|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+19tose Legija91 Kire1993 Smrtnikot darkness Zajcef Mrshajnoski shady3 gladiator_17 eye triangle beowulf meth Генерал Momak od Gjorce Subzero Зоран Alvar SIG Phalanx 23 posters | |
Автор | Порака |
---|
Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 12/7/2013, 13:16 | |
| ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 12/7/2013, 13:25 | |
| - Legija91 напиша:
- Ме занима кај ке се кријат нашите денешни политичари коа шипците ке ја превземат државата, оти ова натаму води..
Ќе отидат на road show. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 16/7/2013, 11:04 | |
| Двајца убиени, неколкумина ранети на Табановце Во меѓусебна престрелка на мигранти во непосредна близина на граничниот премин Табановце, двајца се убиени, а неколкумина се ранети. Според изјави на мештаните, околу 2 часот, по полноќ, во непосредна близина на граничниот премин мештаните од селото Табановце се слушнале викотници и истрели. Едното лице починало на лице место, а второто на пат кон болница. Полицијата не соопштува од каде биле мигрантите. Дел од повредените во престрелката се хоспитализирани во Скопските клиники, а дел во кумановската болница. http://a1on.mk/wordpress/archives/179269 ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 16/7/2013, 11:06 | |
| Официјално: Еден мигрант убиен, тројца повредени Еден мигрант е убиен, а тројца се повредени од огнено оружје при инцидентот кој синоќа околу 2 часот по полноќ се случил во селото Табановце. Од полицијата за Курир ја потврдуваат оваа информација, велејќи дека повредените мигранти се наоѓаат во Клиничкиот центар во Скопје. Инцидентот бил пријавен од граѓанин, кој забележал поголема група на лица како се расправаат. Кога по пријавата полицијата пристигнала таму, пронашла починато лице облеано со крв како лежи на коловозната лента од автопатот и тројца повредени од огнено оружје. Повредените биле итно пренесени во кумановската болница, каде по укажаната лекарска помош се префрлени во скопските клиники. Мигрантите, според информациите до кои дојде Курир, сакале преку нелегален пат да ја поминат границата и да влезат на територија на Република Србија. Во близина на селото биле пресретнати од засега непознати лица, каде по расправија дошло до крвавиот инцидент. Полицијата се уште истражува од која земја се мигрантите, кој ги пресретнал вечерта и кој пукал во нив. http://www.kurir.mk/makedonija/crna-hronika/123470-Oficijalno-Eden-migrant-ubien-trojca-povredeni ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 16/7/2013, 11:44 | |
| Станавме транзит зона за емигранти упм.
И погрешно го користат изразот „мигранти„ . Тие не мигрираат, туку емигрираат. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 16/7/2013, 14:57 | |
| „Дипломатијата“ на Али Ахмети или Бугарија по грчки теркАко веќе нема ништо случајно во животот, ниту нагласената „дипломатска“ активност на лидерот на ДУИ не може да се третира поинаку. И бегла анализа, на последните активности на лидерот на ДУИ, носи интересни сознанија. Периодот е од прославата на 100 годишнината на Албанија, наваму. Во прашање е нова етапа во манифестирањето на албанскиот национализам, кој доби сосема отворен карактер. Оттогаш наваму, функционерите на ДУИ ја покажуваат целата своја посветеност на големоалбанизмот, без да трепнат. Продолжуваат да ја промовираат албанската национална кауза, на сметка и на македонската држава, и на сите останати жители на оваа земја. Сведоци сме на бројни изјави, како и конкретни активности, на првенците на ДУИ, кои не оставаат дилеми дека работаат на албанизирање на делови од Македонија (Дехари...). Нивните знамиња, истопорени на високи јарболи, можат да означуваат само „албански“ територии. Целта не може да биде поинаква. Тоа покажува дека знамето не го користат како национален симбол, туку како државен – на Албанија. Само како таков знамето се истакнува на граници и низ земјата. Со тоа се демонстрира територијалниот интегритет. Како национален симбол, на што инсистираат Албанците, знамето може да се користи само под строго дефинирани услови и поводи. Никако ширум земјата и на високи столбови. Не на националниот празник на Албанија, бидејќи така добива сосема поинаква конотација. Се што е надвор од пропишаните норми, е чиста политичка провокација. И, што е најважно, големината на тоа знаме МОРА да биде во согласност со законот. Како постапуваат Албанците кај нас, добро е познато. Локалните избори (2013) беа своевиден моментум на новите политики на ДУИ. Процесот за албанизирање на делови на Македонија, започнат со американска подршка во 2004-та (Струга, Кичево...), се реализира со нагласена брзина. Така, всушност, се финализира агресијата од 2001-та, која не успеа да ја разбие Македонија, од надвор. Реториката на локалните избори, која не предизвика соодветна реакција, му овозможи на ДУИ нови иницијативи. Нивен основен столб е - (некоординирано) вмешување во прашањето со името. Тоа е, нели, слабата страна преку која се артикулираат сите обиди за растурање на македонската држава. Најавата беше жестока – „Време е за НАТО“, гласеше колумната на Ахмети („Дневник“, 13 април). Фактички, тоа беше - политички манифест или, дури и – некаков ултиматум. Текстот не звучеше баш како да е напишан тука? Ахмети ни порача дека „не треба да имаме повеќе ниту една дилема дека токму сега е моментот... тие што ги носат одлуките да го направат потребниот чекор“. Од каде, и по што заклучил „авторот“ дека дошол „моментот“? Врз основа на што, ако не е директива од надвор, тој си зема право да одредува – сега и веднаш? Замислете, каква „случајност“ - и Американците не убедуваат токму во истото!?! Според сите досегашни изјави, ставови, манифести... целта на ДУИ, околу името, не може да биде поинаква отколку да игра улога на - Тројански коњ. Теледиригиран. Објективно, разнебитувањето на Македонците повеќе им одговара на Албанците отколку на Грците и другите заинтересирани. Моментално, во светло на создавањето на новата албанска држава – Косово, најактуелен е големоалбанскиот проект. Пречка на патот сите Албанци да живеат во една држава, остана уште – Македонија. Откако, последнава година, Албанците ги постигнуваа зацртаните цели, а Македонците молчеа, нивните аспирации растеа. Нивниот можен придонес, во зацртаното сценарио за прекрстување на земјата и народот – доби на цена. Врз таа основа, започна и ангажманот околу неговото „решавање“ кое кулминира во „дипломатската офанзива“ на Ахмети. Прва Атина почна да комуницира со Албанците во Македонија, игнорирајќи ги Македонците. Продолжи Вашингтон, а сега ги следи - Софија. Се случајност до случајност. Тоа што Рикер го изрежира почетокот на „дипломатските“ иницијативи на Ахмети, со организирање на посетата на Вашингтон, мора да е чиста коинциденција и сигурно нема никаква врска со посетата на Софија. Нели е Рикер истурен претставник на нашиот „стратешки партнер“? „Навивач“ на нашите ракометари? Не е можно во тоа да има некаква „задна“ намера, двоен стандард или дволичност. Зошто Рикер би ги „бркал“ интересите само на САД, на сметка на Македонија, кога е „докажан пријател“? Да не бидеме ситничари. Дајте да подзаборавиме на неговата (не само амбасадорска) агресивност и на фактот дека, токму на сметка на Македонија, тој направи блескава кариера. Одговорот на (непотребните) дилемите – дали надворешно-политичките иницијативи на Ахмети се координирани со коалицискиот партнер, го даде самиот Ахмети. Обелоденувајќи дел од предлогот на Нимиц, во Софија, тој кажа се’. Ако власта доследно молчи околу истиот, нема никаква логика да „пропее“ помалиот партнер, и тоа во Софија?!? Да немаме дилеми, во основа, овој потег на Ахмети беше - демонстрација на сила. Покажа дека не есапи никого и прави што сака. Простете – што ќе му кажат. Можно ли е Ахмети да отиде во Софија да ги отвори картите околу (дел од) предлогот на Нимиц – на сопствена иницијатива? Та нели, малку пред тоа, неговиот ментор Рикер, дома ни удри шлаканица барајќи да дебатираме за предлогот? Да не ни порача Ахмети – еве, ја отворам дебатата? Во прашање е исклучително висок третман кога премиер и министер за надворешни работи примаат партиски лидер на друга земја. Тоа е надвор од дипломатската пракса. Кои беа интересите на Софија за таквиот третман на Ахмети? Дали беше тоа бугарско „масло“ или некој од страна е режисерот? Одговорите треба да ги дадат ценетите читатели. Индикативно е, на пример, според „Дневник“ („Ахмети бара помирување на Македонија со учесниците во балканските војни“, од 9 јули), дека излагањето во Дипломатскиот институт на бугарското МНР, според извори од ДУИ, било по барање на Ахмети. Од каде знаеле дека постои таков Институт, на кој може да се обрати? Или, некој им „шепнал“? Со својата „дипломатија“, Ахмети прецизира дека прекрстувањето на Македонија за нив не само што не е проблем, туку е – посакувано, очекувано и треба што поскоро да се случи. Поради НАТО, не за друго. Ги одреди дури и границите што е – прифатливо, што не. Што може, што не може. За нив, Горна, Северна... е во ред. Како инаку ќе се избришат Македонците? И, пак, некаква (крајно случајна!) истородност – преку Нимиц, истите додавки ги вергла и Вашингтон. Ова е можеби за прв пат, по подолго време, опозицијата да биде во право, кога се работи за името. Тие оправдано побараа информации и констатираа - „Нелогично е Груевски да молчи за предлогот на Нимиц... а Ахмети содржината да ни ја соопштува од Бугарија“. Сосема точно. Не е во ред и главната опозиција да нема појма за последниот предлог. Целата игра е доста проѕирна. Од Слупчане навака (се сеќавате, американскиот амбасадор, со истите зборови како и Бесими, го оправда неговото непочитување и на МО и на државата), се соочуваме со нов квалитет - албанско демонстрирање на сила. Како да потсетуваат на 2001-та? Се реализира старата теза (закана!) на Тирана дека иднината и судбината на Македонија (ќе) зависат од – нејзините Албанци! Тие ќе ја диктираат политиката и ќе биде така како што тие ќе сакаат и одлучат. Се разбира, од таму не откриваа(т) дека тоа не би било можно без далечински управувачи, кои беспрекорно (ги) командуваат. Очигледно, ДУИ го диверзифицира своето дејствување. Државата ќе ја руши – и од внатре, и од надвор. Просто е неверојатно колку случајни случајности ни се случуваат. http://www.mkd.mk/kolumni/diplomatijata-na-ali-ahmeti-ili-bugarija-po-grchki-terk | |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 16/7/2013, 15:03 | |
| У сопствена земја надворешни политичари ти ја водат политиката, и одлучуваат за иднината на државата, кај ако не во Македонија.Иам една теорија дека ако ова вака продолжи шипците ке го натераат грујче да го смени името за побрзо да почнат ‘‘преговорите‘‘ што мислите вие ? :/ ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 16/7/2013, 23:49 | |
| Ќе никне грчки весник во Македонија? На собирот на грчката дијаспора во Лерин беше најавено дека невладина организација од Солун ќе направи грчки весник што ќе се дистрибуира во земјава Невладина организација од Солун ќе направи грчки весник што ќе се дистрибуира во Македонија како одговор на весникот на Македонците во Грција, „Нова зора“. Ова беше најавено на еден од настаните во рамките на 11. конгрес на грчката дијаспора, што се одржа во Северна Грција. Според најавата, весникот ќе се печати на грчки, на англиски и на македонски јазик и треба да биде одговор на пропагандата што се шири преку „Нова зора“. Инаку, со резолуција, која беше усвоена на конгресот, грчката дијаспора истакна дека никогаш нема да прифати Грција да постигне компромис со соседната земја за име што го содржи терминот „Македонија“. „Не смее да се тргува со името „Македонија“, кое е историско и културно наследство што ~ припаѓа исклучително на Грција“, се вели во резолуцијата на грчката дијаспора. Преку документот грчките иселеници од САД бараат во Грција да се одржи референдум за името, но и да се почитуваат правата на Грците што живеат во земјава. „Македонскиот идентитет културно и историски е грчки. Не прифаќаме никаков концепт на македонски етнички идентитет и македонски јазик за други“, се вели во резолуцијата. Грчката дијаспора исто така бара договореното име да биде внесено во нашиот Устав и додаваат дека нема да прифатат црква што во името го содржи терминот „Македонија“. На 11. конгрес на грчката Панмакедонска организација во САД како гостин учествувал и претставник на Kалашите, кој побара помош од грчката дијаспора. - Среќен сум што сум меѓу вас. Според нашата традиција, ние потекнуваме од Александар Велики. Нашите обичаи имаат многу заедничко со Грција и со Грците. Ни дојдоа луѓе од Скопје да ни кажат дека се наши браќа, но бидејќи ние ги знаеме нашите корени, ги избркавме. Па пробаа со друго племе, со Хунзите - рече претставникот на Kалашите. http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=D210C4B9DC58FE4087B0679CF9383AEB ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 16/7/2013, 23:51 | |
| Дијаспората на Јужниот сосед во градот на конзулите Битола е дел од историјата на Грција Еден од шоферите ни кажа дека посетата на Битола била финансиски поддржана од општина Лерин. Истата општина, заедно со грчкото Министерство за Македонија и за Тракија, даде пари за собирот на грчката дијаспора што се одржа изминатите денови „Свети Димитрија“ е грчка црква! Со овие зборови, на англиски и на грчки јазик, група од 90 грчки иселеници вчера му се спротивставија на македонски свештеник во битолскиот соборен храм кога тој побара од грчкиот туристички водич да го држи говорот за историјата на црквата надвор. - Ова е место за молитви, а говорите треба да се одржат надвор - им рече попот, кој на коментарите од грчките иселеници им одговори дека „Св. Димитрија“ е македонска црква со македонски митрополит. Посетата на еден од најголемите и најубави македонски храмови се најде во агендата на учесниците на 11. по ред Светски собир на панмакедонските здруженија од грчката дијаспора, што деновиве се одржуваше во Лерин. Тие со два автобуса допатуваа во Битола со цел да ја посетат „Св. Димитрија“, која во програмата беше опишана како грчка црква, а Битола како град на грчки градби. Еден од шоферите ни кажа дека посетата на Битола била финансиски поддржана од Општина Лерин. Истата општина, заедно со грчкото министерство за Македонија и за Тракија, даде пари за собирот на грчката дијаспора, што се одржа во изминатите денови. Освен во „Св. Димитрија“, претставници од грчките здруженија прошетаа во Хераклеја и на Буковските гробишта каде што се погребани најстарите и најпознатите битолски семејства. Тврдеа дека и тие се нивни зашто стариот град бил изграден од нивните предци, а на гробиштата почивале Грци. - Првпат сум во Монастири (Битола) и ми се допаѓа. Дојдовме тука да видиме дел од нашата историја. Она што јас го гледам е дека ова е наше, тоа можете да го видите од имињата и презимињата на гробовите. Бевме и во античкиот локалитет. И тоа е наше, а исто така и она што го видовме во „Свети Димитрија“ - ни рече Тереза Николајдис, Гркинка од Kанада, учесник на собирот. Античкиот локалитет го прошетаа со грчки водич. Главна фигура во излагањето на водичот беше Евридика, мајката на војсководецот Филип Втори, основач на Хераклеја, која ја спомена повеќепати, а за која нашите историчари сметаат дека потекнувала од овие краишта. Иако во материјалите за собирот пишуваше дека во Хераклеа се најдени многу грчки артефакти, кога ги запрашавме за тоа, не сакаа да го коментираат. - Дојдовме во туристичка посета на Хераклеа. Има посетители од цел свет, од Грција, Америка, Kанада, Австралија, Европа - рече Димитрис Kарас. Не зборуваме словенски Некои од Грците себеси се нарекуваа Македонци, па се обидовме со нив да позборуваме на македонски јазик. Ни возвратија на грчки: „Што зборуваш бре, не разбираме словенски јазик“. Во текот на прошетката во повеќе наврати ги фотографираа и ги снимаа битолските новинари. http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=5380B76934D59B4B8A2AE09B308B7802 ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 16/7/2013, 23:51 | |
| ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|