Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 23 ... 42, 43, 44 ... 71 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty22/2/2013, 11:19

Овој Веле Ѓорѓиевски е оној што ревносно го бранеше Законот за бранителите и се бореше со Џафери?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty22/2/2013, 11:48

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty22/2/2013, 12:09

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty22/2/2013, 19:07

Доживотен затвор за полицаецот Трифуновски за двојното убиство во Гостивар

Образложението на Судот беше дека Трифуновски со умисла ги убил Бесник Шехапи и Имран Мегди
Казна доживотен затвор за полицаецот Јаким Трифуновски, попладнево пресуди Основниот суд во Гостивар за двојното убиство.
Образложението на Судот беше дека Трифуновски со умисла ги убил Бесник Шехапи и Имран Мегди. Според предудата, Трифуновски на 28 февруари минатата година најпрво имал вербалана расправија по што следела физичка пресметка, по која се разделиле. Откако Шехапи и Мегди се оддалечиле, како што стои во пресудата, Трифуновски се доближил до нивниот автомобил и со неколку истрели ги убил.

Одбраната најави жалба, а семејствата на оштетените се задоволни од пресудата и сметаат дека со тоа правдата е задоволена.

http://press24.mk/story/makedonija/dozhivoten-zatvor-za-policaecot-trifunovski-za-dvojnoto-ubistvo-vo-gostivar

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty22/2/2013, 20:38

Ова е „одмазда„ за убиството...ццц незаивсно судство мај ес!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty22/2/2013, 20:39

Д-р Благоја Марковски

ТАЛАТ ЏАФЕРИ БЕШЕ ДЕЗЕРТЕР ОД АРМ. КАКО СЕГА ЌЕ БИДЕ ДОБАР МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА?
Поставувањето на Талат Џафери за министер за одбрана предизвика бројни реакции во јавноста, пред се’ поради неговото учество во конфликтот во 2001 година, во униформа на УЧК. За многумина е неприфатливо, неполни 12 години по вооружениот судир, командат во противничката страна да биде денес на една од највисоките државни функции во одбраната. Воено-политичкиот аналитичар, д-р Благоја Марковски го дели тоа мислење, а го наведува и моментот дека новиот министер, во тоа време капетан на АРМ, ја напуштил војската и се ставил во служба на тогашниот воен противник...

Зошто е кај Вас толку голем отпорот против именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана? Дали само заради симболиката што неговото име е поврзано во УЧК?
Не, не станува збор само за симболика, туку и за практично дејствување на Џафери во кризната 2001 година, кога тој се стави на страна на екстремните вооружени групации и од позиција на командат на таканаречената 116. бригада на УЧК ги планирал и изведувал дејствијата на таа негова структура врз безбедносните сили на Република Македонија. Значи, прашањето е суштинско, па суштински е и отпорот што се јавува, и тоа не само во одреден слој наши граѓани, туку и кај политички определените за најголемата владејачка партија. Единствени кои даваат поддршка на ова именување се претставниците на ДУИ, односно нивните симпатизери, и никој друг. Треба да се има во вид дека Џафери беше припадник на АРМ, капетан прва класа, и тој заедно со уште тројца офицери и деветмина подофицери дезертираше од нашата армија. По покренувањето дисциплинска постапка против него на 23 јуни 2001 година, тој доби отказ. Сето тоа наведува дека неговото минато не дава гаранции оти нема да се повтори она што веќе го направил порано. Кога човек еднаш ќе дезертира, засекогаш останува со таа дамка. Затоа сметам дека Талат Џафери стапува на функцијата министер за одбрана со тешко бреме, кое ќе го оптоварува и лично, бидејќи ќе се соочува со сомнеж во довербата кон него.

Може ли со вакви отпори да профукционира целосно Охридскиот рамковен договор? Таа 2001 година беше многу тешка, со повеќе проблематични актери во неа, кои направија работи што не се забораат лесно. Но сепак, ќе излеземе ли некогаш од тој лавиринт на недоверба ако постојано се враќаме на нечии постапки во минатото, а и имаше амнестија. Уште колку време ќе треба да помине за да почнеме да прифаќаме некои работи?

Има различни гледања на Охридскиот рамковен договор. Според мене, тоа беше во тој момент единственото вистинско решение, кое создаде ситуација да прекинат оружените непријателства, да се врати мирот и да се најде политички договор за натамошното организирање на државата. Затоа, го сметам за многу позитивен. Но, поставување на Талат Џафери за министер не треба да се гледа низ призмата на Рамковкниот договор. Во оваа ситуација, доколку ДУИ пристапуваше сериозно кон ова прашање, лесно можеше да ги антиципира сите негативни реакции што ќе се случат, и да предложи било кој друг од нивните функционери. Јас сум убеден дека во таа партија има доста квалитетни луѓе, кои се од доверба, и имаат можности таа доверба да ја развиваат понатаму од министерската позиција.


Меѓутоа, некои од упатените во оваа проблематика велат дека Талат Џафери припаѓа на побенигната варијанта меѓу тие евентуално можни предлози. Односно, дека Али Ахмети свесно не ги поставува на врвни државни функции вистинските „битанги“ на ДУИ, иако некои од нив се повлијателни во партијата, бидејќи знае дека така ќе предизвика многу посилна реакција кај македонската страна и кај странците.

Јас не можам да навлегувам во внатрешнопартиските односи на ДУИ. Она за што зборувам се интересите на Македонија. Кога се поставува на функција човек каков што е Талат Џафери треба да се имаат во вид консеквенците од тој чекор. Ако се во прв ред интересите на државата и се има визија каде и како понатаму ќе се движи Македонија, тогаш ова решение не е најприлагодено, односно не е соодветно на актуелниот момент. Ќе треба да помине многу повеќе време од конфликтот, многу посуштински да се пријде кон проблематиката на заборавање и простување, за да може да се поставуваат вакви личности на таква функција. Пак повторувам, ако ДУИ навистина имаше за цел демократски развој на Македонија, мораше да најде друга личност. Исто така, не се коректни забелешките дека тој веќе бил заменик министер за одбрана, па не е сега првпат да влезе во одбраната на РМ. Ингеренциите на министер се многу поголеми отколку за заменик, така што тоа воопшто не е иста ситуација.

Мислите дека ќе биде поинаков од претходникот, Фатмир Бесими?

Многу е краток периодот од неговото поставуавње до денес, за да можам да ја оценувам министерската работа на Џафери. Но, го анализирав говорот што тој го одржа при инагурацијата, а таквите обраќања кажуваат многу за намерите на човекот и неговите сфаќања за функцијата. Тоа дека ќе ги приближи стандардите на АРМ кон НАТО е во ред, и би требало да биде така. Но, веќе следните ставови му се прилично проблематични. Вели: „ќе придонесе Армијата во секоја нејзина димензија да ја рефлектира реалноста во нашата држава, да биде симбол на меѓуетничкиот соживот и на толеранцијата, да ги почитува различностите, како и да придонесе за помирување меѓу етничките групи“. Ова е контрадикторно со улогата на современа армија во актуелниот политички систем. Во ниту еден документ, почнувајќи од Стратегијата за национална одбрана, преку Законот за одбрана, до Законот за служба во армијата, никаде не стои дека АРМ треба да дејствува со „рефлектирање на реалноста во нашата држава“. Всушност, имајќи ги во вид реалните состојби, ќе биде многу негативно ако тој се обиде нив да ги рефлектира во АРМ. Навистина во овој момент не можам да се сетам на ништо позитивно во државата, што би требало да се рефлектира во Армијата. Напротив, ќе биде многу лошо ако тие проблеми се префрлат и на армиско ниво. Второ, според Уставот, функција на АРМ е одбрана на земјата, а не да се поставува во социјалистички контекст, и да го развива братството и единството, односно соживотот и меѓуетничката толеранција. Од припадниците на Армијата се бара квалитетна обука, и потоа стекнатите знаења да ги извршуваат професионално низ мисиите и задачите, кои им се задаваат. И толку. Не треба да се оптоварува војската со други општествени фукнции.

Колку е, реално, моќна позицијата министер за одбрана?

Министерот не командува со АРМ. Врховен командат е претседателот на државата, а понатаму надлежностите се пренесуваат од Генералштабот до најниските нивоа на командување и раководење. Но, Министерсвото се појавува со значајни активности, кои ги планира и одобрува, токму министерот, со неговите соработници. Тоа се 19 исклучително важни задачи, од кои зависи развојот и подготвеноста на АРМ за извршување на своите функции. Тука се буџетирањето на АРМ, опремувањето, потребните средства за обука итн, итн. Затоа не можеме да ги пренебрегнеме функциите, мисиите и улогата кои ги има министерот, бидејќи се тие многу битни за остварување на уставната задача на Армијата.


Во каква состојба е денес АРМ? Во неколку наврати сме слушале искажувања на нејзини припадници, кои велат дека нивните униформи се искинати, чизмите стари, условите за работа несоодветни...

Тоа е факт, кој го признаваат и политичките структури. При неодамнешното примопредавање на должноста, претходниот министер Бесими му посака на својот наследник што поскоро да стигне новата опрема за војниците. Инаку, за македонската армија се карактеристични два контрадикторни момента. Од една страна, паричните средства за финансирање на војската се непримерено мали, и постојано се намалуваат, како процентуална стапка на буџетот, но и во фактички износ. Конкретно, во 2005., АРМ добиваше 2,27 проценти од БДП, а во 2012 година - 1.2 отсто, односно тогаш 102 милиона евра, а лани 93 милиона, и покрај речиси двојно зголемениот државен буџет.

АРМ живее и функцинира цела година со само 93 милиона евра?

Да, и затоа се поплаките на голем дел од нејзините припадници. Второ, РМ прифати обврска да учествува во мисии на зачувување или изградба на меѓународниот мир, што исто така се финансира од овие пари. Всушност, средствата се претежно насочени кон опремувањето на тие мисии, а за сметка на тоа заостанува опремувањето на другите структури, кои би требало да ни се многу побитни, зашто основна задача на нашата војска не е развој на меѓународниот мир, иако е тоа многу важно, туку одбрана на сопствената држава. Но, од друга страна, ја имаме таа контрадикторност, да и покрај сите проблеми, АРМ покажува фантастични резултати, и добиваме големи признанија од НАТО и од сите земји со кои соработуваме. Тие секогаш ја истакнуваат добрата обученост на нашите офицери и војници. Мислам дека е тука пресудна желбата на припадниците на Армијата да се претстават како доволно созреани за извршување и на најсложените задачи. Нивното чувство на одговорност го надвладува тоа што македонските политичари не се доволно посветени, да биде АРМ современо опремена.

Дали професионализацијата на АРМ се покажа добра? Неодамна имаше иницијатија да се разгледа повторното враќање на регрутниот систем. Што мислите Вие за тоа?

Јас сум застапник на тезата дека ако сакаме современа армија, која ќе одговори на денешните безбедносни предизвици, треба да развиваме потполно професионална војска. Светските, а и нашите искуства го зборуваат тоа. Ние почнавме со професионализација во 2006 година, и според мене тој процес се одвива многу успешно. Предлозите за делумно враќање на регрутниот систем не се поради непостигнување резултати во обуката и подготвеноста на војниците, туку заради недоволните средства за Армијата. Но, тоа не е решение. Логиката дека регрутот чини помалку од професионалниот војник е враќање назад, во процес кој веќе сме го надминале. Решението е само во доследно алиментирање на потребите на АРМ од страна на државата. А, сите споредни, логистички и неборбени дејности ќе се реализираат, не со поставување регрути, туку со реално согледување на потребите на Армијата.

Треба ли свесно да се засилува општествената улога на АРМ, како што беше случај со ЈНА во Југославија? Таа војска заврши неславно, но не толку заради себе, колку заради политичките фактори, кои ја злоупотребија. До почетокот на 90-тите, односно до дефинитивното распаѓање, таа имаше највисок можен рејтинг, со речиси митски статус. Сте за тоа и кон АРМ да се создава таков однос, или сепак, местото на армијата е само во касарните?

Ова е многу интересно прашање. Ако правиме споредба меѓу тоа што беше некогаш Југословенската народна армија, и како ја градиме АРМ денес, треба да се појде од фактот дека СФРЈ беше федерална држава, а армијата еден од конститутивните елементи на таа заедница. Ние имаме сосема поинаков општествено-политички систем, Македонија не ниту федерација, ниту социјалистичка држава, и затоа нема никаква смисла да се развива АРМ во било која друга насока, освен во воената. Затоа, најубаво е таа да биде само во касарните. АРМ апсолутно нема потреба од идолопоклонски однос или создавање фетиш на граѓаните кон неа, а својот авторитет кај народот и довербата ги гради со професионално извршување на уставните задачи. Според мене, тоа го прави на извонреден начин и треба да продолжи така.

http://intervjua.com.mk/mk/zapis.asp?id=1432&kategorija=1

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty22/2/2013, 20:50

BIZZY - ЗА ОВА ЛИ ПЛАЧАТ НАШИТЕ МАЈКИ ?

Навистина не можам да си поверувам!

Ова дефенитивно е светот чиј крај е на прагот. Во други околности само би дал една воздишка, како и досега. Но ОВА навистина ја докрши Македонштината, а и мојата трпеливост.

Една слика која што значи уште безброј нови лелекања и солзи:

Официјално од завчера, после свечена церемонија под отворено небо, на дожд, нов министер на МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА е господинот Талат Џафери - никогаш заборавениот УЧК КОМАНДАНТ ФОРИНА. Тоа е човекот кој, или лично ја убиваше или даваше наредби да ја убијат истата таа Aрмија која што сега ја застапува со потпис и печат!

Армијата беа, и се, нашите татковци... нашите браќа... и нашите деца... Македонија е нешто што ним им се должи. Должници сме сите ние. Безусловно!

Јас сум, партиски, фала Му на Бога, НЕопределен. Ниту сум нацист, ниту сум расист. Напротив, се сметам себе си за човекољубец. Впрочем и моите лик и дело одат ЗА Народот, без разлика на која вера и националност припаѓа. Но, нема ништо човекољубиво во узурпирањето туѓа територија и убивањето на тамошното население кое по секоја логика на разумот си го брани домот.

Идејата за Голема Албанија, на сите нам ни е добро позната. Познат ни е и изборот на страна на сегашниот министер за време на војната во 2001. Избор кој се обиде и самиот да го прикрие за време на избирањето министер - во неговата биографија стои дека бил офицер во ЈНА од 1985 до 1991 година, потоа (од 1992 до 2001) бил офицер во АРМ, па во 2002 станува пратеник и потоа заменик-министер за одбрана и повторно пратеник во два мандата. Прескокната е 2001 година. Сите знаеме зошто, не?

Истиот со молк ги опструираше расправите на законот за бранителите.

До каде вака, НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ?!

Или ова е она што Загинатите го заслужија? Најверојатно... а?

Не е проблемот во господинот Џафери, ниту во тоа што бил - сите грешиме постојано и сите имаме шанси да се покаеме и поправиме пред Бога и луѓето. Проблемот е во тоа што овој потег е буквално плукање во лицето на Мајката која никогаш повеќе нема да го види својот син. Ниту еден насмев... ниту еден збор повеќе. Нема. Толку. Тоа е. Ме разбираш?!

Оваа нималку дискурзивна одлука на власта во овие, тешки за живеачка, времиња, е навистина низок удар. Најверојатно зад ова стојат, Бог знае дека не осудувам, големи пари.

Па уште се бориме за името!

Покрај вакви крајно абнормални делувања, немаме право на името Македонија. Македонија значела нешто друго. Навистина била варварска и неморално уредена империја, но барем била СВОЈА НА СВОЕТО.

Се надевам дека мојот аналитичен метод на пристапување не ги навреди чувствата на народот од албанска националност, бидејќи мојата намера воопшто не е таква. Напротив, меѓуетничките недоразбирања и надмашувања не одат во прилог на ниеден етнос. Човечкиот етос не ретко ги пречекорува етичките и моралните граници и се трансформира во бестија, со што навлекува проклетство на себе и околината. А за зло, не треба многу. Не е ова кавга, за да требаат двајца. Злото е Ѓаволот, а тој не е ниту православен, ниту муслиман, ниту атеист.

За тоа сме си виновни самите, по секој основ. Народот ја формира власта и ја држи во своите раце. Само замислете го МАКЕДОНСКИОТ НАРОД како коридира во спротивна насока на собраните функционери од било која партија и нација.

Тоа е таа моќ!

Тоа е она од што и најсилните стравуваат!

А кај нас е обратно: скапите одела доминираат над напатените очи и намачените раце.

Напишал: Bizzy

http://hiphop.mk/artistite-pisuvaat/1312-bizzy-za-ova-li-placat-nasite-majki

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty22/2/2013, 21:01

БРАНИТЕЛИ И ПОРАНЕШНИ ОФИЦЕРИ БАРААТ ЏАФЕРИ ДА СЕ ТРГНЕ ОД ФУНКЦИЈАТА

Од наредната недела Достоинство најавува протести со барање одлуката за именување на Талат Џафери за министер за одбрана да биде поништена. Во текот на вчерашниот ден група граѓани организирани преку социјалните мрежи се собрале во просториите...

Од наредната недела Достоинство најавува протести со барање одлуката за именување на Талат Џафери за министер за одбрана да биде поништена. Во текот на вчерашниот ден група граѓани организирани преку социјалните мрежи се собрале во просториите на Достоинство со барање да се изрази јавно незадоволството заради оваа одлука на Владата и парламентот.

-Ние очекувавме околу 30 лица, но на состанокот присуствуваа 120 лица. Нашата идеја е преку различни активности да ја потсетуваме јавноста за одлуката поранешен припадник на ОНА да ја води Армијата на Македониј. Не сакаме информациите да спласнат како што тоа беше случај со петкратното убиство кај Смилковското Езеро, рече лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов.

Доколку протестите не вродат со плод и Талат Џафери не си замине од функцијата, од Достоинство не ја исклучуваат можноста за порадикални мерки и оспорување на одлуката по институционален пат.

Заради личното минато Талат Џафери нема морален интергритет да го води Министерството за одбрана кое е едно од клучните и најјаките во една држава. Да поставите на чело на одбраната дезертер на Армијата кој заминал во паравоените единици и се борел против армиските припадници е неприфатливо решение, сметаат воено безбедносните експерти и поранешни високи старешини во АРМ.

-Тешко дека Талат Џафери со сите тие карактеристики може да воспостави единство во Армијата. По мене ова е несреќно решение и погрешен чекор, Благоја Марковски-Балкански форум за безбедност.

Митре Арсовски, поранешен началник на Генералштаб на АРМ вели дека требаше политиката да размисли многу подобро околу овој избор. „Овој чин на именување на еден поранешен функционер на Она која војуваше против армијата може да створи тензии“, вели тој.

Новиот министер, според Марковски, нема да може да ги обавува во целост своите работни задачи,посебно кога ќе треба да се одбележува некој значаен ден за Армијата.

-Во еден момент новиот министер ќе треба да се сретне со роднинините и родителите на загинатите бранители од 2001година, да положи цвеќе на спомениците. Не знам со каков морален интегритет би можел тоа да го направи,бидејќи е еден од тие кои се причинители за смртта на бранителите. Роднините на загинатите нема никогаш да го прифатат и да присуствуваат на заеднички воени церемонии, вели Марковски.

И Марковски и Арсовски се децидени дека ДУИ можеле да понудат поприфатливо решение за министер за одбрана, но сепак според нив, ваквиот потег на политичката партија е заради прибирање на гласови пред локалните избори.

http://www.telma.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=24373#.USeMFGi3n2I.facebook

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty22/2/2013, 21:21

Нешто не ми е јасно околу целава работа со Талат Форина и реакциите на луѓево кон сето ова.

Кон кого го насочуваат својот бес и негодување!?
Кого обвинуваат за тоа што бивша УЧК-а, кољач и убиец на Македонци, дезертер од армијата која сега ќе ја раководи... сега е министер?
Сите пишуваат: Уаааа.... Талат ова, Талат она, како можеше он да биде министер за одбрана.
Јасно ли им е на луѓево во Р.М како се станува министер!?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty22/2/2013, 22:03

Талат Џафери, на инаугурацијата, оној дел од говорот ,,Да живее Армијата на Република Македонијa" го прескокнал.....малце ни е ова, малце. Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 43 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 43 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 23 ... 42, 43, 44 ... 71 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: