ниеден Бранител не е назначен на висока државна функција во ниедно министерство или друг државен орган од областа на безбедноста, без разлика дали истите во текот на антитерористичкиот државен ангажман во 2001-та се наоѓале во активниот или резервниот состав на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Министерството за одбрана (МО). Со отсуството на високо институционално позиционирање на Бранителите, не само што остсуствува почит кон нивниот државен ангажман во антитерористичката татковинска одбрана во 2001-та, туку отсуствува и придонесот кој врз основа на нашето антитерористичко искуство од 2001 година можеме да го дадеме во стратешкото планирање, поставување и остварувањето на политиката на национална безбедност на Република Македонија, што воедно претставува и легитимна општествено-безбедносна и државна потреба. Од друга страна, како суштински и елементарен елемент на „новата политички-патолошка и безбедносно-загрозувачка парадигма” во државата, ги имаме сторителите (терористите) на кривичните дела - тероризам и на други кривичните дела против државата, со кои беше загрозена Република Македонија во 2001 год. Само според првичните (во 2001 год.), официјални (државни) институционални и статистички податоци кои се однесуваат на дел од масовните терористички напади во 2001 год. за извршени кривични дела против државата, пријавени се вкупно 111 полнолетни лица (додека „темната бројка” на кривичните дела против државата и нивните сторители е огромна). Од аспект на докажувањето дека во 2001-та Република Македонија беше нападната од тероризам, употреблив е податокот според кој од овие 111 лица, 36 се пријавени за кривичното дело (кд) „тероризам”, 1 лице е пријавено за кд „повикување на насилна промена на уставното уредување”, едно лице е пријавено за кд „предизвикување нацинална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост”, 15 лица се пријавени за кд „здружување заради непријателска дејност” (инаку ова кд скоро секогаш претходи на извршување на кд „тероризам”) и 25 лица се пријавени по основ - казнување заради „подготвување” (инаку сите наведени кривични дела против државата се политичко-мотивациски поврзани и суштински комплементарни со подготвувањето и изведувањето на масовните терористички напади од позиции на албански радикализам во 2001 год.). Сите овие кривични дела претставуваат еден од суштинските елементи на внатрешно-државната криза, кои меѓу другото, ја докажуваат и верификуваат тезата дека обликот на загрозување на Република Македонија во 2001 год. може единствено (во општа смисла) да се определи како тероризам, а со оглед на критериумите кои се однесуваат на распространетоста и бројноста на терористичките напади, како и врз основа на бројот на нивните сторители, но и врз основа на програмско-целната ориентација на албанската радикална кауза, истиот го дефинирам како масовен етнонационалистички тероризам. Ова го напоменувам од причина што многумина (не)релевантни домицилни и странски научници, експерти, политичари и новинари, (не)намерно, целокупниот „безбедносен комплекс” кој се однесува на вооружени и невооружени напади врз Република Македонија во 2001 год., како и на одбраната на државата од страна на Бранителите, го „дефинираат” како „вооружен конфликт” (што е прифатливо единствено при елементарна општо-општествена/социолошка дескрипција!), „војна” (што е неприфатливо, бидејќи војна се води помеѓу држави!), „воени операции” на терористите, наместо терористички напади (бидејќи воени операции изведуваат единствено организирани државни или супрадржавни воени сили), именувањето како „борци” на „ОНА”, наместо сторители на кд тероризам и други кд против државата (за статус на „борци” треба да се исполнат одредени критериуми од меѓународното воено право кои при „внатрешно” терористичко загрозување на уставниот поредок на една држава, како што е нашиот случај, не постојат!), именувањето (во кривично-правна смисла!) на организаторите на злосторничките здружувања (во рамките на терористичкта организација т.н. „ОНА”) како т.н. „команданти” (што е неприфатливо, бидејќи ова е пред сè воена и полициска категорија), па „одговорна команда”, „генералштаб”, „116-ти и ХХХ-ти бригади” на т.н. „ОНА” (демек, несовладлив „аскер” со се „Кина” заедно се „здале” во Македонија!) и слични (не)смислени политичко-патолошки фундирани глупости. Тоа е накусо, елементарната феноменолошка дескрипција на позициите и државниот антитерористички ангажман на нас Бранителите, како и на криминалната позиција на терористите и од нив практикуваниот масовен етнонационалистички тероризам. Откако веќе констатиравме кои се позициите на Бранителите и терористите, но и виктимогената и виктимолошка позиција на државата и нејзините елементи кои не се олицетворение само на власта (која и кога и да е!), туку и на македонското и друго население, државната територија и суверенитетот, да се вратам на „новата политички-патолошка и безбедносно-загрозувачка парадигма” во државата. Имено, оваа криминална позиција на „нерехабилитираните” терористи, најверојатно во комбинација со политичко-партиски и истовремено антидржавни договори, се разви во нелегитимна и национално штетна институционално-кариерна перспектива на овие терористи; на клучни и челни „државни” позиции, посебно во МВР и МО, се поставуваат „нерехабилитирани” терористи („талатовци – малатовци, куртовци и муртовци” и останати „воени парадери” [како што ги именуваат нивните соучесници (а не „соборци”!) од терористичката и т.н. „ОНА” и кои за истите велат дека како „нежни девојчиња пушка не фатиле”, но сепак соучествуле во организирањето на крвавите и кукавички терористички напади од безбедни дистанци и од водечки терористичко-хиеархиски позиции на – т.н. „команданти”!]). Но, политичката патологија во македонското општество и држава да биде уште поизразена и попогубна, кај овие терористи кои и покрај бараната и добиена милост од државата олицетворена во донесувањето на спорниот и нелегитимен т.н. Закон за амнестија (од 2002 год.) со кој се повреди и оневозможи целосното и доследно, правно и практично остварување на Уставот, отсуствува нивно покајување за сторените терористички злосторства (во крвавите случаи: „Вејце”, „Карпалак”, „Љубанци”, „Мавровски работници”, „Липковско Езеро“, „Исчезнатите цивили” „Водството на ОНА” „Танушевци”, „Рамно”, „Кодра Фура”, „Билјак”, „Арачиново”, „Брњарци”, „Лешок”, „Попова Шапка”, „Тетово”, „Теарце”, „Селце”, „Лавце”, „Гајре”, „Шипковица”, „Тетовско Кале”, „Куманово”, „Алашевци”, „Ваксинце”, „Слупчане”, „Т.Ц. Мавровка”, „Македонско-албанска граница”; како и терористичкото загрозување на македонското културно наследство: црквата „Св. Никола” [Тетовско], црквата „Св. Атанасиј” [Тетовско Кале], црквата „Св. Јован” [с. Режановце, Кумановско], црквата „Св. Атанасиј” - „Лешочкиот манастир” [с. Лешок, Тетовоско], манастирската црква „Св. Богородица” [с. Матејче] и други споменици на културата). Освен што (кај дел од терористите) отсуствува покајување за сторените терористички злосторства во кои загинаа најмалку 63., а физички повредени беа најмалку 269 Бранители, а од терористичките напади и киднапирања загинаа и над 20 цивили, а стотина беа ранети и повредени, терористите и нивните помагачи (макар дел од нив ги именувале и како т.н. „команданти”) се уште се „гордеат” на нивната крвава терористичка и друга противуставна активност. Сето тоа, веќе од поодамна, но со кулминирање во актуелниов момент, е верификувано од страна на конкретни политички елити со назначување на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции. Имено, се случи и се случува нелегитимна, нездрава и „проширена” амнестија. Ако амнестијата (во кривично-правна смисла) значи: ослободување од гонење, запирање на кривичните постапки, потполно ослободување од издржување на казната затвор, бришење на осудата и укинување на правните последици од осудата, оваа нездрава „проширена” аманестија значи и срамно и понижувачко (за државата, Бранителите и останатите нејзини граѓани) назначување на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции. Истата, нездрава до болка, „проширена” амнестија значи и „апологетика и пофалба на тероризмот и другите облици на политичко насилство од позиции на албански радикализам”, која кога би отсуствувала, веројатно ќе предизвика политичко-безбедносна дестабилизација на државата, но и дестабилизација, трансформација, па дури и исчезнување на одредени „политички сојузи/коалиции”. Оваа евентуална дестабилизација на државата од позиции на албански радкализам, веројатно би била организирана во комбинација со комплементарниот српски радикализам чии носители (и нивните [псевдо]разузнавачки структури), веројатно (и можеби се уште) ги држат на „соработничко-агентурна узда” „водечките елементи” на албанската радикална кауза (доволен аргумент за наведеното би била евентуалната веродостојност на јавно објавените соработнички досиеа за „Ибар”, „Вујко”, „Мама” и „Стрелац”, но можеби и некое веродостојно соработничко досие за некој „капетан прве класе до 23. 06. 2001.”). Но, за тоа „другпат” (sapienti sat!). Сега останува најтешкото за изложување и поднесување - што значи и кон каде води ова назначување на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции и оваа „нова политички-патолошка и безбедносно-загрозувачка парадигма” во државата!? Имено, веројатните и погубни последици по Република Македонија, и конкретно, по нејзиниот „рбет” – нејзиниот безбедносен систем и по нејзината историска перспектива и егзистенција, од опстојувањето и одржувањето на оваа нездрава парадигма се следни: (1) Со назначување на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции ќе отсуствува доследна кривично-правна заштита на државата, така да сите поранешни, сегашни и идни сторители на кривични дела против која и да е општествена и уставно гарантирана вредност (сторители на ситни и тешки кражби, разбојнички кражби и разбојништва, како и на сите останати инкриминирани поведенија), легитимно можат да се повикуваат на преседанот кој се однесува на амнестирањето, вреднувањето и назначувањето на сторителите на кривични дела против државата во 2001 год. на клучни и челни „државни” позициии. Во контекст на наведеното би напоменал дека од криминалистичко-психолошки научен аспект, оправдана е констатацијата дека еден сторител на кривични дела против државата, конкретно, на тероризам и на други насилни и крвави, политички мотивирани кривични дела, не е ништо – помалку опасен од еден ситен криминалец – сторител на ситни имотни деликти (ситни кражби и сл.) со мотив да обезбеди противправна имотна корист за да ги нахрани своите деца со што ќе им го спаси животот,а истиот е стигматизиран и чесно ја одлежува пресудената казна затвор, и при тоа, по реалното рехабилитирање не е вработен! Во оваа прилика ги повикувам Бранителите да останат доследни на автохтоната/самобитната бранителска кауза, која меѓу другото, подразбира и неподржување на отстапки од процесуирање на сите можни случаи на поединечни воени (терористички) злосторства (меѓу нив и т.н. „Хашки случаи”), на тешки повреди на хуманитарното право и на сите други кривични дела поврзани со подготвувањето и изведувањето на терористичките напади со кои се загрози уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија во 2001 година, и неподржување на отсуство на строга примена на начелата на индивидуална одговорност и вина за терористите. (2) Со назначување на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции, негативно ќе се влијае на одржувањето и зачувувањето на патриотскиот морал, честа, угледот и достоинството на Бранителите, кои етички елементи произлегуваат од нивното патриотски мотивирано учество и стратешки придонес во антитерористичката одбрана на државата во 2001 година. (3) Со назначување на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции се поништува легитимната фундираност која е нормирана врз повеќе прописи и ратификувани меѓународни договори за уредување и придржување кон нормите со кои се уредува: класификацијата на разузнавачките и другите безбедносни информации; условите, критериумите, мерките и активностите што се преземаат за нивната заштита; правата, обврските и одговорностите на создавачите и корисниците на класифицирани (разузнавачки и други безбедносни) информации; нивната меѓународна размена; како и другите прашања во врска со користењето на класифицираните (разузнавачки и други безбедносни) информации. Врз основа на оваа „ нездрава безбедносна несреќа и невоља”, ги охрабрувам сите оние поединци на кои не им се издадени, а ги исполнуваат критериуми за соодветни безбедносни сертификати, да не се разочаруваат, туку да се вклучат во правно дозволена, активна и ненасилна „борба” и постапка за остварување на своето право и обврска да поседуваат соодветен безбедносен сертификат послужувајќи се и повикувајќи се и на нелегитимно издадените безбедносни сертификати на „нерехабилитираните” терористи кои се назначени на клучни, челни и други државни позиции („талатовци-малатовци”, „Мами”, „Стрелац-и” и останатите терористи и можеби активни „сарадници” на можеби некои „комшиски обавештајни предузеќа”). (4) Ако се има предвид константата во противуставното дејствување од позиции на албански радикализам – одредени државни функционери да формираат терористички организации (како на пример, некогашната т.н. „Паравојска”) кои делуваат врз албанско-радикална политичка платформа, тогаш веројатно е да се очекува дека со оваа практика на нелигитимно и безбедносно-загрозувачко назначување на терористи за министри, а и нивно назначување и на други високи и раководни позиции во државните органи од областа на безбедноста, ќе се доведе во прашање заштитата на опстојувањето на Република Македонија во нејзините државни граници во конкретна историска ситуација која би одела во прилог на реализирање на големонационалниот проект „Голема/Природна Албанија”, но и на можеби друг големонационален проект, како замена за (се уште) неостварените проекти за европска и евроатланска интеграција на сите држави на Балканот. Како аргумент за наведеното, во кратки црти ќе се навратам на т.н. „Штаб за национална одбрана на вооружените сили на Албанците” или низ народот познат како случајот со т.н. „Паравојска” чие формирање се одвивало во првата половина на октомври во 1991 год., а која беше успешно разбиена од страна на македонските безбедносни служби во ноември 1993 год., и кога високата позиционираност на одредени нејзини припадници во Министерството за одбрана овозможуваше терористичка злоупотреба на тајните (класифицирани) информации кои се означени со степенот на државна тајна. Имено, во оваа терористичка организација, како т.н. „командант” на т.н. „баталјон” за Чаир на т.н. „Паравојска”, меѓу другите, беше вклучен и Хусеин Хаскај, тогаш вработен во Министерството за одбрана како референт за оперативно-наставна работа во Општинскиот штаб за територијална одбрана во опшината „Чаир”. Со противуставна дејност Хусеин Хаскај продолжи да се бави и по месец јули 1993 год., кога како член на Партијата за демократски просперитет беше поставен за помошник министер во македонското Министерството за одбрана. Овој терорист, злоупотребувајќи ја својата висока функција, собрал тајни (класифицирани) податоци за 1300 воени обврзници за т.н. „баталјон” во Чаир (инаку ги користел и податоците од нелегалниот попис што претходно беше организиран за албанското малцинство), направил прегледи со основните податоци (име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, чин во Армијата на Република Македонија[АРМ]) врз основа на што биле изготвувани списоци на обврзници за терористичките формации, кои списоци преку курир биле испраќани до т.н. „Штаб” на т.н. „Паравојската” во Гостивар. Друг вид на противуставна и терористичка злоупотреба на институционална позиционираност во АРМ, а во врска со т.н. „Паравојска” била извршена кон крајот на 1992 год. кога бил изготвен т.н. „Правилник” за т.н. „Систем за национална одбрана” во кој биле опфатени само Албанци, меѓу нив и припадници на АРМ, и тоа официрскиот кадар (нека се препознаат самите ако се уште се во нашата Армија), кои до одреден момент требало да дејствуваат во илегалност, а по вооружените конфликти со македонските безбедносни сили (АРМ и МВР) би преземале иницијатива за формирање на т.н. Влада и други институции (инаку, водечка улога во изготвувањето на овој терористички документ имал Хасан Агуши кој имал завршено Воена академија во некогашна СФРЈ). Инаку Паравојската вршела и организирање и подготвување за терористичка мобилизација со цел терористичко дејствување од позиции на албански радикализам. Имено, во февруари 1992 год., Хусеин Хаскај го ажурирал т.н. „План за мобилизација”, со определување на собирните места, врски, време и крај на терористичката мобилизација, која инаку ја планирал за 9 часа. Вака планираното време на терористичката мобилизација било врз основа на достапноста на тајните (класифицирани) информации кои му ги овозможувала неговата позиционираност во македонското Министерство за одбрана, со оглед на неговата висока функција. Имено, овој терорист поседувал информација дека нашата тогашна 14-та пешадиска бригада на АРМ имала предвидено време на мобилизација од 12 до 14 часа, со што би се овозможил терористички напад и евентуално разбивање на споменатата единица на АРМ. Истиот поседувал информации и за составот, разместеноста, вооружувањето и моралот на македонските безбедносни сили (АРМ и МВР). Имено, кон крајот на 1992 год. и почетокот на 1993 год. за потребите на т.н. „Паравојска” бил формиран т.н. курирско-известителен центар. Со посебни терористички документи бил одреден илегалниот курирски пат и мртвата јавка (инаку, истата се наоѓала во чајџилницата „Беса” во Гостивар), се до крајната адреса во село Чегране, каде бил сместен т.н. „Штаб” на т.н. „Паравојска”. Во терористичкиот документ т.н. „Извештај од изворот 222” (бр. 05-93 од 29.05.1993 год.) каде под точката „Информативна анализа за непријателот” се презентирани податоци за касарната на нашата армија во Тетово со податоци и за распоредот на нашите воени формации, како и за бројната состојба и националниот состав на командниот кадар. Меѓу другото, во овој терористички документ е наведено следното: „...има еден баталјон пешадија (ЈУ-модел), командантот на баталјонот е од нашиот реон од село Доброште, Македонец. Една-две батерии на артилерија. Оваа единица дава стража на границата, Јажинце-Глобочица. Исто така, 20 војници се дислоцирани во село Старосело и се сместени во училиштето...Во нашиот реон има уште една полициска станица во село Теарце, која дава погранична патрола, вооружена е со автоматски пушки...”. Понатаму, во овој терористички документ се даваат податоци и за полициските објекти и сили на овој реон, како и за економските објекти од поголемо значење и мерките за безбедност што во нив се преземаат, при што се дава оценка за учество на Македонците и Албанците во раководниот кадар и при тоа се констатира дека „албанските кадри се оставени надвор, на маргините”. Интересно е да се спомене дека Хусеин Хаскај, злоупотребувајќи ја својата позиција во македонското Министерство за одбрана изготвил посебен терористички материјал т.н. „Проценка на непријателот” (заведена под бр. ТО 8-3 од 30.03.1993 год.) во кој го анализирал моралот, организираноста и вооружувањето на АРМ и МВР . Инаку, Хусеин Хаскај до ”„Штабот” на т.н. „Паравојска” во Гостивар доставил и посебно барање (бр. Со 7-0 од 06.07.1993 год.), врз основа на неговата терористичка анализа за опасноста од „непријателот”, за формирање на уште еден терористички организациски елемент за село Љуботен (Скопско) со потребните т.н. воено-технички средства. Инаку, по разбивањето на оваа кукавичка терористичка структура и прекинувањето на нејзиното противуставно делување од позиции на албански радикализам што се случи во ноември 1993 год., по седум и пол месечно судење кое завши на 27 јуни 1994 год., тогашниот Општински суд II во Скопје за сторено кривични дело „Здружување заради непријателска дејност”, ги осуди на казна затвор од пет до осум години следните десет припадници на оваа терористичка организација: Митхат Емини и Хасан Агуши на осум години, Ресми Ејупи, Селам Елмази и Реџепи Шинаси на седум, Хусеин Хаскај (овој од типот на „талатовци - малатовци”!), Акиф Демири и Абдулселим Арслан на шест и Бурим Муртезани и Еуген Цами на пет години затвор. Во понатамошниот период, Окружниот суд во Скопје, постапувајќи по жалба на осудените терористи, на 24-25 јануари 1995 год. донесе пресуда со која се потврди пресудата на Општинскиот суд II, а ја преиначи во делот што се однесува на казните, односно на сите им беа намалени за две години. Подоцна, со Решение на Претседателот на Република Македонија (август 1995 год.), Митхат Емини и Хасан Агуши се помилувани и ослободени од натамошно издржување на казната, додека другите осум лица се условно ослободени со решенија на Комисијата за условен отпуст (јуни, 1995). Од овие судски процеси може да се забележи за какви кукавици и кодоши станува збор кога различни структури (вклучувајќи ги и нив) во тоа време кукавички молеа за нивна милост од државата. Врз основа на констатацијата за ненаучената лекција од страна на одредени политички елити за противуставното делување од позиции на албански радикализам на високи дравни функционери во македонските МВР и МО за време на извршувањето на нивната државна функција, останува да повикам на правно основано непочитување на наредбите на „некогашните” терористи, а сега и понатаму овластени наредбодавачи, и на поведување на постапка за утврдување на кривична и дисциплинска постапка на сите (од поодамна, па досега!) одговорни и надлежни за предизвикувањето на оваа безбедносно резична ситуација. (5) И конечно, бегањето, односно неисполнување на правната и моралната обврска за утврдување на фактите за сторените терористички напади и други тешки кривични дела против државата во 2001 год. со кои се извршија тешки повреди на човековите права, со што беа загрозени и националната безбедност и уставниот поредок на Република Македонија, во комбинација со назначувањето на сторители или подржувачи на тие кривични дела на челни „државни” позиции, претставува обид за формирање на трајно штетна историска лага/невистина врз основа на која (ќе) се инсталира нова општествено штетна парадигма и неверодостоен дискурс за „2001-та”. Последиците од овие искривени општествени конструкции и од (не)свесната апологетика на тероризмот, терористите и сите антидржавни постапки од позиции на албански радикализам, не претставуваат последици само од областа на загрозување на оптималното ниво на политички морал на македонската политичка сцена (како директна последица на евентуални политичко-партиски договори), туку врз овие „нови” и искривени општествени конструкции ќе се пишува „лажната историја” на македонската држава, на македонскиот народ и на останатите етнички заедници во Република Македонија, како и „лажната историја” за татковинската антитерористичка одбрана од 2001-та со што, меѓу другото, ќе се пасивизира и минимизира стратешкиот придонес на Бранителите во опстојувањето на државата, за сметка на верификувањето, а со тоа и на вреднувањето на терористичкиот ангажман на поединци и политички, квазипартиски и други субјекти во 2001 год. Ако се земат предвид сите овие погубни последици кои (ќе) произлегуваат од опстојувањето на оваа „нова политички-патолошка и безбедносно-загрозувачка парадигма” која, меѓу другото, ја одржува и практиката на нелигитимно и безбедносно-загрозувачко назначување на терористите за министри, а и на други високи и раководни позиции во државните органи од областа на безбедноста, останува само ДА ПОВИКАМ НА МИРНИ И ПРАВНО ДОЗВОЛЕНИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ НАЗНАЧУВАЊЕТО НА ТЕРОРИСТИТЕ НА КЛУЧНИ И ЧЕЛНИ ДРЖАВНИ ПОЗИЦИИ ВО ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТА. ОВИЕ ПРОТЕСТИ НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ САМО ПАСИВНО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО И ДВИЖЕЊЕ НА ОДРЕДЕН ПРОСТОР, ТУКУ АКТИВНО ПОРАЧУВАЊЕ ДЕКА ВЕЌЕ ДОСТА Е, И ДЕКА СИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ПОЧИТУВААТ НАРЕДБИ НА ТЕРОРИСТИТЕ И ДЕКА ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ВО АКТИВНО И ПРАВНО ДОЗВОЛЕНО ДЕИНСТАЛИРАЊЕ НА СИТЕ ТЕРОРИСТИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ КОИ СЕ ИНСТАЛИРАНИ ВО СИСТЕМОТ НА РАКОВОДЕЊЕ И КОМАНДУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. http://maktel.mk/index.php?kolunique=534 ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/2/2013, 20:07 | |
| КОЛУМНА - НИКОЛА ГРУЕВСКИДенешниот ден е учител на утрешниотДали премиерот и пратениците на СДСМ вака ладнокрвно ќе го поставеа Шаќири на една од највисоките државни функции, ако меѓу осумте искасапени припадници на единицата "Волци" во Вејце или меѓу убиените во Карпалак беше нивни брат или син? Во 2001 година Република Македонија беше нападната од страната на границата со протекторатот Косово, а нападите беа манифестирани со напади и убиства на војници и полицајци, со протерувања на македонските жители од селата, нивно малтретирање, палење на куќите и со заземање територија. Нешто подоцна од Парламентот исчезна пратеникот Хисни Шаќири, за да разбереме подоцна, и тој самиот го потврди тоа, дека е во првите борбени редови на т.н. ОНА, од каде што ги повика Албанците од Македонија да му се придружат во борбата. Многумина го поддржаа и му се придружија во остварувањето на политичката цел која ја имаа зад себе, употребувајќи оружје и убивајќи "легитимни цели" како што тие ги нарекуваа македонските војници и полицајци, кои недолжни и млади ги загубија животите, ги оставија своите деца и своите семејства. Две години подоцна, во изборната кампања премиерот категорично и многу убедливо (а за тоа го бива) зборуваше во медиумите и кампањите дека тој по ниедна цена нема да дозволи луѓето кои ги окрвавиле рацете да дојдат на клучни позиции во државата. НАРОДОТ МУ ВЕРУВАШЕ. Една година подоцна ветувањето веќе не важи. Првично, на почетокот на неговиот мандат во ноември 2002 година, СДСМ се спротивстави на идејата Хисни Шаќири да биде потпретседател на парламентот. Аргументите беа ветеното на народот и моралниот аспект. Само една година подоцна, премиерот со поддршка на истите пратеници на СДСМ и на централното раководство, без двоумење го поставува Шаќири на оваа позиција, сметајќи на амнезијата на граѓаните на Република Македонија, а во функција на задржување на власта и купување гласови од ДУИ за следните парламентарни избори. Премиерот не даде објаснување за ова. Ќе чека првин граѓаните да се навикнат на "наградениот". Се сеќавам на многубројните трагични написи во македонските весници за загинатите лица, кои ги убиваше екипата или таборот на новиот потпретседател на македонското собрание. Се сеќавам на раскажаните трагични приказни за убиениот во Љубанци, Томе Димовски (37). Тој ги остави во тага неговите родители, сопругата и најмногу ќеркичката Ивана која секој ден оди на училиште и кога се враќа од него, чека автобус на сретсело, каде што е споменикот на загинатите војници. Секој ден го гали името на татка си и очекува дека студениот травертин ќе и пренесе некоја топла, недоречена порака. Без своите татковци останаа и Даниел, Дејвид, Викторија, Андријана, Ивана,Теодор, Ненад, Дејан, Филип, Елена, Благоја, Стојмен, Ивица, Ирена, Марица, Христијан, Александар, Симона, Иван и уште стотина други деца. Многу од нив, со својата детска фантазија, се уште мислат дека нивните татковци ќе се вратат. Свежи се сеќавањата на насловот на еден весник, во кој дете на еден загинат борец вели:"Дедо Боже, пушти го тато, само да го видам". Фамилиите на загинатите се уште се во транс од она што го правеше новата ѕвезда на коалицијата. Родителите на загинатите полицајци и војници се уште се завиени во црно. Вкупно 65 македонски бранители недолжни загинаа во конфликтот, од пушките и мините на терористите, за кои премиерот не убедуваше дека нема да ги награди со највисоки државнички функции. Најмалку трипати повеќе останаа инвалиди и денес фрустрирано гледаат телевизиски пренос од седниците на Парламентот, каде што оној што пукаше во нив е на челната позиција. Во основа, ние христијаните знаеме да простуваме и ако нема прошка животот не може да оди напред. Така и дојде амнестијата. Стотици случаи во историјата кажуваат за помирување и соработка меѓу непријатели, кои претходно не избирале средства во меѓусебната борба. Но, ова е нешто многу повеќе од прошка и амнестија. Дали треба директните учесници во војната, тие кои веќе добија амнестија, сега и да бидат наградени? За што ги наградуваме? За што го наградуваме Шаќири, а по тој принцип и многу други? Заради што сите пратеници на СДСМ гласаа за негово назначување за потпретседател на собранието? За тоа што повикувајќи во борба и убиства не нарече "варварски агресор"? За да поттикнеме други генерации на радикални структури да тргнат по истиот пат? Кому денешното назначување на Шаќири ќе му биде пример за успех и вистински пат во иднина? Зошто не можеше некој друг пратеник-Албанец да биде потпретседател на Парламентот? Дали можеби сето ова е за да некој остане на власт? Многумина од пратениците на СДСМ во неформален разговор велат "мораше така". НЕ, НЕ МОРАШЕ. Тоа е ваш личен избор. Се прашувам како родителите на децата на бранителите на земјата ќе им објаснат дека нивниот татко загинал во одбрана на земјата, ако оние против кои се борел, односно од кои ја бранел државата, премиерот на државата и СДСМ, како владејачка партија, ги поставува на клучни државнички позиции? Како ли сега се чувствуваат родителите на загинатите кога го гледаат новиот потпретседател на македонското собрание.Тие се живи, нивната болка е бескрајна. Која е пораката што ја испраќаме на следните генерации за тоа како најбрзо да се стигне до позиција до која стигна "нашиот јунак", и вреди ли некој во некоја нова евентуална криза да го ризикува животот за Македонија? Името на Хисни Шаќири (познат како командант Даја) до неодамна беше (можеби се уште е) на црната листа на претседателот на САД Џорџ Буш. Шаќири важи за одличен пријател и соборец со Џавид Асани, кој ја презеде одговорноста за нападите кај Карпалак (10 загинати припадници на АРМ) и Љуботенските бачила (8 загинати припадници на АРМ) во август 2001година, како и на т.н. командант Гури, командант Хоџа и други терористи од кумановскиот регион. На 3 мај 2001 година преку Би-би-си и Си-ен-ен (пренесено и во нашите електронски медиуми) тој јавно ја изложи неговата идеја и заложба за "Голема Албанија", повикувајќи ги сите пратеници-Албанци и неговата И.Е. да се приклучат во борбата, кажувајќи дека од тој ден и самиот се приклучува во првите борбени редови на т.н.ОНА. На истиот ден во терористички напад беа убиени двајца припадници на АРМ. Против него, пред амнестијата, се водеше кривична постапка пред Основниот суд во Скопје за К.Д. Вооружен бунт според член 312 од КЗ на Р. Македонија. Ова е директен сигнал за сите радикални групации, како најбрзо да се дојде до висока и почесна функција во државата. Се прашувам дали премиерот и пратениците на СДСМ вака ладнокрвно ќе го поставеа Шаќири на една од највисоките државни функции, ако меѓу осумте искасапени припадници на единицата "Волци" во Вејце, или меѓу убиените во Карпалак беше некој нивни брат или син? Не е во прашање само ветувањето на премиерот дека нема да дозволи оние кои ги извалкале рацете со крв да се најдат на клучни државнички позиции. Неговите ветувања се веќе "прочитана работа" кај народот по една година владеење, која по ништо сериозно не се разликува од другите 6-7 години во кои тој беше премиер, ветуваше и работеше. Ветувањата се видоа и во економијата и невработеноста, и кај реваншистичките отпуштања од работа, и кај реформите, правата на загубарите, помошта на земјоделците, безбедноста и многу други нешта. Во прашање е моралната димензија на ситуацијата, елементарната почит кон семејствата на настраданите и на инвалидите од војната и пораката за иднината, за новите радикали кои ќе се појавуваат во иднина и ќе учат од денешните настани. Денешниот ден е учител на утрешниот. Помина насила создадениот див универзитет во селото Мала Речица, а на повидок се поминувањата и на законот за територијална поделба (пак под притисок), законот за државјанства и којзнае уште што не, по принцип, што не ветува релаксирање на состојбите. Неизвесно е уште колку награди кои немаат врска со рамковниот договор, ќе му додели СДСМ на својот коалициски партнер за да се добијат следните претседателски избори и да се задржи власта. Македонија се стреми кон затворање на раните од конфликтот, изградба на стабилна, правна и побогата држава, која брзо треба да се подготви за приклучување кон ЕУ и НАТО. Отворањето на старите рани, со назначување на клучни позиции на поранешни докажани терористи, сликани во воена униформа на ОНА, луѓе кои отворено повикуваа на оружена борба заради политички цели, луѓе зад кои стојат многу злосторства за кои веќе се амнестирани, нема да го забрза стабилизацискиот и развојниот процес во Македонија. ДНЕВНИК ------- Леле еј... не е можно.. каков бескичмењак! | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/2/2013, 22:22 | |
| Еве ја листата на гласање за командант Форина да стане министер за одбрана.
0001; ТРПКОВСКИ СТЕФЧЕ.........; 0001; За 0002; ПОПОВСКА ЛИЛЈАНА.........; 0009; Не гласал 0003; ЃОРЃИЕВСКИ ВЕЛЕ..........; 0001; За 0004; СТОЈМЕНОВ БОРИСЛАВ.......; 0010; Не е присутен 0005; ЈАКИМОВСКА СВЕТЛАНА......; 0001; За 0006; АНОВА СУЗАНА.............; 0001; За 0007; НАСТЕСКИ ДРАГАН..........; 0001; За 0008; НИКОЛИЌ-МАЗНЕВА КОСАНА...; 0001; За 0009; СТАНКОВИЌ МАЛИША.........; 0007; За 0010; МУМИНОВИЌ РАФЕТ..........; 0003; За 0011; САЛИУ СУЗАНА.............; 0003; За 0012; ФАЗЛИУ БЕКИМ.............; 0004; Не гласал 0013; ШЕКЕРИНСКА РАДМИЛА.......; 0002; Не е присутен 0014; ПЕТКОВСКИ ТИТО...........; 0005; Не е присутен 0015; ГЕОРГИЕВ ГОРДАН..........; 0002; Не е присутен 0016; САВОВА-САЛКОВСКА НАТАША..; 0002; Не е присутен 0017; ИВАНОВСКИ ИГОР...........; 0002; Не е присутен 0018; БИШЕВАЦ САФЕТ............; 0011; Не е присутен 0019; ВЕЛИЧКОВСКИ ИВОН.........; 0012; Не е присутен 0020; ТОМИЌ ТАЊА...............; 0002; Не е присутен 0021; МАЏОВСКИ ДИМЕ............; 0001; За 0022; ВЕЉАНОСКИ ТРАЈКО.........; 0001; За 0023; ПАЧКОВ ЈОРДАН............; 0001; За 0024; СТОИЛКОВИЌ ИВАН..........; 0013; За 0025; БАЈРАМ АМДИ..............; 0014; За 0026; АВИРОВИЌ ВЛАДАНКА........; 0007; За 0027; СПАСЕНОВСКИ АЛЕКСАНДАР...; 0001; За 0028; БЛАГОРОДНА ДУЛИЌ.........; 0001; За 0029; ПЕПИЌ АВДИЈА.............; 0015; За 0030; МЕХМЕТИ ЕРМИРА...........; 0003; За 0031; ИСМАИЛИ РЕЏАИЉ...........; 0003; За 0032; МИСИНИ ХАЈРУЛА...........; 0003; За 0033; ИБРАИМИ ОРХАН............; 0004; Не гласал 0034; ПАВЛОВСКА-ДАНЕВА АНА.....; 0002; Не е присутен 0035; СПАСОВСКИ ОЛИВЕР.........; 0002; Не е присутен 0036; МИНЧЕВ ГОРАН.............; 0002; Не е присутен 0037; МИРАКОВСКА СОЊА..........; 0005; Не е присутен 0038; СТОЈАНОВСКИ БЛАГОЈА......; 0002; Не е присутен 0039; ИБРАИМОСКИ САМКА.........; 0016; Не е присутен 0040; МИЛЕТИЌ ДРАГИША..........; 0017; Не е присутен 0041; ЃОРЧЕВ ВЛАДИМИР..........; 0001; За 0042; РАШКОВСКА МАРИЈА.........; 0001; За 0043; ТАНЧЕВА-ТУЛИЕВА НАДИЦА...; 0001; За 0044; ТРАЈАНОВСКИ ТОНИ.........; 0001; За 0045; ДИМОВСКИ ИЛИЈА...........; 0001; За 0046; СТАНЧЕВСКА НАДА..........; 0001; За 0047; ДИМКОВ ТРАЈЧО............; 0001; За 0048; КУЗМАНОВСКА БЕТИ.........; 0001; За 0049; ПАШОВСКИ ВАСКО...........; 0001; За 0050; ПАЧЕМСКИ МИЛЕ............; 0001; За 0051; ПАВЛОВА ЕЛЕНА............; 0001; За 0052; КОЏАБАШИЕВ ЃОРЃИ.........; 0001; За 0053; АНАСТАСОВА СТАНКА........; 0002; Не е присутен 0054; НИКОЛОВ МАРЈАНЧО.........; 0002; Не е присутен 0055; ТУШЕВА МАРИНЕЛА..........; 0002; Не е присутен 0056; СТАНКОВИЌ ЕМИЛИЈАН.......; 0002; Не е присутен 0057; МИСОВСКИ ГОРАН...........; 0005; Не е присутен 0058; КАЗАНЏИСКА БИЛЈАНА.......; 0002; Не е присутен 0059; АНДОНОВ МИЛЕ.............; 0002; Не е присутен 0060; АНГЕЛОВ ГОЛУПЧО..........; 0002; Не е присутен 0061; ПИШЕВ ВАСИЛ..............; 0001; Не гласал 0062; ЛАШКОСКА АНЕ.............; 0001; За 0063; БОНЕВА СИЛВАНА...........; 0001; За 0064; ТРАЈАНОВ ПАВЛЕ...........; 0018; За 0065; ГОШЕВ СЛАВЕ..............; 0001; За 0066; ПЕМОВА ВЕСНА.............; 0001; За 0067; ЦУКЛЕВ ДРАГАН............; 0001; За 0068; СТЕВАНАНЏИЈА ДИМИТАР.....; 0001; За 0069; ЦИПУШЕВА НАДА............; 0001; За 0070; ТРЕНОВ РОМЕО.............; 0001; За 0071; АПОСТОЛОВ ВАНЧО..........; 0001; За 0072; СТАВРОВ БОРЧЕ............; 0002; Не е присутен 0073; ПЕТРОВ АНДРЕЈ............; 0002; Не е присутен 0074; НИКОЛОВСКА ЛЕНЧЕ.........; 0006; Не е присутен 0075; ОРЦЕВ ПАНЧЕ..............; 0002; Не е присутен 0076; СУГАРЕСКИ ГОРАН..........; 0002; Не е присутен 0077; ИВАНОВА ЦВЕТАНКА.........; 0002; Не е присутен 0078; МАРАЧКОВ САВЕ............; 0002; Не е присутен 0079; МАЗГАЛОСКА-ВУЧЕТИЌ СВЕТЛА; 0002; Не е присутен 0080; АЦЕВСКИ НИКОЛЧЕ..........; 0005; Не е присутен 0081; МИЛОШОСКИ АНТОНИЈО.......; 0001; За 0082; МИЦЕВСКИ ВАСКО...........; 0001; За 0083; ЗАТУРОСКА ЛИЛЈАНА........; 0001; За 0084; НИКОЛОСКИ АЛЕКСАНДАР.....; 0001; За 0085; КИТАНОСКИ ИЛИЈА..........; 0001; За 0086; КУЗМАНОВСКА ЛИЛЈАНА......; 0001; За 0087; ШОКАРОВСКИ ХАРАЛАМПИЕ....; 0001; За 0088; ЏОЛОНГА МИХАИЛО..........; 0001; За 0089; МАТЕВСКА-ДУЗА ЦЕНА.......; 0001; Не е присутен 0090; РАМИЗИ НЕДИМ.............; 0003; За 0091; МЕХМЕТИ-НУРЕДИНИ ВЈОЛЦА..; 0003; За 0092; СЕЛА ЗИАДИН..............; 0004; Не гласал 0093; МАКРАДУЛИ ЈАНИ...........; 0002; Не е присутен 0094; ЦАНОСКИ ФИЈАТ............; 0006; Не е присутен 0095; БЕНДЕВСКА ВЕСНА..........; 0002; Не е присутен 0096; ВЕЛЈАНОСКИ МИТРЕ.........; 0002; Не е присутен 0097; САРАЧ ЕРДОГАН............; 0019; Не е присутен 0098; ЕФТИМОСКА-ЈОВКОВСКА ДИВНА; 0002; Не е присутен 0099; ДИНЕВСКИ МЕНДЕ...........; 0002; Не е присутен 0100; ЏЕМАЈЛОСКИ МЕВМЕТ........; 0006; Не е присутен 0101; ДИМИТРИЕВСКИ ДАРКО.......; 0001; За 0102; ХАСИПИ ЌЕНАН.............; 0020; За 0103; КАРАПЕТРОВА СВЕТЛАНА.....; 0001; За 0104; АХМЕТИ АЛИ...............; 0003; За 0105; МИСИМИ ХАЈРИЈЕ...........; 0003; За 0106; ЏАФЕРИ ТАЛАТ.............; 0003; За 0107; ШЕХАБИ БЕХИЏУДИН.........; 0003; За 0108; АДЕМИ ЏЕВАТ..............; 0003; За 0109; ИМЕРИ ДЕШИРА.............; 0003; За 0110; ДЕАРИ ИРФАН..............; 0003; За 0111; ЈАКУПИ НЕЏАТИ............; 0003; За 0112; ТАЌИ МЕНДУХ..............; 0004; Не е присутен 0113; ИЛЈАЗИ САДИЈЕ............; 0004; Не гласал 0114; УЗЕИРИ-ФЕРАТИ МЕРАЛ......; 0004; Не гласал 0115; АЛИУ ИМЕР................; 0004; Не гласал 0116; АЛИЈИ ГАЗМЕНД............; 0004; Не гласал 0117; ПАУНОВСКИ СТОЈКО.........; 0002; Не е присутен 0118; ДУРМИШИ РЕЈХАН...........; 0006; Не е присутен 0119; ДЕМИРИ-КРЕЦИ ФЛАМУРЕ.....; 0008; Не гласал 0120; ЗЕЌИРИ ИЗЕТ..............; 0008; Не гласал 0121; МАНЧЕВ РИСТО.............; 0001; Не е присутен 0122; САЗДОВ ПАВЛЕ.............; 0001; За 0123; ДОДЕВСКИ МИЛОРАД.........; 0001; Не е присутен
|
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/2/2013, 22:41 | |
| Триумфализам во ДУИ по ставањето на Талат Џафери за министер за одбрана?! Додека кај поголемиот дел од македонските граѓани, а и кај членството на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на премиерот да прифати поранешен командант на ОНА да го постави за нов министер за одбрана е примена со револт па дури и како чин на предавство, пред се кај членството на партијата на Груевски, во спротивниот табор, во коалицискиот ДУИ, атмосферата според извори на Либертас е триумфалистичка. Потегот на лидерот Ахмети со поставувањето на Талат Џафери за министер за одбрана ги омекна и најтврдите партиски противници и скептици од политиката на Ахмети и со овој чекор кај сите е вратен ентузијазмот и вербата дека Ахмети влече мудри одлуки во пресрет на локалните избори, а и за разнишаниот имиџ на паријата кај албанскиот електорат, вели нашиот извор од владејачката албанска партија. Во партијата на Ахмети велат дека поставувањето на Талат е чин на помирување со Македонците, а најавените протести од бранители и македонските граѓани сметаат дека уште повеќе би ја зацврснале позицијата на ДУИ кај Албанците. http://libertas.mk/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/2/2013, 01:00 | |
| Поставувањето на Талат Џафери за министер за одбрана мене ми смрди на таен политички договор помеѓу Ахмети и Груевски со кој би се постигнало додатно билдање на предноста на ДУИ во албанскиот електорат, а за возврат Ахмети би се обврзал на следните(се повеќе извесни) предвремени парламентарни избори да не влегува во калкулациите на Црвенковски на сеопшто обидинување на сите политички партии, вклучително и албанските, за уривање на "режимот". | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/2/2013, 17:12 | |
| ИНСТИТУЦИОНАЛНО – КАРИЕРНИТЕ ПОЗИЦИИ И ПЕРСПЕКТИВИ НА ТЕРОРИСТИТЕ VS ЗАГРОЗУВАЊЕТО И ПОНИЖУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИТЕ БРАНИТЕЛИПоттикнат од општествено нелегитимното вклучување во државните институции во Република Македонија (уште многу оддамна) на реално „нерехабилитирани” сторители и/или поддржувачи на кривични дела против државата (тероризам и сродни кривични дела), а по повод нивното понатамашно назначување на челни „државни” позиции (во кое и да е министерство во земјава), не беше тешко да се „изготви” една компаративна анализа од која произлегуваат неподносливи констатации кои укажуваат на фактот дека во македонското општество и држава од поодамна е присутна состојба од областа на „политичката патологија и трауматологија”. Оваа политички-патолошка состојба произлегува и свој израз има во високата институционална позиционираност на дел од учесниците (терористите) и/или поддржувачите на терористичките напади со кои во 2001 год. беа загрозени независноста, територијалниот интегритет, суверенитетот и уставниот поредок на Република Македонија, наспроти неповолната позиционираност на припадниците на безбедносните сили (Бранителите) кои легално и легитимно учествуваа во антитерористичката одбрана на државата во таа „оловна” 2001 год. Најпрвин ќе ги изложам реалните општествени и државни заслуги и позиции на нас - Бранителите во антитерористичката одбрана на државата во 2001 год., како и криминалната позиција на сторителите на кривичните дела - тероризам и на други кривичните дела против државата, со кои беше загрозена Република Македонија во 2001 год., за да на крајот жалосно, но објективно ја осветлам „новата политички-патолошка и безбедносно-загрозувачка парадигма” во државата. Инаку, оваа „нездрава” парадигма изразена е во политички-насилно инсталираниот модел кој „ние, Бранителите и останатите – поинаквите од терористите” „треба” да го следиме и да го трпиме. Во „орвеловски” стил, овој модел би го опишал низ три „ненормални/нездрави”, но водечки и од аспект на поновата антропологија на македонската држава, политичко-безбедносно-„егзистенцијални” пароли (кои суштински егзистираат и истовремено продолжено загрозуваат и згрозуваат, но бидејќи би било „политички вулгарно”, истите не се споменуваат!): (1) „АПОЛОГЕТИКАТА И ПОФАЛБАТА НА ТЕРОРИЗМОТ И ДРУГИТЕ ОБЛИЦИ НА ПОЛИТИЧКО НАСИЛСТВО ОД ПОЗИЦИИ НА АЛБАНСКИ РАДИКАЛИЗАМ СЕ СУШТИНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ МИР!”; (2) „ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО НА ЖИВОТ И СЛОБОДА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НА ДРУГИТЕ НАРОДИ ВО МАКЕДОНИЈА ЗНАЧИ НУЖНО ПОЛИТИЧКО АДАПТИРАЊЕ НА ВЛАСТА СО ОПШТЕСТВЕНО НЕПРИФАТЛИВИТЕ, ПОЛИТИЧКИ-ПАТОЛОШКИТЕ И БЕЗБЕДНОСНО-ЗАГРОЗУВАЧКИТЕ АСПИРАЦИИ, ИНТЕРЕСИ И ПОСТАПКИ НА НОСИТЕЛИТЕ НА АЛБАНСКИОТ РАДИКАЛИЗАМ!”; и (3) „СОСТОЈБАТА НА ПОЛИТИЧКИ СТРАВ И ПОНИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НА ДРУГИТЕ НАРОДИ ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО И НА НЕЈЗИНИТЕ БРАНИТЕЛИ, ПРЕДИЗВИКАНА ОД НОСИТЕЛИТЕ НА АЛБАНСКИОТ РАДИКАЛИЗАМ, ГЕНЕРИРА И ЗНАЧИ ПОЛИТИЧКО-БЕЗБЕДНОСНА СТАБИЛНОСТ НА ДРЖАВАТА!”. „Од лудо, полудо”, но тоа е!; да се вратиме сега во нормалната (и „некогашна”) перцепција. Имено, патриотски мотивираното учество и стратешки придонес на нас - Бранителите во антитерористичката одбрана на државата во 2001 год. претставува еден од клучните моменти од поновата општествена (и конкретно, политичка и безбедносна) историја на Република Македонија. Со круцијалното учество на Бранителите во антитерористичката татковинска одбрана, се воспостави и одбрани загрозениот територијален интегритет и суверенитет на Република Македонија, со што се создадоа суштинските претпоставки за продолжување на опстојувањето и функционирањето на државата, како и за продолжување на нејзиниот политички, економски, социјален, безбедносен и културен развој. Но и по формално-правното демобилизирање на Бранителите откако „заврши” „оловната” 2001., истите и понатаму претставуваат структура што ја сочинуваат граѓани кои се активни, резервни или потенцијално активни припадници на безбедносни сили и кои, истовремено претставуваат клучен ресурс за безбедносните капацитети на Република Македонија и неформален елемент на нејзиниот безбедносен систем. Што е најзагрижувачки, заради понатамошното присуство на надворешно-внатрешните, етно-националистички и други извори на загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, несомнено и натаму Бранителите остануваат стратешки столб за нејзината одбрана. Но, како изминуваа годините по 2001., па до денес, освен што Бранителите поминуваат низ понижувачка голгота во неостварувањето на одредени заслужени социјални, образовни и други посебни права, ниеден Бранител не е назначен на висока државна функција во ниедно министерство или друг државен орган од областа на безбедноста, без разлика дали истите во текот на антитерористичкиот државен ангажман во 2001-та се наоѓале во активниот или резервниот состав на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Министерството за одбрана (МО). Со отсуството на високо институционално позиционирање на Бранителите, не само што остсуствува почит кон нивниот државен ангажман во антитерористичката татковинска одбрана во 2001-та, туку отсуствува и придонесот кој врз основа на нашето антитерористичко искуство од 2001 година можеме да го дадеме во стратешкото планирање, поставување и остварувањето на политиката на национална безбедност на Република Македонија, што воедно претставува и легитимна општествено-безбедносна и државна потреба. Од друга страна, како суштински и елементарен елемент на „новата политички-патолошка и безбедносно-загрозувачка парадигма” во државата, ги имаме сторителите (терористите) на кривичните дела - тероризам и на други кривичните дела против државата, со кои беше загрозена Република Македонија во 2001 год. Само според првичните (во 2001 год.), официјални (државни) институционални и статистички податоци кои се однесуваат на дел од масовните терористички напади во 2001 год. за извршени кривични дела против државата, пријавени се вкупно 111 полнолетни лица (додека „темната бројка” на кривичните дела против државата и нивните сторители е огромна). Од аспект на докажувањето дека во 2001-та Република Македонија беше нападната од тероризам, употреблив е податокот според кој од овие 111 лица, 36 се пријавени за кривичното дело (кд) „тероризам”, 1 лице е пријавено за кд „повикување на насилна промена на уставното уредување”, едно лице е пријавено за кд „предизвикување нацинална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост”, 15 лица се пријавени за кд „здружување заради непријателска дејност” (инаку ова кд скоро секогаш претходи на извршување на кд „тероризам”) и 25 лица се пријавени по основ - казнување заради „подготвување” (инаку сите наведени кривични дела против државата се политичко-мотивациски поврзани и суштински комплементарни со подготвувањето и изведувањето на масовните терористички напади од позиции на албански радикализам во 2001 год.). Сите овие кривични дела претставуваат еден од суштинските елементи на внатрешно-државната криза, кои меѓу другото, ја докажуваат и верификуваат тезата дека обликот на загрозување на Република Македонија во 2001 год. може единствено (во општа смисла) да се определи како тероризам, а со оглед на критериумите кои се однесуваат на распространетоста и бројноста на терористичките напади, како и врз основа на бројот на нивните сторители, но и врз основа на програмско-целната ориентација на албанската радикална кауза, истиот го дефинирам како масовен етнонационалистички тероризам. Ова го напоменувам од причина што многумина (не)релевантни домицилни и странски научници, експерти, политичари и новинари, (не)намерно, целокупниот „безбедносен комплекс” кој се однесува на вооружени и невооружени напади врз Република Македонија во 2001 год., како и на одбраната на државата од страна на Бранителите, го „дефинираат” како „вооружен конфликт” (што е прифатливо единствено при елементарна општо-општествена/социолошка дескрипција!), „војна” (што е неприфатливо, бидејќи војна се води помеѓу држави!), „воени операции” на терористите, наместо терористички напади (бидејќи воени операции изведуваат единствено организирани државни или супрадржавни воени сили), именувањето како „борци” на „ОНА”, наместо сторители на кд тероризам и други кд против државата (за статус на „борци” треба да се исполнат одредени критериуми од меѓународното воено право кои при „внатрешно” терористичко загрозување на уставниот поредок на една држава, како што е нашиот случај, не постојат!), именувањето (во кривично-правна смисла!) на организаторите на злосторничките здружувања (во рамките на терористичкта организација т.н. „ОНА”) како т.н. „команданти” (што е неприфатливо, бидејќи ова е пред сè воена и полициска категорија), па „одговорна команда”, „генералштаб”, „116-ти и ХХХ-ти бригади” на т.н. „ОНА” (демек, несовладлив „аскер” со се „Кина” заедно се „здале” во Македонија!) и слични (не)смислени политичко-патолошки фундирани глупости. Тоа е накусо, елементарната феноменолошка дескрипција на позициите и државниот антитерористички ангажман на нас Бранителите, како и на криминалната позиција на терористите и од нив практикуваниот масовен етнонационалистички тероризам. Откако веќе констатиравме кои се позициите на Бранителите и терористите, но и виктимогената и виктимолошка позиција на државата и нејзините елементи кои не се олицетворение само на власта (која и кога и да е!), туку и на македонското и друго население, државната територија и суверенитетот, да се вратам на „новата политички-патолошка и безбедносно-загрозувачка парадигма” во државата. Имено, оваа криминална позиција на „нерехабилитираните” терористи, најверојатно во комбинација со политичко-партиски и истовремено антидржавни договори, се разви во нелегитимна и национално штетна институционално-кариерна перспектива на овие терористи; на клучни и челни „државни” позиции, посебно во МВР и МО, се поставуваат „нерехабилитирани” терористи („талатовци – малатовци, куртовци и муртовци” и останати „воени парадери” [како што ги именуваат нивните соучесници (а не „соборци”!) од терористичката и т.н. „ОНА” и кои за истите велат дека како „нежни девојчиња пушка не фатиле”, но сепак соучествуле во организирањето на крвавите и кукавички терористички напади од безбедни дистанци и од водечки терористичко-хиеархиски позиции на – т.н. „команданти”!]). Но, политичката патологија во македонското општество и држава да биде уште поизразена и попогубна, кај овие терористи кои и покрај бараната и добиена милост од државата олицетворена во донесувањето на спорниот и нелегитимен т.н. Закон за амнестија (од 2002 год.) со кој се повреди и оневозможи целосното и доследно, правно и практично остварување на Уставот, отсуствува нивно покајување за сторените терористички злосторства (во крвавите случаи: „Вејце”, „Карпалак”, „Љубанци”, „Мавровски работници”, „Липковско Езеро“, „Исчезнатите цивили” „Водството на ОНА” „Танушевци”, „Рамно”, „Кодра Фура”, „Билјак”, „Арачиново”, „Брњарци”, „Лешок”, „Попова Шапка”, „Тетово”, „Теарце”, „Селце”, „Лавце”, „Гајре”, „Шипковица”, „Тетовско Кале”, „Куманово”, „Алашевци”, „Ваксинце”, „Слупчане”, „Т.Ц. Мавровка”, „Македонско-албанска граница”; како и терористичкото загрозување на македонското културно наследство: црквата „Св. Никола” [Тетовско], црквата „Св. Атанасиј” [Тетовско Кале], црквата „Св. Јован” [с. Режановце, Кумановско], црквата „Св. Атанасиј” - „Лешочкиот манастир” [с. Лешок, Тетовоско], манастирската црква „Св. Богородица” [с. Матејче] и други споменици на културата). Освен што (кај дел од терористите) отсуствува покајување за сторените терористички злосторства во кои загинаа најмалку 63., а физички повредени беа најмалку 269 Бранители, а од терористичките напади и киднапирања загинаа и над 20 цивили, а стотина беа ранети и повредени, терористите и нивните помагачи (макар дел од нив ги именувале и како т.н. „команданти”) се уште се „гордеат” на нивната крвава терористичка и друга противуставна активност. Сето тоа, веќе од поодамна, но со кулминирање во актуелниов момент, е верификувано од страна на конкретни политички елити со назначување на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции. Имено, се случи и се случува нелегитимна, нездрава и „проширена” амнестија. Ако амнестијата (во кривично-правна смисла) значи: ослободување од гонење, запирање на кривичните постапки, потполно ослободување од издржување на казната затвор, бришење на осудата и укинување на правните последици од осудата, оваа нездрава „проширена” аманестија значи и срамно и понижувачко (за државата, Бранителите и останатите нејзини граѓани) назначување на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции. Истата, нездрава до болка, „проширена” амнестија значи и „апологетика и пофалба на тероризмот и другите облици на политичко насилство од позиции на албански радикализам”, која кога би отсуствувала, веројатно ќе предизвика политичко-безбедносна дестабилизација на државата, но и дестабилизација, трансформација, па дури и исчезнување на одредени „политички сојузи/коалиции”. Оваа евентуална дестабилизација на државата од позиции на албански радкализам, веројатно би била организирана во комбинација со комплементарниот српски радикализам чии носители (и нивните [псевдо]разузнавачки структури), веројатно (и можеби се уште) ги држат на „соработничко-агентурна узда” „водечките елементи” на албанската радикална кауза (доволен аргумент за наведеното би била евентуалната веродостојност на јавно објавените соработнички досиеа за „Ибар”, „Вујко”, „Мама” и „Стрелац”, но можеби и некое веродостојно соработничко досие за некој „капетан прве класе до 23. 06. 2001.”). Но, за тоа „другпат” (sapienti sat!). Сега останува најтешкото за изложување и поднесување - што значи и кон каде води ова назначување на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции и оваа „нова политички-патолошка и безбедносно-загрозувачка парадигма” во државата!? Имено, веројатните и погубни последици по Република Македонија, и конкретно, по нејзиниот „рбет” – нејзиниот безбедносен систем и по нејзината историска перспектива и егзистенција, од опстојувањето и одржувањето на оваа нездрава парадигма се следни: (1) Со назначување на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции ќе отсуствува доследна кривично-правна заштита на државата, така да сите поранешни, сегашни и идни сторители на кривични дела против која и да е општествена и уставно гарантирана вредност (сторители на ситни и тешки кражби, разбојнички кражби и разбојништва, како и на сите останати инкриминирани поведенија), легитимно можат да се повикуваат на преседанот кој се однесува на амнестирањето, вреднувањето и назначувањето на сторителите на кривични дела против државата во 2001 год. на клучни и челни „државни” позициии. Во контекст на наведеното би напоменал дека од криминалистичко-психолошки научен аспект, оправдана е констатацијата дека еден сторител на кривични дела против државата, конкретно, на тероризам и на други насилни и крвави, политички мотивирани кривични дела, не е ништо – помалку опасен од еден ситен криминалец – сторител на ситни имотни деликти (ситни кражби и сл.) со мотив да обезбеди противправна имотна корист за да ги нахрани своите деца со што ќе им го спаси животот,а истиот е стигматизиран и чесно ја одлежува пресудената казна затвор, и при тоа, по реалното рехабилитирање не е вработен! Во оваа прилика ги повикувам Бранителите да останат доследни на автохтоната/самобитната бранителска кауза, која меѓу другото, подразбира и неподржување на отстапки од процесуирање на сите можни случаи на поединечни воени (терористички) злосторства (меѓу нив и т.н. „Хашки случаи”), на тешки повреди на хуманитарното право и на сите други кривични дела поврзани со подготвувањето и изведувањето на терористичките напади со кои се загрози уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија во 2001 година, и неподржување на отсуство на строга примена на начелата на индивидуална одговорност и вина за терористите. (2) Со назначување на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции, негативно ќе се влијае на одржувањето и зачувувањето на патриотскиот морал, честа, угледот и достоинството на Бранителите, кои етички елементи произлегуваат од нивното патриотски мотивирано учество и стратешки придонес во антитерористичката одбрана на државата во 2001 година. (3) Со назначување на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции се поништува легитимната фундираност која е нормирана врз повеќе прописи и ратификувани меѓународни договори за уредување и придржување кон нормите со кои се уредува: класификацијата на разузнавачките и другите безбедносни информации; условите, критериумите, мерките и активностите што се преземаат за нивната заштита; правата, обврските и одговорностите на создавачите и корисниците на класифицирани (разузнавачки и други безбедносни) информации; нивната меѓународна размена; како и другите прашања во врска со користењето на класифицираните (разузнавачки и други безбедносни) информации. Врз основа на оваа „ нездрава безбедносна несреќа и невоља”, ги охрабрувам сите оние поединци на кои не им се издадени, а ги исполнуваат критериуми за соодветни безбедносни сертификати, да не се разочаруваат, туку да се вклучат во правно дозволена, активна и ненасилна „борба” и постапка за остварување на своето право и обврска да поседуваат соодветен безбедносен сертификат послужувајќи се и повикувајќи се и на нелегитимно издадените безбедносни сертификати на „нерехабилитираните” терористи кои се назначени на клучни, челни и други државни позиции („талатовци-малатовци”, „Мами”, „Стрелац-и” и останатите терористи и можеби активни „сарадници” на можеби некои „комшиски обавештајни предузеќа”). (4) Ако се има предвид константата во противуставното дејствување од позиции на албански радикализам – одредени државни функционери да формираат терористички организации (како на пример, некогашната т.н. „Паравојска”) кои делуваат врз албанско-радикална политичка платформа, тогаш веројатно е да се очекува дека со оваа практика на нелигитимно и безбедносно-загрозувачко назначување на терористи за министри, а и нивно назначување и на други високи и раководни позиции во државните органи од областа на безбедноста, ќе се доведе во прашање заштитата на опстојувањето на Република Македонија во нејзините државни граници во конкретна историска ситуација која би одела во прилог на реализирање на големонационалниот проект „Голема/Природна Албанија”, но и на можеби друг големонационален проект, како замена за (се уште) неостварените проекти за европска и евроатланска интеграција на сите држави на Балканот. Како аргумент за наведеното, во кратки црти ќе се навратам на т.н. „Штаб за национална одбрана на вооружените сили на Албанците” или низ народот познат како случајот со т.н. „Паравојска” чие формирање се одвивало во првата половина на октомври во 1991 год., а која беше успешно разбиена од страна на македонските безбедносни служби во ноември 1993 год., и кога високата позиционираност на одредени нејзини припадници во Министерството за одбрана овозможуваше терористичка злоупотреба на тајните (класифицирани) информации кои се означени со степенот на државна тајна. Имено, во оваа терористичка организација, како т.н. „командант” на т.н. „баталјон” за Чаир на т.н. „Паравојска”, меѓу другите, беше вклучен и Хусеин Хаскај, тогаш вработен во Министерството за одбрана како референт за оперативно-наставна работа во Општинскиот штаб за територијална одбрана во опшината „Чаир”. Со противуставна дејност Хусеин Хаскај продолжи да се бави и по месец јули 1993 год., кога како член на Партијата за демократски просперитет беше поставен за помошник министер во македонското Министерството за одбрана. Овој терорист, злоупотребувајќи ја својата висока функција, собрал тајни (класифицирани) податоци за 1300 воени обврзници за т.н. „баталјон” во Чаир (инаку ги користел и податоците од нелегалниот попис што претходно беше организиран за албанското малцинство), направил прегледи со основните податоци (име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, чин во Армијата на Република Македонија[АРМ]) врз основа на што биле изготвувани списоци на обврзници за терористичките формации, кои списоци преку курир биле испраќани до т.н. „Штаб” на т.н. „Паравојската” во Гостивар. Друг вид на противуставна и терористичка злоупотреба на институционална позиционираност во АРМ, а во врска со т.н. „Паравојска” била извршена кон крајот на 1992 год. кога бил изготвен т.н. „Правилник” за т.н. „Систем за национална одбрана” во кој биле опфатени само Албанци, меѓу нив и припадници на АРМ, и тоа официрскиот кадар (нека се препознаат самите ако се уште се во нашата Армија), кои до одреден момент требало да дејствуваат во илегалност, а по вооружените конфликти со македонските безбедносни сили (АРМ и МВР) би преземале иницијатива за формирање на т.н. Влада и други институции (инаку, водечка улога во изготвувањето на овој терористички документ имал Хасан Агуши кој имал завршено Воена академија во некогашна СФРЈ). Инаку Паравојската вршела и организирање и подготвување за терористичка мобилизација со цел терористичко дејствување од позиции на албански радикализам. Имено, во февруари 1992 год., Хусеин Хаскај го ажурирал т.н. „План за мобилизација”, со определување на собирните места, врски, време и крај на терористичката мобилизација, која инаку ја планирал за 9 часа. Вака планираното време на терористичката мобилизација било врз основа на достапноста на тајните (класифицирани) информации кои му ги овозможувала неговата позиционираност во македонското Министерство за одбрана, со оглед на неговата висока функција. Имено, овој терорист поседувал информација дека нашата тогашна 14-та пешадиска бригада на АРМ имала предвидено време на мобилизација од 12 до 14 часа, со што би се овозможил терористички напад и евентуално разбивање на споменатата единица на АРМ. Истиот поседувал информации и за составот, разместеноста, вооружувањето и моралот на македонските безбедносни сили (АРМ и МВР). Имено, кон крајот на 1992 год. и почетокот на 1993 год. за потребите на т.н. „Паравојска” бил формиран т.н. курирско-известителен центар. Со посебни терористички документи бил одреден илегалниот курирски пат и мртвата јавка (инаку, истата се наоѓала во чајџилницата „Беса” во Гостивар), се до крајната адреса во село Чегране, каде бил сместен т.н. „Штаб” на т.н. „Паравојска”. Во терористичкиот документ т.н. „Извештај од изворот 222” (бр. 05-93 од 29.05.1993 год.) каде под точката „Информативна анализа за непријателот” се презентирани податоци за касарната на нашата армија во Тетово со податоци и за распоредот на нашите воени формации, како и за бројната состојба и националниот состав на командниот кадар. Меѓу другото, во овој терористички документ е наведено следното: „...има еден баталјон пешадија (ЈУ-модел), командантот на баталјонот е од нашиот реон од село Доброште, Македонец. Една-две батерии на артилерија. Оваа единица дава стража на границата, Јажинце-Глобочица. Исто така, 20 војници се дислоцирани во село Старосело и се сместени во училиштето...Во нашиот реон има уште една полициска станица во село Теарце, која дава погранична патрола, вооружена е со автоматски пушки...”. Понатаму, во овој терористички документ се даваат податоци и за полициските објекти и сили на овој реон, како и за економските објекти од поголемо значење и мерките за безбедност што во нив се преземаат, при што се дава оценка за учество на Македонците и Албанците во раководниот кадар и при тоа се констатира дека „албанските кадри се оставени надвор, на маргините”. Интересно е да се спомене дека Хусеин Хаскај, злоупотребувајќи ја својата позиција во македонското Министерство за одбрана изготвил посебен терористички материјал т.н. „Проценка на непријателот” (заведена под бр. ТО 8-3 од 30.03.1993 год.) во кој го анализирал моралот, организираноста и вооружувањето на АРМ и МВР . Инаку, Хусеин Хаскај до ”„Штабот” на т.н. „Паравојска” во Гостивар доставил и посебно барање (бр. Со 7-0 од 06.07.1993 год.), врз основа на неговата терористичка анализа за опасноста од „непријателот”, за формирање на уште еден терористички организациски елемент за село Љуботен (Скопско) со потребните т.н. воено-технички средства. Инаку, по разбивањето на оваа кукавичка терористичка структура и прекинувањето на нејзиното противуставно делување од позиции на албански радикализам што се случи во ноември 1993 год., по седум и пол месечно судење кое завши на 27 јуни 1994 год., тогашниот Општински суд II во Скопје за сторено кривични дело „Здружување заради непријателска дејност”, ги осуди на казна затвор од пет до осум години следните десет припадници на оваа терористичка организација: Митхат Емини и Хасан Агуши на осум години, Ресми Ејупи, Селам Елмази и Реџепи Шинаси на седум, Хусеин Хаскај (овој од типот на „талатовци - малатовци”!), Акиф Демири и Абдулселим Арслан на шест и Бурим Муртезани и Еуген Цами на пет години затвор. Во понатамошниот период, Окружниот суд во Скопје, постапувајќи по жалба на осудените терористи, на 24-25 јануари 1995 год. донесе пресуда со која се потврди пресудата на Општинскиот суд II, а ја преиначи во делот што се однесува на казните, односно на сите им беа намалени за две години. Подоцна, со Решение на Претседателот на Република Македонија (август 1995 год.), Митхат Емини и Хасан Агуши се помилувани и ослободени од натамошно издржување на казната, додека другите осум лица се условно ослободени со решенија на Комисијата за условен отпуст (јуни, 1995). Од овие судски процеси може да се забележи за какви кукавици и кодоши станува збор кога различни структури (вклучувајќи ги и нив) во тоа време кукавички молеа за нивна милост од државата. Врз основа на констатацијата за ненаучената лекција од страна на одредени политички елити за противуставното делување од позиции на албански радикализам на високи дравни функционери во македонските МВР и МО за време на извршувањето на нивната државна функција, останува да повикам на правно основано непочитување на наредбите на „некогашните” терористи, а сега и понатаму овластени наредбодавачи, и на поведување на постапка за утврдување на кривична и дисциплинска постапка на сите (од поодамна, па досега!) одговорни и надлежни за предизвикувањето на оваа безбедносно резична ситуација. (5) И конечно, бегањето, односно неисполнување на правната и моралната обврска за утврдување на фактите за сторените терористички напади и други тешки кривични дела против државата во 2001 год. со кои се извршија тешки повреди на човековите права, со што беа загрозени и националната безбедност и уставниот поредок на Република Македонија, во комбинација со назначувањето на сторители или подржувачи на тие кривични дела на челни „државни” позиции, претставува обид за формирање на трајно штетна историска лага/невистина врз основа на која (ќе) се инсталира нова општествено штетна парадигма и неверодостоен дискурс за „2001-та”. Последиците од овие искривени општествени конструкции и од (не)свесната апологетика на тероризмот, терористите и сите антидржавни постапки од позиции на албански радикализам, не претставуваат последици само од областа на загрозување на оптималното ниво на политички морал на македонската политичка сцена (како директна последица на евентуални политичко-партиски договори), туку врз овие „нови” и искривени општествени конструкции ќе се пишува „лажната историја” на македонската држава, на македонскиот народ и на останатите етнички заедници во Република Македонија, како и „лажната историја” за татковинската антитерористичка одбрана од 2001-та со што, меѓу другото, ќе се пасивизира и минимизира стратешкиот придонес на Бранителите во опстојувањето на државата, за сметка на верификувањето, а со тоа и на вреднувањето на терористичкиот ангажман на поединци и политички, квазипартиски и други субјекти во 2001 год. Ако се земат предвид сите овие погубни последици кои (ќе) произлегуваат од опстојувањето на оваа „нова политички-патолошка и безбедносно-загрозувачка парадигма” која, меѓу другото, ја одржува и практиката на нелигитимно и безбедносно-загрозувачко назначување на терористите за министри, а и на други високи и раководни позиции во државните органи од областа на безбедноста, останува само ДА ПОВИКАМ НА МИРНИ И ПРАВНО ДОЗВОЛЕНИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ НАЗНАЧУВАЊЕТО НА ТЕРОРИСТИТЕ НА КЛУЧНИ И ЧЕЛНИ ДРЖАВНИ ПОЗИЦИИ ВО ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТА. ОВИЕ ПРОТЕСТИ НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ САМО ПАСИВНО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО И ДВИЖЕЊЕ НА ОДРЕДЕН ПРОСТОР, ТУКУ АКТИВНО ПОРАЧУВАЊЕ ДЕКА ВЕЌЕ ДОСТА Е, И ДЕКА СИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ПОЧИТУВААТ НАРЕДБИ НА ТЕРОРИСТИТЕ И ДЕКА ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ВО АКТИВНО И ПРАВНО ДОЗВОЛЕНО ДЕИНСТАЛИРАЊЕ НА СИТЕ ТЕРОРИСТИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ КОИ СЕ ИНСТАЛИРАНИ ВО СИСТЕМОТ НА РАКОВОДЕЊЕ И КОМАНДУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. ---- Гоце Аризанкоски http://maktel.mk/ajax_kolumni.php?kid=534 | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/2/2013, 09:35 | |
| КАКО ЗАПОЧНА ПОЛИТИЧКОТО НАСИЛСТВО ОД ПОЗИЦИИ НА АЛБАНСКИ РАДИКАЛИЗАМ ВО ПОНОВАТА БЕЗБЕДНОСНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА (1991-1997) Гоце Аризанкоски Претседател на Форумот за безбедност Со најновите назначувања на „нерехабилитираните” терористи на клучни и челни „државни” позиции, (не)свесно се прави обид за формирање на трајно штетна историска лага/невистина врз основа на која (ќе) се инсталира нова општествено штетна парадигма и неверодостоен дискурс за политичкото насилство од позиции на албански радикализам. Последиците од овие искривени општествени конструкции и од (не)свесната апологетика на тероризмот и другите облици на политичко насилство од позиции на албански радикализам, меѓу другото, ќе се пројават и низ пишување на „лажна понова историја” на македонската држава, на македонскиот народ и на останатите етнички заедници во Република Македонија, како и на „лажната историја” за татковинската антитерористичка одбрана од 2001-та со што, меѓу другото, ќе се пасивизира и минимизира стратешкиот придонес на Бранителите во опстојувањето на државата, за сметка на верификувањето, а со тоа и на вреднувањето на терористичкиот ангажман на тероритите во 2001 год. Бидејќи ние Бранителите оддамна ги оставивме и „фрливме” пушките, надевајќи се дека терористите ќе бидат казнети и ќе се покајат за сторените терористички злосторства, на овие најнови понижувања со форсирање на висока институцинална позиционираност на терористите во системот на раководење и командување со безбедносните сили на Република Македонија, останува барем засега да се „бориме” со протести, но и со земање на Бранителското перо во раката (наместо пушката!) и да потсетуваме каква сериозна и опасна закана по опстојувањето на македонската држава претставуваше и се уште претставува албанскиот радикализам и неговите вооружени и невооружени облици на загрозување на националнта безбедност и уставниот поредок на (се уште!) нашата држава. Имено, политичко-безбедносната слика на Република Македонија пред изведувањето на првите класични терористички напади од позиции на албански радикализам кои започнаа во декември 1997 год., ја карактеризираа и безбедносно-загрозувачки содржини продуцирани и од други облици на етнонационалистичко политичко насилство од позиции на албански радикализам (поинакви од класичните облици на тероризам) кои претставуваа индикатори за постоење на готовност од подготвување и изведување на терористички напади. Инаку, етнонационалистичкиот тероризам, како и другите облици на политичко насилство со кои се загрозувуваше (и се загрозува) безбедноста на нашата татковина од позиции на албански радикализам, претставуваа(т) елементи на еден дисјунктивен процес на општествена интеракција во македонското општество, во кој масовно или поединечно, долготрајно или моментално, кохезивната спрега на терористичка организација и релевантни делови на албанскиот политички фактор применуваше нелегитимна психофизичка сила со цел да преку загрозувањето на безбедноста на државата и регионот предизвика дополнителна општествено-политичка и психолошка промена со која би се создале општествени услови за реализација на албанските радикални аспирации. Фактички се работише за практикување на конкретни појавни облици на политичко насилство од позиции на албански радикализам со атрибутот на етнонационализмот. Сложената содржина и обемот на етнонационалистичкото политичко насилство од позиции на албански радикализам, во понатамошниот текст ќе ги објаснам низ една елементарна безбедносно-хронолошка анализа на општествено-безбедносната емпирија во Република Македонија во периодот од 1991 до 1997 год., како конкретна временска рамка во која немаше манифестирање на класични терористички напади од позиции на албански радикализам, но во која временска рамка беа присутни безбедносно-загрозувачки содржини продуцирани од поинакви облици на политичко насилство од позиции на албански радикализам кои се разликуваат од тероризмот (како посебен облик на политичко насилство). Имено, од аспект на подготвувањето на одредени облици на политичко насилство интересно е да се спомене полициската акција од 15. јуни 1992 година во струшкото село Радолишта, која се однесуваше на откривање и пресекување на шверцот со оружје и отстранување на шестмесечното блокирање на активностите на Министерството за внатрешни работи во ова и соседните села. Инаку, како што во тој период беше јавно и официјално објавено, во полициската акција учествуваа околу 850 полицајци кои извршија претрес во 16 куќи во Радолишта и Велешта, при што беа запленети 11 пушки (од кои една снајперска), 11 пиштоли, 1 автомат „узи”, 16 парчиња динамит, 2 радио станици, поголемо количество на муниција, маскирни униформи, заштитни маски, поголема сума на девизи, како и над 50 карти на т.н. „Голема Албанија” наменети за реализирање на криминалната, патолошка и општествено ретроградна идеја за т.н. „Автономна Република Илирида”. За време на полициската акција врз македонската полиција беше отворен оган по што дојде до вооружен судир помеѓу припадниците на полицијата и вооружените граѓани од албанска националност, при што беа повредени неколку лица, а беа приведени околу триесеттина лица. По завршувањето на полициската акција, против 13 лица беа поднесени кривични пријави заради извршување на повеќе кривични дела, главно поради бесправно поседување на огнено оружје и распрскувачки материи, повикување на оружен отпор и спречување на службени лица во извршување на нивните задачи. По оваа појава на политичко насилство од позиции на албански радикализам, за која повод беше легитимната полициска акција, а причина - константната готовност за противуставно вооружено дејствување од позиции на албански радикализам на дел од албанските граѓани, следуваше т.н. „Бит-пазарска мала војна”, како што македонските новинари го нарекоа тешкиот инцидент што се случи на Бит-пазар во вечерните и ноќните часови на 6 ноември 1992 год. кој прерасна во нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем, при што во директни судири влегоа околу 3000 припадници од албанска националност и неколку стотици полицајци. Повод за инцидентот беше редовната и законски основаната полициска активност која полицијата ја вршеше во попладневните часови во Старата скопска чаршија во рамките на законски регулираната полициска должност од сузбивање на недозволената трговија, при што беа откриени неколкумина шверцери и препродавачи на цигари, меѓу кои (како што известија македонските медиуми) и 14-годишниот Али Алиу кој беше приведен од полицијата, додека причина, повторно беше константната готовност од противуставно дејствување од позиции на албански радикализам на дел од граѓаните од албанска националност. Имено, искористувајќи ја оваа секојдневна ситуација (од аспект на сузбивањето на недозволената трговија), околу 3000 граѓани од албанска националност ја нападнаа полицијата со камења а повремено врз неа беше стрелано и од огнено оружје, при што според медиумски извори, во престрелките загинаа 4 лица (Викторија Гешковска-63 години, Сафет Сејфулани-32 години, Шемседин Ибраими-38 години и Мемиш Сулејман-22 години), а 23 беа полесно или потешко повредени, а беше направена и значителна материјална штета. Во доцните ноќни часови македонската полиција успеа да воспостави ред притворајќи 56 лица. МВР во врска со овој настан, во соопштението до јавноста од 9 ноември 1992 год., меѓу другото, истакна дека работејќи на идентификување и пронаоѓање на лицата што учествуваа во настанот утврдено е дека , покрај лица од Скопје и од околината, како и лица од Тетово и од Гостивар, учествувале и 27 странски државјани, од кои 11 се албански државјани, а 16 се од Косово. Притоа, против 4 лица од Косово беше поднесена прекршочна пријава, по која од страна на Општинскиот суд за прекршоци им беше изречена казна затвор во траење од 30 дена, а другите лица, по утврдување на нивното однесување беа ослободени, а сите 11 албански државјани веднаш беа протерани од Република Македонија. Следна фаза од практикувањето на ова конкретно етнонационалистичко политичко насилство од позиции на албански радикализам беше фазата на политизација и интернационализација на истото од страна на релевантен дел од албанскиот политички фактор во државата. Имено, веднаш по овој настан, како што известија медиумите, потпретседателот на ПДП (Партија за демократски просперитет) Сами Ибраими во изјава за грчкиот ТВ канал „Мега” смислено и организирано изврши политизација на истиот, видно избегнувајќи ја вистината и правејќи штета на угледот на Република Македонија изјавувајќи го следното: „Овде се случија лоши работи. Четворица се убиени, повеќе од 30 се ранети, а над 90 лица се ставени во затвор и се тепани како животни. Мислам дека тоа беше однапред подготвувано од македонската полиција. Тие ја дестабилизираа состојбата во целата Република, бидејќи мислат дека со вакви конфликти и со убивање ќе ја придобијат Европа што побргу да ја признае Македонија”. Освен оваа изјава, во тој период можеше да се забележи од јавните настапи на лидерите на албанските политички партии, нивно истакнување дека упатиле писмо до сите релевантни меѓународни организации во кое се укажува на незадоволителниот третман на припадниците на албанското малцинство во Република Македонија од страна на официјалната власт барајќи интернационализација на настаните на Бит-пазар во ноќта меѓу 6 и 7 ноември 1992 год. Инаку би напоменал дека до тој период во составот на официјалната власт кои албанските политички лидери ја спомнуваа, потпретседател на Владата ( и од 20. 03. 1992 и од 4. 09. 1992) беше Беќир Жута, додека член и при двата дотогашни избори на Влада беше Илијаз Сабриу (министер за труд и социјална политика), потоа Алаедин Тоска (министер без ресор во владата од 20. 03. 1992), додека во Владата од 4. 09. 1992 год. членови на Владата беа и Џевдет Хајредини (министер за финансии), д-р Аслан Селмани (министер за наука) и Сервет Азиу (министер без ресор). Овие обиди за форсирање на политизација и интернационализација на политичкото насилство од позиции на албански радикализам индицираа на постоечката готовност на релевантните делови од албанскиот политички фактор за инструментализација на „нарушените меѓунационалните односи” во остварувањето на политички радикалната цел која се однесува на федерализација на Република Македонија. Инаку, откако подоцна во јавноста беше официјално обелоденето, во овој период веќе била формирана т.н. „Паравојска” (терористичката организација т.н. „Штаб за национална одбрана на вооружените сили на Албанците”) која противуставно дејствувала од позиции на албански радикализам и на која една од целите и била Албанија во „етничките граници”, а која илегална организација беше разоткриена во 1993 год. за да на 27 јуни 1994 год. 10 припадници на истата бидат осудени на казна затвор (т.н. Паравојска е посебна тема за која ќе пишувам наскоро). Но, константната готовност од противуставно насилно дејствување од позииции на албански радикализам и понатаму беше причина за практикување на политичко насилство, но овој пат повод за истото беше законски основаната полициска акција на македонската полиција за спречување на одржувањето на илегалната настава на т.н. „факултети” на т.н. „тетовски универзитет” во Мала Речица. Имено, претходно следеше законски основаната полициска акција на македонската полиција и на Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија, за уривање на покривната конструкција, доградбата и бетонската ограда околу поранешната зграда на месната заедница во Мала Речица, во која беше планирано отварање т.н. „лабораторија за физика и хемија” на т.н. „тетовски универзитет”, која акција беше изведена на 14 декември 1994 год., при што од страна на македонската полиција беше запечатена вратата од т.н. „ректорат” на т.н. „тетовски универзитет”, а беше запленета и документацијата. Оваа законски основана полициска акција, како што информираа медиумите, беше повод за писменото обраќање (инаку непотребно кодошење и нарушување на угледот на државата) на претседателот на Собранието на општина Тетово Шаќир Алити до тогашните мисии на КЕБС (ОБСЕ) и на УНПРОФОР. Инаку, пред спроведувањето на законски основаната полициска акција, Владата на Република Македонија на својата седница одржана на 12 декември 1994 год. расправајќи по барањето за отварање на „универзитет на албански јазик во Република Македонија”, поднесено од иницијаторите, наречени „асоцијации и албански политички субјекти во Македонија”, зазеде ставови од кои може да согледа следното. Во тогашниот Устав на Република Македонија беше предвидено дека националностите во Република Македонија имаат право на настава на мајчин јазик во основното и во средното образование, што значи наведеното барање не беше во согласност со Уставот, ниту со тогаш постојниот Закон за насочено образование. Во врска со школувањето на наставници за настава на мајчин јазик, во рамките на уставно дефинираните права, Владата зазема став според кој, во рамките на Универзитетот треба да се реши за формите низ кои ќе се овозможи вакво образование во единствениот систем на образованието, со што ќе се отворат можности за целосна реализација на правата на националностите во оваа област, утврдени со Уставот на Република Македонија. Тргнувајќи од фактот дека подносителите на оваа иницијатива преземаат широки мерки за нејзино осварување, независно од нејзината неуставна и незаконска основа, при тоа доведувајќи ги во заблуда граѓаните со ветувањата за отворање на ваков „универзитет”, прибирајќи притоа од нив и средства, како и подготвувајќи објекти каде би бил сместен таквиот „универзитет”, Владата укажа дека сето тоа не предизвикува правно дејство и ќе ги преземе сите мерки кои í стојат на располагање за да ги суспендира овие вонзаконски активности. При тоа Владата укажа дека одговорноста за последиците настанати од вака преземените незаконски дејствија на иницијаторите, а посебно заради можното нарушување на меѓунационалните односи, ќе ја сносат носителите на оваа неуставна и незаконска иницијатива. И покрај овие официјални укажвања на македонската Влада, т.н. „тетовски универзитет” беше противуставно „официјално отворен” ноќта меѓу 16 и 17 декември 1994 год. откако беше потпишана одлука за негово отварање на собирот во седиштето на ПДП во Тетово на кој учествуваа, покрај членовите на иницијативниот одбор за основање на т.н. „универзитет” на чело со т.н. претседател на одборот и самопрогласен и т.н. „ректор” Фадил Сулејмани, претставници на општинските собранија на општините Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Кичево и Струга, на сите политички партии на Албанците во Република Македонија, сите пратеници Албанци во македонскиот Парламент, како и министрите-Албанци во старата и дел од кандидатите-министри за состав на новата Влада (според написите во печатот, одлуката за „отварање” на „универзитетот” меѓу другите ја потпишале и тогашните министри Илијаз Сабриу и Џевдет Хајредини). На 15 февруари 1994 год. беше извршено „церемонијално отварање” на т.н. „универзитет” на противуставната манифестација (која траеше само 45 минути) во Мала Речица каде пред околу илјада граѓани од албанска националност, меѓу кои и некои лидери на албанските политички партии беше прогласено „отварање” на оваа илегална и противуставна творба. На оваа противуставна манифестација беше присутен и срамот на Америка, т.н. лидер на албанското лоби во САД Џозеф Диогарди, поранешен член на американскиот конгрес кој имаше свое поздравно обраќање со елементи на разгорување на национална омраза (инаку истиот беше протеран од државата веднаш по настаните од 17. февруари 1994). Само два дена по одржувањето на оваа противуставна манифестација, на 17. февруари 1994 год., во Мала Речица околу 14.30 часот дојде до судир помеѓу македонската полиција која се обиде да го спречи одржувањето на илегалната настава на овој парауниверзитет, и повеќе илјади граѓани од албанска националност кои судирите ги испровоцираа и започнаа со напад врз македонската полиција фрлајќи врз неа камења, летви и други предмети, а од некои места беа слушани и истрели од огнено оружје. Епилогот од ова практикување на политичко насилство од позиции на албански радикализам беше едно загинато лице, 20 лица беа повредени, меѓу кои и полицајци, додека самопрогласениот и т.н. „ректор” Фадил Сулејмани на т.н. „универзитет” беше уапсен, а подоцна против него беше поднесена и кривична пријава. Инаку, во врска со злоупотребата на „образовните потреби на Албанците” врз албанско-националистички основи, интересно е да се спомене еден настан (за кој медиумите известија), кој беше израз на политичко насилство, а се однесува на претепувањето на студентот Едмонд Адеми (тогаш 23-годишен Албанец од Тетово), инаку во тоа време студент на трета година на социологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, кое претепување беше извршено од Мустафа Хиса и Нехат Зилбери во вечерните часови на 7 април 1996 год. во Тетово. Како повод за ова претепување била изјавата на овој студент во која истакнал дека Албанците во Македонија можат да студираат на Универзитетот во Скопје (изјавата била дадена на една официјална дискусија насловена како „Ние можеби треба да ја градиме својата иднина” во рамките на Меѓународниот балкански семинар во Истанбул: „Коегзистенцијата на балканските народи” кој беше одржан од 3. до 13. март 1996 год. на кој студентот Адеми учествувал). Следен настан кој беше одбележан со практикување на политичко вооружено насилство од позиции на албански радикализам, беше нарушувањето на јавниот ред и мир во поголем обем во Гостивар на 9 јули 1997 год. од страна на дел од граѓаните од албанска националност кои како повод ја имаа полициската акција со која беа симнати знамињата на Албанија и Турција пред зградите на општинските собранија во Тетово и Госивар, додека причина повторно беше континуираната готовност од противуставно насилно дејствување од позиции на албански радикализам. Имено, Советот на општина Гостивар на својата седница одржана на 27. јануари 1997 год. донесе одлука според која во рамноправна употреба во општина Гостивар ќе бидат знамето на Република Македонија и знамињата на Република Албанија и Република Турција, а печатот на општина Гостивар ќе биде на македонски и на албански јазик, додека на 14. февруари истата година усвои одлука за измена и дополнување на претходната, односно за поставување на македонското, албанското и турското знаме на јарболите пред зградата на општината. Проблемот со истакнување на знамиња на странски држави ескалираше во наредните месеци, посебно за време на првомајските празници кога во Гостивар и во Тетово, како и во некои други единици на локалната самоуправа на подрачјата на овие градови беа истакнати знамиња на Република Албанија, поради што МВР поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против градоначалникот на Тетово Алајдин Демири како и против градоначалниците на неколку новоформирани општини. Уставниот суд на РМ, кон средината на мај 1997 год., донесе одлука-привремена мерка за неистакнување на знамињата на албанската и турската националност во општина Гостивар, бидејќи не постоеше законска основа за употреба на знамиња на други држави. Ваквата одлука беше повод за организирање на т.н. митинг за „одбрана” на албанското знаме во Гостивар на 24. мај 1997 год.. На 4. јули 1997 год. беше донесен Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, додека пак четири дена подоцна, односно на 8 јули беше донесен Законот за знамињата (за него гласаа 63 пратеници, а 24 беа против) според кој истакнувањата на знамиња на туѓа земја не се дозволени, освен во специјални случаи, додека пак припадниците на националностите во Република Македонија можат да го употребуваат знамето што сами го избрале за изразување на својот идентитет и на националните особености исклучително во нивниот приватен живот и при одржување на културни, спортски и други приредби. Според овој закон, знамето на националностите не смееше да се истакнува, покрај другото, пред и во објектите на локалната самоуправа, јавните служби, установи и претпријатија и други јавни објекти, друштва и организации. И конечно, врз уставна и законска основа, на 9. јули 1997 год., ноќта околу 03. часот со полициска интервенција на МВР, знамињата на Република Албанија и Република Турција беа симнати од јарболите пред зградата на гостиварското Собрание што по неколку часа (околу 08. часот) предизвика нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем од страна на толпа која броеше седум до осум илјади граѓани од албанска националност меѓу кои имаше и државјани на Република Албанија, кое нарушување се состоеше и од вооружен напад на македонската полиција, при што освен огнено оружје беа користени и претходно подготвени „молотови коктели”. Истото се случи и околу 15.30 часот попладнето кога судирите продолжија, за да крајниот исход од ова практикување на политичко насилство од позиции на албански радикализам се состои од тројца загинати, 12 хоспитализирани лица, 25 потешко повредени, 8 потешко повредени полицајци и еден ранет полицаец од огнено оружје, а беа приведени 320 учесници во вооружените судири при што беше приведен и градоначалникот на Гостивар Руфи Османи, кој подоцна, заедно со градоначалникот на Тетово Алајдин Демири и со претседавачите на Советите на Гостивар и Тетово, беше осуден на повеќегодишна казна затвор (на 6. февруари 1999 год. сите беа ослободени од издржување на казната по повторно донесување на Законот за амнестија на 9-та седница на Парламентот на 4 февруари 1999 год. Инаку Законот за амнестија првпат беше донесен на 29 декември 1998 год., но претседателот на Република Македонија одби да го потпише). Од оваа безбедносно-хронолошка анализа на политичкото насилство од позиции на албански радикализам може да се извлечат следните елементи кои меѓу другото, се суштински потребни за соочувањето со оној дел од општествено-безбедносното минато на Република Македонија кој се однесува на безбедносно-загрозувачките содржини продуцирани од етнонационалистичко политичко насилство од позиции на албански радикализам: 1. Периодот во кој ова политичко насилство беше практикувано претставува клучен период од аспект на доконституирањето на македонската државност преку осамостојувањето и меѓународното признавање на македонската држава, како и преку процесот на плурализацијата и демократизацијата на македонското општество, така да овие облици на политичко насилство генерираа дезинтеграциони и дисјунктивни процеси кои одеа на штета на остварувањето на македонските национални интереси. 2. Причина за практикувањето на политичкото насилство од позиции на албански радикализам претставуваше константната готовност за противуставно вооружено дејствување од позиции на албански радикализам на дел од граѓаните од албанска националност со цел нелегитимно и нелегално создавање на општествено-политички промени пројавени во облик на општествено-политичка и безбедносна криза со која би се создале услови и претпоставки за поткопување на основите на суверенитетот на македонската држава и рушење на нејзиниот уставен поредок, додека повод за истото претставуваа легалните и легитимни полициски активности насочени кон одржување на јавниот ред, мир и поредокот во македонското општество и сузбивање на незаконските активности. 3. Уставниот поредок на Република Македонија кој меѓу другото, претставуваше (и претставува) основна рамка за интеграција на сите националности/етнички заедници, а од која интеграција зависеше (и зависи) историската перспектива на државата, беше константно загрозуван за да во 2001 истиот биде насилно урнат (променет). 4. Културно-образовната сфера на македонското општество која претставуваше (и претставува) суштински општествен елемент кој има капацитет за меѓуетничко поврзување и генерирање на конјуктивни процеси на општествена интеракција во функција на заеднички пристоен и квалитетен живот, беше злоупотребена и инструментализирана за остварување на албанските радикални аспирации и интереси кои меѓу другото индицираа тенденции од развивање на културно-образовен сепаратизам во македонската држава и општество. 5. Противуставното дејствување од позиции на злоупотреба на т.н. „албанско прашање” и во овој период (1991-1997) од опстојувањето на нашата држава е во кохезивна спрега со противправното дејствување од позиции на злоупотреба на т.н. „косовско прашање”, како и со некои димензии од развојот на Република Албанија после распадот на нејзиниот ултрарадикален комунистички уставен и политички систем, односно етнонационалистичкото политичко насилство од позиции на албански радикализам во нашата држава беше поттикнувано и помагано од радикални структури во Косово и Албанија. 6. Политичкото насилство од позиции на албански радикализам (во Радолишта, Бит-пазар, Мала Речица и Гостивар) претставуваше индикатор за постоење на готовност кај одредени албанско радикални структури од подготвување и изведување на идни терористички напади што подоцна и се потврди со пројавениот етнонационалистички тероризам од позиции на албански радикализам кој започна да се манифестира во декември 1997 год. за да во 2001 год. истиот кулминира со негово масовно и екстремно практикување. 7. Од политолошки и политичко-психолошки аспект може да се констатира дека во вкупното организирање на етнонационалистичкото политичко насилство од позиции на албански радикализам, беше извршена (когнитивна и афективна) политичка манипулација која имаше за цел генерирање на услови и претпоставки за понатамошно противуставно дејствување од позиции на албански радикализам кое во зависност од компатибилноста со стратегиските интереси на одредени центри на моќ, ќе резултира со обид за воспоставување на федерализација, сецесија или друг облик на загрозување на суверената неделивост и интегритет на државната територија на Република Македонија како членка на меѓународната заедница. 8. Иако албанските политички партии имаа различни програмски, односно политички концепти, нивен релевантен дел беше единствен во организирањето и планирањето на манифестираното етнонационалистичко политичко насилство од позиции на албански радикализам, што воедно претставуваше и елемент од нивната политичка промоција на македонската политичка сцена, а исто така и елемент од нивниот вредносен концепт и вкупна методика на политичко дејствување во глобалниот политички процес во Република Македонија. И конечно, од оваа безбедносно-хронолошка анализа може да се констатира дека политичкото насилство од позиции на албански радикализам (1991-1997) претставува(ше) перманентно присутна општествено-безбедносна појава во македонската држава и општество, со тенденција да опстојува се додека релевантни делови од албанскиот политички фактор (и одредени елементи на меѓународниот фактор) имаат интерес истото да го подготвуваат и практикуваат како една од опциите на сопствената методика на политичко дејствување, така да при соочувањето со општествено-безбедносното минато со цел градење ставови за општествено-безбедносната иднина на Република Македонија (без „талатовци-малатовци” и други терористички елементи во македонскиот безбедносен систем на раководење и командување), ќе биде потребна, меѓу другото, и креирање на таква општествена и национална ситуација во која ќе бидеме сведоци на аргументирано манифестирање на готовност за политичко дејствување во функција на остварување на македонските национални интереси од страна на оној дел од албанскиот политички фактор кој во својот политичко-вредносен концепт го имаа(т) и практикувањето на политичко насилство како средство за реализација на своите политичко-радикални и противуставни аспирации и интереси. http://maktel.mk/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|