Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 37 ... 71, 72, 73 ... 86 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty19/4/2013, 23:00

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty20/4/2013, 20:22

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty22/4/2013, 15:57

Брисел, политика на стапот и морковот
Србија со датум за ЕУ пред Македонија?

Навистина е тешко да се стави знакот за равенство меѓу проблемите на Белград со Приштина и постигнатиот договор и проблемите на Македонија и Грција за името во однос на евроинтеграциите на двете земји – Македонија и Србија.

Белград го потпиша договорот со Приштина и доби ветување дека веќе во јуни ќе добие датум за преговори за членство во ЕУ. Македонија одамна го има добиено ова ветување, ама никако да стигне до договорот во разговорите за разликите за името со Грција.

Ова може да значи дека во овој период македонската влада ќе се соочи со посериозен меѓународен притисок да го затвори прашањето за името. Неофицијално, на маса веќе е предлогот за Горна Република Македонија, но со многу отворени позиции во однос на употребата на придавката „македонски“. Вака, тешко дека која било македонска влада би ставила макар и иницијали на таков договор.

Грција отсекогаш сакаше да го наметне овој проблем како безбедносен за регионот, самиот спор за името повеќе е политички, а за Македонија и суштински во споредба со она што се реши на релацијата Србија – Косово. Апсурдниот спор меѓу Македонија и Грција навлегува длабоко во идентитетските прашања на македонскиот народ, што е сосема различно од она што минатата недела се потпиша меѓу Белград и Приштина.

Затворањето на косовското прашање може да значи нов поттик во однос на добивањето на датум за преговори и за Македонија, но тоа сепак останува во рамките на консензуалниот принцип на решавање во рамките на европските институции. А од Атина веќе стигнуваат најави за вето и за каков било обид за бајпасирање на ова прашање со датум.

Генерално, на Балканот сега има едно безбедносно прашање помалку. На ред е сега бриселската демократија и принципиелност во однос на тоа како ќе реши со датумите за Србија и за Македонија на јунскиот самит. Евентуалниот нов преседан, за Србија датум, а за Македонија уште еден позитивен извештај, само ќе ја надополни сликата за тоа дека членството во ЕУ е чисто политичко прашање, а не прашање на исполнување на одредени стандарди и почитување на одредени принципи.

Од друга страна, пак, ваквиот начин на решавање на косовското прашање можеби затвори еден безбедносен проблем, но се заканува да отвори уште еден – да стане модел за решавање во Македонија. Односно, се отвори вратата за нови барања на албанската заедница во Македонија и можни нови барања по урнекот на правата кои ги добија Србите на Косово.

На пример, според договорот, Србите во Косово имаат право да си основаат регионална полиција чии началници само формално ќе ги назначи косовското МВР чии пак сили ќе можат да влезат на територијата на српските општини само во случај на природни катастрофи.

Од друга страна, пак, постојаното одложување на почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија може да ја доослабне и онака намалената поддршка што ја даваат граѓаните.

Трајко Вељановски, претседателот на Собранието на Македонија, ова го потврди и на конференцијата на претседатели на парламенти од земјите на ЕУ.

„Дополнителните оптоварувања и неизбалансирани притисоци можат само да го опаднат ентузијазмот и подготвеноста за реформи. Сработеното на евроинтеграциониот пат треба да се почитува и да се валоризира. Особено треба да се почитува парламентот и да се вреднува сето она што досега го има дадено како свој придонес. Процесот на наше евроинтегрирање мора да се придвижи напред, да се направи неопходниот чекор напред и конечно да почнат преговорите за членство“, порача Вељаноски.

На ред се повторно еквилибристичките вештини на бриселската политичка администрација. Рокот е јуни.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/srbija-so-datum-za-eu-pred-makedonija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty22/4/2013, 15:59

Повторно осквернавен споменикот на паднатите борци од НОБ во Гостивар

Непознати сторители, најверојатно викендов, на долниот дел и на задната страна од споменикот со црн спреј испишале Илирида.

Со осуда на овој чин се јави гостиварската боречка организација. - Овој вандалски чин е груб и психолошки атак на спокојството на граѓаните на Гостивар. Се прашуваме кому му пречи овој споменик кој е подигнат во знак на почит, сеќавање и благодарност кон сите загинати борци во НОБ од сите националности. Ова е директен удар по меѓунационалните односи и етничкиот соживот во градот, се наведува во соопштението од Сојузот на борци во Гостивар.

Од Сојузот побараа сите граѓани, без оглед на националната и верска припадност да ги осудат сквернавењата на спомениците, појава која зачести на ова подрачје.

Споменикот во паркот, во повеќе наврати беше нагрдуван. Мета на вандали беа и бистите на народните херои на кејот кои исчезнаа од постаментите.

Иако има повеќе пријави, сторителите до сега не се откриени и никој не одговарал пред законот. Последното сквернавење на обележја од НОБ беа регистрирани лани пред празникот 2-ри август минатата година.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=5058

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty23/4/2013, 12:33

Продолжува хајката против адмнистративците Македонци во кичевската општина

Дел од јавната администрација сите од различни сектори во кичевската локална самоуправа во петокот биле информирани дека од денес ќе бидат разместени надвор од матичниот објект. Утрово тоа и се случило, дознаваме од наши извори.

Над 10 административци, сите Македонци, со различни квалификации и од различни сектори и одделенија се сместени во една просторија кај поранешна „Слобода“. Просторијата не ги исполнува условите за обавување на адмнистративни работи и нема никакви услови за обавување на работа. Немаат добиено никакви работни задачи и обврски.

Се очекува уште најмалку 10 до 20 лица, сите од различни области и сектори во текот на оваа недела да се отстранат од општинската зграда во други периферни простории. Доколку ова се реализира, општинската зграда во најголем дел ќе биде пополнета со Албанци.

Неофицијално се зборува за слични резови и од јавните претпријатија во надлежност на Општина Кичево и отпуштање над околу 70 луѓе.

Како што дознаваме, во петокот 9 луѓе од кои едно лице со посебни потреби се испратени дома од градинката Олга Мицеска, работничкиот универзитет „Кочо Рацин“.

Сите овие резови и прераспределби се прават без никаков ред бидејќи најавуваната систематизација не е донесена. Единствениот критериум е етничката припадност.

Минатата недела беа отпуштени неколку административци и пожарникари. Градоначалникот Фатмир Дехари како образложување посочува на неможноста истите да бидат исплатени и дека општината била во долгови. Претходно беа преземени административците од четирите општини кои, согласно новата територијална поделба, беа укинати.

Последните случувања се сериозен удар врз соживотот во Кичево.
http://kicevo.mk/prodolzuva-hajkata-protiv-administrativcite-makedonci-vo-kicevskata-opstina/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty23/4/2013, 14:29

Хех... Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty23/4/2013, 14:33

Ако, пак нека носат гласачи од Пустец во Центар наместо таму кај што треба.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty23/4/2013, 18:25

Македонскиот јазик само како втор странски за нашинците од Голо Брдо

Македончињата од Голо Брдо ќе може да го изучуваат мајчиниот македонски јазик како втор странски јазик и тоа од седмо одделение. Ова им го соопштил албанскиот министер за образование и наука Миќерем Тафај, на претставниците на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција на вчерашната средба.

- Ова е во рамките на законот за образование на Република Албанија. Иако не е она што ние го баравме, децата од прво одделение да учат македонски, сепак значи значаен чекор. Децата од деветолеткатата „10 покојници“ во Требиште од новата учебна година ќе го изучуваат македонскиот јазик и литература. Ние и натаму не отстапуваме од барањето, зашто децата кога поаѓаат во прво одделение не го знаат албанскиот туку зборуваат македонски. Тоа му го кажавме и на министерот - вели претседателот на македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани, кој како потпретседател на МАЕИ присуствувал на средбата.

Голем број од децата на нашинците во Голо Брдо посетуваа курсеви на македонски јазик во Требиште и Острени, каде што учеа да читаат и да пишуваат на јазикот на кој зборуваат. Во неколку наврати од албанските власти им беше попречувана и оваа можност, но тие не се откажаа.

На средбата, на која присуствувале и лидерот на партијата, Едмонд Темелко, потпретседателот Таќо Гроздани и претседателот на Унијата на млади, Васил Стерјовски, било побарано Македончињата низ цела Албанија, каде и да живеат да може да го изучуваат македонскиот во рамките на училиштата во кои се запишани.

- Разговаравме и во врска со нашето барање за печатење учебници по сите наставни предмети на македонски јазик за училиштата во Мала Преспа, каде што единствено се признаваат Македонците во Албанија и имаат право на образование на мајчин јазик. Министерот Тафај даде гаранции дека до септември сите учебници на македонски јазик по предметите кои со закон се предвидени за децата во Мала Преспа ќе бидат испечатени - вели Стерјовски.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=91E6FB8A9F750845957A1AFCAEA9F5E4


Наместо извинување, Црвено црните со закана кон Македонците во Пустец

Албанската националистичка црвено-црна алијанса, наместо извинување до Македонците од Мала Преспа, за случувањата од 16 декември лани, со нова закана дека повторно ќе ги врателе албанските топоними.

Лидерот на црвено-црните, Крешник Спахиу, од партиски собир во Поградец упатил закана до Македонците во Мала Преспа дека штом дојдат на власт повторно ќе ги вратат албанските имиња во Мала Преспа.

“Пред околу една година ние предложивме една идеја за еден предлог-закон за албанските и странските топоними. Пред една година се обратив со едно прашање до сите граѓани во Поградец, што значање има името Поградец и ниту еден од нив не го знаеше одговорот. Ние тој ден дојдовме со ветување дека ќе ги албанизираме имињата на нашите села и градови и ова ние ќе го направиме без компромис, не копирајќи никој, не правејќи ниту политички пазар. Но за жал, денеска во пресрет на парламентарните избори од 23 јуни, на место на албанизирањето се случува спротивното, за неколку стотици гласови, албанските имиња се словенизираат, од Лиќенас во Пустец, - изјавил Спахиу во Подградец.

Тој уште додал дека не ги сака гласовите на Македонците и оти ќе ги врати „албанските имиња на сите населени места, зошто тоа биле етнички албански територии“. Токму поради овие причини, нагласил тој, требало да се отстрани актуелниот прословенски и прогрчки клан и на Албанија да и се донесе Црвено-црн парламент.

Комесарот за заштита од дискриминација во Албанија, Ирма Бараку, решавајќи по жалбата на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, во врска со сериозните инциденти предизвикани од членови на Алијасата „Црвено црвни“ донесе решение со кое Алијансата во рок од 30 дена треба јавно да им се извини на Македонците од Пустец, или во спротивно ќе добие парична казна. (В.Т.)
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B61F92F72864DD429B021BAF5487770E


Направете споредба со правата кој ги имаат шиптарите во Македонија.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty24/4/2013, 09:28

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty24/4/2013, 11:23

Зарем авторот мисли дека на ДПМНЕ му е битно нешто во државава освен перењето тешки милиони, или пак на СДСМ кој освен што гледа како да дојде на власт... ништо не го интересира, нормално за да они продложат да перат тешки милиони.
Сакале да признаеме ние или не, народот си е оставен сам на себе... буквално. Сам да се расправа со меѓуетничките конфликти (бидејќи владата е нефункционална), сам да се расправа со криминалци (бидејќи полицијата е нефункционална), сам да се расправа по шалтери на разно разни институции (бидејќи администрацијата е нефункционална).
Тажно е да се гледа како го мафтаат народот две-три недели пред избори за да после наеднаш исчезнат, но ако... веројатно си го заслужува тоа што ќе си го добие.
Како им е на оние кој изгубиле некој близок ор раката на некоj арнаутин, за да потоа НАШАТА власт составена од Македонци, со премиер Македонец истиoт го амнестира... не можам ни да замислам.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 72 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 37 ... 71, 72, 73 ... 86 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: