Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+28
BABUN
trpe grozni
MarkoMKD
Macedonian09
mstislav
MakWarrior
HoLfElDeR
shady3
dzole
Panter
Iko
loran11
Legija91
Mrshajnoski
darkness
kocov
assasian
РИС
koki.skopje
Зоран
JKD
Цане
Alvar
Smrtnikot
Momak od Gjorce
Генерал
Macedonian Knight
SIG
32 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 26 ... 49, 50, 51 ... 75 ... 100  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty7/4/2015, 13:15

Frogfoot напиша:
Опремата за прислушкување и било што од Израел е набавено одамна пред да знаат тие што Зајко има во ракав.

Прислушна опрема од каде и кој купил е е ептен сензитивна работа, па не верувам дека е негде публикувано.

Идете на ФБ ( Буревесник) Зоран Божиновски третира вакви тема но клку е кредибилен ке ви текне кога ке ги читате текстовите .
Посебно е интересен делон со Снајперите и пукањето во Мачешка глава со магнум лапуа) !!!
Има и слики и компјутери и не се израелски и пак ке кажам ако не е подметачина.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty7/4/2015, 23:06

Пред 2-3 години имаше вест на интернет напишана од Александар Божиновски во врска со прислушувањето, и на интернет веснициве излезе негов текст за набавката на опрема за полицијата, односно кога беа набавени новите дигитални токи - воки (радиостаници) за полицијата односно приклучување на ТЕТРА системот, која го користи полицијата, а последната фаза од имплементацијата на ТЕТРА системот мислам дека завршува оваа година (2015). Покрај тоа МВР покрај ТЕТРА системот, купила за УБК и најмодерна опрема за прислушување и се приклучила на системот "Eшалон" (потпишување на соработката со американската NSA). Јас одма го прекопирав текстот и го зачував кај мене, бидејќи ми се авиде како интересен (го имав поставено и пред некоја година во темата во УБК), и направив bookmark на страната, и после кога стиснав на bookmark-от да го отворам, страницата недостапна Sad. Еве го пак ќе го постирам

Македонските полицајци ќе му шепкаат на големото уво
Александар Божиновски

МВР со пари на Европската агенција за реконструкција (ЕАР) набавило речиси 4.000 радиоуреди за полицајци и за нивните службени возила од британската компанија „Сепура“, кои биле компатибилни со глобалниот систем за следење на комуникациите познат како „Ешалон“, едно од клучните орудија на НАТО. Во МВР не сакаат да зборуваат за „Ешалон,“ но ги соопштија деталите од тендерот, како и огромното значење на системот за ефикасноста на полицијата. „Ешалон“, најсофистицираниот систем за прислушување и следење на сите форми на комуникации, заеднички го користат САД, Канада, Велика Британија, Австралија и ЕУ. Со овој систем непосредно управува најмногубројната американска разузнавачка агенција НСА (Национална безбедносна агенција), пандан на нашата Управата за безбедност и контраразузнавање. „Ешалон“ може да ги прислушува сите сателити и да врши пребарување на теренот со помош на ГПС-системот (со овој систем е баран и Бин Ладен). Системот може да пронајде и обичен дигитрон или која било направа што зрачи и малку енергија. Банкнотите на еврото и доларот имале посебна лента што „Ешалон“ може да ја следи. Системот може да открива и нагазни мини. Составен е од нискоорбитирачки стационарни сателити чиј број е непознат. Постоењето на инсталација на „Ешалон“ во земјава беше лани потврдено за време на сослушувањето на еден техничар на германската разузнавачка служба БНД во Бундестагот за случајот со киднапирањето на Калид ел Масри. Тој сведочеше дека бил во Скопје да поправа уреди во „Македонски телекомуникации“ кога Масри бил уапсен од полицијата. МВР прецизира дека се работи за исклучително значајна донација преку КАРДС-програмата на ЕАР вредна 9 милиони евра. - На првиот тендер за консултантски услуги, вреден 900.000 евра, победи полската фирма „СИТ“. На вториот тендер за набавка на 38 базни станици вреден околу 4 милиони евра победи компанијата „Нокиа-Сименс нетворк“ - информира Иво Котевски, портпарол на МВР. Базните станици ќе биле поставени на сите граници, освен на онаа со Грција, како и на автопатот Е-75. Станиците биле наменети за граничната полиција, а ќе биле инсталирани и 8 диспечерски центри. На третиот тендер за рачни и мобилни радиостаници победила британска „Сепура“, еден од трите најголеми производители на таква опрема во светот. Вкупно, МВР треба да добие 5.500 рачни радиостаници. - Досега имавме само 2.500 радиостаници што беа аналогни, со што можеше речиси секој да ги слуша разговорите меѓу полицајците. Овие радиоуреди се дигитални. Само 5-6 држави во светот ја имаат оваа технологија, која е во употреба од пред пет години - појаснува Котевски. Покрај рачните радиостаници, МВР ќе добие и 500-600 мобилни уреди за во возила, како и 150 фиксни дигитални станици за во полициските станици. За ова дополнително ќе биде распишан тендер на 20-ти овој месец.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty7/4/2015, 23:12

Убаво .
Не знам не сум посетувал званични страници одамана имаше убави текстови и таму.со слики на покриеност итн.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty9/4/2015, 21:23

некој од постарите да појасни за што биле овие протести...? територијална организација или ?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty9/4/2015, 21:36

Да, ова се протестите по повод новата територијална поделба во 2004-та, каде Струга од македонски стана шиптарски град со припојување на шабански општини.
Бучковски отиде да ја смири ситуацијата, протестите ескалираа, но ЗА ЖАЛ со асистенција на полицијата остана жив. Да им паднеше во раце имаше да го растргаат како зомби.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty9/4/2015, 21:42

Епа што креваат џева сега со прислушкуваните разговори за грујо,кога значи она ја започнале таа "операција" овие дошле и морале да ја до-спроведат ? како што знам и рамковниот беше за тоа да се помилуваат сите борци за човекови слобода и права...е сеа да,можеби немало таму напишано(кажано) да се помилуваат и тие кои направиле злосторство,тие 4-5 души,ама и тоа треба некој да го докаже,ако имало притисоци,закани,уцени,и + ако во рамковен стоело дека треба да се помилуваат,тогаш џабе ти е се.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty9/4/2015, 22:13

Не ја гледам врската помеѓу гревовите на Бучко и криминалните активности на сегашаната влада. Не мора по секоја цена да се става знак на равенство помеѓу двете.
Тоа не значи дека ако СДСМ правеле глупости во минатото, глупостите на ДПМНЕ треба да се амнестираат или дека имаат carte blanche за да се однесуваат овака како што се однесуваат. Сепак, тој конфликт во 2001-ва се одвиваше во времето кога истата партија беше на власт.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty9/4/2015, 23:13

А да не се одвиваше и дел во техничка влада ? името,знамето,еве и територијалната организација,во чие време беа ?

и не реков дека ставам знак за равенство,туку зборев за последните бомби на заев,веројатн оне си ги слушал,се однесуваат на територијалната организација и амнестирањето на учките,и двојазичноста.А уствари,сето тоа е резултат на рамковниот договор,на чија хартија ставија потпис сите политички партии,вклучително и сдсм,и всушност они ја пуштија "водата" на тие промени кон "подобар соживот" а сега продаваат муда за бубрези околу лажен патриотизам,чадор патриотизам и ред други работи...плажи по грчка...некој на плажа во грчка,некој на плажа во Хрватска...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty9/4/2015, 23:44

Со рамковниот договор беше договорена амнестија на припадниците на ОНА/УЧК, но со него не беа опфатени и оние припадници кој имаа извршено воени злосторства.
Сега гледаме дека лидерот на ДПМНЕ е всушност оној кој е одговорен за амнестирање на овие злосторници кој не беа опфатени со рамковниот договор, а всушност не можат да бидат опфатени со ниеден договор, бидејќи злосторства против човештвото не застаруваат и не се амнестираат... освен по логиката на Груевски.

Друга работа е што врелиот костен ни го даде Хаг, наместо да ги процесира тие случаи... но, што е тука е. Со политичкиот пазар кој го има направено со Ахмети помина и тоа. Нека проба да им објасни на семејствата на мачените, загинатите и исчезнатите дека сето тоа било всушност за добробит и стабилност на државата, дека е патриотски, па да видиме каков одговор ќе добие.

На рамковниот стои потписот и на СДСМ, но стои и на ДПМНЕ.... на тогашниот премиер од оваа партија, како и претседателот на РМ, кој исто беше од ДПМНЕ.
Колку се едните виновни за сите срања во Македонија, толку ако не и повеќе се виновни и другите. И наместо да извлечат некоја поука од тие времиња, овие сето тоа го направија како детска играчка.


Законот за употреба на јазиците (од 2008-ма), како и за знамињата НЕ БЕА опфатени со рамковниот договор, тие се донесени со политички пазар помеѓу ДУИ-УЧК и ДПМНЕ.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty9/4/2015, 23:57

Како не биле кога тоа биле основни барања на шиптариве,да учат на свој јазик и да користат знамиња нивни.

И да,се согласувам дека не требало да се амнестираат под никој основ,ама ова е политика.Ако ги уапселе,можеби ќе почнеле повторно немири.Едноставно,Македонија е буре-барут.Малку фали да се запали тој барут.Сега ако излезе за Монструм дека е умешан и Аљи,пак ќе бидат на тапет стаени дпмне...АМА,само да се запрашаме,што ќе се десеше ако го уапеа аљи ? веројатно за 2 дена војна.И ништо чудно,по логика ако е умешан,ради тоа и се праеа такви радикални протести,гарди,ослободителни територии и ред други срања...не ги правдам,само ако размислиш логично,не си ни таму-ни ваму.Е сега можда се умешани и дпмне(под кој основ/потреба стварно не знам да кажам) па да кријат...но многу логична ми е ситуацијата од погоре.

и некако не ме читаш баш добро,и јас го пишав истото,потпис ставија сите партии,што значи дека сите се виновни за тој рамковен,мада ако сме реални,Македонија не ни имаше друг избор.

Не кажа ништо за територијалната поделба ? точно ли е дека сдсм ја започнале ?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 50 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 50 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 26 ... 49, 50, 51 ... 75 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: