Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 24 ... 44, 45, 46 ... 72 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty26/2/2013, 14:21

Кече со лавче

Аман, доста си ги мерите. Народот ви наеба... Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

1. Јас лично немам ништо против Талат Џафери да биде министер за одбрана. Особено што човекот е интелектуалец. Чита книги. Плус и го почитува Ацо Шопов. Ни ја читаше неговата "Тишина" додека дискутираше за законот за бранителите. Па инспириран од тишината, потоа со денови како интелектуалец мудро молчеше за да ја одложи расправата за истиот закон.
Дури и она што го напишаа на Фејсбук страницата на ДУИ дека УЧК дојде на чело на АРМ, го примив како уставна реалност. Луѓето се бореа во 2001 година. Си победија и си остваруваат.
Особено пријатно бев изненаден дека и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ без збор си го изгласаа предлогот на премиерот. Груевски им кажа дека кандидатот на ДУИ ги има потребните квалификации за тоа место, и на пратениците само тоа им беше доволно. Ич не сакам да се сеќавам што сe некои од овие исти пратеници зборуваа за крвниците пред десетина години. Па и за самиот Талат Џафери. Ама, знаете како рекле старите - Жив човек на сe се навикнува. Плус, убаво е што ние Македонците си имаме селективна меморија. Како пијаниците. Не можам да се каам за нешто што не се сеќавам.
Значи ДУИ навистина е вистински расадник на кадри. Постојано има вистински човек за вистинско место. Прво командант Вентиљи, кој во 2001 година три месеци го држеше цело Куманово без вода, како Садула Дураку стана министер за земјоделство. А сега командант Форина, кој во 2001 година пукаше во војниците на АРМ и мудро молчеше во Собрание, како Талат Џафери стана министер за одбрана.

2. Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ молчеа, пратениците на ДПА нешто се бунеа против командантот. Пратеничката Мерал Узеири - Ферати праша: "Дали идниот министер за одбрана ќе може, во знак на мултинационалноста, да им стави кечиња на гардистите од АРМ?".
Ќе може, зошто да не може. Додека Груевски се инаети со Бранко, Ахмети си брка работа. Беше проблем кога Бесими постави венец на споменикот на УЧК во Слупчане и на тој чин салутираа офицери на АРМ? Беше, ама се заборави. Сега има проблем со Џафери? Се бунат некои ВМРО-вци по социјалните мрежи, ама и тоа ќе им мине. Кај и да е, и предлог за уште една промена на Уставот ќе стигне. Која ВМРО-ДПМНЕ нема да може да ја блокира, дури ни со долги дискусии, ни со мудро молчење. Оти го прифатија деловникот на Александар Николовски и за уставни измени да има ограничување на дискусиите.
Така што, пратеничката од ДПА која бара гардистите да носат кече, воопшто не е мултикултурна и толерантна. Талат Џафери е за интеграција. Тој на гардистите би им ставил кече. Ама на кечето ќе им аплицира лавче.
Ова со лавчето и кечето ме потсети на една анегдота од Јапонија. Ги зафатила глобализација и комерцијализација, па иако не го слават Божик, го одбележуваат со купување подароци и со Дедо Мраз. Ама, во еден трговски центар малку ги измешале работите. Го украсиле трговскиот со божикна декорација, на која Дедо Мраз бил распнат на крст. Дедо Мраз ли беше, Божик ли беше, Исус ли беше, Велигден ли беше... Главно да се слави.
Отприлика како еден изгубен тајландски турист во Скопје. Се сликал пред споменикот на Александар. Нарамил ранец, ставил капа со Сонцето од Вергина и облекол маичка со двоглав орел. И пуштил слика на Фејсбук - Поздрав од Македонија.

3. Всушност, Талат Џафери воопшто не е проблем. Проблем е што од 2001 година до денеска ниту една власт не ги испочитува бранителите. Тие што се бореа против командант Форина, бранејќи ја Македонија.
Сега е уште поочигледно дека историјата ја пишуваат победниците. За жал, во 2001 година Македонија не беше победник. А во верзијата на историјата што ја пишуваат победниците најголеми душмани излегоа Јохан Тарчуловски, генералот Стојанче Ангелов и другите што загинаа или беа ранети, додека најголемите патриоти херојски се сончаа на плажите на Халкидики. Бидејќи бранителите излегоа душмани, затоа и ги деградираа. Не само што ги деградираа туку и парите за обесштетувањата за раните мораа да ги вратат.
Затоа УЧК и треба да е на чело на АРМ. За ако не дај Боже затреба, утре никому да не му текне пак да ја брани Македонија.
Така што сега имаме и продолжение на вицот за Македонецот и кубурот. Досега го чувавме скриен во пазуви. За секој случај. Сега ќе го закопаме во земја. Да не пукне, па самите да си се отепаме.

4. Два дена откако Талат стана министер, во непокорното Мислешево, во Струшко, се случи херојски чин. Главна вест во сите медиуми беше дека на приватен имот бил дигнат јарбол со македонско знаме. И покрај тоа што локалната власт, која е од ДУИ, го забранила јарболот. Македонците потоа играа оро околу јарболот и пиеја лута ракија. А ДУИ, во духот на мултикултурализмот и почитување на законите што сами го промовираа, ги пуштија Македонците да играат оро.
На Марс да поставевме македонско знаме, немаше толку да се радуваме, како што се радувавме во својата земја.
Да бевме толку големи патриоти, во моментот кога Општината забрани јарболи со македонски знамиња, во секој двор ќе осамнеше по едно македонско знаме. Ама поарно што не сме толку големи патриоти. Оти после ќе проработеше и македонштината. Ќе се скараа комшиите. Ќе си ги мереа јарболите. Кому му е поголем.

5. Отприлика слично како што јарболите си ги мерат Никола и Бранко. А овие од странство, ту со писма, ту со посета, ту со телефонски разговори ги убедуваат: "Аман, доста си ги мерите. Народот ви наеба".
Најголема криза во политичкава криза е што странците од македонските политичари бараат сами да најдат решение. А нашите политичари не се навикнати сами да си ги решаваат проблемите. Навикнати се да добијат готови решенија од Брисел и од Вашингтон. И потоа да се жалат: "А бе ова не е најдобро решение, ама странците така бараат". Тие да владеат, а друг да ја носи одговорноста.
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=8A4EEA7C601F0E48B3F7D9A4797ABC40

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty26/2/2013, 19:06

Закон колумна!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty27/2/2013, 23:20

ФОТО: Еве кој командант на УЧК е поставен од ДПМНЕ за министер

Порталот Centarnews публицира ексклузивни фотографии од поранешниот командант на УЧК, сегашен министер за одбрана, Талат Џафери.

На сликите се гледа командирот на УЧК Талат Џафери со своите соборци наоружани како позираат пред објективите. Реакциите не стивнуваат во македонската јавност поради ваквиот избор на премиерот Никола Груевски и поради тоа во петок преку социјалните мрежи се организира протест за морал, разум и свест кој ќе се одржи пред Владата на Република Македонија. Во поканата за настанот пред владата го пишува следново:

Ние не сме Партија, ниту сме биле, ниту некогаш планираме да бидеме. Ние сме оние обичните граѓани на оваа држава, од кои на секои избори ја барате довербата за да ја легитимирате демократијата. Но почитувани нема демократија таму каде што се гази и гуши моралот, разумот, и свеста.

Почитуван Премиер на Република Македонија, господине Никола Груевски во 2006 година вие дадовте збор дека нема да ја следите погубната политика на вашите претходници, дека нема да ги продавате интересите на својот народ, напротив ветивте дека од петни жили истите ќе ги браните. На тој основ на неколку изборни циклуси по ред вие ја побаравте подршката од тој народ и истата ја добивте.

Со поставувањето на поранешниот командант на 116 бригада на УЧК, пратеникот Талат Џафери, за Министер за Одбрана на Вооружените Сили на Армијата на Република Македонија вие најбезобразно го погазивте тој ваш збор. Ја изневеривте довербата на вашиот сопствен народ и во функција да одлучува за неговата одбрана сигурност и безбедност поставивте човек кој покажал и докажал дека е подготвен и македонска крв да разлее за да ги оствари своите планови.

Почитуван премиер, крвта на македонските бранители, раните, лузните, и емоциите на македонскиот народ од конфликтот во 2001 се сеуште свежи. Доволна е болката од Слупчане кога со армиски униформи се поклонија на гробовите на убијците на нашите браќа, доволен е расколот во армијата по етничка линија за тој да се продлабочува уште повеќе. АРМ повеќе не смее да салутира и капитулира пред оние кои ги убиваа, палеа, и масакрираа.

ПОГРЕШИВТЕ, НЕ НАВРЕДИВТЕ, НЕ ИЗИГРАВТЕ, стои во повикот за протест пред владата на 1-ви Март.
http://sky.mk/index.php/makedonija/10641-foto-eve-koj-komandant-na-uchk-e-postaven-od-dpmne-za-minister

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 8938VSx

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 A2F5pJv

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 YX2j04U

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 WlcaxiY

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty28/2/2013, 10:17

Убаво хеклерче имал.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty28/2/2013, 12:18

Штета што не направил еден negligent discharge. Wink
Му ибам шопот ретардиран му ибам.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty28/2/2013, 12:38

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty2/3/2013, 13:07

„Разбуди се“ ги осуди вчерашните инциденти, бара итни санкции за учесниците

Инцидентите кои се случија вчера пред Владата на Република Македонија, каде група демонстранти манифестираа насилство кон зградата на извршната власт и фрлаа со камења кон полицијата, денеска се најдоа на осуда од страна на невладината организација „Разбуди се“, позната по честите иницијативи за рамноправност на Албанците и доследна примена на Рамковниот договор.
Насилството кон случајните минувачи и палењето на албанското знаме како протест против изборот на Талат Џафери за министер за одбрана, за нив е чин на дегенерација.
„Самата причина за овие протести е дегенерирана затоа што овие инструментализирани луѓе сé уште не ја разбрале реалноста по 2001 година и ставањето на чело на одбраната на еден поранешен командант на УЧК е чекор кон помирувањето и градењето на заедничко општество. Претепувањето на деца и случајни минувачи заслужува најостра осуда и апелираме до властите да преземат итни мерки за откривање и осудување на авторите како и да се погрижат вакви настани да не се повторат“, стои во соопштението од невладината организација.
„Албанците не се дел од израмнување на есапи помеѓу македонските политички партии и затоа не треба да потпаднат под слични провокации, кои имаат цел да ги вклучат и да ги обвинуваат Албанците за политичката криза и потфрлувањето на македонските политички партии. Албанците на ниту еден начин не смеат да станат жртви на меѓумакедонскиот спор и ова мора да запре веднаш. Албанците се конструктивен елемент и придонесуваат кон меѓуетничка и меѓуверска толеранција, но слични инциденти се апсолутно неприфатливи“, се вели понатаму во соопштението.
Според „Разбуди се“, нема причина за протести против изборот на поранешен командант на УЧК на чело на Одбраната и велат дека овие протести се политички мотивирани затоа што поранешните команданти на УЧК ја водат Македонија во последните 12 години и ја донесоа на прагот на Европската Унија и НАТО.
http://plusinfo.mk/vest/82630/Razbudi-se-gi-osudi-vcherashnite-incidenti-bara-itni-sankcii-za-uchesnicite

Овакви гниди како "Разбуди се", заедно со нивниот лидер Артан Груби треба под итно да се санкционираат за да има мир во куќа.
Навистина не ми е јасно со кој памет државата не превзема ништо против вакви екстремни групации кој го подриваат државниот интегритет на МК!?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty2/3/2013, 13:24

Малолетници со камења нападнати во тетовско Непроштено

Вчера во 18,00 часот во ПС-Тетово, Б.А.(1970) од с.Непроштено-Тетово, пријавил дека дента околу 15,40 часот на фудбалското игралиште во с.Непроштено, неговиот внук К.Т. од Тетово, бил физички нападнат од четири засега непознати лица.
Имено, околу 15,00 часот внукот заедно со Д.Б.(2002) од с.Непроштено, со неколку другари играле фудбал на селското игралиште, при што дошле четири лица и почнале да фрлаат со камења по нив, а потоа физички ги нападнале, по што им нанеле видливи повреди.
Истите се префрлени во КЦ-Тетово, каде по укажаната лекарска помош К.Т. е задржан на понатамошно лекување, додека Д.Б. е пуштен на домашно лекување.
СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.
http://libertas.mk/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty2/3/2013, 13:31



Инциденти пред Владата

Албанците кои протестираат пред Владата на Република Македонија се судрија со полицијата. Полицијата интервенираше, откако групата која протестира започна да фрла со камења кон нив.
Полициско засилување се упати кон владата и приодите на владата.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty2/3/2013, 17:25

Цццц... гниди, него да не знаете, према бројноста вчера имаше повеќе на протест отколку денес?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 45 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 45 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 24 ... 44, 45, 46 ... 72 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: