Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+28
BABUN
trpe grozni
MarkoMKD
Macedonian09
mstislav
MakWarrior
HoLfElDeR
shady3
dzole
Panter
Iko
loran11
Legija91
Mrshajnoski
darkness
kocov
assasian
РИС
koki.skopje
Зоран
JKD
Цане
Alvar
Smrtnikot
Momak od Gjorce
Генерал
Macedonian Knight
SIG
32 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 27 ... 50, 51, 52 ... 75 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty10/4/2015, 11:32

Тоа беа барањата и тие се решија со рамковниот договор, непотребното проширување на тој пакет беше направен со изгласување на законите во 2008-ма. Со овие измени не се согласија дури ни оние кој учествуваа во креирањето на договорот, проф. Фрчкоски и проф. Поповски.
СДСМ ја почнаа и ја завршија територијалната поделба со нелигитимен референдум каде под притисок истиот заврши онака како заврши (лично јас, секако гласав против). Затоа и си платија на следните избори во 2006. Немам проблем да ги критикувам СДСМ, нити сум бил некогаш нивен член, не сум во моментов... а нити некогаш ќе бидам, но секако не чуствувам потреба ни пак да ги бранам ДПМНЕ во момент кога се фатени со гаќите спуштени доле.

Ако сме реални, Македонија сама се доведе со потпишување на тој рамковен договор. Поради тогашното неспособно и подеднакво корумпирано раководство го изгубивме конфликтот од една неписимена багра на планинци и ретардирани монголоиди. Недостатокот на кичмен столб кај тогашниот претседател, про-бугарската жичка кај премиерот и министерката за внатрешни работи, како и кукавичлакот кај министерот за одбрана доведе до тоа да на крајот се заврши со тој договор.

Но, муабетов е веќе правен на долго и широко... да не ја тегнеме пак.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty10/4/2015, 13:52

Во право си за се,само делот за фрчко...па тој утре грујо да каже влагаме во ЕУ и НАТО ќе излезе и ќе каже дека не е тоа вистинското еу и нато,друго е,грујо и братчед му го платиле формирале нова еу и нато..сакам да кажам,на тие луѓе ништо не им чини,нромално,пошто се опозиција.

Немам ни јас проблем,но колку што ми се гади од тоа што го правеле дпмне(мада сето тоа треба да се докаже дека се разговори) толку и ми се гади од сдсм,пошто прават политичка кампања со разговори снимени нелегално(без разлика кој ги снимал) ан е излегоа ни со еден проект,да кажат они овде згрешија-ние ќе ги поправиме,и тоа на овој начин,на оној начин,вака ќе направиме,онака ќе направиме...сите излегувања во јавност се или за бомба или за кривична постапка,нигде нема ништо за народот.А народот нејќе пазар,сака да слушне што му нуди другата страна,а не само замарања и расправии по телевизии да гледа,што добива обичниот граѓанин од тоа ? ништо.Само слуша дека е лошо,а не слуша дека ќе биде подобро.
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty10/4/2015, 18:51

Ama za koj bre narod govorish dete drago?!? Za ova stado ovci koe ni po mileniumi shibanje so stap ili kamshik ne e seushte samo-svesten za svoeto nacionalno "crédo" i koj so mileniumi sam si go kopa grobot sebe si?!?

Mlad si - zatoa ne ti se podsmevam...kje dojde vreme koga konechno kje ja prifatish groznata realnost - deka od ovoj narod...od ova isto stado ovci - ne bidnalo, ne bidnuva i nema da bidne NACIJA...


Kje ti dadam samo edna stara i mudra misla...ne e kazhana za nas - tuku opshto...no e tokmu identichna na nashata mizerija:


Цитат :
"Navistina e izvonredno teshko...rechi neverojatno, da se zamisli - kako e mozhno da lugje koi celosno se odkazhale od navikata sami da bidat gospodari na svojot sopstven zhivot - bidat istovremeno i sposobni da izberat drugi poedinci koi toa uspeshno kje go pravat za niv samite i vo nivno ime...navistina e nevozmozhno - da se zamisli deka mozhe da bide izbrana edna silna, sposobna, mudra i energichna vlast - preku glasachkite kutii na edna nacija na vechni podanici, bedni slugi i mizerni robovi..."



- Aleksis Sharl-Anri de Tokvil, slaven Francuski politikolog, filosof i istorichar (1805-1859)...
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty10/4/2015, 22:44

ДЕТАЛИ: Силна експлозија пред Влдата во Скопје - екипите за антитероризам на терен

Силна детонација вечерва околу 21 часот се слушнала пред зградата на Владата. Извори на Press24 во МВР велат дека екипи на антитероризам веднаш излегле на терен. Од извршениот увид пронајдено е местото каде што експлодирала се уште непознатата експлозивна направа.
Станува збор за тревната површина во делот кон реката Вардар на страната кон споменикот 13 ноември на оддалеченост од 5 до 10 метри од зградата.
Од МВР и официјално потврдуваат дека е пријавен ваков случај. Од таму велат дека екипите се на терен и дека се подигнуваат остатоци за вештачење. Според официјалните информации нема повредени и не е предизвикана никаква материјална штета.

Црна Хроника
10.04.2015 - 22:28

http://press24.mk/detali-silna-eksplozija-pred-vldata-vo-skopje-ekipite-za-antiterorizam-na-teren
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty10/4/2015, 23:33

МВР потврди: проектилот експлодирал во тревата до Влада

http://vecer.mk/makedonija/mvr-potvrdi-proektilot-puknal-vo-trevata-do-vlada

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty11/4/2015, 01:39

Наталитет: Исламот во пораст, христијаните ќе станат малцинство во Македонија

Во Македонија ќе има 500.000 христијани помалку, затоа што падот на населението ќе биде во христијанскиот дел од популацијата од 1,2 милиони христијани, на одвај 700 илјади христијани во целата држава. Бројот на муслиманите поради високиот наталитет ќе се зголеми од 809 илјади на 927 илјади муслимани во Македонија. На тој начин, во Македонија ќе има 704.000 христијани и 927.000 муслимани.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 KSDxOFL

Поради нискиот наталитет следниве 35 години христијаните во Македонија ќе станата малцинство, а исламот ќе биде најбројна религија. Тоа е заклучокот на најновото истражување на врвниот меѓународен статистички институт „Пју“, кој се занимава со истражување на наталитетот, демографијата и религиите.

                          Христијани                              Муслимани

2010 година         1.221.000 (59,3 %)                809.000  (39,3 %)

2050 година           704.000  (42,7 %)                927.000  (56,2 %)

Ова значи дека следниве 30-тина години процентот на христијаните ќе падне од 59 проценти на 39 проценти поради нискиот наталитет, со што христијаните ќе бидат малцинство во Македонија.

Истовремено, муслиманското населние процентуално ќе се зголеми од 39 проценти во 2010 година на 56 проценти, со што исламот ќе биде најголема религија во Македонија. Воедно, во следниве 3 децении вкупниот број на жители во Македонија ќе падне од 2 милиони и 60 илјади, на само 1 милион и 650 илјади жители. Во Македонија ќе има 500.000 христијани помалку, затоа што падот на населението ќе биде во христијанскиот дел од популацијата од 1,2 милиони христијани, на одвај 700 илјади христијани во целата држава.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 NBOYrp8

Бројот на муслиманите поради високиот наталитет ќе се зголеми од 809 илјади на 927 илјади муслимани во Македонија.  На тој начин, во Македонија ќе има 704.000 христијани и 927.000 муслимани.

Во Македонија феритилитетот кај христијаните е само 1,1 родено дете по жена, што е далеку под најнискиот минимум од 2,1 деца по жена за проста репродукција и одржување на популацијата.

Истражувањето завршува со прогноза дека следниве децении Македонија и Нигерија се земјите во кои ќе се смени верското мнозинство. Во светски рамки се очекува  пад на будизмот, стагнација на индуизмот и христијанството, а најголем раст ќе има исламот поради високиот наталитет.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 AYakUO4

Целото истражување вожете да го погледнете на линкот, а Македонија се спомнува на стр 18, стр. 64 и стр. 241.
http://www.pewforum.org/files/2015/03/PF_15.04.02_ProjectionsFullReport.pdf
http://kurir.mk/makedonija/vesti/196332-Natalitet-Islamot-vo-porast-hristijanite-ke-stanat-malcinstvo-vo-Makedonija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty11/4/2015, 04:25

JKD напиша:
Како не биле кога тоа биле основни барања на шиптариве,да учат на свој јазик и да користат знамиња нивни.

И да,се согласувам дека не требало да се амнестираат под никој основ,ама ова е политика.Ако ги уапселе,можеби ќе почнеле повторно немири.Едноставно,Македонија е буре-барут.Малку фали да се запали тој барут.Сега ако излезе за Монструм дека е умешан и Аљи,пак ќе бидат на тапет стаени дпмне...АМА,само да се запрашаме,што ќе се десеше ако го уапеа аљи ? веројатно за 2 дена војна.И ништо чудно,по логика ако е умешан,ради тоа и се праеа такви радикални протести,гарди,ослободителни територии и ред други срања...не ги правдам,само ако размислиш логично,не си ни таму-ни ваму.Е сега можда се умешани и дпмне(под кој основ/потреба стварно не знам да кажам) па да кријат...но многу логична ми е ситуацијата од погоре.

и некако не ме читаш баш добро,и јас го пишав истото,потпис ставија сите партии,што значи дека сите се виновни за тој рамковен,мада ако сме реални,Македонија не ни имаше друг избор.

Не кажа ништо за територијалната поделба ? точно ли е дека сдсм ја започнале ?

Ти ги болдирав твоите зборови... со кои сам си даваш одговор на прашањето кој ја започнал територијалната поделба, а со што едно свесно или несвесно оправдуваш.
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty11/4/2015, 13:57

По што заклучи ти дека оправдувам ?
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty12/4/2015, 14:22

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1574215656181787&set=a.1392417454361609.1073741829.100007801032500&type=1&theater ах леле....срце ми се кине...ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ !! Нека почиваат во мир...

Христос Воскресе,за многу години нека ни е празникот.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty12/4/2015, 20:57

Денес кај Смиљковско само црквичката, тагата и тишината сведочат за убиените

Скопје, 12 април, 2015 (META)

Три години по грозоморното убиство на Александар Накевски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и на рибарот Борче Стефковски на Велики четврток, Смиљковско Езеро е мирно, како ништо да не се случило.

Сведок на монстурозниот чин е само црквичката „Свети 40 маченици“, изградена во чест на убиените деца.

Тишината се чувствува и покрај спорадичното движење на возила, а мештаните со тажен поглед нè насочуваа како да стигнеме до бараната дестинација.

На ниту еден дел од патот што води до местото на свирепото убиство нема патоказ, а човек кој никогаш не бил таму, тешко би можел да се снајде.

Таму ладнокрвно беа ликвидирани петмина. Настанот предизвика голем потрес во македонската јавност, а одекот не стивнува ни до ден-денешен иако случајот имаше судски епилог, во кој шестмина добија доживотни затворски казни.

Родителите и роднините на четирите ликвидирани момчиња, на возраст од 18 до 21 година, сè уште ја бараат вистината, сомневајќи се дека институциите не докрај го расветлиле случајот и дека се кријат нарачателите на масакрот.

– Сакаме да се откријат нарачателите на убиствата. Знаеме дека ги знаат кои се, но намерно се кријат. Во пресудата има четири страници со кодирани разговори. Комуникација на извршителите со нарачателите. Тоа се телефони на политички функционери. На судењето судијата им подели на адвокатите на обвинетите листови, кога ги видоа, пребледеа. Али Ахмети знае сè, можеби и тој е вмешан. Можеби е организатор заради политички пазарења – вели за „Мета“, Горан Накевски, татко на убиениот Александар Накевски.

Родителите, изминативе три години барале помош и кај странските претставници во земјава, но, како што вели Накевски, кај нив како да немало интерес да им помогнат.

– Бевме во Амбасадата на САД. Ние ја носиме пресудата, а ете го заменик-амбасадорот – и тој со пресудата в раце. И тие знаат сè, но ете… Велат немале време, немале желба, немале основа… – раскажува Накевски.

Како еден од можните мотиви за масакрот е одмазда за двојното убиство што во февруари истата година се случи во Гостивар, кога припадник на полицијата со пиштол усмрти двајца Албанци, по расправија за место за паркирање.

– По тој настан имаше песна, во која се пееше дека ќе убиваат и ќе колат Македонци. Таа песна ја имало во телефоните на обвинетите и се пушташе и во судница. Мислиме дека тоа е можниот мотив. Но, целото ѕверство е организирано, не е извршено туку-така – вели Накевски.

Телата на четирите момчиња и на средовечниот рибар беа најдени на 12 април 2012 година, на Велики четврток, околу 22.30 часот, на брегот на Смиљковско Езеро. Обдукцијата на телата утврди дека во нив било стрелано одблиску со три типа оружје.

Во меѓувреме, полицијата мобилизираше голем број од своите припадници за да превенира ескалација на и онака напнатата атмосфера. Жителите на Радишани ги блокираа локалните улици, а беа оштетени неколку автомобили и дуќани.

Беше формиран и оперативен штаб, кој раководеше со операцијата за откривање и за апсење на сторителите на масакрот.

На 16 април, министерката за внатреши работи, Гордана Јанкулоска, потврди дека автомобилот, марка „опел омега“ со темноцрвена боја, што полицијата го нашла на 10 километри од местото на убиството, бил користен од извршителите.

Околу 1 мај, полицијата изведе обемна акција, под оперативно име „Монструм“, во која беа уапсени дел од обвинетите. Во операцијата учествуваа околу 800 припадници на МВР, од Бирото за јавна безбедност (БЈБ), како и од Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

По речиси двегодишен судски процес и неколкукратно одложување на објавувањето на пресудата, на 30 јуни минатата година за масакрот кај Смиљковско Езеро на доживотни казни затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ за тероризам, како директни извршители на масакрот, а за планирање и за извршување, доживотен затвор добија Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.

Првообвинетите Алил Демири и Агим Исмаиловиќ се сè уште во Косово, каде беа уапсени и осудени за поседување оружје. Македонските правосудни органи побараа нивна екстрадиција, од која засега нема ништо.

Пресудите за „Монструм“ предзивикаа жестоки протести на граѓани од албанската заедница, од кои дел беа одбележани со насилство, кое кулминираше со каменување на судот, а неколку полицајци беа повредени. Протестантите сметаа дека пресудата е неправедна и дека целиот случај „Монструм“ е монтиран.

Кон крајот на минатата година, порталот „Порталб“ пишуваше дека Општина Гази Баба планира изградба на објекти на земјиштето кое е под концесија на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“.

Бедри Ајдари, роднина на осудениот на доживотна казна затвор, Фејзи Азири, за „Порталб“ тогаш изјави дека вистината за случајот „Монструм“ полека се открива.

– Ние отсекогаш верувавме дека целата работа е за договорот за земјиштето што сме го направиле и некако се открива дека тоа е вистина. Не знам кој ќе гради или што ќе гради, само знам дека обвиненијата за убиство имаат врска со 39 хектари земјиште кои беа земени под концесија на 30 години во 2006 година – изјави тогаш Ајдари за „Порталб“, додавајќи дека неколкупати имало обиди да се раскине договорот за концесија, но тоа било невозможно, па целта била постигната со петкратното убиство кај Смиљковко Езеро.
http://meta.mk/denes-kaj-smilkovsko-samo-tsrkvichkata-tagata-i-tishinata-svedochat-za-ubienite/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 51 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 51 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 27 ... 50, 51, 52 ... 75 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: