Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 85, 86, 87 ... 93 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty11/7/2013, 12:41

Јолевски: Македонија бара преговори за името

Македонија бара да се интензивираат разговорите по покровителство на ОН за спорот за името, а статус-кво состојбата со интеграцијата е неодржлива, оценил македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски во обраќањето во Конгресот пред членовите на Парламентарното собрание на НАТО.

Јолевски, како што пренесува Дојче веле, истакнал дека Република Македонија е искрено посветена на изнаоѓање заемно прифатливо решение за разликите околу името, со кое ќе се зачувуваат националниот идентитет и достоинство. Македонија ќе продолжи конструктивно да учествува во овие разговори, како што секогаш и правела.

Тој информирал дека амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, на 7-ми април на двете страни им презентирал предлог. Неколку дена потоа медијаторот е информиран дека македонската страна е подготвена за средба на која ќе се разговара за предлогот.

За жал, поминати се три месеца од тогаш, се‘ уште не постои одговор од другата страна. Воедно Јолевски посочил и дека премиерот Никола Груевски пред две седмици испрати писмо до грчкиот премиер Самарас со предлог за состанок на преговарачките тимови на двете земји, предводени од страна на премиерите, а со посредство на Нимиц.

Во своето обраќање амбасадорот Јолевски се осврнал и на пресудата на Меѓународниот суд на правдата од декември 2011. и истакнал дека Македонија очекува Грција да ја почитува пресудата на Судот и да не го блокира консензусот Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и во ЕУ.

- Состојбата на статус-кво е неодржлива за Република Македонија. Таа е неодржлива и за Европа. Интеграцијата на мојата земја во НАТО ќе има позитивно влијание не само во мојата земја и нејзините граѓани, туку за целиот регион на Југоисточна Европа, вклучувајќи го и нашиот сосед Грција“, истакнал амбасадорот Зоран Јолевски.

http://a1on.mk/wordpress/archives/176967
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty11/7/2013, 15:04

Убаво викав пред некоја година, кога ќе им дојде јајцето на газот... самите ЌЕ МОЛАТ да го сменат името на Македонија. Е сега да видиме кој ќе биде јунакот да тури параф на таков договор.

Винaта со атрибут „Повардарски“ предвесник за промена на името?
http://www.plusinfo.mk/vest/98871/Vinata-so-atribut-Povardarski-predvesnik-za-promena-na-imeto

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty11/7/2013, 15:24

Се плашам дека нивните партиски војници и тогаш ќе најдат оправдување дека тоа е „добро„ за нас и дека исто така ќе важи дури да влеземе во ЕУ, потоа ќе си сме РМ. Истата финта која социјал-демократите ја искористија кога прифатија бјРМ, демек за 2 месеци само.

А јас сум прилично уверен дека се спремни да направат се само да не паднат од власт.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty11/7/2013, 23:48

Драма во Железара, дваесет момчиња нападнале малолетници (видео)

Вистинска драма вчера вечер се случувала во населбата Железара. Бркотница со ножеви, камења метални шипки дури и српови. Единаесет малолетници кои биле на роденден, биле нападнати од дваесетина маскирани момчиња.

Вистинска драма вчера вечер се случувала во населбата Железара. Бркотница со ножеви, камења метални шипки дури и српови. Единаесет малолетници кои биле на роденден, биле нападнати од дваесетина маскирани момчиња. Причината не ја знаат. Кога виделе дека толпата им се приближува забрзано, децата влегеле во автомобилот на братот на еден од групата кој дошол да ги земе од роденденот. Сите единаесет се качиле и пробале да избегаат. Но групата ги стигнала. Почнала да го демолира автомобилот, а според кажувањата на возачот, со нож го скршиле и стаклото на задното седиште. Три девојчиња се повредени.

Се се случило многу брзо. Било како на хорор филм со холивудско сценарио раскажува нападнатото момче. Едно од девојчињата кое е со потешки повреди голтнало делови од скршеното стакло. Се наоѓа на клиниката за уво нос и грло каде треба да и биде направена хируршка интервенција. Другите две поминале со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување. Од МВР го потврдија инцидентот. Интередсно е што полицијаците биле во станот каде се одвивала забавата но само за да интервенираат по жалба за гласна музика. Иницидентот се случил подоцна, кога малолетниците се упатиле кон соседниот парк каде се случил нападот. Според МВР непознатите напаѓачи користеле најверојатно само камења. Се работи на расчистување на случајот.
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=59743#.Ud8ncm3OCR0

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty11/7/2013, 23:55

Какво население живее претежно во таа населба?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty11/7/2013, 23:58

Во Железара претежно македонско, но се граничи со Чаир каде повеќето се шиптари.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty12/7/2013, 00:01

Министерката за култура не сакаше да одговара на прашања на Телма (видео)

Министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска одби да одговори на прашањето на Телма како ќе се реши проблемот со се` помаасовното преименување на топонимите во западниот дел од државата.  Таа направи се` за да ја избегне  оваа тема која е очигледно непријатна за неа инсистирајќи, како што рече, на важноста на денешната промоција на млади уметниции за изработка на мебел.  

- Обратете се до надлежните служби, и ќе добиете одговор, рече Милеска по нашето упорно обидување да добиеме каков - таков став.

Телма се обрати до Министерството за култура уште пред неколку дена, но во Управата за културното наследство останаа без одговор зашто немаат на располагање  инспектори кои на теренот би ја контролирале ситуацијата со топонимите кои кај нас се заштитени со закон и се прогласени за духовно и културно наследство.

Во последно време, и со очигледно одобрување на локалната власт тие не само што добиваат нов, албански превод, туку и комплетно поинакво значење како што е примерот со туристичкиот центар  Попова Шапка, кој од неодамна е преименуван во Кодра е Диелит, што во превод од албански значи Сончева Долина.

Во Македонија има 3600 топонимски единици кои  во најголемиот број се од словенско потекло. За нив важи прв режим на заштита кој подразбира нивно зачувување во изворна форма, но во пракса тоа очигледно не значи ништо. И покрај најавите, од Инспекторатот за транспорт и врски не е сторено ништо.

Единствената реакција за сега дојде од експертите од Инситутот за македонски јазик, каде потсетија дека според меѓународните конвенции, преименувањето на топонимите еднакво на сквернавење на верските објекти.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=&rub=6&item=28739

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty12/7/2013, 02:02

‘‘Обратете се до надлежните‘‘ ????????
Па по надлежни од нив министерството, нема! Што им е филмот? Дали бегаат и се плашат да им покажат заби на Шипците?

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty12/7/2013, 11:48

Плачот на 5-годишниот Вади ја вџаши јавноста - уапсен зашто фрлал со камења!

Израелските војници уапсија 5-годишно Палестинче, зашто фрлало камења врз полициско возило.
Инцидентот се случи на Западниот брег, кога седуммина вооружени војници дојдоа во домот на малиот Вади за да го приведат.

Настанот ја вџаши јавноста и наиде на жестоки реакции на организациите за заштита на правата на децата. На видео снимката се гледа како детето плаче додека неговите роднини ги молат војниците да го остават, убедувајќи ги дека неговата грешка нема да се повтори.

Израелците сепак останаа на своето и го привидоа детето со татко му, со образложение дека малиот Вади можел некого да погоди и да убие.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=12319



Еве како се справува со ретардирано племе. Алал вера на евреиве.
Баш пред некој ден на едни пријатели додека оделе на свадба во Пантелејмон, во Нерези некој ваков копиљ фрлал со камења по колите што поминувале.
Тешко дека нашава полиција вака би реагирала на пријава, нема муда* Јанкуловска за правилно одржување на јавен ред и мир.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty12/7/2013, 12:47

Ахам, ке видиш ти со 1 џип полицајци макар биле и ЕБР да оди во Арачиново да приведе вака...100%.

Кога одат да приведуваат по такви места со Волф-ови одат и минимум 20 души.

Ама затоа евреиве имаат држава...а ние можно е да ја изгубиме во овој облик.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 86 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 85, 86, 87 ... 93 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: