Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+28
BABUN
trpe grozni
MarkoMKD
Macedonian09
mstislav
MakWarrior
HoLfElDeR
shady3
dzole
Panter
Iko
loran11
Legija91
Mrshajnoski
darkness
kocov
assasian
РИС
koki.skopje
Зоран
JKD
Цане
Alvar
Smrtnikot
Momak od Gjorce
Генерал
Macedonian Knight
SIG
32 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 26 ... 48, 49, 50 ... 74 ... 100  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyНед 05 Апр 2015, 23:41

Сега ова што се случува со разговорите треба да биде опомена за ВМРО ДПМНЕ да се прибере бидејќи забега многу далеку и овозможи една фамилија да рекетира и потоа да ги превзема малите бизниси, да мести тендери со компании кои се нивни блиски соработници и да зема големи провизии од Буџетот, да градат градби кои се полуквалитетни а тие суми да бидат три пати поголеми од реалните, во Вардар да ставаат бескорисни предмети итн. А и СДСМ беа исти како овие, така да ова нивно препукување ми е смешно. Уште отвориле иницијатива Груевски да биде уапсен. ХХАХАХХАХАХАХАХА

НО, да се вратиме на некои полоши работи.

Секој тој кој до сега ги слушаше опозициските новинари и политичари кои на највулгарен, најнечовечки и најомразувачки, најомалважувачки начин и говор плукаат по Македонија и македонскиот народ на секоја прилика која ќе им се укаже, а кулминација на сето тоа е на појавата на емисијата на вахабистичката телевизија Ал Џезеира и документарецот "Зад Фасадата", на луѓе кои се борат против "диктатурата" на актуелната власт, се запрашувам каква врска имаат криминалите на ВМРО ДПМНЕ со овие повраќаници на таа пропаганда со документарецот? Зашто се чепка македонскиот народ, кога го гледав, за Македонците се збореше се најлошо, а за Албанците дека се невини жртви, демек Хитлер владее во Македонија, а они се Евреи, а нешто што е најразочарувачко е што 90% од говорниците се Македонци (или се идентификуваат во јавност како Македонци). Каде е самопрогласениот иден ослободител и водач Стојанче на рушење на режимот да прокоментира нешто за тој филм. Се прави дека не го видел филмот или несмее да писне и коментира за тоа. До пред некое време реплицираше на сите закани од УЧК и Албанци со радикални националистички ставови, сега ќе прави коалиција со нив и ги вика браќа. Тие истите што ги повикува одма после закрвувањето меѓу Македонците ќе им го удрат ножот во грб, на сите тие таканаречени пацифисти (божем најголеми и искрени патриоти, ХАХАХХАХА) кои го подржуваат и му пишуваат такви пораки за соживот со заедница која живее во Македонија, а 98% од неа сонува за Голема Албанија, кои 90% од тие кои повикуваат на тоа сигурен сум дека живеат во средини со доминантно македонско население, би им порачал на тие што пишуваат коментари на ФБ кај Стојанче да купат куќи во Арачиново, Кондово, да го осетат малку "соживотот" и "братската љубов" веднаш после ослободувачката мисија кога заедно прегрнати ќе тргнат во рушење на режимот од стегите на ВМРО ДПМНЕ (каде што голем број нејзини членови трпеа ќотек од агентите на УДБА и беа затварани во 70тите и 80тите, а се со цел Македонија еден ден да ја видат независна и слободна.)

Затоа драги пријатели, ако дојде до тоа наводно насилно рушење, според замислата на опозицијата за поставување на премиер на човек од заедница која ги мрази сите Македонци, а подржано од гореспоменатите пацифисти, слободно можете знамињата и останатите симболи да ги фрлите во канта.


Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 06 Апр 2015, 08:33

Во тој филм колку не вистинити се прикажани,тоа е чудо.

1.Случајот во радишани ми се чини,кај што имаше инцидент меѓу вахабиско семејство и Македонци,имаше и клип,на кој ЈАСНО се гелда дека шиптарите први напаѓаат Македонец,и тоа и со стап/палка,потоа се собираат нашиве и настанува оопшта тепачка...истото тоа семејство покажуваше наводна маица на малолетно дете,која патем беше бела со кафени отпечатоци,наводно крв.После 2 години,замисли која бламажа,они ја покажуваат ИСТАТА маица на видеото на ал џазира,сеп рикажуваат како жртви,ми смо мирни људи,нечемо да правимо пробљеме...е арно ама,тој истиот имаше слики на фб со арсенали на автоматско оружје,со амлбеми на УЧК,бил во војната 2001,таму луѓето што живеат велат дека се занимава и со дрога,оружје,рекетарство и слично,а тоа не би ме чудело воопшто,башка во секое маало се знае кој-што прави и како прави.

2.Случајот со Смилковско езеро,го прикажуваат како НАВОДЕН терористички чин,НАВОДНО шиптари вс Македонци,и прикажуваат еден куп опозиционерски новинари кои викаат у стил,абе тоа не е така,јас не верувам дека се они криви,ни еден збор не кажаа у стил жално е,трагично,само дека Македонците после тоа правеле протести,ги тепале малтретирале шиптарите...а што е најтрагично не кажаа дека се случи 2 дена пред најголемиот христијански празник.

ми се повраќаше кога го гледав тој документарец,страшна пропаганда.

Јас не сум партиски определен,но кога ги гледам(а ги гледам скоро сите) интервјуа на сдсмовци(дали новинари,дали експерти) и кога гледам со каква иронија зборат за Македонија,за Македонците,за нашата историја,традиција,со потсмев како зборат за сето тоа,ми се гади,боље нека ми глуми дека е патриот(пошто преку ТВ секој може се и свашта да изнакаже) отколку ЈАВНО да се смее на својата историја,а има само 30 години и глуми голем интелектуалец,со менѓувче на ушето.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 06 Апр 2015, 10:25

Да, го гледав и јас документарецот и го делам чуството кое го предизвикува кај нас, гледачите македонци. Но тоа чувство не е ништо поинакво од она кога ги гледам вестите или емисиите на МТВ да речеме, на Сител, на Канал 5, на Алфа, на ТВ Сонце итн. Па таква блуешница од медиумска пропаганда може да се види само во Северна Кореа и во неколку режимски диктатури во Африка. Толку ниско ниво на комуникација кое се наметна во овој период од кога се ДПМНЕ на власт немало никогаш во повоена Македонија, вклучително периодот по 45-та. Како инаку се најдовме на 134-тото место на листата за слобода на медиуми, а бевме 34-ти, цели 100 места понапред!?

Инаку јасно е зошто таква емисијата, Ал Џезира е телевизија од Катар, истиот оној Катар кој ги финансира ИСИС, Ал Шабаб, Боко Харам и кој уште не. Па белким не очекувавте од оние кои даваат пари за џамии во Македонија, и од оние кој ги праќаат младиве шабани во нивните мадраси да учат религија.. да говорат добро за нас!? Ние само им дадовме изговор, муниција ако сакате, со сето ова што се случува кај нас изминативе 10 години, да го користат против нас. Го урнисавме цел безбедносен сектор со разно разни лустрации и монтирани судски процеси, ги откривме низ еден ретардиран процес сите оние кој во минатото работеле за тајните служби како соработници (бидејќи овој процес ги опфати и оние луѓе кој биле дел од овој систем до 2006-та), им ги дадовме на тацна сите овие луѓе на околните држави и пошироко, којзнае колку информации имаат протечено и од самите безбедносни агенции.... а како што гледаме од овој процес кој во моментов ја тресе државава и тоа не е невозможно.
Што можеше да се очекува кога цел зрел, искусен и едуциран кадар се тргна на страна, деградира или пензионира само затоа што беше политички неподобен (читај непослушен) и се замени со полуретеардирани персони кој беа ставени таму само затоа што лесно се манипулира со нив (знам неколку такви, за жал). Може да се очекува само пропаст на цела држава... а на добар пат сме.
Како поинаку може човек да гледа на сево ова, кога ги имаме главните политички актери во оваа држава како се in flagranti фатени во криминални, незаконски па во голем дел и неуставни дејанија? Или и за тоа Ал Џезира ни е крива?

Едно е јасно, на овие им се гледа крајот, тонат побргу од Титаник и ништо, повторувам НИШТО не може да ги спаси. Набргу ќе следува еден друг процес во кои мошне веројатно ќе се вклучат и странците, со кои ќе се одработи еден вакум период каде ќе се проба работите да дојдат горе долу на едно прифатливо ниво за менаџирање и враќање на демократските процеси (велам горе долу, бидејќи по наша вина ќе бидеме полу-протекторат, т.е. нема да ги имаме сите ингеренции и контрола на процесите во сопствената држава поради неспособноста да ги водиме истите, а се по вина на една анти-македонска корумпирана до срж врхушка).

Фрапира фактот дека одреден дел од населението сеуште успеаваат да го контролираат со патетично монтирани информации за наводен светски заговор (Никовски, Мирчев, Науновски, Велиновска), странски тајни служби кои никако да ги именуваат, нарачани судски процеси за прекршување на наводна државна тајна, посочување за обиди со дестабилизација... а самите ја креираа истата со разно разни пазарења со нивниот коалиционен партнер УЧК (на кој да потсетам му учинија такви услуги како целосна амнестија на сите припадници, дури и на оние за кој Хаг рече дека треба да се бават нашите судови, признавање на протекторатот Косово како независна држава, изгласување на закон каде се легализира употребата на албанскиот јазик на пола територија на МК како и во институциите, користење на знамето на соседна АЛбанија како државен симбол секаде каде живеат албанци во Македонија итн, итн). И сега они, со овој образ ми велат дека друг се обидува да ме дестабилизира!? Или дека Стојанче Ангелов бил предавник а они се вистинските патриоти!? Или дека договорена провизија е всушност донација!? Па тоа ако не е навреда за нечива интелегенција не знам што е. И тука ќе се согласам со Фрог за политичката (па и општата) неписменост кај нашиот народ. Поголемо стадо на овци нема во Европа, а богами и пошироко.

Од оваа лепрозна каста треба да се тргнат сите со време, за да утре не ги покажува никој со прст како што ги покажувале порано нацистичките колаборанти.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 06 Апр 2015, 11:57

Не очекуваме ништо,само коментираме.Истите тие сдсмовци,експерти нивни,ја ппосочуваат таа емисија во стил ВИДЕТЕ,ВИДЕТЕ ШТО ЗБОРАТ СТРАНЦИТЕ ЗА НАС,ТОА Е СЕ ВИСТИНА,ОВА Е СТРАШНО,а ако се прави Македонци ќе ја кажат вистинската слика.И нигде не реков(ме) дека ал џазира ни е крива што зајко објавува такви разговори,што нивните експерти немаат ни П од патриотизам,и што овие крадат.Туку едноставно боли помислата дека НЕКОЈ Македонец,се ложи,го фали тој документарец,и тоа јавно,пред илјадници граѓани.

Јас еве лично знам за ДБК како се вработувале во времето на СДСМ-со партиска книшка.Имало и добри луѓе што си знаат да работат,имало и такви кои ги ставиле по заслуга таму.Потоа дошла вмро,ајт сите надвор,со еден мал дел што останале,знам и за таков случај во МВР кај што човекот отворено кажува дека е сдсм,ама го бива и го имаат оставено.И така функционира системот,ради тоа имаш приврзаници,затоа што се надеваат на работно место,од двете страни,односно од сите политички партии.Тоа е нормално за балканов,да бидеме реални малце.

Криминал имало секогаш и секогаш ќе има.Оние пред нив беа бетер,тие не оставаа ништо за народот,еве тука има постари членови,нека кажат како се живеело во време на бране,бар јас од она што го знам од дедо ми и баба ми,работеле,имале пари,дошла приватизација,се испоукрала цела држава(во учебници на економски факултет пишува дека 11 милијарди евра се украдени во тој период од Македонија,којзнае уште колку милијарди не се ни пресметани) останале без работа и без леб.Иди накај Кавадарци,имаш цела страна испоградена со објекти,фабрики и слично,да,не се големи платите,но кај нас сите сакаме да работиме за 30 илјади,и тоа ни е малце...бараме работа а молиме Бога да не ја најдеме,епа не може така.Муабетот ми е,дека сите крадат,но овие и градат нешто.И тоа не знам кој може да го оспори.Почни еве од спортски сали,аеродромот,паркови,стадионот,салата Борис Трајковски,ете моментално на тоа ми текнува.Али дека крадат,крадат итоа е факт.Некои викаат и вршат рекет,но јас еве знам за еден бизнисмен кој што има купишта пари,малку му било па затајувал данок,300-400 илјади евра, и го фатиле.И сега,он кажува,абе тоа намерно му го наместиле,конкуренција им бил,ама признава дека ги украл парите.И што е битно тоа дали бре те наместиле односно си им конкуренција,си затајувал данок ќе лежиш затвор и крај.Не значи ако оној убие човек,и ти треба.Ме нервира тој mindset.Нормално дека ќе има и некои местенки,бидејќи кај нас така функционира општеството,денес комшијата ти пресекол кабел,утре ти ќе му пресечеш.Така сме научени да си вадиме очи,па така ако еве пример една агенција за обезбедување трпела за леб во време на сдсм а работела една-две,сега дошле овие,и сега ќе трпат за леб тие од времето на сдсм.И тука нема љутиш,тражили сте гледајте.

И нели викаше дека сакаш да ги бациш тие странски служби,сеа викаш заговор праеле дека се странски служби ? да соопштат име ? мислиш дека е толку лесно и можат лабаво да кажат-грчката служба беше ? или турската или не знам бугарската ?

И кажи ми дали ако таа израелска компанија која наводно ДБК ја викнала да помага и да види дали се снимало не законски од други служби/за други служби,и тие потврдат,со факти и докази,дали ќе веруваш ? еве те читам во с транците гледаш и ти како ангели спасители,дали ќе веруваш ? или тогаш ќе почнете со муабети,А-ХА мијалков и грујо извадиле милијарда евра од банките да ги платат овие,само да соопштат така ?

И за крај,ако некоја партија е анти-Македонска,тоа се сдсм и нивните експерти...без разлика дали овие глумат патриоти или не,тоа не може никој да го знае,треба да си им внатре во душата па да процениш,ако идеме по логиката на тоа кој-кога бил и каде,реално јас само за вмровци знам од по звучни имиња дека биле во 2001,е сеа дали седеле во касарна или биле во први редови тоа треба нивни соборци да го кажат,но од сдсм јас за никој немам слушнато.Едино што имам слушнато е иронија,сарказам,потсмев во секој говор кај што се спомнува Македонија,Македонски борци,Македонска историја и слично.

А и сум имал можност да разговарам со еден член на сдсм и ме фрапираше неговиот "патриотизам",но нормално не може да се генерализира,но кога се мисли на одредена партија се мисли на нејзините гласници,а не на нејзините членови,нормално.
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 06 Апр 2015, 12:09

И да,ќе забораев...не е дека ни е сјајно со медиумите,ама дека сме биле како диктаторска земја...ма дајте ве молам,какви глупости се бре тоа,каква диктаторска земја,па гледај како се однесуваат овие по 24 вести,пцуе вреѓа по највисоки луѓе у државата,какви се колумни се пишуваат,статуси на фејсбук,па гледајте што се дешава со сликите од горде,мијалков,грујо,па ги утепаа од заебавање,па тоа нели е демократија што ги оставаат така ? за А1 самиот велија си призна дека дуЧанЧиња биле дека ситна пара била,како и да е праел малверзации и тоа сите добро го знаат,и самите новинари потоа признаваа.Па какви комедии се правеа пред А1 мислам страшно нешто,таква глума ни во драмски театар немаш,ако било се регуларно и исправно што има да се плашиш,тоа е исто ко да се плашиш да не ти најдат пиштол во тебе кога те треаст алфи,а ти немаш ни чечкалица во џеб.

А за делот за како информирале сител/канал 5,тоа е нивно право,еве јас вчера глеам вести на телма,се најлошо кажуваат за државава ако ти се верува,од 8 прилози,сите 8 црни,и ОК нивно право.Пуштам Сител,од 10 прилози,9 добри,1 лоша,за дедото со ногата што бараа да го згрижат.Ама тоа си е нивно право бре тоа е демократија,толку многу барате демократија а ви смета како информирале приватни телевизии,сегде у свет имаш опозиционерски медиуми и владини.МТВ да,треба да известува и да балансира,да ја прикажува реалната слика,тоа е точно.

И што збориме за демократија кога како што знаеме,и како што кажа заев во интервју,сакал да ја прави сдсм мулти-етничка,сакал да става премиер шиптар,соживот и триста курци и палци изнакажа,и ккаква демократија ќе правиш со нив коа еден од ретките НЕ ЗАВИСНИ новинари,Васко Ефтов,после една емисија која не им се допадна на шиптарите,уште УТРЕДЕНТА,гелдај која иронија е тоа,го избркаа од АЛСАТ со најпогрдни зборови,а до вчера биле колеги,заедно седеле,пиеле кафе,јаделе,се дружеле,на крај краева им давал и пари,мада тие пари се од спонзори но не битно.

сега не е сјајно,но како ќе биде ако дојдат овие на власт,со шиптар премиер ? па тогаш не лисици да му симињаат на некој копиљ што истепал Македонец,ќе не убиваат и ќе ги помилуваат во името на соживотот,а ние што ќе се буниме ќе бидеме таргет група и декларирани како вмровци,партиски војници и уште 100 налепници.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 06 Апр 2015, 16:22

На страна прилогот на Ал Џезира, еве тој да го оставиме на страна бидејќи и мене лично ми пречеше тоа што го видов во него, но зарем треба да ги ставиме во ист кош и тоа што го пишуваат и останатите светски медиуми за Македонија, како BBC, CNN, SKY, DW, Financial Times, Guardian, The Economist, Frankfurter Allgemeine Zeitung, Der Spiegel... па балканскиве и комшиски HRT, NOVA, RTS итн, итн, итн. Па белким не се сите толку мутави, пијат нафта и се неедуцирани новинари, белким не се нашиве таканаречени новинарски и аналитички величини како Латас, Миленко, Мирка и Јанко единствените кои знаат како стојат работиве у државава?

Тоа со владините тези дека ете не сме диктатура бидејќи на фејсбук и на твитер секој може да каже што сака, и да не му фали влакно од глава е смешно, бидејќи ако тоа е мерилото за слободни медиуми... маф ни е алот. Индексот за слобода на мадиуми не го мериме ние, или власта (иако она би сакала повеќе од се да го прави), го мерат кредибилни странски институции составени од професионалци кои си ја знаат работата. А фактот дека имаме пад од 100 (сто) места во последниве 6-7 години на индексот за слободен говор и медиуми говори сам за себе.
ЕДИНСТВЕНИТЕ телевизии кои горе долу имаат некаков критички однос кон владата на ДПМНЕ се Алсат, телевизија која нема особено голема гледаност кај македонскиот аудиториум бидејќи е албанска... и 24 Вести, тв канал на кабелска телевизија која има помалку од 1% гледаност во Македонија и со тоа е маргинална. Останатите електронски медиуми, како Сител (2 канала), Канал 5 (2 канала), ТВ Алфа (изнудена под присила од поранешниот газда), "националниот" сервис МТВ со своите 3 канали и 3 радио канали, Наша ТВ, ТВ Сонце и други локални медиуми низ државава се другата страна на "демократскиот" медиумски спектар. Телма со поставување на новиот уредник Атанас Кировски е веќе 50/50. Доволен показател е бројот на владини реклами/кампањи, како и емисиите за македонските преродбеници и револуционери како Александров, Черноземски, Михајлов и други. Телма сега ја игра улогата на демек неутрален медиум, но оние кои знаат како стојат работите во медиумите знаат дека не е така.
Слично е и кај печатените медиуми, Дневник, Утрински Весник, Вест, Вечер и Нова Македонија се под владината капа и пишуваат текстови по нарачка на Der Stürmer центарот за комуникации (истиот што ги контролира и електронските медиуми). Независен и критички кон власта весник е единствено Слободен Печат. Останатите весници знаеме како завршија.

Како може да веруваш дека гореспоменативе владини медиуми ја креираат сопствената уредувачка политика, кога самиот Мијалков во разговор со Емил Стојменов и Латас призна дека им дава по 2-3 милиони евра годишно за да си ја одработуваат задачата онака како ќе им се каже одозгора!? Или и тоа е донација?


Околу криминалот, да, го имаше и претходно (а памтам бидејќи гласам од првите демократски избори во МК па наваму), крадеа и претходните и тоа никој не може да го оспори, но ДПМНЕ владеат со Македонија 2/3 од нејзиното постоење, ако ставиме на кантар кој се и колку украл, ќе дојдеме до интересни бројки кој не одат на рака на сегашнава номенклатура. Па мајку му стара, 10 години се на власт... и уште го мафтаат народов дека е Бранко крив за се, а ја купија со државни пари пола Македонија, сите фирми, сите фабрики, пола државно земјиште.
Градат, да, споменици од кој те болат очите кога ги гледаш, наредени на метро раздалечина за да не можеш ни на плоштад да се разминеш, грди згради со фасада од стиропор која е платена како да станува збор за италијански карара мермер, и стиропор фасади на нормални згради на кој не им фалеше ништо. Сето тоа е платено 4-5 пати повеќе отколку што вреди, разликата отишла во џеб. Старо-новиот театар покрај Вардар требаше првично да чини 6 милиони евра. Објектот финансиски се затвори на нешто помалку од 50 милиони евра. И што да каже човек на сето ова? Дека крадат ама и градат, или дека само крадат и по малце тук там градат. Неколку милијарди фрлија во ветер на глупости, а болницине се од дедо Ное, се распаѓаат, луѓе умираат бидејќи нема основни услови за лекување. И тоа не е случајно, направија тесни грла за да луѓето се откажат од лекување во државни болници, и одат да завршат работа по приватните клиники.... кој пак се во нивна сопственост (Мијалков-Груевски-Камчев).

Спортските сали се монтажни, поставени се неколку години а веќе се распаѓаат, бојата им се излупи, прозорите од 2mm се испокршија. Па и јас ги гледам истите, не живеам на Марс.

Инаку, компанијата од Израел не помагала на службите за да вршат прислушување, туки им продава опрема за прислушување, и притоа од неа се бара да уплати провизија од неколку рати во странски банки (каде и од кога тоа се врши донација во странски банки, знаат само нашиве на власт) за да ја добие работата.

Тоа за бацување на странски служби јас го немам кажано. Smile Но да, ако сакаат да бидат транспарентни и да ја симнат калта од себе, нека ја кажат странската служба, лесно е. Јасно е дека нема таква, да имаше ќе ја кажеа уште на првиот прес што го имаше Грујо за државниот удар, ихаааааа, немаше да се мислат ни 2 секунди, верувај. Very Happy



Колку луѓе од која партија учествувале во конфликтот од 2001-ва, ми се чини дека е навреда за сите бранители. И лично не би го коментирал.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 06 Апр 2015, 16:31

Уште нешто, слушајте ги снимките кои се објавуваат во интегралната верзија, а не прераскажани од медиумите. Не е возможно да се задржи истиот ракурс на гледање на работите доколку се слушне се она што го правеле патриотиве. Ова секако важи за оние со отворен и критичен ум, а не однапред зацементиран, затворен и подложен на манипулации.

Еве, денес дознавме и кој стои позади амнестијата на "индијанциве" како што ги нарекуваат. Како работите се пишувале "округло па на ќоше" никој да не може да ги разбере и да се протнат низ парламентот. Ако овие не бранат како што не бранеле и во минатото, тешко нам.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 06 Апр 2015, 17:14

@ ALVAR
Се што напиша потпишувам с е две раце .
И не да се суди само на некој кој одал тајна или нр законски снимал туку и за баханалиите на снимките кои с еодвратни за слушање рака на срце.
По мене нај трагично е што изборот се сведува на Чума ИЛи Колера ( Да не спомнувам змија и контерпарт).

Нема саглам луге е тоа е жално за грст власт ја ебаа државата .

Over & ENDE.
На оваа тема коментар ЈОК.
Искрено би сакал кривична за веле предавство но и за Арамилак.

______________________
Мијак 100 %


Последната промена е направена од Frogfoot на Пон 06 Апр 2015, 17:23. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : Зоран, НЕ ПИШУВАЈ ВО РАЗНИ БОИ, форумот не е сликовница!)
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 06 Апр 2015, 18:53

Не гледаме исто на работите и тоа е нормално,нема да коментирам повеќе,само ќе кажам дека не мислев на тоа дека израелска фирма помагала во прислушкување,не си доволно упатен,ДБК излезе со податок дека откако зајко им кажал дека има разговори итн итн итн,тие викнале израелска фирма,наводно во топ 3 во свет,да им помага во случајот да откријат каде-што-како-кој снимал по Скопјево.

И делот за бранители ептен си го извртел,не знам зошто...јас не реков за сите бранители,зборевме за експерти кои се декларираат како вмро/сдсм.Тоа што некој селанец од Тетово или Прилеп бил за овој иили оној,воопшто не е битно,тој нема никаква моќ.Оние кои се на телевизија,е тие имаат моќ.Колку демотивирачки звучи кога гледаш такви кои не си сакаат ништо свое,а бараат да ги гласаш...е чудна работа.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 EmptyПон 06 Апр 2015, 23:46

Опремата за прислушкување и било што од Израел е набавено одамна пред да знаат тие што Зајко има во ракав.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 49 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 26 ... 48, 49, 50 ... 74 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: