Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 38 ... 72, 73, 74 ... 86 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty29/4/2013, 15:43

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty29/4/2013, 17:45

Кога стигна да го постираш? Па јас бев 25-от lol! lol!

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty29/4/2013, 17:51

Генерале, не сфаќам што е со „25-тиот„ ? Smile
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty29/4/2013, 18:57

Frogfoot напиша:
Генерале, не сфаќам што е со „25-тиот„ ? Smile

25 views Very Happy

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty29/4/2013, 19:12

Ааааа...пардон тавариш Генерал Smile
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty30/4/2013, 11:03

Каменувана црква и верници во Чаир

Насилници вчера каменувале верници за време на богослужбата во црквата „Свети Ѓорѓија“ во скопски Чаир. Инцидентот се случил на утринската богослужба во црквата на улицата Панче Неделковски.

Вандалите фрлале камења кон влезната врата на црквата, ги навредувале верниците, па избегале. Верниците на помош ја повикале полицијата која започнала потрага по вандалите кои биле малолетници.
http://plusinfo.mk/vest/90530/Kamenuvana-crkva-i-vernici-vo-Chair

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty2/5/2013, 00:24

Што ја очекува Македонија? Албанизација или...

Како последно предупредување и апел, овој текст го упатувам до Ѓорге, Никола, (Бранко), Љубчо, Зоран, Андреј... и до сите добронамерни граѓани на Македонија.

На 15 март 2010 година во „Време“ објавив колумна под многу песимитски наслов: „Македонија ќе исчезне, Охрид не!“. Во изминативе три години се случија многу нешта, нови факти испливаа на површина, кои уште повеќе го оправдуваат тој наслов. Затоа, како последно предупредување и апел, овој текст го упатувам до Ѓорге, Никола, (Бранко), Љубчо, Зоран, Андреј... и до сите добронамерни граѓани на Македонија,.

Надица (тоа е нејзиното вистинско име) има помлада сестра Мимоза (пак вистинска личност), која е во брак со г-дин Клаус Раил, германски дипломат од кариера. Се сретнале сосем случајно додека тој службувал во амбасадата на Германија во Скопје, во првата гарнитура дипломати, по воспоставувањето на дипломатските односи.

На една од повеќето семејни средби, Надица го прашала зетот Клаус зошто неговата Германија не инвестира во Македонија?!

Не е логично да се инвестира во нешто што нема да постои, бил неговиот студен германско-лаконски одговор.

„Како нема да постои“, зачудено запрашале домашните во еден глас.

Клаус смирено продолжил:

„За околу дваесетина години Македонија, како ентитет, ќе исчезне од географско-политичко-национална карта.

Овој кус песимистички вовед е повод за слодново: Клаус е во право! Сите процеси што се одвиваа и се одвиваат во и околу Македонија, во блиското, но и подалечно опкружување, упатуваат дека ладнокрвниот Германец - е во право,

Ако на читателите не им е познато името Харолд Кочи, да потстетам: тој беше првиот амбасадор на Австрија во Македонија. На заминување, по завршување на мандатот, во тв-интервју на МТВ тој, меѓу другото, рече: „Внимавајте, Македонија е на работ од котелот што врие, а таму е најжешко!“

По осамостојувањето на Република Македонија од некогашната федерација, во борбата за тоа кој ќе го држи в раце кормилото на новата држава, тогашната СКП-ПДП (сега СДСМ) vs. ВМРО-ДПМНЕ, влегоа во политички клинч, првите влечејќи кон север, а вторите кон исток, со што просторот од запад го оставија празен, заборавајќи дека демографските дупки никогаш не остануваат празни!

Прашање до секој што го чита ова: Дали е заборавено големото знаме на една од трибините на стадионот во Тетово на кој пишуваше USA - UNITED STATES FOR ALBANIA?

За оние што го заборавиле ова, нека биде потсетување, а за другите, но и за сите, еве друг факт: Основачот на политичката организација „Природна Албанија“ Коча Данај е директор на Институтот во Тирана со многу индикативно име „за регионална прогноза“. Тој е поранешен советник на тројца албански премиери, па поради тоа не може да се смета како политички маргиналец. Без какви и да било метофори, тој неодамна им даде препорака на Албанците дека треба добро да се организираат со нивните изборни листи за да учествуваат на сите избори во оние држави во кои живеат Албанци. Тоа e првата фаза, а во втората Албанците треба да организираат референдум во сите соседни држави на Албанија за да ги остварат своите политички намери за обединување!

Генезата на ваквиот албански агресивен етноцентризам влече корен уште од времето кога Албанија била призната како независна држава на Конференцијата во Лондон на 29 јуни 1913 година од тогашните креатори: пред сите Австро-Унгарската монархија и Германија, со ветување дека територијата на нивната држава ќе биде од Јадранскиот брег до западниот брег на Вардар(!), заради попречување на тогашните руски интереси да ја контролираат Отранската врата на Јадранот.

Од младотурската револуција, преку Првата и Втората Призренска лига, Првата и Втората светска војна...преку 2001-та, па до денес, трае и непречено се одвива тој процес на албанска експанзија. Бандитите и разбојниците на Џорџ Робертсон беше флоскула што Љубчо, Никола, Бранко, Фрчко... ја лапнаа како клен млада жаба. Не прочитаа дека Али Ахмети на 22 март 2001година на репортерот на „Њусвик“ му изјави: „Борбата што ја почнавме има единствена цел – да ги отстраниме словенските сили од територијата што е традиционално албанска!“ Дека неговиот, наводно лут политички противник, Мендух Тачи, го мисли истото, еве потврда: „Албанците почнуваат вооружена борба заради ослободување на нивните територии во Македонија“, е негова изјава во „Њујорк тајмс“ од 16 март 2001.

Дека и во времето на комунистичкото едноумие во Алабанија тој процес не запрел, говори рускиот историчар Артјом Улуњан. Во документот „Тајна операција“ тој пишува за тоа како Енвер Хоџа се подготвувал за „хаосот по Тито“: со брза акција на неговата армија да ги присвојат Косово и делови од Македонија и Црна Гора. Тој го цитира извештајот на тогашниот министер за внатрешни работи Кадри Хазбиј, од ноември 1977, во кој отворено се вели дека владата на Албанија ја подржува идејата за обединување на сите Албанци.

Во овој контекст треба очите да се широко отворени заради тој незаприлив албански национален порив за обединување. Централната манифестација во одбележувањето на 100 годишнината на независноста на Албанија не се одржа во Скопје случајно, туку со јасна порака: Shkup - Qendra e Vilajetin e Kosovës (Ер. Мехмети) - Скопје е центар на Косовскиот вилает!

Никола, не сакајќи да ја растури коалицијата, го премолча ова. Но, кој и да е друг, Бранко, Љубчо, утре Заев... ќе постапи исто.

Артјом Улуњан истакнува дека, поради Косово, Албанија е единствената држава која не го потпиша завршниот акт на Хелсиншкиот самит 1975 година, во кој се дефинираа границите на повоена Европа.

За оние што заборавиле и за помладите: Сали Бериша е личниот доктор на Енвер Хоџа.

Милан Аџиевски
http://www.mkd.mk/kolumni/shto-ja-ochekuva-makedonija-albanizacija-ili

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty2/5/2013, 01:38

Болно но вистинито!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty2/5/2013, 01:57

Ако навистина бил и сеуште е таков ставот на Швабите (за кој навистина немам сомнеж дека е таков, со оглед на тоа дека сме можеби единствена држава на Балканов која не доби конкретна политичка поддршка од најголемата Европска сила во текот на годините на независност, за разлика од една Словенија, Хрватска, Црна Гора и секако мезимчето Косово), зошто една Македонска политичка партија со години ги користи услугите на Konrad-Adenauer-Stiftung фондацијата? Патем станува збор за фондација која е тесно поврзана со владеачката CDU.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty3/5/2013, 11:24

„Комити“ прашуваат: До кога Македонците ќе бидат граѓани од втор ред, а патриотите државни непријатели?

Припадниците на навивачката група „Комити“ преку своето здружение на граѓани за зачувување на националните вредности со соопштение се обрати до македонската јавност и најостро ја осуди бруталната интервенција на западната трибина на арената „Филип Втори“ во Скопје по завршувањето на синоќешниот реванш полуфинален натпревар од фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу нивниот Вардар и Шкендија. Соопштението ви го пренесуваме во целост.

„Здружението на граѓани за зачувување на националните вредности Комити ВЕП, најостро ја осудува брутална интервенција на полицијата на западната трибина на стадионот во Скопје по завршувањето на вчерашниот фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Шкендија.

Имено без повод и без никаква причина, целата македонска јавност сведочеше на чинот со кој полицијата безмислосно тренираше строгост врз немоќни малолетни деца и девојчиња припадници на навивачката група ’Комити’.

Прашуваме, зашто се прогледува низ прсти на еклатантните примери на притисоци и насилство на и околу спортските терени на клубовите кои се раководени од припадниците на привилегираното малцинство во Македонија, кога јавна тајна е дека таму нема елементарни услови за одржување на спортски натпревари, а тие сепак се одржуваат со амин на спортските федерации и МВР. Таму припадниците на МВР се речиси неприметливи гулапчиња или набљудувачи на секаков вид на насилство, без притоа да се превземат било какви мерки кон насилниците и прекршителите на законот.

Сведоци сме на континуиран пристисок (преку монтирани процеси и кривнични постапки) врз Македонците и врз навивачката група ’Комити’ како последен бастион на македонштината, а од друга страна гледаме како лица што јавно го палат македонското знаме, мафтаат со ножеви, како и терористи не се процесираат согласно на законите и ни се промовираат во високи државни чиновници.

Ја прашуваме полицијата и македонската јавност, до кога со политиката на двојни аршини, до кога во Македонија, Македонците ќе бидат под континуиран пристисок од државните структури и граѓани од втор ред, до кога македонските патриоти ќе бидат сметани за најголеми непријатели на државата?

Додека дел од полицајците што вчера безмилосно интервенираа бараа боледувања и се врзуваа за бандери, за да не заминат на првите линии на фронот во 2001 година, нашите припадници беа на првата линија на одбраната на татковината. Денеска истите тие манифестираат сила пред девојчиња и малолетници и пред се врз македонски патриоти.

Од тие причини сме цврсто решени да ја разобличиме оваа политика на двојни аршини и да поднесеме кривична пријава против наредбодавците на оваа полициска интервенција. Бараме одговорност од сите кои ги прекршиле своите овластувања. Само на овој начин ќе се спречи самоволието на поединци во полицијата и ќе се почитуваат принципите на еднаквост на сите пред законите во Македонија“, се вели во соопштението на здружението „Комити ВЕП“.
http://www.mkd.mk/sport/fudbal/komiti-prashuvaat-do-makedoncite-kje-bidat-gragjani-od-vtor-red-patriotite-drzhavni

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 73 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 38 ... 72, 73, 74 ... 86 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: